Испечати | Затвори го прозорот

Вечерва, да те прашам...

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: право на избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=15442
Датум на принтање: 25.Ноември.2024 во 05:19
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Вечерва, да те прашам...
Постирано од: zidarski
Наслов: Вечерва, да те прашам...
Датум на внесување: 06.Септември.2008 во 07:53
Секој ден Господи ти се обраќаме тебе... милиони... милијарди... секој со своите барања, молитви, потреби...
И јас така Господи... секој ден те прашувам по нешто, ти кажувам што ме мачи мене или моите блиски. Доста често барам нешто од тебе, барам нешто да направиш за мене. Понекогаш дури и незгодно ми е да прашам - затоа што не секогаш сум заслужил... ама Ти си таков каков што си Господи и незнајно зошто, уште ме сакаш, од некакви, твои си причини - и секој ден ме слушаш, секој дене ме успокојуваш, ми даваш надеж... и љубов... заради верата, ако не за друго...
И си реков вечерва Господи, да те прашам пак нешто... како секоја вечер... ама малку поинаку од обично...
Не барам ништо да направиш за мене вечерва Господи... а сакам да те прашам - што можам јас за Тебе да направам? Не, не ме сфаќај погрешно, не мислам дека ти треба помош и дека не можеш сам да се справиш... Ти си Семоќен и се е во Твои раце... но, во крајна сметка - повеќето од работите кои ние ги бараме од Тебе можеме сами да ги направиме, ама пак Тебе ти се обраќаме... Затоа - без никаква лоша умисла или потценување, а онака, искрено, од се срце и заради почит - кажи ми Господи - дали може нешто да направиме ние за Тебе?
Кажи Господи, тоа што прво ќе ти текне... Можеби можеме да помогнеме на бедните околу нас? Или можеби на старите и болните...? Можеби треба Господи да бидеме подобри со нашите родители, заради Тебе, ако не за друго? Или пак - со нашите соседи? Треба ли Господи да помогнеме на оние кои страдале во војните човечки, заради алчноста и суровоста наша, па макар да не ги познаваме? Да не има некаде гладни и жедни, за да ја поделиме вечерава, од Тебе Благословена Господи, со нив? Може некое дете вечерва не може да заспие, затоа што мама и тато се кај Тебе, па можеме да го утешиме и да го гушнеме, за и тоа сирото да знае што е љубов? А може ќе сакаш Господи да направиме нешто едноставно, за да не не мачиш многу (оти знам дека си добар Господи), на пример - да се насмевнеме утре на луѓето што ќе ги сретнеме на улица...?
Кажи ми Господи, побарај си и Ти, како ние секојдневно што бараме од тебе... кажи ни Боже, затоа што премногу сме слепи и глуви за да видиме и чуеме самите... кажи ни Боже, затоа што премногу сме зафатени од нашето секојдневие, за да мислиме на туѓото... кажи ни Боже, затоа што не ни текнува на нас самите, се додека некој не не потсети (иако не забораваме секојдневно од Тебе да бараме се и сешто)... Кажи ни Господи, затоа што се затворивме секој во сопствениот мрак и само зборовите ни се точни, а душите празни...
Кажи ни Господи - како вечерва да бидеме онакви, какви што Ти сакаше да бидеме, можеби ќе најдеме малку сили, време, воља и љубов, за да бидеме со Тебе...
Фала Ти Господи, Вечна нека Ти Е Слава.
Амин

-------------
Do what is right, come what may...



Коментари:
Постирано од: Pentakostalec
Датум на внесување: 06.Септември.2008 во 08:13
Те Молам Господи употребиме на сколо,дома,каде и да сум за слава твоја,се сто кје правам сакам за слава твоја,зосто и вој свет кје помине и се околу нас ти си само вецен и твојот свет збор молам господи менувај ме и менувај ме,освојувај ме дај ми лјубов за мојте не пријатели,за муслиманите,за грците,албанците те молам
24 4аса да бидам со тебе те молам господи во името на ИСУС ХРИСТОС Амин!!!.

-------------
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух


Постирано од: Shaxito
Датум на внесување: 06.Септември.2008 во 16:31
Originally posted by Pentakostalec Pentakostalec напиша:

Те Молам Господи употребиме на сколо,дома,каде и да сум за слава твоја,се сто кје правам сакам за слава твоја,зосто и вој свет кје помине и се околу нас ти си само вецен и твојот свет збор молам господи менувај ме и менувај ме,освојувај ме дај ми лјубов за мојте не пријатели,за муслиманите,за грците,албанците те молам
24 4аса да бидам со тебе те молам господи во името на ИСУС ХРИСТОС Амин!!!


дај ми лјубов за мојте не пријатели,за муслиманите,за грците,албанците те молам

Zarem stvarno mislis deka ovije ti se Site NEprijateli???...za takvi gi cuvstvuvas..?>?>? i BARAS LJUBOV ZA NIV ?

-------------
''Ceni se samiot ako sakas da te cenat i drugite''


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 06.Септември.2008 во 16:45
Да стварно пентакосталец, немој така да генерализираш. Еве на пример мене Shaxito ми е пријателка големо%20гушкање, а имам и други муслимани пријатели.

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: Shaxito
Датум на внесување: 06.Септември.2008 во 16:48
PA ne ... se e ok toa sto go ima napisano ... KOga pocnav da go citam na nekoj nacin mu se vosh*tuvav sto IMA VERBA vo ona sto si veruva ... i NA kraj ja opleska ...



-------------
''Ceni se samiot ako sakas da te cenat i drugite''


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 06.Септември.2008 во 20:57
Originally posted by Shaxito Shaxito напиша:

Zarem stvarno mislis deka ovije ti se Site NEprijateli???...za takvi gi cuvstvuvas..?>?>? i BARAS LJUBOV ZA NIV ?
 
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Да стварно пентакосталец, немој така да генерализираш. Еве на пример мене Shaxito ми е пријателка големо%20гушкање, а имам и други муслимани пријатели.
 
Немој после да испадне дека јас читам невнимателно и нецелосно коментари на форумов намигнувањесреќаголемо%20гушкање
Имено, никаде Pentakostalec не ги нарече “свои непријатели“ Муслиманите, Грците, Албанците, зашто во неговиот коментар нема “:“ како интерпункциски знак за набројување на оние нешта што следуваат по него, туку стави запирка (прочитајте го уште еднаш внимателно неговиот коментар), т.е. тој со својот коментар:
 
Originally posted by Pentakostalec Pentakostalec напиша:

Те Молам Господи употребиме на сколо,дома,каде и да сум за слава твоја,се сто кје правам сакам за слава твоја,зосто и вој свет кје помине и се околу нас ти си само вецен и твојот свет збор молам господи менувај ме и менувај ме,освојувај ме дај ми лјубов за мојте не пријатели,за муслиманите,за грците,албанците те молам
24 4аса да бидам со тебе те молам господи во името на ИСУС ХРИСТОС Амин!!!.
 
 
сакаше да каже:
“...дај ми лјубов за мојте не пријатели, дај ми љубов и за муслиманите,дај ми љубов и за грците, дај ми љубов и за албанците“.
 
Поради една невнимателно прочитана запирка можеше да испадне дека Pentakostalec ги има за свои непријатели Муслиманите, Грците, Албанците, а можеби тоа нема врска, т.е. можеби тој ги сака нив среќа


-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!


Постирано од: Pentakostalec
Датум на внесување: 06.Септември.2008 во 21:17
Vi Kaza Pravoslavie

Inaku sekako mi treba se povekje ljubov za tie so gi navedov za toa sto nikoj ne e sovresen a i okolnostite kako se so imeto i slicno

BOG so vas

-------------
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух


Постирано од: Pentakostalec
Датум на внесување: 06.Септември.2008 во 21:27
Originally posted by Shaxito Shaxito напиша:

PA ne ... se e ok toa sto go ima napisano ... KOga pocnav da go citam na nekoj nacin mu se vosh*tuvav sto IMA VERBA vo ona sto si veruva ... i NA kraj ja opleska ...


Prvo mene ne mi treba nekoj sto kje se vosh*tuva vo mojata verata na toj so treba da se vosh*tuvas e ISUS se mi e daeno od ISUS a bez nego sum nisto,Gjubre.

-------------
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух


Постирано од: Pentakostalec
Датум на внесување: 06.Септември.2008 во 21:28
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Да стварно пентакосталец, немој така да генерализираш. Еве на пример мене Shaxito ми е пријателка големо%20гушкање, а имам и други муслимани пријатели.

ne ni pomislav deka tie nacii so se pisani vo citatot deka mi se neprijateli imam mn albanci i romi i prijateli i brakja i sestri vo hrista.

-------------
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух


Постирано од: Shaxito
Датум на внесување: 06.Септември.2008 во 22:35
Ok ... ako bilo taka :) Greska vo Razbiranjeto na recenicata. Pentakostalec izgleda poinaku gi svakas rabotive .....
ne sakam da prodolzuvam so diskusii za ova ... mislam deka e zavrseno pozzz

-------------
''Ceni se samiot ako sakas da te cenat i drugite''


Постирано од: deshad
Датум на внесување: 06.Септември.2008 во 23:32
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

Originally posted by Shaxito Shaxito напиша:

Zarem stvarno mislis deka ovije ti se Site NEprijateli???...za takvi gi cuvstvuvas..?>?>? i BARAS LJUBOV ZA NIV ?

 

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Да стварно пентакосталец, немој така да генерализираш. Еве на пример мене Shaxito ми е пријателка големо%20гушкање, а имам и други муслимани пријатели.

 

Немој после да испадне дека јас читам невнимателно и нецелосно коментари на форумов намигнувањесреќаголемо%20гушкање

Имено, никаде Pentakostalec не ги нарече “свои непријатели“ Муслиманите, Грците, Албанците, зашто во неговиот коментар нема “:“ како интерпункциски знак за набројување на оние нешта што следуваат по него, туку стави запирка (прочитајте го уште еднаш внимателно неговиот коментар), т.е. тој со својот коментар:

 

Originally posted by Pentakostalec Pentakostalec напиша:

Те Молам Господи употребиме на сколо,дома,каде и да сум за слава твоја,се сто кје правам сакам за слава твоја,зосто и вој свет кје помине и се околу нас ти си само вецен и твојот свет збор молам господи менувај ме и менувај ме,освојувај ме дај ми лјубов за мојте не пријатели,за муслиманите,за грците,албанците те молам 24 4аса да бидам со тебе те молам господи во името на ИСУС ХРИСТОС Амин!!!.

 

 

сакаше да каже:

“...дај ми лјубов за мојте не пријатели, дај ми љубов и за муслиманите,дај ми љубов и за грците, дај ми љубов и за албанците“.

 

Поради една невнимателно прочитана запирка можеше да испадне дека Pentakostalec ги има за свои непријатели Муслиманите, Грците, Албанците, а можеби тоа нема врска, т.е. можеби тој ги сака нив среќа


Добар си православие.Ме потсети на училишните клупи кога наставникот по македонски ни објаснуваше некои граматички правила за запирката и нејзиното правилно вметнување во реченицата.

Па посочи еден убав пример како може некоја реченица погрешно да се разбере. Еве го тој пример:

Наставникот, изреволтиран од слабото учење на ученикот му вели:

" Учи како татко ти, не биди магаре!"

Ученикот ги забележал зборовите од наставникот во својата тетратка, и кога се вратил дома и на прашањето од татко му како поминал на училиште,тој ја отворил тетратката и му рекол на татко му: " Тате,еве забележав што ми рече наставникот!" - Кога татко му погледнал во тетратката,таму било запишано:

" Учи, како татко ти не биди магаре!"


-------------
"Ако питаш који сам странац, поносно кажем:ЈА САМ БОСАНАЦ!"


Постирано од: Azrael
Датум на внесување: 07.Септември.2008 во 02:31
Ova nesto kako tema za molitvi ke mu dojde?
Edinstveno sto sakam e na site luge (pa i na mene) Bog da ni gi otvori ocite i srcata za negovite vistini. Da se odvratime od nacinot na zivot koj mu e gnasen na Bog, iako lesno e da se napise, tesko e da se sprovede vo celost da si go zacuvas mirot i duhovnata citota vo ova vreme koga iskusenija demnat od sekade, a vernicite se smetani za glupi, fanatici, sektasii zaostanati. Sekoj da si svati koja e smislata na negoviot zivot, zosto e tuka, koj go sozdal, so kakva cel. Sekoj da si najde mir, da ne luta bescelno niz zivotot. I da mu se raduvame na sekoj den, zasto e podarok od nasiot Sozdatel i pametno da go koristime vremeto sto ni go dal. Da ne ni pomine zivotot tuku taka.


-------------
ΧΡΙΣΤΟΣ ΑΝΕΣΤΗ !     


Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 07.Септември.2008 во 03:09
Не е тема за молитви... и тажно е што сите така ја разбраа...
Темата е за делата.
Затоа што сите бараме од Бога нешто - како да ни е должен за нешто постојано. Сите бараме да направи нешто за нас, за другите, за сите...
Треба да почнеме да правиме ние самите нешта - за Него!
Ама... тоа некако потешко ни оди. Зборот и формата ни се секогаш посилната страна.

-------------
Do what is right, come what may...


Постирано од: Azrael
Датум на внесување: 07.Септември.2008 во 03:32
Samo na Nego se nadevame i samo od Nego milost barame (ponekogas moze i samo sebicno barame a nisto ne pravime za Negova slava)

Bog rekol- Koj me ljubi,toj ke gi izvrsuva moite zapovedi! Zapovedite si gi znaeme koi se. Za mene mozebi najvazna posle zapovedta da go  ljubime eden Bog (i 1 so drug) e  zapovedta
направете ги сите народи Мои ученици

Treba nie da bideme ustata, nozete i ocite na Isus na zemjata. Lesno e da se napise vaka, vo praksa ne e sekogas poslan so rozi ovoj pat. Nekoj na prvata precka ke padne i moze tesko ke stane ili nema da stane ic.


-------------
ΧΡΙΣΤΟΣ ΑΝΕΣΤΗ !     


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 07.Септември.2008 во 03:36

zidarski, немој да чекаш Бог во сон да ти се објави и да ти каже што да направиш за Него. Доволно ќе направиш за Него ако ги пазиш Неговите заповеди што се напишани во Неговиот Збор - Библијата. Исполнувај ги тие заповеди и ќе правиш богоугодни дела.

Љуби го Бог, љуби го својот ближен, проповедај го евангелието, прави Христови ученици, поучувај ги луѓето на она што Христос ни заповедал, земај редовно причест, изврши библиско крштевање (ако не си го направил тоа), не изостанувај на редовните состаноци на црквата, не враќај зло за зло, биди сол и светлина каде што се наоѓаш, држи се до Словото, до изворното христијанство итн. ако ги правиш овие работи, Бог ќе биде презадоволен од тебе.
 
"Ќе останете во Мојата љубов, ако ги запазите Моите заповеди"
(Исус во евангелие по Јован 15:10)
 
п.с. Azrael, сега приметив колку сме јас и ти едномислени. Очигледно еден ист Дух не спојува големо%20гушкање


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 07.Септември.2008 во 04:39
Значи со проповедање, со љубење само на ближниот, со одење в црква и со неправење лошо е доволно...?
А не со правење на делата, со помагање на сите, со подобрување на светот?
Јас погрешно сум го разбрал тогаш следниов текст:

44 А Јас ви велам: Љубете ги своите непријатели и молете се за оние, кои ве гонат;

45 за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата, Кој прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните и на неправедните.

46 Зашто ако ги љубите оние, кои ве љубат вас, каква награда имате? Зар и цариниците не го прават тоа исто?

47 И ако ги поздравувате само своите браќа; што правите особено?Зар не го прават истото и цариниците?


-------------
Do what is right, come what may...


Постирано од: misterX
Датум на внесување: 07.Септември.2008 во 13:51
За да му помогнеме на Бога, сите ние треба да излеземе од нашите цркви, џамии си други свети храмови и она што го научивме таму да почнеме да го применуваме во пракса. Ако добрината ни е единствениот “колач на послужавникот“ со кој ќе му пријдеме на “гостинот“ кој не е како нас, тогаш Аллах ќе биде задоволен.
Она што денес му се случува на човештвото е сосема различно од она на кое алудираат сите религии. Наместо слобода и среќа насекаде војни и страдања. Ние тука зборуваме за идеологии и идеали ама заборавивме како изгледа реалниот живот. Понекогаш помислувам дека голем дел од форумџиите тука кога ќе ги изгаснат своите компјутери и ќе излезат на прошетка, некаде низ своите маала, длабоко се разочаруваат соочувајќи се со слика поинаква од онаа која што ја имаат проектирано некаде во своите “религиозни глави“.
Мислам дека денес Исус -Иса а.с ни е потребен повеќе од било кога. Мислам дека денес сите божји пратеници ни се премногу лути затоа што многу малку спроведуваме од она за кое тие ни зборуваа и не учеа. Што да направиме за бога? За него треба да го направиме она што тој ќе го направи за нас доколку не го заборавиме во ниеден момент од денот.

ЈАс како муслиман ќе си кажам што се ми смета кај муслиманите и што треба да смениме за да му помогнеме на Аллах и да си помогнеме самите на себе:
Како прво денес муслиманите ги заборавија првите к*рански пораки дека секој од нас треба постојано да учи. Образованието е на лошо ниво иако државата ни нуди секакви услови за да станеме образовани. Женските деца не секогаш имаат исти можности да се образуваат и да бидат рамноправни членови на ова наше општество(затоа многу христијани ни се потсмеваат на ова и тоа го поврзуваат со к*ранот т.е сметаат дека тоа ни е порака од него). Заборавивме дека не треба да се расфрламе со нашето богатство додека нашиот комшија нема основни средства за да преживее. Денес некои луѓе трошат иљадници евра на забави и веселби, луксузни коли, куќи а нивни најблиски роднини живеат од социјална помош. Не се води војна против оние кои поради некои бизнис групи сите нас муслиманите не ставија во исти кош со терористите. Најмоќните и најбогатите луѓе на светот се “муслимани“ кои своите средства ги користат за да купуваат фудбалски тимови и скапи “играчки“ додека оние со кои тргуваат ни го претворија народот во еден неписмен “лесно запаллив материјал“ кој за секунд може да избувне и да прерасне во “фундаменталист“ кој е страв и трепет за светот. Исламската заедница се занимава со политика а не со ширење на вистината. Се испотепаа кој да бил главен и дали требало да се зборува на албански или на турски. Демек во македонија исламот им припаѓа само на албанците или турците. Кога гледам вакви работи секогаш се прашувам дали воопшто сите ние имаме право да се нарекуваме муслимани? Дали одењето во џамија само еднаш во неделата или пак двапати во годината ќе ни помогне да ја разбереме суштината на к*ранот? Дали пак и оние кои се молат секојдневно а се пасивни во практикувањето и пренесувањето на Аллаховите зборови се вистински верници? Земјава ни е преполна со луѓе кои страдаат ама ние си мислиме само на себе и своите потреби. Ќе дојдат избори и секој од нас си има свој политички бог на кој му верува повеќе од себеси. За една плата и работа се продадовме и го изгубивме своето човечко достоинство. Денес насекаде околу мене ја слушам паролата “Абе гледај тебе да ти е добро, денес не треба да веруваш никому па ни на сопствениот брат“, Многу често се слуша и реченицата“земај додека можеш, зошто ако не земеш ти ќе земе некој друг“. Се прашувам до кога вака? До кога ќе не толерира бог? Па тешко него со вакви луѓе како нас.
И секој ден по 24 саати да се молиме, бог нема да знае што точно бараме од него. Единствена шанса да се подобри нешто е да почнеме да си ги менуваме навиките и да го применуваме она што го учиме во светите книги. Нема тука подобри и полоши, секаде е исто и христијаните и муслиманите имаат исти проблеми а државата ни тоне. Еве јас сум “среќен“ што добив работа и имам шанса да не живеам од социјална помош како некои мои сограѓани. Но морам да ви кажам дека воопшто не сум среќен поради тоа што барем за работа неморам да се грижам. Воопшто не ми е убаво затоа што насекаде околу мене луѓето се несреќни и збунети. Насекаде се чувствува омраза. Луѓето размислуваат како ВМРОВЦи или Комуњари а понекаде и некој кој држи до некои кои не се толку силни и моќни но се надева дека еден ден ќе дојде и неговото време.
И сега повторно си го поставувам прашањето Како да му помогнеме на бога?
Ќе тргнам од себе за да си го најдам одговорот а ќе започнам со тоа што ќе пробам да бидам подобар, да им помагам на оние кои се немоќни и да не заборавам дека Аллах е единственото добро кое треба да го поседуваме.


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 07.Септември.2008 во 14:24
Dobar komentar misterX.

Odsekogash bilo taka, ne se gleda religioznosta spored pripadnosta na nekoja institucializirana i organizirana religija, tuku spored delata i svesta sto stoi pozadi niv.

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 07.Септември.2008 во 15:45
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Значи со проповедање, со љубење само на ближниот, со одење в црква и со неправење лошо е доволно...?
А не со правење на делата, со помагање на сите, со подобрување на светот?
 
zidarski, јас во мојот коментар наведов повеќе Христови заповеди отколку што ти наведуваш и плус додадов едно итн затоа што ме мрзеше да направам детална листа на сите Христови заповеди во Библијата.
Друго, во заповедта "љуби го својот ближен" се содржани и заповедите "помогај на сите", не кради, не лажи, не убивај итн. затоа што ако го љубиш својот ближен, ти ќе му помагаш, нема да го крадеш, лажеш, убиваш итн.
трето, христијаните треба да се трудат да го подобруваат светот, но не смее тоа да им биде финална цел и да се залажуваат дека со нивното влијание ќе ја постгнал "златната епоха", затоа што на христијаните епилогот на земјата им е познат уште од први век и тие знаат дека и покрај нивниот труд, светот ќе врви кон полошо се до катастрофалната армагедонска војна, после која што Христос ќе интервенира и конечно ќе го воспостави милениумот и ќе го подобри светот.
Хуманитарната дејност е една од задачите на христијаните, но таа не е број еден. Има многу хуманитарни заедници што ги вршат тие услуги, но никоја од нив не ја проповеда пораката која што не им ја одложува само смртта на страдалниците и болните, туку им дава вечен живот.


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk