![]() |
|
Евреите и христијаните заедно! |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 16171819> |
Автор | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
aladin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Нобеловецот Ели Визел прогласен за прв македонски амбасадор на добра волја
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
aladin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Просветни прилики на Евреите во Македонија
|
Управата
на општината била
|
||
Претседател | Јосиф Х. Арије | |
П. претседател | Елиезер Наваро | |
Секретар | Јосиф Рубенковиќ | |
Благајник | Тихомир Јоковиќ | |
Свештеници | ||
|
главен
|
Моша Адроки |
|
свештеник
|
Моша Бехар |
|
Јосиф Хајим | |
Леви Менахем | ||
Вероучител | Јосиф Битрам |
Членови во општината по занимање има: | |
Трговци |
336
|
Занаетчии |
92
|
Лекари |
2
|
Адвокати |
1
|
Државни и опш. службеници |
9
|
Служители |
30
|
Аптекари |
3
|
Банкари |
1
|
Приватни чиновници |
84
|
Други занимања |
29
|
Без занимања |
13
|
Ученици |
486 |
Др.-Рафаел Леви |
Скопје,
Депортиран во Треблинка.
од лево кон десно втор |
|
|
Јаков
Мушон Леви од Штип
(брат на Хаим Леви), со невестата Џилда Јаков Леви од Скопје
Заминува во Скопје каде работи како службеник.
Во војната како мобилизиран војник загинува на фронтот
фото: 28 февруари 1937 година
Аллба Нисим |
Скопје,
Сега живее во Израел. |
|
|
Исак Сион |
Штип,
Единствен
штипски Евреин кој на 11 март 1943 година успеа да узбега од депортацијата |
|
|
Јудаизмот настанал
во оној дел на светот каде се јавиле низа духовни покрети со кои се сакало луѓето
да се спасат за вечен живот. Јудејството ја поставило религијата на највисоко
ниво; таа го заменила традиционалниот политеизам во вера во еден бог, бог на
правдата, чии захтеви за човекова совршеност брзо откриле дека во нив има многу
богати духовни чуства за човекот и со тие барања човештвото е упатено кон прогрес.
Јудаизмот во историсксото значење на зборот е религија која ја исповеда Еврејскиот
народ т.е. оние кои по историско предание се сматраат за потомци на старите
Хебреи а поодредено, потомци на Израелитите населени во 2 милениум пне. во земјата
Канан на обалата на реката Јордан и во западните предели на Мртво море. Основен
извор на јудаизмот е канонизирана збирка од дваесет и четири книги на хебрејската
библија (која христијаните ја нарекуваат Стар завет), а нарочито првите пет
книги на библијата, кои ја содржат петокнижието Pentateuh или како го викаат
Евреите Тора што значи “учење“). Тие пет книги ги содржат десетте заповести
што бог ги дал на Мојсие. Јудејството како религија нема догми. Монотеистичката
вера и љубов спрема Бог е уште од времето на Тора чија суштина е Мојсиевската
вера. Јудејството по својот карактер е нормативна и практична религија, која
по проценка на Талмудот (материјал за изучување) на својот верник му препишува
613 постапки и забрани, од кои позитивни се 248 (оние кои се вршат во разни
животни ситуации) и негативни забрани 365 (тоа се забрани и прописи во уздржување
на некои постапки).
Талмудот човекот го смета за најголема религиозна вредност. Ако човекот се најде
во некоја опасност, тогаш дозволено е да се прекрши некој закон, освен три Мојсиеви
прописи: забрана за убиство, забрана за прељуба (инцест) и забрана за повреда
на идолите. Од ова следи дека по талмудското знаење, битни начела на верата
се: почитување на животот, личноста на човекот и вера во еден бог.
Со населувањето на Евреите во Македонаија и прогоните против нив, довело до
идеолошко раздвижување меѓу самите Евреи. Ваквото раздвижување се јавило како
нетрпеливоста кон римската империја за еврејската религија која немала класни
елементи.
Во еврејската религија во јудаизмот се појавиле три секти: седуксите, претставници
на најбогатите слоеви кои барале отворена соработка со Римјаните, Зелотите,
коик потекнуваат од најсиромашни слоеви и проповедале доаѓање на божји пратеник
- месија кој го замислувале како војнички и народен водач и во таа смисла започнале
востание кое трагично завршило за нив, и трети биле есените, од најсиромашните
плебејски маси. Тие уште повеќе го нагласиле моралниот елемент во јудизмот,
тенденција кон општествена правда и единственост, а својот месија го замислувале
како морален избавител. Тие проповедале целосна општествена еднаквост, живееле
во примитивен комунизам и аскетизам, но не во благосостојба туку во сиромаштија.
Со своите проповеди постепено прераснале во посебна секта и биле предвесници
на христијанството. Така есените од секта на јудаизмот преминале во религија,
а потоа и во државна религија - христијанство. Крупен чекор од секта кон религија
направил апостол Павле кој се смета за идеолог и основач на христијанството.
Павле одел во многу градови, особено таму каде имало Евреи и вршел проповеди,
проповедајќи ја новата религија. Тој патува и во Македонија и држел проповеди
во синагогата во Солун. Отпорот на луѓето се стишил и христијанството почнало
брзо да се шири. Меѓутоа се до 325 година до Нихејскиот собир според Мојсиевото
Петокнижие, саботата била неработна и за Евреите и за Христијаните. Тогаш се
донела одлука христијаните да не работат во недела, денот кога според верувањето
воскреснал христос. На овој собир дефинитивно христијанството се одделило од
јудаизмот, а потоа станало легално и државна вера во Рим и на наследниците на
Рим. Меѓутоа, понатаму во својот развој христијанството ги губи првобитните
револуционерни идеи и привлечност, а изедначеноста меѓу робовите и робовладетелите
се пренела во задгробен живот. Се потиснувал стариот завет а поголема важност
се давала на новиот завет.
Во 9 век се ширеле разни идеи за месијанство, во Солун, пак дека е дојдено времето
дека на земјата ќе дојде божји пратеник и ќе ги спаси од сите маки.
Во времето на 1 крстосна војна, Евреите разочарани и исплашени барале утеха
во месијанството. Бидејќи не се појавувал никаков месија, тие во момент на разочарување
го напуштаат јудаизмот.
![]() deshad imash opomena za spamiranje, postiranje komentari koi ne se povrzani so temata i za shirenje megjuverska netrpelivost na ovoj forum. |
... Особено внимание
заслужува Еврејскиот хор во Скопје, со кој раководеше прочуениот диригент господин
Шијачки. Хорот беше квалитетен и имаше посебно важна улога во културниот
живот на Скопје. За време на поважни празници или прослави пееше и во синсгогата
религиозни состави од познати композитори Евреи. Хорот со ивесна надомест пееше
и на свадби и на други свечености. Покрај еврејскиот хор активен беше и хорот
на учениците „Bijalik“, со кој диригираше особено талентираниот младинец Моис
Хасон.
Еврејскиот
клуб организираше разновидни добротворни акции, а понекогаш и забави што беа
доста посетени, со оглед на тоа дека скопските Евреи беа дружељубиви и сакаа
да се забавуваат. Во врска со приредбите треба да се истакне дека одделни
населби во кои имаше повеќе Евреи за време на спарните летни вечери спонтано
се организираа разни седенки и на кои се пееше, играше, свиреше, се кажуваа
вицеви и анегдоти. Во тоа време особено беа популарни стиховите кои се пееја
на одредена мелодија која се викаше „ој лагарио, лагарја“. Многу еврејски момчиња
беа вистински мајстори на пеењето и составувањето стихови. Па затоа и алузиите
на тие стихови силно и непогрешиво ги погодуваа луѓето и појавите на кои се
однесуваа, што предизвикуваше општо одобрување и смеа кај насобраната публика.
Скопските
Евреи беа мошне музикални ја сакаа песната и музиката особено ги сакаа романсите
со најразлична, најчесто романтична содржина. Повеќето од нив со шпанско или
мексиканско потекло, а најчесто плод на музичкиот гениј на сефардските Евреи.
Покрај овие романси често се пееја турски, грчки, српски и особено македонските
песни.
Од младинците
најпознат пеач во тоа време беше Ил Малхо кој знаеше голем број шпански
и мексикански песни што со радост ги пееше. Многу Евреи во Скопје свиреа на
различни инструменти. Немаше друштво од момчиња и девојчина во кое некој не
знаеше да свири на гитара, мандолина и виолина. Познати беа како одлични виолинисти
Саул Амариљо и Хаим Ноах. А како челист извонредниот Ељо Коен.
Во Скопје имаше и Евреи професионални музичари - „Los chalgidis“ кои свиреа
по куќите по повод домашните свечености.
Евреите беа
редовни посетители на народниот театар кој во тоа време даваше претстави на
завидно ниво. Треба да се истакне дека Евреите посебно ја сакаа комедијата така
што делата на Нушиќ им беа најпривлечни. Младината беше заинтересирана
за дела со социјална содржина. Најпосетена беше поставката на „Господа Глембаеви“
со Рашо Плаовиќ во улога на Леон. Често се посетуваа и кината.
...
Жамила Колономос
стр. 17
Женската
Организација WIZO работела покрај останатото на собирање на парични сретства,
организирање продајни изложби на рачни работи, лотарија, приредби и собирање
на материјални сретства, за помош на сиромашни девојки за нивно школување и
оспособување за работа. Оваа организација обавувала разгранета дејност за еманципација
на жените, описменување до современ начин на живот и семејството. Во 1936 год.
во Битола била спроведена акција меѓу жените за помош на шпанските борци за
слобода.
Од повеќето
културно-просветни младински организации кои ги опфаќале работничка и средношколска
младина, најзначајни биле „Хашомер Хацаир“, „Техелет лаван“ „Атехија“ и „Макаби“.
„Хашомер
Хацаир“ во Битола е основана во 1930 год. имало 400 членови на школска и
работничка младина. Одржувале предавања, имале богата библиотека и организирале
приредби, натпревари, спортски игри. Ја развивала работната способност и смислата
за колективен живот.
„Тахелет
Лаван“ во Битола е формирана во 1933 год. и имала окллу 300 члена. Поради културното
ниво на членовите, активностите на оваа организација биле усмерени на образовен
и културно-просветна активност и знаење од областа на земјоделството.
CANADIAN COUNCIL OF CHRISTIANS AND JEWS. - 1935-2008
Administrative History:
The Canadian Council of Christians and Jews began when several
people met in 1933 to discuss inter-racial relations. From a
small committee they eventually grew into an official
organization in 1947. Religiously motivated, the CCCJ's clerical,
educational and business community members aim to combat
anti-Semitism, promote inter-faith dialogue, bring different
ethnic groups together, and analyze, moderate and eliminate
prejudice. Based on similar groups in America and Britain, their
methods include folk and music festivals, student exchange
programs, lectures, films, workshops, dances, radio and
television spots, and the sponsoring of Brotherhood week. The
CCCJ has a human relations award, and publishes much educational
material for the school, business, youth, men's and women's
groups and labour-management organizations that it deals with.
Run with the help of volunteers, the CCCJ has chapters across
Canada, though it was started in Montreal and Toronto.
Внеси реплика ![]() |
страница <1 16171819> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |