IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Кои се тајни служби работат во Македонија??
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кои се тајни служби работат во Македонија??

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2009 во 21:45
Во Битола имаме грчки шпиуни кој преку к*рсеви за деца на младите во Битола им предаваат историја на грција а Македонија ја нарекуваат Фиром.

Професорот бил на работа во битолската гимназија.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2009 во 21:47
Велизар Енчев, дописник на „Отечествен фронт“ од Белград, повеќе од шест години создавал шпионска мрежа во Македонија
Бугарски шпион повеќе од шест години, од 1987 до 1993, ја крстарел Македонија и ги информирал тајните служби на Софија за се' што се случувало во годините пред и по распадот на Југославија. Со акредититиви на постојан дописник од Белград на весникот „Отечествен фронт“ и на Бугарската национална телевизија влегувал во кабинетите на највисоките македонски раководители и разговарал со нив. Истовремено, тој создавал мрежа на агенти од пробугарски ориентирани македонски граѓани во повеќе градови и села. Неколкумина од тие агенти станале видни македонски политичари. Тој ја организирал и првата официјална посета на Љупчо Георгиевски и Доста Димовска на Софија. Овие и многу други детали од својата разузнавачка дејност во бивша Југославија, пред се' во Македонија, ги открива Велизар Енчев во штотуку објавената книга „Јас бев во разузнувањето“.

„Кон крајот на 1991 година му предложив на раководството на Националната разузнавачка служба на Бугарија да ги покани на официјална посета водачите на демократската македонска опозиција. Новосоздадената опозиција беше олицетворувана од ВМРО-ДПМНЕ и на чело на движењето беа авторитетните личности Љупчо Георгиевски и Доста Димовска. Од своја страна прифатив ангажман да спроведам сондажни разговори со водачите на партијата, кои уште не ги познавав. Некои министри во владата на Никола Кљусев имаа пријателски однос кон Софија, додека претседателот Киро Глигоров беше на другата страна. Оценив дека една официјална посета на делегација на ВМРО-ДПМНЕ во Софија, која ќе биде примена од претседателот и од лидерите на парламентарните партии, би имала позитивен политички ефект во двете држави. Така на македонистите во Скопје ќе им одржиме лекција за балканска дипломатија, зашто не тие, туку опозицијата прави чекор за зближување со Бугарија.“, пишува во штотуку обајвената книга Велизар Енчев за своите шпионски години во Македонија.

ПОЧЕСТИ Откако Софија дала согласност за посетата на Георгиевски и Димовска, побарал средба со првиот лидер на ВМРО кој веднаш ја прифатил идејата за посета на Бугарија. По една седмица ги уточниле деталите и во почетокот на февруари 1992 година тргнале за Софија. Тие со нивниот, а тој со сопствениот автомобил. Како што пишува бугарскиот шпион, за време на патувањето автомобилот на Георгиевски и Димовска на двапати бил сопиран од македонската полиција за проверка за на крајот да биде пуштен да го продолжи патот кон граничниот премин Деве Баир, каде од другата страна на границата ги чекала колона мерцедеси на протоколот на бугарскиот претседател. На Георгиевски и на Димовска им биле приредени сите почести на официјална делегација и нив ги примиле највисоките бугарски раководители. Одржале средба и со Красимир Каракачанов за која не сакале да пишуваат бугарските медиуми за да не дознае македонската јавност.

Енчев, кој за својата шпионска работа по враќањето во Софија бил награден со амбасадорско место во Хрватска од тогашниот бугарски претседател Петар Стојанов, вели дека неговото ангажирање за шпион на бугарските тајни служби не одело така лесно и дека во почетокот одбивал да се занимава со тоа. Меѓутоа, предизвикан од идејата да работи во Македонија и во Србија и, како што вели, да ја продолжи каузата на поколенијата кои се бореле за бугарската идеја во Вардарска Македонија и во западните покрани, како што во Бугарија се нарекува источниот дел на Србија, прифатил да стане шпион, нешто што денес во Бугарија било анатемисано.

„Откако владата на Станишев ги отвори архивите на надворешното разузнавање и стави знак на еднаквост меѓу политичката полиција и разузнавањето, осознав дека молчењето не е злато. Тоа е предавство кон луѓето, кои дадоа се'е од себе за да им служат на бугарските национални интереси во Србија и во Македонија. Во западните покраини (Србија) живеат 30.000 Бугари, а славјанското население во Република Македонија е 90 проценти бугарско. Независно од политичкиот систем во Бугарија во 20 и 21 век, во тие окупирани бугарски земји нашето разузнавање имаше само една цел – да го зачува бугарскиот етнос од асимилација, да ги гарантира неговите човечки права, да и помога на нашата дипломатија во интернационализирање на бугарското прашање во Југославија. Затоа решив: Луѓето нека дознаат што правел еден офицер од Националната разунавачка служба во Скопје, Белград, Приштина, во Сараево“, ги образлага причините Енчев зошто се решил да прозборе за работи кои најчесто остануваат државна тајна.

АГЕНТУРА Бугарскиот дописник на „Отечествен фронт“ во Белград првата година главно се занимавал со собирање и анализирање на информации и проценка на состојбите, а потоа решил да поработи и на терен. Во втората година направил измени во разузнавачката дејност и им дал предност на прогнозите и на создавање бугарска агентура во Македонија и Србија. „Често патував во Македонија на неколку дена – посетував цркви, манастири, културно-историски споменици во Скопје, Охрид, Струга, Битола, Прилеп, десетици села и паланки, создавајќи им работа на македонските служби за следење. Едно време тие престанаа да ме следат, веројатно процениле дека тоа е чист труризам. И тогаш дојде времето за вистинска работа.

Со согласност на Центарот си поставив неколку цели – не само да собирам информации за политичките, етничките и верските процеси во Вардарска Македонија, но и да привлекувам луѓе за бугарската кауза кои го зачувале бугарското самосознание на нивните татковци. Започнав да создавам мрежа од луѓе верни на Бугарија кои ни даваа информации и ги спроведуваа нашите интереси во соодветниот сектор. Подоцна од тој пријателски круг излегоа неколкумина видни политичари на Република Македонија, чии што имиња не можам да ги спомнам од разбирливи причини. Без помошта на сите тие луѓе беше невозможна да се наложуваат бугарските интереси во Вардаска Македонија“, објаснува Енчев како ја создавал својата мрежа на шпиони.

Тој не ги споменува имињата на видните македонски политичари кои влегле во највисоката власт, но затоа ги пишува иницијалите на еден негов соработник кој веќе не бил меѓу живите. „Станува збор за А.Л. Една седмица по нашата последна средба тој беше најден обесен во гардеробата на својот стан. За неговите блиски и пријатели немаше никакво сомнение – А.Л. беше убиен од македонските служби за безбедност, каква што беше судбината и на други бугарски патриоти во Македонија„, пишува Енчев, подвлекувај ќи дека А.Л. бил убиен откако му се јавил по телефон за време на една посета во Белград.

ПРЕДЛОГ НА СРБИТЕ Користејќи ги акредитивите на бугарски дописник од Белград, тој разговарал и со Лазар Колишевски. „Побарав средба со Колишевски не само поради новинарско љубопитство. Однапред знаев дека тој нема да ми даде интервју. Сакав да ја почувствувам природата на највидниот македонист во Скопје, да ги допрам неговите човечки сетила за да можам подобро да ја разберам генезата на македонската идеја“, пишува Енчев, кој со Колишевски се сретнал во македонското собрание и со него разговарал еден час. Не добил никаква разузнавачка информација, но затоа пак на македонското контраразузнавање му дал до знаење дека како вистински дописник може да се сретне и со највисоките македонски раководители.

Летото 1988 година направил интервју со Глигорие Гоговски, тогашниот претседател на Извршниот совет. Меѓутоа уредникот на неговиот весник „Отечествен фронт„ ги исфрлил сите искажувања на македонскиот премиер за македонското малцинство во Бугарија и за македонската нација. Но затоа, пак, „Нова Македонија“ интервјуто го објавила целосно.

Енчев раскажува дека на неколку дена пред 10 ноември 1989 година во Софија пристигнал познат српски писател од тесното опкружување на Слободан Милошевиќ во специјална мисија. Неговата посета ја органзирал лично тој и, според него, човекот на Милошевиќ на бугарските раководители со кои се сретнал им го предложил следново:„ Бугарија има проблем со турското малцинство, Србија – со Албанците. Нека ги обединиме нашите усилби и да ги решаваме заеднички тие проблеми. Освен тоа Србија нема да претендира повеќе кон Вардарска Македонија, која што може да помине под бугарско влијание...“.

Бугарскиот шпион во својата книга нагласаува дека деновите пред прогласувањето на независноста на Македонија неговите претпоставени биле на штрек. Дел од раководството на Националната разузнавачка служба било прекомандовано во еден мал град на границата со Македонија каде го чекало неговиот извештај со проценка дали Србија ќе изврши агресија на Македонија, како што тоа се случило со Хрватска и со Босна.

Енчев во својата книга се фали дека тој спречил Михаил Горбачов да ја посети Македонија за време на неговиот престој во Југославија, сметајќи дека македонската страна тоа ќе го искористи за „антибугарска“ кампања. Како што пишува, тој им сугерирал на некои своите пријатели во југословенските весници да напишат коментари дека од дипломатска гледна точка посетата на Горбачов на Скопје била неумесна зашто тоа ќе ги затегнело односите меѓу Белград и Атина. И така, Горбачов, наместо Македонија ја посетил Словенија.


Велизар Енчев му ги предава акредитивите на Фрањо Туѓман по неговото назначување за амбасадор во Хрватска

АМБАСАДОР Бугарскиот новинар и шпион својата кариера ќе ја заврши како дипломат. Во почетокот на 1997 година ќе биде повикан од Стојан Сталев, министер за надворешни работи на техничката влада на Стефан Софијански. Тогаш тој ќе му предложи да биде амбасадор во Загреб бидејќи ја познавал состојбата во регионот и имал контакти со водечките политичари на бившите републики на Југославија. Пресреќен што не го заборавиле, Енчев отворено ќе ги каже своите амбции да биде амбасадор во Македонија. „Бев поласкан од поканата, но и многу изненаден. Меѓутоа, веднаш запрашав: ’А нема ли да се занимавам со Македонија, која што ја познавам најдобро и каде се очекува доаѓање на власт на опозицијата која е блиска до Бугарија’. Стојан Сталев беше отворен: ’Навистина најдобра позиција за вас е Скопје, но таму имаме амбасадор кој добро работи. Освен тоа премногу си јавна личност за држава како Македонија. Во Белград сте вршеле исклучително полезна работа за Бугарија, но сте ги засегнале интересите на раководителите во Скопје и тоа ќе ве ограничи како дипломат’“, ја пренесува Енчев средбата со тогашниот прв дипломат на Бугарија.

И така бугарскиот шпион во Македонија бил именуван за амбасадор во Загреб. Пред да замине во Хрватска на средбата со тогашниот претседател Петар Стојанов прашал дали може како дипломат да се занимава со македонското прашање. Добил согласност и уште во првите денови по пристигнувањето во Загреб ќе почне да ги убедува Хрватите дека Македонците се Бугари. Македонското прашање било покренато и за време на предавањето на акредитивите на Франо Туѓман, кој за време на средбата го запрашал дали е родум од Македонија, зашто слушал дека повеќето бугарски политичари и дипломати имале македонски корен. Енчев му одговорил дека тој нема македонски корен, но дека дедото на неговата сопруга бил со Ванчо Михајлов. Истовремено му објаснил дека историјата на Македонија била неразделен дел од бугарската и дека етнички, јазично и духовно, поголемиот дел од населението во Вардарска Македонија и денес било бугарско. Енчев во својата книга тврди дека Фрањо Туѓман по разговрот со него го сменил мислењето за македонското минато кое било блиско до бугарското мислење.

По средбата со Туѓман, користејќи ги амбасадорските позиции, бугарскиот шпион ќе прави се на Хрватите да им докажува дека Македонците се Бугари, дека Браќата Миладиновци, во зборникот објавен во Ѓаково со помош на Штросмајер отпечатиле бугарски, а не македонски песни.

    Летувал и непречено снимал во Македонија

    Бугарски полицаец му го уништил шпионскиот материјал

    За време на своите шпионски мисии во Македонија Енчев немал секогаш среќа и понекогаш обични банални нешта му го упропастувале сиот труд. Кон крајот на 1988 година добил одобрение од Центарот за разузнавање во Софија да ги сними со фотоапарат „антибугарските“ споменици во Македонија, нешто што, според него, можеле да се користи за време на разговорите на владино ниво меѓу двете држави кога од македонска страна ќе се покренело прашањето за антимакедонската кампања во Софија.

    „За таа цел тргнавме семејно низ Македонија, искористувајќи го летниот одмор. Уште вториот ден македонското надворешно разузнавање се откажа од следењето, зашто беше убедено дека не барам контакти, туку само ги разгледувам културно-историските споменици, цркви и манастири. По десетдневен труд по магистралите, патиштата и селските патеки во Македонија, придружуван од мојата сопруга и петгодишниот син, се најдов на бугарскиот граничен премин Ѓуешево (Деве Баир н.з.). Ја поминавме граничната бразда и влеговме на бугарска територија. Во тој момент мојот син го извадил едниот од фотоапаратите и имитирал дека прави снимки преку задното стакло на автомобилот. Одеднаш се приближи бугарски ревносен граничен службеник, грубо ме натера да излезам од автомобилот и го грабна фотоапаратот од рацете на детето. Без да даде какво било објаснување, тој го отвори капакот на фотоапаратот и почна да го вади филмот. Гледав здробен, не бев способен да реагирам, не им верував на моите очи и мислев дека сонувам. Да ја обиколам половина Вардарска Македонија а не македонски, туку бугарски полицаец да ми го осветли еден од филмовите! Откако го упропасти филмот, тој гордо рече дека мојот син снимал во забранетиот реон, каде имало тајни гранични објекти“, ја раскажува својата шпионска епизода со несреќен крај бугарскиот новинар - разузнувач.

    Средба со Воислав Шешел
Не знаев дека Каракачанов е шпион

    Во деновите кога се решаваше судбината на Македонија по распадот на Југославија имало средба меѓу Воислав Шешел и Красимир Каракачанов во Белград. Енчев преведувал и, како што вели, дури тогаш разбрал дека и Каракачанов бил разузнавач на бугарските тајни служби. „Каракачанов разговорот со Шешел го водеше на завидно ниво, исто како и професионалните дипломати. Прво му даде обилни информации за Балканот, Македонија и Косово. Отворено изјави што значи за Бугарите Македонија и во исто време изрази разбирање за српските емоции за Косово. Шешел го прифати тој тон и направи анализа и прогнози, коишто беа многу важни за нас. Тогаш немав претстава дека Красимир Каракачанов работел во бугарското разузнавање. Од позиција на сегашната разградена држава тој факт говори дека во не така далечната 1992 година имало многу повеќе државност од денес кога сме членки на ЕУ. Вистинското разузнавање ги чува имињата на своите постојани агенти и соработници и не ги соопштува при никакви услови. Во конкретниот случај не требало да знам за припадноста на шефот на ВМРО кон бугарското разузнавање, поради што не сум бил информиран од Центарот. Така се чуваат како интересите на државата, така и сигурноста и достоинството на вработените во разузнавачките служби„, и се лути Енчев на владата на Станишев која ги соопштила неговото и имињата на Каракачанов и на многу други шпиони што работеле за бугарските тајни служби.

Изменето од mungos80 - 07.Ноември.2009 во 21:48
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2009 во 21:57
Удба и македонските патриоти
Македонските патриоти, кои биле чесни и посветени на својата сакана Македонија, со убедувања дека треба да ги исполнат аманетите на Илинденците, да се борат да ги исполнат нивните цели Македонија, да биде самостојна и обединета, биле сметани за најголеми непријатели и биле прогонувани од институциите на матичната татковина.

УДБА, не бирала средства да ги омаловажува, да ги малтретира, да им прави интриги и не само нив, туку и нивните семејства, се со цел да им го скрши патриотскиот дух и да им го наметне социјалистичкиот дух, за југословенско братсво и единство, но тоа кај цврстите и посветени македонски патриоти никогаш не им успеало.
Мане Јаковлески,бил прогонуван од УДБА само затоа што од патриотски побуди имал желба и потреба на душата да се запознае со македонските патриоти во Гетеборг-Шведска, за кои имал читано во списанието на ДООМ - Македонска нација.
Сам, во 1976 година ја реализирал својата замисла. Со автомобил заминал во Гетеборг и се запознал и останал неколку дена со Миле Илиески, Драган Богдановски, Илија Илиевски и неколку други членови на ДООМ - Движење за Обединување и Ослободување на Македонија.
По извесно време во Гетеборг се случил оружен напад на неколкумина од југословенскиот конзулат од Гетеборг, по настанот бил уапсен еден Македонец, а целата вина за подготовка и налогот за овој атентат му се препишува на Мане.
Македонската УДБА, атентатот веднаш го поврзала со посетата на Мане во Гетеборг, за која посета веќе добила информации од нејзини извори во Гетеборг. Оваа посета на Јаковлески е сметана како непријателска, т.е. било констатирано дека Мане, бил во Гетеборг со цел да подготвува терористички активности против државата Југославија.
Поради тоа издава потерница по Мане и со тоа четири години не му било дозволено да дојде во родното село Зубовце, да ги посети своите стари и оболени родители.
Со ургенции на вработен во Ресторанот „Ново Скопје“ во Берлин, кај негов роднина, тогаш висок функционер во Македонија - правото да допатува во Македонија без да биде уапсен била условувана, но на крај била дозволена.
За време на неколкудневниот престој во родниот крај, постојано бил на присмотра на припадниците на УДБА, а често бил повикуван на разговор и во централата на УДБА во Скопје.
Сето ова, може да се види од оргиналните белешки на доситето на Јаковлески, кои ги приложуваме.
Да појасниме, сите они кои биле на листата на УДБА, кога доаѓале во Македонија во посета на своите блиски морале редовно да одат на „информативен“ разговор, биле испитувани, се вршел невиден притисок да кажат се што доживеале во периодот додека биле во странство.
Некои дури од страв кажувале и измислени работи, само и само да се спасат да не им биде земена патната исправа, или да не бидат малтретирани-тепани.
УДБА имала свои центри насекаде во странство, односно информациите ги добивала главно од нашите сограѓани кои биле на привремена работа.
Исто така УДБА ги прислушувала телефонските разговори, каков што е примерот со Ресторанот „Ново Скопје“ во Берлин, сите писма кои биле испраќани на посочената адреса биле отворани, читани и се правеле копии, а потоа повторно препраќани до лицето кое било безбедносно интересно.
Во тоа време УДБА била сметана за една од најорганизираните тајни служби во светот.
Секој еден кој бил повикан од службите, морал да се јави на разговор.
Без исклучок.
Ви презентираме случај каде М.Ј. кога моли после четири годишна забрана да допатува во Македонија, без да биде уапсен, да дојде во посета на својот тешко болен татко.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2009 во 21:58
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2009 во 21:58
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2009 во 21:59
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2009 во 22:06
Во македонската економија тоа беа „Технометал-Вардар“, „Макотекс“, „Интеринпекс“. За сервисириње на нивните бизниси беа формирани и клонирани заеднички банкарски експозитури, главно во Лондон, Франкфурт, Њујорк, Виена. Не случајно дел од денешниот македонско бизнис и политичко лоби припаѓа или ги градело релациите со претставниците на трговските претставништва. Некои од нив подоцна основаа самостојни фирми или „делегатите“ сами си ги формираа и тоа во време на распадот на Советскиот сојуз. Еден дел од бизнисмените, „едуцирани“ во претставништва низ Запад и Исток, беа главните трговци во двојните блокади, од Грција и кон Србија, како и во легализирањето на 2-3 милијарди долари што беа заработени во црните бизниси за време на економските ембарга.

Првиот полицаец во експертската влада на се уште несамостојна Македонија беше Јордан Мијалков. Како правник, тој беше претставник на „Макотекс“ во Прага. Малкумина го познаваа во тие денови на неизвесност како да се формира првата македонска влада од стартот на повеќепартизмот. Тој беше еден од ретките министри на експертскиот кабинет на академик Кљусев, а имаа партиски книшки, кој јавно не се декларира за вмровец. Опонентите во полицијата, пред се во парламентот, со сомнежи и индиции, настојчиво ја пласираа тезата дека Мијалков, како соработник на тајните служби, станува експозитура на КОС во Македонија. Самиот во неколку наврати ги именуваше блиските и лични релации со тогашните генерали на ЈНА задолжени за КОС.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2009 во 22:08
КОС во Македонија беше присутна до 1991-92 година. Работеше со свои оперативни и аналитички служби и меѓу припадниците на армијата и меѓу граѓаните. Нејзините инспектори работеа и во униформа и во цивилно и имаа своја мрежа соработници.

Дали сигурно е расформирана??/
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2009 во 23:28
Самиот Танасис Стерју признава дека потребата и желбата за добивање грчка литература од Република Грција му се исполнува со двете енциклопедии добиени од Организацијата за распространување на грчкиот јазик. Сега тие од негова страна се користат во дидактичкиот процес, а се однесуваат на грчката митологија, историјата на античка Грција и востанието на грчкиот народ против османлиската доминација од 1821-та година. Како и да е, Танасис Стерју во своето училиште, покрај грчкиот јазик, на своите ученици им предава и грчка историја.

‘Во интервјуто во врска со ова тој ќе каже дека ‘историјата е најтешкиот дел од овој проблем, но час по грчки без историја не може да постои’. Но, на каква историја ги учи тој децата? На ова прашање одговор ни дава самиот Стерју: ‘во ФИРОМ децата учат друга историја од онаа што учат децата во Грција. На пример, за Александар Велики јас сум должен да им кажам дека за Грците тој потекнува од Грција, а не од Македонија, како што учат моите ученици во училиштето’. А ние на ваквото негово сведоштво ќе се запрашаме, дали ова не значи паралелно изучување на историјата во Република Македонија и како тоа ќе влијае во свеста на учениците и нивното понатамошто национално оформување? И кој го дозволува тоа? За жал, паралелно со овој процес, во Битола денес постојат и две здруженија на Трци’ во Република Македонија. Првото е формирано во септември 1998 година, како Друштво на пријателство и соработка меѓу Грција и Битола а се вика ‘Пелагонија’. Денес ова друштво брои повеќе од 400 членови, од кои 60 се најактивни. Прв претседател на друштвото бил познат битолски судија и адвокат, а денес претседател е личноста со иницијали Е.Р. Од 1999-та година во друштвото започнува да се изучува и грчки јазик, а часовите ги одржуваучителотА.С.Друштвото’Пелагонија’ соработува со грчки друштва формирани од Битолчани, кои по по-делбата на Македонија се преселени во Грција. Тоа се друштвата ‘Картерија’ од Солун и ‘Елпис’ од Лерин. Покрај ова друштво, во 2002-та година беше формирано и Друштвото пријатели на грчкиот јазик ‘Око’, односно ‘Мати’ а негов основач е токму Танасис Стерју. Една од активностите на Стерју, покрај предавањето на грчкиот јазик и историја, претставува организирањето на бесплатни летувања на негови ученици во грчки одморалишта и посетата на историско-археолошки знаменитости во Република Грција. Сепак, најголемо внимание привлекува посетата на Стерју и неговите ученици на грчкиот парламент, при што истите беа примени од страна на претседателот на грчкиот Парламент, Димитрис Сјуфас, вели м-р Димитар Љоровски, подвлекувајќи дека целата оваа активност се финансира од Грција, од владини или невладини организации.

Доказ за ова, вели м-р Љоровски, е писмото на Танасис Стерју до Друштвото за распространување на грчкиот јазик, објавено на интернет страницата http://www.odeg.gr/html/kataskinosi08.html. Во писмото учителот се заблагодарува за овозможената посета во одморалиштето Св. Андреја во општината Атина, но истовремено и ‘за економската помош која ја добивме за децата од Битола во ФИРОМ’. И сосема на крај, како заклучок, вели тој, ќе резимираме дека соседите, во случајот грчкиот, треба добро да се познаваат за да може државната политика правилно да се насочува во градењето на меѓудржавните односи, но навреме да се реагира и да им се парира на разновидните акции кои имаат поткопувачки карактер. А Грците не следат на секој чекор и не познаваат многу добро.
Кон врв
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2009 во 15:16
Нема потреба од шпиуни во Македонија и уништување на Македонија од страна, ние самите знаеме како се прави тоа, таков народ сме!

Изменето од Buggyman - 08.Ноември.2009 во 15:16
Homo homini lupus est...
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2009 во 17:34
да ама кој се македонците кој работат за нив.
до кога ќе изиграват патриоти ?
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2009 во 01:14
Танас, си влегол во шпионски филм... ја одмори 2 денамир и друг пат внимавај пред да наречеш некого шпион! 
Кон врв
dejanpp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dejanpp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2009 во 10:12
delata  od  stranskite  tajni  sluzbi  vo  makedonija  sekogas  se  javni  posto   toa  e  i  celta  nivna  da  smenat  nesto  vo  drzavata.pa  kako  rezultat  na  toa  imame  celosna  manipulacija  so  rabotnata  sila  vo  makedonija  od  strana  na  grcija,tuka  moze  da  se  spomne i imeto,pojavuvajneto  vo  drzavava  na  mnogu  bugarski  drzavljanstva,iskoristuvajneto  na  albancite  kako  sredstvo  za  da  se  onevozmozi  funkcionirajneto  na  drzavata  za  da  moze  najgolemata  svetska  sila  usa  podrzana  od  evropa  da  ja  koristi  teritorijata  na  makedonija  za  strateslki  celi....itn.
razoznavacite  na  makedonija  seto  ova  go  doznaa   navreme  no  spiunskiot  sistem  koj e navlezen  od  nadvor  e  imun  na  sekakvi  razoznavacki  dvizejna poradi  primenata  na  moderni  metodi  na  upravuvajne   edna  od  niv e  pravejneto  preku  nojk obicni  lujdze  da  stanat  milioneri. 
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2009 во 10:44
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Во Битола имаме грчки шпиуни кој преку к*рсеви за деца на младите во Битола им предаваат историја на грција а Македонија ја нарекуваат Фиром.

Професорот бил на работа во битолската гимназија.
 
Па името ФИРОМ ...ни го донесе (во мираз) „најмудриот„ фиромољубец кај нас..викан и еднооки...
Прашањето (на темата) би требало да гласи КОЈ се...кај нас не „работи„..односно популарно кажано и ровари..
Петтата КОЛОНА ни е ЈАВНА....со инсталации  вгнездени наседе во државата... 
намигнување


Изменето од novace - 09.Ноември.2009 во 10:45
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.