|
Ситонија - Грција |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Торони
Торони е мало село кое се наоѓа на југозападниот дел на вториот крак од Халкидики, Ситонија, на 17 километри јужно од Неа Мармарас. Во селото живеат помалку од 300 луѓе, додека во пошироката област, Торонеос околу 4.000 жители. Токму затоа, Торони претставува идеална дестинација за летни одмори. Легендата вели дека Торони била жената на Протеј, синот на Посејдон. Веројатно поради таа причина, жителите на Халкидики во 8. век ја основале населбата Торони токму на крајните делови од полуостровот, именувајќи ја според сопругата на „богот на морската непредвидливост“. Во тоа време, местото имало исклучителна стратешка важност во поморските битки, но денес претставува мирно место за уживање и релаксација. Денешните жители се ориентирани кон туризам, риболов и земјоделство. Селото Торони е оддалечено 142 километри од Солун и 222 километри од границата со Македонија, но за нијанса подолгото патување е исплатливо поради прекрасното природно опкружување и нештата што ова место ќе ви ги понуди. Пред Торони се простира една од најубавите плажи на полуостровот Халкидики, со вкупна должина од 2,5 километри. Оваа плажа се одликува со златно-жолт ситен песок и кристално бистра вода. Зад селото се издигаат ридови со благи падини и бујна вегетација. Сето ова, овозможува пријатна атмосфера, чист воздух и пријатно ветре кое повремено ќе ве разлади. Во Торони покрај стандардните погодности на летните одмори во Грција, постојат повеќе организирани спортски активности во кои ќе можете да уживате, како на пример: скијање на вода, спортско рибарење, нуркање, планинарски тури итн. Корисен линк: http://sithoniagreece.com/sithonia/toroni/guide/toroni/ |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Уникатните убавини на Сарти (моја најомилена летна дестинација) Градчето Сарти е подигнато на местото каде што се наоѓал античкиот град со истото име, град кој бил исклучително важен во геополитичката стратегија на древната Грција. Местото било посетено и од персискиот крал Ксеркс за време на неговите епски походи. Денес, остатоците од античката населба можат да се најдат во опкружувањето на Сарти. Околу Сарти се наоѓаат и дел од најраскошните плажи во цела Грција, меѓу кои најпознати се: Златната плажа Сарти, Транос, Аи Николас, Платаници, Аклада, како и уникатната плажа Кавуротрипес. Сарти веќе со години е едно од најпопуларните туристички локации во Грција, главно поради необично складната комбинација на морето и планините, кои се соединуваат токму во ова магично место. Градчето изобилува со бројни кафулиња, ресторани и таверни, кои ќе ги задоволат и најпребирливите вкусови. Можете да се опуштите во некое од тивките кафулиња со убаво кафе или сладолед, но можете да уживате и во интензивниот ноќен живот, во одличните ноќни клубови. Посетата на Сарти не смее да помине без посета на манастирот Ксиропотамос, кој се наоѓа непосредно до градчето, а од оваа локација секојдневно се организираат и бродски ексК*рзии кон планината Атос – искуство што едноставно не смее да се пропушти. Изменето од Valerija - 01.Март.2020 во 09:23 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вреди да се види
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Некои од поубавите плажи на Ситонија Агиос Јоанис Плажата Агиос Јоанис се наоѓа јужно од гратчето Никити и се одликува со мека, песочна површина и чиста вода. Мирното опкружување, должината од преку 700 метри и релативно плитката вода ја прават идеална за семејно уживање. Посетителите ја имаат прогласено за една од најдобрите на Халкидики. Агиа Кириаки Агиа Кириаки е запрепастувачки убава песочна плажа, долга речиси половина километар, со ситна песок, која се наоѓа на неколку километри јужно од Неа Мармарас. Се работи за една од помирните плажи. Лагомандра Лагомандра всушност е спој на две плажи на кои им е доделено „сино знаменце“, што значи дека се официјално прогласени за едни од најчистите и најубавите во Грција. Водата е тиркизно сина, а песокта е исклучително мека. Оваа плажа е организирана, со лежалки и чадори (на северниот дел), но има и помирен дел каде што можете да лежите на песокта. Лагомандра е една од позабавните плажи, со шанкови и организирани водени спортови. Не е идеална за деца, бидејќи водата станува длабока релативно брзо. Плажата се наоѓа на неколку километри северно од Неа Мармарас. Каламици Каламици се наоѓа на петнаесетина километри јужно од Сарти. Плажата е долга околу половина километар и се одликува со ситен и мек псеок. Водата на овој дел од полуостровот е исклучително мирна, што ја прави локацијата идеална за водени спортови, особено за нуркање. Кавуротрипес Оваа симпатична мала плажа е позната под повеќе имиња, меѓу кои и Портокалова плажа. Во овој дел од брегот многу често можете да наидете на мали заливчиња помеѓу карпите, кои неретко кријат прекрасни, рајски плажи. Плажата се наоѓа на десетина минути возење северно од Сарти, но внимавајте на знакот кој посочува кон неа, затоа што многу лесно можете да се изгубите. Тристиника Оваа плажа претставува продолжение на совршениот брег на Торони, со должина од преку 5 километри. Со оглед на тоа што Тристиника е малку поодалечена од околните населени места, таму нема организација и најчесто посетителите се решаваат за кампување со шатори. Трани Амуда Оваа плажа уште се нарекува и Ливрохио и претставува рај за луѓето што сакаат „диви“ плажи, без музика и најчесто без многу посетители. Се наоѓа во близина на Агиос Николаос, на десетина километри од Никити, но на спротивниот брег, со поглед кон Атос. |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бисерот на Ситонија: Погледнете ја најегзотичната плажа во ГрцијаСтанува збор, како што сметаат многумина, за најегзотичната плажа во Грција, а тоа е Тиганија. Ова е дива плажа до која е малку потешко да се дојде, па луѓето ја нарекуваат и Лавиринт плажа. Постојат уште имиња, како Хаваи плажа поради егозотичноста, но и Град на духови. Како и да ја нарекувате, важно е да знаете за каква плажа станува збор. Тиганија се наоѓа меѓу плажите Криарици и Климатариа, а позната е по мекиот и ситен песок со златна боја и чистото море, а сето тоа е надополнето со убави карпи. Се состои од три дела, еден е прилагоден за кампери, а другите два имаат барови и чадори од листови од палма. Иако не е премногу позната, плажата е попосетена од минатите години, кога била вистински сокриен дијамант на Ситонија. Изменето од Valerija - 01.Март.2020 во 11:22 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |