IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Бизнис и економија
  Активни теми Активни теми RSS - Цените незапирливо одат нагоре, доаѓа новиот бран
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Цените незапирливо одат нагоре, доаѓа новиот бран

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
PAVLIN Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Јуни.2007
Локација: Saint Helena
Статус: Офлајн
Поени: 889
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај PAVLIN Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2008 во 00:46
Originally posted by tomsaso tomsaso напиша:



Абе учеше ти колега (претпоставувам) дека зголемување на цената на нафтата предизвикува инфлација?
Или пак, намалената понуда на земјоделски произ. поради сушата предизвикува ценовен шок на страната на агрегатната понуда?

ии еееее.. значи кај наоѓате да истргате теза која ќе ви одговара на моменталната политичка ситуација


samo za kolegata ... i ova li se politicki poeni

Инфлацијата од девет отсто шок за граѓаните

Инструментите на Владата за амортизирање на инфлацијата се ограничени и краткорочни

Александрија Стевковска

Високата инфлација во јануари годинава е со највисок регистиран процент во изминативе години. Инфлаторниот притисок се заканува да ја наруши ценовната стабилност и стабилноста на денарот, што може да биде погубно за севкупната економија во државава. Според експертите, во вакви случаи клучна е улогата на државата во стабилизирање на даночната и монетарната политика. Расположливите инструменти на Владата за амортизирање на стапката на инфлација, пак, се оценуваат како ограничени и краткорочни, но во секој случај мора и таа да се вклучи во стабилизирање на цените, што би придонело и за остварување на можноста за управување со инфлацијата.

„Цените на производите се на слободен режим и Владата има многу мал простор за дејствување во тој дел. Сепак, може да се интервенира во даночната и монетарната политика, бидејќи работите почнаа да се раздвижуваат. Очигледно е дека инфлацијата ќе предизвика раст и на каматните стапки, што треба да ја испровоцира НБМ да преземе мерки за нивно стабилизирање. Монетарната власт има улога на одржувач на ценовната стабилност и таа, од своја страна, треба да ги преземе сите мерки што и' стојат на располагање за да го постигне тоа. Во спротивно, ваквата ситуација на раст на цените на основните прехранбени производи ќе ја одврти инфлаторната спирала и ќе ја наруши стабилноста на денарот, што со себе ќе повлече бројни негативни случувања во економијата“, вели професорот на Универзитетот на ЈИЕ, Мирољуб Шукаров.

Според Шукаров, јануари навистина има рекордна стапка на инфлација, но граѓаните изминативе години се навикнати на ниска инфалција, па стапка од 8,7 отсто им доаѓа како шок, иако тоа е реален процент произлезен од актуелните случувања со поскапувањата.

„Во основа не е толку висока инфлационата вредност, колку висината на трошоците на живеење. Високиот процент на трошоците на живеење произлегуваат од растот на цените на прехранбените производи кои влегуваат во потрошувачката кошница, поради што оваа појава најмногу ги погодува најсиромашните слоеви каде што и инфлацијата се чувствува најсилно. Притисокот на трошоците на живеење врз инфлаторната спирала може да го ублажи Владата со мерки какви што презеде за намалување на цените на основните прехранбени производи. Сепак, испумпувањето на инфлаторните притисоци може да даде краткорочни резултати, бидејќи инфлацијата не е само домашна туку и увезена, поради сличните состојби во целиот регион“, објаснува Шукаров.

Во Хрватска преземањето мерки за намалување на инфлацијата стана примарна цел во услови кога се прогнозира дека таа ќе достигне шест отсто годинава. Хрватската централна банка веќе ја повика владата да ја поддржи во серија конкретни, но непопуларни мерки за намалување на инфлацијата, објави хрватски „Вечерњи лист“.

Барањата се однесуваат на ограничување на растот на платите и буџетските средства до ниво на очекувана инфлација, цврста контрола на цените во јавниот сектор и подготвеност на државата да интервенира на пазарот доколку цените на производите и услугите во приватниот сектор продолжат да растат. Брзиот номинален пораст на буџетските приходи од расходите треба да се искористи за намалување на дефицитот или за намалување на данокот. Централната банка, исто така, и' предлага на државата да не се задолжува дома и кредитните обврски на Хрватска да ги рефинансира на странскиот пазар. Централната банка нема да отстапи од ограничениот раст на пласманот до 12 проценти, а ќе го намали и количеството на пари во оптек, бидејќи забавување на тековната инфлација во 2008 и 2009 година е примарна цел.


“Ш‘ЧО НАПРАИВМЕ...“ - Крсте Петков Мисирков“
“ДО ВИСТИНАТА НЕ МОЖЕМЕ ДА СТИГНЕМЕ ПОЛЗЕЈЌИ“ - Владимир Мегре
Кон врв
PAVLIN Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Јуни.2007
Локација: Saint Helena
Статус: Офлајн
Поени: 889
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај PAVLIN Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2008 во 16:50



Инфлацијата излезе од шишето

Мирче Јовановски

Лошиот дух на инфлацијата излезе од шишето. Во јануари годинава статистичарите измерија пораст на трошоците за живеење за речиси девет отсто во споредба со истиот месец лани.

Оваа бројка одамна не е регистрирана во земјава. Граѓаните и фирмите веќе се привикнаа на ценовна стабилност, што на моменти дури изгледаше и здодевно. Можеби и затоа шокот од статистичките податоци, кои намерно или не, беа презентирани со неколкунеделно задоцнуваше, беше голем.

Во свеста на луѓето кај нас е врежано што значи висока инфлација. Во турбулентните години на распадот на југословенската федерација и во првите години од самостојноста, тие на најдиректен начин ги почувствуваа лошите ефекти од секојдневното зголемување на цените, но и цената што треба да се плати за да се сведе во разумни рамки.

Инфлацијата ги обезвреднува платите и пензиите, таа ги топи денарските заштеди, ги зголемува каматите на кредитите... Ништо подобро не поминуваат ниту фирмите, кои се соочуваат со сериозни тешкотии при утврдувањето и реализацијата на нивните деловни планови.

Можеби и затоа загриженоста меѓу луѓето е голема, особено кај оние со помали примања, кои по правило и се најпогодени од порастот на трошоците за живеење.

Владата досега, главно, ги игнорираше предупредувањата за отворањето на инфлаторната спирала. Владини претставници повеќе се фалеа со зголемување на платите на административците и на пензиите. Под притисок на медиумите беа преземени и некои мерки, како на пример финансиска поддршка на најзагрозените, како и симболично намалување на цените на најосновните прехранбени производи во големите супермаркети.

Меѓутоа, овие мерки тешко дека ќе можат позначајно да влијаат на зачувување на стандардот на населението, или пак, на спречување на натамошниот раст на цените. Иронично во целата ситуација е што Владата, занесена во своите пропагандни активности, дури и договорот со трговците и производителите со кој поевтинија лебот и млекото го истретира како реклама.

Иако е рано да се прогнозира каква ќе биде инфлацијата на ниво на цела година, бидејќи врз основа на еден месец е неблагодарно да се прогнозира, но алармот за тревога, сепак, треба да биде вклучен. Македонија е мала земја, а нејзиното стопанство е увозно зависно, па тешко дека ќе може да се одбрани од поголеми ценовни притисоци кои произлегуваат од поскапата енергија или прехранбените производи.

Но, се чини, врз инфлацијата не кумуваа само овие фактори. Огромното зголемување на буџетската потрошувачка, односно проектираниот буџетски дефицит од 1,5 отсто од бруто-домашниот производ, но и структурата на трошењата веројатно дополнително ќе придонесат за годинашниве резултати. Со оглед на тоа што инфлацијата во јануари, сепак, е последица на нешто што се случувало во изминатиот период, многу е веројатно дека одврзувањето на ќесето при крајот на минатата година, кога по секоја цена се настојуваше да се искористат нереализираните средства наменети за капитални расходи, исто така, влијаеше врз зголемување на инфлацијата.

Она што дополнително загрижува е ограничениот распон на мерки што и' стојат на располагање на земјава во целина. Централната банка, како што соопшти вчера, реагираше со зголемување на каматните стапки на благајничките записи. Оттаму може да се очекува да побара да се зголеми нивото на задолжителната резерва, на пример. Но, со оглед дека монетарната политика и к*рсот на денарот се сидра во кои не треба многу да се „протресуваат“, останува дека најдобро решение е фискалната политика, односно намалување на јавната потрошувачка. Прашање е меѓутоа, како да се интервенира во нешто за кое само до пред еден месец надлежните тврдеа дека е добра рамка за спроведување на економската политика годинава.



Изменето од PAVLIN - 20.Февруари.2008 во 16:52
“Ш‘ЧО НАПРАИВМЕ...“ - Крсте Петков Мисирков“
“ДО ВИСТИНАТА НЕ МОЖЕМЕ ДА СТИГНЕМЕ ПОЛЗЕЈЌИ“ - Владимир Мегре
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2008 во 16:45
СЕ НАВИКНУВААТ СИТЕ, ЌЕ СЕ НАВИКНАМ И ЈАС. НЕ МЕ РАЗОЧАРУВААТ ТИЕ ПРЕД МЕНЕ - МЕ ТЕШАТ ТИЕ ЗАД МЕНЕ.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2008 во 16:58
...НЕМА СПАС,ГОТОВИ СМЕ!!!
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,391 секунди.