|
Струшки вечери на.... |
Внеси реплика | страница <1234 8> |
Автор | |
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Роберт Рождественски е роден на 20, јуни 1932. Во Алтајската област во Русија. Првите ,од вкупно 70 збирки поезија ,го објавува во 1955година, по што веднаш стекнува голема популарност во литературните кружоци во Русија. Пишувајќи со своите искрени чувства ,онака како што го доживува светот,тој брзо станува миленик и на широката читателска публика во мрачната Русија.Не критикувајќи го комунизмот на тие простори,многу малку бил опструиран од тогашната власт...Искреноста е негова одлика како личност,и исто така главна цел и спрема луѓето ,по што бил омилен во јавноста и широките народни маси.. Не ја сакал лицемерноста и гневот кај другите,што за него била главна причина да остане до крајот на својот живот искрен и почитуван.Песните на Рождественски се изведуваат и како музички нумери ,за што и самиот посакувал..доколку е тоа можно,да го изведуваат и обичните луѓе... Пишувал и инпирацијата ја наоѓал во обичниот човек ,во животот околу него..на улица ..насекаде..Со менување на режимот,и распадот на СССР,се менува и животот во Русија,така да и неговите дела ,следејќи го тој процес ,попримаат друг стил и друг тон...тотално разочарување за она што следува... Умира на 20 август 1994 во Переделкино,Русија ...но делата за животот и љубовта останува и ден денес на читателите од целиот свет.Добитник е на ЛЕНИНОВАТА НАГРАДА,а кај нас, во 1966 година, ПРВ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА, за најдобра песна,награда која подоцна се доделува на поет за севкупно творештво.... Изменето од zagor - 28.Март.2008 во 12:53 |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ААААА,....ШТО БИЛА ЕДНА ОД ПРИЧИНИТЕ ЗА СМЕНА НА НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА УПРАВНИОТ ОДБОР,ПУНТОРИЈЕ МУЧА....ДВОЈАЗИЧНОСТА!!!ВО СИТЕ СФЕРИ ВО ЖИВОТОТ ,ПА И ВО КУЛТУРАТА....,И ТОА СЕГА ,ПРЕД САМАТА ОРГАНИЗАЦИЈА И ЕКИПИРАЊЕ ЗА ФЕСТИВАЛОТ....БРАВО,БРАВО!ПОРАДИ СЕВО ОВА ,НЕМА ГОДИНАВА ДА ГО ПРЕТСТАВИМЕ НОСИТЕЛОТ , ЛАУРЕАТОТ НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА ,КАКО И САМАТА ПРОГРАМА ЗА ФЕСТИВАЛОТ ,ВО СЕДИШТЕТО НА UNESKO, ....ВО ПАРИЗ!...ИМАЛЕ ПРАВО......МНОГУ СВЕТСКИ ПОЕТИ РЕКЛЕ,..КАКО СТРУГА НЕМА ДРУГА...!!!
Изменето од zagor - 28.Март.2008 во 12:52 |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
TafTabiT
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 224 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dobar den :)) celata zbrka okolu struskite veceri na poezijata bese da padne na lokalno nivo i bidejki Struga kako makedonska izgleda ja izgubivme " posto e dvojazicna " sega sakaat i Struskite Veceri da gi napravat dvojazicni ..... i veruvajte ako nekoj im dozvoli lokalnata samouprava na Struga da bide odgovorna i da gi organizira SVP ..... ke dobieme dvojazicni Struski veceri ..... NAJ ISKRENO SE NADEVAM DEKA TOA NEMA DA SE SLUCI INACE SE OTKAZAV OD NAS I OD SAMIOT SEBE !!! KE ZEMAM BANGLADESKO DRZAVJANSTVO !!! pozdrav TafTabiT |
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...ВО ВАКВА СИТУАЦИЈА НИ СКОПЈЕ НЕМА ДА БИДЕ ВИСТИНСКО РЕШЕНИЕ!..ЌЕ МОРА ДА ОДИМЕ НАКАЈ ...КОЧАНИ,ШТИП!!!..КОЧАНСКИ ВЕЧЕРИ(МОЖЕ И НОЌИ ДА ГИ КРСТИМЕ...) НА ПОЕЗИЈАТА...ПА ,ДОБРО.. ЌЕ СЕ НАВИКНЕМЕ И НА ОВА..ДОБРО ЌЕ НИ ЗВУЧИ...
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
RUSHKA
Сениор Регистриран: 28.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 2837 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Aman veke ke moze li nesto normalno da se napravi vo nasata drzava.Ovakva manifestacija od svedsi rang da se stavi vo prasanje....sramota
|
|
4ISTA SOVEST=MIREN SON
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БУЛАТ ОКУЏАВА,СОВЕТСКИ ПОЕТ,ПРОЗАИСТ,КОМПОЗИТОР,СО ЕДЕН ЗБОР СЕСТРАН УМЕТНИК ВО СОВЕТСКИОТ СОЈУЗ И ПОШИРОКО!РОДЕН ВО МОСКВА НА 09 МАЈ 1924 ГОДИНА,ПО ПОТЕКЛО ...ГРУЗИЕЦ.ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА ВО 1967 ГОДИНА. ТВОРЕШТВОТО НА ОВОЈ ПОЕТ И КОМПОЗИТОР ,МОРА ДА СЕ ЗАБЕЛЕЖИ ДЕКА Е СПОЈ ПОМЕЃУ ТРАДИЦИОНАЛНИОТ РУСКИ ФОЛКЛОР, А БИДЕЈЌИ ЖИВЕЕ И ТВОРИ И ВО ФРАНЦИЈА ,ПОВРЗАНО Е СО МУЗИКАТА ВО РИТАМОТ НА ФРАНЦУСКАТА ШАНСОНА.МУЗИЧКИТЕ КОМПОЗИЦИИ НА ОВОЈ АВТОР ,КОЈ Е И САМИОТ ТВОРЕЦ НА ТЕКСТОТ,СЕ ЗАБЕЛЕЖУВААТ ВО МНОГУ ФИЛМОВИ ВО СОВЕТСКАТА КИНЕМАТОГРАФИЈА.УМИРА ВО ПАРИЗ НА 12 ЈУНИ 1997 ГОДИНА. ЛИНК ОД МУЗИЧКА КОМПОЗИЦИЈА ЗА ФИЛМ... http://www.youtube.com/watch?v=VkGc8i78AE8 ПРОШТАВАЊЕ СО ПОЛСКА - БУЛАТ ШАЛВОВИЧ ОКУЏАВАна Агњешка Ошјецка Поврзани сме, Полјаци, од дамнина со судба една, во проштавање и простување, и в смеа и в солзи: кога трубачот над Краков со труба се возвишува, со надеж во очите за сабјата се фаќам јас. Излитените костуми добро ни стојат, и плачат по нас сестрите, како Јарославни, кога под крикот на хармониките по навика одиме да се бориме за слобода на свои седумнаесет години. Ве молам за прошка за прераното проштавање, за долгото молчење, за задоцнетите зборови… Нам времето ни дари празни ветувања, нам од нив, Агњешка, ни се врти во главата. Вечно труби над Краков убиениот трубач, љубовта негова - неизмерна, сигналот за тревога чист. Ученици сме, Агњешка, и наскоро ќе има пауза, и нечиј грамофон отсвирува твист. |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
..КОЛКУ ЗА ИНФОРМАЦИЈА!
ХРВАТСКАТА ПОЕТЕСА АНТОНИЈА НОВАКОВИЌ Е ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА "МОСТОВИ НА СТРУГА",ЗА КНИГАТА "ЛЕСНО МИ Е ДА БИДАМ ПОЛОША" ,КОЈА СЕ ДОБИВА ОД ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈА И ПОКРОВИТЕЛСТВО НА UNESCO.АНТОНИЈА НОВАКОВИЌ Е РОДЕНА ВО ЗАГРЕБ ВО 1979 ГОДИНА И ВАЖИ ЗА МЛАДА НАДЕЖЕНА ПОЕТЕСА,А НАГРАДАТА КОЈА И Е ДОДЕЛЕНА, Е ЗА НАЈДОБРА ДЕБИТАНСКА КНИГА. Изменето од zagor - 28.Март.2008 во 12:46 |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЛАСЛО НАЃ,УНГАРСКИ ПОЕТ,РОДЕН ВО ВЕСПРЕМ НА 17 07 1925г,УМИРА ВО БУДИМПЕШТА НА 30 01 1978 ГОДИНА.ДОБИТНИК НА ЛОВОРОВИОТ ВЕНЕЦ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈА ВО 1968 ГОДИНА.ПОТЕКНУВА ОД СИРОМАШНО СЕМЕЈСТВО И ЦЕЛИОТ ЖИВОТ ГО СЛЕДИ БОЛЕСТ ,КОЈА ГО ОГРАНИЧУВА ВО СВОЕТО ДВИЖЕЊЕ.РАБОТИ КАКО УРЕДНИК ВО СПИСАНИЈА И ПРЕВЕДУВАЧ.НАЈПОЗНАТИ НЕГОВИ ДЕЛА СЕ ПОЕМИТЕ..ВЕНЧАВКАТА И КОЈ ЌЕ ЈА СПАСИ ЉУБОВТА, ИЗДАДЕНА ВО 1957, ПО НЕУСПЕШНАТА РЕВОЛУЦИЈА.ДОБИТНИК Е НА НАГРАДАТА КОШУТ ВО 1966 ГОДИНА ,КАКО ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ УНГАРСКИ ПОЕТИ. Изменето од zagor - 28.Март.2008 во 12:46 |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од majstorce62 - 27.Март.2008 во 23:26 |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
alan ford
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Techno thief Регистриран: 02.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 10782 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kade da ja najdam knigata..(zbirka poezija) od JEHUDA AMIHAJ..po povod negovoto proglasuvanjeto za laureat na SVP...1992 ili 1993 ne sum siguren
|
|
I vrag može citirati Sveto pismo za svoje potrebe.
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЈЕХУДА АМИХАЈ(JEHUDA AMIHAJ )E ДОБИТНИК НА ЛОВОРОВИОТ ВЕНЕЦ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА ВО 1995 ГОДИНА!ЗАСЕГА НЕ МОЖАМ ДА ТИ ПОМОГНАМ ОКОЛУ ТОА ДА ЈА ИМАШ ПРИ РАКА БАРЕМ ЕДНА ОД НЕГОВИТЕ ЗБИРКИ СО ИСКЛУЧОК НА НЕКОЛКУ ПЕСНИ КОЈ И САМИОТ МОЖЕШ ДА ГИ НАЈДЕШ НА NET..!!!...ШТОМ ЌЕ ГО ИМАМ ПРИМЕРОКОТ ,БЛАГОВРЕМЕНО ЌЕ ТЕ ИЗВЕСТАМ.
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МАК ДИЗДАР(MEHMEDALIJA MAK DIZDAR) ДОБИТНИКОТ НА ЛОВОРОВИОТ ВЕНЕЦ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА ВО 1969 ГОДИНА ,БОСАНСКИ ПОЕТ,РОДЕН НА 17.10.1917 ГОДИНА ВО СТОЛАЦ .ЗАВРШУВА ГИМНАЗИЈА ВО САРАЕВО,ПОДОЦНА ПРЕКУ СВОЕТО ТВОРЕШТВО УСПЕВА ДА СЕ НАМЕТНЕ ВО КУЛТУРНИТЕ КРУГОВИ ВО СВОЈАТА ЗЕМЈА, И ЗА МНОГУ КРАТКО ВРЕМЕ СТАНУВА ЕДЕН ОД ВОДЕЧКИТЕ ДЕЈЦИ ВО КУЛТУРНИТЕ ЗБИДНУВАЊА.РАБОТИ КАКО УРЕДНИК ВО ПОВЕЌЕ ИЗДАВАЧКИ КУЌИ,ПИСАТЕЛ,ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРУШТВОТО НА ПИСАТЕЛИ НА БиХ.ДЕЛАТА НА ОВОЈ ПОЕТ И ДЕНЕС ГО СВРТУВААТ ВНИМАНИЕТО НА ЧИТАТЕЛСКАТА ПУБЛИКА ,ИАКО СЕ ПИШУВАНИ ВО ЕДНО ДРУГО ВРЕМЕ И ОПШТЕСТВЕНО ЖИВЕЕЊЕ!НАЈПОЗНАТИ ЗБИРКИ ПОЕЗИЈА СЕ КАМЕНИОТ СПИЈАЧ И ПОЕМАТА МОДРА РЕКА ИЗДАДЕНА ВО 1971 ГОДИНА.ДЕНЕС ,ВО ЧЕСТ НА НЕГОВОТО ДЕЛО СЕ ОДРЖУВААТ ПОВЕЌЕ КУЛТУРНИ МАНИФЕСТАЦИИ ВО БиХ.УМИРА ВО САРАЕВО НА 14 07 1971 ГОДИНА.
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МИОДРАГ ПАВЛОВИЌ,СРПСКИ ПОЕТ ,РОДЕН 28.11.1928 ГОДИНА ВО НОВИ САД,ЖИВЕЕ И РАБОТИ ВО БЕЛГРАД И ТУТЛИНГЕН (СРГ).ПРИЗНАТ И ВРВЕН ПОЕТ ,ПИСАТЕЛ,ЕСЕИСТ ВО ТАТКОВИНАТА И СВЕТОТ.ДЕЛАТА НА ОВОЈ ПИСАТЕЛ ПРЕВЕДЕНИ СЕ НА ПОВЕЌЕ СВЕТСКИ ЈАЗИЦИ И ПРИФАТЕНИ ОД ПОШИРОКАТА ЧИТАТЕЛСКА ПУБЛИКА! ДОБИТНИК Е НА НАГРАДАТА НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА ВО 1970,ДОБИТНИК НА ВРВНИ ЕВРОПСКИ НАГРАДИ ЗА ЛИТЕРАТУРА ДВА ПАТИ КАНДИДИРАН ЗА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРА. ПРВОТО СВОЕ ДЕЛО 87 ПЕСНИ ,ИЗДАДЕНО Е ВО 1952 ГОДИНА,ДЕЛО КОЕ МУ ГО ОТВОРИ ПАТОТ ДО СЛАВАТА.ИЗВРШУВА ВИСОКИ ФУНКЦИИ ВО КУЛТУРНИОТ ЖИВОТ ВО ЗЕМЈИТЕ НА ЖИВЕЕЊЕ,ЧЛЕН НА ЕВРОПСКАТА АКАДЕМИЈА ЗА ПОЕЗИЈА,ЧЛЕН НА СРПСКАТА АКАДЕМИЈА НА УМЕТНОСТИ ОД 1985ГОДИНА.ЕДНА ОД ДЕЛАТА,КОИ СЕ МНОГУБРОЈНИ Е ЗБИРКАТА ПОЕЗИЈА ВЛЕЗ ВО КРЕМОНА.МИОДРАГ ПАВЛОВИЌ Е ЕДЕН ОД ВОДЕЧКИТЕ ЛИЧНОСТИ ВО СРПСКАТА ЛИТЕРАТУРА ПО II СВЕТСКА ВОЈНА. Изменето од zagor - 02.Април.2008 во 01:18 |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
mamma
Сениор Регистриран: 15.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9879 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
..te obozavam-zagor
|
|
Внеси реплика | страница <1234 8> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |