400мл зеленчукова основа за супа (може и од инстант коцка)
1 врзулка млад кромид
200мл кисела павлака
Маслиново масло
Сол
Бибер (свежо мелен)
Начин на приготвување:
Во длабок сад, пропржете го ситно исечканиот кромид.
Додајте ја брокулата и основата за супата. Варете додека не зоврие, а потоа на потивок оган уште 15-20 минути, додека не омекне брокулата.
На крај ставете ја сварената супа во блендер за да добие кремаста структура и послужете ја додека е топла. При послужувањето, ставете 1-2 лажици кисела павлака и наросете свежо мелен бибер во секоја од чиниите, како и тостирано лепче од страна.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Состојки
1 главица брокула
2 краставици
250 гр павлака или кисело млеко
малку сецкани ореви
2-3 чешниња лук
1. Брокулата се двои на мали цветчиња и се вари на пареа неколку минути.
2. Се пасира брокулата со вилушка, се додаваат оревите, исецканиот лук и павлаката, се посолува и добро се промешува додека смесата да се изедначи.
3. Смесата се става во чинија и се декорира со краставиците. Може одозгора да се декорира по желба, со патлиџан и маслинки.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Летото е совршен период од годината за да ги уживате благодетите на градината. Затоа навалете на овошје и зеленчук.
Потребни состојки
900 гр свежа брокула
225 гр свежи печурки
100 гр павлака
100 гр мајонез
1 лажичка бел шеќер
малку црн пипер
1 кафена лажица рендан лук
1 чешне ситно сечкан лук
Начин на подготовка:
Исчистете ја и ситно исечкајте ја брокулата, а потоа ставете ја во топла вода да се вари 10 минути. Потоа во голем сад додадете ги печурките, павлаката, мајонезот, шеќер, бибер и лук во мал сад.
Пријатно јадење!
Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 08:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Ако користите замрзнат лосос, прво одмрзнете го и ставете го во цедилка да се исцеди вишокот на вода. Потоа, ако се работи са парчиња со нееднаква дебелина, како што беше во мојот случај, исечете го тенкиот дел од парчето лосос. Отсечените делчиња одат во тава, како и големите парчиња, да си знаете! :)
Вака подготвениот лосос, ставете го на хартиени салфети, за да му се одстрани вишокот на вода. Така ќе спречите прскање при пржење, а и лососот ќе се пржи, а не динста. Рибата добро посолете ја.
На јак оган, пржете, прво со кожата на страната на тавата во која има маслиново масло! После 3-4 минути, превртете ја рибата на страна и пржете уште 1 минута, па превртете ја на спротивната страна и пржете уште една минута. На крај, рибата превртете ја со кожата нагоре и пржете уште една минута. Внимавајте да не ја препржите, затоа што ќе биде сува како дрво.
Сега направете го пирето од брокули. Во сад со вода во која се става една лажичка сол, ставете ги цветчињата од брокула. Варете отприлика 5 минути (ако е замрзната) или малку подолго, ако е свежа брокула. Внимавајте да не ја преварите, затоа што убавата зелена боја ќе ја смени во маслинесто зелена, а тоа баш и не е убаво за око, а и ќе биде поводенеста.
Штом ќе биде варена, префрлете ја во цедилка и добро исцедете ја од водата. Во пригоден сад, додадете ја брокулата, едно чешне ситно сецкан лук и со стапчест миксер измиксајте ја во пире. На вака измиксаната брокула, додадете и’ ја неутралната павлака и со шпатула добро промешајте ја смесата за да стане хомогена.
Од другото чешне лук, малку маслиново масло, сушениот копар, сокот од половина лимон и малку сол, направете прелив и со него прелијте го пржениот лосос.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Потребно е: 2 брокули 1 лажица сол 0,5 л павлака или кисело млеко 5 лажици пиутер 1 лажица лебни трошки Подготовка: Исчистете ја брокулата, измијте ја и ставете ја да се вари во врела вода. Откако ќе се свари, исцедете ја водата и извадете ја брокулата од тенџерето, внимавајќи да не се скрши. Ставете ја на тава намачкана со путер и посипана со трошки, а потоа прелијте ја со кисело млеко и посипете ја со трошки, па потпечете ја 15 минути во рерна.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Тестенините и брокулата се големи љубовници. Совршено си одговараат еден со друг, па затоа се феноменална комбинација во моментите кога сакате да си приготвите здраво, вкусно и брзо ручече или вечера.
1.Сварете ги тестенините според упатството на пакетчето. Исцедете ги и вратете ги во истиот садот.
2.На тава за готвење, ставете маслиново масло и сечкан лук. Запржете неколку минути па додадете брашно. Промешајте и додаде супа од коцка, млеко и павлака. Кога ќе ја добие потребната густина, додадете и пармезан.
3.Во меѓувреме, ставете ја брокулата да се свари. На брокулата и е потребно околу 20 до 25 минути во зовриена солена вода да се свари.
4.Сосот и исечканата брокула префрлете ги во садот со тестенини. Измешајте и сервирај те.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Состојки
1 главица кромид
околу 200 гр брокула
5 јајца
3 лажици млеко
100 гр овчо сирење
по вкус сол
по вкус бибер
по вкус лук во прав или во гранули
малку масло за готвење
1/2 лажиче прашак за пециво
2 лажици брашно
Фритата од брокула и сирење
Едноставно и брзо јадење, кое може да послужи како вкусен и екстра брз ручек кој нема многу да го оптовари вашиот желудник, но и како одлична вечера.
Најпрво се вклучува рерната да се загрее додека се подготвува фритатата. На малку загреано масло, се пржи ситно сецканиот кромид и кога ќе зажолти, се додава брокулата исецкана на поситни парченца. Се пржи кратко, додека брокулата малку не омекне. Кога е готово, се трга на страна малку да се излади.
Во еден сад се матат јајцата, се додаваат зачините, млекото, прашакот за пециво, брашното и сирењето. На крај се додава пржениот кромид и брокулата, се заедно убаво се промешува за да се соединат состојките. Добиената смеса се става во калап (може и во долгнавест, но и во обична правоаголна или тркалезна форма), обложен со хартија за печење и се става да се пече. Се пече на 250 Ц, отприлика 25-30 минути или додека убаво не порумени одозгора.
Се јаде додека е топло или кога потполно ќе се излади. Мене ова второво многу повеќе ми се допаѓа.
Најубава комбинација е со свежа зелена салата или со помфит, со додаток на некој убав сос на база на мајонез и павлака.
.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Морковите ги лупиме и сецкаме на тркалца.
Лукот исто така го лупиме и сецкаме на ситно.
На масло се запржуваат морковите, а потоа лукчето.
По 5 минутно пржење на тивко ја додаваме супата од коцка.
Оставаме да поварат на тивко за да омекнат морковите.
Во друг сад на масло запржуваме брашно.
Кога заруменува се додава млекото.
Се промешува додка се спојуваат течностите.
Го додаваме топеното сирење и мешаме.
Оставаме да зоврие еднаш, а потоа ги додаваме брокулите кои ги исековме на ружички.
Од дршката на брокулата,сечеме во вид на стапчиња и ја додаваме во садот. Оставаме да поврие 5 минути и тргаме од оган.Зачинете со црн бибер или шафран.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
1. Брокулата се мие и се вари 20 минути.
2. Тиквичката се чисти, лупи и се ренда.
3. Јајцата се матат со вилушка.
4. Павлаката се меша со малку вода и зачини.
5. Плехот за печење се мачка со путер и се истура презла.
6. Во плехот се ставаат парчиња од брокула и рендани тиквички.
7. Одозгора се истура сос од павлака и зачини.
8. Се пече 30 минути на 200 степени.
9. На крај се става рендан кашкавал.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Состојки
500 гр брокула
2 средно големи компири
1 морков
1 парче праз
2 чешниња лук
1 лажиче мајчина душичка
1 лажиче мечан сув зачин
5-6 лажици масло
по вкус сол и бибер
1,3 л вода
Компирите и морковите излупете ги и исечете ги на тенки кругчиња. Брокулата искинете ја мали цветчина, а празот и лукот исецкајте ги.
Ставете ги во тенџере, додајте ја водата, зачините и маслото. Ставете го да се вари додека зеленчукот омекне. Потоа тргнете го на страна и со рачен блендер изблендирајте го.
Чорбата послужете ја топла со потпечен леб и салата по избор.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот