|
Вечерва, да те прашам... |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
zidarski, немој да чекаш Бог во сон да ти се објави и да ти каже што да направиш за Него. Доволно ќе направиш за Него ако ги пазиш Неговите заповеди што се напишани во Неговиот Збор - Библијата. Исполнувај ги тие заповеди и ќе правиш богоугодни дела. Љуби го Бог, љуби го својот ближен, проповедај го евангелието, прави Христови ученици, поучувај ги луѓето на она што Христос ни заповедал, земај редовно причест, изврши библиско крштевање (ако не си го направил тоа), не изостанувај на редовните состаноци на црквата, не враќај зло за зло, биди сол и светлина каде што се наоѓаш, држи се до Словото, до изворното христијанство итн. ако ги правиш овие работи, Бог ќе биде презадоволен од тебе.
"Ќе останете во Мојата љубов, ако ги запазите Моите заповеди"
(Исус во евангелие по Јован 15:10) п.с. Azrael, сега приметив колку сме јас и ти едномислени. Очигледно еден ист Дух не спојува Изменето од EvAngelos - 07.Септември.2008 во 03:38 |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи со проповедање, со љубење само на ближниот, со одење в црква и со неправење лошо е доволно...?
А не со правење на делата, со помагање на сите, со подобрување на светот? Јас погрешно сум го разбрал тогаш следниов текст: 44 А Јас ви велам: Љубете ги своите непријатели и молете се за оние, кои ве гонат; 45 за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата, Кој прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните и на неправедните. 46 Зашто ако ги љубите оние, кои ве љубат вас, каква награда имате? Зар и цариниците не го прават тоа исто? 47 И ако ги поздравувате само своите браќа; што правите особено?Зар не го прават истото и цариниците? Изменето од zidarski - 07.Септември.2008 во 04:42 |
|
Do what is right, come what may...
|
|
misterX
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За да му помогнеме на Бога, сите ние треба да излеземе од нашите цркви, џамии си други свети храмови и она што го научивме таму да почнеме да го применуваме во пракса. Ако добрината ни е единствениот “колач на послужавникот“ со кој ќе му пријдеме на “гостинот“ кој не е како нас, тогаш Аллах ќе биде задоволен.
Она што денес му се случува на човештвото е сосема различно од она на кое алудираат сите религии. Наместо слобода и среќа насекаде војни и страдања. Ние тука зборуваме за идеологии и идеали ама заборавивме како изгледа реалниот живот. Понекогаш помислувам дека голем дел од форумџиите тука кога ќе ги изгаснат своите компјутери и ќе излезат на прошетка, некаде низ своите маала, длабоко се разочаруваат соочувајќи се со слика поинаква од онаа која што ја имаат проектирано некаде во своите “религиозни глави“. Мислам дека денес Исус -Иса а.с ни е потребен повеќе од било кога. Мислам дека денес сите божји пратеници ни се премногу лути затоа што многу малку спроведуваме од она за кое тие ни зборуваа и не учеа. Што да направиме за бога? За него треба да го направиме она што тој ќе го направи за нас доколку не го заборавиме во ниеден момент од денот. ЈАс како муслиман ќе си кажам што се ми смета кај муслиманите и што треба да смениме за да му помогнеме на Аллах и да си помогнеме самите на себе: Како прво денес муслиманите ги заборавија првите к*рански пораки дека секој од нас треба постојано да учи. Образованието е на лошо ниво иако државата ни нуди секакви услови за да станеме образовани. Женските деца не секогаш имаат исти можности да се образуваат и да бидат рамноправни членови на ова наше општество(затоа многу христијани ни се потсмеваат на ова и тоа го поврзуваат со к*ранот т.е сметаат дека тоа ни е порака од него). Заборавивме дека не треба да се расфрламе со нашето богатство додека нашиот комшија нема основни средства за да преживее. Денес некои луѓе трошат иљадници евра на забави и веселби, луксузни коли, куќи а нивни најблиски роднини живеат од социјална помош. Не се води војна против оние кои поради некои бизнис групи сите нас муслиманите не ставија во исти кош со терористите. Најмоќните и најбогатите луѓе на светот се “муслимани“ кои своите средства ги користат за да купуваат фудбалски тимови и скапи “играчки“ додека оние со кои тргуваат ни го претворија народот во еден неписмен “лесно запаллив материјал“ кој за секунд може да избувне и да прерасне во “фундаменталист“ кој е страв и трепет за светот. Исламската заедница се занимава со политика а не со ширење на вистината. Се испотепаа кој да бил главен и дали требало да се зборува на албански или на турски. Демек во македонија исламот им припаѓа само на албанците или турците. Кога гледам вакви работи секогаш се прашувам дали воопшто сите ние имаме право да се нарекуваме муслимани? Дали одењето во џамија само еднаш во неделата или пак двапати во годината ќе ни помогне да ја разбереме суштината на к*ранот? Дали пак и оние кои се молат секојдневно а се пасивни во практикувањето и пренесувањето на Аллаховите зборови се вистински верници? Земјава ни е преполна со луѓе кои страдаат ама ние си мислиме само на себе и своите потреби. Ќе дојдат избори и секој од нас си има свој политички бог на кој му верува повеќе од себеси. За една плата и работа се продадовме и го изгубивме своето човечко достоинство. Денес насекаде околу мене ја слушам паролата “Абе гледај тебе да ти е добро, денес не треба да веруваш никому па ни на сопствениот брат“, Многу често се слуша и реченицата“земај додека можеш, зошто ако не земеш ти ќе земе некој друг“. Се прашувам до кога вака? До кога ќе не толерира бог? Па тешко него со вакви луѓе како нас. И секој ден по 24 саати да се молиме, бог нема да знае што точно бараме од него. Единствена шанса да се подобри нешто е да почнеме да си ги менуваме навиките и да го применуваме она што го учиме во светите книги. Нема тука подобри и полоши, секаде е исто и христијаните и муслиманите имаат исти проблеми а државата ни тоне. Еве јас сум “среќен“ што добив работа и имам шанса да не живеам од социјална помош како некои мои сограѓани. Но морам да ви кажам дека воопшто не сум среќен поради тоа што барем за работа неморам да се грижам. Воопшто не ми е убаво затоа што насекаде околу мене луѓето се несреќни и збунети. Насекаде се чувствува омраза. Луѓето размислуваат како ВМРОВЦи или Комуњари а понекаде и некој кој држи до некои кои не се толку силни и моќни но се надева дека еден ден ќе дојде и неговото време. И сега повторно си го поставувам прашањето Како да му помогнеме на бога? Ќе тргнам од себе за да си го најдам одговорот а ќе започнам со тоа што ќе пробам да бидам подобар, да им помагам на оние кои се немоќни и да не заборавам дека Аллах е единственото добро кое треба да го поседуваме. |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dobar komentar misterX.
Odsekogash bilo taka, ne se gleda religioznosta spored pripadnosta na nekoja institucializirana i organizirana religija, tuku spored delata i svesta sto stoi pozadi niv. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
zidarski, јас во мојот коментар наведов повеќе Христови заповеди отколку што ти наведуваш и плус додадов едно итн затоа што ме мрзеше да направам детална листа на сите Христови заповеди во Библијата.
Друго, во заповедта "љуби го својот ближен" се содржани и заповедите "помогај на сите", не кради, не лажи, не убивај итн. затоа што ако го љубиш својот ближен, ти ќе му помагаш, нема да го крадеш, лажеш, убиваш итн.
трето, христијаните треба да се трудат да го подобруваат светот, но не смее тоа да им биде финална цел и да се залажуваат дека со нивното влијание ќе ја постгнал "златната епоха", затоа што на христијаните епилогот на земјата им е познат уште од први век и тие знаат дека и покрај нивниот труд, светот ќе врви кон полошо се до катастрофалната армагедонска војна, после која што Христос ќе интервенира и конечно ќе го воспостави милениумот и ќе го подобри светот.
Хуманитарната дејност е една од задачите на христијаните, но таа не е број еден. Има многу хуманитарни заедници што ги вршат тие услуги, но никоја од нив не ја проповеда пораката која што не им ја одложува само смртта на страдалниците и болните, туку им дава вечен живот.
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |