IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Само за грешници! Новиот Почеток
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Само за грешници! Новиот Почеток

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 10>
Автор
Порака
Reformator Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 04.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 20
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Reformator Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2011 во 12:50
Време е за промени! Како да се промениш?


Лудост е да се очекуваат различни резултати со повторување на едно исто однесување. Сите ние посакуваме да јадеме исто како и досега, а да бидеме послаби. Сите би се согласиле дека би сакале да изгледаме подобро, а притоа воопшто да не мора да се мачиме во теретана туку како и досега удобно да си дремеме пред телевизор и да минуваме саати на фејсбук.
Ако сакаме да постигнуваме различни резултати мораме да живееме и да работиме на различен начин од оној досегашниот. Не можеме да правиме се’ по старо а да чекаме да се случи некакво чудо и да се сменат работите одеднаш.
Зар не се умори од начинот на кој живееш? Зар не ти се доволни проблемите кои ги имаш? Зар не ти е преку глава од повторувањето на истите грешки секојдневно? Ако сакаш промени- на вистинското место си. Ќе се обидам денеска да ви презентирам Библиски метод на промена.
Ништо на Земјата не е совршено. Ниту комјутерите, ниту автомобилите, ниту финансиските системи, ниту интернетот, ниту храната, ниту законите... ниту луѓето. Ни јас, ни ти не сме совршени. И не е ни возможно да бидеш совршен додека си на овој свет. Сепак, повеќе од сигурно е дека можеме да грешиме помалку и да бидеме подобри.
Господ јасно кажува дека од нас бара промени. Апостол Павле вака им пишува на раните Христијани во градот Ефес ,,Но вие што сте запознаени со учењето на Христoс, не сте учени така да живеете. Слушнавте за Него и научивте дека вистината произлегува од Исус. Затоа, отфрлете ја вашата стара природа и поранешниот начин на живеење, таа стара природа, докрај расипана, полна со похот и измама. Сега сте духовно препородени, со нов начин на размислување. Однесувајте се како нови луѓе, создадени да бидете слични на Бог: праведни, свети и искрени.’’(Послание до Ефешаните 4:29-24). Мора да напоменам дека нашето спасение е преку Божјата милост, не преку нашите заслуги. Ние не можеме да сториме било што како би ја заработиле Божјата прошка и оваа нова шанса која ни се подарува. Бесплатно ни е дадена прошката затоа што нашиот Небесен Татко не’ сака нас- Неговите чеда. Но, токму поради тоа што Господ не’ сака, Тој сака ние да живееме на поинаков начин од оној кој го живее мнозинството, на поинаков и далеку повозвишен начин од оној на кој ние досега сме живееле. Зошто? За наше добро! Господ не’ сака толку многу што ветил дека ќе работи во нас на неколку начини да не’ поправи, да не’ доведе на правиот пат, да направи од нас Негови послушни чеда кои ќе бидат според Неговиот Лик. Нашиот грев не Го повредува Господ, туку Го ожалостува. Сите наши гревови нема да Го повредат Него, туку нас. Ако го прекршиме законот за гравитација и решиме наместо по скали да се симнеме долу ,,преку прозор’’- кој ќе биде повредениот? Авторот на учебникот по физика? Не, туку ние кои не сме биле послушни ќе настрадаме. Така е и со повредата на Божјите закони објавени во Библијата. Воопшто нема да Го повредиме Господа доколку погрешно постапуваме. Ќе се повредиме ние самите а Тој, како и секој добар родител, ќе биде ожалостен поради нашата повреда. За наше добро треба да се промениме.
Зошто е толку тешко да се промениме?
Најпрвин, нашите грешни навики се НАВИКИ- значи не се од вчера туку ние сме се навикнале така да постапуваме. Тоа е научен начин на однесување кој сме го стекнувале со години, можеби и со децении. Некои работи отсекогаш сме ги правеле на одреден начин и сега ни е тешко да помислиме дека ќе треба да живееме без нив.
Толку долго сме живееле со тие навики што тие дури станале дел од нас. Да, ние веќе сме почнале да се идентификуваме самите себеси со тие навики, со тие однесувања и избори кои ги правиме толку долго време. Имам слушнато дека најтешко за еден алкохоличар е да не се напие во друштво во кое од него се очекува да пие. И нормално е, околината се навикнала на неговите лоши навики и нивната прва асоцијација кога ќе им текне на ликот на тој човек е со чашка во рака, а и обратно- кога ќе им текне на терминот ,,алкохоличар’’ низ глава им минува истата таа слика- како нивниот пријател им наздравува со чашка алкохол.
Интересот е третата причина. Имаме интерес да си ги зачуваме старите навики. Полесно ни е со леснотија да ги задоволиме нашите потреби на погрешен начин отколку да се мачиме правилно да постапиме и на здрав и морален начин да ги исполниме барањата. Згора на тоа, тешко е да се откажеш од стара навика и да попримиш нова. Сите знаеме дека цигарите се штетни по здравјето, а тоа го знаат и го чувствуваат најдобро страствените пушачи. Но, зошто еден пушач да се труди да живее здрав живот? Цигарите му плаќаат камата за неговата верност кон нив, му даваат инстант задоволување на неговите потреби. И добро му е така, не сака човекот да се измачува со откажување од неговото слатко задоволство и да учи нови навики.
Четвртата причина се лагите на Сатаната. Лукавиот постојано не’ мами дека не можеме да бидеме подобри од ова коешто сме. Ни вели дека сосема е во ред она кое го правиме, дека е добро па дури и пожелно за нас да продолжиме со старите навики, не’ лаже дека имаме доволно време да се откажеме и дека ќе се изнајде начин како нашите грешки да бидат поправени. Сепак, не треба да заборавиме дека Исус го нарече Сатаната ,,Татко на лагата’’(Евангелие по Јован 8:44). Сите овие сугестии се лаги, зашто од Сатаната потекнуваат.
Ерес е да мислиш дека не можеш да бидеш подобар од ова што сега си. Ако мислиш дека не може подобро тоа значи дека или имаш превисоко мислење за себе или прениско мислење за Бога. Или подобро кажано- и двете. Ем имаш превисоко мислење за себе ем имаш прениско мислење за Бог. Еве зошто: Ако мислиш дека не можеш да бидеш подобар од ова кое сега си, една од можностите е да мислиш така затоа што си убеден дека си совршен па нема шанси да се подобриш затоа што нели ти си најдобар што може да се биде. Втората варијанта е да мислиш дека си толку лош што дури ни Се’моќниот Бог, Творецот на Универзумот, Давателот на Животот, не може да те промени. А тоа значи дека ем имаш преголемо мислење за себе (како најголемиот грешник на светот толку голем што Бог не може да го промени) ем имаш мислење за Бог со кое ја минимизираш Неговата сила. Ти можеш да бидеш подобар и Бог го сака токму тоа за тебе. И ако ти барем малку го посакуваш тоа, знај дека твојот Создател бесконечно многу повеќе го посакува тоа. Всушност, токму Тој те создаде тебе и во тебе ја создаде таа желба за промена.   
Најверојатно си свесен дека промените не се лесна работа. Да ги заборавиш старите навики и да попримиш нови значи да се промениш себеси. А тоа може да биде болно, да одзема многу време и енергија. Старите навики и стариот Непријател честопати ќе бидат тука и ќе ти се нудат како твоја најголема потреба и уживање, а Лукавиот ќе ти биде најголем сојузник во нивното исполнување. Понекогаш ќе доаѓа до падови, откажувања, понекогаш процесот на твојата трансформација ќе изгледа безнадежно. Можеби некогаш веќе си стигнал до одреден степен но повторно си се откажал. Ако ти е ова првпат да се позанимаваш со твоите лоши навики тогаш знај дека не е чудно доколку сосема отпаднеш од патот на твоето заздравување и дури го заборавиш овој текст и оваа желба која е сега во тебе може да се случи сосема да избледнее. Тоа може лесно да се случи. Мораш строго да се придржуваш до правилата кои ќе ти бидат дадени, зашто тие се содржани во Библијата- Божјата Света Книга. Значи не се човечка измислица, не се човечки рецепт за твоите проблеми туку се од Бога дадени и заповедани.
Најпрвин, треба да се соочиш со Вистината. Можеби овој е најболниот момент. Треба сега да признаеш дека имаш проблем. Доста се лажеше самиот себеси и оние околу тебе. Јасно признај си ја твојата слабост, исповедај го твојот грев. Каде? Пред кого? Во твојата тајна соба, зад затворена врата, наведни ја твојата глава и исповедај ги твоите гревови пред Бога. Знај дека те слуша и дека сочувстува со тебе. Немој да криеш ништо од Него, Тој и онака знае се’ пред ти и да помислиш да Му кажеш нешто. Ова е првиот чекор без кој не може да одиш понатаму. Библијата јасно кажува дека оној кој ги исповеда гревовите свои наоѓа милост во Божјите очи. Потоа треба да побараш милост од Бога, преку жртвата на Исус Христос на Голготскиот крст. На тој крст ти беше тебе покажано колку многу те сака твојот Небесен Татко. Затоа, без страв поитај во раширените прегратки на Таткото, признај Му ги твоите гревови и побарај од Него да се смилува врз тебе и да ти прости. Додека не го сториш ова немој да читаш понатаму.
Соочувањето со Вистината има и втор степен. Првиот беше да ја признаеш вистината, вториот степен е да ја научиш вистината. Што значи тоа сега? Божјиот Збор е Вистина- вели Исус. И преку вистината можеш да станеш свет. (Да Го цитирам Исус: ,,Твојот збор е вистина. Направи ги свети преку вистината.’’ Евангелие по Јован 17:17). Библијата ти стои на располагање, таа е Божјиот канал преку кој тече Неговата трансформирачка сила. Што побрзо почни да ја проучуваш и да се придржуваш до напишаното таму и ќе видиш како ќе почнат да се случуваат чуда во тебе и околу тебе.
Твојата промена мора да се заснова на твој личен избор. Не може некој друг да одлучи наместо тебе, не може некој друг да ги поднесува тешкотиите наместо тебе. Мораш ти самиот да решиш да се откажеш од твоите лоши навики и да започнеш да се менуваш на подобро. Треба да Го молиш Бог Светиот Дух да дејствува силно во тебе и да предизвикува големи промени. Да ја отфрлиш од тебе онаа докрај расипана, грешна, злобна природа која кон грев те води, треба комплетно да ги раскинеш сите врски со Стариот-Ти и да молиш од Бога трансформација на твоето битие. Без таквата цврста решителност не можеш да се надеваш дека ќе успееш да напреднеш. Треба да се чуваш далеку од сето она кое е Сатанско и погрешно и блиску до Бога. Проучувај го редовно Божјото Слово, моли се често. Молитвата треба да биде еден отворен разговор помеѓу тебе и Бог во кој ти слободно ќе Му ги кажеш Нему сите твои грижи, тешкотии, сите стапици кои стојат на твојот пат и од кои се плашиш. Така ќе се исполнуваш со Светиот Дух, ќе бидеш поблизок со Господ и постепено ќе се подобруваш.
Оваа решителност за која погоре пишував треба да биде во еден одлучувачки момент од твојот живот, но тој момент треба секојдневно повеќе пати да се манифестира преку твоите одлуки. Многу искушенија ќе имаш на твојот пат. Многу пати Сатаната ќе се обидува да си поигрува со тебе и да те враќа назад во неговото царство на темнината. За негова среќа, а твоја жал, честопати ќе му успева да те порази. Но, не смееш да се откажуваш. Во наредна прилика ќе објавам нешто повеќе околу тоа како можеш со помош на Божјиот Збор да ги победуваш искушенијата. Сепак, дури и со тие методи сепак ќе паѓаш. Но, мораш да стануваш иако си паднал и пак уште еднаш одново да тргнеш по патот кој Бог го поставил пред тебе. Губењето на една битка не значи комплетно губење на војната. А Оној Кој те избрал Тој нема да те остави, нема да дозволи да бидеш грабнат и украден од Неговата Татковска рака. Иако многу битки ќе загубиш, сепак војната си ја добил. Треба време, треба посветеност, промените си бараат жртви. Но, наградата која ја дава Бог е вечна. Кога е најтешко сети се дека секогаш на крајот на тунелот има светлина. Гледај во таа светлина, сети се на Божјите ветувања кои ќе ги најдеш во Божјото Слово и цврсто држи се до нив. Не заборавај дека и кога е најтешко ти не си сам. Твојот Татко Кој е Се’присутен и Се’моќен никогаш нема да те напушти(Послание до Евреите 13:5), Твојот Бог Кој ја започна оваа добра работа во тебе и ќе ја доврши истата(Послание до Филипјаните 1:6).
http://hristijanskiportal.blogspot.com/
Кон врв
Marinceska Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 07.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 89
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marinceska Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2011 во 20:35


Messenger: temata "Праведен или грешник?" , vo koja originalno e objaven komentarot koj sleduva e spoena so temata "Само за грешници! Новиот Почеток".    




Во евангелието според Лука во глава 18 стих 8 вели: „ Но Синот Човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?”

Чудно е нели? Па е! Кога ќе погледнете на светот и слушнете дека милиони луѓе велат дека се Христијани, ќе се запрашате и ќе си речите зошто пак Синот Човечки да не најдел вистинска вера кога ќе се вратит?

Но запрашајте се прво зошто е поставено ова прашање!

Темата е Праведен или грешник?
Оваа тема е намерно избрана зошто најповеќето од вас се сметаат да се Христијани. Сега моето прашање до Христијаните е дали сте праведен или сте грешник штом верувате во Исус.

Не заборавајте дека одговорот на ова прашање е едноставен.

Еден одговор е вака: Грешник сум иако верувам во Исус.
А другио одговор е: Праведен сум затоа што верувам во Исус.

Не знаете ли дека нема средина измеѓу праведен и грешен.
Пред Бога оние кои се без грев се праведни а оние кои имаат грев се грешници. Кои од овие два вида на луѓе сте вие.

Поставете си го прашањето за вас себе си. Откако ќе си дадете одговор, кажете си и зошто сте грешник или зошто сте праведен.

Можеме овде на форумов да ги исдискутираме сите одговори.

Поздрав до сите вас и се надевам да сте праведни.

Изменето од Messenger - 08.Август.2011 во 05:57
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2011 во 20:42
Редно е ти прв/прва да се изјасниш во која група се вбројуваш...

Инаку според Христос во проповедта на Гората(содржана во Евангелието според Матеј) верувањето во Исус не е најважниот момент за спасението, туку практицирање на Неговото учење и заповеди.

Изменето од Majkl - 07.Август.2011 во 20:42
Кон врв
Marinceska Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 07.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 89
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marinceska Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2011 во 21:23
Без вера не можиш да ги извршуваш делата Божји.
Јас сум праведна.
Почетокот на верскиот живот е правилна вера во Исус. Откако човекот правилно ќе поверува во Исус, тој/таа го прима Светиот Дух и под раководство на Светито Дух тој/таа може да ги извршува делата Божји.

А вие во која категорија сте?
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2011 во 21:36
Верата е прв чекор во духовниот живот, но светиот Дух може да се прими само ако во голема мера се спореведе во дело Христовото учење. Верата сама по себе е мртва, без дела во склад со божјите закони кои Исус ни ги објави нема спасение.

Да беше така едноставно дека верата е најважна, тоа би значело дека голем дел од светот е веќе спасен бидејќи многумина веруваат и го слават Исус. Тогаш низ светот би немало болести и војни, судбински удари и елементарни катастрофи - барем не кај оние кои се држат до тоа дека верата е доволна. Светот меѓутоа попрво изгледа како да виси над бездна тресејќи се во треска отколку како да е спасен.
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:


А вие во која категорија сте?

Иако цврсто верувам и го признавам Исус Христос како единствен спасител, бидејќи сеуште не сум успеал во сите аспекти да ги оставрам високите етички и морални вредности изнесени во Беседа на Гората се сметам себе си дека сум во грешната категорија.

до модераторот: имавме слична ваква тема, можеби треба да се спојат.

Изменето од Majkl - 07.Август.2011 во 21:37
Кон врв
Marinceska Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 07.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 89
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marinceska Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2011 во 21:48
Господине, за болестите и војните и сличните работи кои ги набројувате за ваквите е напишано во книгата на откровенија дека мора да бидат. А што се однесува за оној кој е праведен но сепак е болен или слично ќе ве замолам да ја прочитате книгата Јов.

Што се однесува до словото Божја тоа е духовна книга а не телесна и нема ништо заеничко со телото, моралот или пак етиката. Ваквите се човечки измислици.

Човекот како слабо суштество не може да се држи за Божјиот Закон ниту пак може него да го чува целосно. А оној кој живее според законот Божји а направил еден престап е виновен за сите престапи иако мисли дека не ги направил и ќе биде казнет со казните опишани во Законот.

А вие штом мислите дека сте грешник иако верувате во Исус тогаш вашата вера не е правилна.

Како може да постои „ спасен грешник“. Или е спасен од сите гревови и е праведен. Или не е воопштво спасен и има потреба од Спасител.

Кон врв
alf Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 15.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 631
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај alf Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2011 во 00:16
.



Изменето од alf - 19.Септември.2011 во 08:32
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2011 во 02:00
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:



Не знаете ли дека нема средина измеѓу праведен и грешен.
Пред Бога оние кои се без грев се праведни а оние кои имаат грев се грешници. Кои од овие два вида на луѓе сте вие.


А постои ли нешто такво како праведен грешник т.е. праведен човек кој што се уште греши?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2011 во 05:58
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:


Почетокот на верскиот живот е правилна вера во Исус. Откако човекот правилно ќе поверува во Исус, тој/таа го прима Светиот Дух и под раководство на Светито Дух тој/таа може да ги извршува делата Божји.



Koja e taa "правилна вера во Исус" ?




Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Marinceska Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 07.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 89
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marinceska Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2011 во 09:16
До модераторот: Не знам зошт ги споивте двете теми кога обете се различни.

Јас ви зборувам за евангелието на водата и Духот дадено од Исус Христос , со кое Тој ја исполана Божјата правда и напави да секој кој верува во Него да биде совршен.

А ако господинот кој ја води другата , сличната тема, вели дека ништо не е совршено, тогаш паднал во голема заблуда и Му вели на Бога со други зборови дека испраќањето на Исус на земјава беше залудно и бескорисно.

Човекот сам од себе не може да престане да греши или пак постојано да ги извршува истите навики или престапи.

Човекот има наследено гревови од неговите/нејзините предци и заради тоа телото е осудено на смрт.

Човекот и да постане праведен преку верување во Божјата правда, тој/таа не може ништо друго освен да греши се додека да умре.

Затоа на човекот му е потребна вистинска и правила вера која знае и го сфаќа праведното дело Исусово во стриктна согласност со жртвениот систем.

До модераторот: Ќе ве замолам да ги одделите темите затоа што не говорат за исто евангелие!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2011 во 13:29
Nie sekogash govorime za isti ili slichni temi,iako mozhebi chesto pati poagjame od razlichni evangelija ili Knigi.

Temite ostanuvaat spoeni poradi podobrata preglednost na topikot shto se diskutira.


P.S. Na forumov nikoj ne "vodi temi" tuku otvara temi. Temite se vodeni, ako mozhe da taka da se formulira, od chlenovite koi komentiraat i repliciraat na niv.



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2011 во 13:42
Marinceska , se nadevam deka kje me udostoish so odgovori na prashanjata:

1. Koja e taa "vistinska i pravilna vera vo Isus" ?

2. Dali chovek mozhe da se zdobie so vechen zhivot ako postojano greshi ?   



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Marinceska Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 07.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 89
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marinceska Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2011 во 14:50
1. Вистинска вера во Исус е:
- Јован 3:5 : „Вистина, вистина, ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, тој не може да влезе во Божјото Царство.“

Овде Исус Господ Самиот ни заповедува да бидеме поново родени од вода и Дух за да можеме да влеземе во Царството небесно. Ако со поново раѓањето можеме да влеземе во Царството Божјо тогаш сме наследници на ова царство и сме примиле вечен живот.

2. За вечниот живот:
- Јован 3:16: Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.“

- Овде во стихот погоре вели: Секој кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот. Значи верата во Исус не спасува. Но не само изговорот: Исусе верувам може човек да го спаси, туку правилното верување во Него.
Кој е Исус во кого мораме да веруваме за да се спасиме вели во 1 Јованово 5:6: „Тој е Оној Кој дојде преку вода и крв - Исус Христос; и не само преку водата, туку преку водата и преку крвта;“

Овде водата го симболизира крштевањето на Исус во реката Јордан преку рацете на Јован Крстителот, а крвта го симболизира Неговото крво пролевање на Крстот.

Кога ние правилно веруваме во крштевањето и крвта на Исус т.е водата и крвта преку кои Тој дојде ние доаѓаме да имаме правилна вера во согласност со Писмата и Бог ни го дава нас Светиот Дух како печат на нашата вера, во истиот момент кога ќе поверуваме нашето име е избришано од книгата на Делата и е запишано во Книгата на Животот. Тогаш ние можеме да речеме со потполна сигурност и увереност дека ние имаме правилна вера преку која сме добиле/ наследиле вечен живот во Исуса Христа.

3. Исповедта на вистинската вера е содржана во: 1 Јованово 5:8: „И Тројца, се Кои сведочат на земјата: Духот и водата и крвта; и Тројцата сведочат заедно.“ (МК Библија 1976 год.)

- овде вели дека ако ние не го имаме во сведоштво во нашите срца ни немаме правилна вера во Исус Христос. Со другии зборови, ние треба да знаеме Кој е Исус, зошто дојде Тој, кое дело го исполна тој и како и зошто. А сето ова мора да биде во согласност со Светото Писмо.
Кон врв
Marinceska Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 07.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 89
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marinceska Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2011 во 15:38
За второто прашање: Дали човекот може да се здобие со вечен живот ако постојано греши?

- За ова прашање сакам да го искористам таткото наш на верата Авраам.
Во Библијата вели: Битие 15:6: „ Аврам Му поверува на Господа и тоа му се засмета за праведност.“
- верата на Авраам му се засмета за праведност. Овде словото ни вели дека кога Аврам му поверува на Бога, тоа му се засмета за праведност.

Во Римјаните 3:20 вели: „зашто преку Законот доаѓа самото познавање на гревот.“

Овде апостолот Павле ни објаснува нас дека Законот Божји беше даден за да ни даде нас сознание за нашите гревови. Откако ние ќе сознаеме според Божјиот Закон дека ние сме гробни грешници ние доаѓаме до потреба на Спасител и така се враќаме кај Бога.

Авраам заради неговата вера во Бога постана праведен. Бог го засмета него за праведен вели Словото.

Ниеден човек не може да постане праведен според делата на Законот или неговите/нејзините добродетелни дела.

Римјаните 3:28: „И така, ние заклучуваме дека човекот се оправдува преку верата, без делата на Законот.“
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.