![]() |
|
Занимливости околу исхраната |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 17181920> |
Автор | |
Calipso ![]() Модератор ![]() ![]() Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Пу пу ..за нареден пат си знаеш
![]() |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
![]() |
|
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
da!...i fala shto mi kaza!
![]() |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
|
![]() |
|
Calipso ![]() Модератор ![]() ![]() Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Молам..ич не сме оф
![]() |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Црвени, во срцевидна форма, украсени со мало зелено ливче. Неверојатно привлечни и исто толку вкусни. Јагодите се задоволство, здравје, љубов, убавина. Јагодите и здравјетоЈагодите се не само вкусни, но и многу корисни. Тие се употребуваат за лекување на анемија, зајакнување на крвта, а исто така го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести. Содржат големо количество витамин Ц и железо. 100 грама јагоди ја покриваат потребната дневна доза за витамин Ц. Поради фактот што јагодите содржат фолна киселина, тие го помагаат забременувањето и ја намалуваат депресијата. Докажано е дека јадењето на јагоди директно влијае и во заштитата од рак. Ова слатко овошје содржи и антиоксиданси, кои помагаат против стареење. Јагодите помагаат за заздравување на непцата. Кога немате достап до паста за заби и четка, преполовете 2-3 јагоди и со нив протријте ги забите и непцата. Потоа исплакнете со вода. При консумирањето на јагоди ризик постои ако тие се прскани со штетни пестициди. Затоа, најдобро е да купувате јагоди во кутија на која е посочен произведувачот. Исто така треба да се внимава да не се консумираат од луѓе кои имаат алергични реакции на нив. Ако не сте сигурни дали сте алергични на јагоди или не, посетете лекар за да направите соодветен тест. Најдобрата вест е тоа што јагодите се нискокалорични, па затоа може да станат дел од вашата исхраната, без разлика дали сте на диета или не. Јагодите во козметикатаРетки се тие кои не ја сакаат аромата на јагоди. Милиони продукти низ светот, од балсами за усни до млека и кремови за тело, ја избираат нивната миризба. Се разбира, не е потребно да поседувате некој од нив за да ја почувствувате свежината на јагодите. Еве неколку предлози: ![]()
Јагодите, љубовта и сексотЈагодата е симбол на Венера – божицата на љубовта, поради срцевидната форма и црвената боја. Постои верување дека ако гризнете половина јагода, а другата половина ја изеде лице од спротивниот пол, за кратко време ќе се вљубите еден во друг. ![]() Последните истражувања покажуваат дека јагодите ја зголемуваат сексуалната активност кај мажите и плодноста кај жените. Причина за тоа е цинкот, кој се содржи во малите семки на јагодите. Тој го покачува нивото на тестостерон кај мажите, кое од своја страна води до зголемување на сексуалната активност. Јагодите содржат и големо количество фолна киселина. Таа помага при забременување, ја намалува депресијата, ја подобрува работата на мозокот и го намалува ризикот од појава на срцеви болести. Една полна шака со јагоди содржи 100 пати повеќе фолна киселина од едно јаболко. Изненадете го вашиот сакан со порција јагоди и пена. Тоа е доволно за едно неделно, романтично попладне во кревет. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]()
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Алкохолот е важна состојка присутна во многу рецепти. Тој им дава специфичен вкус на многу сосови, супи, меса и на многу видови слатки и сладоледи. Во текот на готвењето голем дел од алкохолот испарува, а останува само неговата арома. Каков вид алкохол да изберете?![]() Секогаш користете алкохол кој одговара на храната што ја готвите. Ако правите торта со малини – употребувајте ликер од малини. Можете да користите текила, вино и рум во сосот за маринирање на месото. Ензимите од алкохолот реагираат со протеините и со тоа месото станува покревко. Текилата, пивото и виното си одговараат со мисиркино, пилешко месо и риба. Општо прифатено правило е дека за приготвување на бело месо треба да се користи бело вино, за црвено месо - црвено вино. Кога готвите на скара, за посилна арома на месото употребувајте виски. За супа или чорба можете да користите бренди, вино или шери. Не е задолжително за готвење да користите многу скап алкохол. Но, сепак алкохолот што го употребувате треба да биде пријатен на вкус. Како да го користите алкохолот?Не употребувајте многу алкохол. Голем број алкохолни пијалоци имаат силна арома, која може да ги прикрие останатите ароми на храната што ја готвите. За почеток ставете една супена лажица алкохол, а потоа ако е потребно додајте повеќе. Пробувајте од храната во целиот процес на нејзиното готвење. Не налевајте алкохол врз многу жешко тавче. Ако сакате да додадете алкохол во жешко тавче, најпрво тргнете го од изворот на топлина. Вртете го тавчето додека го додавате алкохолот, за да не се загрее премногу. На крајот, вратете го тавчето обратно на ринглата и продолжете да готвите. Испарува ли алкохолот во процесот на готвење?Одговорот на ова често поставувано прашање зависи од околностите. Колку алкохол ќе содржи јадењето, зависи од времетраењето и начинот на приготвување. Во следната табела ќе најдете информација за тоа колку проценти од алкохолот останува во храната откако ќе ја зготвите. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Подобрете ги вашите готварски способности![]()
Изменето од Valerija - 21.Јануари.2013 во 18:12 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Францускиот сос бешамел е клучна состојка во многу вкусни јадења. Затоа, пред да почнете да приготвувате вистински специјалитети, потребно е да го владеете мајсторството на сосот бешамел. Подолу е дадена рецептата за приготвување на ½ литар бешамел сос. ![]() Состојки40g брашно;
Начин на подготовкаРастопете го путерот во тавче на ниска температура. Кога ќе почне да се прави пена, додајте го брашното и оставете го да се готви 5 минути. Преку целото време мешајте брзо со дрвена лажица. Турете малку од млекото. Ќе се формира каша со грутки. Потоа додајте го остатокот од млекото и мешајќи обидете се да добиете хомогена смеса без грутки. Додајте ги солта, пиперот и индиското оревче. ВаријацииПостојат различни варијации на овој сос: Бешамел сос со сирење – додајте 40-50g рендано сирење по ваш избор. Бешамел сос со шунка и печурки – додајте 1-2 парчиња исечкана шунка и 200g исечкани печурки. Различните јадења бараат различни варијации на бешамел сосот. Ако ви е потребен потечен сос, едноставно додајте млеко. Во бешамел сосот можете да додадете кромид за поинтересен вкус или да користите повеќе зачини. Некои готвачи користат неколку лажици супа (или коцка за супа) за да го зачинат сосот. Кој начин и да го одберете, не е важно. Важно е да уживате во вашите специјалитети. Не плашете се да експериментирате! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Пет кратки совети за совршен печен зеленчукВо овие студени денови, печениот зеленчук во рерна не само што е вистински специјалитет, туку со него може и да се најаде целото семејство. Се сервира како прилог кон јадења со месо или риба. Во рерна најдобро се снаоѓаат компирите, морковот, кромидот, лукот и тиквата. Не ви советуваме да печете лисест зеленчук, затоа што само ќе загуби од својот вкус. Ако сте се решиле да печете зеленчук, тогаш најдобро е да се држите до следните 5 совети: 1 Загрејте ја рерната на 200 степени. Ако сакате зеленчукот да биде карамелизиран однадвор тогаш зајакнете го огнот за уште 10–20 степени. Ако рерната не е доволно загреана, зеленчукот само ќе се превари, наместо да добие боја однадвор. 2 За да заштедите време подоцна кога ќе дојде на ред миењето садови, тогаш садот секогаш обложете го со хартија за печење. 3 Никогаш не ставајте премногу зеленчук во садот за печење. Оставете малку простор помеѓу парчињата за да може убаво да се запечат. 4 На зеленчукот ќе му треба и малку масло. Никако не смее да плива во масло, затоа бидете внимателни кога налевате. Најдобро е да го премачкате зеленчукот со микс од маслиново масло и сок од лимон. 5 Зачинете со сол и бибер. Зачините како рузмарин, мајчина душица или жалфија се ставаат на крај. Зеленчукот секогаш печете го во сад без капак. ● |
|
![]() |
|
Calipso ![]() Модератор ![]() ![]() Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ШТО СЕ МОЖЕ ДА НАПРАВИТЕ СО ОЦЕТ
Покрај употребата во салати, оцетот се користи и за: - Доколку додадете две лажички оцет во вода додека варите јајца ќе добиете извонредно добро формирана белка. Додадете во водата, па дури и ако лушпата напукне, белката нема да излезе надвор. - Доколку вашиот листест зеленчук делува овенато, натопете го во ладна вода со малку оцет и веднаш ќе изгледа подобро. - Откако сечевте лук, непријатниот мирис од рацете може да го отстраните со малку оцет. - Доколку годвите брокула или карфиол додадете малку оцет во водата. Ќе го ублажите вкусот и ќе го неутрализирате непријатниот мирис. Делува и доколку готвите грав. Киселината делува како дезинфициенс, а ги отстранува непријатните мириси. - Со очет можете да го исчистите садоперот. Помешајте малку оцет и сода бикарбона и тријте. За неколку минути исплакнете со врела вода. - Исчистете ја микробрановата печка. Во сад ставете вода и оцет и пуштете да се грее неколку минути. На овој начин ќе ги отстраните нечистотиите и закоравените мириси. - Користете оцет против винските мушички. Измешајте оцет и овошка, направете смеса во еден сад па прекријте го со проѕирна фолија на која претходно сте направиле соодветни отвори. Винските мушички ќе се нафрлат внатре но нема да можат да излезат надвор. - Нема потреба да користите обеливач. Наместо тоа потопете ја нечистотијата во оцет. Потоа исчеткајте со четкичка за заби. - Доколку на дрвената покуќнина или на подот имате траги од вода, исполирајте го делот со мешавина која содржи еднаква содржина на оцет и растително масло. - Доколку вашето дете уринирало на јогата, исперете ја со мешавина од оцет и вода. Подоцна на истото место посолете со сода бикарбона па исчеткајте и со правосмукалка отстранете го правот. - Доколку со деодоранс сте оставиле траги на облеката, за чистење употребете оцет. Одличен е и за чистење на сенф како и нечистотии од домати. - За време на перењето во машината за перење додадете чашичка оцет. Може да оживее бојата на вашата облека. Оцетот не му штети на ткаенините, а ги отстранува наслагите од сапун кој може да влијае врз потемните бои на облеката. Истовремено ќе добиете и помека облека, но и облека со помал статички електрицитет. - Со оцет може да отстраните и гума за џвакање залепена за ткаенина или тепих. - Непотребните налепници отстранете ги со попрскување на оцет врз нив. Истото повторете го во неколку наврати. И најтврдокорната налепница подоцна лесно ќе се отстрани. - Не сакате мраз на стаклото од вашиот автомобил? Исчистете ги мешавина од една третина оцет и две третини вода. - Пирејот полејте го со оцет. Мешавина од половина оцет половина вода може да ги уништи и штетните полжави. - За да го продолжите животот на цвеќето во вазна, во водата додадете неколку лажички оцет и шеќер. Зошто да користите непотребни хемикалии доколку оцетот ви е при рака? - Доколку животното ги чеша ушите, избришете му ги со неразреден оцет. - Мачките не сакаат оцет. Искористете го тоа па местата на кои не сакате да доаѓаат попрскајте ги со оцет. На овој начин ќе го избегнете гре**њето по покуќнината. - Зачувајте ја градината од мачки. Оставете оцет таму каде на сакате да ги гледате. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
![]() |
|
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
|
![]() |
|
vivi1 ![]() Сениор ![]() ![]() Легенда Регистриран: 20.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 18941 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ne mozam da citam koga sum gladna
![]() |
|
vivi
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Доктор Оз открива: Која е храната на иднината?Се
прашувате што сè ќе се најде на вашата чинија во следните 10 или пак 15
години? Страната на славниот Мехмед Оз ни ги открива 5-те типови храна
кои наскоро ќе станат дел од нашата секојдневна исхрана и со сигурност
може да се наречат храна на иднината. Кобиа рибата или уште позната како црн
лосос е расте 10 пати повеќе од обичните риби и нема вкус на риба.
Според научниците најголемата предност е во тоа што таа ги содржи сите
здрави состојки и маснотии кои ги има морската храна. Морковите се портокалови, но може да бидат и
црвени и виолетови. Светло обоениот зеленчук има многу здравствени
придобивки, па така виолетовите моркови ја подобруваат меморијата и го
чуваат здравјето на срцето. Црвените пак се богати со ликопен,
антиоксиданс кој ја дава црвената боја и го подобрува имунолошкиот
систем. Виолетовиот карфиол содржи 99 проценти од дневните дози на
витамин Ц кои што ви се потребни, додека портокаловиот има 25 отсто
повеќе витамин А од обичниот. Најразличните типови на инсекти се на добар
пат да станат храна на иднината бидејќи имаат малку јагленхидрати, а се
богати со влакна и протеини. Црвите, скакулците и мравките стануваат сè
поприсутни во модерната кујна ширум светот, па само е прашање на време
кога ќе се најдат и на нашите трпези. Традиционалните зелени морски алги се еден
од основните продукти на азиската кујна. Сепак, освен зелени алги во
светот може да се најдат и црвените кои се богати со витамин К и
калциум. Токму затоа сè повеќе ресторани се трудат што повеќе да ги
вметната во своите менија. Зеленото растение наречено purslane кое во овие краишта е познато како тучница содржи 6 пати повеќе витамин А од спанаќот и 7 пати повеќе бета каротен од морковите. Салата со тучница, павлака и лук е идеалното јадење на иднината. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Покрај шеќерот и натриумот за кои е познато дека треба да се внесуваат во ограничени количини, постојат и некои здрави намирници со кои ако се претера може да имаат повеќе штета отколку корист. Дури и ако се неопходни, не треба да се претерува со количината. Омега 3 масни киселини се здрави масти кои помагаат во борбата со воспалувањата кои се познати предизвикувачи на забрзаното стареење и некои болести. Ако ги внесуваме во ограничени количини се намалува ризикот од срцеви заболувања, дијабетис тип 2 и депресија, го одржуваат здравјето на кожата и го подобруваат функционирањето на мозокот. Но луѓето кои јадат често морска храна, рибино масло, јајца, сок од портокал и житарки, може да внесат преголема количина Омега 3 и лошо да влијаат на имунолошкиот систем и да му пречат на организмот во борбата против вирусите и бактериските инфекции. Витамин Ц се смета за една од најздравите и најпотребните состојки во нашиот организам со многу предности и позитивни работи за нашето здравје. Неопходен е да го има, но не смее да се претера со количината над 2000 милиграми дневно. Во тој случај може да предизвика несакани последици како дијареја, мачнини, повраќање, главоболка, несоница и камен во бубрег. Најдобро е да се внесува по природен пат, а го има во зелената пиперка, брокула, цитрон, киви, јагоди, ананас. Цинкот се наоѓа во секоја ќелија од нашиот организам и го одржува нашиот имунолошки систем, добриот вид, вкус, мирис и го регулира нивото на шеќерот во крвта и функцијата на тироидната желба. Сепак, добро е да се внимава со количината која се внесува, да не надминува 40 милиграми дневно. Во спротивно, може да имате проблеми со варењето, вртоглавици, потење, халуцинации и зголемување на холестеролот. Железото во организмот се наоѓа во црвените крвни зрнца и им ја дава потребната енергија на ќелиите, а составен дел е од многу протеини и ензими кои се неопходни за здравјето. Вишокот железо може да се наталожи во ткивото и органите, вклучувајќи ги црниот дроб и срцето. Дневно не треба да се внесува поголема количина од 45 милиграми. Калциумот е најзастапен се наоѓа во коските, но овој минерал е потребен и за доброто функционирање на срцето, нервите и мускулите. Дневната доза која е дозволена е 2000-2500 милиграми. Доколку се надмине оваа доза може да се предизвикаат проблеми со бубрезите и мекото ткиво. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 17181920> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |