|
МПЦ и спорот со СПЦ |
Внеси реплика | страница <1 17181920> |
Автор | |||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Асјенка, малце со камшикот удривме по тоа дедо Јован, ти одма беснееш. Па, ние само даваме „критика на човечки постапки“, и тоа е „наше право“. А ти „не ни се мешај во нашата интима“, затоа што „не си повикана од нас“.
Ај кога ќе дојдеш во Македонија, ќе те носиме кај секретарот, да се видиш со него лично, сакаш? Тој чинам ги чува сите документации, фактури и потписи од криминогените дејствија на поранешниот владика Јован. Јас не можам да се согласам со демагогијата која ја продаваш. Демек, ние сме расколници од 1957, демек, не ни се валидни тајните, ама кога станува збор за Јован, е само во тој момент биле валидни, а после пак престанале да бидат валидни. Одбери, или - или. И во двата случаи се доведуваш до парадокс. Ако тајните се валидни, тогаш шо се буните толку дека сме биле вакви или онакви? Тогаш, ние не сме во раскол дека не сме послушни на Црквата, или дека отстапуваме од учењето на Црквата, но сме во раскол заради световна политика, односно заради ереста етнофилетизам кои ја шират одредени српски и грчки владици. Како за пример, какво сведоштво шират Грците? Во разговор со еден пријател, протестант од Америка на која вера припаѓам, јас му реков дека сум православен. А тој ме праша: Greek Orthodox, or Russian Orthodox? И јас му реков, па тоа е исто нема разлика. Тој остана зачуден, и морав да му ја објаснувам целата проблематика. Па ние не го сведочиме православието пред самите себе, а како ли ќе го сведочиме пред другите? Ај сега, да е така, како што велиш: Taјните биле невалидни. Тогаш не е валидно крштението. Испаѓа дека Јован воопшто не е крстен, а камо ли да го сметаме за монах и владика? Не само Јован, туку сите Егзархисте не се крстени, а бидејќи (ако не се лажам), и ти си крстена во МПЦ, испаѓа дека ни ти не си крстена! А да, и Свети Гаврил Светогорецот ги лажел сите, па испаѓа дека имаме светител - лажго. А и Јован испаѓа лажго, затоа што пред 2002 ги мамел луѓето да се причестуваат во МПЦ. Лажговци биле и неколкуте монаси кои отидоа во Егзархисте (а веќе не се ни таму - ете кои се плодовите на Егзархисте ). Тогаш и СПЦ испаѓаат лажговци, затоа што знаејќи дека во МПЦ тајните не биле валидни, Јован бил ракоположен од владика со „канонски пречки“, а сепак кога го главија за српски егзарх, некако му го признаа и крштението и замонашувањето и завладичувањето. Па така, одбери во кој парадокс сакаш да паднеш. И сега и оваа тема, како што беше и темата за сексот, толку небитни теми, а ќе доживеат толку многу постови. А темите за молитва, смирение, послушание, за монаштвото и тн, ќе останат закопани на втората или петата страница. Помило ни е да се препукуваме и да се караме, отколку да се поучуваме и љубиме... (ова важи за сите деноминации кои пишуваат). |
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Малку смирете ја дискусијата и намалете го политичкиот тон!
|
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Dobra poenta ... Mislam na ova sto go napisa zidarski za Zoran Vraniskovski. Paradoks neli? |
|||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=876&stID=11274&pR=2 Владиците, под притисокот на јавноста, на вонредната седница во саботата одлучија да го одбијат предлогот нашата црква да добие автономија само во рамките на СПЦ и притоа таа се преименува во Охридска архиепископија Најжестоки и најгласни меѓу владиците кои воопшто не ја прифаќаат идејата нашата црква да се нарекува Охридска архиепископија биле митрополитот полошко-кумановски владиката Кирил и брегалничкиот митрополит Агатангел. Тие двајца дури се заканиле дека ќе направат раскол во Синодот, доколку другите одлучат да ја прифатат автономијата што ја понуди Српската црква на разговорите во Ниш, а која отворено ја поддржуваа потписниците на документот митрополитот австралиско-новозеландски Петар, дебарско-кичевскиот Тимотеј и струмичкиот Наум, како и велешкиот митрополит Јован. Дознаваме дека сите владици, освен Јован, ретерирале од својата првобитна одлука да се прифати широката автономија и го омекнале својот став. Иако, дури и поглаварот на МПЦ кој бил со мислење дека српскиот предлог не треба да се одбие, свесен за можните последици се повлекол. http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=876&stID=11275&pR=2 Најжестокиот критичар на нишкиот документ, митрополитот полошко-кумановски Кирил во саботата беше единствениот од владиците кој, по завршувањето на седницата на Синодот, отворено го искажа својот став, при што, меѓу другото, рече дека сме создадени од Бога да опстојуваме како самостојна црква и самостоен народ со векови. Shto se odnesuva na sv. tainstva izvrsheni vo raskolnivhka crkva, tie se priznati dodeka gi priznava matichnata Pravoslavna Crkva. Gospod e dolgotrpeliv, no negovoto trpenie ima kraj! Изменето од Asya - 07.Февруари.2009 во 07:39 |
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Разбирам од каде ти е информацијата и се извинувам за начинот на кој се обратив претходно, но за жал - информацијата на Утрински не е точна. Ниеден дел од неа, при тоа (патем и неколку други медиуми ја имаа на времето објавено истата, за потоа да ја демантираат)... Ако си во тек со настаните во периодот 1999-2004-та во Македонија ќе знаеш за што зборувам. Но - не би сакал да навлегуваме во непотребна дискусија околу ова.
Колку до таинствата... интересно - значи таинство извршено од еден ист човек (свештеник) врз двајца различни луѓе, од страна на "матичната" црква, може да биде во едниот случај преценето како валидно, а во другиот како невалидно? Значи во едниот случај, Светиот Дух се соединил со човекот, во другиот не?! |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Асја, следниот пат кога ќе го објавиш истиот пост, ќе те банирам.
|
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Jas go prilozhiv VIto pravilo na II Vselenski Sobor, a vie si igrate "Ojlevci - Dojlevci"! Изменето од Asya - 07.Февруари.2009 во 11:28 |
|||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Sigurno ne e anarhija, kakva shto tebe ti godi! |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Анархијата како што и самата велиш не е угодна на Бога, бидејќи се што е спротивност на законот не може да Му биде угодна на Господа. Еве како ти го браниш безаконието на српскара држава. Иако мислам дека тоа се должи на непознавање на правото, кое досега многупати ти го покажа. Ќе се цитирам самиот бидејќи ти гледам во недостаток на одговор не продолжи да дискутираш и почна некако на друга страна да ја тераш дискусијата.
Изменето од macedon_alex - 07.Февруари.2009 во 12:03 |
|||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Админи, се извинувам ако бев преостар со коментарите со изјавите од Србите. Но, тие ми беа одговор на тоа, дека ние сме живееле во сон од 1913 г.
|
|||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ne, tuku trska. ta sekoj davenik koga se davi se faka za trska, pardon, kanonot. Изменето од Опитен - 07.Февруари.2009 во 13:53 |
|||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Mene tekov na diskusijava na ovaa tema se pomalu mi zvuchi kako iskreno razgovaranje po verosipoved, a se povekje kako nekakva infiltracija na stransko vlijanie i propaganda od sosednite zemji koe preku nihiliranjeto na Makedonskata Crkva za cel vsushnost go ima unishtuvanjeto na makedonskiot nacionalen identitet.
Изменето од Messenger - 07.Февруари.2009 во 14:21 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да не се чудиш. Тоа е позаднината ама кој да ја разбере. Нели дене снашите соседи браката со сакаат да докажат дека Македонскиот народ не постои? Кој со вековите го држела овој народ да опстане како македонски? Црквата. Извади го името на народот од Црквата. ќе ти остане народ без име. Чиста логика. Макариосе, потсети ме како се викаше тоа математички? нема овде канони... нема овде духовност... нема догматика... сетоа тоа е маска зад која се крие нечиј национашовинизам Изменето од Опитен - 07.Февруари.2009 во 14:44 |
|||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Во зависност за која математика збориме. Во областа на алгебрата, тоа се нарекува одземање. Од областа на математичката логика тоа се нарекува математичка индукција (бидејќи тоа со опит им успевало во други случаи, т.е. ако важи за 1, ако важи за n случаи, тогаш важи и за n+1 случаи). Од областа на веројатноста, тоа се нарекува скоро невозможен настан (бидејќи тоа што го прават е скоро невозможно). Има и од други области имиња: Од областа на филоЗофијата, тоа се нарекува калвинизам. Од областа на верата тоа се нарекува нељубов, и нарушување на законот на љубовта. |
|||
Внеси реплика | страница <1 17181920> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |