|
Животни кои оставиле трага во историјата |
Внеси реплика | страница <123> |
Автор | ||||||||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Многу малку се знаеше за влијанието на вселенските летови врз живите суштества. Се мислело дека тие не можат да го преживеат лансирањето или условите во отворената Вселена. Затоа, советските инженери гледале на мисиите со кучиња како подготовка за мисиите со човечки екипаж. Сите кучиња користени во советската вселенска програма биле ситни по раст, од недефинирана (мешана) раса, за кои се мислело дека побрзо можат да се приспособат на сурови услови и кои, секако, требало да бидат доволно мали за да се сместат во капсулата. Лајка имала две години и за летот била избрана само 9 дена пред лансирањето.
Постојат повеќе приказни за тоа како и зошто баш Лајка била избрана
за тој лет. Едни велат дека била избрана заради својот изглед -
советскиот всленски пионер мора да биде фотогеничен!, додека други
велат дека била избрана затоа што докторите се сожалиле на друго куче,
избрано претходно за тој лет: бидејќи не можело да се дизајнира летало
за враќање назад, летот значел сигурна смрт.
При планираното лансирање се појавиле технички проблеми и во последен момент летот бил откажан, по што Лајка останала во капсулата цели три дена, а бидејќи било ладно, докторите ја загревале капсулата однадвор. Кога Лајка стигнала во орбита, докторите со олеснување заклучиле дека отчукувањата на срцето и крвниот притисок, кои при лансирањето се покачиле, се вратиле на нормала. Лајка се хранела со специјална храна сместена во контејнер. Според советските извештаи, таа била еутанизирана по една недела. Но, откако Советскиот Сојуз се распадна била откриена вистинската приказна: Лајка навистина требало да биде еутанизирана со инјекција, но таа умрела од прегревање на капсулата по само неколу часа во орбита. Неколку други кучиња загинале во неуспешните летови претходно, додека во подоцнежните летови имало и доста успешни мисии со безбедни враќања на Земјата, како кучињата Белка и Стрелка во август 1960 година. По уште неколку летови со кучиња, СССР го испрати и првиот човек во вселената, Јуруј Гагарин, на 12 април 1961 година........ |
||||||||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
На 3-ти ноември 1957 година, со вселенскиот брод „Спутњик 2“, беше лансирано во вселената првото живо суштество од Земјата - кучето Лајка. Покрај Лајка, во вселената и пред и после тоа биле лансирани различни животни, најчесто кучиња, за кои се определувале во СССР или мајмуни, во САД. Прво животно кое се нашло во бестежинска состојба бил мајмунот Алберт, кој во 1948-ма година бил лансиран на висина од 63 километри со американска ракета. Од советска страна, две кучиња биле лансирани во 1951-ва година, на висина од 100 километри. Меѓутоа, Лајка е првото животно што кружело во вселенска капсула околу Земјата, на висина од 1.600 километри. Загинала во текот на летот. Првото име на Лајка било Кадравка. Била мешанец, делумно фокс териер, кои се познати по тоа што многу лаат. За време на летот, од вселенскиот центар биле следени работата на нејзиното срце, притисокот и ритамот на дишење. Уште не се знае како точно загинала Лајка. Според некои извори, прво се онесвестила поради недостаток од кислород, а според други, во последниот оброк што го јадела имало отров. Во 2002-ра година, еден од учесниците во проектот изјавил дека Лајка умрела неколку часа по полетувањето поради здравствени тешкотии и страв од бучавата за време на лансирањето. Кучките Стрелка и Белка во август 1960-та година станаа првите животни што орбитирале околу Земјата, а потоа живи и здрави се спуштиле назад. Потоа, во март 1961-ва година, истото тоа го направила и Ѕвездочка, која летала заедно со дрвен модел на човек. Првиот човек во вселената, Јуриј Гагарин, полетал три недели подоцна. Американците во орбитата лансирале само едно животно. Тоа бил шимпанзото Енос, кој полетал во ноември 1961-ва година. Целта на лансирањето била да се испита капсулата со која во февруари 1962-ра година во орбитата бил лансиран Џон Глен, првиот Американец во вселената........................... |
||||||||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Fliper ....филмска звезда како главна улога во детска серија..... Изменето од bijonse1 - 19.Април.2010 во 18:42 |
||||||||||
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
<---------ovoj e najvazen
edinka koja svatila deka planetata moze da bide negova a sega e koj prv kogo kje sjebe nie planetata ili planetata nas za koj sakal i stanal Gospod edno Изменето од anakin - 19.Април.2010 во 19:47 |
||||||||||
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
||||||||||
pagane
Сениор Регистриран: 21.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 13044 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
|
||||||||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Букефал (Βουκέφαλος -Букефалос) бил најмилиот коњ на Александар Македонски. Името преведено значи "Воловска глава". Според легендата, можел да го јавне само Александар. Букефал умрел за време на битката кај индиската река Хидасп, во 326 година п.н.е, на возраст од 30 години што е длабока старост за еден коњ дури и во денешно време. Александар, за спомен на него, на тоа место го основал градот Букефала(денес Џалалпур). Според пишувањата на Плутарх....Букефал е опишан како голем црн коњ со голема бела ѕвезда на неговото чело. Имал сини очи и неговата раса била една од најиздржливите. Според легендата, Александар во тоа време (10-то годишник) бил единствениот на кого Букефал му се покорил. Коњот прво бил понуден на Филип II Македонски од страна на Филониј, трговец на коњи, за цена од 13 таланти, што биле многу пари во тоа време. Бидејќи никој неможел да го скроти коњот Филип се откажал од купувањето. Но Александар се понудил сам да плати за коњот доколку успее да го скроти. Тој приметил дека Букефал се плаши од својата сенка, па го свртел кон сонцето за да неможе да ја гледа. Така коњот се смирил и Александар успеал да го јавне. Легендата зборува дека од тој момент Букефал и Александар биле неразделни и заедно учествувале во сите битки....... Изменето од bijonse1 - 19.Април.2010 во 21:44 |
||||||||||
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Нападите врз луѓето од страна на животните со фатален крај се толку ретки што филмот Ајкула (Jaws) просто изгледа како неправедно оцрнување на тие интересни рипки. Животните напаѓаат луѓе само ако се чувствуваат загрозени, или ако се навистина гладни, или ако човекот го задева животното со стап. Очигледно животните не се врткаат наоколу прикрадувајќи се и убивајќи луѓе само поради некаква психопатска возбуда. Барем не повеќето...Знаете, Ајкула е сниман според вистински настан. Тоа е еден од застрашувачките ретки случаи кога некое животно едноставно систематски убивало многу луѓе. Како што се следниве случаи... #5.
|
||||||||||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Китит Кеико
Во еден норвешки фјорд почина славниот кит, кој играше главна ролја во хитот "Слободниот Вили". Кеико, како што е неговото уметничко име (крстен е во еден аквариум во Мексико), имал 27 години. Бил долг околу шест метри, а тежок шест тони. Просечен животен век на орките, родот на кој припаѓал овој кит, инаку е 35 години. Во 1998 година Холивуд потроши 350 илјади фунти на рехабилитација на Кеико - беше оспособуван да живее во слобода и оставен на Гренланд. Но, тој набргу се пресели во фјордот Такнес, 870 милји подалеку од местото каде што бил оставен. Тајната е во големото присуство на луѓе во овој фјорд, на чие присуство навикнал. Норвежаните биле по традиција добри домаќини, а децата го сметале за општ миленик. Зоолозите подолго време ја лекувале неговата пневмонија со пеницилини, но немало успех - тие сметаат дека Кеико е навикнат на топлите мексикански води и дека студените брегови на Норвешка биле "погрешен дом" за него. Кеико е, всушност, жртва на навиката да не се дели од луѓето. Овој кит сними три филма под името Вили и тие на продуцентите им донесоа профит од 19 милиони долари. |
||||||||||
dejanpp
Сениор Регистриран: 30.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
domasnite zivotni i tradicionalniot nacin na cuvajne domasni zivotni sozdal genetska forma vo karakterot na covekot.mnogu vreme covekot prezivuval od domasnite zivotni pa taka ziveejci so niv gi zasakal i od niv vosprimeal niza naviki i nacini na gledajne na svetot duri i mnogu mudrosti covekot gi naucil od domasnite zivotni.denes covekot e svesen za ovaa i zatoa ima doneseno strog zakon za cuvajne na domasni zivotni vo karantin.
vo zaostanatite regioni kako makedonija dolgo vreme ova ke bide problem poradi niskiot standard na ziveejne kako vo ruralniot del taka i posiroko i ke stvara problemi vo odnosite pomejdzu lujdzeto i funkcionirajneto na drzavniot sistem. |
||||||||||
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Рин Тин Тин, германски овчар кој за време на Првата Светска војна бил најден од некој војник Lee Duncan, кој го дресирал и му овозможил ангажман во немите филмови. Рин Тин Тин станал голема ѕвезда и настапил во 27 холивудски филмови, стекнувајќи светска слава. Во 1929 год. можел да освои најмногу гласови за првиот Оскар за најдобар глумец, меѓутоа Академијата на крај сепак заклучила дека таа награда треба да ја добие човечко суштество. |
||||||||||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Хачико-куче од расата Акита.Влегува во историјата
по својата огромна лојалност кон својот сопственик.Откако тој ќе почине секој ден продолжува да го чека на железничката станица цели десет години додека и тоа не почине.Изграден му е и споменик на самата станица уште во 1935 година.Во 2009 година има и екранизација на приказната...Го имав изгледано но деновиве најверојатно ќе си го репризирам... |
||||||||||
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Ни на крај на памет не бев дека сопственикот на кучето бил Ричард Гир.
Инаку и Eight below е екранизација на вистинско случување кое колку што јас сум прочитала баш и не било со хепи енд |
||||||||||
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
||||||||||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Иако добро одглуме Ричард Гир,и како увек има среќа и за убава партнерка
можеше да го адаптираат повеќе на оргиналната приказна и Јапонија. А и Eight below e добар,со Пол Волкер во главна улога.На телевизија го имаше пред може и една година.Но не знаев дека е вистинска приказна. |
||||||||||
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
||||||||||
Внеси реплика | страница <123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |