Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Јули.2015 во 19:29 |
Досега најмоќниот природен антибиотик кој можете да го направите сами
Најдобриот начин да се заштитите од болестите е силниот имунитет. За да имате силен одбранбен механизам, потребно е да се исхранувате здраво, но можете да се послужите и со мали трикови. Топло ви препорачуваме да го испробате следниот напиток, кој докажано го заканува имунитетот и го подобрува целокупното здравје на организмот. Потребни состојки:- 700 мл јаболков оцет
- ¼ шолја ситно исечкан лук
- ¼ шолја ситно исечкан кромид
- 2 свежи лути пиперки (најлутите што можете да ги најдете)
- ¼ шолја рендан ѓумбир
- 2 лажици рендан рен
- 2 лажици зачин К*ркума
Подготовка
Сите состојки, освен оцетот, добро помешајте ги во чинија, а потоа ставете ја смесата во поголема тегла. Прелијте ја содржината со оцет, затворете ја теглата и добро помешајте.
Најдобро би било две третини од теглата да ги наполните со смесата, а остатокот да го прелиете. Држете ја теглата на суво и ладно место 2 недели, а по нивното изминување, процедете ја смесата низ газа.
Дозирање
Само една лажица од овој напиток на ден е доволна да го подобри вашиот имунитет. Но, бидете внимателни бидејќи истиот е прилично лут. Пред употреба на овој напиток консултирајте се со вашиот лекар.
Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:08
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Август.2015 во 14:43 |
Најдобрите природни лекови за чистење на белите дробови
За оние кои патат од алергија, астма и други проблеми со дишењето, одлична помош се лековитите билки. Д-р Мишел Кук, авторка на книгата „The 4 Week Ultimate Body Detox Plan“, препорачува да користете седум лековити билки кои ќе ви го олеснат дишењето.
Подбел
Подбелот е неверојатна билка за растопување на слузот во бронхиите и белите дробови. Ги штити и ги смирува мукозните мембрани и ја ублажува кашлицата, па е одлично средство за лечење на засипнатост, бронхитис, воспаление и бронхијална астма.
Жолт оман
Коренот на оваа билка помага при уништување на штетните бактерии, ублажување на кашлицата, исфрлање на слуз и намалување на стомачните проблеми. Во дишниот систем, потполно ја намалува грозницата која би можела да биде присутна доколку се борите против инфекции и излачување на токсините преку потење. Може да се користи само една мала лажичка во вода или во чај и тоа до три пати дневно.
Мачина трева (очајница)
Сувите листови на оваа билка имаат најмногу лековити својства. Ги опушта мускулите и белите дробови и го потикнува излачувањето на слуз. Делува против бронхијалните грчеви и кашлицата. Благодарение на својата горчливост, добра е и за стомачните проблеми. Го стимулира лачењето на жолчката, а со тоа помага и при чистење на дигестивниот тракт.
Лобелија
Лобелијата е неверојатна билка која делува ефикасно против кашлицата, инфекциите, бронхијалната астма и исфрлање на слузот. Помага при ублажување на грчевите за време на бронхитис и е корисна за асмичарите. Ова е многу јака билка и треба да се користи внимателно, па затоа следете ги упатствата за препорачаната доза и начинот на консумирање.
Медуница
Медуницата ги отстранува слузниците на горните дишни патишра, носот, грлото и горните бронхии. Помага при ублажување на слузот на дишните патишта и ја намалува кашлицата. Сварете една до две лажички сува билка со една шолја вода и пијте го овој чај три пати на ден.
Дивизма
Листот и цвеќето на оваа билка ги смирува слузницата на респираторниот тракт и го чисти вишокот. Ги намалува воспаленијата и болката, вклучувајќи и носните слузници и бронхитот. Делотворна е и за чистење на уринарниот тракт.
Волчји трн
Волчјиот трн е познат по големите количини на витамин С и лечи астма, хронична кашлица, други нарушувања при дишењето и кожни болести. Во последно време се почесто се спомнува за намалување на телесната тежина, па дури и за излекување на ракот.
Но, запаметите дека пред земање на лековита билка, добро проверете го изворот и држете се до упатствата.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Септември.2015 во 16:27 |
Бабини рецепти со супер моќниот кромид
Нашите мајки и баби многу добро знаат дека нема подобар лек од природниот. Една супер моќна намирница, која се користи отсекогаш во природната медицина е кромидот. Еве неколку негови намени кои веројатно не ги знаете Болка во ушитеБолката во ушите е многу непријатна појава, но со помош на кромидот можете да се ослободите од истата за многу кратко време. Исцедете го сокот од кромидот и малку загрејте го. Неколку капки ставете во болното уво а потоа лежете на спротивната страна од увото кое ве боли. После 5, 10 минути увото измијте го со млака вода. Третманот повторете го 2 пати дневно. МигренаДоколку ве мачи мигрена, применета ја истата постапка за болка во ушите пред да си легнете, или пак само ставете парче кромид во ушите и оставете го да седи преку ноќ.
За симнување температура
Ова е иделано средство за деца. Доколку вашето дете има висока температура, исечкајте го кромидот на кругчиња и натопете ги во јаболков оцет. Потоа ставете ги на стопалата и ушите на детето. Ќе забележите дека жариштете ќе исчезне многу брзо.
Лекување на кашлица
Сокот од кромид е многу ефикасен природен сируп против кашлица, кој можете да го направите по следниот рецепт:
Состојки: 1 главица кромид и 2-3 лажици природен мед.
Подготовка: Изберете добра и здрава главица кромид со средна големина. Исчистете ја и исечете ја, па потоа ставете ја во длабока чинија и прелијте ја со мед. Чинијата покријте ја со тацна или со фолија и оставете да отстои на собна температура преку ноќ.
Следниот ден процедете ја смесата низ густа газа или цедалка. Течноста што ќе ја добиете ви е доза за еден ден.
Земајте по една лажица од добиениот сируп на секои 2 часа, а можете и почесто. Сигурно после кратко време ќе почувствувате дека дишете полесно и набрзо ќе почнете да искашлувате.
Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:08
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Септември.2015 во 16:13 |
Домашен ефикасен лек за зглобовите и коските
Научниците нагласуваат дека големо влијание на појавата на болки во грбот, нозете и зглобовите има неправилното држење на телото. Покрај подобрување на држењето, што е промена број еден која мора да ја направите, ви претставуваме рецепт за ефикасен домашен лек кој ги обновува коските, зглобовите и тетивите. Доколку патите од постојани болки во грбот, зглобовите, нозете и вратот, тогаш овој третман кој трае 7 дена, е идеален за вас! ПостапкаПотребни ќе ви бидат 150 грама желатин за јадење – истиот можете да го пронајдете во било која продавница. Во вечерните часови помешајте две полни лажици желатин со 50 милилитри ладна вода и оставете да преноќи на собна температура. Желатинот ќе се претвори во желе. Наутро помешајте ја смесата со нешто што најмногу ви одговара (сок, млеко, јогурт, овошен шејк или чај) и испијте ја. Повторете ја постапката 7 последователни дена. Ефекти
Желатинот помага за смирување на болките во грбот, зглобовите, нозете и вратот, па после овој третман кој трае 7 дена, состојбата значително ќе ви се подобри.
Доколку ви одговара, продолжете го третманот месец дена и после половина година повторете го пак. На овој начин ќе го вратите природното „подмачкување“ на зглобовите.
Зошто е желатинот толку добар за зглобовите?
Желатинот е производ со природно потекло. Се добива со процес на преработка на коски, ткива и рскавици од крупни животни. Пролинот и хидроксипролинот се моќни аминокиселини, кои се наоѓаат во желатинот, а кои го стимулираат растот и ја подобруваат структурата на сврзното ткиво, што е неопходно во лекувањето на слабите зглобови и коски.
Желатинот е висококвалитетен лек и пружа широк спектар на следните здравствени предности:
- Ги зајакнува зглобовите и срцето
- Го забрзува метаболизмот
- Ги подобрува менталните способности
- Го подобрува тенот
- Пружа еластичност, ги зајакнува тетивите и лигаментите
- Спречува развој на остеопороза и остеоартритис
- Ја подобрува кожата и структурата на косата
- Моќен ефект во лекување на дисплазија
Овој третман ќе ги елиминира болката и вкочанетоста во рок од 7 дена, а за еден месец ќе се чувствувате многу подобро бидејќи болката во потполност ќе исчезне.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Октомври.2015 во 11:57 |
ДОМАШЕН ЛЕК ПРОТИВ БРОНХИТИС ОД БАНАНА И ТОПЛА ВОДАУште еден лековит марифет кој проверено делува против кашлица и бронхитис е кремата од банана. Особено делотворна е кај децата, но помага и за возрасни. Вкусна е, здрава и многу хранлива. Згора на тоа, благотворно делува и на желудникот. Состојки: – 2 средно големи, зрели банани (најдобри се оние со кафени дамки) – 2 лажици шеќер или мед – 400 милилитри вода што врие Подготовката е многу едноставна: Излупете ги бананите и добро изгмечете ги со вилушка. Додајте шеќер и добро промешајте. Прелијте ја смесата со водата што врие, поклопете го садот и оставете ја да отстои 30-тина минути. Ако користите мед, додајте го на крај, откако смесата ќе се олади (медот ги губи својствата на високи температури). Можете, но и не морате да ја процедите смесата низ пластична цедилка. Лекот е готов и спремен за употреба.
Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:08
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Октомври.2015 во 15:24 |
Со само три состојки исфрлете камен од бубрегот за шест дена!На природен начин, за само шест дена исфрлете го камнот од бубрезите но и остатоците од песок. Еден човек на социјалните мрежи го сподели своето искуство со овој рецепт: “Јас го исфрлив каменот од бубрегот малку поголем од зрно пченица”. Состојки: * 100мл сок од лимон * 100мл маслиново масло ( екстра девствено) * 100мл пиво Сите состојки измашајте ги во шише и пијте наутро на празен стомак по 50мл. Протресете го шишето пред употреба. За шест дена каменот ќе се подвижи, а песокот за три до четири дена. НАПОМЕНА: Сокот од лимон нужно мора да биде од цеден лимон, а треба да се обрне внимание и на големината на каменот. Доколку е поголем од 15мм, овој рецепт ќе го поттикне, но потоа може да направите проблем за врме на исфрлувањето низ тесните канали.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Ноември.2015 во 08:27 |
Против грип и настинка: Домашен лек готов за 5 минути
На нашето тело несомнено најмногу му пријаат природните намирници, во кои се кријат бројни рецепти за здрав живот и младешки изглед. Во продолжение ви претставуваме рецепт со кој можете да ги победите вирусите и настинките, да ја вратите енергијата и да го подмладите организмот.
Елискир на доброто здравје
Потребни состојки:
- малку ленено масло
- еден лимон
- мед по желба
- главица лук
Подготовка:
Добро измијте го лимонот и излупете го, заедно со лукот. Ставете ги во блендер и додадете малку масло од ленено семе и мед по желба (во зависност од тоа колку благ вкус сакате), па сето тоа добро измиксајте го. Мешавината ставете ја во стаклен сад и чувајте ја во фрижидер.
Примена:
Секој ден консумирајте по една лажица, половина час пред секој оброк (појадок, ручек и вечера).
Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:09
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Ноември.2015 во 08:33 |
ЗАБОРАВЕТЕ НА НАСТИНКАТА И БОЛКИТЕ ВО ГРЛОТО – ПОДГОТВЕТЕ ГО ОВОЈ ЧАЈСезоната на настинка веќе започна, па многумина размислуваат како на природен начин да ги спречат и победат кивавицата, болката и пецкањето во грлото. Експертите советуваат дека од сите традиционални лековити средтва најделотворен е чајот од жалфија, со кој повеќе пати во текот на денот се испира грлото. Пожелно е истовремено вратот да биде завиткан со шал или марама. Помагаат и бомбончињата на база на жалфија, како и поголемото количество на течности. Но, доколку телесната температура е повисока од 38,5 степени и трае подолго од три дена задолжително побарајте лекарска помош. Индикација за посета на лекар е и појавата на белите наслаги на крајниците. Овој симптом може да биде сигнал за ангина, која бара терапија.
Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:09
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Ноември.2015 во 18:20 |
ДОМАШЕН СИРУП ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КРВНАТА СЛИКАЗа да ја подобрите крвната слика, овој сируп доволно е да го консумирате два пати годишно. Ако сте малаксани, чувствувате замор, време е да ја проверите крвната слика. Но, пред да отидете на лекар, обидете се на природен начин да ја подобрите општата состојба и крвната слика. Подответе го следниот сируп. Потребно: ● 1 кг.цвеко ● 1/2 кг.моркови ● сок од еден лимон ● 2-3 портокали ● 2 кисели јаболки ● 1 тегла мед Подготовка: ● Цвеклото, морковот и јаболките излупете ги, исечете ги на помали парчиња, ставете ги во соковник и направете сок. ● Од лимонот и портокалот рачно процедете сок и помешајте го со претходниот. На крај додајте тегла мед, најдобро ливадски, затоа што е најлековит. ● Измешајте добро додека медот да се соедини со сокот. Количината портокали може дабиде и поголема, затоа што тие се додаваат воглавно поради мирисот и вкусот. Готовиот сируп сипете го во стаклено шише. ● Ќе добиете околу 1,2 или 2 литри сируп, што е доволно за 15-20 дена. Од сирупот пијте секое утро на празен желудник, додека да ја потрошите целата количина.
Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:09
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Јануари.2016 во 13:27 |
Направете си природен лек против грип и настинки!Ви претставуваме еден природен рецепт со кој можете да ги победите вирусите и настинките и да си ја вратите потребната енергија. Потребни состојки: ленено масло лимон мед главица лук Начин на подготовка: Најпрво лимунот го миеме и го лупиме во комбинација со лукот, а потоа ги ставаме во блендер и додаваме малку масло од ленено семе и мед по желба. Потоа оваа смеса треба убаво да се соедини, а откако ќе се направи тоа во блендерот, сместа ја ставаме во стаклен сад и ја чуваме во фрижидер. Начин на користење: Овој природен лек се конзумира секој ден по една лажица, половина час пред секој оброк, значи пред појадок, ручек и вечера. Резултатите ќе ги почуствувате уште во првата недела од користењето, а овој микс е добар за овој период од годината кога настинките и групот се најчести.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Јули.2016 во 08:59 |
Само две состојки и болката исчезнува
Понекогаш лекот е пет пари како што народот милува да каже, но е потребно некој да ни го открие.
Кога имате болки во колената предизвикани од долго одење или стоење, обидете се да го решите проблемот со еден стар народски лек, што се состои од само 2 состојки. За него ќе ви бидат потребни јаболков оцет и сол. Овие две состојки треба да ги растворите така што ќе помешате 2-3 шолји оцет во една шолја сол. Оваа смеса нанесете ја на парче газа кое потоа ќе го замотате на болното колено и ќе оставите да дејствува преку ноќ. Процедурата треба да ја повторите 5 ноќи по ред за да ги добиете посакуваните резултати, односно губење на болката.
Ако и по овој лек, сè уште имате болка во коленото обратете се на лекар.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
annaja
Сениор
Регистриран: 21.Април.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 531
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Јануари.2018 во 17:53 |
Чај за намалена функција на белите дробови!?
|
|