IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Забава, разно, игри, интима
  Активни теми Активни теми RSS - Трансфери 09-10
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Трансфери 09-10

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 8>
Автор
Порака
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2007 во 18:41
манчестер веќе го собра нани од спортинг, што мислам дека ќе биде трансфер на сезонова, освен ако роналдињо или кака не сменат клуб, што е малку веројатно...
Кон врв
Ghost Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Universe is my limit

Регистриран: 30.Септември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 6109
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ghost Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2007 во 19:11

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ГАЛАКСИ АЛЕКСИ ЛАЛАС ФРЛИ РАКАВИЦА


Бекам за 100 мил. долари може да остане во Реал


Американците, како вистински бизнисмени, се подготвени да ја разгледаат понудата, ако е официјална, иако не веруваат дека "кралевите" ќе го направат тоа


Има надеж и постои шанса репрезентативецот на Англија, Дејвид Бекам, својата професионална кариера, сепак, да ја продолжи во редовите на "кралскиот клуб" од Мадрид. Таквата вест лично беше соопштена од претседателот на Лос Анџелес Галакси, Алекси Лалас. Поранешниот репрезентативец на САД, за познатиот таблоид на Островот, "Мирор", изјави дека е запознаен со интересот на Реал (М) и додаде дека договорот на Бекам може да се откупи за 100 милиони долари.

"Не се сомневам во интересот на Реал (М) за Дејвид Бекам. Ние имаме многу инвестирано во овој трансфер. Сепак, пред се, ние сме бизнисмени и сме подготвени да ја разгледаме секоја понуда. За да го привлечат нашето внимани тие треба да испратат официјална понуда од 100 милиони долари. Моментално не гледам никакви шани тоа да го направат", изјави Лалас.

Освен изјавата на Лалас, медиумите во Шпанија и Англија на големо пишуваат и за сензационалната понуда што ќе биде испратена од "кралевите" на адресата на фудбалерот на Барселона, Самуел Ето. Спортскиот весник "Дарио Спорт" пишува дека официјалните преговори ќе започнат во моментот кога раководството на каталонскиот гигант ќе соопшти дека Камерунецот е ставен на трансфер листата.

Претседателот на Реал (М), Рамон Калдерон, е убеден дека фудбалерот нема веднаш да ја одбие нивната понуда и дека ќе ја разгледа со голема сериозност како што ќе ги разгледа предлозите на Милан, Интер и Арсенал.

Освен на Ето, примамлива понуда најтрофејниот клуб во Шпанија, ќе испрати и до шведскиот интернационалец во редовите на Интер, Златан Ибрахимовиќ.

За да ги осигураат неговите услуги, челниците на Реал (М), се подготвени да испратат официјална понуда од 50 милиони евра, а на фудбалерот се подготвени да му понудат 5-годишен договор и годишна плата од 10 милони евра.

Извадено од Вечер
    MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION          
Кон врв
Ghost Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Universe is my limit

Регистриран: 30.Септември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 6109
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ghost Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2007 во 19:12


Спорт


ЖОЗЕ МУРИЊО


За малку збогум на Челзи


Контроверзниот менаџер на англискиот премиерлигаш, Челзи, Жозе Мурињо, за познатиот таблоид на Островот, "Сан", изјави дека постоеле реални шанси тој да си замине од Стемфорд Бриџ.
"Јас работам во еден од најгламурозните клубови во целиот свет. Да не се лажеме, секој сака да биде менаџер во Челзи и секој агент сака тука да го вработи својот клиент. Минатата сезона со моето работно место беа поврзани дури 14 менаџери. Луда ситуација и доколку не бев ментално стабилен сигурно ќе се решев да го напуштам Стемфорд Бриџ. Иако сум многу млад можам да се пофалам со фактот дека имам големо искуство како прв тренер. Ако не беше така сега ќе тренирав друг клуб, а не Челзи", изјави португалскиот стручњак.

Извадено од Вечер
    MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION          
Кон врв
Ghost Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Universe is my limit

Регистриран: 30.Септември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 6109
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ghost Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2007 во 19:12

ПОРАДИ КАКА ПРОПАДНА ТРАНСФЕРОТ НА ЕМЕРСОН


Мота и Едмилсон во фокусот на Милан


Росонерите не преговараат со Реал (М) поради тајниот состанок со Кака. Бронѕети најавува преселба во Милано или на Роналдињо или на Ето


Репрезентативецот на Бразил и стандарден првотимец во редовите на Реал (М), Емерсон, нема да биде најново засилување на новиот европски клупски шампион, Милан.

Главна причина за таквата промена во ставот на "росонерите" е минатонеделниот таен состанок помеѓу челниците на Реал (М) и таткото на главната ѕвезда во редовите на Милан, Кака.

Потпретседателот на "росонерите", Адријано Галијани за медиумите во Италија, изјави дека се запознаени со тајниот состанок и со нивната понуда од 80 милони евра и додаде дека нема шанси да го ослободат Кака и дека нема да преговара со раководството на Реал (М) за услугите на Емерсон.

Со пропаѓањето на овој трансфер, повторно во преден план излезе ангажирањето на бразилскиот двоец од редовите на Барселона, Тијаго Мота и Едмилсон.

Слично како и Галијани и познатиот италијански менаџер во Шпанија, Енѕо Бронѕети, изјави дека претседателот на Реал (М), Рамон Калдерон нема шанси да го ангажира Кака и додаде дека Милан ќе се засили или со Роналдињо или со Ето.

"И јас сакам да излегувам со Моника Белучи. Шегата на страна, Кака никогаш нема да побара трансфер во Реал (М). Да не заборавите, Милан е клупски шампион на Европа и може само да се засили или со Роналдињо или со Ето", изјави Бронѕети.

Извадено од Вечер
    MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION          
Кон врв
Ghost Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Universe is my limit

Регистриран: 30.Септември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 6109
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ghost Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2007 во 19:13

ИТАЛИЈА


Милан одби 10 мил. евра за Роналдо


Раководството на Милан ја одби понудата на Фенербахче во висина од 10 милиони евра за Роналдо. Бразилскиот 30-годишен напаѓач дојде на Сан Сиро во јануари за 7,5 милиони евра од Реал (Мадрид) и уште на првите натпревари во дресот на "росонерите" го потврди својот потенцијал.

Турскиот прволигаш бил подготвен да плати близу 6 милиони евра годишна плата на играчот. Фенербахче веќе ги осигура услугите на еден пранешен соиграч на Роналдо - Робето Карлос. Левиот бек по вчерашниот последен настап за Реал (М) се сели во турската престолнина.

Извадено од Вечер
    MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION          
Кон врв
Ghost Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Universe is my limit

Регистриран: 30.Септември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 6109
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ghost Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2007 во 19:14

Фудбалски вести

Фредерик Кануте огорчен на ФИФА

Напаѓачот на Севилја, Фредерик Кануте, остро ја нападна Меѓународната фудбалска федерација, откако му е наредено да го напушти кампот на репрезентацијата на Мали и да се врати во Шпанија, за да настапи во последното вчерашно коло против Вилјареал.

Мали требаше да игра со Сиера Леоне во квалификациите за африканското првенство. „ФИФА уште еднаш покажа дека воопшто не го цени и почитува африканскиот фудбал. Ние воопшто не сме битни, бидејќи ако беше поинаку немаше да донесат ваква одлука“, изјави Кануте, кој уште во петокот се врати во Севилја. Со него во авионот беше и неговиот сонародник, инаку, играч на Реал Мадрид, Диара.

Иста одлука ФИФА донесе и во случајот со бразилскиот репрезентативец Робињо, исто така, член на Реал Мадрид.

Многумина сметаат дека ФИФА се одлучила за ваков потег поради огромниот притисок на „кралскиот клуб“, кој во вчерашното последно коло не сакаше да игра без Робињо и Диара. „ФИФА поради Реал М. ја жртвуваше нашата репрезентација. Сето тоа поради потребите на еден клуб“, додаде Кануте.

Милан одби рекордни 75 милиони евра од Реал М. за Кака



Челниците на Реал М. се сретнаа со ѕвездата на Милан, Кака и неговиот татко и така уште еднаш потврдија дека не отстапуваат од доведување на еден од најдобрите фудбалери во светот во моментов.

Потпретседателот на Милан, Адријано Галијани, изјави дека знаел за состанокот, бидејќи за тоа ги известил таткото на Кака. Според италијанските медиуми „кралскиот клуб“ го предводел Предраг Мијатовиќ, а на масата е фрлена фантастична понуда. Бразилскиот репрезентативец би добивал 10 милиони евра по сезона, ако дојде на „Сантијаго Бернабе“. Исто така во насока кон Апенинскиот полуостров би тргнале 75 милиони евра, колку што во Мадрид се подготвени да платат отштета.

Без оглед на тоа што се понудени најголемите пари во историјата за некој играч, во Милан останаа тврди на својот став: „Понудата е огромна, но јас можам само да го потврдам тоа што и пред тоа го зборувавме. Кака не е за продажба“, порача Галијани.

Гигс трет играч од Манчестер Ј. награден со орден



Капитенот на Манчестер Ј., Рајан Гигс, стана третиот фудбалер во историјата на клубот кој е награден со Орден на Британската империја. Гигс годинава ја освои деветтата титула во дресот на Јунајтед. Тој е само вториот играч во клубот кој одиграл повеќе од 700 натпревари. Првиот е големиот Боби Чарлтон. Покрај Гигс, Орден ќе добијат и Брајан Робсон и Дејвид Бекам.

Гудјонсен сака во Манчестер Ј.



Напаѓачот на Барселона, Ејдур Гудјонсен, изјави дека е заинтересиран за можноста да премине во Манчестер јунајтед. Исланѓанецот мина тешка година во Барселона, откако дојде од Челзи за осум милиони фунти. „Дојдов во Барселона за да играм, а не да бидам на клупата. Сакам да играм во Англија. Приоритет за мене ќе биде клуб кој игра во Лигата на шампионите, а Манчестер Ј. е тој клуб“, потенцира 29 годишниот Гудјонсен.

Лион ги купи Бомер и Кеита од Лил



Шампионот на Франција Лион ги купи фудбалерите на Лил, халфот Метју Бомер и крилото Кадер Кеита. И двајцата потпишаа четиригодишни договори за вкупна сума од 24,5 милиони евра.

Манчестер Сити преговара со Дешамп и Тигана



Манчестер Сити преговара со бившиот француски репрезентативец Жан Тигана и со Дидие Дешамп за нов менаџер на тимот. И двајцата се без работа, откако Тигана беше избркан од Фенербахче, а Дешамп си поднесе оставка во Јувентус. Потенцијални кандидати се и Жерар Улие и Роналд Куман.

Тотенхем го очекува Дарен Бент



Тотенхем се надева дека во наредните 24 часа и официјално ќе го прогласи напаѓачот на Чарлтон, Дарен Бент, за ново засилување. Тотенхем предложи 12,5 милиони евра, но ќе треба да ја качи сумата до оние 17 милиони што ги понуди Вест Хем. Бент ја откажа понудата на Вест Хем, која ќе му носеше 75.000 евра неделно. Чарлтон веќе најде замена за Бент во името на Енди Џонсон од Евертон.



Izvadeno od Utrinski Vesnik
    MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION          
Кон врв
Ghost Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Universe is my limit

Регистриран: 30.Септември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 6109
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ghost Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2007 во 19:15
Реал Мадрид ќе понуди 80 милиони евра за Кака

Иако раководните луѓе на Милан неколку пати изјавија дека немаат намера да го продадат Кака, Реал Мадрид не се откажува од идејата на „Сантијаго Бернабеу“ да го доведе бразилскиот ас од средината на теренот. Претседателот на „кралскиот клуб“, Рамон Калдерон, уште при доаѓањето на функцијата соопшти дека има намера во Мадрид да го доведе одличниот 25-годишен плејмејкер, изјавувајќи дека нема да штеди пари за да ја оствари желбата.
Според пишувањата на шпанскиот спортски весник „Марка“, Калдерон веќе дозволил да се издвојат 80 милиони евра, сума што Реал М. би му ја платил на Милан како обесштетување за Рикардо Изексон дос Сантош Леите, попознат како Кака. Трансферот треба да биде направен во текот на летниот преоден рок, а Бразилецот би добивал годишна плата од 12 милиони евра, што е за три пати повеќе отколку што заработува на „Сан Сиро“.
- Кака не е за продажба. Знаеме дека тој и неговиот татко се сретнале со раководните луѓе на Реал, но ние нема да попуштиме пред притисоците. Тој е наш играч и одлуката за негово останување е дефинитивна - изјави потпретседателот на Милан, Адријано Галијани.
Сепак, најпоставуваното прашање во моментов е дали „росонерите“ ќе останат вака решителни и ладни, кога ќе ја дознаат сумата што е планирана. Обесштетувањето до 80 милиони евра би бил најголем трансфер во фудбалската историја, а со оглед на финансиската криза во италијанскиот фудбал, би била добредојдена за Милан.
Досега најголем трансфер има остварено Зинедин Зидан. За неговото купување Реал Мадрид во 2001 година му плати на Јувентус 68 милиони евра. И вториот по висина трансфер е платен од „кралскиот клуб“, кој на Барселона за услугите на португалскиот ас Луис Фиго и плати отштета од 55 милиони евра. На третото место е заминувањето на аргентинскиот голгетер Хернан Креспо од Парма во Лацио за сума од 52 милиони евра.


Izvadeno od Spic

    MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION          
Кон врв
nina``` Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 51
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nina``` Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2007 во 11:02
Originally posted by Ghost Ghost напиша:

Интер предлага замена на Адријано за Ето

Италијанскиот првак Интер, е готов да му предложи трампа на каталонскиот гигант Барселона, според која напаѓачот Адријано би заминал во редовите на шпанскиот прволигаш Барселона, а во спротивен правец би пристигнал камерунецот Самуел Ето, пишува во вчерашниот број на шпанскиот дневен весник „Ел Мундо Депортиво“. За ваквата можност како што дознава овој медиум било разговарано на заедничката вечера, која ја организирал поранешниот член на каталанскиот клуб Луис Фиго, а сега член на Интер, со првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта. Италијаните предвидуваат и поголема парична сума за трансферот на Ето во нивниот клуб, која засега остана во тајност. Лапорта посакува во следната сезона во своите редови да го има двоецот Адријано - Роналдињо кој според него и досега одлично функционирал во редовите на бразилската репрезентација.


Извадено од Утрински Весник



А па и овие новинарите што им текнува писуваат. Еднаш Адријано за Меси,друг пат Адријано за Ето ShockedShocked
B_A_R_C_E_L_O_N_A--->> ZAKON
Кон врв
tuturutka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Април.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1131
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tuturutka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2007 во 18:25
Знае некој што се случи со трансферот на Кака . . . Ако некој има некоја информација кажете . . . Баш ме интересира дали Кака ќе продолжи во Реал и за кои пари Милан ќе го продаде . . . Wink
STRUGA
Кон врв
B2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тврдим Да Сам Непобедлив

Регистриран: 26.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 361
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај B2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2007 во 01:07
pa ako ne aj neka ime e cestio pobedata na makedonija gjorce petrov i so sreka 
Кон врв
Maro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Август.2005
Статус: Офлајн
Поени: 1215
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2007 во 16:30
Henry otide vo Barca... Idnata godina Barca kje bidat epten jaki...A arsenal neznam sto kje pravat...go zemale ona drvono od Hrvatska. Toj melezot eduardo! kakov kamen e. c c c
Кон врв
cvet4e Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај cvet4e Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2007 во 00:18
Originally posted by tuturutka tuturutka напиша:

Знае некој што се случи со трансферот на Кака . . . Ако некој има некоја информација кажете . . . Баш ме интересира дали Кака ќе продолжи во Реал и за кои пари Милан ќе го продаде . . . Wink
 
Galiani vcera potvrdi deka Kaka ne odi nikade!
...mislam deka edinstveno moze da bide prodaden ako na negovo mesto dojde zvezda od kalibar na ronaldinho (sto e neverojatno bidejki nekolku pati covekot kaza deka nema namera da ja napusti barca),  a jas mislam deka ovoj pretsedatelot na Milan (ne mi teknuva na imeto) e mnogu opsednat so zvezdi, taka sto nema da se otkaze od Kaka ako nema soodvetna zamena-mediumski i fudbalski
 
Кон врв
Ghost Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Universe is my limit

Регистриран: 30.Септември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 6109
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ghost Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2007 во 13:21
Е ова е најубавата вест што сум ја прочитал до сега Big%20smileBig%20smileBig%20smile
    MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION          
Кон врв
male4ka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Шмеќерка ;)

Регистриран: 11.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1939
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај male4ka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2007 во 00:17
кака е најбољи донесол правилна одлукаThumbs%20UpClapTongue
Love Is Not Measured By How You Feel,But How The Other Person Feels...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.