IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - GP Brazil
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

GP Brazil

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
tuturutka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Април.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1131
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tuturutka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2008 во 16:13
Bravo za Hamilton . . .Zasluzi titula . . .голема%20насмевкааплауз
STRUGA
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2009 во 04:29
ФАВОРИТИТЕ РЕЗЕРВИРАНИ

Фернандо Алонсо имаше најдобро време на денот, поставено во втората сесија која се возеше вечерва во 19 часот по македонско време. Изненадувањето на Алонсо го надополни Себастијан Буеми со второто најбрзо време, оставајќи ги конк*рентите за титулата зад себе. Водечките не беа на висина на задачата, особено во втората сесија, што им отвори можност на Алонсо и Буеми да се докажат.

Хронолошки, првата сесија помина во знакот променливите временски услови. Возачот на Ред Бул, Марк Вебер на Ред Бул го имаше најдоброто време. Иако лесен дожд беше противник на возачите во раната фаза од тренингот, Австралијанецот успеа да дојде до време од 1:12.463. По него следуваат возачите што го бркаат Џенсон Батон во генералниот пласман; Рубенс Баричело на Браун и Себастијан Фетел во болидот на Ред Бул задоцнија четири десетинки, со меѓусебна разлика од само пет стоти делови од секундата. Хеики Ковалаинен и Луис Хамилтон покажаа дека се конк*ренти за висок пласман во Бразил со четвртата и петтата позиција, додека Казуки Накаџима дојде до шестата позиција со својот Вилијамс. Возачот кој има најмногу шанси за титулата, Џенсон Батон беше само седми, со задоцнување од шест десетинки. Нико Розберг на Вилијамс, Адријан Зутил на Форс Индија и Кими Раиконен на Ферари ја комплетираа првата десетка, во интервалот од шест-осум десетинки зад водечкиот Вебер.

Вората сесија ја одбележа временски позбиен поредок, бидејќи времето на првиот и последнопласираниот возач беа во разлика од само девет десетинки. Иако Себастијан Буеми го имаше најдоброто постигнување на самиот крај на втората сесија во Интерлагос, Фернандо Алонсо извозе 1:12.314, поставувајќи го најдоброто време во денот. Времето на Буеми, 1:12.357 беше доволно само за втората позиција, додека Рубенс Баричело покажа дека е мотивиран на домашен терен, со третото место и заостанување од само една десетинка. Марк Вебер беше четврти, а Џенсон Батон петти. По нив следуваат Јарно Трули на Тојота и Себастијан Фетел. Осмопласиран повторно беше Нико Розберг на Вилијамс, а деветти и десетти беа Адријан Зутил на Форс Индија и актуелниот шампион Луис Хамилтон на Мекларен. Замената на Тимо Глок, Камуи Кобајаши имаше 13-то време, со што го заокружи првиот ден од првиот официјален викенд, на кој официјално ќе дебитира во Формула 1.

Тимовите и возачите имаа можност да соберат потребната количина информации за претпоследната трка во сезоната, која можеби ќе понуди разврска за титулата во двете конк*ренции. Дополнителни компликации може да создаде дождот кој е најавен и за сабота и за недела, а ниту денес не ја одмина Интерлагос. Квалификациите се закажани во 14 часот по локално, односно 19 часот по македонско време.

f1almanah.com
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2009 во 02:27
Пол позицијата за Баричело


Минимална видливост, поројни дождови и чести прекини на сесијата го одбележаа вториот ден од претпоследниот гран при викенд во сезоната. Љубителите на Ф1 веројатно ја гледаа најдолгата квалификациска сесија, поради многубројните и временски големи прекини, кои наместо во 8 часот, овозможија комплетирање на конечниот поредок во 21.40 часот по македонско време. Дождот на патеката Интерлагос направи дополнителна мешаница, со што сите калкулации и претходно договорени стратегии на тимовите можат многу лесно да паднат во вода. Во ваква ситуација најуспешен беше Рубенс Баричело, кој утре ќе стартува од пол позицијата на домашното гран при на Бразил. Покрај возачот на Браун, пласман на втората и третата стартна позиција изборија и Марк Вебер на Ред Бул и Адријан Зутил на Форс Индија соодветно. Во борбата за титулата, Џенсон Батон и Себастијан Фетел имаат лоши стартни позиции, што најдобро ги искористи токму Баричело, кој ќе има чист пат пред себе во обидот да ја намали бодовната разлика на водечкиот Батон.

Увертира пред небообичаената квалификациска сесија беше утринскиот саботен тренинг, каде Нико Розберг на Вилијамс беше првопласиран, следен од клупскиот колега Казуки Накаџима. Сесијата првично беше одложена за 42 минути, поради неможноста на медицинскиот хеликоптер да полета, а траеше само 13 минути, при што сите возачи успеаа да остварат летечки круг. Страотен судар имаше возачот на Рено, Роман Грожан, кој за среќа не беше повреден. На пет минути до крајот по излетувањето на Французинот, сесијата дефинитивно беше завршена.

Првата квалификациска сесија беше стопирана по само пет минути, откако во вториот свиок Џанкарло Физикела загуби контрола над својот болид и не беше способен да го стартува истиот. Поради несоодветни временски услови, сесијата беше пролонгирана за околку десетина минути. По повторниот старт, најуспешен беше Розберг на Вилијамс, возејќи 1:22.828. Второ време по вредност имаше Кими Раиконен со Ферари, а трет беше Роберт Кубица на БМВ Заубер. Разочарувачки, Себастијан Фетел ќе стартува само како 16-ти, бидејќи беше прв од последните пет возачи, кои го завршија настапот во “првата третина” од квалификациите. Покрај него, возачите на Мекларен, Хеики Ковалаинен и Луис Хамилтон, Ник Хајдфелд на БМВ Заубер и отпишаниот Џанкарло Физикела на Ферари ги пополнија позициите 17-20 на стартот.

Почетокот на втората сесија исто така имаше 15-минутно пролонгирање. По само три минути од почетокот на вториот дел, Витантонио Лиуци имаше тежок судар по излезот од стартно-целната рамнина, со што повторно се развеа црвено знаме. Паузата во овој дел траеше неверојатни 70 минути, а сесијата конечно продолжи овозможувајќи му на Нико Розберг повторно да има најдобро постигнување на минимално исушената патека. Германецот од Вилијамс возеше 1:20.368, а во една секунда од реперот беа девет возачи. Покрај Лиуци, кој по сударот ќе стартува како 15-ти, во втората сесија настапот го завршија дебитантот Камуи Кобајаши на Тојота, Хаиме Алгуерсуари на Торо Росо, Роман Грожан на Рено и изненадувачки, Џенсон Батон на Браун.

Третата сесија за среќа на најдобрите возачи мина непречено. Поради специфичните временски прилики, беше многу неизвесно на самиот крај, бидејќи времињата на повеќето возачи беа многу изедначени. По Баричело, Вебер и Зутил, кои имаат најдобри стартни позиции, следуваат Јарно Трули на Тојота, Кими Раиконен на Ферари, Себастијан Буеми на Торо Росо, Нико Розберг на Вилијамс, Роберт Кубица на БМВ Заубер, Казуки Накаџима во вториот Вилијамс и Фернандо Алонсо на Рено.

Утрешната трка започнува во 19 часот по македонско време, односно 14 часот по локално време. Слично како денес, очекувањата се дека ќе биде присутен пороен дожд. Подобар увид за случувањата ќе имаме по анализата на тежините на болидите. Возачите имаа многу летечки кругови низ сесијата, па ќе биде интересно да се видат тежините на болидите, кои утре можеби ќе имаат клучна улога.

f1almanah.com
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2009 во 03:21
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2009 во 19:31
ич не скав овој да победи, ич
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2009 во 20:35
Originally posted by zabegan zabegan напиша:

ич не скав овој да победи, ич


i jas ne sakav ama toa e
sakav Vettel pa Barrichello pa posle Button ako slucajno ne mozea drugite

sega ke se zanesva uste povekje
koj sum jas nikoj ne e
jas sum najdobar i nikoj ne mozi so mene

ama...... ke go vidime v godina so Rosberg kako ke bidi (ke ja golta prasinata od Rosberg kako ovaa godina od Barichello)

a plus koga Hamilton mu cestitase ovaj Button ne go ni pogledna oti mu ljubomorese lani za titulata koga ja osvoi
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2013 во 22:31
Нова историска победа на Фетел

Возачот на Ред Бул, Себастијан Фетел, на најубав можен начин ја заврши сезоната, триумфирајќи на трката за Големата награда на Бразил, која за него беше деветта во низа.

Со 13. победа сезонава, Фетел се израмни со Михаел Шумахер, на кој тоа му појде од рака во 2004. година.да

На патеката "Интерлагос" Фетел триумфираше со време од 1:32:36.300, втор беше неговиот клупски колега Марк Вебер со дури десет ипол секунди заостанување, а на подиумот се искачи и Феранандо Алонсо од Ферари, кој имаше заостанување од 18,9 секунди.

Зад тројцата најбрзи финишираа Џенсон Батон од Мекларен, Нико Розберг од Мерцедес и Серхио Перез од Мекларен, а бодови освоија уште и Фелипе Маса од Ферари, Нико Хулкенберг од Заубер, Луис Хамилтон од Мерцедес и Даниел Рикардо од Торо Росо.



Изменето од Schatzii7 - 24.Ноември.2013 во 22:32
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2013 во 02:07
Фетел е веќе досаден... воопшто не ми смета тоа што руши рекорди и што победува (секоја чест), туку начинот на кои што ги руши... никој не сака да гледа тркачки викенд каде разликата помеѓу позициите на првиот стартен ред е повеќе од пола секунда, а водачот на стартот прави разлика од 7 секунди во првите 7 круга, каде нити пит-стоп стратегиите, нити техничките проблеми можат да сменат нешто и да воведат возбуда за финалната победа, и мора да се задоволиме со мидфилд битки кои отсекогаш ги имало

многу луѓе ја споредуваат доминацијата на Ветел со таа на Шумахер, ама Шумахер барем во текот на неговата доминација 2000-2004 успеа да приреди многу возбуди,а да не збориме па вон неа...

дури и самиот Фетел призна дека иако статистички сруши огромни рекорди и се израмни со најдобрите, дека суште има леб да јаде за да се докаже дека е достоен да стои во холот на славата заедно со имиња како Аскари, Фанџио, Сена, Шумахер и т.н.
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.