
![]() |
|
Јадења низ светот што мора да се пробаат |
Внеси реплика ![]() |
страница <1234 7> |
Автор | ||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
![]() Том Кха Кај
Слатко-кисела супа со кокосово млеко , габи , домати ,пилешко , џинџифил и лимонена трева |
||||
![]() |
||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Улична храна ширум светот која мора да ја вкуситеВо големите светски метрополи луѓето секогаш се во брзање, а недостатокот на време ги тера да подлегнат под влијанието на нездравата, улична храна која е доста популарна веќе неколку децении. Сепак, доколку сте турист во некоја од овие земји, ова е уличната храна која мора да ја пробате барем еднаш додека престојувате. И покрај тоа што Америка е позната по хамбургерите, пикантно лутиот Хот-Дог е нешто незаменливо. Во највкусните локали е околу 3,5 долари, па затоа не пропуштајте да се почастите со тазе пржена виршла, лут сенф и уште неколку додатоци.
Може да ви дојде како изненадување што најдобриот помфрит не се наоѓа во Франција, но сепак вреди да верувате. Во Брисел ќе имате можност да го вкусите најнеодоливиот помфрит подготвен од посебен вид на компири со неколку сосови послужени во посебни садови. Ќе платите од 2 до 8 евра, во зависност од големината на порцијата и сосовите кои ги сакате, но секое евро ќе вреди.
Овој специјалитет е измислен во Полска. Секоја Запиеканка е долга околу 50 сантиметри и е парче печен леб со шунка, печурки, топено сирење и уште неколку зачини, кечап и мајонез. Всушност, Запиеканката содржи потполно иста комбинација како и пицата, но крцкавото лепче е нешто што го дава препознатливиот вкус. Во Варшава речиси на секој чекор се продава овој домашен специјалитет кој ќе ве чини околу 2 долари.
Кога ќе ожеднете од солената храна, упатете се во Москва и порачајте си една ледено ладна чаша Квас. Квасот е пијалак кој се подготвува од ферментиран темен леб и е подеднакво популарен како и Кока-Колата и Пепси. Можете да го купите за околу 1 долар и е совршен пијалак кој нема да го пронајдете во ниту еден маркет, туку само на штандот кој се подготвува.
Италијанците имаат највкусна храна во светот, а нешто што мора да го пробате е италијанскиот сладолед или како што тие го нарекуваат - џелато. Ќе имате можност да го одберете кој вкус и да го посакате, бидејќи навистина постојат безброј вкусови. Не е чудо ако ова слатко задоволство ве чини околу 10 евра, но нема да зажалите за секое дадено евро. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
![]() |
||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Вкусот на Медитеранот - Подгответе шпански специјалитети по оригинален рецептШпанската е една од најинтересните европски кујни која изобилува со маслинова масло, свеж лук, пиперки, домати, јајца, компир и разни зачини. Пробајте некој од вкусните рецепти за појадок, ручек или вечера.
Излупете ги компирите, исечете ги на кругови, а потоа секој круг на четири дела. Пржете ги во врело масло додека не станат крцкави. Посолете, додајте ги во чинијата со изматени јајца со малку сол. Целата мешавина пропржете ја на маслиново масло. Ова е одлично и како топло и како ладно предјадење.
Јајцата нека бидат тврдо варени и излупени. Одделно подгответе бешамел сос со 50 гр путер и брашно, пржете многу кратко. Додадете ладно млеко и зачин, па варете го сето тоа и постојано мешајте околу 5 минути, додека сосот не се згусне. Додајте малку лимонов сок, бибер и слатка павлака. Во посебен сад на останатиот растопен путер кратко пропржете го оризот. Додадете му околу 3 децилитри вода, малку посолете и оставете го да се зготви. Потоа ставете го во огноотпорен сад, врз него наредете ги тврдо сварените јајца пресечени на пола и сето тоа прелијте го со бешамел сосот.
Пропржете го пилешкото месо на маслиново масло во голем и длабок сад. Додајте го грашокот и пржете неколку минути. Потоа додајте го лукот, пиперката исечкана на коцки и доматите. Измешајте добро и додајте ја пилешката супа. Оставете го сето тоа да се вари околу 15 минути. Додајте го оризот, сол и бибер и мешајте со дрвена лажица. Додајте ги шафранот, ракчињата, школките и гравот. Мешајте додека не се впие супата. Мора да се вари на слаб оган најмалку 15 минути. Пред сервирање оставете го да отстои неколку минути.
Од маслото и брашното направете мала запршка. Оставете ја да се излади. Додајте ладна вода, полека мешајте и оставете ја да поврие. Додајте го доматното пире, посолете по вкус. Додајте го јогуртот, добро изладете ја во фрижидер. Во посебни чинии подгответе кромид, тврдо варено јајце, бабура, шунка, краставица, лутите пиперчиња и пржениот леб. Чорбата послужете ја ладна, а секој од гостите според вкусот ќе ја посипе во чиничето што ќе го одбере.
Густинот помешајте го со малку млеко, остатокот ставете го да се вари, па додајте ги стапчињата ванила и цимет. Жолчките и 60 гр шеќер изматете ги со жица. Од млекото извадете ја ванилата и циметот мешајќи полека додавајте го свареното млеко о изматените жолчки. Садот ставете го на пареа, додадете го разматениот густин и мешајте додека сето тоа не се згусне. Сипете го во мали чинии и оставете ги во фрижидер 3-4 часа. На остатокот од шеќерот додадете пола лажица вода, за да се стопи и да добиете убава карамел боја. Тенок слој од врелата карамела сипете ја преку површината на кремот во чиниите и оставете ги уште половина час да се изладат. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
![]() |
||||
evangeline ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
![]() ![]() Говедско филе во сос од брусница или џем и кнедли од леб ![]() Овој чешки колач внатре се полни со афион, овошни џемови, ореви или слатко сирење. ![]() Овој вкусен сендвич е со колбас, кечап и сенф. ![]() Супа со компири, шумски печурки, павлака, копар, гарнирана со варени јајца. ![]() Во Прага не можете да погрешите во изборот на торта, но оваа е една од најубавите торти со мед и ореви.
|
||||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||||
![]() |
||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Што вкусно би јаделе во Полска: Осчипек, кишка зјемњачана и пирог билгорајски![]() Последниве десетина години, особено по приемот на Полска во ЕУ во 2004 година, дојде до преродба на полската традиционална кујна. Пред зачленувањето во ЕУ постоеше стравување дека може да дојде до исчезнување на полската кујна, но наместо тоа се случи обратен процес, пред се благодарејќи на заштитата на традиционалните регионални деликатеси со европското законодавство, што доведе до возобновување на традиционалните методи на приготвување на храната. Полската кујна изобилува со извонредни јадења и традиционални деликатеси. Веројатно најпознат меѓу нив е чаденото овчо сирење oscypek, но и kiszka ziemniaczana – специјалитет од компири со сланина што наликува на колбас, piróg biłgorajski – погача од компири и гриз со бело солено сирење, żurawinówka – водка од брусница со 32 проценти алкохол, како и извонредниот џем од сливи од реонот на Лублин. Неодминлив деликатес од полската кујна се различните видови житарки – kasza, а неизбежна е и медовината, која е еден од најстарите пијалаци во човековата историја. Со климатските промените се повеќе се развиваат услови за одгледување на квалитени сорти на грозје во Подкарпатјето, Јасло и Долна Шлезија, што создава можност за производство на полско вино со повисок квалитет. Традиционалната полска кујна содржи различни комбинации како месо со сушено овошје, печурки со житарки, закиселени чорби со лути колбаси или домашен џем со кисели краставички. Кога сте во Полска избегнувајте пицерии или ресторани од Далечниот Исток, бидејќи локалниот начин на живот најдобро ќе можете да го почувствувате преку храната приготвена на традиционален полски начин. Related PostsИзменето од Valerija - 09.Септември.2014 во 22:17 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
![]() |
||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Што да јадете додека патувате по светот?![]() На патувањата секогаш чувствувате притисок што е можно подобро да ги искористите тие денови за стекнување на повеќе искуства. Важен фактор за впечатокот, што ќе го добиете за земјата домаќин е храната. Следуваат некои специјалитети, кои треба да ги пробате на дестинациите, кои ги посетувате. Берлин Доколку сте голем љубител на месото, можеби ќе помислите дека треба да навалите на германските шницли. Меѓутоа вистински специјалитет на оваа земја е швајнбратен, вид на прасечко печење со кнедли, кои се јадат со голема кригла пиво. Еден од рестораните, кои служат одличен швајнбратен е Клерхенс Балхаус. Истанбул Комбинацијата од бои, глетки и звуци во Истанбул одлично се согласува со експлозијата на вкусови, кои ги носи турската храна. Имајќи предвид дека Турција имала големо влијание врз кујната на Македонија, тешко е да се оцени кое јадење е најрепрезентативно. Задолжително пробајте го турскиот локум, кој речиси и нема никаква сличност со оние што можете да го пробате во Македонија и може да се најде во многу различни егзотични вкусови. Сите варијатни на ќебапи, а ги има многу, извонредни се и заслужуваат да ги пробате. На крај испијте и филџан турско кафе. Сиетл Сиетл стана гастрономска Мека на САД. Препознатливи за овој град се мошне необичните крофни, а нејнеобични се секако оние со сланина и јаворов сируп. Најдобрите можете да ги најдете во кафтеријата The Daily Dozen во улицата Пајк, но подобро би било да пораните, бидејќи брзо се трошат. Дубаи Дубаи станува се попримамлива гастрономска дестинација, благодарение на мноштвото различни кујни, кои можат да се пронајдат. Задолжително треба да ги пробате либанските, арапските и иранските специјалитети, а на врвот е Гузи, јадење од јагнешко и ориз, сервирано со хумус и зеленчук. Амстердам Свежите производи на Холандија, а особено во Амстердам, ви обезбедуваат добар оброк. Патката, тука е навистина спектакуларна и морате да ја пробате во комбинација со свежи салати. Токио Во Токио најпрво со брз воз заминете до Јокохама, каде се служи свеж сашимо појадок со штотуку уловени плодови од морето. Токио стана се поамериканизиран, така што би требало да го прескокнете сушито, доколку сакате да ги пробате вистинските специјалитети. Подобар избор е рамен, а Ен ин Хачиоји го служи веројатно најдобриот. Ханој Најдобар оброк, кој можете да го добиете во Виетнам е Пхо (се изговара фу). Тоа е бистра супа со мирисни зачини и тестетина, која се служи со пикатни свински ќофтиња Бун Ча. Иако фу можете да го најдете на секој ќош, особено добар е оној во Пхо 10, кој се наоѓа аголот на улицата Чан Кам. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
![]() |
||||
evangeline ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Пет специјалитети што треба да ги пробате во Рим!!!
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||||
![]() |
||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
|
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
![]() |
||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Клафути: Едноставноста на француската кујна во вкусен десертШто е фантастичното во десертот како Клафути? Сите состојки се подготвуваат во еден сад, брзо се пече и толку е разновиден што можете да го приготвите со било кое овошје (свежо или замрзнато). ![]() Оригиналниот рецепт на Клафути бара да употребите цреши, но ако не можете да ги пронајдете во супер-маркетите или на пазар, слободно употребете во десертот што ќе посакате. Грозје, вишни, малини, сливи....
Подготовка:
|
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
![]() |
||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
ТРАДИЦИОНАЛНИ ИНДИСКИ ЛЕПЧИЊА![]() Многу вкусни, традиционални лепчиња …
– Во друг сад помешајте ги млекото, павлаката, маслиновото масло и јајцето. Потоа во него префрлете го миксот со брашното и заедно измешајте ги убаво, додека не добиете тесто. Со миксер за тесто, промешајте го тестото барем уште три минути. – Потоа извадете го тестото од садот и ставете го на набрашнета работна површина. Исчистете го садот убаво, намачкајте го со путер и вратете го тестото назад. Оставете го да стаса 30 минути. – Загрејте ја рерната на 250 целзиусови степени. – Откако тестото ќе стаса, поделете го на 12 еднакви парчиња и покријте ги со крпа или со целофанска фолија. Земете неколку, растегнете ги во еднаква должина и ширина и ставете ги во тавче намачкано со путер. Вака приготвените лепчиња во тавата, ставете ги да се печат барем 10-тина минути, додека не заруменат малку, но притоа проверувајте каква е состојбата бидејќи секоја рерна е различна. – Откако индиските лепчиња, традиционално наречени „наан“ ќе се испечат, можете да ги намачкате со сос од лук, магдонос и путер. Стопете 100 грама путер на оган и во него додадете 2 истолчени чешниња лук. Додека е сосот топол, намачкајте си на индиското лепче и одозгора посолете малку сечкан магданос. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
![]() |
||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
![]() НАТИАС – ШПАНСКИ МЛЕЧЕН КРЕМ
Изменето од Valerija - 12.Август.2015 во 18:56 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
![]() |
||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
WRAPS- МЕКСИКАНСКИ СПЕЦИЈАЛИТЕТ
![]() Ова е уште еден од многуте мексикански специјалитети кои напросто ги обожаваме. Станува збор за wraps ролнички, мексикански сендвич направен од тортиљи филувани со свежа салата, сирење, пилешко месо… Свежото пилешко бело месо исецкајте го на тенки ленти, и маринирајте го во маслиново масло, малку сол и на врвот од лажицата мелено чили. Оставете го во оваа смеса 10-на минути. Потоа пропржете го во тефлонска тава без да додадете масло за јадење , се додека не поруменат. Еден врзоп ротквици исецкајте ги на коцки и ставете ги кај свежото сирење, посолете, ставете бибер и ставете го лукот ситно искецкан. Измијте ја марулата, исецкајте ја, црвената пиперка исецкајте ја на долги, тенки ленти. Тортиљата премачкајте ја со смесата од свежото сирење, потоа ставете го прженото месо, пиперката и на крајот салатата. Замотајте ги во ролни, пресечете и послужете. Потребни состојки: 4 тортиљи 200 гр свежо сирење 1 чешне лук 1 врзоп ротквица 300 гр пилешко бело месо малку чили 3-4 лажици маслиново масло листови марула 1 црвена пиперка |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
![]() |
||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
ПЕСТО![]() Состојки: 1/4 чаша борови јатки (за замена може и некое друго јаткасто овошје, на пр.Ореви) 1 чешне лук 3 чаши свеж босилек 1/4 чаша рендан пармезан 1 лажица сок од лимон 1/4 чаша маслиново масло Сол и бибер Подготовка: Тостирајте ги боровите јатки на суво во тавче се дур не добијат златно кафеава боја (мешајќи често), за време од 3 минути. Во блендер исецкајте ги јатките и лукот, додадете ги босилекот, пармезан и сокот од лимон и блендирајте се додека не добиете ситна каша. Пополека додавајте го маслиново масло и продолжете со блендирање се додека не добиете мазна и ситна каша, на крајот додадете сол и бибер по желба. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
![]() |
||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
ШВАЈЦАРСКИ ТАРТ СО ШУНКА И КАШКАВАЛ![]() Потребни состојки: 300 гр. брашно 100 гр. путер 150 мл. вода 20 гр. путер 150 гр. шунка 1 главица кромид 200 гр. домати 200 гр. кашкавал 1 јајце 250 мл. млеко 10 гр. брашно Морско оревче Копар Сол и црн пипер Припрема: Исецкајте ги кашкавалот и шунката на ситни коцки. Ситно исецкајте го копарот. Во посебен сад ставете го брашното (300 гр), водата и путерот (100 гр), додадете една лажичка сол и замесете го тестото. Оставете го да отстои 15 минути прекриено со фолија, а потоа расукајте кора во дебелина од околу 3 мм. Исечете ја кората на кругови кои одговараат на големината на вашите калапи за тарт, кои претходно сте ги намачкале со путер. Излупете ги доматите и исецкајте ги на коцки. Загрејте го путерот (20 гр) во тавче на оган, па додајте го ситно исецканиот кромид и оставете го да се пропрж со повремено мешање. Потоа тргнете ја тавата од оган и исцедете го вишокот на маснотија. Во посебен сад додајте ја шунката, кашкавалот, пржениот кромид, доматите и копарот. Наросете сол и црн пипер. Промешајте ја смесата и додадете ја врз тестото во калапите за тарт. Во посебен сад измешајте ги јајцето, млекото и ренданото морско оревче. Со оваа смеса прелијте ги тартовите и ставете ги во рерна да се печат околу половина час на температура од 220 степени целзиусови. Откако ќе се испечат, наредете ги во чинија за сервирање и послужете ги со павлака. Добар апетит! |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1234 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |