|
Пудинг,сутлијаш и разни чоколадни и овошни кремови |
Внеси реплика | страница <1234 13> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Крем од тикваПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Крем од тиква ПОДГОТОВКА:Тиквата се вари, потоа се пасира и се посипува со шеќерот и се додаваат се мелените ореви.Потоа се додава млекото, па се меша со тиквата. Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:59 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пудинг од лимонПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Татковината на лимонот е Азија. Таму се култивирал
пред 2.500 години. Во 12 век Арапите го однеле во Шпанија и Африка.
Според кажувањата на шпанскиот историчар Лас Казас, Кристофер Колумбо
донел семки од лимон од Канарските острови по враќањето од своето долго
патување. ПОДГОТОВКА:Се мати путерот со шеќерот, сокот и кората од лимон се додека масата нестане воедначена и пенаста. Потоа се додава една по една жолчка и по секоја се мати, а на крајот снег од белките. Кремот се истура во подмачкан калап за пудинг и се вари на пареа во рерна околи 40 минути на 180 степени. Кога ќе се подолади се превртува во чинија во која се служи. Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:52 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пудинг од ориз и чоколадаПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Пудинг од ориз и чоколада ПОДГОТОВКА:
Во тенџере се сипа млекото и шеќерот и кога ќе проврие се додава оризот.
Се вари на тивок оган додека оризот го впие млекото. Потоа се тргнува од оган и веднаш се додава путерот (се одделува само едно грутче) и рендана кора од лимон и ванилин шеќер. Кога оризот ќе се подолади се додава изматениот шлаг( од слатка павлака) или пак приготвена шлаг пена од кесичка. Калапот за куглов се подмачкува со путер. И во него се става масата со оризот. Неколку часа се чува во фрижидер. Ладниот пудинг се превртува на чинија во која ќе се служи, се прелива со растопена чоколада, се враќа во фрижидер да се стегне чоколадата и се служи. Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:52 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пудинг од оревиПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Пудинг од ореви ПОДГОТОВКА:
Маргаринот и шеќерот изматете го пенасто, додајте ги
жолчките, со постојано матење. По десетина минути вмешајте ги мелените
ореви. На крај лесно вмешајте го снегот од белките.
Смесата истурете ја во соодветен калап, или повеќе помали, кои предходно сте ги намачкале со маргарин и посипете со шеќер. Пудингот печете го еден час во водена купка. Пудингот извадете го од калапот, посипете го со шеќер во прав, и послужете. Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:52 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пудинг од гризПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Пудинг од гриз ПОДГОТОВКА:
Млекото со шеќерот, ванилниот шеќер и малку сол
ставете го да зоврие. Потоа мешајќи додајте го гризот и варете го да се
олади. Потоа вмешајте ги омекнатиот маргарин, жолчките и снегот од
белките.
Калапот намачкајте го со маргарин и посипете со шеќер и истурете ја смесата. Калапот со пудинг ставете го во водена купка (во поголем сад со вода) и печете во рерна загреана на 125 степени 30-40 минути. Пудингот, откако малку ќе се излади, превртете го на чинија за служење и украсете со овошен сос од малини или јагоди, малку разредени во вода, нека зоврие и на тој начин добивате овошен прелив. Ако немате специјален калап пудингот можете да го направите и во друг сад, огноотпорен или метален. Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:53 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бразилски пудингПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Вреди да се проба ПОДГОТОВКА:
Ставете го млекото да се загрее на слаб оган, додадете инстант кафе
и почекајте да се растопи. Промешајте и додадете го ликерот од кафе. Во сад изматете 8 жолчки со шеќер. Во друг сад изматете снег од 4 белки (со малку сол). Полека додадете го снегот од белки кај жолчките и полека соединете ги со жица. Наросете со какао и постепено непрестајно мешајте, додадете го подготвеното млеко со кафе. Префрлете го кремот во тефлонски куглов калап (од 7 дл.), кој претходно сте го намачкале со путер. Гответе на пареа во рерна барем 60 минути на 180 степени. Кога ќе се олади префрлете го во фрижидер да се зацврсти. Матете ја павлаката со шеќерот во прав додека да добиете густа смеса. Изрендајте го чоколадото на крупно така што да добиете лушпи. Ладниот пудинг украсете го со павлаката (претходно ставена во готварски шприц), лушпите чоколадо и зрна кафе. Послужете веднаш. Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:53 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Крем од ананасПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Крем од ананас ПОДГОТОВКА:Прашакот за пудинг се меша со шеќерот, со додаваат 6 лажици ладно млеко и се става да проврие и се додабва подингот. Се меша на оган, додека да се свари кремот. Се префрла во стаклена чинија и неколку пати се промешува.Ананасот се цеди и 3-4 тркалца се сечкаат во ситни коцкички, а неколку се ставаат за украсување. Сечените парчиња ананас се мешаат со ладениот крем и се меша. Со кремот се полнат 4-6 чаши врз секој се става спирално метана слатка павлака (изматена со ванилниот шеќер) и половина тркалце ананас. Може да се украси и со струганици од чоколада, некое зашеќерено црвено овошје, резанка портокал, киви и сл. Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:53 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Десерт со јагоди и пудингПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Јагодата се развива во ширина , боја , вкус, форма, степен на плодност, сезона на берење,склоноста на болест и според составот на растението.Некои се разликуваат во зеленилото а некои материјално , во однос на развојот на нивните полови органи. Во повеќето случаи ,цветовите се појавуваат како хермафродитски во структурата но функционираат и како машко и како женско. За трговски цели ,овие растенија се одгледуваат како ќилим и воглавно се распоредуваат по чисти корени или мешавини.Одгледувањето се прави на два начина: низ цела година под фолија , или пак повеќегодишен систем со постелени филцови или пак со тумби.Исто така се произведува мала количина на јагоди во стаклени градини и кога не им е сезона. ПОДГОТОВКА:
Десертот се сервира во чаши од 250
милилитри така што на дното од чашите се ставаат по два реда
сечкани јагоди. Потоа се прави пудингот од ванила со 500
милилитри млеко и со 3 лажици шеќер. Кога е оладен, се става
врз јагодите. Потоа пак се става еден ред јагоди, па пудингот
од чоколадо, а на крај се става шлаг. Озгора се декорира со
јагоди.
Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:53 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Парфе од лешникПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Парфе од лешник ПОДГОТОВКА:
Ја матиме павлаката со миксер. Откако шлагот ќе ја добие потребната густина го исклучуваме миксерот.
Ги кршиме јајцата и ги двоиме белките од жолчките. Во садот со жолчките додаваме 4 лажици шеќер и матиме со миксер додека шеќерот не се растопи. Со миксер ги матиме белките и додаваме 4 лажички шеќер. Во садот со изматената павлака ги додаваме изматените белки, а потоа и изматените жолчки. Потоа додаваме 200 грама мелени лешници. Мешаме со лажица додека состојките не се соединат. Добиеното парфе го ставаме во готварски шприц. Со помош на готварскиот шприц парфето од лешник го украсуваме со чоколаден крем. Одозгора наросуваме мелени лешници. Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:54 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Крем со румПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Крем со рум ПОДГОТОВКА:
Млекото и дел од шеќерот се варат. Се остава малку
да се подолади и се додаваат матените жолчки со нишестето. Се става на
тивок оган и со непрекинато мешање се вари крем.
Одделно, 4 белки се матат во цврст снег со остатокот од шеќерот. Во кремот од жолчките, се додава 70 грама рум и белките, и се мешаат. Во чаши се става по една лажица џем, се дополнуваат со кремот. Се остава кремот добро да се олади. Потоа во средината се капнува малку рум. Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:54 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сутлијаш со сезонско овошјеПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Сутлијаш се приготвува со варењето на ориз во млеко
со додатоци: шеќер, дарчин, ванилин екстракт или шеќер а може да биде
украсен со рендано чоколадо или овошје. Се служи топол или ладен во
порции (чинии). ПОДГОТОВКА:
Оризот се мие, се чисти, се става да се вари во млеко на умерена температура со постојано мешање.
Сувото грозје се мие и се остава во млака вода да омекне. Кога оризот е полусварен, се додава омекнатото суво грозје и се вари уште 5 минути. Се става шеќерот и се остава малку да се олади. На крај се додава сечкано сезонско овошје. Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:54 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Посен сутлијашПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Посен сутлијаш ПОДГОТОВКА:
Се вари оризот додека да омекне, потоа се цеди водата, се додава шеќерот и одделно се рендаат јаболките.
Потоа се заедно се соединува и на крај се додава цимет. Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:54 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Крем карамел со слатка павлакаСостојки
ПодготовкаКрем карамел е еден од десертите на моето детство. По рецептот на мајка ми поинаку се правеше. Вака јас го правам. Направете карамел “на суво“ од 100 гр шеќер и распоредете го на дното на 6 рамекини или во еден голем калап. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мус од бела чоколада и црвено овошје
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Внеси реплика | страница <1234 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |