IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонски писатели низ вековите
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонски писатели низ вековите

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2010 во 00:06
Димитар Талев (бугарски: Димитър Талев) бил македонски и бугарски писател со потекло од Македонија. По доаѓањето на комунистите на власт во Бугарија, тој е затворен под обвинение дека ширел великобугарски шовинизам. Ослободен во 1948 година тој продолжува да живее и работи во Бугарија. Умира на 20 октомври 1966 год. во Софија. Признаен е за еден од класичните бугарски автори од 20 век[1], а во 2009 година неговиот роман „Железниот светилник“ е избран на 4 место од 12 наjсакани книги од бугарските читачи.

Димитар Талев беше славен од УНЕСКО во 1998 за придонес кон светската култура.
Романи
„Железниот светилник“ (бугарски: „Железният светилник“) 1952)
„Илинден“ (бугарски: „Илинден“) (1953)
„Преспанските камбани“ (бугарски: „Преспанските камбани“) (1954)
„Самоил“ (бугарски: „Самуил“) (1958)
„Хилендарскиот монах“ (бугарски: „Хилендарският монах“)
„Гласовите ви ги слушам“ (бугарски: „Гласовете ви чувам“) (1966)


„Преспанските камбани“ од Димитар Талев преведена на македонски
Издавачката куќа „Арлекин“ од Прилеп ја издаде втората книга од четирилогијата „Преспански камбани“ на бугарскиот писател со прилепско потекло Димитар Талев. Преводот е на писателот Трајче Крстески.

Преведувачот вели дека судбината на Талев, кој се родил во Прилеп, била да биде дводомен писател.

- Прилепчанец е, а живеел и творел во Бугарија. По „Железниот светилник“ беше предизвик да се преведува раскошниот опус на Талев на македонски јазик, затоа што тој го идентификува творештво со родната земја и родниот град - вели Крстески.

На македонски не се преведени уште „Илинден“, „Гласовите ви ги слушам“ и трилогијата „Самоил“.

Прилепскиот театар ја изведе претставата „Светилникот“, по текстот на „Железниот светилник“, во режија на Владо Цветановски.


Антон Николов Попов (Попово маало, село Игуменец (денес Гега), Пиринска Македонија, Бугарија 20 октомври 1915 - Софија, 23 јули 1942), македонски револуцонер, публицист, писател, познат активист на БКП и учесник во илегалниот отпор против фашистичкиот режим во Бугарија.

Неговиот прадедо поп Стојан се доселил од Берово. Тој, како соборец на Иљо Малешевски и учесник во Кресненското востание, бил убиен од Турците. Истата судбина го снашла и дедо му Костадин Попстојанов, војвода на чета, заедно со неговите двајца браќа. Татко му, учителот Никола Попов, зема активно учество во револуционерните борби, и во 1922 г. бил обесен од разбојниците на Алеко паша.

Христо Смирненски
Христо Димитров Измирлиев, познат со псевдонимот Христо Смирненски (17 септември, 1898 – 18 јуни, 1923) бил македонски и бугарски поет со македонско потекло.
Биографија

Христо Смирненски е роден на 17 септември 1898 во Кукуш, Егејска Македонија (денес во составот на Грција). Неговиот татко бил занаетчија, поточно слаткар. Во 1913 година градот Кукуш бил разорен до темели како резултат на одмазда на завојуваните страни заради Македонија. Петнаесетгодишниот Христо се нашол меѓу илјадниците бегалци на пат кон Бугарија. Целото семејство се населило во Софија, каде Христо започнал да учи во техничкото училиште, а подоцна се префрлил во јункерската школа за млади офицери. Христо потоа студирал право, но неговата вистинска преокупација била книжевноста. За сето време се стремел да се здобие со што посолидно марксистичко образование, засновајќи на страната на обесправените пролетери. Христо Смирненски се разболел од тифус, но набргу ја надминал оваа болест. Веднаш после тифусот, Христо се разболел од туберкулоза и починал на 18 јуни 1923 година.

Книжевно творештво

Во период од пет години пред својата смрт, Христо Смирненски создал едно импозантно литературно дело. Тој пишувал претежно поезија, но и проза, главно хумористично-сатирична тематика.

Автор е на една единствена книга на поетско-револуционерна поезија - „Да биде ден“ (1922), која се смета за неповторлива во својата творечка автентичност.

Неговата поезија е социјално-револуционерна. Слично како и Никола Вапцаров, и Христо Смирненски пее со восхит, со занес за револуционерните настани, за експлоатираниот работник и за самите револуционери. Поважни песни со ваква тематика се: „Левски“, „Христо Ботев“, „Јохан“, „Да биде ден“, „Кон висините“, „Роза Луксембург“, „Низ бурата“, „Први мај“, „Смртта на Делеклуз“ и други.

Од друга страна пак имал напишано песни инспирирани од Октомвриската револуција, и такви песни се: „Москва“, „Црвените ескадрони“, „Советска Русија“, „Северниот Спартак“ и други.

„Автономна Македонија“

Текстот „Автономна Македонија“ потекнува од 1922 година. Тој е за прв пат објавен во весникот „Маскарад“ на 10 декември 1922 во Софија. Овој весник е формиран по иницијатива на самиот Смирненски и на неговиот брат Тома Измирлиев и се печато неполни две години (1922-1923).

„Автономна Македонија“ е напишана на македонски јазик, поточно на еден од источните дијалекти на македонскиот јазик од кој доминира кукушкиот говор. Написот е потпишан со псевдоним „Баш-комита“.

Исто така треба да се забележи дека во текстот Смирненски се подбива со акциите на лажните македонски автономисти во редовите на емиграцијата во Бугарија (се мисли на следбениците на Тодор Александров и Протогеров) кои во тој период почнуваат со масовни убиства и терористички акции. Зад грбот на овие квази патриоти стои мрачната сенка на крупната бугарска буржоазија. Ова е период кога братоубиствените борби помеѓу македонците во Бугарија земаат страшен замав. Споменатиот „Стамболија“ е Александар Стамболиски, кој во неомври 1922 година го посетува Белград и бара конструктивни патишта кон решавање на македонското прашање. Тој бил убиен потоа.

Тесктот

Ќеф е бе, браќа жими Ристос. Еве ти нагантот или парабелот, еве ти бомби, еве ти пушка- карај да ја ослободиме. Прескочи граница, утепај еден српски џандар, па се качи на планината да гледаш сеир. Ама доле сељнуријата ќе види зорт сетне- да види , да е јунак да се качи на планината и раат да биде. Србине се лутат на нас. Чудат се што ни дошло на ум, та не кандисем. Па и Стамболијата ги еди вакви трици Белград, ама ќе му се види тесен и Стамбол. Зашто бе, браќа. Али е лошо да имаше еден ваков занајаткако нашиот - ни работа работиш, ни вергија платиш, ќеф ти гори на планината, ќеф ти доле во селото, за ручање- шо дал Господ, сè ќе се најде. Нели си комита. Ако те каздиса некој, дигни му парабелот- бум, ајде со здравје. Хеле какво матно е времето - да ти е ќеф да тепаш. Па колко за Македонија, ќе бидит автономна. Ќе стреламе, ќе дигаме ѓурултија, ќе бегаме кога потребе, па Грци и Срби ќе колат, ќе бесат, ќе палат куќите- што ќе чиниш: ова е автономија. Не е шега работа! Автономијата значи да се изравни Македонија, та да може автомобил да оди по неа. Ене го Тането. Во ѓурултијата во Тракија минал границата од турско во грчката како на дунунма. Бре пиштоли, бре бомби- да каздиса грчуљата. Кога се собрале многу - ќе бега што ќе чини. А па Грците удриле една автономија над бугарските куќи - да ти е драго да гледаш. Ушче ми е ќеф за Неврокоп. Ја направивме автономијата шарена како велигденско јајце. Ама ќе речеш, ти не во Солун или во Битола, ами во Неврокоп. Вака можеме, вака правиме. Еве ти сега во Ќустендил. Ќе му удриме тамо една автономија, па и дечињата ќе поминат. Елбете и правителство ќе каздиса мало, ама кај ќе ни фати? Па много да се не закача, оти ќе направиме една автономија во Софија, па ќе го видиме тогај. Оти како ни е дошло до гуша, ќе се предвикнеме некое сабајле: -Ураа, да живеј автономна Македонија во Добруџа биле!

Изменето од Македон - 29.Август.2010 во 13:56
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2010 во 00:09
Атанас Далчев


Атанас Далчев (бугарски: Атанас Далчев) е македонски и бугарски поет, философ и преведувач со потекло од Македонија. Во Бугарија е почитуван како класичен автор на модерната поезија и философска проза.

Атанас Далчев е роден на 12 јуни 1904 во Солун во Отоманската империја во фамилијата на Христо Далчев, адвокат од Кукуш и учител во Солунската бугарска машка гимназија "Св. Кирил и Методиј", и Викторија Дишмова од Прилеп. Во 1908 година таткото станува пратеник во Отоманското собрание од левата Народна федеративна партија (бугарска секција). Во периодот 1908-1912 Далчеви престојуваат во Истанбул, а во текот на Балканските војни во Солун и Дедеагач, денешниот Александруполис. По краjот на Балканските воjни фамилиjата се иселува во Бугарија и останува да живее во Софија. Таму Далчев учи во престижната Прва машка гимназиjа. За прв пат публикува свои стихови во 1921 година уште како ученик. Студира философиjа во Софискиот универзитет. Во наредните години активно публикува стихови во многу бугарски медиуми. Првиот сопствен зборник го издава во 1926 година, а малку подоцна станува учесник во познатиот литературен круг "Стрелец". Во периодот 1927-1929 патува во Западна Европа и посетува лекции во некои европски универзитети. Се импресионира од стилот на експресионизмот и се интересира од модерните трендови во науката, психологиjа и психоанализа. Почнува работа како учител и продолжува да публикува. Во периодот по создавањето на комунистичката диктатура во 1944 година е ставен под притисоци од страна на властите и го прекинува пишувањето. До 1952 година се издржува како преведувач, а потоа почнува работа како редактор во литературни медиуми. Не пишува дури до 1956 година, кога се враќа кон сопственото творештво. До краjот на своjот живот издава уште неколку книги со уметност и еден зборник со мали философски фрагменти. Во доцниот период го добива признанието на читателите и власта, добитник е на редица државни и меѓународни награди. Продолжува да работи и како преведувач на световни класични автори. Одделни книги на Далчев се преведени на француски, словачки, чешки, унгарски, руски, германски, италијански, полски, фински и шпански jазици, а општо негови творби се преведени на повеќе од 15 jазици. Умира на 17 јануари 1978 во Софија.

Вениамин Миланов Тошев, познат под псевдонимот Венко Марковски (Скопје, 15 март 1915 - Софија, 7 јануари 1988) е македонски и бугарски поет, академик од БАН, драмски писател и еден од основоположниците на современата македонска литература.

Биографиja

Марковски е роден во Скопје на 15 март 1915 година. Гимназија завршил во Скопје, а словенска филологија студирал во Софија. Бил член на Македонската литературна група основана во Скопје (1931) и на Македонскиот литературен кружок (1938-1941). Бил во затвор во Гонда Вода и Ениќоj (1941-1942). Учесник во НОБ, член на Главниот штаб на НОВ и ПОЈ, член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и делегат на заседанието.

Во периодот 1944-1945 активно учествува во работата на трите комисии за нострификација на македонскиот литературен јазик. Буквата "Ъ" (ер-голем), за коjа тој се бори да биде дел од македонската азбука не се одобрува од ЦК на КПЈ.

Во 1948 година ја поддржува Резолуцијата на Информбирото. Во конфликтот со Тито е затворен во Идризово, а фамилиjата му е интернирана во Кичево.

На 17 март 1956 година, под името Вениамин Миланов Тошев, за поемата „Сувремени парадокси“ е осуден на петгодишна робија на Голи Оток, а во 1965 година оди на лекување и останува во Бугарија. Во 1968 син му Миле Марковски и неговата фамилиjа биле протерани од Македониjа во Бугариjа.

Во Бугариjа Венко Марковски е примен за пратеник во Народното собрание, за член на Соjузот на бугарските писатели, за член на Бугарската акадeмиjа на науките. Има награди: „Херој на Бугариjа“, „Херој на социјалистичкиот труд“, „Георги Димитров“ и др.

Заради творештвото на бугарски jазик Титова Jугославиjа го прогласува за предавник на македонскиот народ. По 1975 бил обезбедуван од бугарските тајни служби, бидејќи имало информација дека му е загрозен животот од УДБ.
Творештво

Во „Народни бигори“ (1938) и „Огинот“, песните на Марковски се под влијание на народната песна и по карактер се љубовни песни, испреплетени со национално-ослободителни мотиви и национално-ослободителни песни. Подоцна, Марковски потпаднал под силно влијание на социјалистичкиот реализам и пишувал песни во социјал-реалистички стил посветени на Тито, додека бил на македонска страна, и некои песни посветени на Бугарската Комунистичка Партија, откако преминал на бугарска страна.

Освен поезија, Марковски ги напишал историските книги „Преданија заветни“ (историјата на Бугарија од 681 до 9 септември 1944 година во стихови), „Крвта вода не станува“ и други. Преданијата се издадени и на руски јазик во Москва во 1981.
На македонски јазик
Во Бугарија
"Народни бигори" (1938 г., издадена во Софија)
"Огиноть" (1938, издадена во Софија)
"Илиндень" (1940, издадена во Софија)
"Луня" (1940, издадена во Софија)
Во Македониjа
"Елегии"
"Гоце"
"Чудна е Македонија",
"Гламји"
"Климе",
"Над пламнати бездни"
"Сказна за резбарот".
На бугарски jaзик
"Орлицата" (1941)
"Истината е жестока" (1968)
"Легенда за Гоце" (драма, изведена во Народниот театар „Иван Вазов“)
"Крвта вода не станува" (1971, 1981, 2001 - одговор на книгата „Историjа на македонскиот народ“)
"Преданиjа заветни" (1979), ,
Сонетните венци "Бунтовни воштеници", "Вековни врволици" и "Судбовни маченици"
"Голи оток - островот на смртта" (1984, на англиски jазик, издадена во САД)

Стојан Христов


Стојан Христов (англиски: Stoyan Christowe, 18 август 1898, Кономлади, Костур, Егејска Македонија − 24 јануари 1996, Томпсон Хаус, Вест Довер, САД) бил американски писател, новинар, публицист со македонско потекло[1] и сенатор на сојузната држава Вермонт. Стојан Христов бил избран за член на МАНУ и почесен член на ДПМ
Биографија

Стојан Христов е роден во селото Кономлади во близина на градот Костур во Егејска Македонија на 18 август 1898 година. На својата четиринаесетта годишна возраст тој заминува за САД на печалба поради така наречената „америкоманија“ која ја чувствувал и поради тешката политичко-економска ситуација во Македонија една година пред Првата балканска војна. Во САД бил физички работник во ложарницата на градот Сент Луис, а потоа и работел на изградбата на железничката линија Монтана - Вајоминг. Во периодот од 1918 до 1922 година тој успеал да ги заврши своите студии на универзитетот „Валпаризо“ во Индијана. Своите студии ги завршил со прекини поради тешката материјална положба и услови на живеење.

Откако се стекнал со американското државјанство се вработил како уредник во весникот „House Organ“ во Чикаго, а потоа се префрлил како новинар во редакцијата на веникот „Daily News“. Две години, од 1927 до 1929 година бил специјален дописник од Балканот. Едно време дури и бил слободен писател во Њујорк. За време на Втората балканска војна бил аналитичари предавач по балканско партизанско движење во воениот департман, Оддел за воени известувања на Пентагон. Во текот на 1952 и 1953 година тој повторно допатувал на Балканскиот Полуостров како дописник северноамериканското новинарско здружение „НАНА“. Тогаш ја посетил Југославија и Македонија како гостин мна Друштвото на писателите на Македонија. По враќањето станал сенатор на американската сојузна држава Вермонт со која должност и се пензионирал. Успеал уште еднаш да ја види својата татковина како специјален и драг гостин на македонската држава

Стојан Христов бил раскажувач и романсиер. Романите и расказите можете да ги видите подолу и сите романи се преведени на македонски јазик. Прозата на Христов е реалистична и целата е свртена кон „стариот крај“. Неколку од неговите романи се со историска тематика преку кој се согледува страдалничкиот живот на македонскиот народ под ропство, но и неговите борби и востанија.

Романи

Стојан Христов е автор на следните романи[4]:
„Мара“ (1937 г.),
„Оваа е мојата таковина “(1938 г.)
„Мојот Американски аџилак “(1947 г.)
„Орелот и штркот“ (1976 г.)
„Лавот од Јанина “ (1941 г.)
[уреди]
Раскази

Покрај романите, автор е и на следните раскази :
„Стариот пчеларник “ (1926 г.)
„Камбана “ (1927 г.)
„Два роја пчели “ (1927 г.)
„Сечко “ (1928 г.)
„Кукери “ (1940 г.)
„Мечка игра на сред село “ (1930 г.)
„Чочек “ (1930 г.)
„Таро тапанџијата “ (1930 г.)
„Орли на ливадата “ (1929 г.)
„Пазарен ден во главниот град на Бугарија“ (1928 г.)
„Новата жена на Истамбул “ (1928 г.)
„Балканските бездомни веселковци“ (1928 г.)
„Црните бегалци на Балканот“ (1929 г.)
„Со циганите на Балканот“ (1930 г.)
„Низ долината на Балканот“ (1930 г.)
„Полуамериканец“ (1929 г.)
„Америкоманија“ (1930 г.)
„Мојот пријател Слободата“ (1930 г.)
„Неприродна натурализација“ (1930 г.)
„Зеленоглавец во Сент Луис“ (1947 г.)
„Групата од железничката линија на Монтана“ (1947 г.)
„Неприродна натурализација“ (1930 г.),

Изменето од Македон - 29.Август.2010 во 14:00
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2010 во 00:11
Ганчо Хаџипанзов

Ганчо Хаџипанзов (Велес, 1900 - Мадрид, 18 ноември[1] 1936) е македонски револуционер и поет, учесник во Шпанската граѓанска војна.

Ганчо Хаџипанзов е роден во Велес, во едно од најбогатите велешки семејства на почетокот на 20-от век. Уште како ученик се вклучува во револуционерното движење на Велес, поради што е исклучен од велешката гимназија. Во 1920 година се вклучува во предизборната кампања на КПЈ за општинските и парламентарните избори. Истата година, заедно со Никола Оровчанец, Бане Андреев, Ѓорѓи Шоптрајанов и други, членува во Литературно-уметничкото друштво „Нада“. По Обзнаната, заедно со други комунисти од Велес, го издава нелегалниот весник „Искра” (на велешки дијалект). Наскоро заминува за Скопје каде го продолжува своето школување и го отслужува воениот рок, истовремено продолжувајќи со револуционерните активности.

Постојано следен и прогонуван, во ноември 1923 година илегално ја преминува бугарската граница со намера да студира новинарство во Софија. Есента 1924 година преку Грција заминува за Париз. Таму се вклучува во работата на синдикатите и станува член на Комунистичката партија на Франција. Се вклучува и во работата на македонската емиграција, станувајќи член на Македонската народна федеративна група и ВМРО (Обединета).

По избувнувањето на Шпанската граѓанска војна, Хаџипанзов веднаш се вклучува во активностите на КП Франција за помош на Шпанската република. Вклучен е во прифаќањето на доброволците кои преку Франција заминуваат за Шпанија да се борат на страната на Републиката и самиот заминува да се бори во Шпанија со првата група доброволци кои заминуваат за Шпанија. По воената обука во која се стекнува со чин водник, Хаџипанзов станува дел од Првата меѓународна бригада што е формирана во октомври 1936 година. Бригадата, набрзо по формирањето, на почетокот од ноември е испратена да помогне во одбраната на Мадрид, каде веќе се во тек жестоки битки со франкистичките сили. Првиот напад на франкистите е одбиен, а при офанзивата на републиканските сили на 19 ноември на фронтот кај Универзитетскиот град трагично загинува Ганчо Хаџипанзов, како еден од првите Македонци жртви на војната. Во моментот на неговата смрт до него се неговите соборци Трајко Мишковски и Борис Атков, кои подоцна и го погребуваат.

Творечката активност на Хаџипанзов е поврзана со периодот на неговиот престој во Париз. Пишувал на француски јазик, а од неговото творештво сочувана е поемата „Ќе се вратам” и неколку песни: „Детството на еден град“, „Сирени“, „Бал на вентилаторите“, „Поема за родниот град“ и „Алказар“.

На шестмесечниот помен во родната куќа на Хаџипанзов, неговите другари и почитувачи ќе организираат пригоден собир. Во таа прилика Кочо Рацин, добар пријател со сестра му на Ганчо, Румена Хаџи Панзова, ја чита песната „Испанска балада“ посветена на трагичната смрт на Ганчо. Собирот прераснал во отворен и гласен бунт против тиранијата, на што веднаш реагирала полицијата и прекинувајќи го поменот, ги однела присутните на сослушување.

Во 1961 година во книгата „На шпанската земја“ која содржи сеќавања на Македонци учесници во Шпанската граѓанска војна, во превод на Кирил Ќамилов, првпат е објавена поемата на Хаџипанзов „Ќе се вратам“. Во 1986 година Перо Коробар ја издава монографијата „Ганчо Хаџипанзов“.

Ќе се вратам

Изменето од mungos80 - 29.Август.2010 во 00:13
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2010 во 00:15
Атанас Раздолов

Атанас Раздолов е роден 1872 година во Берово, малешевско, во семејството Топаловци. Уште млад тој го напушта родното место и оди во Софија. Задоен со преродбенските и ослободителните борби во малешевскиот крај и наоѓајќи се во работничка средина во Софија, ослободителните идеи кај младиот Раздолов се издигнуваат на повисоко ниво. Тој ја поврзува националноослободителната борба со револуционерната борба на работничката класа. Познат е под псевдонимот „дедо Раздолчо“. Членува во Македонскиот револуционерен социјалдемократски сојуз, основан од страна на Васил Главинов.

Во 1901 година е затворен поради неговите пишувања за бугарскиот кнез Фердинанд.

Раздолов е автор на 15 книги, "Крвавиот исток и бездушна Европа" (1889), "Пред министерските врати" (1907), "Иднината на балканскиот полуостров" (1914), повеќе статии, стихови и брошури со револуционерна содржина. Дел од неговите брошури по к*рири биле испраќани во внатрешноста на Македонија, за потребите на Организацијата.

За време на Балканските војни, тој бил доброволец во втората бригада од Седмата кумановска дружина на Македонско-одринскиот доброволен корпус на бугарската армија, со командирот подпоручник Георги Светогорски.

Атанас Раздолов самиот си го одзема животот во Софија во 1931 година.


Следната поема е извадок од "Песните на востаникот" издадена во 1895 година.

Так в срцето македонско
да в‘згласим ниј борбата
срешту племе анадолско
да развием знамената

Нек покажем на турчина
на цинцарја и на грка
на б‘лгарина, на србина
и на всеки што ни брка

Че не ламптим за корони
за царштина и за слава
не штем да сме ниј барони
в македонската држава

Но се трудим да в‘ведем
братство, равенство, свобода!
трудим се да с‘здадем
љубов мила в народа!

Трудим се и верваме
че в борбата ште успеем:
надеждата не губиме
скоро песен ште запеем.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2010 во 00:34

Македонски преродбеник,поет,конзул.Роден во 1826 год. во Башино село во близина на Велес,умира во 1897 год. во Русија.








Изменето од mungos80 - 29.Август.2010 во 00:35
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2010 во 11:59
Мунгосе, која ти е целта со темата не ми е јасно.
Ако е да се префрли Википедијата на Идивиди - нема смисла.

Дали е темата за етнички Македонци, или воопшто за сите писатели кои имаат некаква врска со Македонија?

Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2010 во 12:09
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Антон Страшимиров



Чудев се што праи Антон Страшимиров во твоjата колекциjа, па погледнав и верно: макар и роден во Варна, коренот му бил од Разлог, Пиринска Македониjа. Бил е четник на Jане Сандански, редактор на в. "Реформи" и т. н.
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2010 во 12:29
За Аристотел од Стагира ќе видиме ли нешто?


Види и тука

http://bg.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%8F:%D0%91%D1%8A%D0%BB%D0%B3%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8_%D0%BE%D1%82_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%8F



Изменето од Каснакоски - 29.Август.2010 во 12:32
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2010 во 12:43
Originally posted by чоли чоли напиша:

Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Антон Страшимиров



Чудев се што праи Антон Страшимиров во твоjата колекциjа, па погледнав и верно: макар и роден во Варна, коренот му бил од Разлог, Пиринска Македониjа. Бил е четник на Jане Сандански, редактор на в. "Реформи" и т. н.


Секој Македонец без разлика на каков јазик пишувал ќе си го најде местото во историјата.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2010 во 13:53
mungos80, гледам дека некои работи не се јасни, па време да ги појаснам.

Ова е форум, не е блог, па еден да отвори тема и во рок од пет минути да постави милион постови, собрани од некаде. Тука сме за дискусија, не за собирање податоци и создавање блог-теми.

Затоа ќе ве замолам сите, да внимавате, затоа што доколку видам блог-теми, ќе ги скусувам и ќе ги преобразувам во форумски, како што и доликува.

Изменето од Македон - 29.Август.2010 во 14:06
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2010 во 14:00
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:



Како тоа за некој велите овој е Македонец а за некој овој е Бугарин,по која логика ги одредувате етничките особини на личноста.


Spored samoopredeluvanjeto. Nie go pocituvame pravoto na samoopredeluvanje.

Цитирај
Еве да го земеме за пример Атанас Раздолов кај вас пиши дека тој да ти бил македонист???

I sto ako bil makedonist?

Znaci bil nekoj koj se zalagal za separacija na Makedoncite od ostanatite Bugari.

PS Samo ne znam zosto nekoj go opredelil kako makedonist na Vikpedijata.

Изменето од Каснакоски - 29.Август.2010 во 14:14
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2010 во 14:09
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

За Аристотел од Стагира ќе видиме ли нешто?


Види и тука

http://bg.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%8F:%D0%91%D1%8A%D0%BB%D0%B3%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8_%D0%BE%D1%82_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%8F



Аристотел од Стагира се самоопределувал како Грк, не е македонски писател. Тој е грчки философ.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2010 во 14:15
Originally posted by Македон Македон напиша:


Аристотел од Стагира се самоопределувал како Грк, не е македонски писател. Тој е грчки философ.


Dvojni arshini? I Konstantin Petkovic se samoopredeluval kako Bugarin, duri recnikot mu e rusko-bolgarski, ama Mungosot go pisuva Makedonec.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2010 во 14:42
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:


Аристотел од Стагира се самоопределувал како Грк, не е македонски писател. Тој е грчки философ.


Dvojni arshini? I Konstantin Petkovic se samoopredeluval kako Bugarin, duri recnikot mu e rusko-bolgarski, ama Mungosot go pisuva Makedonec.


Вие ќе говорите за двојни аршини?!
Многумина кои се самоопределиле како Македонци вие ги нарекувате македонисти и не ви пречи да напиеше дека има "блгарско" потрекло од Македонија.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.