|
УЕФА Лига на Шампиони |
Внеси реплика | страница <1 1617181920 43> |
Автор | |
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Енфилд обоен во "сино"
Ливерпул сезонава ја прекина серијата на Челзи од 86 натпревари без пораз на Стемфорд Бриџ, но "сините" од Лондон вчера вратија со иста мерка за тој дебакл. Челзи синоќа изгледаше како казнена експедиција, го одигра можеби најдобриот натпревар против Ливерпул во последните четири години (од оној триумф на Енфилд со 4:1 во 2005) и сосема заслужено дојде до убедлива победа со која се најде на само чекор од пласман во полуфиналето. Ливерпул сега има невозможна мисија затоа што на Стемфорд Бриџ во вторник ќе мора да победи со три гола разлика или со два, но со постигнати повеќе од три гола за да може да се надева на уште едно полуфинале, четврто во последните пет сезони во Лигата на шампионите. Сосема неочекувано, јунак на Челзи на вчерашниот меч беше српскиот репрезентативец Бранислав Ивановиќ кој не беше ниту најавен во стартниот состав и во последен момент го зазеде местото на Жозе Босингва на десната бековска позиција. Откако Фернандо Торес го отвори резултатот по само шест минути игра и најави уште еден ефикасен натпревар на Ливерпул во Лигата на шампионите, никој не очекуваше дека токму робусниот Србин ќе се претвори во човек на одлука. Постигна два гола на идентичен начин кои сигурно долго ќе ги памети и кои најверојатно му го зацементираа местото во првата постава на Челзи. Прво го искористи центаршутот на Малуда по еден корнер од десната страна за да израмни пред крајот на првото полувреме, а во вториот дел од речиси идентична позиција, но од корнер од спротивната страна ја смести топката во голот по нафрлувањето на Лампард. Кога веќе Ливерпул се отвори за да стигне барем до израмнување, Дрогба од еден контранапад казни една од неколку грешки на домашната одбрана за недостижна предност на Челзи пред реваншот на домашен терен. Мора да се истакна дека одбраната на Ливерпул одигра катастрофален натпревар, направи десетина големи грешки и само среќата и лошата реализација на гостинските фудбалери придонесоа "црвените" да не претрпат катастрофа пред сопствените верни навивачи. Се почувствува неиграњето на Маскерано затоа што Лукас не одигра на неговото ниво и немаше фудбалер кој ќе ги крати акциите на Челзи на средината од теренот. Тоа придонесе гостите да направат неколку контранапади и да излезат само пред Реина кој исто така одбрани голем број удари. Првата полуфинална двојка може да се претпостави уште по вчерашните натпревари. Најверојатно тоа ќе биде Барселона-Челзи затоа што и каталонскиот клуб се избори за убедлива победа во дуелот со Баерн на домашен терен. Ударното трио на Гвардиола: Меси-Ето-Анри повторно беше на висина на својата задача, ги постигна сите четири гола и слободно може да се каже дека уште еднаш ја однесе Барселона меѓу четирите најдобри клубови во Европа. Овојпат најефикасен беше Меси со две реализации по што изби на првото место на листата на стрелците во Лигата на шампионите. Кај Баерн се почувствува неиграњето на Лусио и Лам, одбраната делуваше многу слабо, слично како на саботниот дуел против Волфсбург и повторно прими голем број голови што не е својствено за баварскиот гигант. Баерн е пред сигурна елиминација од Лигата на шампионите и од сабота може да се сконцентрира на одбрана на титулата во Бундес-лигата. Реванш-дуелите од овие два четвртфинални дуели се играат на 14 април на Стемфорд Бриџ и Алијанц арената. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Само формалност во Лондон и во Минхен
Челзи и Барселона од минатата недела можеа да почнат со подготовки за меѓусебното полуфинале, но денеска ќе мораат формално да ги одиграат своите дуели со Ливерпул во четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите. Челзи од првиот меч има предност од 3:1, а Барса од 4:0, што е речиси недостижно за противниците. Ливерпул мора да победи со три гола разлика или со два ако постигне повеќе од три гола на реваншот на Стемфорд Бриџ, нешто што не му успеало никому во Лигата на шампионите. "Црвените" имаат добри сеќавања кога бркале три гола разлика затоа што на сличен начин пред четири години дојдоа до титулата во ова натпреварување откако по првиот од финалето со Милан губеа со 3:0, а на крајот победија на пенали. Би можеле да се угледаат и на Болтон, кој во саботата постигна три гола за само осум минути против Челзи на Стемфорд Бриџ, но прашање е колку може да се споредуваат тој натпревар и овој денешниот. Во тимот на Ливерпул се враќа Хавиер Маскерано, кој не играше во средата поради суспензија, а Бенитез најави и дека е подготвен да ризикува со капитенот Џерард, кој не играше во саботата против Блекбурн поради повредата. Кај Челзи на располагање нема да биде капитенот Џон Тери поради два жолти картони, а неговото место се очекува да го заземе Рикардо Карваљо. Ливерпул има добри спомени од Стемфорд Бриџ затоа што во првиот дел од сезоната славеше таму со 1:0 и ја прекина серијата од 86 натпревари без пораз на Челзи на домашен терен. Сега ситуацијата е поинаква, на клупата на лондонскиот тим е Гус Хидинк, а на Ливерпул му е потребна победа од три разлика. "Малку сум загрижен поради тоа што од Болтон примивме токму три гола, но секој натпревар е различен. Сепак, тоа беше добра лекција за нас", рече Хидинк. Многу порелаксирано сигурно ќе биде на Алијанц арената во Минхен. Барселона има предност од 4:0 од првиот натпревар со Баерн на домашен терен и сега треба само да ја задржи оваа предност за да обезбеди пласман во полуфиналето. Колку во Баерн се свесни дека немаат шанси за вкупна победа зборува и изјавата на капитенот Марк ван Бомел, кој во неделата рече дека можат да ја победат Барселона само ако игра со осум фудбалери во Минхен. Сигурно дека Баерн ќе сака барем да ја одбрани честа во оваа фаза од Лигата на шампионите, но мора да се знае дека Барселона е во серија од седум победи во сите натпреварувања со само два примени гола во нив. Ништо чудно и двајцата тренери денеска да одмораат дел од своите фудбалери. Баерн го очекува тешка борба за шампионската титула во Бундес-лигата исто како и Барселона, која има шест бода предност пред Реал, но од идната недела ја очекува тешка серија од четири натпревари во кои ќе се одлучува за тоа кој ќе биде првак. Засега е јасно дека мексиканскиот репрезентативец Рафаел Маркез нема да настапи поради суспензија, Лусио и Лам од Баерн се повредени и повторно ќе бидат отсутни, додека Барселона ќе биде и без својот тренер Пеп Гвардиола, кој ќе мора да остане на трибините поради исклучувањето на првиот натпревар. ОВА СИГУРНО НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ - Челзи никогаш досега не бил елиминиран на европска сцена откако со предност дошол на Стемфорд Бриџ на реванш. - Ливерпул постигнал само два гола на последните четири гостувања кај Челзи во Лигата на шампионите. - Победата на Челзи од 3:1 на Енфилд беше прв пораз на Ливерпул во Лигата на шампионите оваа сезона и е прв случај "црвените" да го загубат првиот натпревар на домашен терен во ова натпреварување воопшто. - Лондонскиот клуб е без пораз на 16 натпревари по ред во Лигата на шампионите почнувајќи од февруари 2006 година. Последна на Стемфорд Бриџ славеше Барселона, а оттогаш Челзи има 13 победи и три нерешени резултати. - Ниеден тим досега во Лигата на шампионите не успеал да достигне негатива од четири гола од првиот натпревар. Најголемата разлика што е достигната е со три гола и тоа од Ла Коруња, која во 2003/04 загуби од Милан со 4:1, а потоа дома победи со 4:0. - Баерн победил на седум од 17. натпревари во европските шампиони на кои требало да брка негатива од првиот меч, но секој од поразите бил со еден гол разлика. Од преостанатите десет на кои не успеал да достигне пораз од првиот натпревар, на седум барем победил. - Барселона била елиминирана само трипати во последните 36 дуели на кои во реваншот отишла со победа од првиот меч. - Барселона е најефикасна екипа во Лигата на шампионите со 28 гола и најефикасна на гостувањата со 13. Има и одличен скор надвор од Ноу Камп ако се знае дека на последните 12 гостувања оствари осум победи, три нерешени резултати и само еден пораз. ИЗЈАВИ: ФЕРНАНДО ТОРЕС (ЛИВЕРПУЛ): Се разбира дека сум свесен за нашата тешка работа што не очекува на Стемфорд Бриџ затоа што ќе се сретнеме со исклучително силен тим. Но, ние го победивме Манчестер Јунајтед на негов терен и уверени сме дека и сега можеме да го направиме истото. Не верувам дека Челзи ќе игра дефанзивно, напротив сигурен сум дека повторно ќе одат на победа. Знаат дека ако постигнат еден или два гола, се ќе биде завршено. РАФА БЕНИТЕЗ (ЛИВЕРПУЛ): Стивен Џерард е подготвен и ќе игра против Челзи. Се разбира дека не би сакале повторно да се повреди затоа што во тој случај ќе паузира повеќе од десет дена, но во овој момент можам да кажам дека неговата повреда не е од посериозен карактер. Губиме со 3:1 и знаеме дека се може да се сврти само ако во тимот имаме фудбалер како Џерард. МАРК ВАН БОМЕЛ (БАЕРН): Пред денешниот натпревар можам само да кажам дека Франк Рибери сака да игра за Барселона. Тој е одличен фудбалер, најдобар во германското првенство и неговиот стил на игра многу би одговарал на Барселона затоа што е технички одлично поткован и исклучително силен во нападот. КЛАУС БО ЛАРСЕН (СУДИЈА): Пред натпреварот со Ливерпул ми дојде претставникот на Челзи и ми рече: "Клаус Бо, сети се дека во нашиот тим постојат некои фудбалери со жолти картони. Не би биле среќни ако добијат и втор. Таму имаше и луѓе од Ливерпул и јас реков дека ако некој заслужи, ќе добие картон. ЧАВИ (БАРСЕЛОНА): Задоволен сум од тоа како играме, но и од работната етика на сите во екипата. Сакаме да го диктираме темпото, да го водиме натпреварот и затоа мислам дека нема да имаме проблеми во Минхен. Сигурен сум дека нема да се браниме, ќе одиме повторно на победа. МИКАЕЛ ЕСЈЕН (ЧЕЛЗИ): Ливерпул ја освои Лигата на шампионите во 2005 година откако надополни три гола негатива за само едно полувреме. Сега е слична ситуацијата иако се игра на наш терен, но мора да бидеме внимателни и да не дозволиме да не понесе еуфоријата. ЈУБИЛЕЈ Еден од најискусните во тимот на Ливерпул и производ на школата на овој клуб, Џејми Карагер денеска ќе го одигра 75. натпревар во Лигата на шампионите. Дебитираше во сезоната 2000/01 со само 22 години во дуелот со Боависта на Енфилд и оттогаш стана еден од најстандардните фудбалери на "црвените". Карагер е првиот играч на Ливерпул со над 100 натпревари во европските купови, а тој јубилеј го прослави на "Џузепе Меаца" во Милано против Интер минатата сезона. Карагер ќе се обиде да стане само 12. фудбалер во историјата на Ливерпул со над 500 настапи во црвениот дрес имајќи предвид дека досега одиграл 386. к*рИОЗИТЕТ Главниот судија на натпреварот во Минхен, Роберто Росети, по третпат ќе и суди на Барселона во Лигата на шампионите и по трет против германска екипа. Првиот меч беше против Вердер во Бремен на 27 септември 2006 година кога се повреди Самуел Ето и мораше да паузира пет месеци, а дуелот заврши 1:1. Вториот беше со Шалке во ланското четвртфинале на Ноу Камп и тогаш Барса победи со 1:0, доволно да се пласира во полуфиналето каде доживеа елиминација од Манчестер Јунајтед. Еден од најдобрите европски судии никогаш досега не водел официјален натпревар на Баерн Минхен. |
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
Lady Blue
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8431 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ubava utakmica vecerva ..... samo poveke vakvi ....
|
|
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
jackie
Нов член Регистриран: 14.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
AJDE MANCHESTER UTRE CVRC NA PORTO I KE ODIME U FINALE E TAMU JA SAKAM BARSA PA DA VIDIME KOJ E KOJ NE TAMU U ESPANA MI REDI UTAKMICI SO REAL, E SEGA DA TE VIDAM
|
|
Lady Blue
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8431 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Урнебес на Стемфорд Бриџ, хепи-енд за Челзи
Одамна љубителите на фудбалот немале можност да гледаат таков натпревар како оној вчера на Стемфорд Бриџ. Челзи и Ливерпул постигнаа вкупно осум гола, по четири на двете страни, но ги собраа симпатиите на сите оние кои вчера беа неутрални и кои навиваа за фудбалот. И токму тие беа најголемите победници од пресметката за која уште долго ќе се раскажува и сигурно ќе остане запаметена како една од најинтересните, најефикасните и воопшто најатрактивните во Лигата на шампионите од нејзиното формирање пред 17 години. Самото движење на резултатот покажува колку беше вчера интересно во главниот град на Англија. Ливерпул водеше со 2:0, па Челзи го направи првиот пресврт за 3:2, на десетина минути пред крајот и втор пресврт и тоа со два гола за краток период, сега за 4:3 за гостинскиот тим за точка на прекрасниот натпревар да стави еден од најискусните и фудбалери со најдолг стаж во тимот на Челзи, Френк Лампард со прекрасен гол во последните моменти од регуларниот дел. Мал придонес за ваквиот развој на настаните имаат двајцата голмани Петр Чех и Пепе Реина кои ги почестија противниците со по еден гол по катастрофални реакции, но честитки за одличниот натпревар заслужуваат сите кои се појавија синоќа на Стемфорд Бриџ вклучувајќи ги и одличните стручњаци Рафа Бенитез и Гус Хидинк. Вреди да се спомне прекрасниот гол на Алекс од слободен удар, оној на Кујт за 3:4 и неколку извонредни акции на двете страни поради кои љубителите на фудбалот не можеа да земат здив во текот на сите 90 минути. Мечот се одигра без капитените на Челзи и Ливерпул, Џон Тери и Стивен Џерард и можеби на нив двајца им беше најтешко што не можат да помогнат во критичните моменти за нивните екипи. Се покажа дека Ливерпул двомечот го загуби на домашен терен минатата недела кога претрпе пораз од 3:1, ако не се случеше тоа веројатно ќе присуствувавме на уште поголема драматика кога станува збор за патникот во следната фаза од овој дуел. Челзи втора сезона по ред ќе игра во полуфиналето од Лигата на шампионите и со ваква игра може да очекува повторно да се појави во натпреварот за титулата кој ќе се одигра во Рим. Дури, предноста не ја задржа ниту до крајот бидејќи на средината од второто полувреме Кеита ја смести топката во мрежата на Бут откако доби повратна на работ од шеснаесетникот. Двете екипи играа речиси со своите најдобри состави, но свесни за крајниот исход, фудбалерите повеќе се штедеа за финишот од сезоната во која и Баерн и Барселона се борат за шампионските титули во своите национални првенства. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Европскиот првак со сите сили во напад
Актуелниот европски првак Манчестер Јунајтед мора да постигне барем еден гол на Драгао ако сака да се надева на пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите. Првиот натпревар на домашен терен против Порто заврши без победник, 2:2, па фудбалерите на Алекс Фергусон сега ќе мора со сите сили да нападнат и да се обидат да стигнат до она што не му успеало на ниеден англиски тим во минатото - да победи на гости кај португалскиот шампион. Двете тесни победи по ред во Премиер-лигата малку ја вратија самодовербата кај Манчестер Јунајтед, но факт е дека одбраната на "ѓаволите" сега е далеку послаба во однос на претходните месеци затоа што прими неверојатно многу голови. Фергусон се обиде во саботата против Сандерленд да одмори дел од фудбалерите, па во стартниот состав не се најдоа Ван дер Сар и Роналдо иако Португалецот мораше да влезе во игра во вториот дел. Некако најрасположен за игра во последно време е Вејн Руни, кој се запиша во листата на стрелците и на првиот меч против Порто на Олд Трафорд. Само десетина проценти се шансите денеска на Дргао да се појави стандардниот Рио Фердинанд, а неговото место, најверојатно, повторно ќе го заземе Џони Еванс, кој заедно со Видиќ ќе ја сочинува последната одбранбена линија. Со оглед на тоа што на Јунајтед му се потребни голови, нападот ќе го сочинуваат Роналдо, Бербатов и Руни. "Знаеме дека ќе ни биде многу тешко, но нема враќање назад. Сме поминале и потешки работи заедно и натпреварот во Порто ќе биде вистински тест за нашата сила и за тоа колку сме способни да ја одбраниме титулата", рече менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон. Интересно е тоа што во првиот тим тој не го најави Гигс иако тој во својата кариера одиграл голем број вакви натпревари, а и е одличен офанзивец кој може да креира опасни акции. Порто влезе како аутсајдер во овој двомеч, но има шанси повторно да излезе како победник како и во 2004 година. Единствената работа што му создава главоболки на тренерот Жезуалдо Фереира е неиграњето на стандардниот дефанзивец Фусиле, но Порто и така не смее да се брани против Јунајтед. "Резултатот од првиот меч е позитивен за нас, но има да се играат уште 90 минути. Ако сакаме да играме во полуфиналето мораме да бидеме внимателни затоа што Манчестер Јунајтед има огромен квалитет", рече Фереира. Во слична ситуација како Манчестер Јунајтед се наоѓа и Виљареал, кој исто така мора да постигне гол на Емирати за да се пласира во полуфиналето. Првиот натпревар против Арсенал заврши 1:1 и "топчиите" со реми без голови во реваншот уште еднаш ќе стигнат до полуфиналето од Лигата на шампионите. Виљареал никогаш досега не успеал да постигне гол на англиско тло во ова натпреварување, а атмосферата во тимот ја влоши оној неочекуван пораз од Малага во саботата во рамките на Примера како и повредата на најдобриот фудбалер Маркос Сена. Проблеми со повредени фудбалери има и Арсенал, како и цела сезона, бидејќи на Ел Мадригал минатиот вторник Венгер остана без Вилијам Галас (крај на сезоната) и голманот Мануел Алмуниа (две недели пауза). Сепак, Арсенал се наоѓа во фантастична форма за што е доказ одличната серија од пет победи во Премиер-лигата со која речиси сигурно обезбеди пласман во Лигата на шампионите и идната сезона. Арсенал и Виљареал играа меѓу себе и во 2006 година, тогаш во полуфиналето од Лигата на шампионите, и тогаш како вкупни победници излегоа "топчиите", кои подоцна играа во своето прво финале во ова натпреварување. "Го постигнавме тој толку важен гол на гости кој може да се покаже како клучен за нашиот натамошен пласман. Не верувам дека ние сме екипа која знае да игра на 0:0 затоа што во финишот од натпреварот таков резултат ме прави нервозен. Искрено, не очекувам тие да покажат некоја слабост, но затоа мислам дека ние сме способни да победиме и дома", изјави капитенот на Арсенал, Цеск Фабрегас. Победниците од овие два дуели ќе ја сочинуваат едната полуфинална ждрепка, а првиот натпревар ќе се игра на 28 април на Олд Трафорд или Драгао. ИЗЈАВИ КРИСТИЈАНО РОНАЛДО (МАНЧЕСТЕР Ј.): Ќе го победиме Порто затоа што Манчестер Јунајтед е подобар тим. Сигурен сум дека сме поквалитетни, но тоа не значи дека не ги респектираме. Целта ми е до крајот на сезоната да ги освоиме Премиер-лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите, а во тоа веруваат и моите соиграчи. ХАВИ ВЕНТА (ВИЉАРЕАЛ): Сега е моментот да го покажевме нашиот квалитет. На Емирати треба да атакуваме и да се обидеме да постигнеме гол уште од првата минута. Мислам дека тоа е добро за нас затоа што таква е фудбалската филозофија. Сите сме оптимисти дека можеме да дојдеме до полуфиналето. МАРИАНО ГОНЗАЛЕС (ПОРТО): Знам дека сега ќе ни биде многу потешко отколку во Манчестер бидејќи противникот мора да победи. Сепак, тие доаѓаат без Рио Фердинанд, а Кристијано Роналдо ќе биде под голем притисок од нашата публика. Ќе бидам задоволен и со реми без голови затоа што сите во екипата сонуваме за елиминација на Јунајтед. АРСЕН ВЕНГЕР (АРСЕНАЛ): Ни остануваат две шанси да стигнеме до трофеј во оваа сезона: ФА Купот и Премиер-лигата. За овие млади момци би било прекрасно кога би стигнале до еден таков голем успех затоа што покажаа дека се одлични фудбалери и дека им претстои прекрасна иднина. Заслужија со сето она што го покажаа сезонава како во првенството така и во Лигата на шампионите. Да не беа оние повреди, сигурно сега ќе бевме и со шанси во Премиер-лигата. ОВА СИГУРНО НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ - Португалскиот првак победил на седум од осумте дуели во европските купови откако ремизирал на првиот натпревар на гостински терен. Таков беше случајот и со Атлетико Мадрид во осминафиналето од ЛШ оваа сезона. - Манчестер Јунајтед има делумен ефект кога ремизирал на првиот натпревар на домашен терен во нокаут-фаза. Од осум меча, вкупен триумф оствари на четири, а најпознат од нив е оној против Јувентус во 1999 година во полуфиналето од ЛШ кога на Олд Трафорд беше 1:1, но во Торино англискиот тим победи со 3:2 и потоа стана европски првак. - Актуелниот шампион загубил на последните четири нокаут-дуели од Лигата на шампионите кога реваншот го играл како гостин. - Порто има најлоша одбрана од сите четвртфиналисти со 12 примени гола досега. - Арсенал е без пораз на 23 натпревари по ред на домашен терен во Лигата на шампионите. Екипата на Арсен Венгер не е совладана на Емирати, а последен кој успеа да ја победи е Челзи на Хајбери во април 2004 година. Во овие 23 натпревари, Арсенал примил само седум гола, ниеден на четирите средби сезонава. - Во оваа серија влегува и натпреварот против Виљареал од полуфиналето на ЛШ во сезоната 2005/06 кога "топчиите" славеа со 1:0. - Виљареал беше во слична ситуација во претходната фаза од Лигата на шампионите. На домашен терен одигра идентични 1:1 со Панатинаикос, но победи во Атина со 2:1 и обезбеди натамошен пласман. - Арсенал има само 13 постигнати голови, најмалку од четвртфиналистите, но идентично колку и Виљареал, Порто и Манчестер Јунајтед. ЈУБИЛЕЈ Тогоанскиот репрезентативец Емануел Адебајор вечерва ќе го одигра 50. натпревар во европските натпреварувања. Почна во тимот на Монако со кого во сезоната 2003/04 неочекувано стигна до финалето совладувајќи ги на патот дотаму Реал Мадрид и Челзи, но тогаш имаше мала минутажа затоа што клубот од малото кнежевство беше полн со ѕвезди. Својата афирмација ја доживеа во Арсенал каде настапува веќе четврта година, а сезонава е најдобар стрелец на тимот во ова натпреварување со пет гола, вклучувајќи го и оној против Виљареал во првиот натпревар на Ел Мадригал минатата недела. к*рИОЗИТЕТ Порто никогаш порано на 11 натпревари против англиски екипи не загубил на домашен терен. Шест од нив се одиграле на Драгао меѓу кои и последниот против Манчестер Јунајтед во 2004 година кој заврши со победа на Порто од 2:1 за потоа во реваншот португалскиот тим да се избори за 1:1 и на крајот од сезоната да ја освои втората европска титула. Интересно е и тоа што Манчестер Јунајтед трипати гостувал кај Порто, но ниеднаш досега не успеал да излезе како победник. Ако продолжи оваа традиција, актуелниот првак ќе биде елиминиран во четвртфиналето од овосезонската Лига на шампиони. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vcera Chelsea - Liverpool mnogu jaka utakmica bese
|
|
|
|
Anarchy
Сениор Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одбраната го мачи Венгер, Фергусон сигурен во победата
Повредите оваа сезона постојано ги следат фудбалерите на Арсенал, па не ги заобиколија ниту пред реваншот од 1/4-финалето во Лигата на Шампионите. Изборот на Арсен Венгер кога се во прашање одбранбените фудбалери значително е намален, бидејќи лекарите соопштиле дека во среда на теренот нема да може да истрчаат Јохан Џуру и Гаел Клиши. Џуру на мечот против Виган го повреди коленото, Клиши поради повреда на грбот ќе отсуствува најмалку три недели, додека од порано е познато дека против Виљареал нема да игра Галас, за кого сезоната е завршена и голманот Мануел Алмунија, кој се повреди на првиот четвртфинален меч од ЛШ. Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон пак, смета дека реваншот со Порто ќе покаже со каков квалитет располага и дека ништо не може да го сопре кон полуфиналето. „Нема што да се анализира.Ќе одиме на победа, само така можеме да останеме и да ја браниме титулата. Нема никаква математика колку голови ни се потребни. Ние ќе излеземе да ја промениме историјата и да покажеме дека сме најдобри“, вели Фергусон. „Досега ниту еден англиски состав не успеал да слави на нивниот стадион, но јас верувам во моите фудбалери. Тие се чувствуваат сигурни“, потенцираше Шкотланѓанецот. На првиот меч на Островот од 1/4-финалето во ЛШ, актуелниот европски првак одигра изненадувачки нерешено 2:2, со претставникот на Португалија. Реваншот на Пиринеите е предвиден од 20.45 на стадионот Драгао. |
|
Lady Blue
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8431 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Da ama zatoa ova deneska bese ubistvo ..... Porto : Manchester Utd. ..... pa duri i italijanite igraat poubavo od ova sto go vidovme vecerva ..... A ocekuvav tolku mnogu .....
|
|
Anarchy
Сениор Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Манчестер и Арсенал во полуфиналето од Лигата на шампионите
Манчестер Јунајтед и Арсенал го заокружија полуфиналниот квартет во фудбалската Лига на шампионите, потврдувајќи ја Премиерлигашката доминација во елитната европска конк*ренција. Втора година по ред три англиски екипи се најдоа меѓу четирите најдобри. Бранителот на континенталната круна Манчестер славеше со 1:0 на гостувањето кај Порто, со феноменалниот погодок на Роналдо уште во 6. минута. Рано постигнатиот гол им овозможи на „Црвените ѓаволи“ со дефанзивна изведба до крајот да ја сочуваат минималната предност, што им беше сосема доволна по ремито 2:2 во првата средба на „Олд-трафорд“. Порто ќе станеше полуфиналист и со реми исход со еден даден гол, за таа цел со сите сили се обидуваше да погоди барем еднаш, но сепак не успеа да го избегне првиот домашен пораз од некоја англиска екипа воопшто досега. Вторпат во последните три години, Арсенал го елиминира Виљареал. Во 2006 во полуфиналето, а сега и едно коло порано. На „Емирати“ беше супериорен, победувајќи со 3:0, откако на „Ел мадригал“ пред седум дена беше 1:1. Волкот го навести триумфот уште во 10. минута, а егзекуцијата беше комплетирана во продолжението. Адебајор зголеми на 2:0 точно по еден час игра, додека во 69. минута ван Перси од пенал ги постави конечните 3:0. Во полуфиналето Манчестер прво ќе игра дома, а потоа ќе му гостува на Арсенал, додека Барселона прво ќе го пречека Челзи, а потоа и ќе гостува на „Стемфорд-бриџ“. Термините се 28/29 април, односно 5/6 мај. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Продолжува англиската доминација
Манчестер Јунајтед ја урна непријатната традиција што ја имаа англиските екипи кога станува збор за гостувањата кај Порто. Актуелниот европски првак е првиот тим од Островот кој успеал да го победи Порто на негов терен и со тоа делумно се одмазди за елиминацијата во осминафиналето од Лигата на шампионите во 2004 година. За да го направи тоа, на Јунајтед му беше потребен еден потег, еден блескав момент на најдобриот фудбалер за 2009 година - Кристијано Роналдо и трета година по ред да игра во полуфиналето од Лигата на шампионите. Многу поважно за Алекс Фергусон и неговите момци е тоа што и натаму остануваат во игра за сите пет трофеи сезонава и имаат можност да влезат во историјата на Лигата на шампионите како прва екипа која ја одбранила титулата во ова натпреварување од нејзиното формирање пред 17 години. Натпреварот во Порто беше чиста спротивност на она што се случуваше пред три дена на Стемфорд Бриџ. Малку фудбалска убавина, за што "вина" има рано постигнатиот гол на гостинскиот тим по што Манчестер Јунајтед цел натпревар успеа да ја сочува минималната предност и да излезе како вкупен победник. Порто само неколку пати се закани, но јасно беше дека нема сили да дојде до израмнување кое ќе го однесеше во полуфиналето од Лигата на шампионите, прв пат по последната освоена титула во 2004 година. Пред Манчестер Јунајтед е доста тежок период во кој мора прво да избори пласман во финалето од ФА Купот, потоа да ја задржи предноста пред Ливерпул во Премиер-лигата, а на крај да го елиминира Арсенал и да обезбеди уште едно финале во Лигата на шампионите. Арсенал доста излезе на крај со Виљареал и со тоа само ја потврди одличната форма во последните два месеци. "Топчиите" играат најдобро пред крајот на сезоната и се лажат оние кои ги отпишуваат во дуелот со актуелниот европски и англиски првак Манчестер Јунајтед во полуфиналето. Дури, може да се каже дека младите фудбалери на Арсен Венгер сосема рутински излегоа на крај со далеку поискусните противници. Иако притисокот беше на страната на Виљареал, Арсенал доста офанзивно го почна натпреварот и по десет минути го отвори резултатот. Ебуе проигра со Фабрегас, Шпанецот го исфрли Волкот сам пред противничкиот голман, а младиот напаѓач рутинирано ја испрати топката во мрежата на Лопез. На Виљареал и натаму му беше потребен еден гол за да обезбеди полуфинале, но Арсенал не дозволи изненадување. Ја имаше контролата на теренот, а за доминацијата во текот на целиот натпревар зборува бројот на испратени удари, дури 16. Целата работа "топчиите" ја завршија во период од десетина минути на средината од второто полувреме. Прво, во 60. минута Робин ван Перси мошне мудро го проигра Адебајор кој зголеми на 2:0, а холандскиот репрезентативец девет минути подоцна погоди од белата точка по стартот над Волкот при што црвен картон заради протести заработи и Егурен. Тука беше крај на сите надежи на Виљареал дека ќе може да направи изненадување, па втор пат во период од три години поради Арсенал го завршува својот пат во Лигата на шампионите. Уште полошо за шпанскиот тим е тоа што и натаму нема постигнат гол како гостин против англиски екипи. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Champions League
Prvata Utakmica April 28 20:45 Barcelona ? - ? Chelsea April 29 20:45 Manchester U. ? - ? Arsenal Vtorata Utakmica May 5 20:45 Arsenal ? - ? Manchester U. May 6 20:45 Chelsea ? - ? Barcelona |
|
|
|
Внеси реплика | страница <1 1617181920 43> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |