IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Милост или правдина?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Милост или правдина?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2009 во 20:29
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

maria magadalena се согласувам дека милоста е пред се`! Но што е поентата на твојата компарација помеѓу Исусовите зборови од Евангелието содржано во Новиот завет со сурите од Quran-от?

Не ги оправдувам постапките прикажани на ужасните фотографии. Вистински божји слуга никогаш не би направил такво нешто. Но рака на срце, и Библијата од која го наведе цитатот, исто така изобилува со ужасни инструкции (наводно од Бога, воедно контрадикторни со Исусовите постапки и изјави) кои треба „вистинските„ верници да ги спроведат.

Од Библијата - Стар Завет:
Втората книга Мојсеева(Левитска)
гл.20 стих 10:
„Човек кој ќе прељубодејствува со мажена жена; кој ќе изврши прељуба со жената на својот ближен, нека биде казнет со смрт; и прељубникот и прељубницата.„

Петатта книга Мојсеева(Второзаконие)
гл.22 стих 20 и 21:
„Но ако обвинението - дека не се најде девственоста во младата жена - биде вистина,
нека ја изведат девојката при куќната врата на нејзиниот татко, па луѓето на нејзиниот град нека ја засипуваат со камења, додека не умре, зашто направила срам во Израел, предавајќи му се на блудот во татковиот дом. Така ќе го откорнеш злото од својата средина.„



Во што е разликата?


Одговорот лежи в твоето прашање.
Законот е каменот на сопнување, како во Стариот завет, така и денес, кај оние кои го зеле истиот за урнек-к*ранот.

Додека Исус ни покажа што значи милост и прошка.
“Ако има некој без грешка, нека фрли прв камен“

Многу едноставно, нели?трепкање

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2009 во 22:21
Се согласувам со тоа што го велиш. Урнекот не е добар. Прашање дали Мухамед воопшто навистина такво нешто изговорил(или некој му го ставил тоа во уста)?! Но зошто тој лош урнек(мислам на Стариот Завет) сеуште го чуваме како составен дел на книга на која повеќето верници се повикуват како апсолутна божја објава?

Јас или уште подобро некој теолошки поткован муслиман може да наведе исто така бројни цитати од Quranот кои укажуваат на Аллаховата милозливост спротивно од цитатите кои ги наведе.

Вака испаѓа или Исус го прекршил урнекот или Бог се предомслил(messenger имаше дискутирано во една негова тема). Римокатоличката црква дури вели дека Новиот завет го надополнува стариот и дека и двата се вистинска Реч Божја. Со право би можел некој од муслиманите да негодува: „Нашол кој да ми каже! Изметете си во својот двор...„

И како тоа да некои народи кои се раководат според стариот погрешен урнек не знаат за вистинскиот, кој е милост и простување? Сакам да речам, каде бевме ние христијаните да го пронесеме евангелието на љубовта низ целиот свет со личен пример?(не дословно во моментов јас и ти, туку како генерации низ историјата на христијанството).

Христијаните да го живееа законот на љубовта и милоста, ќе имаа духовна надмоќ и народите со поинакви верувања спонтано ќе го прифаќаа евангелието како став според кој би се раководеле во меѓучовечките односи.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2009 во 22:33
Мајкл, и да ти кажам, ти не би го прифатил тоа за одговор.
Но:
“Јас дојдов да го исполнам Законот и Пророците“

Законот беше старото вино кое не смее да се става во нови мевови. Законот беше камен на кој се сопнаа и паднаа мнозина.
Да бевме под Законот, никој немаше да биде спасен.

Уште во С. Завет Бог се открива како милозлив Бог, колку и да звучи контрадикторно, и тоа не по заслуга на луѓето но поради Својата определба да ги исполни ветувањата дадени на Авраам, Исак и Јаков.
Но кога сето тоа се исполнило-со Исус, тогаш Законот е заокружен.

“Божјата благонаклоност не ослободи од потчинетоста на Законот“ (Рим.6:15)

Во Рим.7
“Драги Христијани, овие зборови им ги упатувам на поборниците на Мојсеевиот Закон. Не знаевте ли дека кој и да е закон има моќ врз луѓето само додека се живи?“

Ри. 7:4: “Вие не подлежите на старозаветниот Закон даден преку Мојсеј затоа што Христовата смрт значеше и ваша смрт. Бидејќи Христос воскресна вие сте сега сврзани со него а не со старозаветниот закон. Тоа ви овозможува да бидете полезни и плодоносни за Бог“

Се надевам дека ова го сфати.


МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2009 во 22:40
Originally posted by Majkl Majkl напиша:



И како тоа да некои народи кои се раководат според стариот погрешен урнек не знаат за вистинскиот, кој е милост и простување? Сакам да речам, каде бевме ние христијаните да го пронесеме евангелието на љубовта низ целиот свет со личен пример?(не дословно во моментов јас и ти, туку како генерации низ историјата на христијанството).

Христијаните да го живееа законот на љубовта и милоста, ќе имаа духовна надмоќ и народите со поинакви верувања спонтано ќе го прифаќаа евангелието како став според кој би се раководеле во меѓучовечките односи.


А за ова,
Исус вели ОДЕТЕ И ПРОПОВЕДАЈТЕ ГО ОВА ЕВАНГЕЛИЕ ДО КРАЈОТ НА СВЕТОТ.

При тоа не мисли на дестинација како некоја крајна точка, но јасно, на Второто Свое доаѓање.
Значи, кога сите народи ќе ја чујат Радосната Вест, и ќе имаат прилика доброволно да се потчинат на Милоста, тогаш ќе дојде КРАЈОТ.

А зошто не го живееле тој закон (на љубов и милост)?
Кој вели дека не го живееле или не го живеат? Но на овој свет доминира Мамон, жетвата е голема а жетварите секогаш малубројни и никогаш доста.

Секој кој не живеел како треба-а знаел, ќе си одговара еден ден.Не треба да се угледуваме на оние кои не живееле по тоа, но да “се загрнеме со исус Христос“, и да бидеме НИЕ (јас, ти, Петре, Насер, Хашми, Стамена...) Христолики.
А тој ден нема да дојде пред секоја единка да слушне за Радосната Вест.намигнување

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2009 во 22:41
Ние не подлежиме на старозаветниот закон ама луѓето во старозаветното време подлежеле? О.к. но тогаш така и каменуваните несреќнички од фотографиите подлежат под законот изнесен во сурите... кога ќе добијат нов закон нема да подлежат повеќе на стариот. А до тогаш...
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2009 во 22:45

Нека му ја мислатнамигнување
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2009 во 22:57
Бог е ВИСТИНА, не апсурд. Оттаму сериозно се сомневам дека Тој изјавил такви гнасотии во стариот завет а потоа ги поништил тек така преку Павле како да не ги ни рекол(демек пу пу не се важи, работава).

Ако си дозволуваме да веруваме во такви апсурди(во тоа доста вина има и Тертулијан со своето Credo quia absurdum = Верувам оти е апсурдно) тогаш даваме пример на другите како (не) треба и како можат некои работи сепак да си поминат.
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Кој вели дека не го живееле или не го живеат?
Историјата и сегашноста.
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Но на овој свет доминира Мамон, жетвата е голема а жетварите секогаш малубројни и никогаш доста.
Да, но зошто доминира Мамон? Зошто постојат и ден денес народи каде се практикуваат такви казни како на фотографиите од претходната страна? Некој ќе рече „епа оти се држат до лошиот урнек„ ама кој дозволува лошиот урнек сеуште да опстојува писмено(и во променета форма во пракса)? Кој е тој кој благовремено не ги информираше останатите за вистинскиот урнек.
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:


А за ова, Исус вели ОДЕТЕ И ПРОПОВЕДАЈТЕ ГО ОВА ЕВАНГЕЛИЕ ДО КРАЈОТ НА СВЕТОТ.При тоа не мисли на дестинација како некоја крајна точка, но јасно, на Второто Свое доаѓање.Значи, кога сите народи ќе ја чујат Радосната Вест, и ќе имаат прилика доброволно да се потчинат на Милоста, тогаш ќе дојде КРАЈОТ.

Одамна многумина знаат за Исусовото учење но не го остварија, затоа и КРАЈОТ на овој свет силно чука на портите и веќе како допола да ја отворил вратата.

Изменето од Majkl - 20.Јули.2009 во 22:59
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2009 во 23:22
И уште нешто:
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Значи, кога сите народи ќе ја чујат Радосната Вест, и ќе имаат прилика доброволно да се потчинат на Милоста, тогаш ќе дојде КРАЈОТ.
Штом е така, да ги оставиме на раат оние кои ги каменуваат своите(туѓите) жени и мајки и да ги не ги изложуваме на срам објавувајќи такви фотографии низ форуми. Тие само си го вршат „законот„. На крајот од краиштата не ја чуле радосната вест па не им дошло ни времето да се потчинат доброволно на Милоста што пак за последица го има спроведувањето на позајмениот урнек од Библијата.

Језиво!

Не се тоа работи кои сами од себе се такви или сами од себе ќе се променат затоа што некаде е така претскажано. Оние кои ја имаат вистинската информација треба нешто активно да превземат, соодветно своите моментални ингеренции. Така и наместо КРАЈ би се постигнала трансформација, но добар дел од времето е веќе прокоцкано.
Кон врв
Hamza Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 72
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Hamza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2009 во 23:33
Еве ви ја вашата милост и правдина кон која што повикува Библијата

ЛЕВИТ - ТРЕТА КНИГА МОЈСЕЕВА Глава 24

20 скршено за скршено, око за око, заб за заб: каква повреда му направил на човекот, така да му се направи и нему.

БРОЕВИ - ЧЕТВРТА КНИГА МОЈСЕЕВА Глава 25

    4 „Собери ги сите народни началници - му рече Господ на Мојсеја. Обеси ги пред Господа на бел ден, за да се одврати Господовиот гнев од Израел.”
5 Тогаш Мојсеј им рече на израелевите судии: „Нека секој ги погуби оние свои луѓе, кои се прилепија до Фегорскиот Ваал.”



7 Кога Финес, синот Елеазаров, синот на свештеникот Арон, го забележа тоа, стана пред заедницата: зеде копје во раката
8 и тргна по Израелецот, во лежиштето, и ги прободе двата, Израелецот и жената; неа низ слабините, па прекрати поморот на Израелевите синови.

9 А тие кои изумреа од поморот беа дваесет и четири илјади.


КНИГА ЗА ИЗРАЕЛЕВИ СУДИИ Глава 21

11 Еве што ќе направите: ќе ги предадете на проклето погубување сите мажи и сите жени, кои делеле постела со маж, но ќе го запазите животот на девиците.” Така и направија.

ПРВА КНИГА САМОИЛ
Глава 2


10 Кои Му се противат на Господа, се сотираат. Сèвишниот грми од небесата врз нив. Господ им суди на краиштата на земјата, му дава сила на својот цар, и Го воздигнува рогот на Својот помазаник.”

ИЗЛЕЗ - ВТОРА КНИГА МОЈСЕЕВА
Глава 12

12 Имено во таа ноќ Јас ќе тргнам низ Египетската Земја и ќе ги погубам сите првороденци во Египетската Земја, и на човекот и на животното. Јас, Господ, ќе ги казнам и сите египетски божества.

ИЗЛЕЗ - ВТОРА КНИГА МОЈСЕЕВА
Глава 23

23 Мојот ангел ќе врви пред тебе и ќе те доведе до Аморејците, Хетејците, Ферезејците, Хананците, Евејците и Евусејците, за да ги уништам.

24 Немој да им се клањаш на нивните идоли ниту им искажувај почитување; не постапувај како што прават тие, туку сруши им ги нивните идоли и искрши им ги столбовите.

ИЗЛЕЗ - ВТОРА КНИГА МОЈСЕЕВА
Глава 32
       
27 Тој им рече: „Господ, Бог на Израел, зборува вака: ‘Нека секој го припаше мечот до бедрото и нека тргне низ логорот од врата до врата, па некој нека го убие брата си, некој својот пријател, некој својот сосед.’”

28 Левиевите синови го извршија Мојсеевиот налог, и во тој ден паднаа околу три илјади луѓе од народот.

КНИГА ЗА ИЗРАЕЛЕВИ СУДИИ
Глава 21
    

10 Затоа заедницата испрати таму дванаесет илјади храбри луѓе и им заповеда: „Идете и исечете ги со остри мечеви жителите на Галадски Јавис, заедно со жените и децата.

КНИГА ЗА ИЗРАЕЛЕВИ СУДИИ
Глава 20
    

48 Потоа Израелевите луѓе им се вратија на Венијаминците, ги исекоа со остри мечеви мажите во градовите, добитокот и сè што се нашло; и ги изгореа со оган сите градови што ги најдоа во Венијамин.

ПРВА КНИГА ЦАРЕВИ
Глава 18

40 Илија им рече: „Фатете ги Вааловите пророци, за да не избега ниеден од нив!” И тие ги фатија. Илија ги одведе до потокот Кисон и таму ги погуби.

БРОЕВИ - ЧЕТВРТА КНИГА МОЈСЕЕВА
Глава 31
   
17 Затоа убијте ги сите машки деца! А убијте ја и секоја жена, која запознала маж!

18 А оставете ги живи за себе сите девојки, кои не запознале машко.

КНИГА НА ПРОРОК ЕЗЕКИEЛ
Глава 9

5 А на другите им рече пред моите уши: „Тргнете по него низ градот и убивајте без милосрдие. Вашите очи нека не се сожалат и немајте милост.
6 Погубете ги старците, младинците, девојките децата и жените; истребете ги сите до последниот. .......



А еве и сликовито.

Кон врв
Hamza Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 72
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Hamza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2009 во 23:44








 Но јас ќе и речам дека ИСУС НЕ ГО УКИНАЛ ЗАКОНОТ.

Или ќе треба документирано и сликовито да ви ја докажувам христијанската правдина и милост во Сребреница, Чеченија, Ирак, Авганистан итн.

Брука!

Молам да се воздржуваш од коментари полни иронија и сарказам упатени до мене. Што мислев јас си кажав, пишувај си и ти на тема пастирај слики-на тема, оградувајќи се од мои искази.
Патем веќе си опоменат еднаш-по моја милост доби опомена. Уште еден пост упатен кон мене-и со овој којзнаепокојред ник ќе бидеш трајно баниран.



Изменето од maria_magdalena - 21.Јули.2009 во 00:24
Кон врв
Hamza Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 72
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Hamza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2009 во 00:43
Немој на таков начин да ми ги едитираш постовите!! Доволно сум свесен и знам како да реплицирам. Зошто едноставно во нов пост не ја напишеш забелешката што ја имаш? Зарем Исус не рекол: " Со каков суд судите, со таков ќе ви се суди!!" ?,или поинаку кажано, на провокација се одговара со провокација.

А сега да ти кажам дека ТВОЈА МИЛОСТ ВООПШТО НЕ МИ Е ПОТРЕБНА! Доброволно си заминувам од форумов, БЛАГОДАРЕНИЕ НА ТЕБЕ!

Па еве ти прилика трајно да ме банираш.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2009 во 01:06
Па судејќи по однесувањето не се согласувам дека си доволно свесен што пишуваш, а и немаш право да ми кажуваш како да едитирам. Тоа таму, во ИЦ прави си кајгани со членството од надвор, исмевајте се, а овде, додека сум јас колку ќе сум-нема да дозволам такви работи.

И не се вади со мене, доста веќе од твоите жалопојки во кои изигруваш жртва, не ти доликува.
Трајно си баниран неколку пати и воскреснуваш со разни ИП-ја.
Кој бил виновен за тоа? Јас?  Останатиоте кои биле модератори кога си аздисувал ти?
Не-секој е одговорен за своите постапки, а со твоите не се покажа во во добро светло. Не си бил џабе баниран, како што нема ни сега.


МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2009 во 01:31
Кога прашав за поентата на постовите од претходната страна, токму од ваков развој на темата се плашев!

Ама ете... секој си има право на свое мислење, само не гледам фајде од провоцирање и препукување.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2009 во 02:59
I mene ne mi se dopagja vakviot razvoj na diskusijava...

Temata e Милост или правдина?, a ovde s'e povekje nalikuva na bezmilostie i nepravda, kako i sporeduvanje, kategorizacija i valorizacija na razni religii.

Isus nikogash ne go ukinal Zakonot, tuku go prodlabochil negovoto znachenje, Pavle nikogash ne rekol deka Isus go ukinal Zakonot, Isusovite citati krivo se interpretirani za da odgovaraat na Pavlovata doktrina i t.n. i t.n., i ako sakate da diskutirate za seto ova povelete na dvete temi koi se otvoreni tokmu za takvi razgovori: Законот и Евангелието i Hristijanstvoto i svetovniot zhivot.

Fokusot na ovaa tema vo sushtina e dali milosta sekogash ja sodrzhi pravdinata, dali vo pravdinata sekogash ima milost, dali ednoto e potpolna zamena za drugoto i dali mozhe edno opshtestvo (neka bide i hristijansko) da funkcionira bez edno od ovie dve?

Ve molam site da se drzhite do temata.





Изменето од Messenger - 21.Јули.2009 во 03:28
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,531 секунди.