IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Турска кујна и рецепти од турската кујна
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Турска кујна и рецепти од турската кујна

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 7>
Автор
Порака
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 23:40

Tурски капи



Tемно тесто:
  • 2 jајца
  • 2 лажици шеќер
  • 2 шолји млако млеко
  • 1 мала лажица квасец
  • 2 филџана масло
  • 1 лажица какао

Со миксерот треба убаво да се изматат и се додава брашно по потреба за да се замеси...потоа се остава 30 минути да отстои.


Светло тесто:
  • 2 лажици шеќер
  • 2 филџана млако млеко
  • 1 мала лажица квасец
  • 2 филџана масло
  • 100гр кокосово брашно
  • 2 јајца

Со миксерот се матат и се додава брашно по потреба, и се остава 30 минути да отстои . Додека тестото се одмара 700 гр шеќер кувајте со 250 гр вода и оладете го шербетот . Кога тестото ке надојде, обликувајте го тестото во вид на прачки, еден бел и еден црн, и завиткајте ги еден околу друг, завиткајте ги во круг и наредете ги во тепсија. Оставете ги 10 минути да надојдат/пораснат. Печете ги во загреана рерна околу 15 минути. Жешките капи прелијте ги со ладен шербет и верувајте, ке уживате во вкусот. 
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 23:41

Султански пилав


  

За ова вкусно јадење потребни ви се:

300г мелено месо 
80г кромид
2 лажици маргарин
50 мл пасирани домати
1 лажица мајчина душица
бибер
2 лажици вегета



За пилавот потребни ви се:


200 грама (басмати) ориз
600 мл топла вода
250 грама маргарин
2 лажици вегета



И на крај потребни ви се 4 лажици изрендано сирење, е сега може да биде по желба...





Подготвување:


На загреаниот маргарин, испржете го исечениот кромид, додајте го меленото месо, па едно 15 минути мешајте, значи кромидот и меленото месо убаво да се стопат еден во друг...потоа ке додадете мајчина душичка, бибер, вегета, кечап/пире и мешајте уште 10 минути.


Измиениот ориз, кратко испржете го на загреаниот маргарин, додајте вегета, полијте го со вода и на тивок оган нека се вари 5 минути.(една напомена: после кувањето, покриен, оризот ке го оставите да одстои уште 5 минути, се со цел пилавот да биде повкусен)


После тоа со оризот измешајте го и грашокот и така покриено, кувајте уште 5 минути.
Кога ке биде готово, оризот и грашокот ставете ги на голем топол тањир, врз нив распоредете го меленото месо, и врз сето тоа посипајте изрендано сирење.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 23:43

Мантии

  
Тесто за кора:

кг. Брашно
12 Литар млака вода
лажичка сол

За полнење:

1.Кг. мелено телешко месо
4. главички иситнето лукче, сол, црн бибер, јогурт
250 гр. путер

Припрема:

Брашното, млаката вода и солот да се имешаат во глатко тесто, во форма на топка, и да се остави да постои половина час.
Тестото подоцна да се премеси уште еднашка, и да се остави еден час да одстои за да надојде.
За тоа време да се направи смесата за полнење:Да се измешаат добро меленото месо, лукчето, солта и биберот. Откако тестото нараснало треба да се подели во три дела во форма на топки. Секоја топка да се развлече во голема тенка кора и да се прелие со истопениот путер. Корите да се ставаат една врз друга и да се полнат.

Полнење:
Ивиците од корите да се полнат со смесата од месо, лук, црн пипер и сол. Потоа кората да се свитка во ролна .Ролната да се исецка на мали делчиња во големина од 2 см. Тие ситни делови наполнети со смесата да се свиткаат од двете страни така што секое парче да биде добро затворено.
Да се наредат во подмачкан плех .Мантиите да се попрскаат со масло и да се стават да се печат во загреана рерна(на температура од 250 степени) додека не поруменат. Откако ќе поруменат температурата се намалува и понатаму ги оставаме додека не станат крцкави, ги прелеваме со јогурт ги враќаме во релната и ги печеме уште десетина минути.
Мантиите можат да се служат и со јогурт.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 23:44
Долма со пиперки

Потребни се:

1 кг свежи пиперки, 45 дкг мелено месо, 30 дкг компир, 10 дкг кромид, 1 јајце, 2,5 дл павлака.

Подготвување: Пиперките измијте ги и исчистете ги од семенките. Потоа, кромидот, морковот, месото, компирот (се ситно исечено) и јајцето зачинете ги со вегета и добро измешајте. Со ова смеса наполнете ги пиперките. Наредете ги во длабока тепсија, сипајте млака вода и со масло, па печете ги 35 минути. Пред да ги ставите на софра, секоја пиперка намачкајте ја со павлака.

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 23:46
Пилешко со сос од урми
 
Состојки:
- 1.5 кг пилешко
- 1 лажичка кари
- сол, бибер
- 40 мл масло
- 1 главичка црвен кромид
- 2 зелени пиперки
- 1/4 л инстант супа

- 200 гр ориз
- 15 парчиња урми
- 1 чаша јогурт
- 1 лажичка густин
- 3 лажици излупени и пржени бадеми


Подготвување:
Очистете го пилето, измијте го и исечете го на помали парчиња. Настрана оставете ги батаците и крилцата, а од остатокот отстранете ги коските. Посолете го месото, побиберете и врз нив сипајте кари.

Во тавата загрејте го маслото и ставете ги парчињата на пилето да се пржат додека не поруменат од сите страни. Очистете го кромидот, исечкајте го, па додадете го на пилешкото за и оно да се продинста на тивок оган.

Пиперките исчистете ги и исечете ги на тенки траки. Додадете ја на пилешкото и половина час кувајте на умерен огон.

Готовото пилешко извадете го од тавата и оставете го на топло место. Исцедете ја супата во која пилешкото се кувало, а густинот изматете го со малку вода, па додадете го во супата мешајќи, оставете неколку моменти да врие додека не згусне.

Исчистете ги урмите од коските и поделете ги на половинки, спуштете ги во сосот и во сето измешајте го и јогуртот. За подобар вкус можете уште малку да го зачините со кари и сол..

Сосот добро ќе го загреете но не дозволете да зоврие. Оризот кувајте го во солена вода и исцедете го. Потоа ставете го во садот со кој ќе го послужите јадењето, по него распоредете го месото и врз се сипајте го сосот.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
BIBI_G_3 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 21.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2372
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BIBI_G_3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 23:47
На мантиине им се спремам одамна...не знам зошто ама мислам дека и не се баш така едноставни за подготовка како што изгледа
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 23:48
Ситен ќебап

 

Состојци за четри особи: 

60 дкг јунешко или говедско месо, 20 дкг мало, 2 дкр сол, неколку зрна бибер, малку црвен пипер, 12 дкг црвен кромид, бел лук, магдонос, малку оцет и кувани домати.


Начин на подготвување

Mесото се сече на коцки, потоа ќе се исечка црвениот кромид и белиот лук, потоа магдоносот, се посолува и на се се додава биберот. Сето тоа заедно со месото ќе го ставите на маслото и се динста се додека не зоврие водата која месото и зеленчуците ќе ја пуштат при динстањето. Потоа се продолжува со кување на тивок оган и се додава малку оцет (или од куваните домати) и црвениот пипер. Треба да се внимава да не загори. Кога ќебапот ќе биде готов, се полева со водата и се остава да прокуваПри сервирањето се отсранува вишокот на маста и ќебапот се сервира со сопствениот сос
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 23:50
Маклуба ( буквално значи ,, обрнато``) – тепсија преку тенџере, па се обрне
 
Состојки

1 кг ориз

1,5 кг пилешко месо 

1 кг карфиол пржен

Пржени компири исечени на кругови

Пржени модри патлиџани исечени на кругови

Сол, бибер, коцки за супа, ѓумбир, цимет, ловоров лист, кари, морското оревче, рузмариниот, босилекот, копар,

Оризот се посипува со врела вода да стои 10 минути, потоа се процедува, се мие со ладна вода , и го оставаме во сад на страна.

Во тенџере го ставаме пилешкото месо, се полива со вода, се додаваат зачини, и сето тоа заедно се вари 30 минути. Го вадиме пилешкото месо и го пропржуваме да добие убава црвена боја, а супата во која што се варело пилешкото месо со зачини, се остава на страна.

На дното на тенџере се реди најпрво пропрженото пилешко месо, потоа пржениот зеленчук, ред компири, ред модар патлиџан, ред карфиол, и одозгора процедениот ориз . Сето тоа се полева со супата во која се варело пилешкото месо, во количина 2:1 ( вода- ориз).

Кога ке почне да врие се намалува оганот на најмала температурата и кога се исуши до
крајот тогаш е готово. Не се меша во текот на готвењето, и суштината на оваа јадење е да готовото јадење се обрне од тенџерето на тепсија, и да остане како на слика... тогаш успеало... како декор се додаваат пржени бадеми. 

Се служи со кисело млеко, јогурт или салата од домати, краствици, лимон, и магданос.

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 23:52
Гатаиф - полнети арапски палчинки
 
 Овие палачинки се прават во различни големини. Малите се полнат со крем гарниран со ф'стаци, а средните и големите се полнат со ореви и слатко сирење.


Палачинка тесто ( тестото е многу едноставно)


3/4 лажичка сув квасец


1 1/2 чаши топла вода


1 лажичка шеќер


1 1/2 шолји брашно


Малку сол


За полнење


1 чаша сецкани ореви


4 супени лажици шеќер


1 лажичка цимет


Шербет :


1.250 кило шеќер


1.250 литри вода


Неколку капки вода од цвет


Неколку капки лимон


1 ванила


Метод



Да се ​​направи тесто, се помешува квасец со малку шеќер и се става во ¼ чаша топла вода . Се промешува за да се раствори. Брашно , топлата вода, солта и квасецот се ставаат во блендер и се матат.




.

Смесата се става во еден сад и се покрива со кујнска крпа и така се оставаат еден час на топло место . Смесата се сипува во еден бокал .

Потоа се загрева тавата на средна топлина, со неколку капки масло, и кога е добро загреана , се сипува од тестото, ( од бокалот) , со брзи кружни движења. Ако тестото е густо додајте неколку лажици вода.

Ке почнат меури да се формираат на врвот. Се пржат само од една страна. Се стават на чиста крпа за да се изладат.



Се полнат така што се факаат краевите на палачинката од долниот дел и се залепат до половина. Тестото е лепливо , се полнат , и така се залепат, така да се добива формира месечина.

 

Полнети палачинки се печат во фурна на умерена температура 180 ° 10-15 мин. Полиени со малку масло или путер. Се печат од двете страни.


Додека се уште жешки, полнети палачинки, се преливаат со шербет во кој е додаден вода од цвет. Се служат топли .

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 23:56
Султановото задоволство
 

500 гр, телешко без коски
  • 1 главичка црвен кромид
  • 1 црвена пиперка
  • 2 парчиња бел лук
  • 1 лута пиперка

Зачини:

Вегета, бибер, кумин, тумерик, црвен пипер.



За пире од патлиџан потребни ви се:
  • 1 поголем патлиџан
  • 3 чаши вода
  • 1/2 сок од лимун
  • 1 чајна лажица сол
  • 75 гр путер/маргарин
  • 2 супени лажици брашно
  • 1 шолја млеко
  • ½ шолји рендано младо сирење
  • сол и бибер

Подготвување:

Во маслото ќе го пржите кромидот, ќе го додадете месото, малку ќе го динстате, потоа додадете ја црвената пиперка и лутата пиперка и останатите зачини.
Сето тоа се кува на лесен оган се додека месото не биде готово.
Во меѓувреме патлиџанот избушете го со плетечка игла на повеќе места и ставете го во рерна на 190 Ц, оставете да омекне, 30-40 минути.

Кога патлиџанот малку ќе се олади, исечете ги крајевите и излупете го. Потоа исечете го на листови, очистете го од ксштици и ставете го во вода во која сте ставиле сок од лимун и сол. Оставете го така да стои неколку минути, а потоа добро исцедете го.

Понатаму, на тавата истопете го путерот/маргаринот, на лесен оган, додадете го брашното, солта и биберот, и добро измешајте го исцедениот патлиџан. Ќе мешате со вилушка и полека додадете го млекото и ќе продолжите да мешате се додека не се добие глатка маса.

На сето тоа ќе го додадете изренданото сирење и уште малку ќе мешате. На крајот префрлете го во сад за сервирање и преку него ставете го подготвеното месо!
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 00:02
                                                                ПРОФИТЕРОЛ

 

Состојки

  • 6 филџани вода
  • 3 филџани масло
  • 6 филџани брашно
  • 6 јајца
  • 500 мл. млеко за филот на профитеролите
  • 4 лажици брашно за филот на профитеролите
  • 3 лажици нишесте за филот со профитеролите
  • 8 лажици шеќер во прав
  • 125 гр. маргарин
  • 400 гр. чоколадо за готвење
  • 750 мл. млеко за филот со чоколадо
  • 125 гр. шеќер
  • 5 лажици нишесте за филот со чоколадо
  • 1 пециво
  • 20 мл. масло

Подготовка

1.Тесто за профитеролот
Во сад се ставаат шест филџани со вода и три филџани масло да провријат. Се тргаат од оганот и им се додава шест филџани просеано брашно и едно пециво.
2.Се остава настрана да се излади и му се додава едно по едно од шесте јајца. Во премачкан плех со масло се ставаат со малечко лажиче профитеролите-еклерчињата. Рерната се загрева на 250 степени и се ставаат да се печат. Температурата се намалува на 200 степени. Рерната никако не треба да се отвара. Се печат 20 или 30 минути сето тоа во зависност од шпоретот. Потоа се вадат и се оставаат да се изладат. Од оваа доза излегуваат два или три плехови сето тоа во зависност од колкави се филџаните, пожелно е да се тоа мали филџани за кафе.
3. Фил за профитеролите
Во половина литар млеко се додаваат четири лажици брашно, три лажици нишесте и осумте лажици шеќер во прав. Се промешуваат кратко со миксер. Се вари на пареа се додека се згусне. Се остава да се излади. Кога е веќе ладен се соединува со претходно изматениот маргарин.
4. Се пресекуваат на половина профитеролите и се полнат со филот. Се редат на поголема тацна или чинија.
5.Фил од чоколадо
Од 750 мл. млеко се остава дел во кој ќе се додадат пет лажици нишесте и се промешуваат. Останатото млеко се вари на пареа и му се додава 125 гр.шеќер. Кога е убаво зовриено млекото, му се додава млекото и нишестето кои се убаво изматени. Се вари на тивок оган се додека се згусне. На крај му се додава 400 грама чоколадо за готвење и тоа да се растопи.
6.Во стаклен сад (подлабок) се истура за почеток од филот кој содржи чоколадо. Потоа се редат едно до друго наполнетите профитероли. Врз нив се става повторно од филот со чоколадо па повтрорно се редат профитеролите. Се така додека се потрошат и врз нив им се става повторно од филот со чоколадо.
7. Садот со профитеролите се става во фрижидер за да се изладат.
8. Со лажица се зема од профитеролот и се става во соодветни садови одделно.




Изменето од Calipso - 20.Септември.2013 во 00:03
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2013 во 02:56
Originally posted by Ninja 35 Ninja 35 напиша:

 
 
 

Лахмаџун

 

СОСТОЈКИ (за 4–6 порции)
• 1 мала лажица шеќер
• 40 гр сув квасец
• 2 шолји брашно
• 1 ½ мала лажица сол
• ¼ шолја маслиново масло
• 3 големи лажици пире од домати
• 1 голема лажица ситно исечкан магданос
• ½ мала лажица бибер
• ¼ мала лажица ким
• 1/8 мала лажица цимет
• 100 гр ситно сечкано јагнешко месо
• 2 чешниња лук
• 1 шери домат
• 1 мал кромид
• ¼ мала лажица црвен пипер

ПОДГОТОВКА
Измешајте шеќер, квасец и ¾ шолја вода во мал сад и загрејте ја смесата на температура од околу 110℃. Смесата приготвувајте ја околу 10-тина минути или поточно додека не стане пенеста. Потоа, во друг сад, ставете брашно и сол и  во средина ставете ја смесата со квасец. Измешајте добро, за да добиете тесто. Потоа, тестото префрлете го на работна површина на која сте ставиле малку брашно. Замесете го тестото (околу 5–6 минути). Пренесете го замесеното тесто во сад кој е малку намаслен и покријте со платична фолија. Оставете го тестото да нарасне двојно (околу 1 час). Потоа, тестото поделете го на 4 дела и од секој дел направете топка. Пренесете ги топките од тесто на побрашнета хартија за печење. Прекријте со влажна крпа и оставете да отстои 45 минути.

Во меѓувреме, направете го „топингот“. Во голем сад измешајте масло, пире од домати, магданос, бибер, ким, црвен пипер и цимет. Промешајте добро. Потоа, додадете ги и јагнешкото месо, лукот, доматите, кромидот и зачинете со сол. Повторно промешајте и оставете настрана.

Загрејте ја рерната на температура од 250℃. Со помош на сукало, од топката тесто направете диск со дијаметар од 25 сантиметри. Поставете го тестото на хартија за печење, ставете 3–4 лажици од смесата со месо и убаво размачкјате ја по цела должина на тестото. Додадете сол. Подигнете го тестото заедно со хартијата и ставете го во сад за печење. Печете сѐ додека не добие златно-кафена боја, односно 6–8 минути. Истото направете го и со другите топки тесто.

Гарнирајте со крупно сечкана зелена салата.

 
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2013 во 18:33

Турски "Менемен"



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1   Пиперка/ки
  • 1   Пикантно пиперче/ња
  • 3 лажица/ци Масло
  • 5   Маслинки
  • 3 чешниња Лук
  • 100 грама Домат
  • 5   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Ова е најпопуларното јадење со јајца во Турција, кое без специфичните состојки тешко дека ќе може да го најдете.

ПОДГОТОВКА:

Излупете ги и исечете ги на коцки доматите.

Потоа исечкајте ги на коцки другите состојки, па ставете ги во тава со маслиново масло, која е загреана на висока температура додека не почнат да ги испуштаат своите сокови (внимавајте да не претерате).

Потоа на низок оган додадете ги јајцата во истата тава и мешајте сè додоека во тавата не добиете убава цврста смеса која се добива од јајцата, иако целото јадење се должи на зеленчуковите сокови на кои морате да внимавате!


Изменето од Valerija - 25.Февруари.2015 во 10:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 16:46
„Тавук гогсу“ – десерт со пилешко месо

Во турската кујна може да се најдат многу десерти кои се прават со млеко, но дефинитивно ретки се оние кои во себе содржат месо. Тавук гогсу (tavuk göğsü) е вид млечен пудинг, дел од традиционалната турска кујна, чие име во буквален превод значи „пилешки гради“. Знам дека звучи малку чудно, бидејќи и јас не можев да поверувам дека од пилешко месо може да се направи толку вкусен десерт. Кога келнерот ми кажа дека станува збор за пудинг од пилешко месо бев изненадена и мислев дека станува збор за шега.
tavuk-gogsu_cover

Всушност вкусот на пилешкото месо воопшто не се чувствува, бидејќи пилешките гради се добро зготвени и обработени. Единствено нешто што ќе забележите се парченцата пилешкото месо што го прави овој десерт оригинален.
Овој популарен десерт, кој им бил служен на султаните во Отоманската Палата Топкапи, денес во Турција се смета за традиционален десерт. Истиот, за оние кои не јадат месо, може да биде приготвен и без месо.

Состојки:

- 7 чаши млеко
- 1.5 чаша шеќер
- 3/4 чаша густин
- 1 1/4 чаша оризово брашно
- 1 1/2 чаша вода
- 1/2 лажица сол
- 1 парче пилешки стек
- цимет

tavu goksu 1

Подготовка:

Пилешкиот стек го вариме се додека не омекне убаво. Го сечеме попречно на ленти со должина од околу 5 сантиметри. Парчињата ги земаме во рака и ги триеме со дланките додека не се претворат во тенки и долги делчиња. Ги измиваме 3-4 пати со жешка вода, менувајќи ја водата секој пат. Потоа ги цедиме убаво за да останат сосема без вода. Во шерпа ги истураме шеќерот, млекото и солта. Го оставаме шеќерот да се стопи. Во посебен сад ги промешуваме брашното и густинот. Полека додаваме од млекото и мешаме дури да се добие мазна паста. Ја истураме пастата во млеко и мешаме додека не почне да се згуснува. Земаме 4-5 лажици од пудингот и ги ставаме во садот со парчињата пилешко месо. Ги промешуваме со виљушка, па ги враќаме во пудингот. Вариме на тивок оган и мешаме се` додека не се згусне. Кога ќе биде готов го истураме во сад длабок 2-3 сантиметри, кој може да се стави и на оган и во фрижидер. Го потпечуваме малку одоздола и го оставаме во фрижидер 2-3 часа. Потоа го сечеме на правоаголници и го виткаме во тенки ролни со печената страна нагоре. На крај му наросуваме цимет.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.