|
Новогодишно и Божиќно мени |
Внеси реплика | страница <1234 12> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Божиќен колач со брусницаИнтересен предлог за вкусен божиќен десерт...
Подмачкајте го плехот за печење и посипете брашно, па со лажица истурете го тестото кое треба да биде поприлично густо. Рамномерно распределете го. Измешајте го крем сирот со шеќерот, ванилиниот шеќер и јајцето и прелијте со тестото. Печете на температура од 180 степени, околу 20 минути. Потоа ставете хартија за печење одозгора за да не ви изгори горната гора. Печете уште 40 минути. Изменето од Valerija - 15.Декември.2017 во 18:58 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Божиќна торта со вишниВкусната божиќна трпеза дополнете ја со торта од чоколадо и вишни на кои тешко може да им одолеете. Тортата пред послужување добро изладете ја и ефектот на воодушевување сигурно нема да изостане. Потребни состојки:
За филот:
Подготовка: Изменето од Valerija - 15.Декември.2017 во 18:57 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Англиска божиќна торта Состојки Ванила стапче(1 Парче) Бренди(200 Милилитри) Рум(200 Милилитри) Цимет(1 Кафена лажица) Морско оревче(1 Прстофат) Кардамом(1 Прстофат) Урми без семки(50 Грама) Суви смокви(50 Грама) Суви кајсии(100 Грама) Кандирана кора од портокал(80 Грама) Суво грозје(200 Грама) Бело суво грозје(200 Грама) Лешник(80 Грама) Пекан ореви(80 Грама) Бадеми(80 Грама) Путер(250 Грама) Кафеав шеќер(250 Грама) Јајце(5 ) Брашно(250 Грама) Жолчка од јајце(6 ) Слатка павлака(130 Милилитри) Шеќер(110 Грама) Ванилин шеќер(1 Супена лажица) Несолен путер(160 Грама) Подготовка Овој рецепт се подготвува за помалку од 210 минути
Изменето од Valerija - 23.Декември.2018 во 15:06 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Новогодишни колачиња со ѓумбир Новогодишните празници се период кога секогаш сакаме да испробаме нешто ново, па соодветно на овој претпразничен дух ви претствувам еден традиционален рецепт за американскиот континент- колачиња со ѓумбир (gingerbread cookies). Овој рецепт е мое прилагодување (според состојките што ги имав) на рецептот на Wilton за gingerbread cookies. Потребно: 350 грама брашно + 100 грама доколку ви испадне многу лепливо1/2 лажичка сода 1/2 лажичка морско оревче 1/2 лажичка ванилин шеќер (ова беше моја идеја) на врв лажичка сол 1 лажичка ѓумбир 1 лажичка цимет 150 гр растопен маргарин (во оригиналниот рецепт е путер, но јас имав само маргарин) 200 гр мед или меласа, јас ставив 10 лажици мед (но искрено со волку мед малку се благи, нареден пат би пробала со 8 лажици) 1 изматено јајце Подготовка: Го мешаме брашното со зачините и го додаваме изматеното јајце. Настрана го растопуваме маргаринот (иако треба путер и со маргарин беа вкусни) и малку да поизлади го мешаме со шеќерот и медот. Го додаваме во претходната смеса со брашно. Мешаме и замесуваме на набрашнета површина. Со само 350 гр брашно смесата е многу леплива затоа при замесувањето добро е да додадете уште брашно. Го расукуваме тестото малку подебело, барем 1/2 см. Правиме форми со новогодишни модли и ги ставаме на намастено плехче или хартија за печење. Печеме во загреана рерна на 180 степени околку 10 мин. При вадењето од рерна колачињата можат да бидат меки, но не ги враќајте назад да се допечат затоа што по 5-10 мин се стрвднуваат и добиваат соодветна цврстина. За декорирање би ве посоветувала да ја користите смесата со изматена белка, шеќер во прав и лимон во рецептот за Шеќерна глазура . Затоа што брзавме да ги декорираме (имаше многу гладни усти), ние со Меѓи (мојот личен помошник) ја користевме наједноставната смеса од 100 гр шеќер во прав и 2-3 лажички млака вода, но не ви ја препорачуваме. Смесата со изматени белки е многу подобра за декорирање и боење. Сепак и вака колачињата се изедоа. Благодарност до Меѓи за помошта. p.s. Ветуваме наредниот пат колачињата ќе бидат декорирани поубаво :) Рецептот е подготвен од Tortijada.mk Изменето од Valerija - 25.Ноември.2018 во 10:32 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Новогодишни колачиња со смокви 200 гр суви смокви се мелат. Се додава 200 гр шеќер во прав и 200 гр мелени ореви. Се меси смесата и се сука кора од 1 см. Со модла се вадат фигури и се украсуваат по желба. Изменето од Valerija - 25.Ноември.2018 во 10:33 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Новогодишни елкички
2 гол.лажици шеќер во прав600 гр мелени бисквити2 белки300 гр мелени ореви200 гр чоколадо за готвење500 мл слатка павлакамлеко по потребазелена прехранбена бојаразни украси за декорирање Подготовка: Белките и шеќерот ги матиме со миксер додека не добиеме цврст бел снег. Потоа ги додаваме мелените бисквити, мелените ореви и 300 гр растопено чоколадо. Мешаме со лажица. За изработка на елкичките, потребно е да добиеме смеса соодветна за обликување. Доколку состојките се суви и нехомогени, додаваме млеко. Откако ќе се добие смеса за формирање, земаме малку од смесата и формираме топче со големина на пинг понг топче. Вртејќи го во рацете во правец нагоре формираме конус. Хоплата ја изработуваме заедно со прехранбената боја и ја ставаме во слаткарски шприц. Со шприцот во правец одоздола-нагоре нанесуваме од смесата со хопла за да се покрие целата површина. Декорираме со украси по желба. Оваа смеса може да се искористи и за обликување на останати фигури покрај елкички, како ѕвездички, мечиња, срценца и сл. Изменето од Valerija - 25.Ноември.2018 во 10:33 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фил 2: 250 мл. слатка павлака1 лажичка шеќер во прав1 лажичка какао1 ќесичка кремфиксЗа декорација: 250 мл. слатка павлака1 лажичка шеќер во прав1 ќесичка кремфикс70 гр. мелени лешницирастопено чоколадо (по желба)Подготовка Жолчките, шеќерот во прав, ренданата кора и циметот се матат додека не се добие пенаста смеса. Белките се матат со шеќерот во цврста пена. Потоа полека се мешаат со смесата со жолчки. Брашното, прашокот за пециво, лешникот и растопениот путер се месат во тесто. Тестото ставете го во округло тавче бр.26 и печете го на 180 степени околу 40 минути. Извадете ја кората и оставете ја да се олади. Исечкајте го овошјето и измешајте го со останатите состојки за првиот фил. Поклопете ја смесата и оставете ја да отстои преку ноќ. Кората хоризонтално пресечете ја на 3 дела, така да добиете 4 тенки кори. Првиот фил ставете го малку да поврие на огин и ставете еден дел врз првата кора. Поклопете го со втората кора и врз неа оставете го остатокот од филот. Поклопете го со третата кора и оставете да се олади 1 час. Измешајте ги состојките за вториот фил и нанесете го на третата кора и поклопете со четвртата. За декорацијата, измешајте ги слатката павлака, кремфиксот и шеќерот во прав и со добиената смеса намачкајте ја тортата. Потоа додадете ги мелените лешници и со чоколадниот прелив направете новогодишни фигури. Изменето од Valerija - 25.Ноември.2018 во 10:34 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Новогодишни крофниНовогодишните крофни се моделираат со калапи во вид на елка, ѕвездичка, снешко и сл. Се преливаат со чоколаден и ванила крем... Се прави тесто од: 3/4 кг брашно, 1/2 л млеко,1/4 маргарин,1 свеж , стасан квасец,3 жолчки,кора од 1 лимон100 гр шекер,малку сол1 лажица рум.
Тестото се остава да нарасне и се прави подебела кора. Новогодишните крофни се моделираат со калапи во вид на елка, ѕвездичка, снешко и сл. Се пржат во врело масло. Додека се топли се преливаат со чоколаден и ванила крем. Се попрскуваат со шарени мрвици или новогодишни декорации. Изменето од Valerija - 25.Ноември.2018 во 10:34 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Божиќен колач
Состојки: 40 гр. растопен маргарин4 јајца300 гр. брашно100 гр.шеќероревисуви кајсиисуво грозјесуви смоквисуви сливипире од костени125 мл. млекорумВреме на подготовка:60 минути. Сувото грозје се натопува во рум. Во растопениот квасец се додава по една кафена лажица шеќер и брашно. Смесата се промешува. Претходно во сад се става целото количество на млеко да се загрее и од него земаме 20 мл. и го додаваме во квасецот.Се меша смесата и се додава уште 1 лажица брашно,сецканото суво овошје и сецканите ореви. Преостанатато брашно се става во еден сад и во него се додава смесата од квасец.На смесата се додава и останатиот шеќер.Мешајќи се додаваат 2 лажици млеко. Во смесата, кога ќе добие густина, се додава исецканото овошје и ореви и сувото грозје кое со стегање со раката го цедиме.Смесата ја мешаме со рака и во текот на месењето додаваме 1 јајце и малку брашно. Куглофот го премачкуваме со путер и го посипуваме со брашно.Тестото се става во куглофот и се остава да скисне и се печи на 250 степени,а потоа се намалува на 180 степени. Се печи 45 минути. Колачот го вадиме и откако ќе се излади го превртуваме во садот за сервирање и го посипуваме со шеќер во прав. Му ставаме и декорација од суво овошје.
Изменето од Valerija - 25.Ноември.2018 во 10:35 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Панетонe-историја и традиција
Процесот на подготовка на панетоне е долготраен и понекогаш трае и цел ден, затоа што тестото треба да скисне трипати и да нарасне доволна да се добие типичната форма на купола, обично висока 12-15 см. Колачот најчесто се прави со додавање на кандирано овошје како портокал, цитрон, лимон или суво грозје. Денеска, со цел задоволување на потрошувачките вкусови, се прави и со парченца чоколадо, кремасто полнење, и сл. За неговото потекло постојат голем број на легенди кои одат до 15 век, поточно во периодот на владеење на Лудовико Сфорца (наречен Ил Моро) во Милано. Најпознатат од многуте легенди зборува за младиот благородник, Уго Ателани, кој бил заљубен во Адалџиза, ќерка на сиромашниот пекар Тони. За да ја освои нејзината љубов, се маскирал како пекар и се вработил кај таткото на Аделџиза, Тони. Решен да ја подобри репутацијата на пекарата и зацврсти љубовта на саканата, вечерта наспрема Божиќ се затворил во пекарата и измислил нов вид на леб во кој додал квасец, јајца, путер, суво грозје и кандиран лимон и портокал. Восхитена од прекрасниот вкус на новиот леб, таа се согласила да се омажи за него, а бракот бил оддобрен и од владетелот на Милано, Лудовико Сфорца, исто така маѓепсан од прекрасниот вкус на колачот. На венчавката гостите биле почестени со новиот вид на колач кој го добил името Панетоне, од Pan de Toni или лебот на Тони (pan или panne е леб на италијански). Оттогаш натаму панетоне е заштитен знак на Милано и италијанското пекарство. Денес панетоне, поточно традиционалната рецепта, е заштитен со италијанскиот закон кој го гарантира задржувањето на традиционалниот вкус при неговото приготвување, со прецизирање на состојките и начинот на подготовка, особено при масовната продажба од страна на големите италијански пекари. Изменето од Valerija - 11.Декември.2019 во 09:34 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Снежни ѕвездички
100 г шеќер 2 јајца 250 г брашно 1 пак. пециво рендана кора од половина портокал 2-3 л. пресно млеко 3-4 л. кокос
За украсување: 50 г шеќер 75 г шеќер во прав Подготвување: Маслото, шеќерот, 1 јајце, брашното, пецивото и ренданата кораги замесуваме во тесто, кое го оставаме 30тина мин да отстои. На останатите јајца ги одделуваме белките од жолчките и жолчките ги обработуваме заедно со пресното млеко. За украсување, ги обработуваме белките со шеќерот.
Се пече на 150° околу 10 мин. Се сервираат во ладна состојба. Изменето од Valerija - 25.Ноември.2018 во 10:50 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1234 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |