|
Оставки во Владата на Никола Груевски |
Внеси реплика | страница <123> |
Автор | ||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ова е најстрашното од с'е. Се чувствува мирис на крв, се слуша збивтаност и повик на тотално уништување… Луѓево изгубиле сенилност. Еден по друг се фаќаат во ѓаволовото оро… води оној со едно око, го следат ослепените… Ништо не сме научиле од историјата. Страшно! |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ајде од историски трагичното македонско делење на Вие и Ние да се вратиме на темата… … интересно е да се воочи дека оставкиве доаѓаат веднаш по состаноците на претседателот и премиерот со амбасадорите на некои земји. Тоа не е случајно. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не верувам дека амбасадорите имале некаков удел во оставките.
Ова го велам од причина што, тие се најдоа повикани да се состануваат како резултат на тероризмот во Куманово, предходно колку што се сеќавам, немаше такво нешто. Според мене, оставките се смислено сценарио на Груевски, со цел да ги начека опозиционерите неспремни за било каква реакција, што и се случи и да го отргне вниманието од нив, од една страна, и од друга страна да си збие редовите и да ја наведе опозицијата или барем дел од неа, да помисли дека готово е, Грујо пропадна, се со цел да им намали некаква си можна агреесивност кој би се појавила на 17-ти а и потоа. Според мене, ги работи како што сака и каде стигне.
|
||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Има уште една интересна коинциденција ( фигуративно кажано бидејќи нe постојат коинциденции ) - видеото на кое Заев бара мито се објавува веднаш по оставките на министрите… … случајност? Не верувам ниту 1% дека е случајно. Оставките и видеото се точно испланирани за да се прати пораката: ако три министри можат да дадат оставка за телефонски разговори за кои уште не е утврдено дали се вeродостојни, тогаш Заев мора да си даде оставка поради објавеното видео. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ма каква случајност.
Јас сум цврсто убеден, дека во околина на Заев, има некој што им кажува на ВМРО што, како и кога ќе биде следен потег на Заев. Па на секоја поинтересна бомба, овие одма за еден саат, исто како денеска, одма и го вадеа фитилот и таа стануваше чадна бомба.
|
||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Вие, Ние, слепци, ѓаволи... ај ве молам без такви лични коментари, да го задржиме нивото на дискусијата. Инаку како што тргнаа вчера со оставките, си реков ќе фати во Македонија криза за министри. Се согласувам со Меси за уделот на амбасадорите во одлуката. Посебно на “портпаролот“ на амбасадорската група. Во нивната политика нема ништо случајно. И се си мислам дека тука има уште нешто позади, некаков договор, некакво пазарење... Можеби е само мој впечаток, не знам... Лично, многу ми смета такво директно и грубо мешање од дипломатски претставници во домашните работи. Од секогаш. Јес да овие нашиве неразумници си заслужуваат вакви шамари, ама и амбасадорите без усул, ко некои шерифи: вие да се вратите во парламентот, вие да ги истражите снимките... Може и листата на оставки ја составиле тие, не знам... А нашиве марионетки аако така слепо и послушно спроведуваат се што ќе им се каже од странците, тогаш зошто ни се влада и министри? Па да се укине владата, да се прогласи протекторат, да го стават Бејли за премиер, германската министерка нека биде за внатрешни работи, англичанецов на местото на Мијалков, италијанецов за транспорт и врски итн... Така и на избори ќе се заштеди и народ нема да се малтретира по митинзи и на гласање. И најсмешното што го прочитав на Твитер (не паметам кој беше авторот): Иван Исцелител за Министер за здравство. |
||
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Според нечии гледања на аналитичарите во нашево опкружување..изгледа дека УСА амбасадорот е всушност невидлив „диригент„ на качациве фаќани па ослободувани кај нас. Сите тие беа и се стални гости у Мала Речица ...а и на Шар Планина..според некои фотографии кои се појавуваа во нашиов или во печатот кај соседите наши. Зборам за (скоро) сите амбасадори кои беа кај нас. |
||
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Месинџер, Зошто да мириса на крв? Зошто мислиш така? Ако дел од народот се чуствува незадоволен и мисли дека оваа тоталитарно диктаторска власт не и е веќе место на пиадесталот, народот не мора да се "закрвува" поради тоа!!!! Твое право е да си сипатизираш една политичка опција, истото право го имаат и другите кои мислат дека сега некој води ѓаволово оро, а се зане кој е коловодецот. Така да најголемото ѓаволско оро се играше последните 9 години на чело со човел кој мисли дека е Путин. Оставките на Јанкуловска, Јанакиевски и Михајлов се виолина на увото на луѓето кои се згрозени од церекањето и иживувањето(аудио снимките) на напоменативе. По 20 и нешто години, досега никогаш не сум присуствувал на политички настани, за прв пат на 17 Мај излегувам но не за да се пролева крв туку едноставно ДОСТА е. Едновремено СДСМ имаше потреба од нов лидер, нова структура за да се спаси СДСМ како политичка партија, јас мислам дека во моментот и ВМРО е на ред да ја промени структурата бидејќи има такви во нив кои длабоко врескаат во нив самите но од стравот не смеат да си го кажат тоа. Читам делба на Македонци имало, па нормално е, не сме еднакви!? Зошто да сме еднакви? па нели демократијата и изборот не прави различни? Каква врска има тоа со Македонштината? Уште ли Македонштината ќе се користи за одредени цели, помина времето на едноумие а ВМРО и некои нивни следбеници би сакале да го вратат тоа едноумие а најтрагично е што ги обвинуваат другите нарекувајќи ги (пази те молам) КОМУЊАРИ!!!! Ако некој речиси насила ме тера да мислам како него, тоа јас го велам дека е забеганост. Бараш поуки од историјата а впрочем ништо не си научил! Во историјата немавме држава ни имавме исто така неистомисленици, имаме и сега но имаме држава. Ако тогаш имало различни идеологии, ги има и сега. Меси, што научи ти од историјата? Дека требало да има едноумие, а ни тогаш немало? Што врпочем ти сакаш, објасни подетално да те разберат луѓето а не само површно кажано!! Само немој те молам Македонштината, сите се Македонци само со различни идеологии. Туку би те прашал, како се чуствуваш кога ги слушаш бившите министри кога говорат за измамитр, прикривање на убиства, несподелување информации до обвинителоѕ или истраѓен судија, местење тендери и скапи автопати и.т.н., сеедно ти е? Не чуствуваш бес дека некој те мами и згора на тоа луд те прави? или како се чуствуваше кога БИВШАТА министерка за внатрешни работи излезе да даде сочуство кон семејствата на загинатите полицајци но се приметување дека одглуми како (паралела само) новопечена вдовица кој швалерот и стои позади нејзе!? Едвај го чекам тој 17 Мај, не дека ќе биде сменета оваа тоталитарна власт (најавува митинг на 18, сите надвор или отказни решенија, секако и семејството да си ги земат)туку да ја покажат желбата за промена а не натерани на сила да излегуваат, ако нешто ти значи ова. Секогаш човекот кога чуствува пранга, човечки е еден ден да крикне и ќе проба да се ослободи, слободниот човек секогаш ќе го води неговата одлука, драг мој Меси. Ма и колку да се трудиш, не ти вреди! Сепак со почит кон тебе, во твоите излагања гледам индивидуа која верува во себе и се залагаш срдечно за тоа. Истото и јас ќе го направам истото на 17 Мај, со сета желба за слобода и правда ќе излезам да дадам подршка но тоа не значи дека во тебе некој гледа непријател, напротив, различноста е многу убава работа бидејќи има за што да се дискутира. Поздрав, |
||
Homo homini lupus est...
|
||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Гоца, Миле и Сашо се луѓе на "фамилијата".. (да не се навредат симпатизерите на ВМРО, како што СДСМ има "фамилија" така и ВМРО, ништо страшно)
Ако не се министри, ќе бидат нешто друго. Нема да одат во завод секој месец да се пријавуваат како четврт Македонија.. За Миле не знам, не би коментирала. Знам од прва рака за татко му и за тоа колку значајна личност беше за Груевски, ама не е тема на разговор.. За Гоца, сепак (сакам да) верувам дека во неа има трошка совест. Мораше некој да понесе морална одговорност, кога веќе за кривична нема основа.. Мијалков и неговиот (официјален) имот од 2+ милиони евра ми даваа за право да се сомневам во неговото често работење.. А тука па вие, што им се секирате ццц Кога ќе дојдете на форумов и ќе направите еден анкетен лист како господинот Чавков (или Мијалков), тогаш може да се делиме на ние и вие.. Кога со плата ќе издржувате семејство и ќе стекнете имот од околу 300.000 евра, може да збориме за ние и вие.. До тогаш сме живи голтари на работ на егзистенцијата.. Изменето од evangeline - 14.Мај.2015 во 03:14 |
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Buggyman, јас реплицирав на коментарот напишан од Орка. Се сложувам со неговото мислење.
Имаш право да не се сложуваш со тоa, но немаш право да коментираш за коментаторот. А тоа го правиш неколку пати во континуитет. До сега не ти забележав, но гледам дека тоа изгледа го сфаќаш како одобрување или како нешто дозволено. Никаде не сум те спомнал, не сум ти ја коментирал личноста и ги читам твоите размислувања со подеднаков интерес како и на сите други членови. Моето евентуално несогласување со нив не гo преточувам и не гo вербализирам како личен гнев упатен кон тебе или анализа на твојата личнот. Затоа, во име на правилата на форумов и прифатеното цивилизирано комуницирање, те замолувам да коментираш за темите, а не за коментаторите. Нема потреба да реплицираш. Изменето од Messenger - 14.Мај.2015 во 06:23 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И што е најубаво од се, не мора на никој да му објаснувам дали на протестот имало 4, 5, 10, 50, 100, 200, 300 000 ....сликите говорат доволно за себе, особено панорамската, кај што може да се види и народот што е на делот од булеварот во правец на Соборниот храм....освен ако и овие не се монтирани, лепени, прелепувани.... и покрај сите притисоци, саботирање на автобускиот превоз и закани, излегоа доволно граѓани на Република Македонија да му кажат ОДИ СИ на малиот диктатор...
|
||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Човечето немало намера да даде оставка и преодна влада.... Народот му кажа.... ОСТАВКА!... имаше преку 500.000 а можеби и 3 милиона, ако не грешам според формулата на човечето... некој инаку ќе рече...Имаш право да не се сложуваш со тоa, но немаш право да коментираш за коментаторот.... Изменето од Buggyman - 17.Мај.2015 во 19:19 |
||
Homo homini lupus est...
|
||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
МЕДИУМИТЕ ВО РЕГИОНОТ „Нешто е гнило“ 40.000 Македонци бараат оставка од премиерот Груевски Медиумите од регионот пишуваат дека вжештената повеќемесечна корупциска афера во Македонија денес кулминирала во огромни протести против владата на Никола Груевски. Нешто е гнило... |
||
Homo homini lupus est...
|
||
Внеси реплика | страница <123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |