IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Крштевање
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Крштевање

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 13>
Автор
Порака
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2008 во 19:26
AlDra - разбирам дека сметаш дека верата има голема улога во тој чин... прашањето што го поставив е многу сериозно и немам никаква намера да се потсмевам со туѓи чувства.
Прво - како се преценува кога е детето (човекот) зрел за крштевање?
Второ - како се преценува кога е детето (човекот) зрел за да му се проповеда верата?
Затоа што не мислам дека ако ја проповедаш верата на детето му даваш некој избор во однос на тоа што ќе следи и како ќе го открива патот кон Бога самото...
Затоа - нека да дискутираме околу овие две прашања, може да се развие интересна дебата. Во крајна сметка - тука сме за да дебатираме, а не за да проповедаме.
Do what is right, come what may...
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2008 во 21:59
Кога да се започне да се проповеда Евангелието е индивидуално прашање. Зависи од интелектот на детето. Но едно е кристално јасно- тоа треба да ја разбира суштината и да може да поставува прашања. Треба да знае да чита за да може човекот да се увери дека навистина е така како што му е проповедано.
Потоа следи покајанието, обраќањето од грешниот живот, верата во Исус и на крајот крштевањето. Крштевањето е одлука на личноста која го прифаќа. Не можеш некому да му наметнеш спасение. Исус не ни наметна нам ништо. Ние по наша волја одлучуваме дали ќе го следиме или не. Така е и во овој случај. Посебно овде зашто ова е идентификација со Неговата смрт.
Крштавањето само по себе нема никаква моќ. Неговата моќ е во верата која ја носи секој Христијанин во себе.   
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2008 во 21:59
Мартин Лутер кого го нарекуваат и основач на протестантизмот велел дека детето што попрво треба да се одземе од прегратките на ѓаволот со крштевање.

Јас верувам дека треба да се држиме до Христовите зборови:првин подучувајте а потоа крштевајте.

Бидејќи бебето не е ментално развиено да ги разбере подуките оттаму ми нема логика да се крштева веднаш. Факторот на слободната волја за мене е од суштинска важност бидејќи Бог е СЛОБОДА!

Што се однесува до βαπτιζο=потопување, сметам дека како и многу работи во светите списи на светските религии треба да се разберат според смисла. Па така потопувањето според мене треба да се сфати како нурнување во струјата на Светиот Дух(безличниот сеприсутен Божји аспект) при што водата е само симбол. Имено водата има својство да дава живот и прочистува а ние ако сакаме да стигнеме кај Бога треба да се прочистиме од нашите претерано човечки мисли, зборови и постапки.

Јас не сум крстен ниту во една црква ниту пак сум поминал некаков ритуал на иницијација, и да ви кажам искрено среќен сум поради тоа.

А ако на Бог му е побитно дали е некој нурнат на неколку секунди во вода или е обрежан, или и инициран, од тоа дали тој се трудел искрено да живее богоугоден живот и да ги љуби своите ближни, тогаш жалам искрено, ама мене таков Бог не ми треба а веројатно ни јас нему, така да сме квит. Зошто па воопшто дозволил да се родам...(со ова сакам да укажам на бесмисленоста на поставување акцент на ритуалите и пасивната вера - демек доволно е само силно да веруваш и да си крстен).

Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2008 во 22:11
Крштевањето повеќе треба да го сфатиш како момент во кој јавно кажуваш дека веруваш и дека ќе се трудиш да живееш според Христијанските принципи. Убав момент е и на него можеш да се сеќаваш како на момент кога си започнал со нов живот. Тоа е нановораѓањето за кое Исус говори. Уште се нарекува и духовно обрежување. Божјото ветување за крштевањето е Светиот Дух.

,,3 Исус му одговори: „Најсериозно ти велам: ако човек наново не се роди, не може да го види Божјото царство!“

4 „Како може стар човек наново да се роди!?“ - праша Никодим. „Може ли да се врати во утробата на својата мајка и повторно да се роди!?“

5 Исус му одговори: „Ти велам и ти нагласувам: ако човек не се роди од вода и Дух, не може да влезе во Божјото царство!

6 Телото може да роди само тело, додека Светиот Дух раѓа нов, духовен живот, од небото.’’(Јвн 3:3-6)

Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 00:48
E vidis so vekovi znaci so VEKOVI deteto se krsteva dodeka e bebe, a vie se krstevate kako vozrasni kolku desetina godini - po logika doadjame do slednoto deka So VEKOVI nekoj ziveel vo zabluda a vie otkrovenieto se go dobile vo poslednive deset godini - amozam da se kladam deka ti adira si krsten kako bebe.....

Znaci deeto bebeto so krstevanje se registrira kaj Hrista, go nosi znakot na Hrista za da se zastiti od djavolot, a dali toa ponatamu ce ostane kaj Hrista ili ce menja registracija toa zavisi od deteto....
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 02:05
АлДра - ако го прочита претходниот мој пост, ќе видиш дека се согласувам со идејата дека крштевањето само по себе не е доволно за спасение. Но, како што реков (односно, како што ги толкувам Исусовите зборови) - тоа е еден од предусловите. Сепак - мора да се исполни и вториот услов, односно да поверува.
Затоа не гледам пречка човек да се крсти додека е бебе, а да поверува кога ќе биде спремен на тоа.
Да не забораваме - во Исусовите зборови, верувањето не е поставено како услов за крштевањто - туку како услов за спасението. Формата во која е поставено е крсти И поверува...
Do what is right, come what may...
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 03:29
А зошто некој би се крстел ако не верува? Тоа е како да твоето 6 месечно дете го венчаш со некоја девојка па тоа подоцна ако сака нека остане во брак, а ако не сака нека се разведе.
Знам дека веќе сум досаден но ќе продолжам се додека и на сон не започнат да ви доаѓаат овие зборови: верата е клучниот елемент при овој чин.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 03:45
Споредбата не е на место...
Има еден многу битен момент - не го негирам твоето право да веруваш дека треба да се крштева детето откако ќе стане свесно и спремно за тоа (според Баптистичката традиција во Америка - возраста е 16)... и не оспорувам дека верата игра голема улога при тој чин...
Арно ама... тоа што јас го мислам е дека верата и верските чувства на родителите имаат истотака улога во тој процес. Затоа - не гледам пречка да го крштеваат детето додека е уште бебе.
Инаку - апсолутно сериозно го поставив прашањето - на која возраст треба да се почне да се оди в црква тогаш?! И на која возраст родителите треба да го запознаат детето со Христијанството? Дали истотака на 16?! А дотогаш?! Да не се спомнува религија пред детето воопшто? Или да му се предава компаративна религија, за да може тоа само да ја избере вистината и вистинскиот пат...?!
Според мене е чисто лицемерие да не го крстиш детето додека е бебе, под претекст дека треба да е во состојба да верува за да се крсти, а од друга страна да го задоиш со Христијанската и црковната доктрина уште од мали нозе. За жал - токму тоа се случува во доста цркви кои се со таков став - тука ако влезеш во недела во било која баптистичка црква - целото семејство е собрано, заедно со бебиња од 2-3 месеци... и така секоја недела. Истотака - децата учествуваат во сите црковни активности - хорови, предавања, итн... значи - може да му се наметнува верата, но не е во ред да се наметнува крштевањето?! Дали тоа дете кога ќе порасне (односно, кога ќе дојде на 16 според таа традиција), ќе избере своеволно да биде крстено, затоа што искрено и суштински верува во Бога или ќе се крсти затоа што тоа е нешто што сите околу него го прават на таа возраст и затоа што не познава ништо друго освен тоа на кое го учеле, токму уште од бебе...? Каде е тука разликата?
Do what is right, come what may...
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 04:01
Па сметам дека овде излегуваш од контекстот. Тука станува збор за правото на избор кое секој човек го има. Детето може да посетува богослужби, но негово право е дали ќе се крсти или не. Како што многумина родени во православни фамилии се одлучуваат да се приклучат на некоја друга црква така право имаат и овие луѓе да не се приклучат кон црквата на нивните родители. Сепак многу подобро е така. Човекот кој решил да се крсти знае што е тоа. Бебенцето нема појма. Кој е повеќе присилен? Бебето кое нема право на никаков избор, или пак 16 годишниот човек кој иако (да претпоставиме) цел живот се движел во тие кругови сепак самиот избира дали ќе се крсти?
Библијата не дава ниту еден пример на крштевање на мали деца. Сите примери кои се дадени се на возрасни луѓе на кои им бил објавена Радосната вест во која тие поверувале па биле крстени. Како на едно детенце ќе му објасниме што е тоа крштевање?
Кон врв
Pentakostalec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pentakostalec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 04:11
Vaka definitvno 1000% se slozuam so sestra aldra ako mozam da ja narecham

jas ala na ISUS kao sum bil roden ne sum krstevan od svestenik duri koga stanav svesen za mojte postapki i koga poveruvav deka ISUS e spasitel moj se krstavav vo Pentakosna crkva custvo e ne sekoj dnevno retko mozes da go osetis

Znaci moe glediste na ovaa tema e dek covekot treba da e krsten Kofa stanuva svesen za svoji postapkii
taka da Aldra se slozuam so tebe

BOG da ve blagoslovi
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 04:15
АлДра не се согласувам со тебе во врска со "правото на избор" кое го има дете израснато во таква средина, но тоа е друга тема...
Во секој случај - верата не се поставува како услов за крштевањето, туку само како услов за спасението. Соодветно - не се прави никаков грев ниту пак се нарушува нешто доколку се направи. Ако имате цитат кој изрично го забранува крштевањето на деца или кој изрично забранува да се крштева доколку човек сам не изрази желба за тоа, тогаш приложете го...
Do what is right, come what may...
Кон врв
Pentakostalec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pentakostalec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 04:16
epa jasno kazuva deka COVEKOT TREBA DA SE KRSTI KOA KJE BIDE SVESEN ZA SVOJTE PSOTAPKI a bebe kako bebe ne znae deka postoi a ne deka da li saka da se krsi ili ne
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 04:24
Originally posted by Pentakostalec Pentakostalec напиша:

epa jasno kazuva deka COVEKOT TREBA DA SE KRSTI KOA KJE BIDE SVESEN ZA SVOJTE PSOTAPKI a bebe kako bebe ne znae deka postoi a ne deka da li saka da se krsi ili ne


А каде се кажува ова што ти го цитираш тука?!
Не ме сфаќајте погрешно - ако некој смета дека треба да се крштева на повозрасни години, тоа е во ред, но не гледам причина зошто не би го направил крштевањето додека е бебе... сеуште не сум видел доволно јасна причина за тоа...
Do what is right, come what may...
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 04:29
А јас пак не гледам логична причина зошто тоа би го сториле со бебе
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.