IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ФРАГМЕНТИ ОД ЕДНА УБАВА КНИГА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ФРАГМЕНТИ ОД ЕДНА УБАВА КНИГА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 7>
Автор
Порака
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2007 во 20:05
Blagodarime na cestitkite.
големо%20гушкање големо%20гушкање големо%20гушкање големо%20гушкање
голема%20насмевка
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 10:13

ПОТТИКНАТ ОД МОЕТО НОВО СОЗНАНИЕ, поминував многу време во Дамаск читајќи секаков вид книги за исламот до кои можев да стигнам. Мојот арапски, иако доволен за конверзација, беше сосема недоволен за читање на к*ранот во оригинал, така што морав да прибегнам кон два преводафранцускиот и германскиоткои ги позајмив од библиотека. За останатото морав да се потпрам врз делата на европските ориенталисти и врз објаснувањата на мојот пријател.

Колку годе фрагментарни, овие проучувања и разговори беа како кревање на некакво перде. Почнав да забележувам свет на идеи за кој дотогаш сум бил целосно неук.

Исламот не изгледаше толку како религија во популарна смисла на зборот, колку како начин на живот; не толку како систем на теологија,  колку програма на лично и општествено однесување базиран врз свеста за Бога. Никаде во к*ранот не можев да најдам повикување на потребата одспасение“. Никаков прв, наследен грев не стоеше меѓу личноста и неговата судбинабидејќи ништо не може да му се припише на човекот  освен она што тој самиот го заслужил“. Не е баран никаков аскетизам за да се отвори сокриената порта на невиноста; бидејќи невиноста е човеково право здобиено со раѓањето, а гревот значи само скршнување од природните, позитивни својства со кои Бог го дарувал секое живо суштество. Нема трага од каков било дуализам во набљудувањето на човечката природа: изгледа дека телото и душата се земени како единствена целина.

На почетокот бев донекаде зачуден од к*ранската грижа не само за духовните нешта, туку исто така и за многу навидум безначајни, световни аспекти на животот; но со време почнав да сфаќам дека, ако човекот навистина е единствена целост од тело и духкако што исламот тврди дека еникаков аспект на неговиот живот не би можел да биде премногубезначаенза да дојде во надлежност на религијата. Со сето тоа, к*ранот никогаш не дозволил неговите следбеници да заборават дека животот на овој свет е само еден степен од човековиот пат кон повисока егзистенција и дека неговата конечна цел е од духовна природа. Тој вели дека материјалниот напредок е пожелен, но не како цел самиот за себе; затоа човековите апетити, иако оправдани самите по себе, мора да бидат совладани и контролирани од моралната свест. Оваа свест теба да се однесува не само на човековиот однос кон Бог, туку исто така на неговиот однос кон луѓето; не само на духовното усовршување на личноста туку,  исто така, и на создавање на таквите општествени услови кои би можеле да му одговараат на духовниот развој на сите, така што сите би можеле да живеат во изобилство...

Сето ова беше интелектуално и етички далекупоприфатливоод сето она што порано сум го слушал или читал за исламот. Неговиот приод кон проблемите на духот изгледаше подлабок отколку оној од Стариот Завет, а освен тоа немаше никаква наклонетост кон ниедна посебна нација. Неговиот приод кон проблемите на телото, за разлика од Новиот Завет, беше изразито позитивен. Духот и телото стоеја, секој на свој начин, како двоен аспект на човечкиот живот создаден од Бога.

Се прашував, не е ли можеби ова учење одговорно за емоционалната сигурност која толку долго ја чувствував кај Арапите?

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 10:15

НАСПРОТИ МОЈАТА КУЌА, толку близу што речиси може да се допре, беше малата џамија со малечко минаре од кое пет пати дневно одекнуваше повикот за намаз. Човек со бел турбан ќе се појавеше на галеријата, ќе ги кренеше своите раце и ќе почнеше да пее: „Алаху ЕкберБог е Најголем. Сведочам дека Мухамед е Божји Пратеник...“ Додека полека се свртуваше кон четирите страни на светот, тонот на неговиот глас растеше, растеше во јасна мелодија, нишајќи се на длабоките, грлени гласови на арапскиот јазик, колебајќу се, доближувајќи се и повлекувајќи се. Гласот беше длабок баритон, нежен и силен, способен за големи распони; но можеше да се забележи дека занесот, а не уметноста го правеше толку убав.

Оваа мелодија на муезинот[1] беше мотив за моите денови и вечери во Каиротокму како што беше мотив и во Стариот град Ерусалим и беше одредена да остане во сите мои подоцнежни патувања низ муслиманските земји. Таа насекаде звучеше еднакво, наспроти сите разлики во дијалектот и во интонацијата кои можеа да бидат очигледни во секојдневниот говор  на луѓето; единството на гласот кое, оние денови во Каиро, ме наведе да сфатам колку е длабоко внатрешното единство на сите муслимани, а колку се неприродни и безначајни граничните линии меѓу нив. Тие беа едно во својот начин на размислување и во судењето што е правилно, а што е неправилно, и едно во своето сфаќање за тоа во што се состои добриот живот.

Ми изгледаше како првпат да сум сретнал заедница во која сродството меѓу луѓето не е последица на случајноста на заедничките расни и економски интереси, туку на нешто многу подлабоко и многу постабилно; сродство на заедничичко гледиште кое ги остранило сите бариери на осаменоста меѓу луѓето.

 



[1] Povikuva~ na vremeto za molitva (Zab. na prev.).

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 10:16

Сето ова беше интелектуално и етички далекупоприфатливоод сето она што порано сум го слушал или читал за исламот. Неговиот приод кон проблемите на духот изгледаше подлабок отколку оној од Стариот Завет, а освен тоа немаше никаква наклонетост кон ниедна посебна нација. Неговиот приод кон проблемите на телото, за разлика од Новиот Завет, беше изразито позитивен. Духот и телото стоеја, секој на свој начин, како двоен аспект на човечкиот живот создаден од Бога.

Се прашував, не е ли можеби ова учење одговорно за емоционалната сигурност која толку долго ја чувствував кај Арапите?

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 11:02

Како можам да кажам, на старост од триесет и две години, што била или што е мојата судбина?

Понекогаш ми се чини дека речиси можам да ги видам животите на двата човека, кога ќе погледнам назад во мојот живот. Но, откако ќе размислам за тоа, дали тие два дела од мојот живот се навистина толку различни еден од другили дали, можеби, под сите површни разлики во формата и упатството, секогаш имало единство во чувството и целта заеднички и за двата дела?

Ја кревам главата и го гледам кругот на небото над работ од бунарот, и ѕвездите. Додека така стојам неподвижен, мошне долго, ми се чини дека гледам како полека ја менуваат својата положба, движејќи се, за да ги исполнат низите и низите од милиони години на кои им нема крај. Тогаш, не сакајќи, морам да мислам за малите низи од годините што сум ги проживеалза сите тие нејасни години поминати во топлата сигурност на детсвото, во градот каде ми беше познато секое катче и секоја улица; потоа во другите градови полни со возбудувања, копнежи и надежи какви што само раната младост може да ги познава; потоа во новиот свет меѓу луѓето чиишто надворешност и однесувањето најпрвин ми беа туѓи, но со време донесоа нова блискост и ново чувство дека сум дома; потоа во чудните и во сè почудните предели, во градовите стари колку што е помнењето на човекот, во степите без хоризонт, во планините чијашто дивина потсеќава на дивината на човечкото срце, и во жешките пустински самотии. И бавното нараснување на новите вистиниза мене новии потоа оној ден во снеговите на Хинду-Куш кога, по долгиот разговор, еден пријател, Авганистанец, во зачудување извика: Па ти си муслиман, само што ти самиот не го занеш тоа...!“ Потоа оној другиот ден, со месеци подоцна, кога и самиот го спознав тоа; мојот прв аџилак во Мека, смртта на мојата жена и безнадежноста што настапи потоа. Овие вечни времиња меѓу Арапите оттогаш, годините на длабоко пријателство со кралот кој со својот меч за себеси создал држава од ништожество и бил за чекор оддалечен од  вистинската големина; годините на талкање низ пустините и степите; ризичните излети меѓу завојуваните арапски бедуини и во либиската борба за независност; долгите престојувања во Медина каде настојував да го употполнам своето знаење за исламот во Пратениковата џамија, повторните аџилаци во Мека; топлите човечки односи и пустите денови на осаменост; префинетите расправи со образованите муслимани од сите делови на светот и патувањата низ неистражените подрачја; сите овие години на нурнување во светот далеку од мислите и целите на западната цивилизација.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 11:13

Каква долга низа од години...

Сите овие потонати години сега излегуваат на површина, ги откриваат своите лица уште еднаш и ме повикуваат со многу гласови. Ненадејно, во исплашен грч на моето срце, согледувам колку бил долг, колку бил бескраен мојот пат. „Постојано само си одел и одел“, си велам себеси. „Воопшто досега не си го изградил својот живот врз нешто што би можело да се фати со раце и никогаш не постоел одговорот на прашањето; ‚Каде?‘... Постојано само си одел и одел, талкач низ многу земји, гостин во многу срца, но копнежот никогаш не бил стивнат, и покрај тоа што повеќе не си туѓинец, сè уште не си пуштил корења...“

Зошто, дури и откако го најдов своето место меѓу луѓето кои веруваат во она што и самиот сум го прифатил како верување, не можам да пуштам корен?

Пред две години, кога за жена зедов Арапка од Медина, сакав да ми роди син. Преку овој син, Талал, кој ни се роди пред неколу месеци, почнав да чувствувам дека Арапите се мој народ, како што веќе ми беа браќа по верата. Би сакал тој да има свои корења длабоко во оваа земја и да израсне свесен за своето големо наследство, како во крвта така и во културата. Би можело да се помисли дека ова би морало да биде доволно во човекот да поттикне желба да се смири засекогаш, за себе и за своето семејство да изгради постојан дом. Па зошто тогаш моите талкања сè уште не се завршени и зошто морам да продолжам по мојот пат? Зошто животот што самиот си го избрав не ме задоволува целосно? Што е тоа што ми недостасува во оваа средина? Без сомнение, тоа не се интелектуалните придобивки на Европа. Ги оставив зад себе. Тие не ми недостигаат. Навистина, јас сум толку оддалечен од нив што ми станува сè потешко да пишувам за европските весници кои ме снабдуваат со средства за живот; секогаш кога ќе испратам некоја статија, ми се чини дека фрлам камен во бунар без дно: каменот исчезнува во темната празнина, а не стигнува дури ни ехото за да ми каже дека ја достигнал својата цел...

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 11:23

Додека така размислувам во немир и збунетост, наполу нурнат во темната вода на бунарот на една оаза во Арабија, ненадејно слушам глас од заднината на мојот спомен, глас на еден стар номад, к*рд: Ако водата мирува неподвижна во барата, таа станува збајатена и каллива, но ако се движи и тече, станува бистра; исто така и човекот во своите талкања. Поради тоа, како со некоја магија, сиот немир ме напушта. Почнувам да гледам на себеси од далечина, како што би требало да ги гледате страниците од книгата за да ја прочитате приказната од нив; почнувам да сфаќам дека мојот живот не можел да има поинаков тек. Бидејќи, кога ќе се прашам себеси: „Што е вкупната крајната цел на мојот живот?“ нешто во мене небаре одговара: „Си решил едниот свет да го замениш со другда добиеш нов свет во замена за стариот кој никогаш вистински не си го поседувал.“ Со изненадувачка јаснотија спознавам дека таквиот потфат навистина би можел да опфати еден цел живот.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 11:53

Ние бевме запреле за да ја извршиме пладневната молитва. Додека ги миев рацете, лицето и нозете, од мевот се пролеаја неколку капки вода преку исушениот корен трева покрај моите стопала, бедно мало растение, жолто, исушено и безживотно под острите зраци на Сонцето. Но како што водата капеше над него, трепеж му мина низ овенатите листови и видов како тие полека, тресејќи се, се одвиткуваат. Уште неколку капки и малите листови се помрднаа и се свиткаа, а потоа се исправија полека, колебајќи се, тресејќи се... Го задржав здивот додека полевав уште вода над коренот трева. Сега се движеше побрзо, поживо, небаре некоја скриена сила го буди од неговите смртни сни. Неговите лисјакакво уживање е да се погледне тоа! Се собираа и се спружаа како краците на морската ѕвезда, навидум надвладеани од срамежливиот но нескротлив занес, вистинска мала оргија на сетилните радости; и животот победносно повторно влегува во она што еден миг порано беше мртво, влегува видливо, страствено, незадржливо, и надвор од секакво разбирање во својата величественост.

Животот во својата величественост... тоа секогаш го чувствувате во пустината. Затоа што е толку тежок за одржување и толку суров, тој е секогаш како подарок, богатство и изненадување. Бидејќи пустината е секогаш изненадувачка, дури и ако ја познавате со години. Понекогаш, кога ќе помислите дека можете да ја видите во целата нејзина крутост и пустелија, таа се буди од својот сон, го открива својот здивнежна, бледата зелена трева се појавува ненадејно таму каде што до вчера немаше ништо освен песок и парчиња чакал. Таа повторно го открива својот здиви јато мали птици се размавнува низ воздухотод каде? за каде?со стројни тела, со долги крилја, смарагдно зелени; или јато скакулци се крева над земјата во ненадеен замав, сиво, сенишно, и бескрајно како орда гладни воини...

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
Aisha Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Декември.2007
Локација: Palestine
Статус: Офлајн
Поени: 1119
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Aisha Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2007 во 16:14
I zasto zastana...
CItame nie...
Ti samo pisuvaj
Aj onoj del koga go prasuva Plestinecot za molitvata, mnogu mi se dopaga toj del...pls
selam

Изменето од Aisha - 26.Декември.2007 во 16:18
PROUD TO BE A MUSLIM!!!!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2007 во 17:32
Zastanav, za da procitaat site. Sepak ova se samo fragmenti....


Изменето од DAIJA - 27.Декември.2007 во 17:38
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 11:15

НЕКОЛКУ ЧАСОВИ ПОДОЦНИ се будам од вревата на Зејдовите ѓезвиња; мирисот на свежото кафе е како прегратка на жена!

Зејде!“ го повикувам, а пријатно сум изненаден дека мојот глас, иако сè уште уморен, ја изгубил својата рапавост. „Ќе ми дадеш ли малку кафе?“

Богами, ќе ти дадам, вујко!“ одговара Зејд, според стариот арапски обичај, обраќајќи му се така на човек кон кого сака да покаже почит, без разлика дали е тој помлад или постар од него (случајно сум помлад од Зејд неколку години). „Ќе добиеш колку што ќе ти посака срцето!“

Го пијам кафето и се смешкам поради среќниот израз на лицето на Зејд. „Зошто ние, брате, се изложуваме себеси на вакви работи, наместо да останеме во своите домови како разумни луѓе?“

Затоа штоми се смешка Зејдне е за такви какви шти сме ти и јас да чекаме дома додека ни се здрват рацете и нозете и нè наваса староста. Освен тоа, зарем луѓето не умираат исто така и во своите куќи? Зарем  човекот не ја носи секогаш својата судбина на својот врат, каде и да се наоѓа?“

Зборот што Зејд го употребува засудбинае кисма – „она што е доделено“ – на Запад подобро познат во својата турска формакисмет“. Додека ја сркам втората чаша кафе, ми паѓа на ум дека овој арапски израз има и друго, подлабоко значење: „она во што имаме удел“.

Она во што имаме удел...

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 11:23

Овие зборови небаре удираат на нејасни жици кои му бегаат на моето сеќавање... постоеше насмевка која ги придружуваше... чија насмевка? Насмевката зад облакот од чад, лутиот чад, како чад од хашиш. Да, тоа беше чад од хашиш, а насмевката му припаѓаше на еден од најчудните луѓе кои кога било сум ги сретнала го сретнав по едно од моите најчудни доживувања во животот. Додека се обидував да ја избегнам опасноста, која изгледашесамо изгледашенепосредна во својата закана, бегав, не знаејќи, во друга опасност, многу пореална, многу понепосредна од онаа која се обидував да ја избегнам, а и двете опасности, и реалната и нереалната, ми помогнаа да избегнам една трета...

Сето тоа се случи пред околу осум години, кога патував на коњ, придружуван од својот слуга Татарот Ибрахим од Шираз, во Кирман во Јужен Иранпуст, слабо населен и беспатен крај покрај Езерото Нирис. Тогаш, зиме, тоа беше мочуришна, каллива степа без села во близината, ограничена на југ со Кух-и-Гухснеган, „Планините на гладот“, а кон север сè се губеше во мочуриштата кои го опкружуваат езерото. Попладнето, додека обиколувавме еден осамен рид, езерото ненадејно се покажа. Неподвижната зелена површина без ветер или звук или живот, бидејќи водата беше толку солена што никакви риби не би можеле да живеат во неа. Освен неколкуте осакатени стебла и пустински џбунови, солената почва на неговиот рид не дозволувала никаква вегетација. Почвата беше лесно покриена со каллив снег, а над неа, на оддалеченост од околу двесте  метри од ридот, водеше слабо означена патека.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 11:27

Падна ноќта, а каравансарајот Кхан-и-Кхетнашата цел за таа ноќне се гледаше никаде. Меѓутоа, ние требаше да дојдеме до него по секоја цена; вдолж и вшир немаше никакво друго прибежиште, а близината на мочуриштата го правеше секое напредување во мракот крајно опасно. Всушност, тоа утро нè предупредија да не одиме сами, бидејќи само еден погрешен чекор може лесно да значи ненадејна смрт. Освен тоа, нашите коњи беа могу заморени по долгиот дневен марш преку калливата почва и требаше да се одморат и да се нахранат.

Со доаѓањето на ноќта почна силен дожд. Јававме, наводенети, нерасположени и тивки, потпирајќи се повеќе на инстинктот на коњите,  отколку на нашите бескорисни очи. Поминаа часови, а ни трага од каравансарајот. Можеби во мракот сме го поминале, па сега ќе мораме ноќта да ја поминеме надвор, под поројниот дожд кој постојано се засилуваше... Копитата на нашите коњи газеа по водата, нашата натопена облека висеше тешко на нашите тела. Темна и непроѕирна, околу нас рееше ноќта под превезите што ги правеа шурките вода; бевме прмрзнати  до коска, но сознанието дека мочуриштето е толку близу внесуваше уште  повеќе студ. Ако коњите само еднаш ја промашат цврстата почва – „тогаш Бог нека ви се смилува“, нè предупредија тоа утро.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 11:35

Јавав напред, а Ибрахим ме следеше, оддалечен, можеби, десет чекори. Сè почесто се јавуваше застрашувачката мисла: да не сме го оставиле Кхан-и-Кхет некаде зад нас во темнината? Колку лоша среќа би било да се помине ноќта под студениот дожд, а кога би продолжилешто со мочуриштето?

Ненадејно почувствував мек, писклив глас под копитата на својот коњ; почувствував како животното се лизга во калта, потонува, очајнички ја повлекува едната нога, повторно се лизгаи во мојот ум блесна мислата: мочуриштето! Силно ги повлеков уздите и со мамузите ги притиснав страните на коњот. Тој високо ја зафрли главата и почна да поигрува бесно. Студената пот сосема ме облеа. Ноќта беше толку темна што не можев да ги распознаам сопствените раце, но во грчовитото превивање на телото на коњот ја почувствував неоговата очајничка борба против прегратката на мочуриштето. Речиси не мислејќи, го грабнав камшикот кој, обично неупотребуван, висеше на мојот рачен зглоб и го шибнав  коњот по задникот со сета сила, со надеж така да го поттикнам на краен напор, бидејќи ако сега запре, ќе биде вшмукан, а и јас со него, сè подлабоко и подлабоко во калта... Ненавикнато на толку грубо камшикување, кутрото животноКасгхаи пастув со исклучителна брзина и силасе крева на задните нозе, повторно ја удира почвата со сите четири нозе, и во грчовитиот напор против калта скокнува, се лизнува, повторно се крева напред и повторно се лизнуваа неговите копита цело време очајнички удираат по меката, писклива тиња...

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.