Испечати | Затвори го прозорот

ФРАГМЕНТИ ОД ЕДНА УБАВА КНИГА

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: право на избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=10909
Датум на принтање: 24.Ноември.2024 во 21:39
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: ФРАГМЕНТИ ОД ЕДНА УБАВА КНИГА
Постирано од: DAIJA
Наслов: ФРАГМЕНТИ ОД ЕДНА УБАВА КНИГА
Датум на внесување: 15.Декември.2007 во 09:28
Би сакал да ви постирам дел по дел од една прекрасна книга, неодамна преведена на македонски јазик.
 
ПАТОТ ЗА МЕКА од Мухаммед Асад (Леополд Вајс)
 
 
Со ова сакам да споделам една убавина која навистина вреди да и се посвети време.
 
Се чита речиси во еден здив, иако изобилува со страници.
 
Некои од вас ја имаат, а за оние кои ја немаат, повелете:


-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!



Коментари:
Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 15.Декември.2007 во 09:34

Се појави древната тврдина на Румели Хисар со две кули; еден од нејзините запчести ѕидови стрмно се спушташе речиси до работ на водата; на копното, меѓу полукруговите формирани од ѕидовите на тврдината, лежат сонливите мали турски гробишта со урнати надгробни споменици.

Можеби е така, оче Феликс. Но јас чувствувама тоа го чувствуваат и многумина од мојата генерацијачувствувам дека има нешто погрешно во правењето разлика меѓубитнотоинебитнотово структурата на човекот и во разделувањето на духот и на телото... накусо, не можам да се согласам со вашето негирање на секоја оправданост на физичките потреби, на телото, на судбината врзана за земјата. Мојата желба оди во друга насока: јас сонувам за форма на животиако морам да признаам дека тоа сè уште не го гледам јасново кој човекот, со дух и со тело, би се стремел кон сè подлабокото и подлабокото исполнување на своето Јасво кој духот и сетилата не би биле меѓусебни непријатели и во кој човекот би можел да постигне единство во себеси и со смислата на својата судбина, за на крајот на своите денови да може да рече: ‚Јас сум мојата судбина.‘“

Тоа бил хеленистички сон“, одговори отецот Феликс, „а каде водел тој? Прво до орфејските и дионисиските мистерии, а потоа до Платон и до Плотин и така, повторно, до неизбежното сфаќање дека духот и телото се меѓусебно спротивставени... Да се ослободи духот од доминацијата на телото: тоа е смислата на христијанското спасение, смислата на нашето верување во Господовото саможртвување на крстот...“ Овде тој се прекина себеси и се сврте кон мене гледајќи ме со проникливост: „Ох, јас не сум секогаш мисионер... простете ми ако ви зборувам за мојата вера, која не е ваша...“

Но јас немам никаква“, го уверував.

Да“, рече отецот Феликс, „знам, недостигот од вера, или подобро кажано, неспособноста да се верува, е главната болест на нашето време. Вие, како и многу други, живеете во илузија која е стара илјадници години: илузија дека самиот разум може да им даде насока на човековите настојувања. Но разумот не може самиот по себе да го достигне духовното спознавање затоа што тој е премногу преокупиран со достигнувањето на материјалните цели; верата, и само верата, може да нè ослободи од таквата преокупираност“.

Верата...?“ Запрашав јас. „Вие повторно го спомнувате тој збор. Постои една работа што не ја разберам: велите дека е невозможно само со разумот да се дојде до спознанието и до праведниот живот; велите дека е потребна вера. Сосема се согласувам со вас. Но како да достигнеме вера ако воопшто ја немаме? Има ли каков и да е пат до неамислам отворен пат по наша волја?“

Мил пријателусамата волја не е доволна. Патот се отвора само со Божјата милост. Но тој секогаш е отворен за оној што од длабочината на својата душа се моли за просветление“.

Да се молам! Но ако сме во состојба да го правиме тоа, оче Феликс, тогаш веќе имаме вера. Вие ме водите во круг, бидејќи ако некој моли, тој веќе мора да биде уверен во постоењето на Оној кому му се моли. Како дошол тој до ова уверување? Со својот разум? Зар ова не би значело да се признае дека верата може да се постигне со разумот? А освен тоа, може лимолитватада му значи нешто некому кој никогаш немал такво искуство?“

Свештеникот ги крева рамениците со жалење, како што ми изгледаше мене: „Ако некој не бил во состојба самиот да го доживее Бога. Тој треба да дозволи да го водат оние што Го доживеале...“



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 15.Декември.2007 во 09:39

Библиотекарот, млад мекански научник со кого однеодамна се спријателив, ме претстави на принцот. Тој се ракуваше со мене; а кога му се поклонив, тој лесно ја крена мојата глава со неговите прсти и на неговото лице огреа топла насмевка.

Ние од Неџд мислиме дека човекот не смее да се поклонува пред човек, тој треба да се поклонува само пред Бога во намазот (молитвата).“

Изгледаше љубезно, замислено и по малку воздржано и срамежливовпечаток кој се потврди во подоцнежните години од нашето познанство. Неговото благородничко однесување не беше наместено; тој изгледаше небаре тоа зрачи од него. Додека тој ден разговарав со него во библиотеката, ненадејно почувствував силна желба да се сретнам со таткото на овој младич.

Кралот би бил задоволен да те види“, рече емирот Фејсал. „Зошто го избегнуваш?“



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 18.Декември.2007 во 14:26

Минав низ клисурата. Иако беше рано, беше мошне топло. Мора да й  беше топло и на старата Арапка која седеше под дрвото близу до карпите зад кои беше Сирија; таа ме повика со рапавиот, изнемоште глас:

Синко, ќе й  дадеш ли голтка вода на старицата?“

Ја однесов својата свежо наполнета матарка и й ја дадов. Лакомо се напи, а потоа ми ја врати велејќи:

Бог нека те благослови, нека Тој те чува и нека те води каде што срцето ќе ти посака.“

Благодарам мајче, не сакам повеќе од тоа“. Кога се свртев и погледнав во неа, видов дека усните на старицата се мрдаат како при молитва и почувствував чудно воодушевување.



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 18.Декември.2007 во 15:22
Pa?

-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 18.Декември.2007 во 15:34

СО ВОЗБУДУВАЊЕ, со очи отворени за нештата кои претходно не сум ги ни насетувал талкав во оние летни денови по тесните улици на стариот пазар во Дамаск и го открив духовното спокојство во животот на неговите луѓе. Нивната внатрешна сигурност можеше да се забележи во начинот на кој се однесуваа еден кон друг, во топлото достоинство со кое се среќаваа и се разделуваа; во начинот на кој двајца мажи би одеа заедно, држејќи се за рака како децаедннотавно затоа што чувствуваа пријателство еден кон друг; во начинот на кој продавачите постапуваа еден кон друг. Тие продавачи во малите продавници, тие непопустливи викачи на минувачите, како да немаа лаком страв или завист во толкава мера што сопственикот му го оставаше својот дуќан на чување на својот сосед и конк*рент кога и да му беше потребно да се оддалечи на определено време. Често се гледаше потенцијален муштерија како стои пред тезга без продавач, очигледно во недоумица дали да чека на враќањето на продавачот или да премине на соседната тезгаи секогаш соседниот трговец, конк*рент, ќе пристапеше да испита што сака муштеријата и ќе му ја продал бараната стокане својата, туку стоката на својот отсутен соседи ќе ги оставеше парите врз тезгата на соседот. Каде во Европа може да се биде сведок на нешто слично?



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 18.Декември.2007 во 15:45

Некои улици на пазарот беа во врева со крепките ликови на бедуините во нивната широка, лелеева облека; луѓе кои секогаш изгледаа небаре ги носат своите животи со себе и дека секогаш одат по својот сопствен пат. Високи луѓе, со сериозни, огнени очи стоеја или седеа во групи пред дуќаните. Тие меѓусебно не зборуваа многуеден збор, една куса реченица, внимателно изговорена и исто така внимателно примена беше доволна за долг разговор. Овие бедуини, чувствував, не знаат за дрдорење, оној разговор во врска со ништо, без никаква содржина, белег на истрошените души; ме потсетија на зборовите од к*ранот со кој се опишува животот во рајот: „...во него нема да се слушаат празни зборови...“ Изгледаше дека молчењето е бедуинска доблест. Тие се завиткуваат во своите широки, бело-кафеникави или црни наметки и молчат; поминуваат покрај вас со молчалив поглед на дете, горди, скромни и разумни. Кога ќе им се обратите на нивниот јазик, нивните црни очи светнуваат во ненадејна насмевка, бидејќи тие не се преокупирани со себе и сакаат да бидат сфатени од туѓунците. Тие се грандс сеигнеурс (големи господа), сосема воздржани, а сепак отворени кон сите нешта на животот...



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 18.Декември.2007 во 15:46

Во петок може да се забележи промена во животниот ритам на Дамаскмал виор на среќно возбудување и, во исто време, свеченост. Мислев на нашите недели во Европа; на тивките градски улици и на затворените  дуќани; се сеќавав на сите оние празни денови и на потиштеноста кои таа празнина ги создаваше. Зошто мораше да биде така? Сега почнав да го сфаќам тоа; затоа што за мнозината од луѓето на Запад нивниот секојдневен живот е тежок товар од кој само неделите можат да ги ослободат, а неделата повеќе не е ден на одмор туку станала бегство во нереалното, измамнички заборав зад кој, двојно тешки и заканувачки, демнат работните денови во седмицата.



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 18.Декември.2007 во 15:47

Од друга страна, пак, се чини дека петокот за Арапите не беше можност да ги заборават своите работни денови. Не дека плодовите на животот лесно и без напор паѓаа врз скутовите на овие луѓе, туку едноставно, нивните работи, дури и оние најтешките, не доаѓаа во конфликт со нивните лични желби. Немаше рутина за самата рутина; наместо тоа постоеше внатрешна врска меѓу работникот и неговата работа; така одморот станува неопходен само ако тој се замори. Таквата согласност меѓу човекот и неговата работа исламот ја зел предвид како природна состојба на нештата и затоа, за петок не беше пропишан задолжителен одмор. Занаетчиите и малите сопственици на дуќаните на пазарот во Дамаск работеа неколку часа, ги напуштаа своите дуќани неколку часа, во тоа време одеа во џамија на пладневната молитва, а потоа се наоѓаа со своите пријатели во кафеаната; тогаш повторно се враќаа во своите дуќани и повторно работеа неколку часа во радосна опуштеност, секој токму онака како што му се допаѓа. Само некои дуќани беа затворени, а освен во времето на намазот, кога леѓето се собираа во џамиите, сите улици беа полни со врева како и во другите денови.



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 18.Декември.2007 во 15:48

Еден петок отидов со својот пријател и домаќин во Емевиската џамија. Бројните мраморни столбови кои го потпираа сводот блескаа под сончевите зраци кои паѓаа низ горните прозорци. Во воздухот рееше мирис на мошус, а подот беше прекриен со црвени и сини килими. Во долгите, правилни редови стоеја стотици луѓе зад имамот кој ја водеше молитвата; тие се наведнуваа, клечеа, го допираа подот со своите чела, а потоа повторно се креваа; сè во дисциплинирана хармонија, како војници. Владееше тишина. Додека верниците стоеја, можеше да се слушне гласот на стариот имам, од далечната длабочина на огромната сала, како рецитира стихови од к*ранот, а кога тој ќе се наведнеше или ќе паднеше ничкум, целиот собир го следеше како еден човек, наведнувајќи се и паѓајќи ничкум пред Бога небаре Тој е присутен пред нивните очи...



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 18.Декември.2007 во 15:49

Токму во тој миг станав свесен колку им се блиски на овие луѓе Бог и нивната вера. Нивната молитва не изгледаше разделена од нивниот работен ден; таа беше дел од тоане замислена да им помогне да ги заборават животите туку подобро да се сетат преку сеќавањето на Бога.

Колку е тоа чудно и прекрасно“, му реков на својот пријател додека ја напуштавме џамијата, „што вие чувствувате дека Бог ви е толку блиску. Би сакал и јас да можам така да чувствувам.“

Како инаку би можело да биде, брате? Зар не е Бог, како што вели нашата света книга, поблиску од жилата во гркланот?



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 18.Декември.2007 во 15:52

Нашиот домаќинмал, слаб старец со остри, мижуркави очи, облечен само во памучна наметка со покривка за главатанè повикува да се послужиме:

Бог нека ве поживее; овој дом е ваш дом, јадете во име на Бога. Ова е сè што имаме“ – и тој се извинува со движење на раката, единствено  движење во кое е изразена сета тежина на неговата судбина, со онаа неизвештачена сила на изразување толку својствена за луѓето кои живеат мошне близу до своите инстинкти – „но урмите не се лоши. Јадете, патници, од она што можеме да ви го понудиме...“

Урмите се навистина меѓу најдобрите што некогаш сум ги јадел, а домаќинот е очигледно задоволен што може да го смири нашиот глад. Тој продолжува:

Ветерот, ветерот, тој ни го отежнува животот; но тоа е Божја волја. Ветерот ги уништува нашите плантажи. Постојано мораме да се бориме да ги зачуваме песокот да не ги затрупа. Не било секогаш така. Некогаш овде немало толку многу ветер, а селото било големо и богато. Сега се намалило; многу наши млади луѓе си заминуваат, бидејќи не може секој да поднесе таков живот. Песокот нè потиснува од ден на ден. Наскоро нема да има место за палмите. Овој ветер... Но ние не се жалиме... Како што знаете, Божјиот ПратеникБог нека го благословини рекол: ‚Бог вели, не ја обвинувај судбината, бидејќи, внимавајЈас сум судбината...‘“

Мора да сум се трогнал, бидејќи старецот го прекинува говорот и  внимателно ме погледнува; и, како да сфаќа зошто сум се трогнал, се насмевна со речиси нежна насмевка, што беше чудно да се види на тоа изморено, исцрпено лице, и повторува тивко, како за себе:

„...внимавајЈас сум судбината“ – и во нишањето со главата со што ги придружува своите зборови лежи горделивото, тивко прифаќање на своето сопствено место во животот. Никогаш не сум видел, дури ни кај среќните луѓе, „Дакажано со толкаво спокојство и уверување. Со широко, неопределено, речиси сетилно движење на својата рака тој опишува круг во воздухот, круг кој опфаќа сè што припаѓа во овој живот: сиромашната, темна соба, ветерот и неговото вечно фучење, немилосрдното напредување на песокот; копнежот по среќата, прифаќањето на она што не може да се измени; послужавникот полн со урми; градините во вечна борба зад нивниот штит од тамариси; огнот во огништето; смеењето на младата жена некаде во дворот зад собата. Во сите тие работи, и во гестот со кој ги изнесе и ги состави, ми се чини дека ја слушам песната на силниот дух кој не познава бариери на околности и кој е во спокојство со себеси.

Пренесен сум во минатото, во она дамнешно време, во оној есенски ден во Ерусалим пред десет годиникога еден друг сиромашен старец ми зборуваше за предаденоста кон Бога, што единствено може да стори човек да биде во мир со Него и така во мир со својата сопствена судбина.



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: Ebu-Hurejre
Датум на внесување: 19.Декември.2007 во 00:17
samo prodolzi te citame brat големо%20гушкање


Постирано од: mudzahid
Датум на внесување: 19.Декември.2007 во 15:57
CESTIT k*rBAN BAJRAM, Na site prepadnici na islamskata religija


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 19.Декември.2007 во 20:05
Blagodarime na cestitkite.
големо%20гушкање големо%20гушкање големо%20гушкање големо%20гушкање
голема%20насмевка


-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 22.Декември.2007 во 10:13

ПОТТИКНАТ ОД МОЕТО НОВО СОЗНАНИЕ, поминував многу време во Дамаск читајќи секаков вид книги за исламот до кои можев да стигнам. Мојот арапски, иако доволен за конверзација, беше сосема недоволен за читање на к*ранот во оригинал, така што морав да прибегнам кон два преводафранцускиот и германскиоткои ги позајмив од библиотека. За останатото морав да се потпрам врз делата на европските ориенталисти и врз објаснувањата на мојот пријател.

Колку годе фрагментарни, овие проучувања и разговори беа како кревање на некакво перде. Почнав да забележувам свет на идеи за кој дотогаш сум бил целосно неук.

Исламот не изгледаше толку како религија во популарна смисла на зборот, колку како начин на живот; не толку како систем на теологија,  колку програма на лично и општествено однесување базиран врз свеста за Бога. Никаде во к*ранот не можев да најдам повикување на потребата одспасение“. Никаков прв, наследен грев не стоеше меѓу личноста и неговата судбинабидејќи ништо не може да му се припише на човекот  освен она што тој самиот го заслужил“. Не е баран никаков аскетизам за да се отвори сокриената порта на невиноста; бидејќи невиноста е човеково право здобиено со раѓањето, а гревот значи само скршнување од природните, позитивни својства со кои Бог го дарувал секое живо суштество. Нема трага од каков било дуализам во набљудувањето на човечката природа: изгледа дека телото и душата се земени како единствена целина.

На почетокот бев донекаде зачуден од к*ранската грижа не само за духовните нешта, туку исто така и за многу навидум безначајни, световни аспекти на животот; но со време почнав да сфаќам дека, ако човекот навистина е единствена целост од тело и духкако што исламот тврди дека еникаков аспект на неговиот живот не би можел да биде премногубезначаенза да дојде во надлежност на религијата. Со сето тоа, к*ранот никогаш не дозволил неговите следбеници да заборават дека животот на овој свет е само еден степен од човековиот пат кон повисока егзистенција и дека неговата конечна цел е од духовна природа. Тој вели дека материјалниот напредок е пожелен, но не како цел самиот за себе; затоа човековите апетити, иако оправдани самите по себе, мора да бидат совладани и контролирани од моралната свест. Оваа свест теба да се однесува не само на човековиот однос кон Бог, туку исто така на неговиот однос кон луѓето; не само на духовното усовршување на личноста туку,  исто така, и на создавање на таквите општествени услови кои би можеле да му одговараат на духовниот развој на сите, така што сите би можеле да живеат во изобилство...

Сето ова беше интелектуално и етички далекупоприфатливоод сето она што порано сум го слушал или читал за исламот. Неговиот приод кон проблемите на духот изгледаше подлабок отколку оној од Стариот Завет, а освен тоа немаше никаква наклонетост кон ниедна посебна нација. Неговиот приод кон проблемите на телото, за разлика од Новиот Завет, беше изразито позитивен. Духот и телото стоеја, секој на свој начин, како двоен аспект на човечкиот живот создаден од Бога.

Се прашував, не е ли можеби ова учење одговорно за емоционалната сигурност која толку долго ја чувствував кај Арапите?



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 22.Декември.2007 во 10:15

НАСПРОТИ МОЈАТА КУЌА, толку близу што речиси може да се допре, беше малата џамија со малечко минаре од кое пет пати дневно одекнуваше повикот за намаз. Човек со бел турбан ќе се појавеше на галеријата, ќе ги кренеше своите раце и ќе почнеше да пее: „Алаху ЕкберБог е Најголем. Сведочам дека Мухамед е Божји Пратеник...“ Додека полека се свртуваше кон четирите страни на светот, тонот на неговиот глас растеше, растеше во јасна мелодија, нишајќи се на длабоките, грлени гласови на арапскиот јазик, колебајќу се, доближувајќи се и повлекувајќи се. Гласот беше длабок баритон, нежен и силен, способен за големи распони; но можеше да се забележи дека занесот, а не уметноста го правеше толку убав.

Оваа мелодија на муезинот http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=828804&ID=1302#_ftn1 - - - [1] беше мотив за моите денови и вечери во Каиротокму како што беше мотив и во Стариот град Ерусалим и беше одредена да остане во сите мои подоцнежни патувања низ муслиманските земји. Таа насекаде звучеше еднакво, наспроти сите разлики во дијалектот и во интонацијата кои можеа да бидат очигледни во секојдневниот говор  на луѓето; единството на гласот кое, оние денови во Каиро, ме наведе да сфатам колку е длабоко внатрешното единство на сите муслимани, а колку се неприродни и безначајни граничните линии меѓу нив. Тие беа едно во својот начин на размислување и во судењето што е правилно, а што е неправилно, и едно во своето сфаќање за тоа во што се состои добриот живот.

Ми изгледаше како првпат да сум сретнал заедница во која сродството меѓу луѓето не е последица на случајноста на заедничките расни и економски интереси, туку на нешто многу подлабоко и многу постабилно; сродство на заедничичко гледиште кое ги остранило сите бариери на осаменоста меѓу луѓето.

 



http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=828804&ID=1302#_ftnref1 - - [1] Povikuva~ na vremeto za molitva (Zab. na prev.).



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 22.Декември.2007 во 10:16

Сето ова беше интелектуално и етички далекупоприфатливоод сето она што порано сум го слушал или читал за исламот. Неговиот приод кон проблемите на духот изгледаше подлабок отколку оној од Стариот Завет, а освен тоа немаше никаква наклонетост кон ниедна посебна нација. Неговиот приод кон проблемите на телото, за разлика од Новиот Завет, беше изразито позитивен. Духот и телото стоеја, секој на свој начин, како двоен аспект на човечкиот живот создаден од Бога.

Се прашував, не е ли можеби ова учење одговорно за емоционалната сигурност која толку долго ја чувствував кај Арапите?



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 22.Декември.2007 во 11:02

Како можам да кажам, на старост од триесет и две години, што била или што е мојата судбина?

Понекогаш ми се чини дека речиси можам да ги видам животите на двата човека, кога ќе погледнам назад во мојот живот. Но, откако ќе размислам за тоа, дали тие два дела од мојот живот се навистина толку различни еден од другили дали, можеби, под сите површни разлики во формата и упатството, секогаш имало единство во чувството и целта заеднички и за двата дела?

Ја кревам главата и го гледам кругот на небото над работ од бунарот, и ѕвездите. Додека така стојам неподвижен, мошне долго, ми се чини дека гледам како полека ја менуваат својата положба, движејќи се, за да ги исполнат низите и низите од милиони години на кои им нема крај. Тогаш, не сакајќи, морам да мислам за малите низи од годините што сум ги проживеалза сите тие нејасни години поминати во топлата сигурност на детсвото, во градот каде ми беше познато секое катче и секоја улица; потоа во другите градови полни со возбудувања, копнежи и надежи какви што само раната младост може да ги познава; потоа во новиот свет меѓу луѓето чиишто надворешност и однесувањето најпрвин ми беа туѓи, но со време донесоа нова блискост и ново чувство дека сум дома; потоа во чудните и во сè почудните предели, во градовите стари колку што е помнењето на човекот, во степите без хоризонт, во планините чијашто дивина потсеќава на дивината на човечкото срце, и во жешките пустински самотии. И бавното нараснување на новите вистиниза мене новии потоа оној ден во снеговите на Хинду-Куш кога, по долгиот разговор, еден пријател, Авганистанец, во зачудување извика: Па ти си муслиман, само што ти самиот не го занеш тоа...!“ Потоа оној другиот ден, со месеци подоцна, кога и самиот го спознав тоа; мојот прв аџилак во Мека, смртта на мојата жена и безнадежноста што настапи потоа. Овие вечни времиња меѓу Арапите оттогаш, годините на длабоко пријателство со кралот кој со својот меч за себеси создал држава од ништожество и бил за чекор оддалечен од  вистинската големина; годините на талкање низ пустините и степите; ризичните излети меѓу завојуваните арапски бедуини и во либиската борба за независност; долгите престојувања во Медина каде настојував да го употполнам своето знаење за исламот во Пратениковата џамија, повторните аџилаци во Мека; топлите човечки односи и пустите денови на осаменост; префинетите расправи со образованите муслимани од сите делови на светот и патувањата низ неистражените подрачја; сите овие години на нурнување во светот далеку од мислите и целите на западната цивилизација.



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 22.Декември.2007 во 11:13

Каква долга низа од години...

Сите овие потонати години сега излегуваат на површина, ги откриваат своите лица уште еднаш и ме повикуваат со многу гласови. Ненадејно, во исплашен грч на моето срце, согледувам колку бил долг, колку бил бескраен мојот пат. „Постојано само си одел и одел“, си велам себеси. „Воопшто досега не си го изградил својот живот врз нешто што би можело да се фати со раце и никогаш не постоел одговорот на прашањето; ‚Каде?‘... Постојано само си одел и одел, талкач низ многу земји, гостин во многу срца, но копнежот никогаш не бил стивнат, и покрај тоа што повеќе не си туѓинец, сè уште не си пуштил корења...“

Зошто, дури и откако го најдов своето место меѓу луѓето кои веруваат во она што и самиот сум го прифатил како верување, не можам да пуштам корен?

Пред две години, кога за жена зедов Арапка од Медина, сакав да ми роди син. Преку овој син, Талал, кој ни се роди пред неколу месеци, почнав да чувствувам дека Арапите се мој народ, како што веќе ми беа браќа по верата. Би сакал тој да има свои корења длабоко во оваа земја и да израсне свесен за своето големо наследство, како во крвта така и во културата. Би можело да се помисли дека ова би морало да биде доволно во човекот да поттикне желба да се смири засекогаш, за себе и за своето семејство да изгради постојан дом. Па зошто тогаш моите талкања сè уште не се завршени и зошто морам да продолжам по мојот пат? Зошто животот што самиот си го избрав не ме задоволува целосно? Што е тоа што ми недостасува во оваа средина? Без сомнение, тоа не се интелектуалните придобивки на Европа. Ги оставив зад себе. Тие не ми недостигаат. Навистина, јас сум толку оддалечен од нив што ми станува сè потешко да пишувам за европските весници кои ме снабдуваат со средства за живот; секогаш кога ќе испратам некоја статија, ми се чини дека фрлам камен во бунар без дно: каменот исчезнува во темната празнина, а не стигнува дури ни ехото за да ми каже дека ја достигнал својата цел...



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 22.Декември.2007 во 11:23

Додека така размислувам во немир и збунетост, наполу нурнат во темната вода на бунарот на една оаза во Арабија, ненадејно слушам глас од заднината на мојот спомен, глас на еден стар номад, к*рд: Ако водата мирува неподвижна во барата, таа станува збајатена и каллива, но ако се движи и тече, станува бистра; исто така и човекот во своите талкања. Поради тоа, како со некоја магија, сиот немир ме напушта. Почнувам да гледам на себеси од далечина, како што би требало да ги гледате страниците од книгата за да ја прочитате приказната од нив; почнувам да сфаќам дека мојот живот не можел да има поинаков тек. Бидејќи, кога ќе се прашам себеси: „Што е вкупната крајната цел на мојот живот?“ нешто во мене небаре одговара: „Си решил едниот свет да го замениш со другда добиеш нов свет во замена за стариот кој никогаш вистински не си го поседувал.“ Со изненадувачка јаснотија спознавам дека таквиот потфат навистина би можел да опфати еден цел живот.



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 22.Декември.2007 во 11:53

Ние бевме запреле за да ја извршиме пладневната молитва. Додека ги миев рацете, лицето и нозете, од мевот се пролеаја неколку капки вода преку исушениот корен трева покрај моите стопала, бедно мало растение, жолто, исушено и безживотно под острите зраци на Сонцето. Но како што водата капеше над него, трепеж му мина низ овенатите листови и видов како тие полека, тресејќи се, се одвиткуваат. Уште неколку капки и малите листови се помрднаа и се свиткаа, а потоа се исправија полека, колебајќи се, тресејќи се... Го задржав здивот додека полевав уште вода над коренот трева. Сега се движеше побрзо, поживо, небаре некоја скриена сила го буди од неговите смртни сни. Неговите лисјакакво уживање е да се погледне тоа! Се собираа и се спружаа како краците на морската ѕвезда, навидум надвладеани од срамежливиот но нескротлив занес, вистинска мала оргија на сетилните радости; и животот победносно повторно влегува во она што еден миг порано беше мртво, влегува видливо, страствено, незадржливо, и надвор од секакво разбирање во својата величественост.

Животот во својата величественост... тоа секогаш го чувствувате во пустината. Затоа што е толку тежок за одржување и толку суров, тој е секогаш како подарок, богатство и изненадување. Бидејќи пустината е секогаш изненадувачка, дури и ако ја познавате со години. Понекогаш, кога ќе помислите дека можете да ја видите во целата нејзина крутост и пустелија, таа се буди од својот сон, го открива својот здивнежна, бледата зелена трева се појавува ненадејно таму каде што до вчера немаше ништо освен песок и парчиња чакал. Таа повторно го открива својот здиви јато мали птици се размавнува низ воздухотод каде? за каде?со стројни тела, со долги крилја, смарагдно зелени; или јато скакулци се крева над земјата во ненадеен замав, сиво, сенишно, и бескрајно како орда гладни воини...



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: Aisha
Датум на внесување: 26.Декември.2007 во 16:14
I zasto zastana...
CItame nie...
Ti samo pisuvaj
Aj onoj del koga go prasuva Plestinecot za molitvata, mnogu mi se dopaga toj del...pls
selam

-------------
PROUD TO BE A MUSLIM!!!!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 27.Декември.2007 во 17:32
Zastanav, za da procitaat site. Sepak ova se samo fragmenti....


-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 11:15

НЕКОЛКУ ЧАСОВИ ПОДОЦНИ се будам од вревата на Зејдовите ѓезвиња; мирисот на свежото кафе е како прегратка на жена!

Зејде!“ го повикувам, а пријатно сум изненаден дека мојот глас, иако сè уште уморен, ја изгубил својата рапавост. „Ќе ми дадеш ли малку кафе?“

Богами, ќе ти дадам, вујко!“ одговара Зејд, според стариот арапски обичај, обраќајќи му се така на човек кон кого сака да покаже почит, без разлика дали е тој помлад или постар од него (случајно сум помлад од Зејд неколку години). „Ќе добиеш колку што ќе ти посака срцето!“

Го пијам кафето и се смешкам поради среќниот израз на лицето на Зејд. „Зошто ние, брате, се изложуваме себеси на вакви работи, наместо да останеме во своите домови како разумни луѓе?“

Затоа штоми се смешка Зејдне е за такви какви шти сме ти и јас да чекаме дома додека ни се здрват рацете и нозете и нè наваса староста. Освен тоа, зарем луѓето не умираат исто така и во своите куќи? Зарем  човекот не ја носи секогаш својата судбина на својот врат, каде и да се наоѓа?“

Зборот што Зејд го употребува засудбинае кисма – „она што е доделено“ – на Запад подобро познат во својата турска формакисмет“. Додека ја сркам втората чаша кафе, ми паѓа на ум дека овој арапски израз има и друго, подлабоко значење: „она во што имаме удел“.

Она во што имаме удел...



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 11:23

Овие зборови небаре удираат на нејасни жици кои му бегаат на моето сеќавање... постоеше насмевка која ги придружуваше... чија насмевка? Насмевката зад облакот од чад, лутиот чад, како чад од хашиш. Да, тоа беше чад од хашиш, а насмевката му припаѓаше на еден од најчудните луѓе кои кога било сум ги сретнала го сретнав по едно од моите најчудни доживувања во животот. Додека се обидував да ја избегнам опасноста, која изгледашесамо изгледашенепосредна во својата закана, бегав, не знаејќи, во друга опасност, многу пореална, многу понепосредна од онаа која се обидував да ја избегнам, а и двете опасности, и реалната и нереалната, ми помогнаа да избегнам една трета...

Сето тоа се случи пред околу осум години, кога патував на коњ, придружуван од својот слуга Татарот Ибрахим од Шираз, во Кирман во Јужен Иранпуст, слабо населен и беспатен крај покрај Езерото Нирис. Тогаш, зиме, тоа беше мочуришна, каллива степа без села во близината, ограничена на југ со Кух-и-Гухснеган, „Планините на гладот“, а кон север сè се губеше во мочуриштата кои го опкружуваат езерото. Попладнето, додека обиколувавме еден осамен рид, езерото ненадејно се покажа. Неподвижната зелена површина без ветер или звук или живот, бидејќи водата беше толку солена што никакви риби не би можеле да живеат во неа. Освен неколкуте осакатени стебла и пустински џбунови, солената почва на неговиот рид не дозволувала никаква вегетација. Почвата беше лесно покриена со каллив снег, а над неа, на оддалеченост од околу двесте  метри од ридот, водеше слабо означена патека.



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 11:27

Падна ноќта, а каравансарајот Кхан-и-Кхетнашата цел за таа ноќне се гледаше никаде. Меѓутоа, ние требаше да дојдеме до него по секоја цена; вдолж и вшир немаше никакво друго прибежиште, а близината на мочуриштата го правеше секое напредување во мракот крајно опасно. Всушност, тоа утро нè предупредија да не одиме сами, бидејќи само еден погрешен чекор може лесно да значи ненадејна смрт. Освен тоа, нашите коњи беа могу заморени по долгиот дневен марш преку калливата почва и требаше да се одморат и да се нахранат.

Со доаѓањето на ноќта почна силен дожд. Јававме, наводенети, нерасположени и тивки, потпирајќи се повеќе на инстинктот на коњите,  отколку на нашите бескорисни очи. Поминаа часови, а ни трага од каравансарајот. Можеби во мракот сме го поминале, па сега ќе мораме ноќта да ја поминеме надвор, под поројниот дожд кој постојано се засилуваше... Копитата на нашите коњи газеа по водата, нашата натопена облека висеше тешко на нашите тела. Темна и непроѕирна, околу нас рееше ноќта под превезите што ги правеа шурките вода; бевме прмрзнати  до коска, но сознанието дека мочуриштето е толку близу внесуваше уште  повеќе студ. Ако коњите само еднаш ја промашат цврстата почва – „тогаш Бог нека ви се смилува“, нè предупредија тоа утро.



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 11:35

Јавав напред, а Ибрахим ме следеше, оддалечен, можеби, десет чекори. Сè почесто се јавуваше застрашувачката мисла: да не сме го оставиле Кхан-и-Кхет некаде зад нас во темнината? Колку лоша среќа би било да се помине ноќта под студениот дожд, а кога би продолжилешто со мочуриштето?

Ненадејно почувствував мек, писклив глас под копитата на својот коњ; почувствував како животното се лизга во калта, потонува, очајнички ја повлекува едната нога, повторно се лизгаи во мојот ум блесна мислата: мочуриштето! Силно ги повлеков уздите и со мамузите ги притиснав страните на коњот. Тој високо ја зафрли главата и почна да поигрува бесно. Студената пот сосема ме облеа. Ноќта беше толку темна што не можев да ги распознаам сопствените раце, но во грчовитото превивање на телото на коњот ја почувствував неоговата очајничка борба против прегратката на мочуриштето. Речиси не мислејќи, го грабнав камшикот кој, обично неупотребуван, висеше на мојот рачен зглоб и го шибнав  коњот по задникот со сета сила, со надеж така да го поттикнам на краен напор, бидејќи ако сега запре, ќе биде вшмукан, а и јас со него, сè подлабоко и подлабоко во калта... Ненавикнато на толку грубо камшикување, кутрото животноКасгхаи пастув со исклучителна брзина и силасе крева на задните нозе, повторно ја удира почвата со сите четири нозе, и во грчовитиот напор против калта скокнува, се лизнува, повторно се крева напред и повторно се лизнуваа неговите копита цело време очајнички удираат по меката, писклива тиња...



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 11:38

Некаков таинствен предмет со свиреж профучи над мојата глава... Ја кренав раката добив силен и несфатлив удар... Од што? Времето и мислата се испретурија еден преку друг и станаа нејасни... Низ поројниот дожд и бревтањето на коњот можев да го слушнам, во секунди кои беа како часови, немилосрдниот звук на вшмукување на мочуриштето... Крајот мора да е блиску. Ги олабавив своите стопала од узенгиите, подготвен да скокнам од седлото и самиот да ја опитам својата среќа – можеби би можел да се спасам ако легнам рамно на почвата, кога, ненадејно, неверојатно, коњските копита повторно удрија по тврдата почва, еднаш два пати... и, со воздишка на олеснување, ги повлеков уздите и го смирив растрепереното животно. Бевме спасени...

Дури сега се сетив на својот придружник и, сиот во страв, викнав: „ИбрахимеНикаков одговор. Срцето ми смрзнува.

Ибрахиме...!“ Но околу мене беше само темната ноќ и поројниот дожд. Дали бил во состојба да се спаси себеси? Со зарипнат глас повторно викнав: „Ибрахиме!“

Тогаш, речиси неверојатно, се слушна слаб звук од голема далечина: „Овде... овде сум!“

Сега му беше ред на мојот разум да се смири: Како сме се оддалечиле толку?

Ибрахиме!“

Овде... овде!“

И следејќи го гласот, водејќи го својот коњ за уздите и испитувајќи секоја педа од почвата со своите стапала, одев полека, мошне внимателно кон оддалечениот глас; таму беше Ибрахим, мирно седеше на своето седло.

Што ти се случи, Ибрахиме? И ти ли заталка во мочуриштето?“

Во мочуриштето...? Нејас едноставно стоев мирно кога вие ненадејно, не знам зошто, одгалопиравте.“



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 11:39

Некаков таинствен предмет со свиреж профучи над мојата глава... Ја кренав раката добив силен и несфатлив удар... Од што? Времето и мислата се испретурија еден преку друг и станаа нејасни... Низ поројниот дожд и бревтањето на коњот можев да го слушнам, во секунди кои беа како часови, немилосрдниот звук на вшмукување на мочуриштето... Крајот мора да е блиску. Ги олабавив своите стопала од узенгиите, подготвен да скокнам од седлото и самиот да ја опитам својата среќа – можеби би можел да се спасам ако легнам рамно на почвата, кога, ненадејно, неверојатно, коњските копита повторно удрија по тврдата почва, еднаш два пати... и, со воздишка на олеснување, ги повлеков уздите и го смирив растрепереното животно. Бевме спасени...

Дури сега се сетив на својот придружник и, сиот во страв, викнав: „ИбрахимеНикаков одговор. Срцето ми смрзнува.

Ибрахиме...!“ Но околу мене беше само темната ноќ и поројниот дожд. Дали бил во состојба да се спаси себеси? Со зарипнат глас повторно викнав: „Ибрахиме!“

Тогаш, речиси неверојатно, се слушна слаб звук од голема далечина: „Овде... овде сум!“

Сега му беше ред на мојот разум да се смири: Како сме се оддалечиле толку?

Ибрахиме!“

Овде... овде!“

И следејќи го гласот, водејќи го својот коњ за уздите и испитувајќи секоја педа од почвата со своите стапала, одев полека, мошне внимателно кон оддалечениот глас; таму беше Ибрахим, мирно седеше на своето седло.

Што ти се случи, Ибрахиме? И ти ли заталка во мочуриштето?“

Во мочуриштето...? Нејас едноставно стоев мирно кога вие ненадејно, не знам зошто, одгалопиравте.“



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 11:46

Одгалопирав... Загатката беше решена. Борбата со мочуриштето беше дел од мојата фантазија. Мојот коњ мора едноставно да нагазил на калливиот дел од патот, а јас, мислејќи дека сме влегле во мочуриштето, сум го шибнал и сум го натерал во бесен галоп и, измамен од мракот, неговото движење напред погрешно сум го сфатил како очајничка борба со мочуриштето и слепо трчав низ ноќта, несвесен дека има многу глуждовити дрвја распрскани по рамнината... Овие дрвја, а не мочуриштето, беа непосредната, вистинска опасност: малата гранка која ја удри мојата рака можеше исто така да биде и поголема гранка, која можеше да ми го скрши черепот и така моето патување да го донесе до решителен крај, во некој неозначен гроб во Јужен Иран...

Бев бесен самиот на себе, двојно бесен, бидејќи сега бевме изгубиле секаква ориентација и веќе не можевме да й влеземе во трага на патеката. Сега веќе никогаш нема да го најдеме каравансарајот...

Но, повторно немав право.

Ибрахим се симна од коњот за да го разгледа теренот и можеби на тој начин да ја пронајде патеката, и додека тој така лазеше на сите четири, неговата глава ненадејно удри во ѕидтемниот ѕид на каравансарајот Кхан-и-Кхет!

Да не беше моето замислено препнување во мочуриштето, ние ќе продолжевме, ќе го промашевме каравансарајот и навистина ќе се загубевме во мочуриштето кое започнува, како што наречиси дознавме, одвај двесте метри пред нас...

Каравансарајот беше еден од многуте пропаднати остатоци од епохата на шахот Абас Великиотмоќни ѕидни блокови со подрумски ходници, со расклатени порти и со урнати огништа. Овде-онде можевте да забележите траги од стари резби на гредите над вратите и испукани порцелански плочки; неколкуте вселиви соби беа запуштени, со стара слама и со коњски лепешки по подот. Кога Ибрахим и јас влеговме во главниот трем, го сретнавме надзорникот на каравансарајот како седи покрај отворениот оган на голиот под. Покрај него беше еден босоног ситен човек обвиткан во парталава наметка. Кога ние се појавивме, и двајцата скокнаа на нозе, а малиот непознат свечено се поклони со живо, речиси театрално движење, со десната рака над срцето. Неговата наметка беше покриена со безбројни повеќебојни латици; беше извалкан, сосема неуреден, но неговите очи блескаа, а лицето му беше ведро.



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 11:57

Надзорникот излезе од собата за да се погрижи за нашите коњи. Ја слеков мојата натопена наметка, додека Ибрахим веднаш се зафати околу подготвувањето чај на отворен оган. Со љубезност на голем господин кој не губи ништо од своето достоинство ако е љубезен кон пониските од себе чудното мало човече љубезно ја прифати чашата чај што му ја понуди Ибрахим.

Без каква било непристојна љубопитност, тој се сврте кон мене, небаре започнува разговор во салон: „Вие сте Англичанец, џанаб-и-али?“

Не, јас сум Австриец, Намсави.“

Дали би било непристојно ако ве прашам дали работата ве донесува во овие краишта?“

Јас сум писател во весник“, одговорив јас. „Патувам низ вашата земја за да им ја опишам на нашите луѓе. Тие сакаат да дознаат како живеат и што мислат другите.“

Тој потврди со главата со насмевка на одобрување на лицето и потона во тишината. По некое време извлече мало глинено наргиле http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=859140&ID=671#_ftn1 - - и бамбусов стап од наборите на својата наметка, го прицврсти стапот на глинениот сад, потоа меѓу своите дланки протри нешто што е слично на тутун и го стави тоа внимателно, небаре е повредно од злато, во вдлабнатината на лулето, покривајќи го со живо масло. Со очигледен напор го повлече чадот низ  бамбусовиот стап, жестоко кашлајќи и чистејќи го грлото. Водата во наргилето клокотеше, а остриот мирис почна да ја исполнува собата. Дури тогаш го препознав: тоа беше индиски хемп, хашиш, а потоа го сфатив и чуното однесување на овој човек; тој беше хашаши, наркоман. Неговите очи не беа засенчени како очите на пушачите на опиум; тие блескаа со некој вид на изделена, безлична сила, зјапајќи во далечината која е бескрајна, оддалечена од реалниот свет околу нив.

Гледав во тишината. Кога конечно го допуши своето луле, ме праша:

Нема ли да пробате и вие?“



http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=859140&ID=671#_ftnref1 - - [1] Nargile – cevka za pu{ewe tutun, vo koja ~adot se filtrira niz voda; vo nekoi zemji e nare~eno „huka“.



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 12:05

Одбив со благодарност; сум пробувал опиум еднаш или двапати (без какво било особено задоволство), но ова со хашишот ми се чинеше премногу напорно и невкусно дури и за да пробам. Хашаши се смееше безгласно, неговите шашливи очи се лизгаа преку мене со пријателска иронија:

Знам што мислите, почитуван пријателе. Вие мислете дека хашишот е ѓаволска работа и се плашите од него. Бесмислица! Хашишот е божји дар. Мошне добарособено за духот. Видете, хазрет, http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=859144&ID=1517#_ftn1 - - [1] дозволете да ви го објаснам тоа. Опиумот е лошво тоа нема никакво сомнениебидејќи тој во човекот буди копнежи по недостижни работи, во неговите соништа  внесува лакомост како кај животните. Хашишот, меѓутоа, ја смирува  секоја лакомост и нè прави рамнодушни кон сите работи од овој свет. Тоа е тоа: нè прави задоволни. Би можеле да ставите куп злато пред хашашијатане само додека тој пуши, туку кога и да еа тој не би го пружил по тоа дури ни својот мал прст. Опиумот ги прави луѓето слаби и страшливи, а хашишот го убива секој страв и прави човекот да биде храбар како лав. Ако побарате од хашашијата да се нурне во ледена река среде зима, тој едноставно би се нурнал во неа и би се смеел... Тој спознал дека да се биде без лакомост значи да се биде без страви дека, ако човекот го надминал стравот, тој исто така ја надминал и опасноста, знаејќи дека што и да му се случи, тоа е негов удел во сето она што се случува...“

Тој повторно се насмеа, тресејќи се со онаа куса, треперлива, безгласна смеа која се наоѓа меѓу потсмевањето и добронамерноста; потоа престана да се смее и само се клештеше зад својот облак од чад, со своите блескави очи насочени кон неподвижната далечина.



http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=859144&ID=1517#_ftnref1 - - [1] Hazret – lit. „dr`ење“; термин за обраќање, грубо еквивалентен наВаше Височество“.



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 12:34
Во согласност со традицијата во нашето семејство, преку приватните учители дома примив совршена основа од еврејските религиски науки. Ова не беше како резултат на некаква јасна религиозност на моите родители. Тие й припаѓале на генерацијата која, додека со празни зборови го изразувале припаѓањето во ова или во она религиско верување кое ги  обликувало животите на нивните предци, никогаш не направиле ни најмал обид да го усогласат својот практичен живот, или дури својата етика и мислите, со тие учења. Во такво општество и самата идеја за религијата била сведена на една од двете работи: здодевниот ритуал на оние кои со навикаи само со навикасе врзувале за своето религиско наследство, и циничната рамнодушност на ониелибералнитекои ја сметале религијата за застарено празноверие со кое пенекогаш можеме, формално, да се  согласиме, но од кое тајно се срамиме, како од нешто интелектуално  неодбранливо. Судејќи според сè, моите родители й припаѓаа на првата категорија, но понекогаш имав нејасно насетување дека татко ми барем се стремел кон второто. Сепак, за разлика од својот татко и од тестот, тој инсистираше јас да поминувам долги часови над светите списи. На тој начин во тринаесеттата година, не само што со леснотија можев да читам на хебрејски туку и го зборував течно и покрај тоа сум добив пристојно познавање на арамејскиот јазик (на кој веројатно треба да му се заблагодарам за леснотијата со која подоцна го совладав арапскиот). Во оригинал го проучував Стариот Завет. Мишна и Гемарт.е. текстот и коментарот на Талмудотми станаа блиски. Можев со многу самодоверба да расправам за разликите меѓу вавилонскиот и ерусалимскиот Талмуд, се продлабочував во заплетканотисте на библиските егзегези, наречени Таргум, токму како да сум предодреден за рабинска кариера

-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 12:51

Наспроти сето ова расцутување на религиската мудрост, или можеби токму поради тоа, кај мене речиси се разви чувство на презир кон многуте поставки на еврејското верување. Секако, јас не ги негирав учењата за моралната праведност толку силно нагласена во еврејските списи, ниту возвишената свест за Богот на еврејските пратеници, но мене ми изгледаше дека Бог, според Стариот Завет и според Талмудот, е претерано загрижен за ритуалите со кои Неговите верници треба да Го обожуваат. Исто така ми дојде мислата дека овој Бог е чудно преокупиран  со судбината на еден одделен народ, Евреите. Самата градба на Стариот Завет, како историја на Аврамовите (Ибрахимовите) потомци, се стреми да го претстави Богане како оној што го создава и го одржува целото човештво, туку повеќе како племенско божество кој сето создавање го приспособува кон потребите наодбраниот народ“; наградувајќи го со победи ако е праведен, а казнувајќи го со рацете на неверниците кога ќе  скршне од пропишаниот пат. Гледан во светлината на овие основни недостатоци, дури и етичкиот жар на подоцнежните пратеници, како Исаија и Еремија, изгледал лишен од универзалната порака.

Иако ефектот на моите поранешни студии беше спротивен од намератаоддалечувајќи ме од религијата на моите предци повеќе отколку да ме приближат кон неачесто мислам дека тие во подоцнежните години ми помогнаа да ја сфатам основната суштина на религијата, каква и да била  нивната форма. Меѓутоа, во тоа време, моето разочарување со јудаизмот не ме водеше во потрага кон спиритуалните вистини во други насоки. Под влијание на агностичката средина, се свртев, како и мнозина од момчињата на моја возраст, кон прозаичното отфрлање на институционалните религии; бидејќи мојата религија никогаш не ми значеше повеќе отколку серијата рестриктивни прописи, не се чувствував лошо поради тоа што се оддалечив од неа. Теолошките и философските идеи сè уште вистински не ме засегаа; она на што се радував не се разликуваше многу од очекувањата на мнозина други: акција, авантура, возбудувања.



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 13:04

ЗА ВРЕМЕ од околу две години по крајот на Првата светска војна студирав, по малку на површен начин, историја на уметноста и философија  на Виенскиот универзитет. Моето срце не беше во тие студии. Не ме привлекуваше мирната академска кариера. Чувствував копнеж да се фатам во бескомпромисна борба со животот, да влезам во него без ниедна од оние внимателно замислени, вештачки заштити кои околу себе сакаат да ги изградат луѓето со духот свртени кон сигурноста; сакав самиот да најдам приод кон духовниот поредок на нештата кој, тоа го знаев, мора да постои, но којшто сè уште не можев да го разберам.

Не е лесно со малку зборови да го објаснам она што тие денови го подразбирав поддуховен поредок“; секако не ми паѓало на ум за проблемот да размислувам во конвенционални религиски поими или, од тие причини, воопшто за какви било поими. Мојата неодреденост, да бидам праведен кон себеси, не беше мој сопствен производ. Тоа беше неснаоѓање на целата генерација.



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 13:24
...Почетните децении од дваесеттиот век беа во знакот на духовен вакуум. Сите етички вредности на кои Европа со векови беше свикната, станаа безоблични под страшниот удар на она што се случи меѓу 1914 и 1918, а никаква нова група вредности сè уште не беше на повидок. Чувството на горчливост и несигурност беше во воздухотпретчувството за општествените и интелектуалните пресврти што предизвика сомнежи дали некогаш може да постои каква било постојаност во човековите мисли и настојувања. Сè изгледаше дека небаре се разлева во безобличност, а духовниот немир на младината никаде не можеше да најде потпирка. Во отсуството на какви било сигурни морални стандарди, никој нам, на младите луѓе, не можеше да ни даде задоволувачки одговори на многуте прашања што нè збунуваа. Науката велешезнаењето е сè“, но забораваше дека знаењето, без етичка цел, може да води само кон хаос. Општествените реформатори, револуционерите, социјалиститесите оние кои, без сомнение, сакаа да изградат подобар и посреќен светмислеа само во рамките на надворешните, општествени и економски   околности. За да го премостат тој недостаток, тие ја изградија својатаматеријалистичка концепција на историјатана ниво на некој нов вид антиметафизичка метафизика. Традиционално религиозните луѓе, од друга страна, не знаеја ништо подобро отколку на својот Бог да му припишуваат својства извадени од нивните сопствени навики во размислувањето, кое веќе одамна станало круто и бесмислено; а кога ние, младите луѓе, видовме дека овие божемни божествени особини често беа во остра спротивност со она што се случуваше во светот околу нас, самите  себеси си рековме: „Двигателните сили на судбината се очигледно различни од својствата кои му се припишуваат на Бога, затоаБог не постои“.
 

Само на неколкумина од нас ни падна на ум дека причината за целата оваа бркотница можеби би можела да лежи во самоволноста на чуварите на верата кои себеси се сметале за доблесни и кои си го земаат правото да годефинираатБог и, облекувајќи го со својата сопствена облека, Го разделувале од човекот и од неговата судбина.



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 13:26

Во одделна личност оваа етичка лабилност можела да води или кон целосен морален хаос и цинизам или, кон алтернативно, кон потрага по креативниот, личен приод кон она што би можело да претставува добар живот.

Ова инстинктивно сфаќање можело, индиректно, да биде причина за мојот избор на историјата на уметноста како главен предмет на универзитетот. Насетував дека вистинската функција на уметноста е и тоа да создава визија на кохерентен, унифицирачки модел што мора да биде во основата на фрагментарните слики на настаните кои ни ги открива нашата свест и кои, ми изгледаше, само на несоодветен начин можат да бидат изразени со концептуални мисли. Како и да е, предавањата на кои присуствував не ме задоволуваа. Моите професоринекои од нив, како Стржитовски и Дворжак, истакнати во своите подрачја на студиитеизгледаа повеќе преокупирани со изнаоѓање на естетските закони кои управуваат со уметничкото создавање отколку со откривањето на неговите најдлабоки духовни импулси: со други зборови, според мене, нивниот пристап кон уметноста беше премногу тесно ограничен на прашањето на формите во кои таа се манифестира.

Заклучоците на психоанализата, која ја запознав во оние денови на младешката збунетост, ме оставија, иако поради некои други причини, незадоволен. Без сомнение, психоанализата во тоа време беше интелектуална револуција од прв ред и бевме сосема сигурни дека широкото  отворање на оваа досега заборавена врата на сознанието треба да има длабоко влијание врза можеби и сосема да го изменичовековото мислење за себеси и за неговото општество. Откривањето на улогата што ја играат несвесните поттици во формирањето на човечката личност отворија, без никакво сомнение, патишта за подлабоко саморазбирање отколку што ни нудеа псохолошките теории од поранешните времиња. Бев подготвен да го признаам сето ова. Всушност, стимулот на идеите на Фројд беше исто толку опивачки за мојот млад дух колку и силното вино, и бројни беа вечерите поминати во виенските кафеани во возбудливи расправи меѓу некои од раните пионери на психоанализата како што се Алфред Адлер, Херман Стекл и Ото Грос. Но, додека вистински не ја оспорував валидноста на нејзините аналитички принципи, бев вознемирен од интелектуалната ароганција на новата наука, која се обидуваше сите тајни на човековото Јас да ги сведе до серија од неврогенетски реакции. Философскитезаклучоцидо кои дошле нејзините основачи и следбеници некако ми изгледаа премногу измазнети, самосвесни и премногу поедноставени за да можат да бидат дури и блиску до конечните вистини; и тие навистина не укажаа на некој нов пат кон добриот живот.

 



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 13:28
Иако таквите проблеми често го преокупираа мојот дух, тие, всушност, не ми пречеа. Никогаш не сум бил премногу наклонет кон метафизичките размислувања или кон свесното трагање по апстрактнитевистини“. Моето интересирање повеќе се движеше во насока на нештата кои се гледаат и се чувствуваат: луѓето, активностите, односите.

Токму тогаш почнав да ги откривам односите со жените.

Во општиот процес на распаѓањето на утврдените општествени обичаи што настапи по Светската војна, многуте ограничувања меѓу машкиот и женскиот пол попуштија. Мислам дека она што се случи не беше толку бунт против претераната строгост на деветнаесеттиот век, колку пасивно бегање од состојбата на работите во што определените морални стандарди беа сметани за вечни и несомнени во условите во кои сè беше оспорувано: нишањето на нишалото од вчерашното утешно верување во континуитетот на човековиот подем до горчливото разочарување на Шпенглер, до моралниот релативизам на Ниче и до духовниот нихилизам поттикнат од психоанализата. Гледајќи назад на оние рани повоени години

чувствувам дека младите луѓе и жените кои со толку многу ентузијазам зборуваа и пишуваа заслободата на телото“, беа многу далеку од зовриениот дух на Пан што толку често го повикуваа: нивните воодушевувања беа премногу самосвесни за да бидат обилни, а премногу толерантни за да бидат револуционерни. Нивните сексуални односи имале, по правило, некаков случаен карактеропределена обмислена благост која често водела до промискуитет.

Дури и да се чувствував врзан за остатоците на конвенционалната моралност, ќе беше извонредно тешко да не бидам повлечен во трендот кој стана толку распространет. Како стоеја работите јас, како и толку други од мојата генерација, повеќе му се восхитував на она што се сметаше забунт против празните конвенции“. Флертуавањата полека преминуваа во поблиски односи, а некои од нив во страсти. Меѓутоа, не мислам дека бев слободоумен, бидејќи во сите мои младешки љубови, колку и да беа  површни и краткотрајни, постојано постоеше проблесокот на надежта, нејасна но постојана, за да може таа страшна изолираност, која толку очигледно ги разделуваше луѓето, да биде разбиена со спојувањето на еден маж и една жена.



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 13:30

Стигнавме“, чукајќи на вратата со тупаницата.

Вратата се отвори со чкрипање, еден старец со беззабо мрморење ни посака добредојде, „ехлен, ехлен ве сехлени низ кусиот ходник со две свртувања вдесно влеговме во дворот на куќата која однадвор одвај личеше на колиба облепена со кал.

 

Дворот беше широк и светол, поплочен како огромна шаховска плоча со бели и црни мраморни плочки. Во нискиот, осмоаголен базен во средината во весела игра прскаше фонтана. Лимоновите стебла и грмушките со олеандер засадени во отворите во мраморниот под ги даваа своите процутени и со плодови натежнати гранки насекаде по дворот и долж ѕидовите на куќата, кои од врвот до дното беа прекриени со најфино изработени рејлефи од алабастер, покажувајќи заплеткани геометриски форми и листовидни арабески, прекинати само со прозорците со широки тантелени рамки во мермер. На едната страна на дворот ѕидовите беа вдлабнати така што, на височина од еден метар над земјата, е формирана длабока вдлабнатина во ѕидот со големина на широка соба, до која се пристапува преку широките мраморни скали. Долж трите ѕида на оваа вдлабнатинанаречена ливанпоставени се ниски дивани прекриени со брокат, а на подот се наоѓаше скапоцен килим. Ѕидовите на вдлабнатината беа обложени со огромни огледала до височина од околу пет метри, така што целиот двор со своите дрвја, со својот црно-бел под, со своите релјефи од алабастер, со мраморните отвори на прозорците и со изрезбаните врати кои водат во внатрешноста на куќата, како и со шаренилото на гостите кои седеа на диваните или шетаа околу фонтанатасето ова беше удвоено во огледалата од ливанот. А кога ќе погледнете во нив, откривате дека спротивниот ѕид на дворот е покриен со слични огледала по целата своја широчина, така што целата глетка се рефлектира двапати, четирипати, стотинапати и се претвораше во магична, бескрајна лента од мрамор, алабастер, фонтани, безбројно мнозинство луѓе, шума од лимонови стебла, грмушки олеандербескрајна земја на сништата што блескаше под вечерното небо сè уште црвеникаво од зраците на Сонцето што заоѓа...



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 13:32

Таква куќаедноставна и неукрасена од уличната страна, богата и прекрасна однатреза мене беше нешто сосема ново; но со време разбрав дека тоа е типичен начин на живеење на богатите не само во Сирија и во Ирак, туку исто така и во Иран. Ни Арапите ниту Персијците на почетокот не водеа сметка за фасадите; куќата беше наменета да се живее во неа и нејзината функција беше ограничена на нејзината внатрешност. Ова беше нешто сосема поинакво од изнудениотфункционализампо кој толку многу се стреми во модерната западна архитектура. Западните луѓе, заплеткани во некој вид превртен романтизам, несигурни во своите сопствени чувства, и ден-денес градат проблеми; Арапите и Персијците градатили барем до вчера граделекуќи.



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 13:34

Домаќинот ме седна на својата десна страна на диванот, а еден босоног слуга ми подаде кафе на малиот послужавник од месинг. Чадот од наргилите што шумолеа се мешаше со воздухот намирисан со мирис на роза и пловеше во облачиња кон засенетите свеќи што се палеа, една по друга, долж ѕидовите и меѓу темното зеленило на дрвјата.

Друштвотосите мажибеше мошне разновидно: луѓе во кафтани од ригеста, шушкава дамаска свила или кинеска сурова свила со боја на слонова коска, во широки џубиња од пастелно обоена фина волна, со злато извезени бели турбани преку црвените тарбуши; луѓе во европска облека но очигледно удобна со вкрстени нозе на диванот. Ноколу бедуински главатари од степата со својата придружба беа тука; со црни и горделиво живи очи, со мали црни бради околу слабите, мургави лица. Нивната нова облека шушкаше при секое движење, а сите носеа сабји со сребрени корици. Тие беа негрижливи и сосема релаксирани; вистински аристократисамо што нивната релаксираност, за разлика од онаа кај европските аристократи, не беше мек сјај одгледуван со генерации на предадена грижа и добро живеење, туку како топол оган кој произлегува од сигурноста на нивните сфаќања. Добар воздух, сува и чиста атмосфераистиот воздух што еднаш навистина сум го почувствувал на работ од  пустината; ве прегрнува во својата невиност, но не се наметнува. Тие беа како далечни пријатели, како минувачки посетители на ова место; нивниот слободен живот, животот без цел, ги очекуваше на друго место.



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 13:35
Иако оваа пустина сум ја преминал повеќепати во повеќе насоки, не би имал доверба во себеси да го најдам патот низ неа, и затоа сум среќен што Зејд е со мене.

Оваа земја е негова татковина: тој му припаѓа на племето Шамар кое живее на јужните и на источните рабови на Големиот Нуфуд, и кога обилните зимски дождови ненадејно ќе ги претворат песочните дини во бујни ливади, тие ги пасат своите камили во неа неколку месеци од годината. Расположенијата на пустината се во Зејдовата крв и неговото срце чука со нив.

Зејд е веројатно најзгодниот маж кој било кога сум го познавал: со широко чело и стројно тело, со среден раст, убаво граден, полн со жилава сила. Преку тесното лице со боја на жито со остро обликувани коски на лицето и со остри и во исто време сензуални усни стои онаа достоинственост полна со очекувања, толку карактеристична за пустинскиот Арапдостоинство и смиреност споени во интимна хармонија. Тој е среќна комбинација од чистата бедуинска раса и на градскиот живот на Неџд, со зачувана бедуинска сигурност на инстинктот, без бедуинската емоционална непостојаност, со здобиената практична мудрост на граѓаните без подлегнување на нивните искривоколчености. Тој, како и јас, ужива во авантурата, но без да трча по неа. Уште од најраната младост неговиот живот бил исполнет со доживувања и возбудувања: како момче-коњаник во нередовните корпуси камили регрутирани од страна на турската влада за нејзината кампања на Синајскиот Полуостров за време на Големата Војна; како бранител на својата татковина Шамар против Ибн Сауд, како кријумчар на оружје во Персискиот Залив; како горешт љубовник на многу жени во многуте делови од арапскиот свет (секако, со сите законски женет во ова или во она време, а потоа исто така законски разведен); трговец на коњи Египет; платеник во Ирак; и, конечно, во текот на речиси пет години, мој придружник во Арабија.

И сега, на крајот од летото 1932 година, ние јаваме заедно, како што тоа го правевме често во минатото, извивајќи се по нашиот самотен пат меѓу песочните дини, запирајќи на некој од ретките бунари, а одморајќи се ноќе под ѕвездите; непрекинатото чкрипење на топлиот песок под нозете на животните; понекогаш, за време на маршот, песната на Зејдовиот зарипнат глас во ритамот на одот на камилите; ноќното кампување, варењето на кафето и оризот и по некоја разуздана игра; свежото дувкање не ветерот преку нашите тела додека лежиме ноќе на песокот; изгревот на сонцето над песочните дини, кое избива црвено, ненадејно како огномет; а понекогаш, како денес, чудо на животот кое се буди во растението што е случајно полеано со вода.



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 13:37
Кога влегов во друштвото на д-р Риза Теуфик-беј, емировиот главен со­вет­ник, во шаторот затекнав само еден слуга, црнец, богато облечен во бро­кат, со златна кама 

на појасот. Риза Теуфик-беј беше Турчин, по­ра­не­шен универзитетски професор, а во текот на три години, пред Ке­мал Ататурк, бил Министер за образование во турската влада. Емирот Аб­ду­лах, ми рече тој, ќе се врати за неколку минути; токму сега заседаваше со некои бедуински поглавари во врска со последната  инвазија од Неџд во јужна Трансјорданија. Оние вехабии од Неџд, ми објасни д-р Риза, играат во исламот улога слична на улогата на пуританските реформатори во христијанскиот свет, со оглед на тоа дека остро му се противат на секакво обожување на светците и на многуте мистични празноверија кои се вовлекле во исламот во текот на вековите; тие се исто така и непомирливи непријатели на шерифското семејство, чијшто главатар бил таткото на емирот, Кралот Хусеин од Хиџаз. Според мислењето на Риза Теуфик-беј, религиските погледи на вехабиите не можат лекомислено да се отфрлат; тие, всушност, повеќе му се приближиле на духот на к*ранот отколку на гледиштата кои преовладуваат во масите на повеќето други муслимански земји, па затоа со време би можеле да имаат поволно влијание врз културниот развиток на исламот. Меѓутоа, крајниот фанатизам на овие луѓе донекаде им отежнал на другите муслимани целосно да го оценат движењето на вехабиите, а овој недостаток, истакна тој, би можел добро да му дојде нанекого“, за кого можното обединување на арапските народи е страшна веројатност.

Малку подоцна влезе емиротчовек стар околу четириесет години, со среден раст, со куса руса брадачекорејќи меко во малите, црни влечки од лакирана кожа, облечен во лежерна облека од шушкава бела свила со речиси проѕирна бела волнена абај преку неа. Тој рече:

Ехлен ве сехлен“ – и тоа беше првпат да го слушнам овој елегантен арапски поздрав.

Постоеше нешто привлечно и речиси восхитувачко во личноста на емирот Абдулах, човек со голема смисла за хумор, со топлина во изразот и со подготвеност за духовитост. Не беше тешко да се види зошто во тоа време беше толку популарен кај својот народ. Иако мнозина Арапи не беа задоволни од неговата улога во бунтот против Турците кој го водеше династијата Шариф, а поттикнат од Британците, и тоа го сметаа за предавство на муслиманите, тој сепак добил определен углед со своето заземање за арапската кауза против ционизмот; допрва требаше да дојде денот кога искривоколченостите и пресвртите во неговата политика ќе го направат неговото име омразено во целиот арапски свет.

Сркајќи кафе од малите филџани кои ни ги понуди црниот слуга, разговаравмесо повремена помош на д-р Риза, кој течно зборуваше францускуза административните тешкотии во оваа нова земја,  Трансојрданија, каде што секој е свикнат да носи оружје и да им се покорува само на законите на своето сопствено племе. „Но“, рече емирот, „Арапите имаат доволно здрав разум; дури и бедуините сега почнуваат да сфаќаат дека мораат да ги напуштат своите стари беззакони патишта ако сакаат да бидат слободни од странската доминацијата.



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 14:07

Иако и самиот имам еврејско потекло, од почетокот остро му се противев на ционизмот. Покрај моите лични симпатии кон Арапите, сметав дека е неморално доселениците, со помош на странските големи сили, да доаѓаат отстрана со очигледна намера да постигнат мнозинство во земјата и така да го исфрлат народот кому таа земја му припаѓала од памтивек. Според тоа, бев наклонет да застанам на страната на Арапите кога и да доаѓаше до расправа за еврејско-арапското прашањекое, секако, се случуваше мошне често. Овој мој став беше несфатлив практично за сите Евреи со кои доаѓав во контакт во текот на оние месеци. Тие не можеа да разберат што гледав во Арапите кои, според нивно мислење, се само маса на заостанат народ на кој тие гледаа со чувство не многу поинакво од она кое го имаат европските доселеници во Централна Африка. Не беа ни најмалку заинтересирани за тоа што мислат Арапите; речиси никој од нив не се потрудил да го научи арапскиот јазик; секој, без какво било испитување, го прифаќал принципот дека Палестина е законско наследство на Евреите.

Сè уште се сеќавам на кусата дискусија која поради ова ја имав со д-р Шаим Вајцман (Цхаим Њеизман), неспорниот водач на ционистичкото движење. Тој беше дошол на една од своите периодични посети на Палестина (мислам дека негово постојано живеалиште беше Лондон), а го сретнав во куќата на еден пријател, Евреин. Моравте да бидете импресиониран од неговата неизмерна енергијаенергија која дури се манифестираше во неговите телесни движења, во долгите, еластични чекори со кои одмерено чекореше горе-долу низ собатакако и со силата на умот која се открива во широкото чело и во остриот поглед на неговите очи.



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 11.Јануари.2008 во 11:24

Зборуваше за финансиските тешкотии кои го мачат сонот за еврејската национална татковина и за недоволниот одговор за овој сон меѓу луѓето во странство; имав вознемирувачки впечаток дека дури и тој, како и многуте други ционисти, е наклонет моралната одговорност за сето што се случува во Палестина да му ја префрли нанадворешниот свет“. Тоа ме натера да ја прекинам понизната тишина во која сите пруисутни го слушаа и да прашам:

А што со Арапите?“

Мора да сум постапил нетактично, внесувајќи толку нехармонична нота во разговорот, бидејќи д-р Вајцман полека се сврте кон мене, ја спушти чашата што ја држеше во раката и го повтори моето прашање:

Што со Арапите...?“

Па како инаку межете да се надевате од Палестина да направите своја татковина наспроти жестокото противење на Арапите кои, сепак, се мнозинство во оваа земја?“

Ционистичкиот водач ги спушти рамениците и одговори суво: „Очекуваме дека тие нема да бидат во мнозинство по неколку години.“

Можеби е така. Вие се занимавате со тие прашања со години и мора да ја познавате ситуацијата подобро од мене. Но, сосема независно од политичките тешкотии кои арапската опозиција може или не може да ги постави на вашиот патзарем никогаш не ве вознемирува моралниот аспект на тоа прашање? Зар не мислите дека е нечесно од ваша страна да го прогоните народот кој отсекогаш живеел во оваа земја?“

Но тоа е наша земја“, одговори д-р Вајцман, кревајќи ги веѓите. „Ние само го земаме назад она од што неправедно сме биле лишени.“

Но, вие сте биле надвор од Палестина речиси две илјади години! Пред тоа сте владееле со оваа земја, и тоа одвај со целата земја, помалку од петстотини години. Зар не мислите дека и Арапите, со истото оправдување, би можеле да ја побараат Шпанија за себебидејќи, најпосле, тие владееле во Шпанија речиси седумстотини години и сосема ја загубиле пред само петстотини години?“

Д-р Вајцман стана видливо нетрпелив: „Бесмислица. Арапите само ја покориле Шпанија; таа никогаш не била нивна вистинска татковина, и најпосле и било правично да бидат протерани од Шпанија“.

Простете“, возвратив јас, „но изгледа дека тука постои еден историски пропуст. Впрочем, Евреите исто така дошле во Палестина како освојувачи. Долго време пред нив имало многу други семитски и несемитски племиња населени овдеАморејците, Едомитите, Филистејците, Моабитите, Хетитите. Тие продолжиле да живеат тука откако Римјаните ги протерале нашите предци. Тие и денес живеат тука. Арапите, кои се населиле во Сирија и Палестина по нивното освојување во седмиот век, секогаш биле само мало малцинство во населението; остатокот на она што денес го нарекуваме палестински и сирискиАраписе, всушност, само арабизираните автохтони жители на земјата. Некои од нив станале муслимани со текот на вековите, другите останале христијани. Муслиманите, секако, стапувале во брак со своите истоверници од Арабија. Но зар можете да негирате дека делови од народот на Палестина, кој зборува арапски, без оглед дали се муслимани или христијани, се директни потомци на изворните жители, изворни во смисла дека живееле во оваа земја пред доаѓањето на Евреите во неа?“



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 11.Јануари.2008 во 11:31

Д-р Вајцман учтиво се насмеа на мојот испад и го сврте разговорот на друга тема.

Не бев задоволен од исходот на своето посредување.

Секако, не очекував било кој од присутнитенајмалку самиот д-р Вајцман да се определи за моето уверување дека ционистичката идеја е мошне ранлива од морален аспект; но се надевав дека мојата одбрана на арапската кауза барем ќе предизвика некој вид непријатност кај ционистичкиот водачнепријатност која би можела да доведе до малку повеќе самокритика и на тој начин, можеби, до поголема подготвеност да се признае постоењето на можното морално право во спротивставувањето на Арапите... Ништо од тоа не се случи. Наместо тоа, се најдов пред безличен ѕид на искокорени очи: остро осудување на мојата непромисленост, дека сум се осмелил да се посомневам во неспорното право на Евреите на земјата на нивните предци...

Како е можно, се прашував, луѓе надарени со таква креативна интелигенција како што се Евреите да мислат за ционистичко-арапскиот конфликт само од еврејски аспект? Зар не сфаќаат дека проблемот на Евреите во Палестина може на крајот да биде решен само преку пријателска соработка со Арапите? Зарем беа толку безнадежно слепи кон болната иднина што нивната политика мора да ја донесе? – кон борбите, горчливоста и омразата во кои еврејскиот остров, дури и ако привремено биде и успешен, ќе остане засекогаш изложен среде арапското море?

И колку е чудно, си помислив, дека нацијата, што има претрпено толку многу неправди во текот на својата долга и несреќна дијаспора, е сега подготвена, во тесноградиот стремеж кон својата сопствена цел, да й нанесе тешка неправда на друга нацијаи тоа на нацијата која е недолжна за сите минати еврејски страдања. Таквата појава, знаев, не й беше непозната на историјата; но тоа, сепак, предизвика во мене тага гледајќи дека се случува пред мои очи.



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 11.Јануари.2008 во 11:35
ОДЕВ ПО ПАТОТ за Галилеја.

Во попладнето Есдрелонската рамнина лежеше десно под мене, прошарана со светлини и со сенки. Поминав низ Назарет и пред ноќта стигнав во некое арапско село кое беше во сенка на дрвјата црн пипер и на чемпресите. Пред вратата на првата куќа седеа неколку мажи и жени. Застанав, прашав дали е тоа Ал-Рајна и по потврдниот одговор токму посакав да тргнам кога една жена ме повика:

Господине, зар нема да се освежиш?“ – и, небаре погодува дека сум жеден, ми подаде стомна со студена вода. Кога се напив до мила волја, еден од мажитеочигледно нејзин мажме праша:

Сакаш ли да каснеш леб со нас и да преноќиш кај нас?“

Не ме прашаа кој сум, каде одам или што правам, а преноќив кај нив како нивен гостин.

Да  се биде гостин кај некој Арап –  дури и школските деца слушаат за тоа во Европа. Да бидеш гостин на некој Арап значи да влезеш на неколку часа, на некое време, искрено и целосно, во животот на луѓето кои сакаат да ти бидат браќа и сестри. Не е тоа само благородната традиција која им овозможува на Арапите да бидат гостољубиви на толку срдечен начин; тоа е нивната внатрешна слобода. Тие се толку слободни од недовербата кон себеси што можат лесно да им ги отворат своите животи на друг човек. Не им е потребна никаква лажна сигурност на ѕидовите кои на Запад секој ги гради меѓу себеси и својот сосед.

Вечеравме заедно, мажи и жени, седејќи со прекрстени нозе на сламената простирка околу огромниот сад наполнет со каша од грубо мелено жито со млеко. Моите домаќини откинуваа мали парчиња од големите, како хартија тенки лепињи со кои вешто ја грабаа кашата дури и не допирајќи ја со своите прсти. Мене ми дадоа лажица; но јас ја одбив и се обидов, но без успех, и на очигледно задоволство на моите пријатели, да го изведам нивниот едноставен, а сепак отмен начин на јадење.

Кога легнавме да спиеме – околу дванаесетина во една единствена соба – гледав над себе во дрвените греди на кои висеа низи од сув црн пипер и црн патлиџан, во многубројните длабнатини на ѕидовите исполнети со бронзени и земјени потребни работи за в кујна, во телата на заспаните луѓе и жени, и се прашував дали и во својот дом некогаш би се чувствувал повеќе дома.



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 11.Јануари.2008 во 11:36
Se nadevam deka ste vooduseveni od nacinot na pisuvanje, kako i od temite koi gi obrabotuva.

-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 11.Јануари.2008 во 11:37
СО РАЦЕТЕ ВКРСТЕНИ под вратот гледам во оваа арапска ноќ која се надвива над мене, црна и ѕвездена.

Еден метеор лета во огромен лак, а потоа ете го и другиот, и уште еден: лакови од светлина што ја прободуваат темнината. Дали се тоа само парчиња од некаква космичка несреќа, кои сега бесцелно летаат низ огромноста на вселената? Ах, не! Ако го прашате Зејд, тој ќе ви рече дека тоа се огнените копја со кои ангелите ги бркаат ѓаволите кои во определени ноќи кришум се искачуваат кон небото за да ги откријат Божјите тајни... Дали е тоа можеби самиот Иблис http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=860848&ID=1976#_ftn1 - - , Кралот на сите ѓаволи, кој тукушто го прифатил моќното исфрлување на пламенот таму на исток...?

Легендите врзани за ова небо и неговите ѕвезди ми се поблиски отколку домот на моето детство...

Како би можело да биде поинаку? Отако сум дојден во Арабија, живеев како Арап, облекував единствено арапска облека, зборував само на арапски јазик, сништата ги сонував на арапски; арапските обичаи и сликовитото изразување неусетно ги обликуваа моите мисли, не бев спречуван од душевните воздржаности кои обично го оневозможуваат ту­ѓи­нецотколку и да е добро упатен во однесувањето и во јазикот на зе­м­ја­тада го најде вистинскиот пристап кон чувствата на нејзиниот на­род и неговиот свет да го прими како свој сопствен свет.

Не­надејно морам да се смеам гласно со смеа на среќа и слободатолку глас­но што Зејд со чудење гледа во мене, а мојата камила ја свртува гла­ва­та кон мене со лесно, по малку горделиво движење; дури сега гледам кол­ку единствен и прав, наспроти својата далечина, беше мојот патмојот пат од светот што не го поседував вистински, во светот кој е вистински мој.

Зар не е моето доаѓање во оваа земја, всушност, доаѓање дома? Доаѓање дома на срцето кое го открило својот стар дом преку нишката од илјадници години и сега го препознава ова небо, своето небо со болна радост? Бидејќи, ова арапско небо – толку многу потемно, повисоко, посвечено и побогато со ѕвезди отколку кое и да е друго небо – се надвиваше врз долгата нишка на моите предци, тие талкачи овчари-воини, кога, пред илјадници години, тргнале опседнати од алчноста по земја и плен, кон плодната земја Халдеја и кон непознатата иднина; тоа мало бедуинско племе Евреи, предците на оној човек што ќе биде роден во Ур, во Калдеја.



http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=860848&ID=1976#_ftnref1 - - [1] ИблисЛуцифер (Заб. на прев.).



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 11.Јануари.2008 во 11:39
Тој човек, Аврам (Ибрахим) всушност не припаѓал во Ур.

Тој бил само припадник на едно од многуте арапски племиња кои во ова или во она време го наоѓале својот пат од гладните пустини на Полуостровот кон северните земји од соништата, за кои се зборувало дека во нив тече мед и млеконаселените земји на Плодната Полумесечина, Сирија и на Месопотамија. Понекогаш таквите племиња успевале да ги победат жителите кои ги наоѓале таму и да им се наметнат како нивни господари, постепено мешајќи се со покорениот народ и развивајќи се, заедно со него, како нова нацијакако Асирците и Вавилонците кои ги изградиле своите кралства врз урнатините на поранешната сумерска цивилизација, или Халдејците кои дошле на власт во Вавилон, или Аморитите, кои подоцна биле познати како Ханаанци во Палестина и како Феникојците на ридовите на Сирија. Во некои други времиња придојдените номади биле премногу слаби за да ги победат оние што стигнале порано и кои биле апсорбирани, или жителите ги потиснувале номадите назад во пустината, присилувајќи ги да бараат други пасишта и можеби други земји што ќе ги покорат. Аврамовото (Ибрахимовото) племечие ориганално име според Битието било Аб-Рамшто на древен арапски значиОној со Голема Желба“ – очигледно било едно од послабите племиња. Библиската приказна за нивното престојување во Ур, на работ од пустината, се однесува на времето кога согледале дека не можат да освојуваат нови домови во земјата на Реките Близначки и токму тогаш посакале да тргнат кон северозапад долж Еуфрат кон Харан, а оттаму во Сирија.

Оној со Голема Желба“, тој мој ран предок кого Бог го навел да оди кон непознати краишта и така да се открие себеси, добро би можел да разбере зошто сум тукабидејќи и тој морал да талка низ многу земји пред да може да го изгради својот живот во нешто што можеш да го зграпчиш со своите раце, и мора да бил гостин на многу непознати срца пред да му биде дозволено да пушти корен. На неговото искуство кое предизвикува почит, мојата ситна збунетост не би му претставувала загатка. Тој би знаелкако што тоа сега јас знамдека смислата на моите талкања лежи во скриената желба да се сретнам себеси, среќавајќи го светот чијшто пристап кон најсокриените прашања на животот, кон самата стварност, беше поинаков од сето она на што се имав свикнато во своето детство и во младоста.



-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!


Постирано од: Studentski Klub
Датум на внесување: 14.Март.2008 во 22:36

Ова се цитати од к*ранот http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=860858&ID=371#_ftn1 - - и Суннетот http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=860858&ID=371#_ftn2 - - кои муслиманот го упатуваат на особини без кои неговата вера не може да опстане и кои ја сочинуваат неговата среќа на овој и на оној свет.

Тие цитати ги имам пропратено со опширни објаснува­ња кои ја третираат денешната девијантна и декадентна со­стојба на муслиманите http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=860858&ID=371#_ftn3 - - [3] гледано на кризата во која се наоѓа нивната етика. Се задоволив со ајетите http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=860858&ID=371#_ftn4 - - кои ги наве­дов и хадисите http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=860858&ID=371#_ftn5 - - кои ги цитирав и затоа не се занимавав со наведу­вање на цитати од други извори, како што се изреките на имамите http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=860858&ID=371#_ftn6 - - , мудростите на научниците, совети од побожните и од етичарите, и покрај тоа што нашата културна градина обилува од нив. Сакав судија да ни биде шеријатот http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=860858&ID=371#_ftn7 - - и од него да ги извлечам педагошките моменти поради тоа што тие се Божји правци по кои муслиманот мора да се придр­жува, а ако ги избегнува се смета како прекршител на Алла­ховото право.

 

Не е исто кога се препорачува некоја постапка како општа вредност и кога се пропишува истата постапка како верски императив како и другите задожителни ибадети http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=860858&ID=371#_ftn8 - - во оваа вера.

*          *          *

Во текот на нашето образование се среќававме со фило­зофијата на моралот и со мислите на филозофите, правила­та и смерниците на човековиот морал

Нè воодушевуваа длабоките мисли на тие филозофи, нè фасцинираше чувството за реалност и стремежот кон возви­шените принципи. Сепак, со ова не сакаме да ги избришеме заслугите на ниту еден човек кој го пропагирал доброто на народите и се трудел да го осветли патот пред нив.

Меѓутоа, намерата ни е на авторите и спасителите да им предочиме на успешните педагошки методи и на прекра­сните примери на човечност и етика што ги има востанове­но носителот на последната мисија. Го извлекол човештвото од заблуда и талкање - на светлина. Авторите во исламот http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=860858&ID=371#_ftn9 - - ќе пронајдат ризници со бесценети вредности со кои не може да се мери наследството на грчката и римската филозофија.

Прашале некој муслимански научник: „Дали го имаш читано Аристотеловитот ,Душевен одгој‘?“ Тој одгово­рил: „Не, го имам читано душевниот одгој на Мухаммед, нека е Аллаховиот мир над него, синот на Абдуллах!”

Ние го имаме читано душевниот одгој што го напишал Аристотел и филозофи слични нему. Го имаме читано и душевниот одгој на Мухаммед, синот на Абдуллах, па дојдо­вме до заклучок дека древните филозофи се труделе и се мачеле да направат некои морални норми од кои некои биле комплетни, а некои не. Меѓутоа, тие нивни обиди нао­ѓаат свое совршенство и примена во биографијата на еден човек, етиката на еден народ и светостите на една возвише­на вера.

Тоа е душевниот одгој на Мухаммед, нека е Аллаховиот мир над него.

Благодарни сме Му на Возвишениот Аллах за фактот де­ка субината нè поттикнала да проучуваме некои негови се­гменти и да ги изложиме во еден нов облик.

*          *          *

Оваа книга претставува продолжение од книгата „Веру­вањето на муслиманот“.

Започнавме со вовед за етиката во исламот, која ја повр­зав со другите исламски учења и обреди. Во тој вовед гово­рев и за природата на душата, делувањето на околината итн.

Потоа се осврнавме на особеностите што ги пропагира исламот. Не водевме сметка за посебниот редослед при на­ведувањето на тие доблести.

Гледавме дека е поважно во оваа книга да ги наведеме изворите на текстовите што ги наведуваме, за разлика од она што читателот можел да се сретне во нашите претходни книги.

Се повикуваме на хадисите што му се припишани на Бо­жјиот Пратеник Мухаммед, с.а.в.с., http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=860858&ID=371#_ftn10 - - [10] доколку припаѓаат во сахих (веродостојни) сами по себе или благодарение на дру­гите преданија, потоа на хасен (добри) по себе или од други преданија, како што говорат стручните лица за терминоло­гијата на хадисите

Ова е методата што ја следевме кај сите хадиси без разли­ка дали е спомнат нивниот извор или не.

Примери од Пратениковата биографија во оваа книга преземени се од моите дела „Тејсирул-вусул“ и „Ет-Терги­бу вет-терхиб“. Ако хадисот е наведен во повеќе хадиски збирки http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=860858&ID=371#_ftn11 - - , се ограничивме на спомнување на само еден извор.

Во текот на пишувањето на ова дело се трудев светлите примери од исламската традиција на читателот да му ги прикажам на еден прифатлив и интересен начин.

Остана онаа друга, тешката страна, која подеднакво ја сносат и читателот и авторот, а тоа е љубовта кон доброто и следењето на неговите исправни патишта.

Мухаммед ЕЛ-ГАЗАЛИ




http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=860858&ID=371#_ftnref1 - - к*ран - Божјата Реч, светата Книга на муслиманите, последната Божја објава објавена на последниот Божји Пратеник Мухаммед. Во превод значи: „Тоа што се чита“ (Забе­ле­шка на јазичкиот редактор).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=860858&ID=371#_ftnref2 - - Суннет – (со голема буква) традицијата на Божјиот Пратеник Мухаммед, неговите збо­рови и дела собрани како еден основен дел од исламкиот верозакон и пример за живее­ње на исламот. Во нашите простори зборот сунет се користи наместо зборот обрежува­ње, што секако претставува грешка која треба секој од нас да ја поправи (Заб. на ред.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=860858&ID=371#_ftnref3 - - Муслиман – покорен на Бога, припадник на исламот (Заб. на ред.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=860858&ID=371#_ftnref4 - - Ајет – цитат или стих од к*ранот. Значи знамение или доказ (Заб. на ред.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=860858&ID=371#_ftnref5 - - Хадис – сето она што го рекол, сторил или одобрил Божјиот Пратеник Мухаммед, а кое што е забележано и пренесено од некој од неговите современици кој тоа го чул и видел (Заб. на ред.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=860858&ID=371#_ftnref6 - - Имам – верско свештено лице, предводник во заедничката молитвата, а предводник и во било која друга институција или ситуација. Овде се мисли на четворицата најпознати и најучени имами чиишто правни правци се застапени во светот: Ебу Ханифе, Малик, Шафи и Ахмед ибн Хамбел, нека е Аллах задоволен од сите нив (Заб. на ред.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=860858&ID=371#_ftnref7 - - Шеријат – исламски верозакон кој се темели врз к*ранот и Суннетот (Заб. на ред.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=860858&ID=371#_ftnref8 - - Ибадет – обожување, робување, тотална покорност и посветеност на Создателот. Во овој случај се мисли на терминот Богоугодни дела, дела од голема побожност со кои Бог е задоволен (Заб. на ред.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=860858&ID=371#_ftnref9 - - Ислам – име на единствената вера признаена кај Бог. Ислам значи покорност, послу­шност, мирољубивост, смиреност и мир (Заб. на ред.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=860858&ID=371#_ftnref10 - - С.а.в.с.  – кратенка од „салаллаху алејхи ве селем“ што значи „нека се Божјиот мир и спас врз него“, а се додава веднаш по спомнувањето на името на Последниот Божји Пратеник Мухаммед (Заб. на ред.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=860858&ID=371#_ftnref11 - - Хадиските збирки се дела во кои се напишани веродостојните хадиси на Мухаммед, нека е Божјиот мир над него, и од каде се црпи изворното учење на исламот како и начи­нот на доследното живеење на Божјата вера (Заб. на ред.).



-------------
Незнаењето е најголемиот непријател на луѓето!


Постирано од: Studentski Klub
Датум на внесување: 14.Март.2008 во 22:38

Темелите на исламот и принципите на етиката

Пратеникот на исламот ја прецизира примарната основа на сопствената мисија и јасните облици на неговиот повик:

„Пратен сум за да ги употполнам моралните вредно­сти.“

(Малик)

Се чини дека мисијата која го изгазила својот пат во историјата на животот, чијшто носител вложил огромен труд како би го раширил нејзиното светло и собрал луѓе околу него - има за цел само кристализирање на нивната вредност, осветлување на хоризонтот на совршеноста пред нивните очи за да се движат кон тоа светло потполно уве­ре­ни.

Ибадетите што се пропишани во исламот и кои се смета­ат како столбови во иманот http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996240&ID=1620#_ftn1 - - - (верувањето) никако не смеат да се сфатат како неми ритуали кои го врзуваат човекот за непознатиот и невидлив свет обврзувајки го на извршување на нејасни работи и бесмислени движења. Не! Не! Обврски­те и нивното извршување исламот што ги бара од секој свој припадник воглавно се редовни вежби што го навикнуваат човекот на исправно постапување во кое тој треба да се при­држува без разлика на ситуацијата во која се наоѓа.

Тие се слични на спортските вежби што човекот досле­дно ги извршува за да може со помош на тие редовни тре­нинзи да ја одржува добрата кондиција и здравиот живот.

Светиот к*ран и благородниот Суннет на јасен начин укажуваат на овие вистини.

Кога укажал на задожителниот намаз http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996240&ID=1620#_ftn2 - - , Аллах, џ.ш., http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996240&ID=1620#_ftn3 - - [3] ја укажал и причината зошто е пропишан тој намаз:

„И извршувај намаз, намазот, навистина, одвраќа од разврат и од сè што е грдо!“

(Ел-Анкебут, 45)

Тоа значи, оддалечување од недоличностите и чистење од лошите говор и дела ја претставуваат суштината на нама­зот. Во хадисот http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996240&ID=1620#_ftn4 - - кој Пратеникот, с.а.в.с., го пренесува од сво­јот Господар се вели:

„Јас навистина го примам намазот од оној кој со него & се покорува на Мојата големина; кој не се охоли пред Моите созданија; кој што не е упорен во непокорноста кон Мене; кој денот го поминува во зикр http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996240&ID=1620#_ftn5 - - - [5] ; кој е милостив кон сиро­мавиот, патникот, вдовицата и човекот во несреќа.“

(Ел-Безар)

Пропишаниот зеќат http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996240&ID=1620#_ftn6 - - не е данок што се зема од џебови­те. Напротив! Тој како прво е всадување на чувството на со­милост и благост, зацврстување на врската за познанства и хармонија помеѓу различните класи.

к*ранот укажува на причината за издвојувањето на зе­ќатот:

„Земај од добрата нивни зеќат, со него да ги очи­стиш и благословени да ги направиш.“

(Ет-Теубе, 103)

што значи чистење на душата од негативни елменти и воздигнување на друштвото на едно најблагородно ниво претставува една од најзначајните причини.

Поради сето тоа Пратеникот, с.а.в.с., укажува на широ­ката смисла на зборот садака http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996240&ID=1620#_ftn7 - - што треба да ја издвојува му­слиманот:

„Да му се насмевнеш на својот брат е садака; препо­ра­чување на добро и одвраќање од зло е садака; упа­тување на човекот од непознато место е садака; отстранувањето на отпад, трње, и коски од патот се вбројува во садака; прелевање од твојата кофа во кофата од твојот брат се вбројува во садака, и кога гледаш за човекот што има слаб вид - тоа за тебе е садака.“

(Бухари)

Овие учења кои потекнуваат од пустинските предели во кои со столетија беснееле борби и завади, укажуваат на це­лите што ги има зацртано исламот, кои ги соединиле Ара­пите.

Исто така, во исламот има пропишано пост. Исламот на овој ибадет не гледа како на некое привремено воздржување од одредени јадења и пиења. Уште повеќе, тоа се гледа како прв чекор кон перманентна апстиненција од забранети за­доволства и недопуштени страсти.

Потврдувајќи ја оваа смисла, Пратеникот, с.а.в.с., рекол:

„Кој нема да се чува себе си од невистинит говор и лоши дела, нека знае дека на Аллах не Му е потребно неговото воздржување од јадење и пиење.“

(Бухари)

Исто така рекол:

„Постот не е само воздржување од јадење и пиење; треба да се биде воздржан од бесмислен и бесрамен говор. Ако не­кој те опцуе или ти вика, кажи му: ,Јас постам! Јас по­стам!‘“

 (Ибн-Хузејме)

к*ранот укажува на причината на постот:

„О верници! Ви се пропишува пост, како што е про­пишан на оние пред вас, за да ги одбегнувате грево­вите.“

(Ел-Бекаре, 183)

На човекот може да му се причини дека патувањето на светите места на кој што е обврзан секој способен муслиман и кои што претставуваат исламска должност за некои сле­дбеници на оваа вера, патување ускратено од сите етички примеси и дека е тоа по пат на церемонија од другите вери, чија причина не се знае. Тоа е погрешно. Говорејќи за овој обред, Возвишениот Аллах вели:

„Хаџџот http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996240&ID=1620#_ftn8 - - е во одредени месеци, па за оној кој ќе се обврзе дека во нив хаџџ ќе изврши нема однос со же­ната и нема грди зборови, и нема расправии во дено­вите на хаџџот. А за доброто што ќе го направи, Аллах знае. И од она што ви е потребно за на пат снабдете се. А најдобро снабдување е богобојазно­ста. И од Мене плашете се, о вие кои сте со разум обдарени!“

(Ел-Бекаре, 197)

Со ова општо прикажување на некои специфични иба­дети во исламот, кои ги претставуваат неговите основни те­мели, сакаме да укажеме на видовите врски кои што ја врзу­ваат верата со етиката.

Се работи за ибадети кои се различни по својата сушти­на и изглед. Меѓутоа, тие се среќаваат во конечната цел која ја оцртува Пратеникот, с.а.в.с., со зборовите:

„Пратен сум за да ги употполнам моралните вредно­сти.“

Намазот, постот, зеќатот, хаџџот и ним сличните ибаде­ти од исламското учење право го трасираат патот до совр­шените особини и чистите манири. Благодарение на нив животот го добива своето вистинско значење и важност.

Заради овие благородни особини, кои се поврзани со таквиот живот или прават услови за него, овие ибадети за­вземаат важечко место во Аллаховата вера. Затоа што, ако човекот нема корист од нив, не го исчисти срцето, не го изо­стри умот и не ја хармонизира својата врска со луѓето и со Аллах, тогаш тој навистина заталкал.

Аллах, џ.ш., вели:

„Oној кој пред Господарот свој како неверник ќе излезе го чека џехеннем, http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996240&ID=1620#_ftn9 - - во него нема ниту да умре ниту да живее; а оние кои пред Него ќе излезат како верници, и кои правеле добри дела, сите нив ги чека­ат високи степени, еденски градини низ кои реки ќе течат, во нив вечно ќе останат. Тоа ќе биде награ­дата за оние од гревовите што се исчистиле.“

(Та Ха, 73-76)



http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996240&ID=1620#_ftnref1 - - Иман – верба, верување, вера. Верувањето на муслиманите се базира врз шест имански столбови: Верувањето во Аллах (Бог), во мелеците (ангелите), во Книгите (Божјите книги, објави или откровенија), во Пратениците, во Судниот Ден, како и во судбината и Божјето одредение (Заб. на ред.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996240&ID=1620#_ftnref2 - - Намаз – облигативна, дневна и редовна молитва која се извршува во пет одредени временски периоди во текот на денот. Се состои од рекати. Еден рекат е основен дел од молитвата и се состои од едно стоење - наречено кијам, едно поклонување - руку и две спуштања ничкум - наречено сеџда (Заб. на ред.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996240&ID=1620#_ftnref3 - - Џ.ш. – кратенка од „Џелле шануху“ што значи „нека е возвишено Неговото Битие“, а се додава веднаш по спомнувањето на името Божје – Аллах, што на арапски јазик значи Бог, а се однесува на истиот Оној Создател во Кого веруваат Евреите и христијаните (Заб. на ред.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996240&ID=1620#_ftnref4 - - Овде се мисли на хадис кудси, односно на зборовите на Возвишениот Аллах кои не се наоѓаат во Благородниот к*ран, а кои ни ги пренел Неговиот Пратеник (Заб. на ред.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996240&ID=1620#_ftnref5 - - Зикр – присетување и спомнување на Бога со срце, ум и збор. Спомнување и изгова­рање на неговите убави имиња и совршени својства (Заб. на ред.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996240&ID=1620#_ftnref6 - - Зеќат - определен, фиксиран дел во износ од 2,5% од вредноста на богатсвото и од секаков имот обврзан со зеќат на еден муслиман, а кој се дава за сиромашните во му­слиманската заедница. Плаќањето на зеќат е задолжително бидејќи тој е еден од сто­лбовите на исламот. Зеќатот е главно економско средство за воспоставување социјална правда и го води муслиманското општество кон напредок и сигурност (Заб. на ред.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996240&ID=1620#_ftnref7 - - Садака – милостиња (Заб. на ред.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996240&ID=1620#_ftnref8 - - Хаџџ - Аџилак во светите градови Мека и Медина (Заб. на ред.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996240&ID=1620#_ftnref9 - - Џехеннем – пекол (Заб. на ред.).



-------------
Незнаењето е најголемиот непријател на луѓето!


Постирано од: Studentski Klub
Датум на внесување: 14.Март.2008 во 22:41

Слабиот карактер е знак на слабо верување

Иманот е сила која што одвраќа од нискост и упатува на благородни принципи. Од таму, кога Аллах ги повикува Своите робови на добро или ги опоменува за некое зло, тоа го нарекува логички биланс на иманот кој им е сместен во срцата. Многу често во к*ранот наидуваме на ајети што по­чнуваат со: „О вие кои верувате“, а потоа следува она што им се наредува: „плашете се од Аллах и бидете со оние што се искрени“ (Ет-Теубе, 119).

Носителот на пораката објаснува дека цврстиот иман ра­ѓа цврста етика. Секоја девијација во моралот произлегува од слабоста или потполното отсуство на моралот. Тоа е зави­сно од опасностите и фаталноста од тие пороци.

Човекот на кого му е намуртено лицето и неврамнотеже­но однесувањето, кој невнмателно прави грди работи не обрнувајќи внимание на никого, најдобро е опишан со Пра­тениковите, с.а.в.с., зборови:

„Срамежливоста и иманот се тесно поврзани. Кога ќе го снема едното го снемува и другото.“

(Ел-Хаким и Ет-Таберани)

Човекот кој ги вознемирува и злоставува своите соседи заслужува најстрога осуда. За него Пратеникот, с.а.в.с., вели:

„,Се колнам во Аллах, не верува! Се колнам во Аллах, не верува! Се колнам во Аллах, не верува!‘ ,Кој, Божји Пратенику?‘ -Го прашале асхабите. http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996251&ID=1663#_ftn1 - - ,Оној од чие вознемирување соседите не се сигурни.‘ -Одговорил Пратеникот, с.а.в.с.

(Бухари)

Забележуваме дека Пратеникот, с.а.в.с., кога ги подучу­вал своите следбеници да избегнуваат бесмислен говор, др­дорења и мизерија, рекол:

„Кој верува во Аллах и во Судниот Ден нека говори добро или нека молчи!

(Бухари)

Пратеникот, с.а.в.с., неуморно работел на всадување и на зацврстување на овие вредности кај своите следбеници сè додека тие не ги дадат своите плодови. Најдобра потпирка во тоа му е искрената и потполна увереност во она во што по­викува.

*          *          *

Некои побожни луѓе сосема неозбилно се поставуваат кон извршувањето на задожителните ибадети. Пред луѓето се прават доследни практичари, додека во стварност чинат грешки што не се прифатливи за возвишената етика и за вистинската вера.

Пратеникот строго им се заканува на таквите недосле­дници и ги опоменува муслиманите на опасноста од нив.

Зошто да се глуми доследност во ибадетите, кога тоа го може и оној кој не ја сфатил нивната суштина ниту се возди­гнал на тоа ниво.

Дури и дете може да ги имитира старите како го извр­шуваат намазот и како ги изговараат потребните зборови...

Глумецот може многу успешно да одглуми скрушеност при извршувањето на најзначајните обреди.

Меѓутоа, ни едното ни другото не претставуваат ни на­јмал дел од вистинското уверение и возвишените стремежи.

Пресуден момент во процената на доброто и моралните вредности припаѓа на непогрешното мерило, а тоа се висо­ките морални принципи.

Тоа најдобро ќе го објасниме со пример од животот на Божјиот Пратеник, с.а.в.с. Еднаш некој човек го прашал:

„,Божји Пратенику, таа и таа жена многу клања, пости, и дарежлива е, но често ги вознемирува соседите. ,Таа е во огнот.‘ -Одговорил Пратеникот, с.а.в.с. ,Божји Прате­нику, -продолжиле асхабите - ,има една жена која малку клања и пости, меѓутоа, таа им дава парчиња младо си­рење и не ги вознемирува соседите. ,Таа е во џеннет http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996251&ID=1663#_ftn2 - - одговорил Пратеникот, с.а.в.с.

(Ахмед)

Овој одговор ни укажува на високата вредност на мора­лните прнципи. Покрај тоа, од хадисите гледаме и дека са­даката е колективен ибадет и од повеќестрана корист. Од таа причина кај тој ибадет не постои подразбирлива смале­на мерка како што е случајот кај намазот или постот, кои се лични ибадети.

Пратеникот на исламот не се ограничил на одговор на појавеното прашање Како би ја објаснил врската помеѓу ахлакот http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996251&ID=1663#_ftn3 - - и вистинскиот иман. Тој моралот дирекно го вр­зува со исправниот ибадет и го гледа како клуч на успехот на овој свет и спас за ахиретот http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996251&ID=1663#_ftn4 - - .

Важноста на моралот е навистина голема. Кога се збору­ва за него, мора да се направи една исправна синтеза и да се изврши континуирано советување за да можат тие вредно­сти да се всадат во срцето и во мислите. Резултат на тие напори е сознанието дека иманот, чесноста и ахлакот се кау­зално и нераскинливо поврзани елементи.

Во една прилика Божјиот Пратеник, с.а.в.с., ги прашал асхабите:

„,Знаете ли кој е банкрот?‘ ,Тоа е оној кој што ќе остане без пари и без имот.‘одговориле асхабите. ,Банкрот од мојот уммет http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996251&ID=1663#_ftn5 - - е оној кој што на Судниот Ден ќе се поја­ви со неговиот намаз, зеќат, и пост, но ќе се испостави дека тој човек пцуел некого, клеветел друг, оштетил трет, пролил крв на четврт, удрил некој петти. Од пр­виот до последниот ќе земаат од неговите добри дела. Ако не остане од добрите дела пред да ги наплатат тие своите долгови, на него ќе бидат префрлени нивните гре­вови и тој ќе биде фрлен во огнот.‘“

(Муслим)

Тоа е човекот што банкротирал. Истиот потсетува на тр­говец кој во својата продавница има роба од илјада, а должи на друг две илјади. Како може таков сиромав да се смета за богат?

Побожен човек кои извршува некои ибадети, но не пре­станува со правење недозволени работи, мизерни постапки и што лесно се одлучува на насилие, како може да се смета за богобојазен?

Забележано е дека Пратеникот, с.а.в.с., за ваквите случаи навел еден жив пример:

„Убавото однесување го топи гревот како што водата го стопува мразот, а лошото однесување ги поништува де­лата како што оцетот го расипува медот.

(Ел-Бејхеки)

Кога ќе се намножат лошотиите, почнуваат да подјаду­ваат сè околу себе и опасно да се шират, човекот ќе биде оттргнат од верата као што ја оттргнува облеката од себе. Неговото тврдење дека е верник станува најобично набе­­ду­вање. Дали вреди верата без ахлак? Дали има врска помеѓу лошотиите и припадноста кон Аллах?

Укажувајќи на јасните врски кои го поврзуваат иманот со исправниот ахлак, благородниот Пратеник рекол:

„Три својства го чинат човекот мунафик http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996251&ID=1663#_ftn6 - - , па макар и да пости, да клања, да има појдено на хаџџ и умра http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996251&ID=1663#_ftn7 - - - [7] и да твр­ди дека е муслиман: кога говори - лаже, кога ветува - не испо­лнува, и кога нешто ќе му се повери - тој изневеру­ва.

(Муслим)

Во едно друго предание се вели:

„Мунафикот има три знаци: кога говори - лаже, кога ве­тува - не исполнува, кога ќе преземе некоја обврска изне­верува. Залудно му е на таквиот човек и тоа што клања и пости и мисли дека е муслиман.

Пратеникот, с.а.в.с., исто така рекол:

„Кој во себе ги има овие четири особини тој е вистински мунфик. Кој има дел од тоа, тој во себе носи дел од муна­фикот сè додека од него не се ослободи: кога нешто ќе му се повери - изневерува, кога говори - лаже, кога на нешто се обврзе - го прекршува, и кога се препира претерува во тоа.

(Бухари)




http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996251&ID=1663#_ftnref1 - - Асхаби – првата генерација муслимани кои директно го виделе Мухаммед, нека е Бо­жјиот мир над него, го придружувале, учеле од него, најисправно и најдоследно го сле­деле во неговите постапки (Заб. на ред.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996251&ID=1663#_ftnref2 - - Џеннет – рај (Заб. на ред.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996251&ID=1663#_ftnref3 - - Ахлак – убаво однесување, морал, исламски бонтон (Заб. на ред.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996251&ID=1663#_ftnref4 - - Ахирет – Идниот свет, животот по смртта и животот во рајот или пеколот (Заб. на ред.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996251&ID=1663#_ftnref5 - - Уммет - поголема заедница на муслиманите, сите муслимани без разлика на местопо­ложбата, живеалиштето и националната припадност претставуваат еден народ кој се нарекува уммет (Заб. на ред.).

 

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996251&ID=1663#_ftnref6 - - Мунафик – дволичен, лицемер, оној што исполува во делата едно, а во срцето крие нешто сосема друго (Заб. на ред.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996251&ID=1663#_ftnref7 - - Умра – попратен обред на аџилакот кој не мора да се изврши во времето одредено за аџилак и кое што не е обврзувачко дело, туку доброволно, а за кое следи огромна награ­да од Бога (Заб. на ред.).



-------------
Незнаењето е најголемиот непријател на луѓето!


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 14.Март.2008 во 23:13
Aaaaaaaaaaa, a ova deka e izlezeno, pa aj sega, moze...
Ok, moja greska prethodno, no pocekaj da se prodade pa postirajte ja podocna.намигнување


-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 14.Март.2008 во 23:15

Што е ислам?

 

               Им реков, еднаш, на своите ученици: „Кога би ви дошол некој туѓинец, па би ви кажал дека располага само со време од еден час и сака за тоа време да дознае што е исламот, како би сте му го објасниле тоа за еден час?“ Одговорија: „Тоа е невозможно! Неопходно е да го проучува монотеизмот, исправното читање на к*ранот (теџвид), толкувањето и коментарот на к*ранот (тефсир), преданијата за говорот и делувањето на Пратеникот (хадисите), исламското право (фикх), основите на исламското право (усули-фикх) и да се задлабочи во проблемите и прашањата од кои Не може да се излезе за пет години!“ Јас на тоа им реков: „Субханалах http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996435&ID=1322#_ftn1 - - [1] , зарем не дошол еден бедуин да престојува кај Пратеникот еден ден или дел од денот, да го запознае за тоа време исламот, за после тоа да го пренесе на својот народ, станувајќи негов упатувач и учител, мисионер и доставувач на исламот? А освен тоа, зарем Божјиот пратеник, нека е Божјиот мир над него, во хадисот за Џибрил, http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996435&ID=1322#_ftn2 - - [2] целата вера не ја објаснил во три реченици, говорејќи во нив за исламот, иманот (верувањето) и ихсанот (доброчинството)? Па зошто да не го објасниме исламот денес за еден час...?“



http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996435&ID=1322#_ftnref1 - - [1] Субханалах - На арапски јазик значи: славен нека е Бог (заб. на прев.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996435&ID=1322#_ftnref2 - - [2] Џибрил – Архангелот Гаврил (заб. на прев.).



-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 14.Март.2008 во 23:17

Што е, тогаш, исламот? И како се стапува во ислам?

 

            Секоја вероисповед - вистинита или лажна, секое здружение - корисно или штетно, секоја партија - добра или зла, имаат свои идејни темели, како и идеолошки поставки кои ја одредуваат целта и го насочуваат правецот, служејќи како статут на нејзините членови и следбеници.

 

            Оној кој сака да пристапи кон едно од споменатите здруженија, прво гледа во неговите основи, па ако е задоволен со нив, ако потсвесно и свесно ги прифати, без најмало сомневање во нив, бара да пристапи во тоа здружение, се вклучува во кругот на неговите членови, приврзаници, тогаш станува должен да ги извршува сите активности со кои го задолжува статусот како член на здружението и да плаќа одредена членарина. После тоа, должен е со своето дејствување да покаже искреност во прифаќањето на неговите основи и принципи, непрестајно присетувајќи се на нив, како не би сторил нешто што им се спротивставува. Со својот морал и дејствување, претставува убав пример на тие принципи, како и нивен практичен мисионер.

 

            Членството во здружението, значи, означува: познавање на неговиот систем, верување во неговите начела, покорување на неговите одредби, и практично дејствување, во согласност со тие одредби. Ова е општ став кој е применлив и во исламот. Со оглед на тоа, оној кој сака да пристапи во исламот, треба прво да ги усвои неговите основи и непоколебливо да ги прифати, како би станал муслиман http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996446&ID=198#_ftn1 - - [1] . Овие основи се состојат, накратко, во верувањето дека овој материјален свет не е сè што постои и дека овој дуњалучки живот http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996446&ID=198#_ftn2 - - [2] , всушност не е целиот живот. Човекот постоел пред раѓањето, ќе постои и после смртта. Не се создал тој самиот, туку бил создаден уште пред да се спознае себе си. Не го создале неоргански битија околу него, затоа што тој поседува разум, а тие не, туку него, а и сите овие светови, од непостоење ги создал Единиот Возвишен Бог. Единствено Тој оживува и усмртува. Тој е Оној Кој сè создава и ако сака сè уништува. Овој Бог не е сличен на ништо од овие светови. Тој е од секогаш, не е создаден, Тој е за секогаш, нема да исчезне. Моќен е, нема граници на Неговата моќ. Сè знае и ништо не е скриено од Неговото знаење. Праведен е, но Неговата праведност не се одредува со мерилата на човечката праведност. Тој е Оној Кој ги поставил законите на вселената, кои ние ги нарекуваме природни закони, и сè што е во неа складно го направил. Отсекогаш ги определил сите подробности и облици, како и сè што ќе им се случи на живите и на неживите битија: движење и мирување, постојаност и промени, активности и неактивности. На човекот му подарил разум кој размислува за многу нешта кои му ги потчинил на неговиот разум, со кој го реализира она што ќе го избере. После овој привремен живот создадал вечен живот - во идниот свет, во кој добротворот ќе биде награден со џенет http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996446&ID=198#_ftn3 - - [3] , а грешникот казнет со џехенем http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996446&ID=198#_ftn4 - - [4] .

 

            Овој Бог е еден и единствен. Нема придружник кој се обожува освен Него, ниту пак има посредник преку кој Нему му се приближува, и кој кај Него без Негова дозвола се завзема. Обожувањето, во сите негови видови, само кон Него, искрено се упатува.

 

            Сите видливи битија кои со сетилата се чувствуваат, како и оние за нас невидливи - Му припаѓаат Нему. Некои од нив се неживи, а некои живи, задолжени со должности. На некои од тие битија својствено им е само доброто, а тоа се само мелеците http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996446&ID=198#_ftn5 - - [5] ; на некои им е својствено само злото, а тоа се шејтаните http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996446&ID=198#_ftn6 - - [6] , додека на некои им е својствено и доброто и злото, а тоа се џините и луѓето. Тој, Возвишениот Господар одбира некои од луѓето и им испраќа ангел со Неговиот закон, да им го предаде на луѓето, преку пратениците.

 

            Овие Божји закони содржани се во книгите и посланијата кои се објавени од небесата. Последната од нив ја поништува претходната или ја корегира. Последната книга е к*ранот. Сите книги пред него се изменети, или исчезнале и се заборавени. Единствено к*ранот останал сочуван од промени и пропаст. А, последниот од спомнатите пратеници е Мухамед ибн Абдулах ел-Ареби ел-к*рејши. Со него се запечатени пратеништвата, а верите со неговата Објава, така да нема веровесници и пратеници после него.

 

            к*ранот е исламски законик. Оној кој тврди дека к*ранот е од Возвишениот Господар, Алах,  и верува во Него, како целина и во подробности, се нарекува верник. Верувањето во оваа смисла не му е познато на никој освен на Возвишениот Алах, затоа што луѓето не ги отвораат човечките срца ниту пак знаат што има во нив. Поради тоа должен е, за муслиманите да го сметаат како еден од нив, да го изјави тоа верување со изговарање на шехадетот http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996446&ID=198#_ftn7 - - [7] . Шехадетот гласи: „Верувам дека нема друго божество достојно за обожување освен Алах, и верувам дека Мухамед е Алахов пратеник“.



http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996446&ID=198#_ftnref1 - - [1] Муслиман – Покорен, послушен, предан на Бога,  (заб. на прев.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996446&ID=198#_ftnref2 - - [2] Дуњалучки живот – Овоземски живот, во понатамошниот текст ќе биде употребен изразот овоземски живот (заб. на прев.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996446&ID=198#_ftnref3 - - [3] Џенет – Рај, во понатамошниот текст ќе се употребува изразот – рај (заб. на прев.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996446&ID=198#_ftnref4 - - [4] Џехенем – Пекол, во понатамошниот текст ќе се употребува изразот – пекол (заб. на прев.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996446&ID=198#_ftnref5 - - [5] Мелеци – Ангели, во понатамошниот текст ќе се употребува изразот – ангел, ангели (заб. на прев.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996446&ID=198#_ftnref6 - - [6] Шејтаните – Ѓаволите, демоните, во понатамошниот текст ќе се употребуваат изразите – ѓаволи, демони (заб. на прев.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996446&ID=198#_ftnref7 - - [7] Шехадет – Сведочење, усно сведоштво за припадност на исламот (заб. на прев.).



-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 16.Март.2008 во 02:45

Кога ќе ги изговори тие зборови станува муслиман, т.е.: вистински жител на исламската држава, во која ги ужива сите права кои ги ужива муслиманот и прифаќа да ги извршува сите должности со кои исламот го задолжува.

 

            Овие обврски, т.е., верски должности се малубројни, лесни, и во нив нема никакви мачнини, ниту големи потешкотии.

 

            Првата од нив е в зори да клања два реката http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996450&ID=771#_ftn1 - - [1] сабах-намаз http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996450&ID=771#_ftn2 - - [2] , тивко повикувајќи Го својот Господар, молејќи Го за секое добро и барајќи заштита од казната. Пред тоа зема абдест, http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996450&ID=771#_ftn3 - - [3] т.е., мие одредени делови на телото или ако е џунуб (нечист), http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996450&ID=771#_ftn4 - - [4] се капе.

 

            Клања во средината на денот четири рекати пладне-намаз, http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996450&ID=771#_ftn5 - - [5] малку подоцна уште четири рекати икиндија-намаз http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996450&ID=771#_ftn6 - - [6] , а после заоѓањето на Сонцето три рекати акшам-намаз http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996450&ID=771#_ftn7 - - [7] и на почетокот на ноќта четири рекати јација-намаз. http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996450&ID=771#_ftn8 - - [8]

 

            Ова се петте пропишани молитви. Нивното извршување трае околу половина час. За нивното извршување не е определено ниту место ниту определена личност (верски човек) без кои тие не би биле исправни. Во нив, како и во сите други верски должности, Богоугодни дела и обожувања, нема посредник помеѓу муслиманот и неговиот Господар.

 

            Втората обврска на муслиманот се однесува на определениот месец во годината, Рамазан, http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996450&ID=771#_ftn9 - - [9] во кој муслиманот го поместува појадокот, па го извршува на крајот на ноќта - наместо на почетокот на денот, а го одлага ручекот за после заоѓањето на Сонцето, воздржувајќи се во текот на денот од храна, пијалок и приоѓање кон жената. Тоа за неговата душа е месец на чистење, за неговиот стомак месец на одмор, а за неговото тело месец на преиспитување на неговото однесување и здравје. Овој месец е еден од начините на поттикнувања на добродетелство и еднаквост во животот.



http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996450&ID=771#_ftnref1 - - [1] Рекат – Основен дел од молитвата, а се состои од едно стоење кое се нарекува кијам, едно поклонување наречено руку и две спуштања ничкум наречени сеџда. Молитвата е составена од најмалку два реката, а највеќе четири (заб. на прев.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996450&ID=771#_ftnref2 - - [2] Сабах-намаз – Утринска молитва, во понатамошниот текст ќе биде користен овој израз (заб. на прев.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996450&ID=771#_ftnref3 - - [3] Абдест – Ритуално миење на лицето, рацете до лактовите и нозете до глуждовите, пред молитва (заб. на прев.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996450&ID=771#_ftnref4 - - [4] Џунуб – Состојба на телесна нечистотија кај човекот после ејакулација, полов однос, а кај жените менструација и постпородилно крварење (заб. на прев.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996450&ID=771#_ftnref5 - - [5] Пладне-намаз – Пладневна молитва, во понатамошниот текст ќе биде употребуван овој израз (заб. на прев.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996450&ID=771#_ftnref6 - - [6] Икиндија-намаз – Молитва која се извршува во периодот откако Сонцето ќе го измине зенитот и ќе почне да се наклонува кон запад (заб. на прев.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996450&ID=771#_ftnref7 - - [7] Акшам-намаз – Молитва која се извршува во периодот откако Сонцето ќе зајде па сè додека се гледа вечерното руменило на Сонцето на запад (заб. на прев.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996450&ID=771#_ftnref8 - - [8] Јација-намаз – Молитва која се извршува во периодот откако ќе го снема сончевото руменило на запад па сè до полноќ (заб. на прев.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=996450&ID=771#_ftnref9 - - [9] Рамазан – Месец на пост во исламскиот, лунарен календар, кога муслиманот се воздржува од храна, пијалок, лоши зборови, полови односи и сл. од утрото до вечерта (заб. на прев.).



-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 16.Март.2008 во 02:46

Трета обврска е зеќатот. http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=999012&ID=484#_ftn1 - - Ако после задоволувањето на личните потреби и потребите на семејството се појави како вишок одредено количество на иметок, за кое муслиманот во текот на годината немал потреба, должен е од тој иметок, после истекувањето на година дена, да издвои два и пол проценти (2,5 %) и да ги раздели на сиромашните и бедните. За муслиманите тоа давање не е никаков терет, а е од голема корист за оние на кои што тоа им е потребно. Тоа е цвид подлога на меѓусебното помагање и лек за болеста на сиромаштијата, една од најтешките болести.

 

            Четврта обврска: исламот во својата заедници ги регулира и семејните собири:

 

            - Собирот на маала се одржува пет пати дневно, како часовите во училиштето. Тоа е џематското (заедничкото) http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=999012&ID=484#_ftn2 - - [2] извршување на молитвата, во кое секој член ја зацврстува својата покорност кон Бога, состанувајќи се пред Него. Плодовите на овој собир се моќните да ги помагаат послабите, учените да ги подучуваат неуките, богатите да ги помагаат сиромашните. Просечното траење на овој состанок изнесува петнаесет минути, така да не му смета на работникот во работата, ниту на трговецот во трговијата. Ако муслиманот не присуствува на состанокот, не бива казнет за изостанувањето, но нема ниту награда заради учеството во него.

 

            - Собир на ниво на заседание на градските квартови, кој се извршува еднаш неделно, е џума-намазот http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=999012&ID=484#_ftn3 - - [3] . Временски трае помалку од еден час, а присуството е задолжително за сите мажи.

 

            - Собир на ниво на градско заседание, кој се одржува еднаш годишно, а тоа е Бајрам-намазот. http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=999012&ID=484#_ftn4 - - [4] Присуството на него е задолжително, а временски трае помалку од еден час.

 

            - Собир на ниво на општо-муслимански конгрес, кој се одржува секоја година на одредено место: насочувајќи го дејствителниот и идејниот циклус, муслиманот е задолжен да присуствува еднаш во животот, ако е во можност - а тоа е хаџот (аџилакот) http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=999012&ID=484#_ftn5 - - [5] .

 
Тоа се основните верски обврски кои се задолжителни за муслиманите.


http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=999012&ID=484#_ftnref1 - - [1] Зеќат – Определен, фиксиран дел од богатсвото и од се­каков имот обврзан со зеќат на еден муслиман, кој што го надминува нисабот (определената вредносна граница) и одредениот временски период хаул (лунарна година) кој што се дава за сиромашните во муслиманската заедница. Плаќа­њето на зеќатот е задолжително бидејќи тој е еден од сто­лбовите на ис­ламот. Зеќатот е главно економско средство за воспоста­вување социјална правда и го води муслима­нското опште­с­тво кон напредок и сигурност (заб. на прев.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=999012&ID=484#_ftnref2 - - [2] Џемат – Заедница на муслимани, збир на муслимани (заб. на прев.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=999012&ID=484#_ftnref3 - - [3] Џума-намаз – Заедничка молитва која сите муслимани, во петок на пладне, ја извршуваат во џамииите (заб. на прев.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=999012&ID=484#_ftnref4 - - [4] Бајрам-намаз – Молитва која заеднички ја извршуваат муслиманите во денот на празниците Рамазан-Бајрам и к*рбан-Бајрам (заб. на прев.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=999012&ID=484#_ftnref5 - - [5] Хаџ – Аџилак, посетување на Светиот храм Ќаба во Мека, извршувајќи одредени верски обреди, и посетување на Медина (заб. на прев.).



-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 16.Март.2008 во 02:47

Во верските должности исто така спаѓа и воздржување од одредени дела, за кои сите паметни луѓе на светот кажуваат дека се штетни и дека воздржувањето од нив е должност, како што се: бесправно убивање, напаѓање на луѓето, сите видови на насилство, алкохолни пијалоци од кои се губи разумот, блудот кој ја уништува честа, здравјето и мешањето на сродствата, каматата и лихварството, лагата, мамењето, предавството, бегањето од воена служба со која се сака воздигнување на Божјата вера, непослушност кон родителите, кривоклетство, лажно сведочење и друго што е слично на овие грди и штетни дела, чија грдотија ја чувствува секој разум.

 

            Ако муслиманот занемари извршување на некои од должностите, или пак направи нешто од она што е забрането, а потоа се обрати кон Бога и се покае, барајќи прошка од Бога, Тој навистина ќе му прости. А, ако не се покае и не се обрати кон Него, останува и понатаму муслиман и се вбројува во муслиманите, но се смета за грешник и заслужува казна на идниот свет - ахиретот, со таа разлика што неговата казна е привремена, а не вечна, како казната на неверниците.

 

            Но, ако негира некои од основите, принципите на верувањето, или се посомнева во нив, или одбие должност или забрана востановена со иџма, http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=999014&ID=735#_ftn1 - - [1] или негира макар и еден збор од к*ранот, излегува од верата, се смета за отпадник и му се одзема исламското државјанство. Отпадништвото од верата е најголемиот грев во исламот, од ист степен како и предавството на државата во современите закони, а казната за оној што нема да се покае е смрт.

 

            Муслиманот, понекогаш, пропушта некоја должност, или извршува нешто од она што е забрането, признавајќи ја должноста и забраната, па останува и понатаму да биде муслиман, со тоа што станува грешник. Што се однесува, пак, до верувањето - иманот, тоа е неделиво. Кога, на пример, би верувал во 99 % од верските принципи, а би негирал еден од нив, би се сметал за неверник.

 



http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=999014&ID=735#_ftnref1 - - [1] Иџма - согласност на сите исламски научници (заб. на прев.).



-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 16.Март.2008 во 02:48

Понекогаш муслиманот не е мумин (верник), слично на оној кој му пристапува на некое здружение, па присуствува на неговите состаноци, плаќа членарина и ги извршува должностите на еден член, но не ги прифаќа неговите основи ниту пак е сигурен во нивната исправност. Тој му пристапува на тоа здружение само за да го шпионира или за да му наштети. Тој е мунафик (лицемер), кој со јазик го искажува шехадетот и привидно ги извршува верските должности. http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=999015&ID=1135#_ftn1 - - [1] Меѓутоа, тој всушност не е верник, ниту пак е спасен кај Бога, иако од луѓето е вбројуван меѓу муслиманите, затоа што луѓето судат според надворешноста, а единствено Бог ги познава тајните и она што е во срцата на луѓето.

 

            Значи, кога човек ќе ги прифати идејните основи на исламот, а тие се: апсолутно верување во Бога не припишувајќи Му здруженик ниту посредник, верување во ангелите, пратениците, книгите објавите, Судниот ден, Божјето одредение (кадер) и изговарањето на шехадетот, кој цврсто верува во тоа, а потоа ги извршува пропишаните молитви - фарзови http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=999015&ID=1135#_ftn2 - - [2] , пости во месецот Рамазан, дава зеќат на иметокот ако е обврзан, ако е во можност ќе го изврши аџилакот еднаш во животот, се воздржува од забранетите дела кои се едногласно забранети - се смета за муслиман - мумин http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=999015&ID=1135#_ftn3 - - [3] .

 

            Меѓутоа, плодот на верувањето не се приметува на човекот, ниту се чувствува неговата сласт, ниту пак тој се смета за потполн муслиман, сè додека во својот живот не ги следи и практикува петте исламски принципи, столбови и должности.

           

            Божјиот пратеник накратко, во една реченица, мудра изрека, која се смета за една од најсуштинските и најјасните изреки, ја изложи програмата на тој пат; во реченицата која содржи во себе секое добро, од овој и од идниот свет.

 

            Смислата на таа реченица е дека верникот, за време на работата и одморот, кога е сам и кога е во друштво, кога е сериозен и кога се шегува, во секоја ситуација во која ќе се најде, се потсетува дека Бог е известен за него и дека го гледа. Така, присетувајќи се дека Тој го гледа, не прави грев кон Него, не се плаши и не паѓа во очај, знаејќи дека Тој е со него. Не чувствува осаменост повикувајќи Го Него, ниту пак за некого чувствува потреба, освен од Него, барајќи и молејќи Го. Па ако изврши грев или згреши, а во неговата природа е да греши, па Му се обрати и се покае, тогаш Бог ќе му прости.

 

            Сето тоа е земено од дефиницијата за добротворството (ихсан) од Пратеникот: „Обожувај Го Бога како да Го гледаш, затоа што иако ти Него не Го гледаш, Он тебе, навистина, те гледа!“

 

            Ова во кратки црти е, исламската вера. Следи поисцрпно излагање за неа: за верувањето во овој дел, а за исламот и добротворството, во следните делови, ако даде Бог!



http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=999015&ID=1135#_ftnref1 - - [1] Лицемерство (нифак) е: јавно изјавување на верувањето, а прикривање на неверувањето. Во тоа не влегуваат зборовите на Пратеникот, нека е Божјиот мир над него:  „Три се знаците на мунафикот ... итн.“, така што оној кој ќе изневери, излаже или не ја исполни работата која му е доверена – еманетот, не се смета за неверник само заради тоа. Тоа е ... лицемерство, а не вистинско, т.е. лицемерство во верувањето кое го споменавме (заб. од авторот).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=999015&ID=1135#_ftnref2 - - [2] Фарз – Должност пропишана во исламот која мора секој муслиман да ја изврши (заб. на прев.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=999015&ID=1135#_ftnref3 - - [3] Мумин – верник (заб. на прев.).



-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 16.Март.2008 во 02:49

ДЕФИНИЦИИ

 

            Во ова поглавје, во кое зборуваме за верувањето, неопходно е  да допреме до објаснувањето на некои стручни изрази, карактеристични за речникот на учените луѓе, а кои честопати се спомнуваат и во теолошките книги. Тоа се термините: СОМНЕЖ, МИСЛЕЊЕ И ЗНАЕЊЕ. Преку нивното објаснување сакаме да дојдеме до дефинициите на верувањето.         

           

            Декарт, во својата позната метода, а пред него и Газали, во своето дело (ЕЛ-МУНКИЗУ МИНЕ-Д-ДАЛАЛ), поаѓаат од сомнежот како би стигнале до уверувањето. Декарт се сомнева, земајќи го сомнежот како пат за стигнување до уверувањето. Па што е тогаш сомнеж?

 

            На пример, кога би се наоѓал во Мека, па би те прашал некој дали во Таиф (град во Саудиска Арабија) во моментот паѓа дожд, не би бил во состојба да кажеш „да“ ниту пак да кажеш „не“, затоа што е возможно во Таиф времето да е дождливо, како што постои можноста небото над него да е ведро - без дожд. Можноста да паѓа дожд во него е 50 %, на пример, а можноста да не паѓа, исто толкава. Двете можности се подеднакви и не постои доказ кој натежнува на едната од двете можности. Тоа е сомнеж.

 

            Доколку би погледнал, па би видел на источната страна (а Таиф е на источната страна) облаци како од далеку се укажуваат на рабовите на хоризонтот, кај тебе, со лесна предност, би преовладало мислењето дека во Таиф паѓа дожд. Ова лесно преовладување на можноста да паѓа дожд се нарекува мислење. Во тој случај ти кажуваш: „Мислам дека во Таиф сега паѓа дожд!“ Можноста е 60 %, на пример, за ДА, т.е., дека паѓа дожд, а 40 % за НЕ, т.е., дека не паѓа.

           

            А доколку би видел дека облаците се намножиле и се згустиле, поцрнеле и се натрупале и дека молњи светкаат од нив, кај тебе би се зголемило мислењето дека во Таиф паѓа дожд, па за одговор ДА можноста станува 70 или 75 %. Тоа е она што нашите учени луѓе го нарекуваат преовладувачко мислење. Во тој случај, ти на оној кој те прашува му велиш: „Кај мене преовладува мислењето дека во Таиф сега паѓа дожд!“ А доколку би отишол во Таиф, па со свои очи би видел дека паѓа дожд, чувствувајќи го на своето лице, стануваш цврсто уверен во неговото паѓање. Тоа цврсто уверување (јекин), нашите учени луѓе го нарекуваат сознание или спознание.

 

            Така, зборот сознание има повеќе значења:

1) Општо знаење кое е наспроти незнаењето;

2) Знаење кое е наспроти уметноста и филозофијата, па така хемијата и физиката се науки, а сликањето и поезијата се уметности. Целта на спознанието во оваа смисла е вистината - реалноста, нејзино орудие разумот, а средство размислувањето, експериментирањето и истражувањето. Целта на уметноста е убавината, нејзиното орудие е чувството, а средство вкусот;

3) Знаење кое има значење на цврсто уверување кое е наспроти сомнежот и мислењето и тоа е цел на нашата студија. http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=999017&ID=1921#_ftn1 - - [1]

 

 

 



http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=999017&ID=1921#_ftnref1 - - [1] Што се однесува до науката во стручното значење, како што се математиката и хемијата, нашите научници имаат повеќе дефиниции, меѓутоа најјасна и најодалечена од заплетканост е онаа со која ја дефинирал Сартун со зборовите: „Науката е збир на остварени и средени спознанија...“ Со зборот „спознание“ се исклучуваат чувствата и имагинацијата, со зборот „остварени“ теориите и претпоставките, а со зборот „средени“ растурени и расфрлани спознанија (заб. на авторот).



-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 16.Март.2008 во 02:49

НУЖНО И ТЕОРЕТСКО ЗНАЕЊЕ

 

 

            На знаењето, до кое се доаѓа преку сетилата и набљудувањето, не му е потребен доказ. Не е потребно да докажуваш дека ридот кој го гледаш пред себе постои, затоа што ти нужно знаеш дека тој постои, како што секој кој поседува разум кога ќе го види знае дека постои. Тоа знаење се нарекува нужно знаење.

 

            Спознанието дека површината на квадратот на хипотенузата на правоаголниот триаголник е еднаква на збирот на површината на квадратот на двете катети искажува разумен доказ. Учениот човек или студентот кој го спознал тој доказ го знае овој факт, меѓутоа на обичниот, неукиот човек тој не му е познат, ниту пак во него верува – сè додека не го спознае тој доказ па макар и да го гледа триаголникот пред себе, па макар на секоја негова страна да биде поставен квадрат. Ова спознание се нарекува теоретско спознание, до кое се доаѓа само по пат на рационален доказ.

 



-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 16.Март.2008 во 02:50

ОЧИГЛЕДНА ВИСТИНА И ВЕРУВАЊЕ

 

 

            Во теоретско знаење се вбројува она кое, во основа, бара доказ и не е разгонетливо преку самите сетила ниту преку набљудување, меѓутоа сеопшто е и раширено така што и на учениот и на неукиот, и на големиот и на малиот им е познато, и станува поблиску до нужното спознание. Пример за тоа е дека дел од земјата е помал од целината, нагризената кифла е помала од целата. Иако е фактот во основата на теоретското знаење кое бара аргумент, ти нема да најдеш никој кој се сомнева во тоа и бара доказ за тоа. Кога би зел од мало дете цело чоколадо, а би му дал нагризено, детето не би прифатило. Ако би се обидел да го убедиш дека тоа што си му го дал е поголемо, не би го убедил, затоа што фактот дека делот е помал од целината е очигледна вистина, како и доказот на идентитетот, т.е., фактот дека тоа е навистина тоа. Кога некој би ти рекол: „Докажи ми дека тоа пенкало кое го носиш не е лажичка за чај!“, би му рекол: „Тоа е очигледно, не е потребно да се докажува, затоа што пенкалото е пенкало...“

 

            Очигледни, априорни вистини се рационалните факти кои ги прифаќаат сите луѓе и никој за нив не бара доказ. Кога очигледната вистина ќе влезе во потсвеста и се всели во неа, оставајќи трага на мислата и свеста, и насочувајќи го човекот во неговото свесно размислување и дејствување, се нарекува вера (идеологија), а цврстото убедување во неа се нарекува иман (верување).

 

            Меѓутоа, ние знаеме дека луѓето понекогаш веруваат во вистината, а понекогаш во невистината, лагата. Денес ги согледуваме, меѓу приврзаниците на изопачените правци (школи) и лажни принципи, оние кои се соживеале со нив и со душа и со тело, ги прифатиле и јавно и тајно, жртвувајќи се себе си и својот имот на патот на нивната помош, но дали ќе ги наречеме верници?

 

            Воопштено, не! Меѓутоа, можеме да им припишеме верување одредувајќи го со невистината во која веруваат, во согласност со зборовите на Возвишениот:

 

            „Не ги гледаш ли оние на кои им е даден дел од Книгата како веруваат и во кипови и во тагутот...?“ (Ен-Ниса, 52)

 

            Можно е да им се припише името на верувањето ограничувајќи го со описот, во согласност со зборовите на Возвишениот:

 

            „Мнозинството од нив не веруваат во Алах: многубошци се, навистина!“ (Јусуф, 106)

 

            Што се однесува, пак, до верувањето во потесно, специфично значење, значење на кое се враќа кога ќе се спомне и само на него упатува, значењето на кое се мисли кога и да се спомне иманот (верувањето) и неговите изводи во к*ранот, суннетот и терминологијата на учените луѓе, тоа значи:

 

            - верување во Возвишениот Алах како во единствен Господар;

 

            - Владетел Кој прави што сака и одредува како сака;

 

            - божество кое се обожува, Му се упатува молитва, не припишувајќи Му здруженик во ништо што се спаѓа во категоријата на обожувањето, па и воопшто;

 

            - и верување во сè што му е објавено на Веровесникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него, од вестите за ангелите, пратениците, Судниот ден и Божјата одредба (кадерот) било за добро или за зло.

 

            Имателот на оваквото верување е верник, па ако оштети нешто од тоа или го отфрли, или се поколеба во неговото прифаќање или се посомнева во него, го губи својството на иманот (верувањето) и престанува да се вбројува меѓу верниците.

 



-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 16.Март.2008 во 02:51

ПРИНЦИПИ - НАЧЕЛА НА ВЕРУВАЊЕТО

 

 

ПРВ ПРИНЦИП

 

            Не се сомневам во постоењето на она што го чувствувам преку своите сетила!

 

            Тоа е прифатена, општо позната, разумна вистина. Меѓутоа, забележлива е појавата, кога на пладне одам низ пустината, да забележам езерце кое јасно се укажува пред очите, но кога ќе стигнам до него гледам само песок, затоа што она што сум го видел е само фатаморгана. Ставам право пенкало во чаша вода, па го гледам како да е прекршено, но не е.

 

            Кога човек присуствува во некое друштво во кое се зборува за џините и злите духови, а потоа се враќа дома, па доколку патот е пуст и мрачен, а тој е лесноумен, фантазер, гледа пред себе џин или зол дух, го набљудува и го чувствува неговото присуство, а всушност не постои ништо од она што тој го гледа. Волшебниците и магионичарите извршуваат чудни нешта кои ти ги гледаш, но тие во реалноста не постојат.

 

            Сетилата, значи, грешат, измамуваат и фантазираат, или фантазијата е нивен сопственик, па дали заради тоа да се сомневам во она што го чувствувам?

 

            Не, затоа што кога би се сомневал во сето она што го гледам, слушам и чувствувам, кај мене би се измешале вистините, фактите со фантазиите и би станал исто како лудакот.

 

            Меѓутоа, додаваме уште еден услов за постигнување на спознанието, т.е., цврстото уверување во постоењето на она што го чувствувам, а тоа е: дека разумот врз основа на претходното искуство не пресудува; дека она што го чувствуваме е оптичка измама, фантазија или измама на сетилата, а разумот е тој којшто е измамен првиот пат, мислејќи дека фатаморганата е вода, но кога ќе ја здогледа по втор пат, знае дека е фатаморгана. Разумот размислува по гледањето на прекршеното пенкало во чашата вода, првиот пат дека е исправно како што и било, иако на окото му изгледа прекршено.

 

            Нештата во кои сетилата грешат, или измамуваат, ограничени се, малубројни и познати, така што не го ослабуваат спомнатото начело, ниту влијаат на него. Во тие нешта спаѓаат и делата на фараоновите волшебници (од времето на Мојсеј), како и она што го извршуваат денес магионичарите во циркусот.



-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 16.Март.2008 во 20:07
"zdravo" - oficijalna opomena imash od mene za sozdavanje na tenzii tuka na forumov. Vo sekoja tema se vmeshuvash, duri i kade shto ne ti e mesto. Vo ovaa tema se postiraat fragmenti od kniga, koja nema nishto so tvojot post.


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 16.Март.2008 во 23:36

ВТОР ПРИНЦИП

 

            Постојат нешта кои не сме ги виделе ниту почувствувале, но цврсто веруваме во нивното постоење, како што цврсто веруваме во постоењето на она што го гледаме и чувствуваме. Цврсто сме убедени во постоењето на Индија и Бразил, а не сме ги посетиле ниту виделе. Веруваме дека Александар Македонски ја освоил Персија, а Велид ибн Абдул-Мелик ја изградил Емевијската џамија, а не сме присуствувале ниту на Александровите битки, ниту сме биле сведоци на градењето на Емевијската џамија.

 

            Кога секој би размислил, би сфатил дека оние нешта во чие постоење цврсто верува, а не ги видел, се повеќе отколку оние што ги видел (држави, градови и историски настани кои се случиле и кои сега се случуваат).

 

             Па како тогаш е цврсто уверен во постоење на нешто, а тоа не го почувствувал со своите сетила?

 

            Станал цврсто уверен во нивното постоење тогаш кога за тоа го известиле групи на луѓе, едни од други, чија можност да се сложат и да ги измислат овие нешта, а потоа лажно да ги пренесат, практично е незамислива.

 

            Второто правило гласи: како што до цврсто уверување се доаѓа преку сетилата и набљудувањето, така се доаѓа и по пат на сведочење на преносители, во чија искреност веруваме, преку веродостојни вести.



-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 16.Март.2008 во 23:39

ТРЕТ ПРИНЦИП

 

            Колкав е опфатот на спознанието кое го достигнуваат сетилата? И дали се тие во состојба да го сфатат сето она што постои?

 

            Примерот на душата и на сетилата е како примерот на некој човек кого владетелот го затворил во тврдина, затворајќи ги сите врати и прозорци и не оставајќи му ништо, освен неколку мали отвори и пукнатини во ѕидовите на кулата: отвор кој гледа на реката што тече на источната страна, отвор кој гледа на ридот што се наоѓа на западната страна, отвор кој гледа на дворецот што се издигнува на северната страна, и отвор кој гледа на игралиштето сместено на јужната страна.

 

            Затворот е душата, тврдината е телото, а отворите сетилата. Сетилото за вид го надгледува светот на боите, сетилото за слух светот на гласовите, сетилото за вкус светот на вкусовите, сетилото за мирис светот на миризбите и сетилото за допир светот на предметите.

 

            1 - Сега се прашуваме: Дали секое од наведените сетила го опфатило сето она што се наоѓа во светот над кој бдеело? Кога затвореникот набљудува низ прозорецот кој гледа кон реката, не ја гледа целата река туку само еден нејзин дел, како што и окото, кога го набљудува светот на боите, не гледа сè туку само еден негов дел.

 

            Јас не ја гледам мравката кога се движи на далечина од три милји, иако мравката постои, ниту ги гледам бактериите и микроорганизмите во чашата со чиста вода, иако во чашата се наоѓаат милиони такви бактерии. Исто така, не ги гледам електроните кои кружат во средината на атомот, како што кружат ѕвездите на небесниот свод. Потоа, таа мравка поседува глас, но јас не го слушам затоа што моето уво прима вибрации од дваесет до дваесет и пет илјади фонови јачина, а она што е послабо од тоа не го слушам, а што е посилно од тоа го пробива ушното тапанче и нанесува болка. Јас не го чувствувам мирисот на шеќерот, иако мравката и мувата го чувствуваат и брзаат кон него. Сетилата, значи, од световите над кои им е дадена власт, откриваат само еден нивен дел.

 

            2 - Зарем не е можно, помеѓу светот на боите над кој бдее окото и светот на гласовите над кој бдее увото, да постои еден друг свет кој, во основа, не го познавам затоа што не поседувам сетило за негово спознание?

 

            Зарем не е можно помеѓу реките и ридовите, во однос на затвореникот во тврдината, да постои голема градина која тој ниту ја гледа ниту ја знае, затоа што не наоѓа отвор низ кој би ја видел? Па има ли право, затоа што не ја гледа, да го негира нејзиното постоење?

 

            Човекот кој е слеп е во можност преку слухот да спознае дека морето е сино, а ливадата зелена, но не е во можност да сфати што е тоа синило, или зеленило. Глувиот човек преку образованието дознава дека мелодиите се состојат од стихови, тактови, скали и ноти, меѓутоа не е во сосотојба да ја почувствува вистинската смисла на мелодијата. Па дали оној кој е слеп има право да го негира постоењето на зеленилото, а оној кој е глув да ја негира реалноста на мелодијата, затоа што не ја чувствува?

 

            Во внатрешноста на собата, која ти изгледа во длабока тишина, се наоѓаат сите мелодии и тонови кои моментално се емитираат од сите радиостаници. Ти не ги чувствуваш, затоа што не се боја која ти ја гледаш со окото, ниту глас кој ти го слушаш со увото; тоа се бранови од друг вид, кои имаат звук, но увото не ги чувствува. Меѓутоа кога ќе употребиш радиоапарат, кој тие звуци откако ќе ги прими од радиостаницата ги враќа кај тебе, и ти ги слушаш.

 

            Ти не ги чувствуваш малите разлики во атмосферскиот притисок, затоа што не поседуваш сетило со кое би ги почувствувал, меѓутоа ако употребиш барометар ќе ги почувствуваш, како што не ги чувствуваш тивките вибрации и треперења, но радарот ги чувствува. Значи има многу нешта кои не влегуваат во сферата на осетите или на сетилата, затоа што не се боја која се гледа, глас кој се слуша, предмет кој се допира, мирис кој се мириса, ниту храна која се вкусува. Па имам ли право да го негирам нивното постоење затоа што моите ограничени сетила не ги чувствуваат?

 

            3 - Дали се сетилата совршени?

 

            Поранешните народи ги ограничиле сетилата на пет, не мислејќи на можноста за зголемување на нивниот број. Меѓутоа, денес кај човекот се откриени и други, кои Бог ги сместил во него, а она што прима зголемување не е совршено.

 

            Јас ги затворам очите, а потоа ја испружувам раката и ја свиткувам, чувствувајќи дали е испружена или свиткана, а не сум ја допрел ниту сум ја видел. Со кое сетило јас тоа го почувствував? Го почувствував тоа преку мускулите или мускуларното сетило. Исто така чувствувам умор или истоштеност, чувствувам неудобност, радост, депримираност, не регистрирајќи го тоа со ниту едно од петте познати сетила, туку со т.н., внатрешно сетило.

 

            Јас се движам не тетеравејќи се, иако малото дете во почетокот се тетерави. Велосипедистите и забавувачите од циркусот кои изведуваат чуда со кое свое сетило ја одржуваат рамнотежата?

 

            Постои осмо сетило, а тоа е сетилото за рамнотежа.

 Научниците го открија местото во кое Бог го сместил, незначителна течна супстанца во внатрешното уво, со чија помош се одржува рамнотежата. Во рамките на своите експериментирања ја отстраниле кај зајакот таа супстанција, така што тој при одот се тетеравел како да е пијан.

 

            Третиот принцип, значи, гласи: немаме право да го негираме постоењето на нештата само затоа што не ги чувствуваме со своите сетила.

 



-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 16.Март.2008 во 23:40

ЧЕТВРТ ПРИНЦИП

 

            Рековме дека сетилата имаат ограничен опфат затоа што јас со своите сетила не гледам сè што е видливо. Тоа е вистина, меѓутоа Бог нè обдарил со способност со која што го потполнуваме недостатокот на сетилата, а тоа е имагинацијата или фантазијата.

 

            Јас, иако не сум во состојба од Мека да ја видам својата куќа во Дамаск, во состојба сум да ја замислам, како да ја гледам. Имагинацијата, значи, ги потполнува сетилата. Има ли тогаш таа свои граници, или е слободна, неограничена? Дали сум во состојба да замислам нешто што со сетилата не сум го почувствувал?

 

            Имагинацијата, според мислењето на психолозите, е двострана: повратна или деструктивна имагинација - како моето замислување на куќата во Дамаск од Мека, и творечка или конструктивна имагинација - како што е имагинацијата на поетите, раскажувачите, ликовните и останатите уметници. Погледнете го фантазирањето на тие артисти, дали дошле со нешто што не постои во реалноста?

 

            Уметникот кој го извајал кипот на Венера, дошол со фигура на која ние немаме видено двојник, ниту онаа на која таа потполно личи и одговара, меѓутоа, дали е таа нешто ново, или нејзиниот вајар ги зел деловите од реалноста и меѓусебно ги поврзал? Го зел најубавиот нос кој го видел, најубавата уста и најубавото тело, поврзувајќи го сето тоа и на тој начин доаѓајќи со нешто ново. Меѓутоа тоа ново е составено од деловите на старото.

 

            Во кипот на асирскиот крилест бик во Парискиот Музеј нема ништо необично, освен што неговиот вајар зел глава на човек и ја поставил на телото на бикот, а потоа му додал и крила на птица. Нова фигура и облик се составени, значи, од познати делови.

 

            Исто така, чудесното животно кое го замислил Казвини, како и фантазијата на поетите, без разлика колку длабоко навлегле во областа на метафората, споредбата, метонимијата и волшебните хиперболи, не излегуваат од рамките на поврзување на распрснатите и распространети појави од реалноста.

 

            Дури, и кога посилно би се вдлабочиле во необичноста на поврзувањето (на делови од реалноста), би увиделе дека и самата имагинација е немоќна да ги разбере сите тие синтези. Земете, на пример, дел од светот на бојата и дел од светот на гласовите, па кажете: дали некој пеач отпеал мелодија со лоша арома, или дали таа арома е со црвена боја, а потоа тој приказ изложете & го на својата имагинација, па ќе видите дека не сте во состојба да ја замислите, иако целата таа слика не излегла надвор од светот на реалноста.

 

            Ние, значи, не сме во состојба да замислиме ароматична мелодија, ниту црвена арома. Во можност сме да замислиме само три димензии: должина, ширина и висина, а не сме во состојба да замислиме четврта, како ниту круг без кружница или триаголник без агли. Па како тогаш можеме да го замислиме идниот свет и она што е во него, а тоа е светот кој во потполност се разликува од овој свет? Навистина, идниот свет во однос на овој е како овој свет во однос на светот на детето во утробата на мајката. Кога би биле во можност да се стапиме во контакт со детето во утробата на мајката, со тоа што тоа да биде во можност да одговори, па да го прашаме: „Што е вселената?“, би договорило: „Вселена се овие копрени кои ме покриваат и овие темнини кои ме опкружуваат!“

 

            Кога би му рекле: „Овде постои една друга вселена, во која се наоѓаат Сонце и Месечина, ноќ и ден, копно и море, долини и ридови, неплодни пустини и пространи градини!“, не би го разбрало значењето на тие зборови, а и кога би ги разбрало, не би било во состојба да ја замисли нивната вистинска смисла.

 

            Затоа Ибн Абас, радијалаху анху, http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1000523&ID=733#_ftn1 - - [1] рекол: „Од нештата од оној свет на овој свет се само имињата, поимите!“ (т.е., само имињата на она што е на овој свет и на оној свет се заеднички, додека суштината во потполност се разликува) Со обѕир на тоа, виното на идниот свет не е како виното на овој свет, ниту пак пеколниот оган не е како огнот на овој свет, ниту пак мостот „Сират“ кој се протега над пеколот не е како мостовите кои се протегаат над долините и реките.

 

            Значи, четвртиот принцип е следново: човечката имагинација е во состојба да го опфати само она до што сетилата допираат.



http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1000523&ID=733#_ftnref1 - - [1] Радијалаху анху – Нека е Бог задоволен од него (заб. на прев.).



-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 16.Март.2008 во 23:46

ПЕТТИ ПРИНЦИП

 

            Кога окото ќе здогледа право стапче прекршено во чаша со вода, разумот не се измамува со она што го видело окото, затоа што знае дека стапчето е право. Кога окото ќе види песок во пустината како вода, разумот знае дека тоа е фатаморгана, оптичка измама, и дека не е вода туку песок. Кога ќе видиме магионичар во циркус како извлекува од устата стотина шамивчиња, а од ракавот дваесет зајаци, разумот разбира дека тоа е прелест, оптичка измама. Разумот, значи, станал судија и таа негова пресуда е далекусежна.

 

            Меѓутоа, дава ли тој мнение за сè и дали е опфатот на неговото мнение бесконечен?

 

            Разумот не е во состојба да разбере ништо додека не го ограничи со две нешта: време и простор, така што она кое што не е ограничено со време и простор, разумот сам по себе не е во состојба да го разбере.

 

            Кога професорот по историја би ти рекол: „Почнала војна помеѓу Арапите и Персијците, меѓутоа не почнала пред исламот ниту после него, ниту во било кое време, но навистина почнала!“, не би го разбрал тоа ниту би му поверувал, ниту би го прифатил тоа. А кога професорот по географија би ти рекол: „Постои град кој не е во рамница, ниту на планина, ниту на копно, ниту на море, ниту на Земјата, ниту на небесата, ниту во било кој простор, меѓутоа, тој постои!“, ти не би го разбрал тоа, ниту би го прифатил, ниту би му поверувал.

 

            Разумот, значи, не донесува заклучок, освен во границите на времето и просторот, така што она кое што е надвор од тие граници, прашањето за душата и Божјето одредение, Неговата возвишеност и атрибутите; разумот за нив не донесува заклучок.

 

            Разумот е ограничен. Не донесува заклучок за неограниченото, ниту е во состојба да го разбере. Претстави си ја себе си вечноста на верниците во рајот! Разумот на верникот е уверен дека тоа е вистина и тој јекин http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1000525&ID=458#_ftn1 - - [1] му дошол преку известувањето од Искрениот – Пратеникот, нека е Божјиот мир над него. Меѓутоа, погледни, дали твојот разум ја разбира вечноста? Размисли за неа па ќе увидиш како го замислуваш нивниот престој во рајот, век или два века, стотина, милион или милијарда векови, а потоа ќе востановиш дека твојот разум станува немоќен и се прашува: „А што после тоа?“ Он сака со тоа да одреди граница. Не е во состојба да ја разбере бесконечноста, па кога ќе претпостави достигнување до неа, доаѓа во противречност, која сведочи за неговата ништожност и измамливост.

 

            Германскиот филозоф Кант напишал позната книга, во која потврдува дека разумот не е во состојба да донесува заклучок, освен во светот на материјата. Меѓутоа, тоа што го рекол Кант, уште порано го има кажано нашата улема, http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1000525&ID=458#_ftn2 - - [2] повторувајќи го и потврдувајќи го тоа толку пати што тоа станал општопознат факт, а говорот за тоа обично повторување. Да ги погледнеме познатите Кантови противречности, му претходи нашата улема која со математички докази објаснила дека „маѓепсаниот круг – circulus vitosus“ (дека секое нешто го предизвикува другото, и така по ред, сè до крај) е неисправен и лажен.

 

            Еден од најблиските нивни докази е овој: од точката М, на пример, изведуваш два зрака, т.е., две прави линии, кои меѓусебно се оддалечуваат (како што се гледа на цртежот) и ја претпоставуваш (замислуваш) должината на секоја линија до бесконечност (В, В). Потоа ги спојуваш тие две линии со попречни линии на подеднаква оддалеченост (С-Н; С1-Н1; С2-Н2), и така додека не допреш до линијата В-В. Дали таа линија е ограничена или неограничена?

 

           

 

 

 

            Ако кажеш дека е ограничена ќе ти биде укажано дека тоа е линија помеѓу две бесконечности. Па како да биде ограничена? А, ако речеш дека е неограничена, ќе ти биде возвратено дека тоа е линија која спојува две точки В-В. Па како да биде неограничена?

 

            Таа е, значи, ограничена и неограничена, а тоа е противречност!

 

            Потврдено е, значи, дека разумот ја губи рамнотежата (се пореметува неговиот заклучок) кога се обидува да даде заклучок за неограниченото, како што запаѓа во апсурдна противречност кога трага за она што нема крај, за бесконечното.

 

            Разумот, значи, не е во состојба да даде заклучок, ниту пак неговиот заклучок е правилен, освен во ограничените материјални нешта. Што се однесува, пак, до она кое што е надвор од границата на материјата, т.е. невидливото - метафизичкиот свет, разумот за него не донесува заклучок. А, тоа што го потврдил Кант, и што уште пред него го искажале нашите научници, се наоѓа во книгата (ШЕРХУЛ-МЕВАКИФ), Сејјиди, пратениците (ЕЛ-МЕКСАДУЛ-ЕСНА), Газали и во останатите догматски книги.



http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1000525&ID=458#_ftnref1 - - [1] Јекин – цврсто уверување, убеденост (заб. на прев.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1000525&ID=458#_ftnref2 - - [2] Улема – исламски и световни научници, верски авторитети (заб. на прев.).



-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: Aisha
Датум на внесување: 17.Март.2008 во 00:00
Ej temimi od koja kniga e se ovie izvadoci?

-------------
PROUD TO BE A MUSLIM!!!!


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 17.Март.2008 во 00:03
Opst prikaz na ilamskata vera - Ali Tantavi

-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 17.Март.2008 во 00:03

ШЕСТИ ПРИНЦИП

 

            Сите луѓе, и верниците и неверниците, тие кои пристигнале во домовите на обожувањето, џамиите и црквите, или се воспитани во местата на неморалот и порокот, кога ќе им се случи голема несреќа - удар на судбината, од кој го губат трпението и не наоѓаат за него лек, не бараат спас и заштита од ниту едно од овие суштества, туку бараат помош и засолниште кај Силата која е над тие суштества, Сила која тие не ја гледаат, но која во душите и срцата, и со секој нерв, го чувствуваат Нејзиното постоење, Нејзината величина и возвишеност.

 

            Ова им се случува на големиот број ученици во денот на испитите, како и на многумината болни кога болките ќе се засилат и кога лекарот ќе стане немоќен. Сите Му се враќаат на Својот Господар и Му се посветуваат на Неговото обожување. Дали некогаш сте се запрашале што е причината за тоа и за нему слично? Како откриваме дека секој кој ќе западне во потешкотија, му се враќа на Бога? Сите се сеќаваме http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1000612&ID=385#_ftn1 - - [1] на денот на изминатата војна и на онаа пред неа и како луѓето се враќаа кон верата барајќи засолниште кај Бога. Командантите и наредниците се упатуваа кон храмовите и ја повикуваа војската на молитва.

 

            Во списанието „ЕЛ-МУХТАР“ прочитав допис, преведен од некое друго списание, објавен во деновите на војната, од некое момче - падобранец (во времето кога падобранците и слетувањето беа нешто ново), кој опишува еден настан, па кажува дека израснал во дом каде никој Бога не го спомнувал, ниту пак Му се молел или клањал. Учел во училишта во кои немало верски предавања ниту пак побожен учител. Воспитан бил според материјалистичкото, лаичко, воспитување, т.е., како што се воспитува добитокот кој знае само за јадење, пиење и размножување. Меѓутоа, кога прв пат се спуштил со падобран, гледајќи се себе си како паѓа, и пред да се отвори падобранот почнал да говори: „О Боже, о Господару!“, и од сè срце да се моли, воедно чудејќи се од каде му дошло ова верување?

 

            Ќерката на Сталин, која е воспитана во вртежот на неверството, неодамна објави мемоари, во кои спомнува како се вратила кон верата, чудејќи се и самата на тоа свое враќање. Меѓутоа, во тоа нема никакво чудо, затоа што верувањето во постоењето на Бог е нешто што е скриено во секоја душа. Тоа е природа, еден од основните човечки нагони, како што е, на пример, сексуалниот нагон. Човекот е животно кое верува!

 

            Оваа човечка природа, нагонот, понекогаш ја прекриваат страсти, желби, похоти и материјални потреби, па кога ќе ја протресат стравотии, опасности и несреќи, ја отфрла од себе таа покривка и се појавува. Заради тоа, оној кој не верува се нарекува ќафир, а ќафир на арапски јазик значи „оној кој покрива“. Интересно е дека поддршката за оваа идеја ја најдов во две изјави меѓусобно оддалечени според времето, просторот, условите и намерите, меѓутоа слични според значењето.

 

            Познатиот француски писател, атеист, Анатол Франс, за тој атеизам и неверување кажал: „Човекот станува верник кога, како резултат на уриналната анализа се востанови дека има дијабетес (во времето кога инсулинот уште не беше познат)...“ А на Рабија (ел-Адевија), позната, побожна муслиманка &  било речено: „Тој и тој донесе илјада докази за постоењето на Бога!“ Таа се насмеала и рекла: „Кога сам би патувал низ пустината, па би ти се лизнала ногата и би паднал во бунар од кој не си во состојба да излезеш, што би правел?“ Нејзиниот соговорник и рекол: „Би довикувал: ,О, Боже!!!‘“ „Тоа е доказ!“ - додала Рабија.

 

            Верувањето во Бога е длабоко во секој човек. Тоа е вистина која ние муслиманите ја познаваме, затоа што Бог нè известил дека верувањето е природата во кој ги создал луѓето. Европејците одново ја откриле. Диркем, познат француски професор по филозофија, напишал книга во која тврди дека верувањето во постоењето на Бог е очигледна вистина - аксиом. Невозможно е човек да живее и умре, а да не размислува за Господарот на оваа вселена. Меѓутоа, можеби разумот му бил „краток“, па не стигнал до вистинскиот Бог, туку обожувал други нешта покрај Него, сметајќи дека тие се Бог или дека приближуваат до Бога.

 

            Кога ќе се случи нешто ново, ако се појави некоја неволја и дојде момент на опасност, се обраќаат кон Единиот Бог, и ги отфрлаат лажните божества. Идолопоклониците од племето к*рејш ги обожувале Хубел, Лат и Узза, камењата и киповите. Хубел е кип од црвена школка кој Амр ибн Лухај го донел од Сирија, од Хама. Му рекле дека е велик и моќен бог, па кога го понел на камилата, патем му паднал и му се скршила раката, па му направиле рака од злато. Божество на кое му се скршила раката! Но, и покрај тоа го обожувале! Го обожувале во моментите на безбедност, па кога би запловиле по море и брановите би се издигнале, најавувајќи страшно потопување, не зборувале: „О, Хубеле!“, туку повикувале: „О, Алаху!“

 

            Ова е видливо и денес при бродолом, избивање на пожари, опасности или влошувања на болести. Кога ќе ги видиш атеистите како се враќаат кон верата?

 

            Зошто? Затоа што верувањето е нагон, а најцелосна дефиниција за човекот е дека тој е побожно животно. Погледнете во овие материјалисти, неверници кога ќе им дојде смртта! Мислите ли дека Маркс и Ленин, кога смртта ја здогледале (се увериле во нејзиното доаѓање), ги повикувале орудијата за производство кои ги обожувале, или го повикувалеВозвишениот Бог? Бидете уверени дека не умреле пред да Му се помолат на Бога, тогаш кога молитвата повеќе не користи. И фараонот  се возгордеал и се охолел говорејќи: „Јас сум вашиот најголем господар!“ Кога му се случило потопувањето рекол: „Јас верувам! Нема друго божество освен Оној во Кого веруваат синовите Израилови...“ (Јунус, 90)

 

            Во љубовната симпатија која ја чувствува вљубениот, лежи доказот дека верувањето е природа во луѓето, во нивните души. Љубовта е смалена слика на верувањето, како и еден од видовите на обожувањето. Французите, откако меѓу нив завладеало напуштањето на верата, за љубовта го употребиле зборот „обожување“. Во тоа ги следеле и некои од нас, кои се европеизирале, па во своите говори почнале да говорат, дека ја сака и обожува, и дека ја засакал до обожување. А, тоа не значи ништо друго туку дека обожувањето е природна манифестација на верувањето во Бога, а љубовта еден од облиците на верувањето.

 

            Вљубената му се покорува на својот сакан и ги извршува сите негови желби. Исто така се однесува и верникот кон Бога, Му се покорува и ги извршува Неговите заповеди. Вљубената не се грижи дали сите луѓе ќе &  се налутат, само ако оној кого го сака е задоволен, а таков е и случајот со верникот кон Возвишениот Алах. Не му посветува внимание на гневот на сите луѓе, само ако Тој е задоволен. Вљубената се плаши од својот сакан, се плаши од неговата лутина и задоволна е со сè што од него ќе произлезе. Љубовта (т.е., вљубеноста) е доказ дека верувањето е природен нагон кај луѓето.



http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1000612&ID=385#_ftnref1 - - [1] Мислам на средовечните луѓе и старците кои ја запамтиле последната војна 1939 год. и онаа пред неа 1914 год. Јас ги запамтив и врз основа на она што со своите очи го видов го кажав своето мислење за нив (заб. од авторот).



-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 17.Март.2008 во 00:04
da ne zabega malku?


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 17.Март.2008 во 00:07

ТЕРМИНОЛОШКО РЕЗИМЕ

 

            Тоа што претходно го рековме не значи дека љубовта кон Бога е исто што и љубовта кон саканата личност. Не, затоа што љубената му се покорува на својот сакан и се плаши од него, задоволна е од неговите постапки и му дава предност на неговото задоволство, заради сласта која ја чувствува, затоа што таа во него се сака самата себе. А Лејла да ја зафатила краста, па да &  го нагрди лицето, да &  ги уништи носот и очите, Кајс не би &  се приближил, ниту би почувствувал копнеж по неа. Дури и би избегал, и би се оддалечил од неа. Тоа е разликата меѓу љубовта кон созданието и кон Создателот.

 

            Тоа се два различни вида на љубов, меѓутоа, човечките јазици заради нивната ограниченост и немоќ да ги искажат духовните расположби, користат еден израз за повеќе значења. На тој начин ние кажуваме дека „тој и тој сака ридести предели“, „тој и тој сака историја“, „тој и тој сака ориз со месо“, „родителот го сака своето дете“, „Меџнун ја сака Лејла“, „верникот го сака Бога“, а секоја од тие љубови се разликува од другата. Пример за тоа е и зборот убавина. Тоа е еден поим, а го употребуваме за илјада значења. Во тоа спаѓаат и нашите зборови дека Бог „слуша и гледа“ и дека „тој и тој човек слуша и гледа“, т.е., не е глув ниту слеп, но Божјето слушање и гледање не е слично на слушањето и гледањето на робот (човекот), затоа што Бог не е сличен на ниту едно од созданијата, ниту пак Нему Му е нешто слично и сите цитати од к*ранот кои говорат за Божјите својства цитирани се во ова значење. На Бога ништо не Му е слично!



-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 17.Март.2008 во 00:08
Ne.

-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 17.Март.2008 во 00:08

СЕДМИ ПРИНЦИП

 

            Седмиот принцип е дека човекот со интуицијата чувствува дека овој материјален свет не е сè што постои и дека позади него се крие непознат духовен свет, приметувајќи ги одблесоците кои на него упатуваат. Тоа е така затоа што тој согледува дека материјалните уживања се краткотрајни и ограничени. Кога ќе ја реализира целта и ќе ја достигне границата, уживањето престанува да биде уживање, туку се претвора во обичај - навика, па исчезнуваат неговите сласти и волшебства и станува како запаметена анегдота или стара приказна.

 

            Сиромашниот ја набљудува колата на богатиот која поминува покрај него, и неговата вила покрај која се наоѓа, па мисли дека целиот овој свет би бил негов кога такво нешто би поседувал. Меѓутоа, кога тоа би станало негово не би ја чувствувал истата сласт и задоволство. Вљубениот бдее цела ноќ фантазирајќи за средбата со својата сакана, мислејќи дека сите уживања на овој свет се во љубовта кон неа, а сите надежи и желби во нејзина близина, а кога ќе се ожени со онаа која ја сакал, за две години брак ќе се распрснат сите тие надежи, згаснуваат уживањата и од нив му остануваат само сеќавањата. Болниот боледува и се мачи мислејќи дека целата сласт е во оздравувањето и во престанувањето на болките, па кога ќе му се врати здравјето и ќе поминат деновите на болеста, повеќе не гледа во здравјето ништо од уживањето. Момчето посакува слава, радувајќи се кога некоја радиостаница ќе го објави неговото име, или весниците неговата фотографија, па кога ќе ја постигне славата и неговото име и личност се прослават, славата му станува обично нешто.

 

            Човек се наоѓа во прилика да слуша мелодија во тивката ноќ, која се извива од срцето на саканиот пеач, па длабоко го потресува слушателот и го воздигнува во духовниот свет. Чита генијален расказ на вешт писател, па чувствува како тој да го води по патиштата на маѓепсаниот свет во кој, покрај магии, има и поезија и арома, па кога приказната ќе се заврши чувствува како да бил во сладок, восхитувачки сон од кој се разудил, попусто обидувајќи се да се врати на неговата сласт и шарм.

 

            Живее во моменти на откровение, кога душата преку размислување и медитација се очистува ослободувајќи се од притисокот на материјата, па на крилјата на чистотијата и независноста се издигнува сè додека не пристигне до границата од која ја гледа Земјата и она што е на неа толку минијатурно да не вреди да се погледа, затоа што чувствува душевно задоволство или сласт на која не &  е рамна сласта на храната која ја чувствува гладниот, сласта која ја чувствува дарежливиот кон несреќниот, ниту сласта на богатството и угледот за кутриот сиромав.

 

            Душата непрестајно се стреми и копнее кон тој повозвишен, „духовен свет“, непознат свет од кого ги познава само овие одблесоци кои само што се појавиле се губат и исчезнуваат; и кон овие пријатни моменти, здивови - кои исчезнуваат уште пред да се појават. Тогаш осознава дека материјалните уживања се краткотрајни, дека душевните сласти по обем се поголеми од нив и дека оставаат подлабоки траги во душата. Како што станува цврсто уверен, со посредство на интуицијата, а не со рационален доказ, дека овој материјален живот не е сè што постои и дека непознатиот свет, скриен зад светот на материјата, реална вистина за која душите копнеат, обидувајќи се да се устремат кон неа, но ова „густо“ тело ги засолнува од неа и ги спречува слободно да полетаат по неа. Ова е психолошки доказ за постоењето на другиот свет.



-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 17.Март.2008 во 00:09

ОСМИ ПРИНЦИП

 

            Верувањето во постоењето на друг живот е нужна последица на верувањето во постоењето на Бог. Објаснувањето на тоа е дека Возвишениот Бог, е праведен, а Праведниот не дозволува насилство ниту пак насилникот го остава без казна, како што не го остава ниту угнетениот без правда. Ние, пак, ги гледаме оние кои живеат и умираат како насилници, а не се казнети, и оние кои живеат и умираат угнетени, без правда. Па што значи тоа? И како тоа се случува и покрај Божјето постоење и Неговата праведност? Тоа значи дека идниот свет, во кој доброчинителот ќе биде награден, а грешникот казнет..

 

            „Приказната“ не се завршува со свршетокот на овој свет. Кога, на пример, на телевизија би бил прикажан филм, па прекинат на средина и кога би било речено дека завршил, никој од гледачите не би поверувал во тоа и би почнале да говорат: „Што се случило со главниот лик? Каде е крајот на приказната?“ Тие очекуваат од авторот да ја заврши приказната, да го видат крајот на судбината на нејзините главни ликови. Таква е ситуацијата со создавачот на ликови, па како тогаш паметен човек да поверува дека „приказната“ на животот се завршува со смртта? Како, а сметката уште не е платена, ниту предавањето не е целосно исполнето? Со оглед на ова, разумот станува цврсто уверен дека оваа вселена има свој Господар и дека после овој свет следи идниот свет.

 

            Тој непознат свет, чиј еден одблесок на светлината душата го запазила во тивката мелодија и во генијалната новела, и во мигот на откровението ја почувствувала неговата арома, не е свет на идеали кој го создал создателот според Платон. Увидел дека најголемата овосветска сласт, сласта на сексуалниот однос, не трае повеќе од половина минута, па спознал дека таа е само еден пример на задоволствата на оној свет. Таа е залак на храна што го вкусуваш, па ако ти се допадне, ја купуваш и ја јадеш додека не се заситиш, или како трговски примерок кој го гледаш, па ако си задоволен со него, бараш стока. Навистина тоа задоволство е умалена слика на уживањето на другиот свет, уживања кои вечно траат и немаат граница на која се запираат, уживања кои не се претвораат во обичај, како сластите на овој свет, туку вечно остануваат уживања, стануваат трајни состојби.

 



-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 17.Март.2008 во 00:33

ВЕРУВАЊЕТО ВО БОГА

 

 

            Верувањето во Бога содржи четири претпоставки:

1) Бог постои без создател и предизвикател;

2) Тој е Создателот на сите светови;

3) Тој е Господар и Владетел на сè;

4) Тој е Бог Кој единствено се обожува, без да Му се придружува здруженик.

 



-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 21.Март.2008 во 19:52

БОЖЈОТО ЕГЗИСТИРАЊЕ

 

 

            Рековме, во шестиот принцип, дека верувањето во Божјото постоење е темелна и очигледна вистина која се спознава преку интуицијата пред да се прифати преку рационален доказ. Таа воопшто не е потребно да се докажува, затоа што доказите за нејзината исправност се наоѓаат во секое нешто. Нема да ги изложувам овие докази, затоа што тие се толку многубројни па не сме во состојба сите да ги наброиме. Дамаскиот алим http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1000703&ID=446#_ftn1 - - [1] , шејхот http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1000703&ID=446#_ftn2 - - [2] Џемалудин ел-Касими, спомнал многу докази во својата книга „Делаилу ет-тевдих“, иако ја напишал пред повеќе од половина век. И покрај сето тоа, денес се појавија нови докази кои ги открила модерната наука, непознати пред педесетина години. Па кој ќе погледне во книгата „Алах се открива во периодот на науката“, која ја напишале триесетмина врвни научници од областа на природните и анатомските науки, потоа во книгата „Науката повикува во верата“, ќе пронајде дека вистинскиот научник и обичниот човек (лаик) се верници, а дека неверувањето се појавува кај полунаучниците, кои спознале половични знаења и со тоа ја уништиле природната вера, исламот. Не ја досегнале вистинската наука која повикува кон верата, па паднале во неверство.

 

            Во овие две книги се наоѓаат текстови кои претставуваат плод на размислувањата на овие научници, како што е, на пример, Франк Ален, кој докажал дека учењето за вечноста на светлината, како што тврди грчкиот филозоф, е апсурдно и невозможно и дека науката открила дека секое нешто има период, т.е., почеток кој ја негира нејзината вечност. Ова се зборовите на Роберт Морис Беџ, пронаоѓачот на радарот, потоа хемичарот Џон Кливленд и физичарот Џон Херберт.

 

            Би сакал да ги прочитам овие две книги и сличните на нив, а тие се многубројни. Не би сакал повторно да ги наведувам старите докази за Божјото егзистирање, оние докази со кои се служеле апологетите, ниту новите докази до кои дошле овие научници. Ќе укажам само на еден од к*ранските докази, а тие се јасни, очигледни, неспорни, силни, искажани со јазик кој го разбира и обичниот човек, а ја исполнува душата на научниците кои ја разбираат нивната смисла, восхитувајќи се на нивната сила, прецизност и јасност. А, на двајцата, и на лаикот и на научникот, не им преостанува ништо друго освен да кажат: „Ова е вистина!“ Возвишениот Алах нè предупредува во к*ранот, само со еден збор, дека доказот за нас е во нашите битија. Па како тогаш да го негираме мнението чија вистинитост потврдува нешто што е испишано на нашите чела?! Возвишениот вели: „И во вас самите, па зарем не гледате?“ Длабоко во нашите души чувствуваме дека Тој постои, бараме засолниште кај Него во тешкотиите и во големите несреќи. Преку нашата природа која верува и инстиктот за вера ги гледаме доказите во себе и во светот околу нас. Потсвеста верува во Неговото постоење интуитивно, а свеста преку доказот. Па како атеистот го негира Бога, а самиот тој е доказ за Неговото постоење?!

 

            Тој е како оној кој го носи твојот имот во својата рака и тврди дека не го зел, ниту пак го допрел, или пак како оној кој носи мокра облека, од која капе вода и тврди дека не се приближил до вода. Ова е најосновна вистина, но зошто гледаме дека повеќето луѓе не посветуваат внимание на тоа?! Одговорот на ова е: затоа што не размислуваат за себе! Заборавиле на Бога, па Тој одлучил да се заборават самите себе си. Тие бегаат од себе си, се плашат од издвојувања, не може ниту еден од нив да остане сам со себе, без работа. Затоа се забавува со празен разговор или безвредна книга, или со некоја работа која го преокупира и во која му поминува животот, како да си е на самиот себе си непријател кого го мрази и од кого бега. Како својот сопствен живот, а тој е главниот негов капитал, да го носи на грбот за да го фрли и за да се ослободи од него. Погледни во повеќето луѓе, ќе ги најдеш како јадат и како пијат, спијат и се будат, копнеат за уживање, се оддалечуваат од болка, настојуваат на овој свет да остварат добро за себе, за своето семејство и за оние кои ги сакаат. Еден од нив, на пример, кога ќе осамне, го чисти своето тело, облекува облека, јаде, оди на работа, работи за да собере иметок и за да ја зголеми добивката. Потоа се враќа дома, руча и се одмара. Тогаш повторно се враќа на работа или се одлучува за забава. Бара со што ќе го исполни слободното време, во што ќе го истроши животот, додека повторно не почувствува глад, па тогаш јаде, или го совладува дремеж, па спие. Потоа го дочекува новиот ден и ја повторува програмата од претходниот ден. Се сеќава на своето минато, а тоа не е ништо друго освен денови кои чувствува дека ги проживеал на овој свет. Размислува за својата иднина, а таа не е ништо друго, освен денови за кои претпоставува дека ќе ги проживее на овој свет.

 

            А, што се однесува до муслиманот, тој не се задоволува во животот само со јадење и пиење, со работа или со забава, туку се прашува: „Откаде сум дојден? Каде одам? Што е почетокот? Што е „крајот“? Набљудува и согледува дека неговиот живот не почнал со раѓање за да заврши со смртта. Увидува дека бил ембрион во мајчината утроба уште пред да е роден, а уште пред да стане ембрион бил сперма во внатрешноста на татко си, а пред тоа бил крв која тече во татковите вени, а таа настанала од храната која тој ја изел, а оваа била растение кое изникнало од земјата, или животно кое се хранело со растенија. Тоа се фази низ кои поминал пред раѓањето, а за кои не знаел ништо. Долг синџир, чиј мал број на алки е видлив, а останатите ги сокрива од нашите очи целосна темнина. Па како ќе се создаде сам себе си со својот разум и волја, а постоел, пред да имал разум и волја? Никој од нас не знае за себе си пред својата четврта година од животот. Никој не се сеќава на раѓањето! Кој се сеќава на своето раѓање? Кој се сеќава на времето кога бил во мајчината утроба? Ако постоел уште пред да знае за своето постоење, можно ли е да се каже дека сам себе си се создал? Прашај го ова атеистот, ако го сретнеш, и кажи му: „Дали ти самиот себе си се создал со својата волја и разум? Дали си ти тој кој се создал себе си во утробата на својата мајка? Дали ти ја избра жената која ќе ти биде мајка? Дали ти ја доведе акушерката да те извади од утробата? Дали си ти, тогаш, создаден од ништо, без создател? Тоа е апсурдно и невозможно! Тогаш, дали те создадоа овие созданија кои биле пред тебе: планините, морињата, Сонцето, планетите?

 

            Декарт во периодот на испробувањето на скептицизмот, по кој бил познат, се сомневал во сè. Кога дошол до себе си, не можел да се сомнева во своето постоење. Затоа што тој е оној кој се сомнева, а неопходно е кај сомнежот да постои оној кој се сомнева. Затоа ја изговорил својата славна поговорка: „Мислам, значи постојам!“ Постои, нема сомнеж во своето постоење, па кој тогаш го создал? Дали го создале овие материјални битија? Тоа се нешта кои немаат разум, а тој е разум. Може ли да дарува разум оној кој нема разум? Оној кој не поседува нешто, не може ниту да даде. Таков бил ставот на Авраам, http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1000703&ID=446#_ftn3 - - [3] нека е Божјиот мир над него, кога го видел својот татко како делка кипови со длето и изработува од каменот форма која неговиот народ ја смета за божество. Каменот што го обработува човечката рака, а потоа човекот го обожува!? Бог кој го создавам и барам од него да создава што сакам!? Тоа здравиот разум не го прифаќа! Па каде е тогаш Вистинскиот Бог? http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1000703&ID=446#_ftn4 - - [4] Авраам, нека е Божјиот мир над него, почнал да истражува и размислува. Се спуштила ноќта и на небото се појавила сјајна ѕвезда. Не излегла од Земјата како каменот од кој се прават кипови. Не ја направил човекот со своја рака, за потоа да ја обожува. Му рекол на својот народ дека го пронашол вистинскиот бог. Тогаш се појавила Месечината и исчезнала ѕвездата. Видел дека Месечината е поголема и посјајна, па рекол дека Месечината е бог. Потоа се појавило Сонцето кое го отстранило месечевиот факел и чија светлина ја преплавила Земјата. Авраам, нека е Божјиот мир над него, рекол: „Ова е бог“. Но Сонцето зашло и ја оставило Земјата во темнина. Каков е овој бог кој заоѓа и го напушта своето кралство? Не, Сонцето не е бог кој мене ме создаде. Ниту пак овие созданија се богови. Ниту јас сум бог. Не сум се создал самиот себе си, ниту сум создаден од ништо. Останува само една можност, таа е исправна и вистинита, а сè останато е невистинито: зад сите овие нешта е Семоќниот Бог кој ги создаде, и нив, и мене и сите други нешта. Овој доказ к*ранот го изложил во единствена реченица, која претставува чудо - натприродно својство на Божјата објава и несоборлив доказ за атеистот кој му се покорува на разумот и го почитува, а тоа е цитатот: „Дали се создадени од ништо, или самите себе си се создале?!“

 

            Полуписмени, ограничени, атеистите говорат: „Природата, таа го создаде човекот, таа му го подари разумот!“ Некои учители овака ни говореа кога бевме малечки, во времето на Првата светска војна и после неа, оние учители кои го „почувствуваа мирисот на новата култура“, прво од Истанбул, а потоа од Париз, па помислија дека се просветени. А, зборовите „просветени“ и „просветител“ имаа во тоа време значење кое денес го има зборот „прогресивни“. Секое време има свои зборови и свои изрази, со кои нè исмејуваат нас како што ги исмејуваа Индијанците во Америка со монистрата и шарената облека како би им ја зеле, во замена, нивната земја. После, кога пораснавме, се прашавме: „Што е тоа природа?“ Зборот природа (табиа) во арапскиот јазик има облик на актив, а значење на пасив и на објект. Па ако е создадена, кој ја создал? Велат: „Природата е случајност, закон на веројатности и можности“. Прашавме: „Знаете ли на што личи овој говор?“ Сличен е на примерот на двајца кои залутале во пустината и во тоа лутање наишле на голем, убаво уреден дворец, со украсени ѕидови, скапоцени покривки, часовници, лустери. Еден од нив рекол: „Навистина ова е дело на некој голем мајстор!“ А, другиот му одговорил: „Овде имало една карпа, па надошол порој, ветар и други метереолошки фактори, и со изминувањето на многу векови, случајно настанал ѕид“. „А, покривката?“ - прашал првиот. „Се разлетала волната од овците, па потоа се споила. Тогаш дошла бојата па сето тоа се обоило и така настанала оваа прекрасна покривка“. „А, часовниците?“ - го прашал. „Железото се излило под влијание на временските фактори, потоа се испресекло и настанале кругови, и со изминувањето на многу векови настанал овој облик“. Зарем нема да кажете дека овој е лудак? Дали случајностите направиле клетката на црниот дроб, која се гледа само со помош на микроскоп извршува хемиски операции за кои се потребни многубројни апарати со кои можеш да наполниш една голема соба и кои повторно можат да извршуваат само дел од тие операции?! Оваа клетка го претвора вишокот на шеќер во крвта во гликорин, лачи жолчка, го регулира холестеролот во крвта, произведува црвени крвни зрнца, а извршува и други операции. Случајностите направиле на јазикот да постојат 9.000 мали жлезди за вкус, во секое уво 100.000 клетки за слух, во секое око 130.000.000 клетки кои примаат светлина.

 

            Земјата и нејзините чудеса и тајни, воздухот кој ја опкружува, живите суштества кои ги носи во себе, а кои не се гледаат, потоа чудесните облици на снежните снегулки кои паѓаат, ги создал со таква прецизност, направил во неа таква убавина која ја откривме дури во последно време. Набљудувај ја Земјата и нејзините минерали, тајните кои се складирани во неа, животинските и растителните видови, нејзините огромни пустини, пространите мориња, високите планини, длабоките долини! Потоа спореди ја со Сонцето и ќе ја согледаш како мала, безначајна во однос на него и неговата големина. А, Сонцето кое е поголемо од Земјата милион пати, во однос на галаксијата е како зрнце песок во најголемата пустина. Сонцето кое е оддалечено од нас стотина милиони километри, кога би ја мереле неговата оддалеченост со светлосни години (а брзината на светлината е 300.000 км во секунда) оддалечено е од нас 8 минути. Колкава е тогаш оддалеченоста на ѕвездата чија светлина доаѓа до нас за милион светлосни години? Светлосната година „одговара“ на десет илјади милијарди километри. Колку тогаш километри има во милион светлосни години? Овие галаксии, од кои една е и Млечниот Пат, за кои астрономијата не знае повеќе отколку дека тоа е осветлена област, и покрај нивната огромна големина која разумот не може да ја замисли, се движат со застрашувачка брзина, која ја преминува границата на бројките. Па како не доаѓа до судир помеѓу нив? Читав, од еден астроном, дека можноста за нивниот судир е како можноста да се судрат шест пчели кои се упатиле во земјината атмосфера. Пространството на оваа атмосфера во однос на пчелата е како односот меѓу оваа атмосфера и безбројните галаксии.

 

            Целата оваа вселена е во средиштето на огромна топка која претставува „семау ед-дуња“, најблиско небо. Таа топка е од вистинска маса на телото, а не празен простор. http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1000703&ID=446#_ftn5 - - [5] Топката која ја опфаќа оваа вселена и она што е во неа, како Сончевиот систем и другите ѕведи, во однос на кои Сонцето е како јаболкото спрема планината, и галаксиите во кои се наоѓаат безбројни ѕвезди, ја затвора оваа вселена внатре. Таа топка која е заштитена и осигурана, има врата која се отвора и затвора. Бог ја создал како свод кој има длабочина. После неа е вселена, а Бог го знае нејзиното пространство, можеби како оваа првата, или поголема од неа, која ја опфаќа друга поголема топка, па трета вселена и трета топка. Потоа четврта, петта, шеста и седма вселена. Над нив се наоѓаат тела со прекумерна големина и обем, а тоа се Арш http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1000703&ID=446#_ftn6 - - [6] и к*рсиј http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1000703&ID=446#_ftn7 - - [7] .

            А, најголемото чудо и еден од најсилните докази на Божјото постоење, дека оваа вселена постои во таков смален облик, што разумот не може да ја сфати неговата прецизност и минијатурност, како што не може да го сфати пространството на вселената, а тоа е атомот. Тој не може да се види освен со помош на електронски микроскоп. Тоа е телото кое учените луѓе и филозофите од минатото го нарекувале монада, дел кој не може понатаму да се дели. Во средиштето на овој атом се наоѓа вселената, микровселената и во него има јадро околу кое кружат електрони, како што кружат ѕвездите во вселената. Јадрото во однос на атомот е како пченичното зрно во однос на огромен дворец. Тоа е потешко од 1.800 електрони. Па дали сето ова е дело на случајноста? http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1000703&ID=446#_ftn8 - - [8] Верниците ги весели тоа што празните зборови, како што се природа или случајност, престанале да ги спомнуваат јазиците на научниците. Тие се уште останале во употреба кај лаиците кои мислат дека имаат знаења, а не се ни блиску до вистинските научници.

 



http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1000703&ID=446#_ftnref1 - - [1] Алим – Учен човек, исламски научник, телошки и световен знанственик (заб. на прев.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1000703&ID=446#_ftnref2 - - [2] Шејх – почесна титула за стар, учен или високопочитуван човек (заб. на прев.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1000703&ID=446#_ftnref3 - - [3] Авраам – Ибрахим (заб. на прев.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1000703&ID=446#_ftnref4 - - [4] Ова е метод кој Авраам го користи во повикувањето на својот народ во верувањето во еден Бог, а не е во прашање за сомневање и сопствено трагање за Бога (заб. на авторот).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1000703&ID=446#_ftnref5 - - [5] Ова што го реков за небото е мое сфаќање на к*ранските ајети и на Алаховите закони за вселената кои ги откриле научниците. Не наидов на некој кој е на истото мислење. Ја објаснив оваа теза во другите книги (заб. на авторот).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1000703&ID=446#_ftnref6 - - [6] Арш – Божјиот престол (заб. на прев.).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1000703&ID=446#_ftnref7 - - к*рсиј –

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1000703&ID=446#_ftnref8 - - [8] Го пишував ова поглавје, како што напоменав во воведот,  а немав ниту една книга на кој би се повикал, па го пишував она што ќе ми падне на ум и на што се присетував, па ги наведов овие примери. А, кој сака попрецизни и поточни податоци, ќе ги најде во книгата која пред кратко време излезе од печат „Медицина – михраб на иманот“ (заб. на авторот).



-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 21.Март.2008 во 20:08

БОГ Е СОЗДАТЕЛОТ НА СВЕТОВИТЕ

 

            Ова е втора претпоставка на верувањето во Бога. Таа значи да веруваш дека само Бог е Содателот на сите светови: светот на животните, растенијата, ѕвездите, светови кои нам ни се познати и непознати. Ги создал од ништо и воспоставил во нив чудесни знаци за кои во хемијата, физиката, медицината, астрономијата е откриено сосема малку. Само Бог ја знае нивната прецизност и величественост. Знае колку листови има на секое дрво, обликот на секој лист и неговата положба; колку има бактерии на светот, нивната должина, широчина, деловите од кои се создадени; неподвижните и подвижните елементи во атомот, нивниот број, промените кои настануваат во нив, движењето или мирувањето, развитокот или преобразбата. Сето тоа е регистрирано кај Него во Книгата. Тој е Господарот на сите светови. Тој ги создал, ги чува, ги претвора од една состојба во друга. Тој во секој атом на овие светови ставил доказ кој го упатува разумниот кон Него. Оваа втора поставка на верувањето е неопходна. Меѓутоа, дали е доволно да се верува во неа за човекот да би станал верник? Кога некој би ти дошол и би ти потврдувал дека Бог е Создател и Господар, дали би било тоа доволно за да го сметаш за верник? Не, самото тоа не е доволно. Повеќето дамнешни народи така тврделе. Неверниците од к*рејшиите на кои им е испратен Мухамед, нека е Божјиот мир над него, за да ги оттргне од многубоштвото и од нивните неисправни догми, и да се бори против нив, кога биле прашани за Создателот, Го признале и не Го негирале. Самиот Иблис, http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1011251&ID=218#_ftn1 - - [1] најзлобното создание, не го порекнувал тоа дека Возвишениот Алах е негов Создател и Господар. Тоа се воочува во к*ранот, каде се пренесуваат зборовите на сатаната по неговото изгонување од рајот: „Господару мој, остави ме до Судниот ден!“



http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1011251&ID=218#_ftnref1 - - [1] Иблис – Сатана, Луцифер, во понатамошниот текст –  Сатана. (заб. на прев.)



-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 21.Март.2008 во 20:09

БОГ Е ВЛАДЕТЕЛ И ГОСПОДАР НА ВСЕЛЕНАТА

 

            Третата претпоставка за верувањето е: Бог е Владетел и Господар на вселената! Располага со неа по Своја волја, оживува и усмртува. Можеш ли да ја одбиеш од себе смртта и да се направиш себе си вечен на овој свет? Тој ги дава болеста и здравјето. Можеш ли да го излекуваш оној на кого Бог му го ускратил здравјето? Тој дава богатство и искушува со сиромаштија, испраќа поројнии дождови и уништува.

 

            Може ли оној на кого му се дадени ќерки да ги преобрази во синови? Може ли неплодната да роди? Он ја одредува смртта на некои деца, додека на некои луѓе им дава да доживеат длабока старост. Испраќа бран на студенило и мраз на одредена област, а на другата и испраќа бран на топлина, а некоја област ја погодува со земјотреси. Видливи и очигледни нешта, а човекот не може да ги спречи.

 



-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 21.Март.2008 во 20:10

ЕДИНСТВЕНО БОГ ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ ОБОЖУВАН

 

            Повеќето луѓе тврдат дека Бог е Владетел и Господар, дека суверено управува со вселената. Меѓутоа дали е тоа доволно за некој да биде верник? Не, неопходно е на тоа да се додаде четвртата поставка: а тоа е дека само Тој заслужува да биде обожуван. Ако си признал дека Бог постои, дека Тој е Господар на световите, Сопственик на сè, тогаш не обожувај никого друг освен Него, ниту обраќај се на некој друг со било каков облик на обожување. Возвишениот Алах ми укажа на значењето на сурата „Ел-Нас“, во која е одговорот за оној кој го признава Неговото постоење, власт и сопственост, но извршува многубоштво на полето на обожувањето. Не сум слушнал некој од муфесирите http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1011286&ID=1343#_ftn1 - - [1] да го спомнал ова значење и се надевам дека тоа е исправно. Возвишениот Алах вели: „Барам заштита од Господарот на луѓето, Владетелот на луѓето, Богот на луѓето“. Зошто се повторува зборот „луѓе“? Зошто наместо овој збор не е употребена заменка и не е речено: „Од Господарот на луѓето, нивниот Владетел и Бог?“ Мене ми се чини, а Алах најдобро знае, како да им говори на луѓето: Ова се три поставки, меѓусебно слични и заокружени. Секоја поставка е самостојна, покрај нејзината поврзаност со другата. Тој е Господар на луѓето, т.е., Нивен Создател и Заштитник, Тој е Владетел на луѓето, т.е., нивен сопственик, кој управува со нив по своја волја, Тој е Бог на луѓето, т.е., Единиот Кој, навистина, заслужува да биде обожуван. Не е дозволено да Му се припишува здруженик. Во согласност со тоа треба да веруваат во сите три поставки, или да ги негираат сите три. Зошто да ги потврдувате и да ги сметате за вистинити првата и втората поставка, а да ја негирате третата? Како правите разлика помеѓу истите нешта? Прифаќате некои, а одбивате некои. Сите три поставки се на исто ниво и не може да се прави разлика помеѓу нив.



http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1011286&ID=1343#_ftnref1 - - [1] Муфесири – Исламски научници кои што се специјализирани во областа на толкувањето и коментирањето на Светиот к*ран (заб. на прев.).



-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 21.Март.2008 во 20:11

МОНОТЕИЗАМ - ВЕРУВАЊЕ ВО ЕДНОШТВОТО НА БОГА

       

            Верувањето, дека Возвишениот Алах е Господар на световите и сопственик на сè, е дело на срцето. Тоа е догма која човекот ја прифаќа. Но, верувањето дека само Тој заслужува да биде обожуван, не се сведува само на догма и на принцип, туку го опфаќа и однесувањето, делото и обожувањето. Па кој ќе го одбие обожувањето на Бога или во обожувањето Му припише здруженик - не е верник. Доколку се реализира верувањето дека Бог е Создател и Господар на световите, што би било тогаш обожувањето? Прво што ни паѓа на ум е дека обожувањето на Бога е спомнувањето на Бога, молитвата, постот, учењето на к*ранот и слично на тоа, што приближува до Него. Ова е вистина. Меѓутоа, побожноста не се ограничува само на тоа. Секое корисно дело, шеријатски дозволено, кое верникот го извршува барајќи ја Божјата награда е побожност. Јаде, за да биде силен за извршување на она што му е заповедано. Неговото земање на храна со оваа намера е побожност. Се жени за да се направи себе си и својата сопруга крепосни и невини, и неговата женидба е побожност. Стекнување на имот со таква намера е побожност, како и неговото трошење за семејството. Стекнувањето на знаењето и дипломата е побожност. Извршувањето на домашните работи од страна на жената, послужувањето на нејзиниот сопруг и чувањето на нејзините деца е побожност. Секое дозволено дело, под услов оној кој го извршува да има намера Бог да е задоволен, е побожност. Значењето на побожноста е широко и ги опфаќа сите корисни човечки дела. Веројатно ова значење и оваа смисла се искажува со зборовите на Возвишениот: „И џините и луѓето ги создадов само за да Ме обожуваат!“



-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 21.Март.2008 во 20:12

ДУХ И СМИСЛА НА ПОБОЖНОСТА

 

 

            Побожноста има дух и тело (форма). Нејзиниот дух е верувањето кое поттикнало на неа и целта заради која таа е извршена. Телото (формата) на побожноста е дело на екстремитетите, изговор на јазикот и движења на торзото. Молитвата ја сочинуваат, на пример, движења и изрази, стоење и седење, прегибување и спуштање ничкум на тлото (руку и сеџда), читање на к*ранот, спомнување и славење на Бога. Сето ова е телото, формалната страна на молитвата, но неопходна без која нема молитва. Ако двигателот на тоа не е исправно и чисто верување и ако се немало намера за извршување и покорување на Божјата заповед и барањето на Неговото задоволство, молитвата е мртво тело и форма без душа.



-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 21.Март.2008 во 20:13

СУШТИНСКОТО ВО ОБОЖУВАЊЕТО НА БОГА,

 

            Суштинското и основното во обожувањето е да веруваме дека само Возвишениот Алах е Оној Кој може да донесе корист и штета. Ова треба малку повеќе да се објасни. Бог е Создател на сè. Ги создал световите и сè што е во нив. Ако ги набљудувавме овие нешта, ќе увидиме дека Бог, Кој го создаде сето тоа направил едни од нив да доминираат над другите и да влијаат врз нив: ако огнот допре суво дрво ќе го изгори; водата го гасне оганот, ако се истури врз него; човек добива маларија кога ќе го „касне“ маларичен комарец; а ако во телото на болниот се внесе кинин, тој оздравува. Возвишениот меѓу овие нешта направил врски. Нивното спојување бива само во размерот кој Тој го определил. Хлорот е штетна материја, содата е штетна материја, но кога ќе се спојат настанува корисна материја, неопходна за човекот - сол за готвење. Од ова можеме да ги извлечеме следните заклучоци:

 

            1 - Утврдивме дека врските и односите следат утврдени правила, кои не се менуваат. Тоа се Божјите закони во вселената кои стручно ги нарекуваме природни закони.

 

            2 - Овие врски меѓу нештата кои сме ги нарекле природни закони, не се сите видливи, како што е видлива и очигледна врската меѓу оганот и дрвото што го гори, и огнот и водата која ја гасне. Не се сите овака едноставни и очигледни, но повеќето од нив се попрецизни и подлабоки. Бог одредил лек за секоја болест, но не го ставил на воочливо место и не го направил готов и подготвен за употреба, туку го направил (возвишена е Неговата мудрост) во скришни и чудни места и во состојби во кои не се очекува дека ќе се наоѓаат. Пеницилинот е поставен во материја која се чини како да е смртоносен отров, како што ги поставил најдобрите мириси и најубавите бои во една од најсмрдливите и најлоши материи, црна и грозна материја која се нарекува катран. Од него се добиваат и мириси и бои! И не се наоѓа во слична, погодна состојба, туку делотворниот потребен елемент е помешан со други материи и неговото издвојување бара многубројни обиди, експерименти и труд. Кој ја читал книгата „Вечна ученичка“ дознал како добивањето на еден грам радијум изискувало филтрирање на огромна количина на разни материи и спроведување на постапки и процеси кои следеле после тоа, а кои траеле со години.

 

            3 - Сè до сега, не сме откриле за овие вселенски закони, кои ги поставил Господарот на вселената, ниту толку колку што е капката вода од морето. Видовме во нив големи чудеса и ова малку што сме го откриле го вброивме во она што го нарековме науки (научни дисциплини). Така настанале биологијата, хемијата, физиката, физиологијата, медицината и останатите научни дисциплини. На секоја оваа научна област & се посветиле одредени луѓе и се занимавале исклучително со неа, како би ги сфатиле и разбрале Божјите закони и како би откриле уште повеќе.

 

            4 - Откривме дека во вселената има некои нешта кои нам ни штетат и нешта кои ни користат. Има два вида на користи и штети:

1 - Она што се случува преку надворешна, видлива причина, во склад со природниот закон кој сме го откриле, како кога ќе престане да чука нечие срце после земање на отров. Дознавме преку искуството и експериментите за неговото дејствување врз срцето.

2 - Она што се случува без надворешна, видлива причина и не се засновува на некој познат закон, како кога ќе престане да чука срцето на здрав човек одеднаш заради срцевиот удар, а чија причина е непозната.

Овие двете категории и видови се од Возвишениот Бог. Единствено Тој дава корист или штета.

 

            5 - Возвишениот Бог го создал човекот со склоност да биде корисен и човекот се служи со сите средства тоа и да го оствари. Бог го создаде човекот природно склон да ја мрази штетата и тој ги користи сите средства и лукавство да ја отстрани од себе. Бара помош и во тоа ја употребува целата сила. Некое барање на помош верата го дозволува, а некое го забранува сметајќи го за спротивно на верувањето. Тогаш кое барање на помош е дозволено, а кое е забрането? Ако ти се разболи детето, па повикаш лекар да го прегледа и да одреди лек, си го извршил она што е дозволено, затоа што си се користел во лечењето со природниот закон кој го поставил Создателот на вселената и со човекот кој го познава законот. Но, ако си повикал надрилекар за да му одреди лек без знаење и почитување на природните закони, тоа би било забрането барање на помош. Кога би дошол покрај гробот на лекарот и би го повикувал да ти помогне, тоа би било забрането барање на помош. Но, ако науката е немоќна, или лекот не користи, па си се помогнал во лечењето со молитва или милостиња, или си побарал од добар човек да те учи на молитва, тоа е дозволено барање на помош. Ако си застанал покрај гробот на добар човек и си барал од него помош, тогаш тоа е забрането барање на помош. Давањето на лек на болниот како средство за оздравување е дозволено. Но, кога би го зел лекарскиот рецепт, па би направил од него талисман и би го закачил на вратот на болниот или кога би го ставил во вода, па би го напоил со таа вода, со уверување дека тоа ќе го излекува, би го извршил она што е забрането. http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1011291&ID=1068#_ftn1 - - [1]

           

            Барање на корист од нешта кои Бог не ги направил надворешна, видлива причина, тие користи се забранети. Жена што не може да роди, ако бара помош од лекар и во лековите кои Бог ги дал, произведени во согласност со законите на науката, не направила ништо што е забрането или спротивно на верата. Меѓутоа, кога би поверувала, како стариците во Сирија, дека чукањето во алката на Ханделијската џамија на ридот Касијун (кај Дамаск), во време на првата џума во месецот Реџеп, помага да затрудни, или кога би се послужила, како средство за забременување, со врзување на крпа на прозорецот на едно од турбињата http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1011291&ID=1068#_ftn2 - - [2] , тогаш би направила нешто што е спротивно на чистото исламско верување. Од ова јасно се гледа дека потпомагањето со природните закони, обраќањето кон човек кој ги познава и земање на вообичаени средства за остварување на корист е дозволено, но под услов да веруваме и да ни е на ум дека единствено Возвишениот Бог е Оној Кој донесува корист, а не некој друг или нешто друго.

 



http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1011291&ID=1068#_ftnref1 - - [1] Дозволена е употребата на рукја – читање на к*ран на болен човек (заб. на авторот).

http://www.forum.idividi.com.mk/RTE_textarea.asp?mode=reply&POID=1011291&ID=1068#_ftnref2 - - [2] Турбе – Мавзолеј, гроб на политички важен или побожен човек, но неговото обожување е забрането во исламот (заб. на прев.).



-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 21.Март.2008 во 20:14

ДОЗВОЛИТЕ И ЗАБРАНИТЕ МУ ПРИПАЃААТ

САМО НА БОГА

 

            Ползите до кои доаѓаме, согласно на законите на природата, се овосветски. Затоа што, Возвишениот Бог ги поттикна нашите разуми кон откривање на нови закони, а не ги поттикна на откривање на она што е зад материјата - метафизичкото. Работиме на стекнување на корист и отстранување на штета во границите на материјата, на овој свет. На другиот свет не можеме да стекнеме ниту корист ниту штета. Па бидејќи Бог ја одредил причината на користа на идниот свет, а таа причина е извршување на ваџиб - должности со кои нè задолжил, и бидејќи ја одредил причината за штетата на идниот свет, а тоа извршување на харамот - она што ни го забранил, потоа забраните и дозволите, врз кои се базира наградата или казната, Му припаѓаат исклучиво на Возвишениот Бог.

-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: temimi
Датум на внесување: 21.Март.2008 во 20:14

ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ОД НЕГО

 

            Човекот љуби и презира. Сака вкусна храна, убава глетка. Мажот ја љуби сопругата. Понекогаш претерува во оваа љубов, па тука се измешуваат и некои облици на обожување, но покрај тоа, таа е ограничена како и секоја друга, човечка љубов. Ја сакаме користа која ја постигнуваме од она што го сакаме и сласта која ја чувствуваме во близината на љубената личност. Но, кога љубениот ќе заболи од болест која го унакажала и од која отпаѓаат неговите екстремитети и исчезнува неговата убавина, завршува и исчезнува и оваа љубов. Може, дури да се претвори и во презир и во омраза. А, љубовта која ја чувствува верникот кон Возвишениот Бог е апсолутна и безгранична. Дури, и она што го љубиме во овој свет го љубиме во името на Создателот Кој тоа го создаде, ни го потчини и ни даде моќ да се користиме со тоа, или да се насладуваме со неговиот изглед или допир.

 

            Човекот се плаши од многу созданија: се плаши од огнот, дивите ѕверови, смртоносниот отров, насилниците. Но, тој страв е ограничен. Тој се сведува на оддалечување од штетата која се крие во она што застрашува. И кога ќе се осигура од можна штета - стравот го напушта. А, стравот од Бога е апсолутен и неограничен. Љубовта кон Возвишениот Бог и стравот од Него спаѓаат во основите на исламското верување. Овие две својства се духот на обожувањето. Неопходно е да се напомена дека љубовта кон Возвишениот Бог не значи пишување на љубовни писма до Него, како што тоа го правел Ибнул Фарид, ниту таа да се нарекува „божествена љубов“, како што тоа му се припишува на Рабија ел-Адевија. Исто така, треба да се напомене дека стравот од Бога не значи стравување кое води во презир, ниту пак жалост која води во пореметување или неморалност. Љубовта кон Возвишениот Бог бива, и се реализира, со покорност, со давање на предност на Неговото задоволство над страстите на душата и заведувањата на демоните, како и следењето на Неговиот пратеник, нека е Божјиот мир над него: Kажи: „Ако Алах го сакате, мене следете ме!“ (Али Имран, 31). Значи, следењето е мерило на љубовта. А стравот од Него се постигнува со оддалечување од она што го забранил и со давање на предност на сласта на добрите дела и наградата на идниот свет над сласта на гревот на овој свет. Покорноста кон Бога не е како покорноста на Неговите созданија. Ние им се покоруваме на некои луѓе, потчинувајќи & се на Божјата заповед, како што е покорноста кон Пратеникот, нека е Божјиот мир над него, или одѕивајќи им се на законите на природата, или страв од опасноста. Народот му се покорува на владетелот, детето го слуша таткото, жената го слуша мажот, човекот го слуша оној кој му направил добрина во она што не му штети. Некој од нас, понекогаш, бива принуден на покорност, па се покорува плашејќи се од непријатност и вознемирување. Сите овие покорувања и потчинувања, освен покорувањето кон Пратеникот, нека е Божјиот мир над него, затоа што тоа претставува покорување кон Возвишениот Бог, се ограничени. Затоа што, апсолутната покорност Му припаѓа на Возвишениот Господар, Алах. Покорност во сè, во она што нам ни се допаѓа и во она што нам не ни се допаѓа, во она чија мудрост и целисходност ја разбираме и во она што не го разбираме. Оваа покорност е плод на љубовта кон Бога и таа е нејзин доказ.



-------------
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!


Постирано од: dzem
Датум на внесување: 29.Март.2008 во 10:23
                             OSOBINE DZEHENNEMA I NJEGOVIH STANOVNIKA


Ovo je, tako mi Allaha, kuca ponizenja, prezira, patnje i razocarenja, Ovo je kuca jecanja, uzdisaja i jaukanja i kuca tuge, kuca u kojoj stanuju nesrecni, jadni i oni koji se, placuci, kaju. U okove ce im biti ruke i vratovi stavljeni, a svuda oko njih ce vatra plamtjeti, njihovo pice bice kapljevina od koje ce im utrobe i koza gorjeti, a hrana ce im biti sa drvet Zekum. U trbuhu ce im kao rastopljena kovina kljucati, kao sto voda kad kljuca vrije. Prizivace sebi smrt ali im nece biti udovoljeno. Trazice od svoga Gospodara da iza|u iz dzehennema, ali ce im biti receno da se vrate u njega i nista ne govore. A kako bi se ti osjecao kad bi ih vidio, na licima vucene i ociju koje su ugasle. A tek da cujes njihovu dreku i jadikovke, a oni ne cuju.

                                          Medusobno proklinjanje musrika u vatri:

Zatim ce musrici biti baceni u vatru, ummet za ummetom izme|u ljudi i dzina. Pa kad bude usao neki ummet zalice se Allahu dz.s. na prethodni govoreci: “Oni su ti koji su nas zaveli.” Prethodni ce ummet odgovarati: “Vi ste zalutali kao sto smo i mi zalutali pored onolikih dokaza i argumenata koji su nam predoceni na dunjaluku preko Poslanik s.a.v.s.a. Da je Allah nas uputio, uputio bi i vas.” Svejedno je da li cemo strpljivo podnositi ili cemo jedni druge tuzakati. Nema nam spasa.

Kaze Allah dz.s.: “Ulazite u dzehennem s narodima, sa dzinima i ljudima koji su prije vas bili i nestali!” - reci ce On: “I kad god neki narod u|e, proklinjace onaj za kojim se u nevjerovanju poveo. A kad se svi u njemu iskupe, tada ce obican puk reci o glavesinama svojim: “Gospodaru nas, ovi su nas u zabludu odveli, zato im podaj dvostruku patnju u vatri!” - “Za sve ce biti dvostruka!” - reci ce On - “ali vi ne znate.” A glavesine ce reci obicnom puku: “Pa vi nemate nikakve prednosti nad nama!” Zato iskusite patnju za ono sto ste radili.” (El A’raf, 38-39)

Allah Uzviseni, kaze: “I kada se u vatri budu prepirali, pa oni koji su bili potlaceni reknu glavesinama svojim: “MI smo se za vama povodili, mozete li nas makar malo vatre osloboditi?”, onda ce glavesine reci: “Evo nas, svi smo u njoj jer Allah je presudio robovima Svojim.” I oni koji ce u vatri biti govorice strazarima dzehennemskim: “Zamolite Gospodara svoga da nam bar jedan dan patnju ublazi!” A zar vam poslanici vasi nisu dokaze jasne donosili?” - upitace oni. - “Jesu!” - odgovorice. - “Molite onda vi!” - reci ce oni. Ali ce molba onih koji nisu vjerovali uzaludna biti.” (El Mu’minun, 7-50)

Allah dz.s. kaze: “I izaci ce svi pred Allaha, pa ce oni koji su bili tlaceni reci glavesiama svojim: “Mi smo bili vase pristalice, mozete li nam imalo Allahovu kaznu olaksati?” - “Da je nas Allah uputio”, - odgovorice oni - “i mi bismo bili vas uputili. Zalili se mi ili trpjeli, svejedno nam je, spasa nam vise nece biti.” (Ibrahim, 21)

Allah dz.s. kaze: “Allah je nevjernike prokleo i za njih oganj razbuktali pripremio, u njemu ce vjecno i zauvijek boraviti, ni zastitnika ni pomagaca nece naci. Na Dan kad se njihova lica u vatri budu prevrtala, govorice: “Kamo srece da smo se Allahu pokoravali da smo Poslanik s.a.v.s.a slusali!” I govorice: “Gospodaru nas, mi smo prvake nase i starjesine nase slusali, pa su nas oni s pravog puta odveli; Gospodaru nas, podaj im dovostruku patnju i prokuni ih prokletstvom velikim!” (El Ahzab, 64-68)

Allah dz.s. kaze: “A dzehennem zalutalima ukazati257[1] i reci ce im se: “ Gdje su oni kojima ste se klanjali, a niste Allahu; mogu li vam oni pomoc, a mogu li i sebi pomoci?”, pa ce i oni i oni koji su ih u zabludu doveli u njega biti baceni,258[2] i vojske Iblisove - svi zajedno. I oni ce, sva|ajuci se u njemu, govoriti: “Allaha nam, bili smo, doista, u ocitoj zabludi kad smo vas sa Gospodarom svjetovaizjednacavali, a na stranputicu su nas naveli zlikovci, pa nemamo ni zagovornika, ni prisna prijatelja, - da nam je samo da se povratimo, pa da postanemo vjernici!” (Es Su’ara, 91-102)


                                Odricace se sejtan u dzehennemu svojih sljedbenika:

Kad Allah dz.s. presudi svojim robovima onako kako ih je opisao pa kad budu baceni nevjernici u vatru zovnuce ih sejtan kako bi se ogradio od toga da je on Allahov drug, a sto su ljudi prakticno na dunjaluku pokazivali kroz poslusnost i pokornost sejtanu, ucinivisi tako neposlusnost Allahu i Njegovu Poslanik s.a.v.s.u. Uprkos dokazima vjerovjesnika i Poslanik s.a.v.s.a njima poslatim krenuli su stopama sejtana i ako za takav postupak nisu imali valjana ni razloga ni dokaza.   
   
Kaze Allah dz.s.: “I kada bude sve rijeseno, sejtan ce reci: “Allah vam je pravo obecanje dao, a ja sam svoje obecanje iznevjerio; ali, ja nisam nikakve vlasti nad vama imao, samo sam vas pozivao i vi ste mi se odazivali; zato ne korite mene, vec sami sebe, niti ja mogu vama pomoci259[3] niti vi mozete pomoci meni. Ja nemam nista s tim sto ste me prije smatrali Njemu ravnim.” Nevjernike sigurno ceka bolna patnja.” (Ibrahim, 22)
Iblis ce reci: “Ja vam danas ne mogu koristiti, niti vas mogu izbaviti od ove bolne patnje, a ni vi ne mozete nista uciniti da mene izbavite od ove strasne patnje. Zaista vam je Allah dz.s. istinito obecanje dao, a vi ste bili nepokorni i porekli ste njegovo obecanje. A ja sam vas laznim obecanjima mamio pa ste me poslusali i smatrali ste ga istinitim. Zato nemojte meni, nego sebi prigovarajte. A nasilnicima pripada bolna patnja.”


                                      Jad i tuga stanovnika dzehennema:

Allah dz.s. kaze: “I svi ce prikriti tugu kad vide da ce kaznjeni biti, a Mi cemo na vratove nevjernika sindzire staviti; zar ce biti kaznjeni drukcije nego prema onome kako su radili?” (Saba’, 33)

Allah dz.s. kaze: “Na Dan kad nevjernik prste svoje bude grizao govoreci: “Kamo srece meni da sam se uz Poslanik s.a.v.s.a pravog puta drzao, kamo srece, tesko meni, da toga i toga za prijatelja nisam uzeo, on me je od k*r’ana odvratio nakon sto mi je priopcen bio!” - a sejtan covjeka uvijek ostavlja na cjedilu.” (El Furkan, 27-29)
69 - Prenosi se od Ebu Hurejre r.a. da je Resulullah s.a.v.s. rekao: “Nece niko uci u dzennet a da mu se prije toga ne pokaze njegovo mjesto u vatri koje bi ga cekalo da je nesto lose uradio kako bi povecao zahvalu Allahu, i nece uci u vatru niko prije nego mu se pokaze mjesto u dzennetu koje bi ga cekalo da je cinio dobro, kako bi se jos vise rastuzio.” (hadis prenosi Buharija260[4])

70 - Prenosi se od Abdillaha bin Omera r.a. da je Resulullah s.a.v.s. rekao: “Kada stanovnici dzenneta budu uvedeni u dzennet, a stanovnici dzehennema budu baceni u vatru, doci ce se sa smrcu. Postavice se izme|u dzenneta i dzehennema, pa ce biti zaklana, a pozivac ce uzviknuti: “O stanovnici dzenneta, nema smrti. O stanovnici dzehennema, nema smrti. Tada ce se stanovnici dzenneta jos vise radovati, a stanovnici dzehennema ce se jos vise razalostiti.” (Muttefekun alejhi261[5] i dodao je Muslim da je Ebi Seid rekao: “Pa je Resulullah s.a.v.s. proucio: “I opomeni ih na Dan tuge kada ce biti sa polaganjem racuna zavrseno, a oni su ravnodusni bili i nisu vjerovali.” I rukom je pokazo na dunjaluk.”262[6])



                                              Trajnost dzehennemske kazne:

Allah dz.s. kaze: “A nevjernici ce u patnji dzehennemskoj vjecno otati, ona im se nece ublaziti i nikakve nade u spas nece imati,263[7] nismo im Mi nepravedni bili, oni su sami sebi nepravdu nanijeli, Oni ce dozivati: “O Malik, neka Gospodar tvoj ucini da mi umremo!”264[8] - a On ce reci: “Vi cete tu vjecno ostati!” Mi smo vam slali Istinu, me|utim vi ste tu Istinu prezirali.” (Ez Zuhruf, 74-78)
Allah dz.s. kaze: “A nevjernike ceka vatra dzehennema, oni nece biti na smrt osu|eni, i nece umrijeti, i nece im se patnja u njemu ublaziti, - eto tako cemo svakog nevjernika kazniti -, oni ce u njemu jaukati: “Gospodaru nas, izbavi nas, cinicemo dobra djela, drukcija od onih koja smo cinili.” - “A zar vas nismo ostavili da zivite dovoljno dugo da bi onaj koji je trebalo da razmisli265[9] imao vremena da razmisli, a bio vam je dosao i onaj koji opominje? Zat iskusite patnju, nevjernicima necemo pomoci!” (Fatir, 36-37)
71 - Prenosi se od Ebi Musa El Es‘arija r.a. da je Resulullah s.a.v.s. rekao: “Stanovnici dzehennema ce toliko plakati da bi la|a mogla po njihovim suzam plovoti, a isplakivace krv umjesto suza.” (hadis prenosi Hakim266[10] i kaze da je sened ovog hadisa sahih, a dva sejha, Buharija i Muslim ne prenose ga, a slaze se sa njim Ez Zehebi. El Bani ga cijeni hasenom267[11])


                                              Dzehennemski okovi i katran:

Allah dz.s. kaze: “A ako se cudis, pa - cudo su rijeci njihove: “Zar cemo, zaista, kad zemlja postanemo, biti stvoreni ponovo?268[12]” Oni ne vjeruju u Gospodara svoga; na njihovim vratovima bice sindziri i oni ce stanovnici dzehennema biti, u njemu ce vjecno ostati.” (Er Ra’d, 5)
Allah dz.s. kaze: “Toga dana ces vidjeti grijesike povezane u zajednicke269[13] okove; kosulje ce im od katrana biti270[14] a vatra ce lica njihova obavijati.” (Ibrahim, 49-50)
Drvo Zekum:271[15]
Allah Uzviseni, kaze: “Drvo Zekum bice hrana grijesniku, u trbuhu ce kao ratopljena kovina272[16] vriti, kao sto voda kada kljuca vrije.273[17] “Scepajte ga274[18] i usred ognja odvucite,275[19] a zatim mu, za kaznu, na glavu vodu koja kljuca izljevajte!” “Okusaj, ta ti si, uistinu, “mocni” i “postovani”, ovo je, zaista, ono u sto ste sumljali!”276[20] (Ed Duhan, 43-50)
Allah Uzviseni, kaze: “A da li je bolja ta gozba ili drvo Zekum koje smo nevjernicima kao kaznu odredili?277[21] To je drvo koje ce usred dzehenema rasti, plod ce mu poput sejtanskih glava biti. Oni ce se njime hraniti i trbuhe ce svoje njime puniti, zatim ce to s kljucalom vodom izmjesati,278[22] a potom ce se, sigurno, opet u dzehennem vratiti. Oni su oceve svoje u zabludi zatekli pa i oni stopama njihovim nastavili.”279[23] (Es saffat, 62-70)
72 - Prenosi se od Abdillaha bin Abbasa r.a. da je Resulullah s.a.v.s. proucio ovaj ajet: “Bojte se Allaha onako kako se treba bojati i umirite samo kao muslimani!” Rekao je Resulullah s.a.v.s.: “Kad bi samo jedna kap drveta Zekum kanula na dunjaluk unistila bi sve stanovnike zemlje i zivot na njoj. A sta ce tek biti sa onim ko se time hrani.” (hadis prenosi Tirmizi280[24] i kaze da je hasen sahih, a i El Bani smatra ga sahihom281[25])


                                                  Dzehenemska kapljevina:

Allah d.s. kaze: "Pa je svaki oholi inadzija nastradao, - pred njim ce dzehennem biti - i on ce biti pojen odvratnom kapljevinom,282[26] mucice se da je proguta283[27] ali je nikako nece moci prozdrijeti i smrt ce mu sa svih strana prilaziti, ali on nece umrijeti; njega ce teska patnja cekati." (Ibrahim, 15-17)

Allah d.s. kaze: "Ova dva prorivnicka tabora spore se oko Gospodara svoga; onima koji ne budu vjerovali bice odijela od vatre skrojena, a kljucala voda bice na glave njihove ljevana; od nje ce se istopiti ono sto je u trbusima njihovim, i koza, a gvozdenim maljevima284[28] bice mlaceni; kad god pokusaju da zbog teskog jada iz nje iza|u, bice u nju vraceni; "Iskusite patnju u uzasnoj vatri!" (El Hadzdz, 19-22)
Kaznjavanje onoga ko nare|uje dobro, a ne cini ga i zabranjuje sve sto je ruzno a sam to ne cini:

73 - Prenosi se od Usame bin Zejda r.a. da je rekao: "Cuo sam Reslullah s.a.v.s. da je rekao: "Bice doveden covjek na Sudnjem danu i bacen u vatru. I prosuce se njegova crijeva285[29] i omotavace se oko njega kao sto se omotava uze oko magarca kad okrece mlinski kamen. Stanovnici dzehennema ce se oko njega okupiti i pitati: "Sta se to desilo sa tobom, covjece? Zar nisi nare|ivao dobro i odvracao od zla?" A on ce tada odgovoriti: "Jesam, nare|ivao sam dobro, a sam ga nisam cinio, odvracao sam od zla a sam sam ga cinio." (Muteffekun alejhi286[30])

                                                       Dubina dzehennema:

74 - Prenosi se od Ebu Hurejre r.a. da je rekao: "Bili smo kod Reslullah s.a.v.s. u momentu kad je on cuo udar, pa nas je Reslullah upitao: "Znate li sta je ovo?" A mi smo odgovorili: "Allah i Njegov Poslanik s.a.v.s. najbolje znaju." A on je rekao: "Ovo je bio kamen koji je bacen u dzehennem prije sedamdeset godina a tek je sada pao na dno dzehennema." (hadis prenosi Muslim287[31])

75 - A Utba bin Gazvan r.a. je rekao: "Napomenuo je da je kamen bacen sa vrha dzehennema i da je padao sedamdeset godina, a tim da njegova dubina nije poznata, ali, tako mi Allaha, bice napunjen." (hadis prenosi Muslim288[32])

                                                Kad vatra obuhvati stanovnike dzehennema:

Allah d.s. kaze: "Reci: "Stradace, uistinu, oni koji na Sudnjem danu izgube i sebe i porodice svoje. Eto, to je pravo stradanje!" Nad njima ce biti nasl*ge vatre, a i ispod njih nasl*ge; time Allah strasi robove svoje. "O ljudi Moji, bojte se Mene!" (Ez Zumer, 15-16)
Allah Uzviseni kaze: "A da nevjernici znaju da tada nece moci da otklone vatru od lica svojih, a da im niko nece moci pruziti pomoc, nego da ce im nanadno doci i zaprepastiti ih i da je nece moci nazad vratiti i da im se nece vremena dati!" (El Enbija, 39-40)






-------------
Euzu Billahi minessejtanirradzim Bismillahirrahmanirrahim ~ HasbunAllahu ve ni`mel vekil~



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk