Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27413 Датум на принтање: 04.Декември.2024 во 11:47 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Оставки во Владата на Никола ГруевскиПостирано од: Ninja 35
Наслов: Оставки во Владата на Никола Груевски
Датум на внесување: 13.Мај.2015 во 09:02
Сметам дека е несоодветно ваков настан да нема посебна тема..
Мое лично мислење дека ваквиот потег е доказ за сите обвинувања кои ги слушавме во последниов период и е резултат на притисокот од домашниот секојдневен притисок, како и од засилениот надворешен притисок деновиве...
Оставки си поднесоа Јанкуловска, Јанакиевски и Мијалков
Поднесени се оставки од министрите Гордана Јакуловска, Миле Јанакиевски и директорот на УБК Сашо Мијлаков. Премиерот ги прифатил оставките. По предлог на владата за нов мистер за внатрешни работи е предложен Митко Чавков досегашен директор на Јавна Безбедност.
А за министер за транспорт и врски Владо Мисајловски, досегашен директор на JП за државни патишта.
Коментари: Постирано од: fiks
Датум на внесување: 13.Мај.2015 во 09:08
А зошто мислам дека насловот ти е несоодветен?
Не е ли подобро Оставка на Министри во Владата на Никола Груевски???
Колку што знам, Владата не поднесла оставка, туку двајца министри, а денес има избор на нови.
Иначе потегот на Грујо ме изненади, мислам очекував вакво нешто, ама после завршување на судењето на Црпнатиот од Муртино.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 13.Мај.2015 во 09:37
Мене нешто друго ме мачи...ако навистина причини за оставките се она што го постирав во темата Без комантар , тогаш Господ нека им е напомош....отиде цела Влада надоле...за две минути..
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 13.Мај.2015 во 09:50
Сега го читав тоа во Без Коментар.
А кој го тврди она, од кој медиум е?
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 13.Мај.2015 во 09:56
не ми текнува, некој од комуњарските сигурно е...
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 13.Мај.2015 во 10:03
Абе можно е се, ама според мене ептен малку е за верување.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 13.Мај.2015 во 10:07
да, да...шпекулации ќе има милион....
едно знам сигурно...Груевски не се откажува од тројцата најблиски и најверни соработници ни заради проветрување, подмладување или одмарање....знаејќи го Груевски како човек што никогаш не паѓа под притисоци, туку напротив, секој притисок врз него како да му дава нова сила и секогаш победува во тој поглед, мора да е нешто ОГРОМНО што го натерало да постапи вака
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 13.Мај.2015 во 10:26
Абе двајца - тројца луѓе ако имаш структура задржана не се според мене толку битни, тие ако не до него, пак ќе се зад него, мислам на Грујо.
Ама една битка доби СДСМ, сега дали по заслуга или пак намерно повлекување на Грујо за прегрупирање ќе видиме за брзо време.
Се мислам дека Грујо го планирал ова и дека држи конци во раце.
Многу битен момент е ДУИ. Тука има две варијани.
Прва е, ако денес се изгласаат новите министри, тоа ќе е знак дека Црпнатиот од Муртино највероватно ќе оди во затвор, а СДСМ ќе е пред тежок пораз и осакатена за подолго време.
Како резултат на ова Грујо ќе поентира со петарда 5-0 за него и веднаш избори, а на нив СДСМ-Осакатена ќе доживее катаклизма, според мене најголема до тогаш
Втора варијанта, е доколку не се изгласаат министрите нови, и чекајте неизвесности големи.
Многу сум убеден во првата варијанта, и тоа ептен многу.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 13.Мај.2015 во 10:30
Нормално е дека ќе се изгласаат нови министри денеска а ДУИ фискалната за нив ќе им ја испорача уште рано сабајлево, пред седница...оти Грујо е тој што ги научи дека ништо нема џабе....
Е сега, за затворот за Заев, некако не сум баш уверен...оти со оваа постапка Груевски само е даде ветар во едрата и ако до вчера некој се двоумеше дали Заев е на вистинскиот пат, сега на секој во државата му е јасно дека "селанчето од Струмица" , не само што е на правиот пат, туку и дека "наместо да го рони каменот од страните, тој го распука директно во средината"...
Постирано од: Pullo
Датум на внесување: 13.Мај.2015 во 10:37
posakuvano scenario: - razresnica na slucajot PUCH vo koja sto ke doznaeme detali i za opozicijata i nivnata aktivnost (ubeden sum 100000% posto kako sto imaat ovie glupi muabeti kezenje za mrtvi luge i ovie go imaat istoto, plus kriminalcinja po opstini, plus plancinja za pravenje problemi i najbitnoto se somnevam deka imale kontakti so stranski sluzbi ama za zal ova ne sum uveren deka nekogas ke dojde do nasite usi), -zaev osuden zatvor uslovno ne e bitno bitno da go nema veke vo partijata - posle toa ostavnka na gruevski otkako prtehodno ke se dogovori cistenje na izbiracki spisok i drugi raboti koi bi mozele da frlat somnez na rezultatite od izborite - izbori so novi rakovodni strukturi vo dvete najgolemi partii
e sega uz pat ima mnogu bitni raboti na primer dali niz ovoj proces nie kako gragani ke utvrdime deka rakovodnite strukturi vo drzava se najobicni mivki na stranskite ambasadori. vo taov slucaj ne izleguvam na izbori i ne glasam.mislam koja e poentata da glasam koga imas marioneti bez vlijanie na vlast. kako i da e vo slednive 30 dena bi trebalo da se nadzira konecnoto resenie. I treba da go vidime zatoa sto vakva podelenost ne moze edna amerika da izdrzi ne pa nie.
Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 13.Мај.2015 во 20:23
Pullo напиша:

- разрешница ќе има судска, а детали не ме интересираат што опозицијата правела бидејќи ги знаеме што правеле и како правеле...
- зајкото тешко дека ќе добие условна, многу гревови има...
- зошто Грујо да си даде оставка??? сите параметри му се многу подобри отколку во најдоброто комуњарско време...
- избори ќе има кога оние кои имаат најмногу доверба од народот ќе одлучат дали и кога ќе има избори...
Што се однесува за оставките на министрите, на темата Пуч уште одамна реков дека Гоца и Мијалков треба да понесат одговорност... Нивната кривица е огромна... Недозволиво е низ најосетливото министерство да мешетарат разно разни бандити со години... Недозволиво е група на терористи со се оружје да влезе во центарот на Куманово...
------------- "Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Постирано од: laki_bu
Датум на внесување: 13.Мај.2015 во 23:20
Koga ke te napupat vo kjos , najlesno e da si dades ostavka.
Ostavkata ne te stiti od odgovornost za kriminal
------------- Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 13.Мај.2015 во 23:30
Опозиционерииии Многу се опуштивте,та и победа врз режимот прогласувате.. А мене вака искрено ме плашите (не мислејќи само на форумскиве коментари) Ништо ново не не очекува,не гледам позитивна енергија, уште помалце идеи за прогрес и напредок. Се е свртено на омраза и одмазда од двете страни... На страна што ова е далеку од паѓање на влада. Дури и кога ножот во грклан ќе и влезе на свињата таа прета и знае да биде смртоносна...
Постирано од: laki_bu
Датум на внесување: 13.Мај.2015 во 23:34
------------- Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 13.Мај.2015 во 23:59
Орка напиша:
мскиве коментари) Ништо ново не не очекува,не гледам позитивна енергија, уште помалце идеи за прогрес и напредок. Се е свртено на омраза и одмазда од двете страни...
Ова е најстрашното од с'е.
Се чувствува мирис на крв, се слуша збивтаност и повик на тотално уништување…
Луѓево изгубиле сенилност.
Еден по друг се фаќаат во ѓаволовото оро… води оној со едно око, го следат ослепените…
Ништо не сме научиле од историјата.
Страшно!
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 14.Мај.2015 во 00:20
Ајде од историски трагичното македонско делење на Вие и Ние да се вратиме на темата…
… интересно е да се воочи дека оставкиве доаѓаат веднаш по состаноците на претседателот и премиерот со амбасадорите на некои земји.
Тоа не е случајно.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 14.Мај.2015 во 00:30
Не верувам дека амбасадорите имале некаков удел во оставките.
Ова го велам од причина што, тие се најдоа повикани да се состануваат како резултат на тероризмот во Куманово, предходно колку што се сеќавам, немаше такво нешто.
Според мене, оставките се смислено сценарио на Груевски, со цел да ги начека опозиционерите неспремни за било каква реакција, што и се случи и да го отргне вниманието од нив, од една страна, и од друга страна да си збие редовите и да ја наведе опозицијата или барем дел од неа, да помисли дека готово е, Грујо пропадна, се со цел да им намали некаква си можна агреесивност кој би се појавила на 17-ти а и потоа.
Според мене, ги работи како што сака и каде стигне.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 14.Мај.2015 во 00:54
Има уште една интересна коинциденција ( фигуративно кажано бидејќи нe постојат коинциденции ) - видеото на кое Заев бара мито се објавува веднаш по оставките на министрите…
… случајност?
Не верувам ниту 1% дека е случајно. Оставките и видеото се точно испланирани за да се прати пораката: ако три министри можат да дадат оставка за телефонски разговори за кои уште не е утврдено дали се вeродостојни, тогаш Заев мора да си даде оставка поради објавеното видео.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 14.Мај.2015 во 00:57
Ма каква случајност.
Јас сум цврсто убеден, дека во околина на Заев, има некој што им кажува на ВМРО што, како и кога ќе биде следен потег на Заев.
Па на секоја поинтересна бомба, овие одма за еден саат, исто како денеска, одма и го вадеа фитилот и таа стануваше чадна бомба.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 14.Мај.2015 во 00:58
Вие, Ние, слепци, ѓаволи... ај ве молам без такви лични коментари, да го задржиме нивото на дискусијата.
Инаку како што тргнаа вчера со оставките, си реков ќе фати во Македонија криза за министри. Се согласувам со Меси за уделот на амбасадорите во одлуката. Посебно на “портпаролот“ на амбасадорската група. Во нивната политика нема ништо случајно. И се си мислам дека тука има уште нешто позади, некаков договор, некакво пазарење... Можеби е само мој впечаток, не знам...
Лично, многу ми смета такво директно и грубо мешање од дипломатски претставници во домашните работи. Од секогаш. Јес да овие нашиве неразумници си заслужуваат вакви шамари, ама и амбасадорите без усул, ко некои шерифи: вие да се вратите во парламентот, вие да ги истражите снимките... Може и листата на оставки ја составиле тие, не знам...
А нашиве марионетки аако така слепо и послушно спроведуваат се што ќе им се каже од странците, тогаш зошто ни се влада и министри? Па да се укине владата, да се прогласи протекторат, да го стават Бејли за премиер, германската министерка нека биде за внатрешни работи, англичанецов на местото на Мијалков, италијанецов за транспорт и врски итн... Така и на избори ќе се заштеди и народ нема да се малтретира по митинзи и на гласање.
И најсмешното што го прочитав на Твитер (не паметам кој беше авторот): Иван Исцелител за Министер за здравство.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: novace
Датум на внесување: 14.Мај.2015 во 01:30
fiks напиша:
Не верувам дека амбасадорите имале некаков удел во оставките.
Ова го велам од причина што, тие се најдоа повикани да се состануваат како резултат на тероризмот во Куманово, предходно колку што се сеќавам, немаше такво нешто.
Според мене, оставките се смислено сценарио на Груевски, со цел да ги начека опозиционерите неспремни за било каква реакција, што и се случи и да го отргне вниманието од нив, од една страна, и од друга страна да си збие редовите и да ја наведе опозицијата или барем дел од неа, да помисли дека готово е, Грујо пропадна, се со цел да им намали некаква си можна агреесивност кој би се појавила на 17-ти а и потоа.
Според мене, ги работи како што сака и каде стигне.
Според нечии гледања на аналитичарите во нашево опкружување..изгледа дека УСА амбасадорот е всушност невидлив „диригент„ на качациве фаќани па ослободувани кај нас.
Сите тие беа и се стални гости у Мала Речица ...а и на Шар Планина..според некои фотографии кои се појавуваа во нашиов или во печатот кај соседите наши.
Зборам за (скоро) сите амбасадори кои беа кај нас.
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 14.Мај.2015 во 01:30
Messenger напиша:
Орка напиша:
мскиве коментари) Ништо ново не не очекува,не гледам позитивна енергија, уште помалце идеи за прогрес и напредок. Се е свртено на омраза и одмазда од двете страни...
Ова е најстрашното од с'е.
Се чувствува мирис на крв, се слуша збивтаност и повик на тотално уништување…
Луѓево изгубиле сенилност.
Еден по друг се фаќаат во ѓаволовото оро… води оној со едно око, го следат ослепените…
Ништо не сме научиле од историјата.
Страшно!
Месинџер,
Зошто да мириса на крв? Зошто мислиш така? Ако дел од народот се чуствува незадоволен и мисли дека оваа тоталитарно диктаторска власт не и е веќе место на пиадесталот, народот не мора да се "закрвува" поради тоа!!!! Твое право е да си сипатизираш една политичка опција, истото право го имаат и другите кои мислат дека сега некој води ѓаволово оро, а се зане кој е коловодецот. Така да најголемото ѓаволско оро се играше последните 9 години на чело со човел кој мисли дека е Путин.
Оставките на Јанкуловска, Јанакиевски и Михајлов се виолина на увото на луѓето кои се згрозени од церекањето и иживувањето(аудио снимките) на напоменативе. По 20 и нешто години, досега никогаш не сум присуствувал на политички настани, за прв пат на 17 Мај излегувам но не за да се пролева крв туку едноставно ДОСТА е. Едновремено СДСМ имаше потреба од нов лидер, нова структура за да се спаси СДСМ како политичка партија, јас мислам дека во моментот и ВМРО е на ред да ја промени структурата бидејќи има такви во нив кои длабоко врескаат во нив самите но од стравот не смеат да си го кажат тоа.
Читам делба на Македонци имало, па нормално е, не сме еднакви!? Зошто да сме еднакви? па нели демократијата и изборот не прави различни? Каква врска има тоа со Македонштината? Уште ли Македонштината ќе се користи за одредени цели, помина времето на едноумие а ВМРО и некои нивни следбеници би сакале да го вратат тоа едноумие а најтрагично е што ги обвинуваат другите нарекувајќи ги (пази те молам) КОМУЊАРИ!!!!
Ако некој речиси насила ме тера да мислам како него, тоа јас го велам дека е забеганост. Бараш поуки од историјата а впрочем ништо не си научил! Во историјата немавме држава ни имавме исто така неистомисленици, имаме и сега но имаме држава. Ако тогаш имало различни идеологии, ги има и сега. Меси, што научи ти од историјата? Дека требало да има едноумие, а ни тогаш немало? Што врпочем ти сакаш, објасни подетално да те разберат луѓето а не само површно кажано!! Само немој те молам Македонштината, сите се Македонци само со различни идеологии. Туку би те прашал, како се чуствуваш кога ги слушаш бившите министри кога говорат за измамитр, прикривање на убиства, несподелување информации до обвинителоѕ или истраѓен судија, местење тендери и скапи автопати и.т.н., сеедно ти е? Не чуствуваш бес дека некој те мами и згора на тоа луд те прави? или како се чуствуваше кога БИВШАТА министерка за внатрешни работи излезе да даде сочуство кон семејствата на загинатите полицајци но се приметување дека одглуми како (паралела само) новопечена вдовица кој швалерот и стои позади нејзе!?
Едвај го чекам тој 17 Мај, не дека ќе биде сменета оваа тоталитарна власт (најавува митинг на 18, сите надвор или отказни решенија, секако и семејството да си ги земат)туку да ја покажат желбата за промена а не натерани на сила да излегуваат, ако нешто ти значи ова. Секогаш човекот кога чуствува пранга, човечки е еден ден да крикне и ќе проба да се ослободи, слободниот човек секогаш ќе го води неговата одлука, драг мој Меси. Ма и колку да се трудиш, не ти вреди!
Сепак со почит кон тебе, во твоите излагања гледам индивидуа која верува во себе и се залагаш срдечно за тоа. Истото и јас ќе го направам истото на 17 Мај, со сета желба за слобода и правда ќе излезам да дадам подршка но тоа не значи дека во тебе некој гледа непријател, напротив, различноста е многу убава работа бидејќи има за што да се дискутира.
Поздрав,
------------- Homo homini lupus est...
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 14.Мај.2015 во 03:13
Гоца, Миле и Сашо се луѓе на "фамилијата".. (да не се навредат симпатизерите на ВМРО, како што СДСМ има "фамилија" така и ВМРО, ништо страшно)
Ако не се министри, ќе бидат нешто друго. Нема да одат во завод секој месец да се пријавуваат како четврт Македонија..
За Миле не знам, не би коментирала. Знам од прва рака за татко му и за тоа колку значајна личност беше за Груевски, ама не е тема на разговор.. За Гоца, сепак (сакам да) верувам дека во неа има трошка совест. Мораше некој да понесе морална одговорност, кога веќе за кривична нема основа..
Мијалков и неговиот (официјален) имот од 2+ милиони евра ми даваа за право да се сомневам во неговото често работење..
А тука па вие, што им се секирате ццц
Кога ќе дојдете на форумов и ќе направите еден анкетен лист како господинот Чавков (или Мијалков), тогаш може да се делиме на ние и вие.. Кога со плата ќе издржувате семејство и ќе стекнете http://www.dksk.org.mk/imoti_2/detail.php?detail=8148&search=&ime=%D0%9C%D0%B8%D1%82%D0%BA%D0%BE&prezime=%D0%A7%D0%B0%D0%B2%D0%BA%D0%BE%D0%B2&funkcija=&institucija=" rel="nofollow - имот од околу 300.000 евра, може да збориме за ние и вие..
До тогаш сме живи голтари на работ на егзистенцијата..
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 14.Мај.2015 во 06:14
Buggyman, јас реплицирав на коментарот напишан од Орка. Се сложувам со неговото мислење.
Имаш право да не се сложуваш со тоa, но немаш право да коментираш за коментаторот. А тоа го правиш неколку пати во континуитет. До сега не ти забележав, но гледам дека тоа изгледа го сфаќаш како одобрување или каконештодозволено.
Никаде не сум те спомнал, не сум ти ја коментирал личноста и ги читам твоите размислувања со подеднаков интерес како и на сите други членови. Моето евентуално несогласување со нив не гo преточувам и не гo вербализирам како личен гнев упатен кон тебе или анализа на твојата личнот.
Затоа, во име на правилата на форумов и прифатеното цивилизирано комуницирање, те замолувам да коментираш за темите, а не за коментаторите.
Нема потреба да реплицираш.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: novace
Датум на внесување: 17.Мај.2015 во 00:20
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 17.Мај.2015 во 19:05
И што е најубаво од се, не мора на никој да му објаснувам дали на протестот имало 4, 5, 10, 50, 100, 200, 300 000 ....сликите говорат доволно за себе, особено панорамската, кај што може да се види и народот што е на делот од булеварот во правец на Соборниот храм....освен ако и овие не се монтирани, лепени, прелепувани....
и покрај сите притисоци, саботирање на автобускиот превоз и закани, излегоа доволно граѓани на Република Македонија да му кажат ОДИ СИ на малиот диктатор...
Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 17.Мај.2015 во 19:15
Ninja 35 напиша:
И што е најубаво од се, не мора на никој да му објаснувам дали на протестот имало 4, 5, 10, 50, 100, 200, 300 000 ....сликите говорат доволно за себе, особено панорамската, кај што може да се види и народот што е на делот од булеварот во правец на Соборниот храм....освен ако и овие не се монтирани, лепени, прелепувани....
и покрај сите притисоци, саботирање на автобускиот превоз и закани, излегоа доволно граѓани на Република Македонија да му кажат ОДИ СИ на малиот диктатор...
Човечето немало намера да даде оставка и преодна влада....
Народот му кажа.... ОСТАВКА!... имаше преку 500.000 а можеби и 3 милиона, ако не грешам според формулата на човечето... некој инаку ќе рече...Имаш право да не се сложуваш со тоa, но немаш право да коментираш за коментаторот....
------------- Homo homini lupus est...
Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 17.Мај.2015 во 20:32
МЕДИУМИТЕ ВО РЕГИОНОТ „Нешто е гнило“ 40.000 Македонци бараат оставка од премиерот Груевски Медиумите од регионот пишуваат дека вжештената повеќемесечна корупциска афера во Македонија денес кулминирала во огромни протести против владата на Никола Груевски.
http://www.mkd.mk/svet/vesti/neshto-e-gnilo-40000-makedonci-baraat-ostavka-od-premierot-gruevski" rel="nofollow - Нешто е гнило...
------------- Homo homini lupus est...
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 20.Мај.2015 во 19:23
http://sputniknews.com/politics/20150519/1022333436.html#ixzz3ahTbfWq3" rel="nofollow - - Western - Coup - Attempt - Will - Not - Succeed - in - Macedonia
Anti-government protests and a Western attempt to stage a coup in Macedonia will not succeed, as the majority of people are firmly behind current Prime Minister Nikola Gruevski, a political expert specializing in Macedonian politics.
Превод од англиски:
Анти-владините протести и обидот на западот да инсцинираат државен удар во Македонија нема да успее бидејќи мнозинството на луѓето стои цврсто зад сегашниот Премиер Никола Груевски, велат политичките експерти за Македонската политика.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 20.Мај.2015 во 19:39
Македонски Мајдан је упозорење за Србију
http://ruskarec.ru/news/2015/05/19/guskova_makedonski_majdan_je_upozorenje_za_srbiju_40019.html" rel="nofollow - Према њеним речима, у почетку је постојао само захтев за довођењем у ред полиције, а потом је за сва дешавања у земљи прво оптужен премијер, а за њим и цела Влада. Како каже, сада се траже превремени избори. http://ruskarec.ru/news/2015/05/19/guskova_makedonski_majdan_je_upozorenje_za_srbiju_40019.html" rel="nofollow - Она сматра да Албанци такође имају свој задатак. То је, како каже, упозорење целој Србији да се „лепо понаша и буде тиха, као и да Косово прогласи независном државом”.
http://ruskarec.ru/news/2015/05/19/guskova_makedonski_majdan_je_upozorenje_za_srbiju_40019.html" rel="nofollow - „У исто време то је упозорење и Македонији, али и Русији да се не меша. То је позив Европи да обрати пажњу на то да је решење косовског питања занемарено. Због тога Албанци и покушавају да распарчају - и да део територије присвоје Косову. Такођ желе да узму парче земље Црне Горе, као и да припоје себи југ Србије”, сматра Гусева.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 05.Август.2015 во 14:28
И Иво Ивановски си го фати патот....
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!