|
На денешен Ден |
Внеси реплика | страница <1234 36> |
Автор | |
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
- Денеска е Светски ден на дрвјата - Денеска е Светски ден на интелектуалната сопственост 121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар (161-180) и филозоф. Во афористичка форма го напиша делото "Разгледување на самиот себеси" во 12 книги. Умре на 17.03.180 година. 1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар, архитект, инжинер, пронаоѓач и мислител Леонардо да Винчи. Направи релативно мал број слики, од кои најзначајни се „Мона Лиза“, „Богородица во пештера“, „Света Ана“ и „Тајната вечера“. Ниту едно негово вајарско дело не е сочувано. Тој се интересираше и за природните науки - физика, астрономија и хемија. Го напиша „Трактатот за сликарството“. 1607.- Капетан Џон Смит во Кејп Хенри, Вирџинија ги доведе првите колонисти, кои ја основаа првата постојана британска населба во Америка. 1798.- Во Шератон Сен Морис е роден Ежен Делакроа, француски сликар, главен претставник на романтизмот во сликарството. За него славниот уметник Пол Сезан рекол "Делакроа останува најубавата палета на Франција, сите сликавме според него". Негови најпознати дела се "Слобида на барикадите", "Колежот на Хиос", "Смртта на Сарданепал" и други. Умре во Париз, на 13.08.1863 година. 1900.- Во Хамилтон, Охајо, САД роден е Чарлс Рихтер, еден од пионерите на сеизмологијата и творец на скалата според која се мери јачината на земјотресот. Умре во Пасадена, Калифорнија, во САД, на 30.09.1985 година. 1937.- По налог на генерал Франко, фашистичките авиони го уништија шпанското градче Герника и убија стотина луѓе. Славниот сликар Пикасо го овековечи страдањето на Герника на својата истоимена слика, која стана симбол на борбата против фашизмот. 1942.- Во најголемата несреќа во историјата на рударството, во кинескиот рудник за јаглен во Бенкси, тогаш под окупација на Јапонија, загинаа најмалку 1.540 луѓе. 1962.- Во Кејп Канаверал, во САД, лансиран е првиот меѓународен сателит за телекомуникациски цели, заеднички американско-британски потфат. 1964.- Со обединувањето на Тангањика и Занзибар е прогласена Обединетата Република Танзанија. 1966.- Во ерупција на вулканот Келуд на индонезискиот остров Јава загинаа најмалку 1.000 луѓе. 1992.- Република Македонија монетарно се осамостои. Новата македонска валута доби име "денар". 1992.- Владата на Република Македонија донесе одлука за признавање на Република Босна и Херцеговина. 1993.- Република Албанија ја призна независноста на Република Македонија. 2004.- Во Лос Анџелес умре Хјуберт Селби, помладиот, американски писател. Негови најпознати романи се "Последната станица Бруклин" и "Реквием за еден сон". Роден е во Бруклин, Њујорк, во 1928 година. 2005.- Сирија го заврши повлекувањето на своите сили од Либан согласно Резолуцијата на Обединетите нации и на тој начин стави крај на 29-годишното присуство во таа земја. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците го убија Фернандо Магелан, португалски морепловец во служба на Шпанија. Пловејќи по должината на Јужна Америка и низ теснината на Огнена Земја на 16.03.1521 година, од Тихиот Океан пристигна на Филипинските острови. Роден е во Соброза, Италија, на 16.03.1480 година. 1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски физичар и сликар. Во 1837 година го пронајде телеграфот. Умре во 1872 година. 1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон Боливар, обвинет за диктаторски амбиции, поднесе оставка на функцијата претседател на Колумбија. 1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на селото Рајчани, кочанско, во борба против османлиската војска загина Никола Карев, македонски револуционер, социјалист, организатор и претседател на Крушевската Република првата Македонска Република на Балканот од 1903 година. Роден е во Крушево, во 1877 година. 1915.- Умре Александар Николаевич Скрјабин, руски композитор и пијанист, прдвесник на експресионизмот. Во последната фаза од неговото творештво се чувствува мистична концепција ("Божествена поема", "Прометеј"). Компонираше оркестарски композиции, прелудиуми за клавир, сонати и друго. Роден е на 6.01.1872 година. 1941.- Атина во Втората светска војна ја зазедоа германските трупи после грчкиот отпор кој траеше 180 денови. 1945.- Италијанските партизани го фатија злогласниот Бенито Мусолини, кој се обиде да побегне од земјата. Набрзо, потоа, како еден од виновниците за Втората светска војна и за безбројните злосторства, е стрелан (28.04.1945 година). 1956.- Американскиот боксер во тешка категорија со италијанско потекло Роки Марчано се повлече од рингот како непоразен светски боксерски шампион. 1960.- Прогласена е независноста на африканската држава Того, поранешна француска колонија. 1961.- Прогласена е независноста на Сиера Леоне, поранешна британска колонија во Африка. 1983.- Во Скопје умре Димо Тодоровски, македонски академик, познат вајар кој беше единствен скулптор во Македонија меѓу двете светски војни. Роден е во Солун, на 11.12.1910 година. 1972.- Умре ганскиот државник и публицист Кваме Нкрумах, прв премиер и претседател на Гана, истакнат борец против колонијализмот. 1983.- Во Скопје умре Кирил Миљовски, македонски револуционер, академик, општественик и прв ректор на Универзитетот во Скопје. Роден е во Ресен, на 27.05.1912 година. 1992.- Понеделник, вториот ден на православниот празник Велигден, првпат е прогласен за неработен ден во Република Македонија. 1992.- Замбиски воен авион во кој се наоѓаа фудбалските репрезентативци на таа африканска земја се урна во Атланскиот океан во близина на Габон. Во авионската несреќа загинаа 30 лица. 1993.- Еритреја стекна независност од Етиопија по три децении граѓанска војна и референдум на кој Еритрејците гласаа за независност. 1993.- Претставници на Кина и Тајван, за првпат од 1949 година, се сретнаа во Сингапур. 1995.- Во Скопје умре Цветко Мартиновски, македонски писател, преведувач и новинар. Негови најпознати книги раскази се "Луњинци", "Квечерини и разденувања" и "Пријатели". Роден е во Скопје, на 25.03.1930 година. Изменето од Boogie - 27.Април.2007 во 09:16 |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
- Денеска е Светски ден на танцот 1492.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на неколку стотици Французи, кај Поатје ги победи англиските освојувачи и го зазеде градот Орлеан. Во 1430 година беше заробена, а една година подоцна, во Руан, беше запалена. Во 19-тиот век, таа е прогласена за француска национална хероина. Родена е во 1412 година. 1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски војсководец. Војничката слава ја стекна во војните против Наполеон Бонапарта. По првиот пад на Наполеон, Велингтон беше британски делегат на Виенскиот конгрес. По враќањето на Наполеон во 1815 година, стана врховен командант на сојузничките сили и го порази Наполеон во битката кај Ватерло, на 18.06.1815 година. Умре во 1852 година. 1854.- Роден е францускиот математичар, физичар и филозоф Жил Анри Поенкаре, кој пред Алберт Ајнштајн ја постави специјалната теорија на релативитетот. Објави повеќе од 500 математички трудови, ја проучуваше аналитичката и небеската механика, хидродинамика, астрономијата, геодезијата, теориската и математичката физика. Ја создаде теоријата на автоморфните функции, еден е од основачите на топологијата, ја разви електромагнетската теорија на светлина, електрицитетот и даде критичка анализа на космогониските хипотези. Во филозофијата се занимаваше со теоријата на науката, теоријата на сознанието и општата методологија. Објави 32 книги. Најпознати негови дела се „Наука и хипотеза“, „Вредност на науката“, „Науката и методите“ и други. 1898.- Во Ќустендил умре Илија Марков Малешевски (познат како Дедо Иљо Малешевски), прочуен македонски ајдутски војвода, во втората половина на 19-тиот век, кој учествуваше во битките против Турците. Роден е во Берово, на 28.05.1805 година. 1899.- Роден е американскиот пијанист, композитор и шеф на оркестар Едвард Кенеди „Дјук“ Елингтон, еден од најзначајните џез музичари. Оркестарот што го основаше во 1926 година претставува пример за сите оркестри на џез музиката. Тој напиша околу 2.000 композиции. 1901.- Роден е јапонскиот цар Хирохито, кој владееше од 1921 година, кога како регент го заменуваше болниот татко. Крунисан е во 1926 година и беше на престолот до смртта во 1989 година. 1936.- Роден е индискиот диригент и виолинист Зубин Мета, еден од најпознатите диригенти на 20 век. 1945.- Во Втората светска војна капитулираа германските сили во северна италија, Австрија, Штаерска и Корушка. 1980.- Во Лос Анџелес умре Алфред Хичкок, британски филмски режисер, еден од најпознатите автори кој светска слава доби со филмови од криминалистички жанр, со филмови на страв и ужас. Негови најпознати филмови се: "Човекот кој многу знаеше", "Ребека", "Аферата Парадин", "Птици" и "Психо". Роден е во Лентонстаун, во близина на Лондон, на 13.08.1899 година. 1991.- Во земјотрес во Грузија загинаа повеќе од 140 луѓе. 1995.- Во Шри Ланка тамилските бунтовници соборија воен авион, усмртувајќи 52 лица кои се наоѓаа во него. 1997.- Во Лусембург, Република Македонија и Европската унија ја потпишаа спогодбата за соработка. 2000.- Умре поранешниот виетнамски премиер Фам Ван Донг, кој до 1987 година повеќе од три децении беше претседател на Владата. Тој беше близок до виетнамскиот лидер Хо Ши Мин. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со Миланскиот едикт го призна христијанството во Римското царство. 1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од Франција. 1777.- Роден е германскиот математичар, физичар и астроном Карл Фридрих Гаус, основач на познатата математичка школа и директор на опсерваторијата во Гетинген. Тој отвори нова етапа во развојот на диференцијалната геометрија, ги постави новите основи на небеската механика и астрономија, и го конструираше геодетскиот инструмент хелиотроп. 1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв претседател на САД. 1870.- Роден е австрискиот композитор со унгарско потекло Франц Лехар, најзначаен претставник на виенската оперета во првата половина на 20 век. Негови најпознати оперети се „Веселата вдовица“, „Грофот од Луксембург“ и други. 1900.- Хаваи станаа составен дел на САД. 1903.- Во Солун се самоуби Орце Попјорданов, еден од организаторите на Солунските атентати. По минирањето на Отоманската банка, водеше неколкучасовна борба против османлиската војска. 1944.- Во селото Стаевци, кумановско, проширениот Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ го одржа првото заседание. 1945.- Водачот на Третиот рајх и на нацистичка Германија и еден од најголемите злосторници во историјата на човештвото, Адолф Хитлер, откако ја слушна веста на Радио Москва дека единиците на Црвената армија истакнале црвено знаме на Рајхстагот, изврши самоубиство во својот бункер во Берлин. 1989.- Умре италијанскиот филмски режисер Серџо Леоне. Негови најпознати филмови се „Колосот од Родос“, „За грст долари“, „Се викам Нико“, „Беше еднаш на Дивиот запад“, „Се случи во Америка“ и други. 1991.- Циклон во Бангладеш усмрти најмалку 125.000 луѓе. 1992.- Во Скопје, Редакцијата на весникот "Нова Македонија" и новинската агенцијата Франс прес од Париз, потпишаа долгогодишен договор со кој весникот се вклучува во користењето на генералниот сервис на агенцијата. 2000.- Во Земскиот антенски центар Нова Брезница, скопско, е пуштена сателитската програма МРТ-МКТВ САТ, пред се наменета за македонските граѓани што работат и живеат во странство. 2002.- Во хеликоптерска несреќа во северен Тунис загинаа 13 високи офицери на туниска армија. 2003.- Либија ја прифати одговорноста за урнувањето на авионот на американската компанија „Пан америкен“ во 1988 година кај шкотското место Локерби, кога загинаа 270 луѓе во леталото и на тлото. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
- Денеска е Меѓународен ден на трудот. Во 1886 година во Чикаго, САД, избувна штрајк на околу 40.000 работници кои истапија со барањето за осумчасовен работен ден. На Првиот конгрес на Втората интернационала, што се одржа во Париз, во 1889 година беше решено секоја година на 1 мај, во знак на сеќавање на чикашките работници, да се одржуваат масовни демонстрации. Од 1890 година 1 мај се слави не само во знак на борбата за осумчасовен работен ден, туку како манифестација на класната солидарност на работничката класа во целиот свет. 1923.- Роден е американскиот писател Џоезеф Хелер. Тој ги напиша романите „Нешто се случило“, „Добар како злато“ и драмата „Бомбардиравме во Њухевн“. 1931.- Официјално е отворен 102 спрата високиот облакодер Емпаер стејт билдинг во Њујорк, во тоа време највисока зграда во светот. 1944.- Во злогласниот затвор "Хајдари" во непосредна близина на Атина, германските фашисти стрелаа 200 истакнати македонски и грчки комунисти, меѓу кои и Трифун Хаџијанев, македонски револуционер и борец за остварување на национална и социјална слобода на македонскиот народ. Хаџијанев е роден во Воден, Егејска Македонија, во 1890 година. 1945.- Во бункер во Берлин самоубиство изврши шефот на германската пропаганда во Втората светска војна, Јозеф Гебелс. 1991.- Во Македонската радио телевизија почна емитувањето на Музичкото радио - Канал 103. Тоа е првата и единствена субкултурна и некомерцијална медиумска појава во македонскиот етер. Многу македонски групи и артисти, своите почетоци во медиумската промоција ги имаа токму на Канал 103, а и своите први живи настапи ги имаа на некои од многуте концертни активности, што ова радио ги има организирано. 1994.- Во Имола, во Италија, умре Аиртон Сена, еден од најпознатите возачи на автомобилското натпреварување во светот на "Формула 1". Роден е во Сао Паоло, на 21.03.1960 година. 2002.- Во Холандија стапи на сила законот за еутаназија, една година откако Парламентот изгласа одлука со која таа земја стана прва во светот во која е дозволено убиство од милосрдие. 2004.- Во Даблин, Ирска, членки на Европската унија станаа Чешка, Естонија, Кипар, Летонија, Литванија, Словачка, Словенија, Унгарија, Малта и Полска. 2005.- Во напад на бомбаш-самоубиец на погребна поворка во градот Тал Афар, во северен Ирак, загинаа најмалку 25 луѓе, а 30 беа повредени. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар, архитект, инжинер, пронаоѓач и мислител Леонардо да Винчи, еден од најголемите умови на ренесансата. Направи релативно мал број слики од кои назначајни се „Мона Лиза“, „Богородица во пештера“, „Света Ана“ и „Тајната вечера“. Тој се интересираше физиката, астрономијата и хемијата. Работеше и на справа за летање. Го напиша „Трактатот за сликарството“. 1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл, основач и теоретичар на модерниот ционизам, кој се залагаше за основање еврејска држава во Палестина и го разработи концептот на таа држава. Тој во 1897 година е избран за прв претседател на Светската ционистичка организација. Негови познати дела се „Еврејска држава“, „Стара Нова земја“ и други. 1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон Рихтхофен, наречен „Црвен барон“, најславниот германски авијатичар во Првата светска војна. Во текот на војната собори повеќе од 80 непријателски авиони, пред да загине во воздушна борба во април 1918 година. 1903.- Во Македонското село Смилево, демирхисарско, почна Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМРО. За претседател на Конгресот беше избран големиот Македонски деец Даме Груев. Мнозинството на Конгресот се изјасни за кревање востание,ослободување на Македонија од вековното ропство и создавање на независна и суверена Македонска држава. 1933.- Германскиот канцелар Адолф Хитлер ги укина синдикатите. 1949.- Во Струмица е формиран Народниот театар "Антон Панов". Во театарот беше изведена првата претстава, "Бегалка" од македонскиот писател Васил Иљоски. 1967.- Лабуристичката Влада на Харолд Вилсон побара членство на Велика Британија во Европската економска заедница, завршувајќи ја долгата дебата за тоа дали Лондон треба да и пристапи на таа групација. 1982.- Британска подморница во Фокландската војна го потопи аргентинскиот брод „General Belgrano“, усмртувајќи повеќе од 350 луѓе. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
- Денеска е Светски ден на борба против астмата 1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска Македонија, во борба против османлиската војска загина Гоце Делчев, еден од најголемите идеолози на народноослободителното движење на македонскиот народ кон крајот на 19-от и во почетокот на 20-от век. Роден е во Кукуш, Егејска Македонија, на 4.02.1872 година. 1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура, кавадаречко, од турските банди подмолно е убиен Пере Тошев, македонски револуционер и еден од основоположниците на ТМОРО во Битолскиот револуционерен округ и учесник во Илинденското востание од 1903 година. Роден е во Прилеп, во 1865 година. 1928.- Роден е египетскиот државник Хосни Мубарак, претседател на Египет од 1981 година, после убиството на Анвар ел Садат. 1929.- Родена е американската актерка со холандско потекло Еда фан Хемстра Хепберн, позната како Одри Хепберн, амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. Глумеше во филмовите „Празник во Рим“ (Оскар), „Појадок кај Тифани“, „Сабрина“, „Војна и мир“, „Љубов попладне“ и други. 1970.- Американската Национална гарда уби четворица и повреди 11 студенти од Универзитетот Кент во државата Охајо кои демонстрираа против Виетнамската војна. 1979.- Во Скопје умре Бранко Заревски, македонски поет, критичар и еден од доајените на македонското новинарство. Роден е во Битола, на 19.11.1920 година. 1980.- Во Љубљана умре Јосип Броз Тито, претседател на поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија, претседател на Сојузот на комунистите на Југославија, маршал на Југославија и врховен командант на вооружените сили на СФРЈ. Роден е во селото Кумровец, Хрватско Загорје, во 1892 година. 1993.- Република Македонија и ПТТ управата се примени во членството на Меѓународната унија за телекомуникација - специјализирана организација на ООН во областа на телекомуникациите со седиште во Женева. 1999.- Во Охрид умре Трајан Мартиновски, македонски посет и есеист. Првата книга поезија што ја објави во 1982 година е "Премолчено време", а последниот негов труд, објавен во 1999 година, е "Златен венец на спомените". Роден е во селото Нерези, струшко, на 19.02.1951 година. 2001.- Во Скопје умре Васка Илиева, една од најпрочуените македонски пејачки на македонски народни песни. Родена е во Скопје, во 1927 година. 2002.- При урнување на нигериски патнички авион во градот Кано во Нигерија загинаа 148 луѓе. Во авионската несреќа загина и нигерискиот министер за спорт, Ишаја Марк Аку. 2003.- Швајцарецот со индиско потекло Дани Бекман е примен во Швајцарската гарда, единица која го чува папата, како прв нејзин припадник кој не е Белец. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1626.- Холандскиот доселеник Питер Минуит од Индијанците го купи островот Менхетен - на кој подоцна е изграден Њујорк. 1758.- Роден е Максимилијан Робеспјер, еден од најзначајните водачи на Француската буржоаска револуција. Беше водач на јакубинците, најреволуционерна партија во тоа време која се бореше за општо право на глас, внесено првпат во јакубинскиот устав во 1793 година, за укинување на монархијата и за воспоставување република, како и за укинување на ропството во колониите. По контрареволуционерниот пресврт, на 27.07.1794 година. Робеспјер е гилотиран. 1840.- Пуштени се во оптек првите поштенски марки во Велика Британија - од еден и два пени со ликот на кралицата Викторија Прва. 1848.- Во селото Лазарополе, гостиварско, е роден Васил Апостолов Икономов, македонски училител, фолклорист, етнограф, печатар, преведувач, калиграф и црковен певец. Умре во Лазарополе, на 4.06.1934 година. 1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд, австриски научник, основач на психоанализата. Негови најпознати дела се "Увод во психоанализата", "Кон психопатологијата на секојдневниот живот" и "Толкување на соништата". Умре во Лондон, на 23.09.1939 година. 1859.- Умре Александар фон Хумболт, германски географ, астроном и истражувач, еден од основачите на научната географија. Прв го постави правилото за намалување на температурата со зголемување на надморската висина. Пионер е на системските трудови за магнетизмот и прв автор на изотермалната карта на Земјата. Роден е на 14.09.1769 година. 1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата кула, една од најголемите знаменитости на градот. Конструктор на кулата е инженерот Густав Ајфел. Кулата е поставена на парискиот плоштад Шан де Марс и е висока 320 метри. 1919.- На Версајската мировна конференција по Првата светска војна на Германија и се одземени колониите во Африка. 1924.- Во Виена, ВМРО (об.) издаде Манифест кон македонскиот народ, кон организираното револуционерно население во Македонија и кон македонските револуционери, познат како Мајски манифест на ВМРО (об.). Во него како главни цели на револуционерната борба беа фиксирани "ослободувањето на раскинатите делови на Македонија во една наполно независна и самостојна политичка заедница" и демократизирањето и сојузувањето на балканските држави во една федерална заедница која "единствено може да го гарантира политичкото постоење на независна Македонија и независноста на другите балкански народи" и да ги парализира анексионистичките и империјалистичките стремежи на заинтересираните сили. 1952.- Во селото Лабуништа, струшко, умре Ангелко Крстиќ, македонски романсиер, раскажувач, драмски автор и учител. Најпознат е по романот "Трајан", објавен во 1932 година. Роден е во селото Лабуништа, на 1.11.1871 година. 1976.- Во северниот италијански град Удине во земјотрес загинаа 973 луѓе. 1978.- Советот за безбедност на Обединетите нации ја осуди Јужна Африка поради инвазијата во Ангола и побара повлекување на нејзините војници од земјата. 1991.- Во Сплит, Република Хрватска загина 19-годишниот војник од Кавадарци, Сашко Гешовски. На денот на загинувањето тој беше на должност стражар во командата на Военопоморската област во Сплит, каде што протестираа над 30.000 демонстранти. Гешовски беше првата македонска жртва во југословенската војна. Тој од 17 септември 1990 година служеше во воената полиција во Сплит. Околностите под кои загина Гешовски се уште не се разјаснети. 1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското име и е Марија Магдалена фон Лош), прочуена американска филмска актерка од германско потекло. Родена е во Берлин, на 27.12.1901 година. 1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје, основоположник на дисциплината фонетика на англиски јазик. Роден е во Прилеп, на 27.06.1936 година. 1994.- Во Мексико, на Генералното собрание на Светската организација за нумерирање на артиклите (ЕАН), како редовен член е примена и македонската организација ЕАН-МАК. 1994.- Францускиот претседател Франсоа Митеран и англиската кралица Елизабета Втора го отворија тунелот под Ламанш. |
|
spaski
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Група Регистриран: 14.Септември.2005 Статус: Офлајн Поени: 82 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1915. na 7mi Maj germanskata podmornica U-20 go potopila britanskiot brod Lusitania, okolu 1200 zaginati.
Изменето од spaski - 07.Мај.2007 во 02:05 |
|
http://www.macedonian-kingdom.piczo.com
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
- Денеска е Ден на македонската полиција. Во 1993 година со одлука на Владата на Република Македонија од 20.04.1993 година, 7 мај е востановен како Ден на македонската полиција, а по повод истиот ден во 1903 година, кога на Смилевскиот конгрес на ТМОРО е извршена реорганизација на власта и безбедноста. 1755.- На иницијатива на големиот руски научник Михаил Василевич Ломоносов е отворен Московскиот универзитет, кој првобитно имаше само филозофски, правен и медицински факултет. Универзитетот набргу стана центар на руската наука. 1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс, германски композитор, еден од најзначајните романтичари и мајстор на соло песната. Компонираше музика за клавир, виолина, камерна музика, симфонии и хорска музика. Умре во Виена, на 3.04.1897 година. 1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри методот на механичко сликање, односно ја пронајде фотографијата. 1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич Чајковски, најистакнат руски композитор и еден од најголемите симфоничари на 19-от век. Негови најпознати дела се оперите "Евгениј Онегин" и "Пикова дама", балетите "Лебедово езеро" и "Заспаната убавица". Умре во Петроград, на 6.11.1893 година. 1861.- Во Калкута е роден Рабиндранат Тагоре, индиски поет и филозоф. Меѓу неговите најпознати дела спаѓаат збирките песни "Градинар" и "Гитанџали", романите "Дом и свет" и "Бродолом", драмите "Сударшана" и "Водопад" и публицистичкиот труд "Национализам". За својата литературна работа во 1913 година ја доби Нобеловата награда. Умре во Калкута, на 7.08.1941 година. 1901.- Роден е американскиот филмски актер Френк Џејмс Купер, познат како Гари Купер, еден од најомилените актери во историјата на Холивуд. Тој сними 84 филмови. Глумеше во филмовите „Законот на Дивиот Запад“, „Точно на пладне“, „Вера Круз“, „Љубов попладне“ и други. 1929.- За првпат е доделена наградата "Оскар", што секоја година ја доделува Академијата за филмска уметност и наука во Холивуд, САД, за најдобар американски филм, за најдобра машка и женска улога, за режија, сценарио и друго. 1939.- Германија и Италија склучија пакт, познат како "Оска Берлин - Рим". 1954.- Француските колонијални сили потпишаа капитулација со што заврши познатата битка кај Диен Биен Фу. Во битката ослободителните сили на Виетнам, под команда на генерал Џап, извојуваа победа над француските колонијалисти. 1991.- Во Москва умре Васил Икономов, македонски писател и преведувач. Тој е еден од основачите и првите уредници на Книгоиздателството "Мисла" во Скопје, член на Друштвото на писателите на Македонија и на Сојузот на писателите на СССР. Автор е на стихозбирките "Жерани во пламен", "Разделбата на крвта со огнот", "Мртвите пешачат боси" и "Кон една генеза". Роден е во Скопје, во 1945 година. 1995.- Кандидатот на конзервативците, градоначалникот на Париз, Жак Ширак, победи на претседателските избори во Франција. 2002.- Во морето во североисточна Кина се урна кинески патнички авион, при што загинаа 112 патници и членови на екипажот. 2002.- Во напад на исламски терорист самоубиец во еден клуб јужно од Тел Авив загинаа најмалку 15 лица. Одоговорноста за нападот ја презеде терористичката организација Хамас. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски хемичар, кој се смета за основач на модерната хемија. Прогласувајќи го законот за неуништивоста на материјата како основа за хемиските процеси, тој ја почна примената на егзактните физички методи за мерење на хемиските истражувања. На пример, докажа дека водата е соединение на водород и кислород (1783 година), а ги задолжи науката и човештвото со многу други значајни откритија. Роден е во Париз, на 26.08.1743 година. 1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан, швајцарски филантроп, основач на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во 1863 година, кој подоцна прерасна во меѓународна организација. Во 1901 година ја доби Нобеловата награда за мир. Умре во Хајден, Швајцарија, на 3.10.1910 година. 1858.- Во Неапол е роден Руџеро Леонкавало, италијански композитор, претставник на веристичката насока. Неговото најзначајно дело е операта "Палјачи", која зборува за животот на една патувачка артистичка дружина. Умре во Монтекасино, кај Фиренца, на 9.08.1919 година. 1880.- Умре Гистав Флобер, француски писател, еден од основачите на реализмот во француската литература. Како противник на граѓанското лицемерие, верно ги сликаше секојдневниот живот и личностите од провинцијата. Напиша две театарски дела, неколку новели и остави многу значајни и обемни дела. Негови најзначајни дела се романите "Сентиментално воспитување", "Госпоѓа Бовари" и "Искушението на Антони". Роден е на 12.12.1821 година. 1902.- Во ерупција на вулканот Мон Пеле на Мартиник целосно е уништен градот Сен Пјер, а несреќата ја преживеаја само двајца од 30.000 жители. 1903.- Турската војска од Костур, Егејска Македонија, испрати засилен војнички одред за да го уништи селото Смрдеш, само затоа што со сметаше за најкомитско село во Костурско. Во ноќта и утредента, војниците и башибозукот направија големи штети во селото. Од 300 куќи во селото изгореа 240, 84 луѓе беа убиени или заклани, а 50 беа повредени. Селото беше речиси ограбено и опустошено. 1914.- Во селото Будинарци, беровско е роден Глигор Смокварски, македонски композитор, кларинетист и музиколог. Тој е првиот кларинетист на Македонската филхармонија. Автор е на првиот национален балет "Македонска повест". Умре во Скопје, на 15.03.1974 година. 1921.- Во Шведска е укината смртната казна. 1925.- Во Виена во Бург-театарот, од платеничката на бугарскиот двор Менче Карничева, е убиен Тодор Паница, истакнат борец на македонското националноослободително движење. Роден е во бугарскиот град Орахово, во 1878 година. 1992.- Република Филипини ја призна Република Македонија. 1995.- Република Македонија и Република Сингапур воспоставија дипломатски односи. 1996.- Умре шпанскиот борец со бикови Луис Мигел Лукас „Доминген“, веројатно најдобриот светски борец со бикови во 20 век, чија вештина го инспирира американскиот писател Ернест Хемингвеј. 2001.- Во Скопје, во издание на Македонскиот народен театар е промовиран првиот број на списанието за сценска уметност "Сцена". 2001.- Папата Јован Павле Втори ја заврши посетата на Сирија во текот на која како прв римокатолички поглавар во историјата влезе во една џамија. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
- Денеска е Ден на Европа 1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер Колумбо, во служба на Шпанија, тргна на четвртото и последно патување во новиот свет. Во Шпанија се врати во ноември 1504 година, а умре две години подоцна, незадоволен бидејќи го одминаа ветените награди и почести. До последен момент Колумбо не знаеше дека ја открил Америка. Беше уверен дека стигнал до источните брегови на Азија. 1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер, борец за рамноправност на Црнците. На 2.12.1859 година федералната американска војска го фати тешко ранетиот Браун и го обеси. Неговата борба имаше широк одзив и и претходеше на Граѓанската војна (1861-1865) меѓу Северот и Југот на САД. 1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од најпознатите германски поети и драмски писатели. Во своите остварувања го истакнуваше идеалот на достоинството, слободата и убавината и незадоволството од тиранијата. Автор е на драмите "Интрига и љубов", "Разбојници", "Дон Карлос" и "Јованка Орлеанка". Роден е на 10.11.1759 година. 1873.- Роден е англискиот археолог Хауард Картер, кој во 1922 година ја откри гробницата на египетскиот фараон Тутанкамон. 1901.- Во Мелбурн е отворен првиот Парламент на Австралија. 1926.- Американците Ричард Брет и Флојд Бенет први го прелетаа со авион Северниот пол, што беше голем подвиг на младата недоволно сигурна авијација. 1927.- Канбера стана главен град на Австралија наместо Мелбурн. 1944.- Во Прилеп, во борба против бугарскиот окупатор загинаа Кире Гавриловски - Јане и Круме Волнароски - Коља, народни херои на Југославија од Македонија. Кире Гавриловски е роден во Прилеп, во 1918 година. Круме Волнароски е роден во Прилеп, во 1909 година. 1945.- Во Берлин, нацистичка Германија го ратификува актот за безусловна капитулација, потпишан во Ремс, Франција, на 7.05.1945 година. Победата на антихитлеровската коалиција се одбележува на 9 мај како Ден на победата над фашизмот. 1946.- Кралот Виторио Емануел Трети абдицира и Италија стана Република. 1947.- Во Скопје, во македонскиот народен театар е прикажана првата оперска претстава на македонски јазик. Тоа беше операта "Кавалерија рустикана" (или "Селска чест" како што е запишано на првиот плакат) од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи. Диригент беше Тодор Скаловски, режисер Бранко Поморишац, а корепетитор Петре Богданов - Кочко. 1959.- Во Скопје умре Борис Бојаџиски, македонски писател, новинар и публицист. Автор е на драмите "Дадовме збор", "Дедо Мраз и кај нас", "Милка", на книгите раскази "Палавото зајаче", "Првите цутови", како и монографијата на народниот херој Орце Николов. Роден е во Охрид, на 23.02.1915 година. 1978.- Во Рим, во автомобил, е пронајдено телото на поранешниот италијански премиер, Алдо Моро. 1998.- Во Бирмингем, Велика Британија, се одржа 43 Фестивал на забавна музика во Европа - Песна на Евровизија, со учество на 23 земји (Евросонг 1998). На него, првпат учествуваше и Република Македонија. Неа ја претставуваше Владо Јаневски со песната "Не зори, зоро" на Глигор Копров. Јаневски освои 40 бодови и го освои 19 место. 2001.- Во најтрагична несреќа во историјата на африканскиот фудбал, на најголемиот стадион во Акра, главниот град на Гана, загинаа 126 луѓе во стампедо што го предизвика полицијата која употреби солзавец. 2002.- Американскиот Конгрес им забрани влегување во САД на граѓаните на седум земји кои го поддржуваат и толерираат тероризмот - Ирак, Иран, Куба, Либија, Северна Кореја, Сирија и Судан. 2004.- Претседателот на Чеченија, Ахмад Кадиров загина во експлозија на бомба, што ја поставија чеченските исламски терористи на стадионот во градот Грозни. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
- Денеска е Светски ден на физичката активност 1497.- Италијанскиот морепловец Америго Веспучи тргна на првото патување во новиот свет. Вплови до бреговите на Хондурас и на Бразил и откри нов континент меѓу Европа и Азија, наречен Америка. 1876.- Во Врхника е роден Иван Цанкар, словенечки поет, раскажувач, драматург и публицист. Во своите дела ја разоткриваше неправдата и лицемерството на малограѓанската средина, се бореше за правата на обичниот човек. Негови познати дела се "Слугата Јернеј и неговото право", "Под крстот" и "Кралот на Бетајнова". Умре во Љубљана, на 11.12.1981 година. 1881.- Крунисан е романскиот крал од германско потекло Карол Први Хоенцолерн, првиот крал на Романија. 1899.- Роден е Фред Астер, американски филмски артист и танчер. Во танчерската техника го спојуваше класицизмот од почетокот на 20-от век со современите сваќања на танцот. Беше актер во филмовите "Време на свингот", "Смешно лице" и "Бродвејски мелодии". Умре во Лос Анџелес, на 22.06.1987 година. 1933.- Четири ипол месеци откако Хитлер ја приграби власта, разулавените нацисти во Берлин пред Рајхстагот, запалија повеќе од 25.000 книги. Слични настани се случија таа ноќ и во други германски градови. 1967.- Американското воздухопловство првпат во Виетнамската војна го бомбардираше пристаништето Хајфонг во Северен Виетнам. 1977.- Во Њујорк умре Џоана Крафорд, американска артистка. За улогата што ја играше во филмот "Милдред Пирс", во 1945 година ја доби наградата "Оскар". Во 1965 година, престана да снима филмови и ја напиша автобиографската книга "Мојот начин на живеење". Родена е во Сан Антонио, на 23.03.1908 година. 1977.- Во Саутемптон умре Џејмс Џонс, американски писател, автор на повеќе дела, меѓу кои и на познатиот роман "Одовде до вечноста", како и романите "Некои дојдоа трчајќи", "Тенка црвена линија" и други. Роден е во 1910 година. 1988.- САД ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која Израел е осуден за инвазија на јужниот дел на Либан. 1989.- Алпинистите Димитар Илиевски (35) од Битола, Виктор Грошељ (36) од Љубљана и Стипе Божиќ (37) од Сплит го освоија највисокиот врв на светот, Монт Еверест. Притоа загина Димитар Илиевски. 1993.- Повеќе од 200 работници загинаа во пожар во една фабрика за играчки во тајландската провинција Након Патом. 1994.- Нелсон Мендела како прв Црнец е инаугуриран за претседател на Јужна Африка. 1997.- Во земјотрес во источен Иран загинаа најмалку 1.560 луѓе. |
|
Синдарела
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Бањана Пепелашка Регистриран: 06.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 2604 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денеска е недела, 13 мај, 133 ден во 2007 година. До крајот на годината има 232 денови.
1607.- Капетан Џон Смит со група војници пристигна во Вирџинија и тоа место го нарече Џејмстаун, каде што е основана првата постојана британска населба во Новиот Свет. 1792.- Роден е италијанскиот свештеник Џовани Марија Мастаи Ферети, од 1846 папа Пиј Деветти, чиј потификат траеше 31 година и 236 денови, најдолго во историјата на Римокатоличката црква. Тој во 1870 година прогласи догма за папската непрогресивност. 1795.- Во Кабеларево е роден Павел Јозеф Шафарик, словачки филолог и историчар, еден од најпознатите чешки и словачки народни преродбеници. Неговото дело е од големо значење за словенските народи. Меѓу другото, ги објави и житијата на словенските просветители Кирил и Методиј. Умре во Прага, на 26.06.1861 година. 1809.- Трупите на францускиот цар Наполеон Први влегоа во Виена. 1840.- Во Ним е роден Алфонс Доде, француски писател. Неговата трилогија "Тартарен Тарасконецот", "Тарантско пристаниште" и "Тартарен на Алпите" претставуваат ремек-дело на француската хумористична проза. 1842.- Роден е Артур Саливен, познат британски композитор и диригент. Тој е основач на англиската оперета. Умре на 22.11.1900 година. 1871.- Во Италија е донесен закон со кој на Светата столица и се дозволува да има седиште во Ватикан. 1888.- Во Бразил е укинато ропството. 1901.- Македонскиот драматург Војдан Чернодрински ја формира првата македонска театарска група "Скрб и утеха". 1961.- Преку ТВ Белград е емитувана првата емисија на ТВ - студио Скопје, наречена "Балкански концерт" која ја изведоа првенците на Балетот при македонскиот народен театар, Елпида Пакоска и Јован Пашти. 1965.- Во Белград умре Ристо Лозаноски, македонски академски сликар. Неговиот опус што го создаде за неполни 15 години од неговиот творечки живот, изнесува 150 слики, цртежи и графики. Роден е во селото Големо Илино, кичевско, на 5.03.1923 година. 1965.- Израел и Западна Германија одлучија да воспостават дипломатски односи. После таа одлука повеќе арапски држави ги прекинаа односите со Бон. 1981.- Турскиот терорист Мехмед Али Агџа во Рим пукаше врз папата Јован Павле Втори и го повреди во стомакот и раката. 1996.- Повеќе од 600 луѓе загинаа во невреме во северниот дел на Бангладеш. 1999.- Перу и Еквадор потпишаа документ за разграничување, завршувајќи го после шест децении спорот поради кој двете латиноамерикански земји три пати војуваа. 2004.- Во Индија завршија маратонските парламентарни избори кои траеја повеќе од еден месец на кои после осум години во опозиција победи Конгресната партија на Соња Ганди. |
|
Внеси реплика | страница <1234 36> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |