Испечати | Затвори го прозорот

Цените незапирливо одат нагоре, доаѓа новиот бран

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Бизнис и економија
Опис на форумот: Берза, менаџмент, вработувања, инвестиции...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=11803
Датум на принтање: 27.Декември.2024 во 04:03
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Цените незапирливо одат нагоре, доаѓа новиот бран
Постирано од: Mindy
Наслов: Цените незапирливо одат нагоре, доаѓа новиот бран
Датум на внесување: 29.Јануари.2008 во 12:09
Од 1 февруари нови повисоки цени. Владата не може многу да стори за да се ублажи ценовниот шок


за повеке, кликни
http://utrinski.com.mk/?ItemID=427D28ADD1C60A46B7742A6CC359BC9A - ТУКА



П.С.  Ствано не знаев каде да ја отворам темата, затоа ја сместив во овој подфорум


-------------



Коментари:
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 29.Јануари.2008 во 12:12
И...од што ќе живееме ние кои сме немале ксмет да му ја дувнеме негде надвор или да се опариме преку ноќ?збунетост

-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: connected
Датум на внесување: 29.Јануари.2008 во 14:40
постарите луѓе велат кога има вакви работи тоа било предзнак за војназбунетост

-------------


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 29.Јануари.2008 во 14:51
Кај да му ја дувнеме?

-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: topsexy
Датум на внесување: 29.Јануари.2008 во 15:21
pa neka poskapuvaat be,.........aj neka idat u pm.......kaj mozeme ke pomogneme


Постирано од: sensei
Датум на внесување: 30.Јануари.2008 во 00:14
sekade poskapuvaat cenite... i toa e vestacki. Ke stanuva se pogusto do 2012 збунетост ili do konecniot nov svetski poredok.

-------------
Gods Creative Force enters humanity through a mans love for his wife and desire to raise his family in a wholesome environment. It is reciprocated by a woman receiving his seed-spirit and nurturing it


Постирано од: PAVLIN
Датум на внесување: 30.Јануари.2008 во 16:19
Originally posted by sensei sensei напиша:

sekade poskapuvaat cenite... i toa e vestacki. Ke stanuva se pogusto do 2012 збунетост ili do konecniot nov svetski poredok.


ти бе кај живееш...каков нов светски поредок со поскапувањата на цените...едноп со друго нема врска...во РМ цените поскапуваат поради зголемувањето на инфлацијата, која директно владата ја создаде со зголемувањето на платите...или да ти дообјаснам...со зголемувањето на потрошувачката, посебно на јавната потрошувачка не се влијаеше на зголемување на индустријата и намалување на работните места туку тие пари само ги изедоа трговците - увозници, кои и ги зголемија цените на производите...а ако на краток рок не се смени нешто посебно во преработувачата индустрија тогаш може да очекуваме и поенромно зголемување на цените посебно на основните произвноди...млекото лебот зејтинот итн...големо%20гушкање


-------------
“Ш‘ЧО НАПРАИВМЕ...“ - Крсте Петков Мисирков“
“ДО ВИСТИНАТА НЕ МОЖЕМЕ ДА СТИГНЕМЕ ПОЛЗЕЈЌИ“ - Владимир Мегре


Постирано од: sensei
Датум на внесување: 30.Јануари.2008 во 21:37
Zgolemuvanjata na cenite vo MK se delumno vestacki i delumno zaradi poskapuvanjata vo sosedstvoto.

Apsolutno nema vrska so zgolemuvanjeto na platite. Tezata deka zaradi pogolemata kupovna mokj na narodot trgovcite od cista lakomost kako kartel ja zgolemuvaat cenata, vo uslovi na pazarna konk*rencija, ne ti drzi, i toa e najlesno da se spreci. Vakva teza odi vo prilog samo na opozicijata. Glupost....


-------------
Gods Creative Force enters humanity through a mans love for his wife and desire to raise his family in a wholesome environment. It is reciprocated by a woman receiving his seed-spirit and nurturing it


Постирано од: Pustinski-Lav
Датум на внесување: 30.Јануари.2008 во 22:28
Zgolemuvanjata na cenite vo MK se delumno vestacki i delumno zaradi poskapuvanjata vo sosedstvoto.

Apsolutno nema vrska so zgolemuvanjeto na platite. Tezata deka zaradi pogolemata kupovna mokj na narodot trgovcite od cista lakomost kako kartel ja zgolemuvaat cenata, vo uslovi na pazarna konk*rencija, ne ti drzi, i toa e najlesno da se spreci. Vakva teza odi vo prilog samo na opozicijata. Glupost....
Za kakva pazarna kunk*rencija zboruvas??? Da ne funjcionira kako sto treba agencijata za zastita na potrosuvacite, ili koja i da e institucija koja ce se grizi za da ne dojde do poskapuvanje???  Deckoto si e vo pravo, iako ekonomskite pojavi ne se egzaktni!

-------------
NEMOZETE DA GO NAUCITE NA DRUGI SO NISTO; MOZE SAMO DA MU POMOGNETE SOZNANIETO DA GO SPOZNAE VO SEBE


Постирано од: Tattoo Beauty
Датум на внесување: 30.Јануари.2008 во 22:34
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Кај да му ја дувнеме?


ако продолжи вака треба да ја дувнемеголема%20насмевкаголема%20насмевка


-------------
http://www.skin-artists.com" rel="nofollow - Skin-Artists.com

http://www.tattoo-passion.org" rel="nofollow - TattooPassion


Постирано од: PAVLIN
Датум на внесување: 30.Јануари.2008 во 23:05
Originally posted by sensei sensei напиша:

Zgolemuvanjata na cenite vo MK se delumno vestacki i delumno zaradi poskapuvanjata vo sosedstvoto.

Apsolutno nema vrska so zgolemuvanjeto na platite. Tezata deka zaradi pogolemata kupovna mokj na narodot trgovcite od cista lakomost kako kartel ja zgolemuvaat cenata, vo uslovi na pazarna konk*rencija, ne ti drzi, i toa e najlesno da se spreci. Vakva teza odi vo prilog samo na opozicijata. Glupost....


a inaku zosto poskapuva na primer zejtinot zaradi pazarnata konk*rencija ili zaradi oslabnuvanjeto na denarot...se zgolemuva javnata potrosuvacka za 15 %, sto znaci deka gragjanite ke mozat povekje da kupuvaat...togas zosto se zgolemuvaat cenite na proizvodite sto se prodavaat na makedonskiot pazar, a se proizvedeni od makeonskite proizvoditeli...neli ako se zgolemuva kupovnata mok na gragjaninot treba da se zgolemuva i proizvodtsvoto za da nema cenoven sok....ili ti imash nekoja vmrovska fantasticna ideja koja ke ne prosvetli i koja dosega ne se sprovela vo nitu edna zemja...misli ne mi teraj politika kaj sto ja nema ...makedonskata ekonomija ne e podgotvena za zgolemuvanje na javnata potrosuvacka osobeno ne koga e prenasilena od strana na centralnata vlast...zgolemuvanje na platite e dobar na kratok rok koga ekonomijata e vo ekspanzija i koga ima novi svezi pari koi ke mu ponudat na gragjaninot pogolema ponuda po namaleni ceni...a vaka gjabe se potrosija 100 milioni evra vo prakticno partiski celi i reklama za zgolemuvanje na licnosta na samo eden covek...ekonomijata ova znae i ke go kazni so 100 denari L zejtin proizveden vo Blagoj Gjorevлутиналутиналутина


-------------
“Ш‘ЧО НАПРАИВМЕ...“ - Крсте Петков Мисирков“
“ДО ВИСТИНАТА НЕ МОЖЕМЕ ДА СТИГНЕМЕ ПОЛЗЕЈЌИ“ - Владимир Мегре


Постирано од: BidiFit
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 02:53
Дај малку нека обрнат внимание на оние кои едвај преживуваат. Нема да можат на децата млеко да им купат. Ова веќе како дојде, за некој и лебот стана луксуз!!!

-------------
http://www.bidifit.com.mk - http://www.bidifit.com.mk


Постирано од: brza
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 13:27
toa voopshto ne e bitno ,...tuka,...vazno,...vo hrvatska ,...osnovnoto e namaleno i dostapno i na siromashnite,...ama,...tie se pameten narod,...koj gi ebe ovie tuka,....i taka ,...ke im dojde krajot,...naskoro,....mozebi i zatoa e vaka,...лутиналутина

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: tomsaso
Датум на внесување: 13.Февруари.2008 во 21:52
Originally posted by PAVLIN PAVLIN напиша:


Originally posted by sensei sensei напиша:

Zgolemuvanjata na cenite vo MK se delumno vestacki i delumno zaradi poskapuvanjata vo sosedstvoto.Apsolutno nema vrska so zgolemuvanjeto na platite. Tezata deka zaradi pogolemata kupovna mokj na narodot trgovcite od cista lakomost kako kartel ja zgolemuvaat cenata, vo uslovi na pazarna konk*rencija, ne ti drzi, i toa e najlesno da se spreci. Vakva teza odi vo prilog samo na opozicijata. Glupost....
a inaku zosto poskapuva na primer zejtinot zaradi pazarnata konk*rencija ili zaradi oslabnuvanjeto na denarot...se zgolemuva javnata potrosuvacka za 15 %, sto znaci deka gragjanite ke mozat povekje da kupuvaat...togas zosto se zgolemuvaat cenite na proizvodite sto se prodavaat na makedonskiot pazar, a se proizvedeni od makeonskite proizvoditeli...neli ako se zgolemuva kupovnata mok na gragjaninot treba da se zgolemuva i proizvodtsvoto za da nema cenoven sok....ili ti imash nekoja vmrovska fantasticna ideja koja ke ne prosvetli i koja dosega ne se sprovela vo nitu edna zemja...misli ne mi teraj politika kaj sto ja nema ...makedonskata ekonomija ne e podgotvena za zgolemuvanje na javnata potrosuvacka osobeno ne koga e prenasilena od strana na centralnata vlast...zgolemuvanje na platite e dobar na kratok rok koga ekonomijata e vo ekspanzija i koga ima novi svezi pari koi ke mu ponudat na gragjaninot pogolema ponuda po namaleni ceni...a vaka gjabe se potrosija 100 milioni evra vo prakticno partiski celi i reklama za zgolemuvanje na licnosta na samo eden covek...ekonomijata ova znae i ke go kazni so 100 denari L zejtin proizveden vo Blagoj Gjorevлутиналутиналутина


Абе учеше ти колега (претпоставувам) дека зголемување на цената на нафтата предизвикува инфлација?
Или пак, намалената понуда на земјоделски произ. поради сушата предизвикува ценовен шок на страната на агрегатната понуда?

ии еееее.. значи кај наоѓате да истргате теза која ќе ви одговара на моменталната политичка ситуација


Постирано од: PAVLIN
Датум на внесување: 19.Февруари.2008 во 00:46
Originally posted by tomsaso tomsaso напиша:



Абе учеше ти колега (претпоставувам) дека зголемување на цената на нафтата предизвикува инфлација?
Или пак, намалената понуда на земјоделски произ. поради сушата предизвикува ценовен шок на страната на агрегатната понуда?

ии еееее.. значи кај наоѓате да истргате теза која ќе ви одговара на моменталната политичка ситуација


samo za kolegata ... i ova li se politicki poeni

Инфлацијата од девет отсто шок за граѓаните

Инструментите на Владата за амортизирање на инфлацијата се ограничени и краткорочни

Александрија Стевковска

Високата инфлација во јануари годинава е со највисок регистиран процент во изминативе години. Инфлаторниот притисок се заканува да ја наруши ценовната стабилност и стабилноста на денарот, што може да биде погубно за севкупната економија во државава. Според експертите, во вакви случаи клучна е улогата на државата во стабилизирање на даночната и монетарната политика. Расположливите инструменти на Владата за амортизирање на стапката на инфлација, пак, се оценуваат како ограничени и краткорочни, но во секој случај мора и таа да се вклучи во стабилизирање на цените, што би придонело и за остварување на можноста за управување со инфлацијата.

„Цените на производите се на слободен режим и Владата има многу мал простор за дејствување во тој дел. Сепак, може да се интервенира во даночната и монетарната политика, бидејќи работите почнаа да се раздвижуваат. Очигледно е дека инфлацијата ќе предизвика раст и на каматните стапки, што треба да ја испровоцира НБМ да преземе мерки за нивно стабилизирање. Монетарната власт има улога на одржувач на ценовната стабилност и таа, од своја страна, треба да ги преземе сите мерки што и' стојат на располагање за да го постигне тоа. Во спротивно, ваквата ситуација на раст на цените на основните прехранбени производи ќе ја одврти инфлаторната спирала и ќе ја наруши стабилноста на денарот, што со себе ќе повлече бројни негативни случувања во економијата“, вели професорот на Универзитетот на ЈИЕ, Мирољуб Шукаров.

Според Шукаров, јануари навистина има рекордна стапка на инфлација, но граѓаните изминативе години се навикнати на ниска инфалција, па стапка од 8,7 отсто им доаѓа како шок, иако тоа е реален процент произлезен од актуелните случувања со поскапувањата.

„Во основа не е толку висока инфлационата вредност, колку висината на трошоците на живеење. Високиот процент на трошоците на живеење произлегуваат од растот на цените на прехранбените производи кои влегуваат во потрошувачката кошница, поради што оваа појава најмногу ги погодува најсиромашните слоеви каде што и инфлацијата се чувствува најсилно. Притисокот на трошоците на живеење врз инфлаторната спирала може да го ублажи Владата со мерки какви што презеде за намалување на цените на основните прехранбени производи. Сепак, испумпувањето на инфлаторните притисоци може да даде краткорочни резултати, бидејќи инфлацијата не е само домашна туку и увезена, поради сличните состојби во целиот регион“, објаснува Шукаров.

Во Хрватска преземањето мерки за намалување на инфлацијата стана примарна цел во услови кога се прогнозира дека таа ќе достигне шест отсто годинава. Хрватската централна банка веќе ја повика владата да ја поддржи во серија конкретни, но непопуларни мерки за намалување на инфлацијата, објави хрватски „Вечерњи лист“.

Барањата се однесуваат на ограничување на растот на платите и буџетските средства до ниво на очекувана инфлација, цврста контрола на цените во јавниот сектор и подготвеност на државата да интервенира на пазарот доколку цените на производите и услугите во приватниот сектор продолжат да растат. Брзиот номинален пораст на буџетските приходи од расходите треба да се искористи за намалување на дефицитот или за намалување на данокот. Централната банка, исто така, и' предлага на државата да не се задолжува дома и кредитните обврски на Хрватска да ги рефинансира на странскиот пазар. Централната банка нема да отстапи од ограничениот раст на пласманот до 12 проценти, а ќе го намали и количеството на пари во оптек, бидејќи забавување на тековната инфлација во 2008 и 2009 година е примарна цел.




-------------
“Ш‘ЧО НАПРАИВМЕ...“ - Крсте Петков Мисирков“
“ДО ВИСТИНАТА НЕ МОЖЕМЕ ДА СТИГНЕМЕ ПОЛЗЕЈЌИ“ - Владимир Мегре


Постирано од: PAVLIN
Датум на внесување: 20.Февруари.2008 во 16:50



Инфлацијата излезе од шишето

Мирче Јовановски

Лошиот дух на инфлацијата излезе од шишето. Во јануари годинава статистичарите измерија пораст на трошоците за живеење за речиси девет отсто во споредба со истиот месец лани.

Оваа бројка одамна не е регистрирана во земјава. Граѓаните и фирмите веќе се привикнаа на ценовна стабилност, што на моменти дури изгледаше и здодевно. Можеби и затоа шокот од статистичките податоци, кои намерно или не, беа презентирани со неколкунеделно задоцнуваше, беше голем.

Во свеста на луѓето кај нас е врежано што значи висока инфлација. Во турбулентните години на распадот на југословенската федерација и во првите години од самостојноста, тие на најдиректен начин ги почувствуваа лошите ефекти од секојдневното зголемување на цените, но и цената што треба да се плати за да се сведе во разумни рамки.

Инфлацијата ги обезвреднува платите и пензиите, таа ги топи денарските заштеди, ги зголемува каматите на кредитите... Ништо подобро не поминуваат ниту фирмите, кои се соочуваат со сериозни тешкотии при утврдувањето и реализацијата на нивните деловни планови.

Можеби и затоа загриженоста меѓу луѓето е голема, особено кај оние со помали примања, кои по правило и се најпогодени од порастот на трошоците за живеење.

Владата досега, главно, ги игнорираше предупредувањата за отворањето на инфлаторната спирала. Владини претставници повеќе се фалеа со зголемување на платите на административците и на пензиите. Под притисок на медиумите беа преземени и некои мерки, како на пример финансиска поддршка на најзагрозените, како и симболично намалување на цените на најосновните прехранбени производи во големите супермаркети.

Меѓутоа, овие мерки тешко дека ќе можат позначајно да влијаат на зачувување на стандардот на населението, или пак, на спречување на натамошниот раст на цените. Иронично во целата ситуација е што Владата, занесена во своите пропагандни активности, дури и договорот со трговците и производителите со кој поевтинија лебот и млекото го истретира како реклама.

Иако е рано да се прогнозира каква ќе биде инфлацијата на ниво на цела година, бидејќи врз основа на еден месец е неблагодарно да се прогнозира, но алармот за тревога, сепак, треба да биде вклучен. Македонија е мала земја, а нејзиното стопанство е увозно зависно, па тешко дека ќе може да се одбрани од поголеми ценовни притисоци кои произлегуваат од поскапата енергија или прехранбените производи.

Но, се чини, врз инфлацијата не кумуваа само овие фактори. Огромното зголемување на буџетската потрошувачка, односно проектираниот буџетски дефицит од 1,5 отсто од бруто-домашниот производ, но и структурата на трошењата веројатно дополнително ќе придонесат за годинашниве резултати. Со оглед на тоа што инфлацијата во јануари, сепак, е последица на нешто што се случувало во изминатиот период, многу е веројатно дека одврзувањето на ќесето при крајот на минатата година, кога по секоја цена се настојуваше да се искористат нереализираните средства наменети за капитални расходи, исто така, влијаеше врз зголемување на инфлацијата.

Она што дополнително загрижува е ограничениот распон на мерки што и' стојат на располагање на земјава во целина. Централната банка, како што соопшти вчера, реагираше со зголемување на каматните стапки на благајничките записи. Оттаму може да се очекува да побара да се зголеми нивото на задолжителната резерва, на пример. Но, со оглед дека монетарната политика и к*рсот на денарот се сидра во кои не треба многу да се „протресуваат“, останува дека најдобро решение е фискалната политика, односно намалување на јавната потрошувачка. Прашање е меѓутоа, како да се интервенира во нешто за кое само до пред еден месец надлежните тврдеа дека е добра рамка за спроведување на економската политика годинава.



-------------
“Ш‘ЧО НАПРАИВМЕ...“ - Крсте Петков Мисирков“
“ДО ВИСТИНАТА НЕ МОЖЕМЕ ДА СТИГНЕМЕ ПОЛЗЕЈЌИ“ - Владимир Мегре


Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 23.Февруари.2008 во 16:45
СЕ НАВИКНУВААТ СИТЕ, ЌЕ СЕ НАВИКНАМ И ЈАС. НЕ МЕ РАЗОЧАРУВААТ ТИЕ ПРЕД МЕНЕ - МЕ ТЕШАТ ТИЕ ЗАД МЕНЕ.

-------------
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 23.Февруари.2008 во 16:58
...НЕМА СПАС,ГОТОВИ СМЕ!!!

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk