IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 36>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2008 во 12:23

1742.- Во Лондон почина Едмунд Халеј, англиски астроном и геофизичар. Меѓу другото, прв откри дека ѕвездите се движат. Најмногу набљудувана и најпозната е според него наречената Халеова комета. Роден е во 1659 година.

1875.- Во Кајзерберг, Франција, е роден Алберт Швајцер, познат хуманист, лекар, филозоф, теолог и музичар. Од 1913 година работеше како лекар - мисионер во организирањето на здравствената служба во Екваторијална Африка. Во 1952 година ја доби Нобеловата награда за мир. Умре во Ламберане, денешен Габон, на 4 септември 1965 година.

1906.- Во Кавадарци е роден Васил Хаџиманов, македонски етномузиколог и педагог. Неговиот творечки опус е мошне богат. Меѓу најзначајните негови дела се вбројуваат "Зборникот на македонски народни песни", "Македонски борбени народни песни", "Македонски народни песни, Моми Тиквешанки". Умре во Скопје на 16 декември 1969 година.

1914.- Хенри Форд, „крал на американската автомобилска индустрија“, ја пушти во работа првата бескрајна производна лента. Тоа значеше пресвртница, бидејќи го забрза производството на автомобили и придонесе за големо намалување на нивната цена.

1943.- Во велешките касарни бугарските фашисти на најѕверски начин ги убија Благој Страчковски, народен херој на Југославија, од Македонија и Славе Петков, двајцата борци на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“.

1969.- Во СССР се лансирани во вселената бродовите "Сојуз-4" и "Сојуз-5" и за првпат во историјата е формирана експериментална вселенска станица и е остварено преминување на космонаутите од еден во друг вселенски брод.

1986.- Во Холивуд почина Дона Рид, американска филмска и телевизиска артистка. Во 1958 година ја доби наградата "Оскар" за улогата на девојката за забава во познатиот воен филм "Од овде до вечноста". Родена е во 1922 година.

1989.- На магинстралниот пат Охрид - Кичево, во близина на месноста Лавчанско Рачиште, во сообраќајна несреќа загина Цветанка Трпкова, долгогодишен член на Драмското судио на Радио Скопје, автор на повеќе драмски текстови, режисер и толкувач на улоги во голем број радио-драми и автор на две прозни книги. Родена е во Прилеп, во 1939 година.

1994.- Фудбалскиот сојуз на Македонија стана асоцијативен член на Европската фудбалска унија.

2000.- Почина Томислав Зографски, македонски музички творец, композитор, професор и публицист. Роден е во Велес, на 29 март 1934 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2008 во 10:46

1547.- Кнезот Иван Четврти, во историјата познат како Иван Грозни, во Москва е крунисан за руски цар. За време на неговото владеење посебно до израз дојдоа царскиот апсолутизам и централизација на земјата во која дотогаш големо значење имаа угледните семејства.

1581.- Англискиот парламент изгласа строги мерки против римокатолиците, зацврстувајќи ја превласта на националната англиканска црква.

1749.- Роден е италијанскиот писател Виторио Алфиери, патриотски поет и драмски писател. Завршил Воена академија во Торино, а потоа пропатувал низ повеќе европски држави. Дела: трагедиите „Саул“, „Орест“, „Марија Стјуарт“, „Филип“, „Клеопатра“, Антигона“, автобиографскиот акт „Животот на Виторио Алфиери“.

1778.- Франција ја призна независноста на САД кои водеа ослободителна војна против британското колонијално владеење. Во борбата на страната на Американците учествуваа неколку илјади Французи, меѓу кои и маркизот Ла Фаст, еден од најистакнатите воени соработници на Џорџ Вашингтон. Победата на САД и демократското уредување на новата држава имаше голем одек во Франција, каде што набрзо дојде до буржоаската револуција.

1794.- Умре англискиот историчар Едвард Гибон. Во делото „Паѓањето и пропаста на Римското царство“ ја опфатил историјата на Рим и Византија од вториот до 15. век.

1864.- Во настојувањето да ги приграби покраините Шлезвиг и Холштајн, германскиот канцелар Ото фон Бизмарк ја придоби дотогаш непријателска Виена. И двете сили ултимативно побараа од Данска да го укине штотуку изгласениот сутав кој ги зацврсти нејзините врски со овие две покраини. Во војната која многу набрзо изби Данците беа поразени, а спорните војводства и припаднаа на Прусија.

1920.- Во САД е воведена прохибиција на производството, на точењето и уживањето на алкохолни пијалоци. Оваа мерка не доведе до подобрување на општествените прилики, туку, напротив, лавината на корупцијата и на ганстерството доби уште поголем замав. Прохибицијата во 1933 година ја укина претседателот Франклин Рузвелт, отфрлајќи ја како штетна, утопистичка идеја.

1920.- Во Париз е одржан првиот состанок на Советот на Друштвото на народите, но без учество на САД, чиј претседател Вудро Вилсон значително придонесе во создавањето на меѓународната организација. Претходно амерканскиот сенат одби да го ратификува Версајскиот мировен договор склучен по Првата светска војна, со кој Вилсон беше дезавуиран, а САД трајно останаа надвор од Друштвото на народите.

1944.- Американскиот генерал Двајт Ајзенхауер во Втората светска војна беше назначен за главен командант на западните сојузнички сили. Од него истовремено беше побарано да го направи планот за отворање на вториот фронт во Западна Европа поради борбите против германските трупи.

1945.- Во Ардени со победа на сојузничките сили под команда на генералот Бернард Монтгомери и Омар Бредли, кои претходно ја приклештија германската дивизија, беше нанесен огромен пораз на Германците во Западнот фронт, со што беше уништен и последниот обид на Адолф Хитлер да го измени исходот на Втората светска војна.

1957.- Во Њујорк умре Артуро Тосканини, италијански оперски и симфониски диригент, еден од најпознатите диригенти на сите времиња. Роден е во Парма, на 25 март 1867 година.

1962.- Во САД умре Иван Мештровиќ, вајар, еден од најголемите светски уметници. Изработи голем број релјефи, фигури и портрети, како и многу други монументални споменици. Роден е во Врполе, на 15 август 1883 година.

1969.- Во центарот на Прага се самозапали чешкиот студент Јан Палах во знак на протест поради тоа што силите на Варшавскиот пакт ја окупираа Чехословачка,  во август 1968 година.   

1979.- Реза Пахлави под притисок на исламската теократија која ја презеде власта го напушти Иран.

1987.- Шефот на Комунистичката партија на Кина Ху Јаобанг поднесе оставка, прифаќајќи ја вината за политичките грешки кои предизвикаа студентски немири, а функцијата генерален секретар ја презеде Џао Цијанг.  

1991.- Силите предводени од САД во Заливската војна со масовни воздушни удари по воените и индустриските цели во Ирак и Кувајт ја почнаа операцијата „Пустинска луња“.

1991.- Во Белград умре Густав Влахов, првоборец, носител на "Партизанска споменица 1941" и општествено-политички работник.

1994.- Радикалниот црнечки Панафрикански Конгрес се откажа од вооружените борби три месеци во очи на првиот серасен избор во Јужна Африка.  

1996.- Одржано е Основачко собрание на партијата Македонска алијанса. Регистрирана е на 22 март 1996 година, а промовирана на 14 јуни 1996 година. За претседател на партијата е избран Ѓорѓија Атанасовски.

1997.- Во Скопје умре Олга Милосавлева, македонска балерина, кореограф и педагог. Родена е во 1935 година.

1998.- Во експлозија на метан во рудникот „Соко“ во Читлук кај Соко Бања загинаа 29 рудари.

2002.- Во ерупцијата на вулканот Њирагонго во Демократска Република Конго разоран е градот Гома при што загинаа најмалку 50, а по три дена во истиот град експлодира и бензинска пумпа која усмрти уште околу 100 луѓе.

2003.- Американскиот шатл „Колумбија“ го понесе во вселената првиот израелски астронаут. Леталото се распадна на 1 февруари при враќањето на Земјата при што никој од седумтемина во леталото не преживеа.

2004.- Уставниот суд на Шпанија ја забрани басијската сепаратистичка партија Батасуна, обвинувајќи ја за поврзаност со терористичката организација ЕТА. Батасуна е првата политичката партија забранета во Шпанија од 1975 година.

2006.- Елен Џонсон Серлиф положи заклетва како нов претседател на Либерија со што стана првата жена претседател на држава на Африканскиот континент.

2007.- Умре Рудолф Аугуст Еткер, „Кралот на пудингот“. Од фабриката за прашак за пециво создаде гигант каде вработи 23.000 луѓе и оствари огромни обрти. Во светот на бизнисот Еткер влезе во 1944 година, кога го наследи својот очув. Семејниот бизнис го прошири со производство на храна и пиво, потоа банкастрво и хемиска индустрија, хотелиерство, па и бродарство. Еткер беше и страствен собирач на антиквитети и уметнички дела. На својот роден на Билефелд му подари уметничка галерија.

2007.- Повеќе од 100 Ирачани загинаа, а преку 190 беа ранети во неколку одвоени напади во Багдад. Во експлозија на автомобил-бомба на влезот на универзитетот загинаа 65, а 110 беа ранети, повеќето студенти. Неколку минути подоцна бомбаш-самоубиец себе се дигна во воздух кај вториот влез на универзитетот додека луѓето бегаа од првата експлозија.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2008 во 12:01

395.- Умре византискиот (римски) цар Теодосие Први, наречен Теодосие Велики, кој владееше од 379 до 392 година, кога успеа да го обнови Царството во целосен обем. До смртта владееше со Рим како последен владетел на единствената империја.

1377.- Папата Григур Единаесетти од Авињон го врати средиштето на римокатоличките поглавари во Рим.

1706.- Шпанската престолнина од Мадрид е преместена во Ваљадолид. 

1706.- Во Бостон е роден Бенџамин Франклин, американски политичар и дипломат, работник, печатар, филозоф и државник, кој најмногу остана запаметен како пронаоѓач на громобранот. Умре во Филаделфија, на 17 април 1790 година.

1773.- Англискиот морепловец Џејмс Кук со бродот „Резолушн“ прв го премина Антартичкиот круг.

1820.- Родена е англиската писателка од ирско потекло Ана Бронте, најмладата од трите сестри писателки. Дела: романите „Агнес Греј“, „Станарката Вајлдфел Хол“.

1863.- Роден е Константин Сергеевич Алексеев, познат како Станиславски, руски режисер, актер и основач на Московскиот художествен театар, во кој го афирмира сценскиот реализам. Своите сфаќања, проверени низ практичната работа ги изложи во делата "Мојот живот во уметноста" и "Работата на актерот над себе". Умре на 7 август 1938 година.

1863.- Роден е англискиот државник Дејвид Лојд Џорџ, кој беше неколку пати премиер на Велика Британија. Во 1911 година ја ограничи власта на Горниот дом на Парламентот. Му припаѓал на левото крило на Либералната партија, а подоцна станал и нејзин шеф. Меѓу 1906 и 1911 година го втемелил англиското работничко законодавство: осумчасовна работа за потешките работи, системот на панзија, помош во случај на болест, повреди на работа и невработеност. Во надворешната политика значитело ги бранел интересите на британската империја и се залагал за силно ангажирање на европскиот контитнент во Првата светска војна, вклучувајќи го и отворањето на сојузничкиот фронт на Балканот. Беше еден од главните учесници на мировната конференција во Версај и значително влијаел на приликите во повоена Европа. Напишал мемоари „Дваесет и пет години“, во кои го опфатил периодот од 1892 до 1916 година.

1912.- Ескпедицијата на англискиот истражувач, поморскиот капетан Роберт Скот стигна на Јужниот пол, еден месец по експедицијата на Норвежанецот Руал Амундсен. Скот и преостанатите четворица членови на експедицијата умреа од глад и студ при враќањето од Јужниот пол.

1919.- Полскиот композитор Игнац Јан Падеревски, пијанист од светски глас, стана првиот претседател на владата на Полска, воспоставена по завршувањето на Првата светска војна. Успеал да го убеди претседателот на САД Вудро Вилсон во својот план од „14 точки“, кој стана основа на Версајскиот мировен договор, да ја внесе одредбата за независност на Полска.

1939.- Со учество на многу жандарми и војници во Велес беа задушени тридневните демонстрации на монополските работници и на другите граѓани. Демонстрациите имаа големо економско и политичко значење во тоа време.

1942.- Роден е американскиот боксер од африканско потекло Касијус Клеј, познат како Мухамед Али. Клеј е единствениот боксер кој трипати ја освои титулата светски првак во тешка категорија.

1944.- Сојузничките сили во Втората светска војна кај Монте Касино го почнаа пробивот на германската „Густавова линија“. Во жестоките борби на Апенините страдаа градот Касино и прастариот бенедиктски манастир, кој во 529 година го подигна основачот на римокатоличкиот ред Свети Бенедикт од Нурси. Монте Касино беше центар на Бенедиктскиот ред и средиште на пребогата архива, библиотека и ризница. Беше потполно разорен и уништен.

1945.- Црвената армија во Втората светска војна ја ослободи Варшава, која беше повеќе од пет години под германска окупација.

1953.- Во Скопје излезе првиот број на "Стопански весник", весник на Стопанската комора и стопанството на Македонија. Во почетокот се појави како орган на Трговската угостителска комора на НР Македонија. Од 1983 година излегува како ревија која стручно и аналитички ја третира стопанската проблематика во Македонија и светот. Од 1984 година се појавува со поднасловот: Ревија на Стопанската комора на Македонија.

1959.- Со создавањето на унијата на Република Сенегал и Француски Судан е донесена одлука за основање на федералната држава Мали. Одлуката стапи на сила во април во 1959 година. Денешна Мали одговара на територијата на поранешен Француски Судан бидејќи Сенегал се одвои веќе во август 1960 година.

1961.- По налог на Моис Чомбе, белите платеници го убија законскиот конгоански премиер Патрис Лумумба, творец на конгоанската независност и херој на "црна Африка".

1966.- Врз Шпанија се судрија американскиот бомбардер „В-52“ и теретен авион за снабдување со гориво, при што загинаа осум лица, а бомбардерот беше принуден во Атлантскиот океан да ја исфрли хидрогенската бомба, која не експлодира.

1986.- Во Скопје умре Станко Липша, оперски пејач, повеќе од три децении носител на баритонскиот репертоар на Операта при Македонскиот народен театар и долгогодишен вокален педагог. Дебитираше со ликот на Ескамилио во "Кармен", а последен пат на сцената настапи како Амонасро во "Аида". Речиси нема оперски пејач кој бил или е член на Операта при МНТ кој не поминал низ "студиото" на Липша. Роден е во Бакар, кај Задар, во Хрватска на 13 ноември 1915 година.

1991.- Американското воздухопловство и западните сојузници во Заливската војна во операцијата „Пустинска луња“ ги изведоа вториот и третиот бран на масовно бомбардирање на цели во Ирак и Кувајт кои беа под окупација на ирачката армија.

1994.- Во земјотрес во Лос Анѓелос загинаа 61 лице.

1995.- Во земјотресот кој зафати пошироко подрајче на јапонскиот град Кобе загинаа повеќе од 6.400 луѓе, а материјалната штета беше проценета на 85,5 милијарди долари.

1996.- Во Скопје и во Атина се отворени канцелариите за врски на Република Македонија и на Република Грција.

1997.- Во Даблин судот го прогласи првиот развод на брак во историјата на Ирска, врз основа на законот одобрен на референдум, на што жестоко се противела црквата (католичка).

1997.- Умре проф. Славко Поп Антовски, еден од основачите на Земјоделско - шумарскиот факултет во Скопје и негов прв декан. Роден е во Прилеп, во 1913 година.

1998.- Претседателот на САД Бил Клинтон беше принуден да, како прв шеф на државата во американската историја, сведочи во своја одбрана по повод обвинувањето од страна на Пол Џонс за сексуално вознемирување.

2001.- Во Скопје, во организација на телевизиската куќа БТР, излезе првиот број на весникот „Рома тајмс“, на македонски и на англиски јазик.

2002.- Умре шпанскиот писател Камило Хосе Села, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1989 година. Напишал околу 70 книги, вклучувајќи ги и романите „Семејството Паскал Дуарте“, „Кошничка“, „Тајниот речник“ и други.

2005.- Во старечки дом во предградие на Лос Анѓелес, умре Вирџинија Мајо, холивудска актерка, ѕвезда на голем број филмови од четириесеттите години на 20. век. Родена е во Сент Луис, во 1920 година.

2005.- Умре кинескиот политичар Џао Цијанг, поранешен генерален секретар на Комунистичката партија на Кина. Беше сменет во 1989 година поради спротивставувањето на насилното гушење на демонстрациите на плоштадот Тјенанмен.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2008 во 10:35

1535.- Шпанскиот освојувач Франциско Пизаро ја основа Лима, главен град на Перу.

1654.- Водачот на запорошките козаци хетман Богдан Хмељницки по победата над полската војска ја призна врховната власт на московскиот цар, со што Украина се обидини со Русија. Козачкото востание изби во 1648 година во кое набрзо се приклучија селаните, градското население и православното свештенство, кои беа огорчени од насилствата од Пољаците кои во Украина насилно го покатоличуваа населението.

1689.- Во Бордо е роден Шарл Луј Монтескје, еден од најголемите француски филозофско - политички писатели. Со Волтер, Русо и Дидро, е претходник на француската револуција. Во главното дело "Духот на законот" ја изнесува теоријата за поделба на законодавна, на извршна и на судска власт, која и денес е темел на западната парламентарна демократија. Умре во Париз, на 10 февруари 1755 година.

1778.- Англискиот морепловец Џемс Кук ги откри Хаваите.

1862.- Во Цариград, во полициската болница, умре Константин Миладинов, македонски поет, собирач на македонски народни песни и умотворби. По завршувањето на основното образование во Струга и гимназија во Јанина, во 1847 година стана учител во селото Трново, Битолско. На 14 октомври 1849 година се запиша на Филозовскиот факултет (филолошка група) во Атина. По завршувањето на студиите престојуваше во манастирот "Зограф" на Света Гора. По враќањето во Струга, стана учител во битолското село Магарево, а потоа во 1857 година се запиша и студираше словенска филологија во Москва, каде што членуваше во Словенскиот кружок и соработуваше во неговиот весник "Братски труд", како и во весникот "Дунавски лебед". На 24 јуни 1861 година во Загреб излезе Зборникот на народни песни и умотворби на браќата Димитрија и Константин Миладинови. Роден е во Струга, во 1830 година.

1871.- Прускиот крал Вилхелм Први во Версај, кај Париз, е прогласен  за прв цар на обединетото Германско царство. Под водството на канцеларот Ото фон Бизмарк Прусија ги обедини разните германски држави. Германија тогаш и го наметна мировниот договор на поразена Франција присвојувајќи ги од неа Алзас и Лорен (Лотаргингија).

1882.- Роден е англискиот писател Ален Александр Милн, автор на многу популарни романи за деца. Дела: романите „Кога бевме многу млади“, „Вини Пу“, „Куќата на Пуовиот агол“, „Сега сме шестмина“.

1886.- Роден е францускиот вајар и сликар од руско потекло Антоан Певзнер, еден од најистакнатите претставници на движењето на руските конструктивисти. Студирал во Киев и во Петроград, а во Франција емигрирал во 1923 година. Создавал во манир на апстрактен конструктивизам, но подоцна експериментирал со динамични спирални конструкции и ритмички развиени објекти.

1892.- Роден е американскиот филмски глумец, симпатичниот дебелко Оливер Норвел Харди кој заедно со Стен Лорел и сега ја засмејуваат публиката во целиот свет. Филмови: „Ние од Оксфорд“, „Двајца добри другари“ , „Голема работа“, „Нашата жена“, „На Дивиот запад“.

1904.- Роден е американскиот филмски глумец од англиско потекло Арчибалд Александер Лич, познат како Кери Грант, кој се истакна како врвен комичар во комедиите на Хаурад Хокс, но и како толкувач на карактерни улоги во филмови на Алфред Хичкок. Филмови: „Страотна вистина“, Само анѓелите имаат крилја“, „Филаделфиска приказна“, „Осомничен“, „Ден и ноќ“, „Мајмунски работи“, „Држете го крадецот!“, „Север-северозапад“ и други.

1913.- Роден е американскиот театарски и филмски глумец Дејвид Даниел Камински, познат како Дени Кеј, врвен комичар кој се ангажираше и во УНИЦЕФ, агенција на ОН за помош на децата. Филмови: „Чудо од човек“, „Момчето од Бруклин“, „Се роди песната“, „Тајниот живот на Волтер Мити“, „Ревизор“ и други.  

1916.- Во Прилеп е роден Волче Наумчески, македонски писател. Основно образование и Трговско училиште заврши во Прилеп. Поради материјалната необезбеденост мораше да го прекине школувањето и да работи како занаетчија. Со книжевна работа почна да се занимава во 1936 година, а напоредно со тоа и со револуционерна дејност. Подоцна замина во Софија, каде што стана член на Македонскиот литературен кружок. Во 1939 година ја обрајви првата стихозбирка на македоски јазик „Иди пролет“, отпечатена во Битола. Учесник е во НОБ на Македонија од 1941 година, кога уредуваше повеќе партизански весници. По војната објави голем број стихозбирки за деца. Умре во Скопје, на 20 март 1980 година.

1919.- Францускиот претседател на влада Жорж Клемансо ја отвори Версајската мировна конференција по победата на силите на Антантата врз Централните сили во Првата светска војна. На собирот на 27 претставници на државите победнички право на одлучување имаа само Велика Британија, САД и Италија. Останатите земји во расправата учествуваа единствено за прашања кои се однесуваат директно на нив самите, додека на победените држави ултимативно им наметнуваа услови. Со Мировниот договор потпишан на 28 јуни 1919 година Германија ја презеде одговорноста за војната, се обврза да ги исплати воените штети и и беше забрането вооружувањето. Беа создадени новите држави Полска, Унгарија, Чехословачка, Естонија, Летонија, Литванија и Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.

1936.- Во Лондон умре Радјард Киплинг, англиски писател. Извонредно ја познаваше таинствената Индија и пишуваше книги за деца со тематика од животинскиот свет и природата воопшто. Негови познати дела се "Вистински приказни", "Книга за џунглата", "Ким", "Храбрите капетани" и други. Во 1907 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е во Бомбај, на 30 декември 1865 година.

1943.- Советските трупи во Втората светска војна, по седум дена огорчени борби со германските сили, успеаја да го олабават обрачот околу Ленинград кој Германците го создадоа пред 16 месеци.

1977.- Во најголемата железничка несреќа во Австралија, во Сиднеј загинаа најмалку 18 луѓе кога локомотива удри во мост кој потоа падна врз патнички воз.

1991.- Парламентот на Јордан ги осуди воздушните напади на Ирак во операцијата "Пустинска бура" и ги повика арапските и исламските земји на акција против интересите на САД и на државите кои учествуваат во бомбардирањето на ирачките цели. Истиот ден, Ирак истрела осум ракети "скад" врз Израел, во обид да ја вовлече еверејската држава во војната во Заливот.

1992.- Самонаречената турска Република Северен Кипар ја призна независноста на Република Македонија.

1993.- Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи на Република Македонија со Република Белорусија.

1995.- Струмица стана членка на Федерацијата на карневалските градови.

1995.- Република Молдавија ја призна Република Македонија.

1996.- Владејачката социјалистичка партија во Грција (ПАСОК) го избра Костас Симитис за премиер на Грција. Основачот на ПАСОК, Андреас Папандреу поднесе оставка на функцијата поради нарушена здравствена состојба.

1997.- Австрискиот канцелар Франц Враницки поднесе оставка на функцијата по 11 години служба.

2000.- Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол поднесе оставка на местото почесен претседател на Демохристијанската унија поради финансиски скандал односно противзаконско собирање парични донации додека ја предводеше германската Влада.

2001.- Претседателот на Конго Лоран Кабила официјално беше прогласен за мртов, два дена откако во него пукаше еден од неговите телохранители.  

2004.- Во експлозија на автомобил-бомба пред седиштето на привремената администрација на САД во Багдад загинаа најмалку 25 луѓе.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2008 во 09:15

1744.- Во Неапол умре Џовани Батиста Вико, италијански филозоф. Се смета за основач на психологијата на културата и на филозофијата на историјата како научна дисциплина. Поаѓајќи од гносеолошката теза дека човекот може да го спознае само она што може сам да го направи, Вико се обиде да ја изгради историјата како наука која е идентична со свеста на човештвото за своите сопствени дела. Роден е во Неапол, на 23 јуни 1668 година.

1793.- Во Париз е гилотиран францускиот крал Луј Шеснаесетти, кого во септември претходната година, револуционерниот конвент го собори од престолот, а потоа го осуди на смрт поради велепредавство. По неговото соборување од престолот, Франција е прогласена за република.

1905.- Роден е францускиот моден креатор Кристијан Диор.

1919.- Во Даблин, Конгресот на партијата "Шин фејн" усвои Резолуција за независност на Ирска. Велика Британија го игнорираше тој документ и во 1921 година и даде на Ирска статус на доминион, а во 1949 година ја призна нејзината самостојност, но без Алстер (Северен Ирска).

1924.- Во Нижни Новгород, кај Москва, умре Владимир Илич Ленин, стратег на Октомвриската социјалистичка револуција и продолжувач на делото на Маркс и на Енгелс. Автор е на голем број трудови, меѓу кои се "Материјализам и експресионизам", "Развојот на капитализмот во Русија", "Што да се прави", "Априлски тези", "Држава и револуција" и "Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот". Роден е во Сибирск, на 22 април 1870 година.

1945.- На Скопскиот аеродром проработи првиот "вистински" среднобранов предавател на територијата на НР Македонија со сила од 200 вати.

1954.- САД ја ставија во употреба својата прва подморница на нуклеарен погон "Наутилус".

1976.- Првпат во СССР е дадена дозвола за продажба на западните весници "Њујорк тајмс" и "Фајненшл тајмс".

1979.- Во Белград умре Трајко Прокопиев, истакнат македонски композитор и диригент. Непосредно по ослободувањето го формира Пејачкиот хор на ГШ на НОВ на Македонија, а во 1945 година стана прв директор на Средното музичко училиште во Скопје. Тој беше еден од главните организатори на музичкиот живот во Македонија. Меѓу другото, беше главен музички уредник на Радио Скопје, диригент на Симфонискиот оркестар на Операта при МНТ, а од 1958 година до 1964 година го водеше Ансамблот за народни игри и песни на Македонија "Танец". Роден е во Куманово, на 6 ноември 1909 година.

1995.- Во Скопје умре Душко Костовски, македонски драмски, филмски и телевизиски артист. Роден е во Дебар, во 19390 година.

1997.- Германскиот канцелар Хелмут Кол и чешкиот премиер Вацлав Хавел потпишаа Декларација за ставање крај на историскиот спор меѓу двете држави, односно нацистичката окупација на Чехословачка во Втората светска војна и протерувањето на Германците од Судетската област по завршувањето на војната.

2006.- Умре Зоран Ковачевски, македонски писател. Автор е на книгите „Охридски приказни“, „Семејна фреска“, „Летачи на метли“, „Аристотел од Ресен“, „Добрина“, „Одмазда“, „Историја на светото дело“, „Пејач“, „Кога ни петлите не пејат“ и други. Роден е во Светозарево, на 15 април 1943 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2008 во 12:17


1516.- Умре шпанскиот крал Фердинанд Втори и Петти Католички (како Фердинанд Втори владеел со Арагонија, а како Фердинанд Петти со Кастиља и Леон). Неговото доаѓање на престолот на Арагонија во 1479 година го означи почетокот на историјата на обединување на Шпанија. Изабела Прва во 1474 година стана кралица на Кастиља, а тој го наследи таткото Хуан Втори во Арагон со што овие две земји се обединија, за да подоцна од нив настане Шпанија. Во 1480 година го втемели судот на инквизицијата, а во 1492 година „како неверници“ ги протера Евреите од Шпанија. Борбите со Маварите победнички ги заврши во 1492 година, протервуајќи ги од јужната шпанска покраина Гранада. Истата година ја опреми експедицијата на Кристофер Колумбо која ја откри Америка. Од Франција во 1503 година го протера Неаполското кралство (Кралството на двете Сицилии). 

1719.- Со обединувње на Вадуц и Шеленберг создадено е кнежеството Лихтенштајн.

1744.- Умре италијанскиот филозоф, историограф и теоретичар на правото Џовани Батиста Вико, или Џамбатист, основач на филозофијата на историјата и идната модерна теорија на естетиката. Роден е како син на сиромашен книжар. На универзитетот во родниот Неапол во 1697 година станал професор по реторика. Неаполскиот крал Карло Трети во 1735 година го именувал за кралски историограф. Дела: „Принципи на новата наука на заедничка природа на нацијата“, „Универзално право“, „Автобиографија“.

1783.- Во Гренобл е роден Мари Анри Бејл, познат по псевдонимот Стендал, основоположник на големата епоха на францускиот реализам. Во својот роман "Црвено и црно" се покажа како одличен хроничар, аналитичар и критичар на француското општество во времето на реставрацијата. Најпознат негов роман е "Пармски катузијански манастир". Умре во 1842 година.

1806.- Умре англискиот државник Вилијам Пит Младиот, кој во 1783 година стана најмладиот премиер во историјата на Велика Британија. Додека бил прмиер до 1801 и од 1804 до 1806 година, водел експанзивна колонијална политика, а во Индија ја зацврстил британската власт реформирајќи ја адмиистрацијата. Како заколнат непријател на Француската револуција, бил главен организатор на европската коалиција против револуционерна и Наполеонова Франција.

1832.- Во Париз е роден Едуар Мане, француски сликар, непосреден претходник на импресионистите. Неговото платно "Појадок во природа", претставува една од првите слики, со која отстапи од конвенционалниот академски начин на сликање. Највеќе сликаше во масло и тоа портрети (Зола, Клемансо, Пруст и други), но една од најомилените теми му беше сликањето во природа. Умре во Париз, на 30 април 1883 година.

1862.- Во Цариград умре Димитрија Миладинов, македонски народен преродбеник, поет, учител, публицист и научник. Беше собирач на народни умотворби и основач на македонската етнографија. Неговата поезија е со изразит лирски темперамент, а неговото творештво се состои од неколку лирски целини. Заедно со својот помлад брат Константин водеше организирана борба против денационализаторството, пенелизмот и практиката на грчката влада на македонските подрачја. Роден е во Струга, во 1810 година.

1878.- Во Виница, Словенија, е роден Отон Жупанчич, еден од најголемите словенечки поети. Во своето творештво, уметнички ги одрази националните и социјалните проблеми на својот народ. Словенечката поезија ја збогати со слободен ритам и динамичен стил. Негови познати збирки се "Чаша на опојноста", "Цицибан", "Преку полињата" и други. Умре во Љубљана, на 11 јуни 1949 година.

1888.- Умре францускиот писател Езен Мартин Лабиш. Дела: „Сламен шешир“, „Патот на господионот Перисон“. 

1891.- Роден е италијанскиот револуционер и теоретичар Антонио Грамси, озновач на Комунистичката партија на Италија во 1921 година. Ги уредувал весниците „Il grido del popolo“, „Avanti“ и „Ordine nuovo“.  Фашистите го уапсија во 1926 година, а во 1928 година бил осуден на 20 години затвор. Бил осолободен во 1936 година, но бидејќи во затворот бил многу измачуван и малтретиран набрзо умрел. Дела: „Историскиот материјализам и филозофијата на Бедет Кроче“, „Интелектуалци и градба на културата“, „Белешки за Макијевели, политика и модерна држава“, „Книжевност и национален живот“, „Минато и сегашност“, „Писма од затвор“.

1898.- Роден е рускиот филмски режисер Сергеј Михајлович Ејзенштејн, еден од најголемите теоретичари и стилисти  во светскиот филм. По професија бил архитект и во почетокот цртал плакати, работел како сценограф и театарски режисер кој внесувајќи новини тежнеел кон чисти релаистички елементи и во театарот. Филмови: „Штрајк“, „Октомври“, „Старо и ново“, „Сентиментална романса“ (снимен во Франција), „Да живее Мексико“, „Александар Невски“, „Иван Грозни“, книгите „Филмски чувства“, „Филмски облик“.

1901.- Во Солун турската полиција ги уапси Александар Ников, секретар на ЦК на ТМРО и Милан Михаилов, службеник во ЦК на ТМРО. Тоа беше и почеток на една од најкрупните и најбучните провали, која имаше тешки последици за ТМРО.

1928.- Родена е француската филмска глумица Жана Моро, кој се прослави во филмовите на францускиот „нов бран“ по Втората светска војна. Филмови: „Љубовници“, „Опасна врска“, „Модерато кантабиле“, „Ноќ“, „Жил и Џим“, „Процес“, „Ева“, „Дневникот на една собарка“, „Вива Марија“, „Катарина Велика“. Според сопствено сценарио го режирала филмот „Светло“.

1931.- Умре руската балерина Ана Павловна Павлова, најголем балетски уметник на класичниот стил во почетокот на 20. век. Кариерата ја почна во Петроград настапувајќи заедно со прочуениот Вацлав Нижниски во Рускиот балет на Сергеј Жагиљев. Потоа основа своја сопствена група со која настапуи ширум светот, посебно воодушевувајќи ја публиката со играта во балетите „Лебедова смрт“, „Пепертуки“, „Лебедово езеро“, „Жизела“, „Рајмонда“.

1943.- Британскaта Осма армија во Втората светска војна ги победи Германците и ги зазеде Триполи и италијанската колонија Либија.

1944.- Умре норвешкиот сликар Едвард Мунк, светски препознатлив по сликата „Крик“.

1968.- Во севернокорејските води морнарицата на ДНР Кореја го зароби американскиот брод "Пуебло", кој служеше како пловечка шпионска станица и беше опремен со најмодерни апарати за прислушкување и за дешифрирање. Случајот "Пуебло" предизвика голема напнатост во односите меѓу двете земји. ДНР Кореја подоцна го ослободи екипажот кој се врати во САД.

1989.- Умре шпанскиот сликар Салвадор Дали, ексцентрик со висок стил, еден од најголемите сликари во 20. век, кој ги потресе темелите на сликарството. Поминал низ фазите на футуризмот, кубизмот и апстрактниот рационализам, за да се задржи на надреализмот, секогаш со цртежите изведени до перфекција. Во триесеттите години ги наслика делата кои предизвикаа шок „Големиот мастурбатор“, „Предвидување на граѓанската војна“. Работел и како костимограф и сценограф во филмовите на Лаус Буљуел „Андалузиско куче“ и „Златна доба“. Го напишал автобиографското дело „Тајниот живот на Славадор Дали“.

1991.- Конституирано е првото повеќепартиско еднодомно Собрание на Град Скопје. За претседател е избран Милан Талевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

1992.- Претседателот на владата на Естонија Едгар Сависар поднесе оставка поради недостаток на храна и енергија во неговата држава која се отцепи од Советскиот Сојуз.

1995.- Умре Вањо Хаџиев, повеќегодишен соработник на весникот "Нова Македонија" и на речиси сите други изданија на НИП "Нова Македонија".

1998.- Поранешниот претседател на Јужна Африка Питер Вилхелм Бота изјави, во судот каде се појави под обвинение за опструкција на работата на Комисијата за испитување на вистината за злоупотреби во текот на ерата на апартхејдот, дека после се не постои ништо за што би требало да се извини.

2000.- Повеќе од милион луѓе демонстрираа во центарот на Мадрид против обновување на кампањата на насилство кон која пребегна баскиската терористичка организација ЕТА.

2000.- Во Скопје умре Александар Христовски, македонски писател. Негови познати дела се „Коњи под месечина“, „Кореја“ и „Којче од Коњари“. Роден е во селото Лазарополе, на 24 мај 1933 година.

2000.- Во Скопје умре Владимир Шопов, македонски поет и публицист. Автор е на неколку книги поезија за деца, меѓу кои „Луцидна интервала“, „Креда“ и други. Роден е во Белград, на 16 декември 1948 година.

2000.- Во Битола умре Ранко Струмениковски, македонски академски сликар, еден од најугледните македонски мајстори на ликовната графика, цртежот и дизајнот. Роден во 1936 година.

2002.- Новинарот на „Волстрит журнал“ Даниел Перл го киднапираа исламски терористи во Карача, во Пакистан, додека се обидувал да воспостави контакт со пакистанските радикални исламистички групи. Киднаперите го убија на 22 февруари.

2003.- Умре италијанскиот индустријалец Џовани Ањели кој семејната автомобилска компанија „Фијат“ ја преобразил во еден од најзначајните светски произведувачи на автомобили. Ањели, чиј дедо во 1899 година ја основал компанијата во Торино, стана извршен директор во 1963, а претседател во 1966 година, останувајќи на таа функција во „Фијат“ 30 години.

2004.- Европскиот сателит „Марс експрес“ испрати снимки од мразот на јужниот пол од Марс.

2005. - Македонија и Тајланд воспоставија дипломатски односи.

2006.- Во железничка несреќа во близина на Подгорица загинаа 46 патници, а 364 беа повредени, кога воз на релација Бијело Поле - Бар излета од шините и се преврте во бездна длабока повеќе од 30 метри.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2008 во 11:35

41.- Убиен е римскиот цар Гај Јулиј Калигула. Тој во текот на владеењето од 37 до 41 година искажа бруталност, самоволие и нечуено расипништво. Кога воведе неподносливо високи даноци и се сврте против Сенатот и војската, дури и против командантите на сопствената преторијска гарда, е убиен. Сенатот потоа за цар го прогласи неговиот чичко Клаудиј Тибери Друз, кој е запаметен како ретко добар владетел.

76.- Роден е римскиот цар Публиј Елиј Хадријан, кој во текот на владеењето од 117 до смртта во 138 година, увидувајќи дека Римското царство слабее, ги утврди границите во југозападна Германија и Британија. На северната граница на провинциите во Британија, помеѓу заливите Клид и Фрот, го подигна т.н. Хадријанов бедем кој требаше да ги штити од нападите на Пиктите и Шкотите. Подгинал повеќе градови, од кои најважниот е Хадријанов град во Тракија. Бил голем почитувач на грчката култура и покровител на уметноста, пишувал стихови, вајал и сликал.  

1712.- Роден е Фридрих Втори Велики, пруски крал (1740-1786), војсководец, филозоф и писател. За време на неговото владеење од малата Прусија создаде велесила. Најпознати му се делата „Мемоарите на Бранденбуршката династија“ и „Историјата на Седумгодишната војна“. Умре на 17 август 1786 година.

1732.- Роден е францускиот писател Пјер Огистен Карон де Бомарше, предвесник на Француската револуција. Смело ги критикува подмитувањето на судиите и корупцијата. Дела:  автобиографското дело „Мемоари“, комедиите „Севилскиот бербер“, „Фигаровата женидба“ кои беа инспирација за Џоакин Росини и Волфганг Амадеус Моцарт да ги компонираат истоимените опери.

1746.- Роден е шведскиот крал Густав Трети, кој од стапувањето на престолот во 1771 година до насилната смрт во 1792 година, владеел со цврста рака, но бил и голем покровител на уметноста. Војувал против Русија од 1788 до 1790 година и неуспешно се обидел да го заземе Петрогард. Инспириран од атентатот врз него во Стокхолмската опера во март 1792 година, Џузепе Верди ја напиша операта „Бал под маски“ 

1776.- Роден е Ернест Теодор Хофман, германски писател, композитор, цртач, судија и професор по музика. Со своите новели убедливо го отслика животот на соништата, хипнозата, телепатијата и стравот. Од нив се инспирирал и композиторот Жан Офенбах за својата позната опера "Хофманови Приказни". Хофмановите дела влијаеа врз многу други автори, меѓу кои се и Балзак, Едгар Алан По, Франц Кафка и други. Умре на 26 јуни 1882 година.

1848.- Џејмс Маршал во Калифонрија пронајде наоѓалиште на злато. Прочуената „Златна треска“ почна во декември истата година кога извештаите за пронаоѓањето на жолтиот метал ги потврди претседателот на САД Џемјс Полк.

1915.- Британски воени бродови во Првата светска војна во Северно Море го потопија германскито крстач „Bliher“ во кој загинаа 870 луѓе.

1920.- Умре италијанскиот сликар и вајар Амедео Модиљани, чии дела се препознатливи единствено по издолженоста на фигурите. Во Париз живеел од 1906 година и е еден од најзначајните претставници на „Париската школа“. Најмногу сликал женски актови и портрети, а во младоста се бавел со скулптура во која се чувствувала црната пластика.

1922.- Во Смитфилд, Јужна Каролина, е родена Ава Гарднер, една од легендите на Холивуд. Зад себе остави речиси 60 филмови и незаборавни улоги во делата како што се "Сонцето повторно се раѓа", "Ноќта на Игуана", "Могамбо", "Босонога контеса" и други. Умре во Лондон на 26 јануари 1990 година.

1929.- Во Софија умре Васил Главинов, еден од првите организатори на социјалистичките идеи и организатор на работничкото движење во Македонија, поборник за балканска федерација. Во 1894 година во Велес формира читалиште, односно прво просветно работничко друштво, а во 1896 година, во Софија, македонска социјалистичка група. Ги издаваше весниците "Револуција", орган на македонските револуционери - социјалисти во Бугарија, "Политическа слобода", всушност продолжение "Револуција", но со појасна и поправилна програма, како и низа прогласи и брошури, што конспиративно ги префрлуваше во Македонија. Учествуваше на Првата балканска социјалистичка конференција во Белград, во 1910 година. Роден е во Велес, околу 1869 година.

1935.- Во Софија излезе првиот број на неделното списание за историја, наука, култура и литература „Македонски вести“, чиј уредник и сопственик беше Ангел Динев, македонски општественик и публицист. Списанието си постави за задача „да ја изнесува историјата на народното македонско ослободително движење“ и беше на страната на ВМРО (обединета).

1937.- Склучен е југословенско-бугарскиот „Пакт за вечно пријателство“. Бугарија не сакаше да пристапи во Балканскиот пакт кој гарантирал неповредливост на границите, но овој договор го потпиша.

1946.- Со решение на Министерството за народна просвета на Македонија првата македонска граматика е одобрена за учебник во средните училишта. Нејзин автор беше професорот Круме Кепески.

1965.- Во Лондон умре Винстон Леонард Спенсер Черчил, британски политичар, државник и писател. Во најтешките денови за Англија, во Втората светска војна, беше претседател на владата и водач на Конзервативна партија. Заедно со Сталин и Рузвелт даде решавачки придонес за победата над фашизмот и над силите на Оската. Негови познати дела се "Втората светска војна", "Моето африканско патување", "Историјата на светската војна" и други. Во 1953 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е на 30 ноември 1874 година.

1972.- Јапонскиот војник Шјоичи Јокои е откриен на пацифичкиот остров Гуам, каде 28 години се криел во џунгла, убеден дека Втората светска војна се уште трае.

1973.- Американскиот преговарач Хенри Кисинџер изјавил дека Виетнамскиот мировен договор склучен на мировните преговори во Париз ќе значи крај на борбите во Лаос и Камбоџа, а преговарачот Ханој Ле Дук То документот го опишал како „голема победа за виетнамскиот народ“. Борбите во Виетнам завршија на крајот на април во 1975 година со ослободување на Сајгон и со американска воена катастрофа.

1983.- Во Лос Анѓелес умре Џорџ Кјукор, познат американски режисер. Автор е на многубројни филмови кои влегоа во антологијата на светската кинематографија, меѓу кои се најпознати „Вечера во осум“, „Плинска светлина“, „Ѕвездата е родена“ и други. Роден е во Њујорк, на 7 јули 1899 година.

1986.- Герилците на Армијата на националниот одбор на поранешниот министер за одбрана на Уганда Јовери Мусевени влегоа и го зазедоа во целост главниот град Кампала. Бидејќи неговите сили го скршија отпорот на владините трупи и ја тргнаа владата на генералот Тито Окело, кој на власт дојде по воениот пуч со кој во јули 1985 година е соборена владата на Милтон Оботеа, Окело побегна во Судан, а Мусевени на 29 јанаури беше прогласен за нов шеф на државата.

1989.- Во рудник за злато во Перу загинаа околу 100 рудари, од кои највеќе беа задушени од отровен гас.

1991.- Во Скопје, во издание на НИП "Нова Македонија, излезе првиот број на независниот македонски неделник "Пулс".

1996.- Варшавскиот воен обвинител официјално ја отвори истрагата врз претседателот на владата на Полска Јузеф Олексиј, поради негова наводна шпиунска активност за сметка на Москва, што дополнително се покажа како лажно обвинение заради елиминација на политичките противници од страна на полскиот претседател Лех Валенса.

1996.- Во Тамсон Јаус, Вест Довер, САД, умре Стојан Христов, американски писател, новинар и публицист, од македонско потекло, почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. Меѓу другото, автор е на книгите „Херои и атентатори“, „Ова е мојата земја“, „Лавот од Јанина“, „Американски аџилак“, „Орелот и штркот“ и други. Роден е во селото Кономлади, Костурско, на 18 август 1898 година.

1998.- Во експлозија која предизвика пожар во окно во рудникот за јаглен Вангѓиајинг во кинеската провинција Лиаонинг загинаа 77 луѓе.

1999.- Јорданскиот крал Хусеин потпиша декрет со кој постариот син Абдулах го одреди за наследник на престолот.

2004.- Американскиот вселенски робот „Опортјунити“ се спушти на Марс - три недели по „браќата близнаци“ роботот на „Спирит“ кој четири часа подоцна почна да испраќа слики на Земјата.

2007.- Умре полскиот писател и новинар Ришард Капушчињски. Повеќе пати беше кандидат за Нобелова награда за книжевност. Тој е веројатно еден од напреведуваните полски автори. Книгите му се објавени на дури 30-ина јазици. Роден во 1932 година во Пинск (денеска Белорусија). Се прославил со репортажите за Конго кон крајот на педесеттите. Во текот на бројните престои во Африка, Јужна Америка и во Азија бил сведок на повеќе граѓански војни, револуции и смени на режими. Дела: „Еден ден живот“, „Фудбалска војна“, „Цар“, „Шахиншах“, „Лапидариум“, „Империја“.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2008 во 10:50

1500.- Шпанскиот морепловец Висенте Ханес Пинсон го откри Бразил.

1531.- Португалија ја зафати катастрофален земјотрес. Главниот град Лисабон беше целосно разурнат, а загинаа околу 30.000 луѓе.

1788.- Британски бродови со првите доселеници од Велика Британија, вклучувајќи и група затвореници впловија во заливот Ботани Беј (Сиднеј), Австралија, каде што формираа колонија.

1823.- Умре англискиот лекар Едвард Џенер, пронаоѓач на вакцина против големи сипаници. Дошол до сознание дека луѓето заразени со "кравјите сипаници" не добиваат големи сипаници ниту за време на епидемијата и по две децении работење, во 1796 година ја пронашол вакцината која набрзо ширум светот е прифатена како заштита од смртоносните големи сипаници.

1827.- Перу прогласи независност.

1841.- Прогласен е британски суверенитет над Хонгконг. По шест денови Кина беше принудена да го отстапи Хонгконг на Велика Британија.

1880.- Роден е американскиот генерал Даглас Макартур. Во Втората светска војна беше командант на американските трупи на Далечниот Исток и во име на САД во септември 1945 година беше сопотписник на капитулацијата на Јапонија. Потоа беше поставен за командант на сојузничките сили во Јапонија, а во почетокот на војната во Кореја командуваше со силите на Обединетите нации, но беше сменет во април 1951 година, поради намерата војната да ја пренесе на територијата на Кина.

1885.- Суданските востаници на Мухамед Ахмед Абдул, кој се прогалси за водач на исламот, ги победија Британците, го зазедоа Картум, го убија англискиот генерал Чарлс Гордон и основаа самостојна држава. Дури во 1898 година британско-египетската војска на генералот Хорејш Киченер ги победи суданските сили. Судан беше под владение на Лондон до 1 јануари 1956 година.

1891.- Умре германскиот инженер Николаус Аугуст Ото, кој во 1861 година го направи првиот мотор на бензин, а во 1876 година го измисли четирикратниот мотор со внатрешно согорување, познат како „Ото мотор“, кој овозможи развој на автомобилите.

1905. - Кај Преторија во Јужна Африка откриен е "Калинан", најголемиот дијамант во светот, со вредност од 3.106 карати.

1918.- Роден е романскиот диктатор Николау Чаушеску, кој ја презеде власта во 1965 година, станувајќи генерален секретар на владејачката Комунистичка партија на Романија. Во 1967 година стана претседател на Државниот совет, а во 1975 година стана претседател на Романија кога набрзо изгради силен култ на личност, потпирајќи се исклучиво на политичката полиција. По декемвриската побуна на граѓаните во 1989 година, на која набрзо и се придружи војската, тргнат е од власта и на 25 декември по тајното судење, е стрелан заедно со сопругата Елена.

1924.- Во Советскиот Сојуз на вториот Сесојузен конгрес на Советите беше одлучено Лениновото тело да биде балсамирано. Исто така беше одлучено во негова чест некогашната престолнина на Царска Русија Петроград да биде преименуван во Ленинград.

1925.- Роден е американскиот филмски глумец и режисер Пол Њумен, кој се истакна со психолошки изнијансирани интерпретации на ликови со силни индивидуални своиства. Филмови: „Долго топло лето“, „Слатка приказна за младоста“, „Насилство“, „Судија за бесење“, „Бафало Бил и Индијанците“, „Боја на парите“ (Оскар), режија - „Рејчел, Рејлчел“.   

1934.- Потпишана е германско-полска изјава за ненапаѓање и за мирно решавање на споровите. Со тоа Хитлер доби безбедност на исток и можеше да тргне во освојување на Подунавје. Излегувањето на Полска од францускиот блок значеше голема пукнатина на европскиот систем на колективна безбедност и успех на Хитлер.

1942.- САД упатија први сили во Европа, во која во тоа време војна се водеше само на Источниот фронт и на подрачјето на Југославија. Трупите беа стационирани во Северна Ирска.

1946.- Излезе од печат првата граматика на македонски јазик што ја напиша професорот Круме Кепески.

1947.- Во авионска несреќа во Данска загина шведскиот престолонаследник Густав Адолф, оставајќи пет деца, вклучувајќи го и сегашниот крал на Шведска Карл Шеснаесетти Густав.

1950.- Индија формално е прогласена за Република во рамките на Британскиот комонвелт.

1956.- Во Скопје умре Лазар Танев, прв претседател на Градското собрание на слободното Скопје. Роден е во Скопје, во 1884 година.

1962.- Умре Фран Лотка, хрватски композитор, познат по балетот „Ѓавол на село“. Во своите композиции искажа голема смисла за ритам и ефективна инструментализација. Роден е во 1883 година.

1965.- Инду стана официјалниот јазик во Индија, кој предизвика немири на југот од земјата каде тој помалку се користи. Поради тоа владата на Индија во февруари 1965 година одлучи во официјална употреба да влезе и англискиот јазик.

1972.- Над Чехословачка, по експлозија подметната од бомба, падна авион на ЈАТ „ДЦ-9“ кој леташе на линијата Копенхаген - Белград. Во несреќата загинаа 26 патници и членови на екипажот, а падот од скоро 10.000 метри го преживеа единствено стјуардесата Весна Вуловиќ.

1973.- Умре американскиот филмски глумец од романско потекло Едвард Робинсон, кој се прослави со улоги на гангстери во криминалистички филмови, но и како сјаен комичар. Филмови: „Малиот Цезар“, „Кид Калабед“, „Неочекуваниот д-р Глитербауз“, „Целиот град раскажува“, „Двојна отштета“, „Жена на прозорецот“, „Рт Ларго“, „Насилство“, „Зелено сонце“.

1990.- Во Лондон умре Ава Гарднер, една од легендите на Холивуд. Зад себе остави речиси 60 филмови и незаборавни улоги во делата како што се "Сонцето повторно се раѓа", "Ноќта на Игуана", "Могамбо", "Босоногата Контеса" и други. Родена е во Смитсфилд, Јужна Каролина, на 24 јануари 1922 година.

1993.- Вацлав Хавел е избран за прв претседател на Чешка.

1994.- Романија стана прва поранешна членка на Варшавскиот пакт која со НАТО-пактот потпиша Документ "Партнерство за мир".

1994.- Во Рим, Република Македонија е примена за полноправен член на Меѓународната банка за финансирање на развојот на земјоделството (ИФАД).

1994.- Умре Ацо Филип, македонски писател - прозаирст, роден во Ресен во 1922 година. Од перото на овој автор се излезени книгите: „Монографија за поетот Мите Богоевски“, романот „Разговор со портретите“, објавен на албански јазик, збирката раскази „Долгото умирање на пеликанот“, романите „Терорист“ во 1989, „Молитва на Свети Климент“, 1990, „Домашни кажувања“ - раскази во 1993 година, романот „Бољко“, објавен непосредно по неговата смрт, како и вториот дел од романот „Ќерката на терористот“ и збирките раскази „Чаршијата“ и „Рамазански вечери“. Автор е и на неколку сценарија за документарни филови.

1996.- Американскиот Сенат го одобри Договорот Старт-2 за намалување на бројот на американските и руските нуклеарни ракети.

1997.- Умре Филимен Џинес, еден од водечките актери на Народниот театар во Штип и на македонското татарско творештво. Роден е во 1947 година.

2000.- По повеќе од една година, поради тоа што ДНК-тестот покажа дека можноста некогашниот претседател на САД Томас Џеферсон да има син со неговата црна робинка Сели Хемингс, Џеферсоновата фондација призна дека тој бил таткото, а можеби и на сите шест нејзини деца.

2000.- Во Скопје умре Рахилка Фирфова Ѓоргова - Раца, „магичната муза“ на Кочо Солев. Македонскиот поет Кочо Солев на 6 октомври 1928 година како псевдоним го зеде нејзиното име и стана познат како Рацин. Родена е во Велес, во 1911 година.

2001.- Земјотрес во западната индиска држава Гуџарат усмрти најмалку 18.000 луѓе.

2003.- Американската тенисерка од чешко потекло Мартина Навратилова (46) заедно со индискиот тенисер Леандер Паес ја освои тутулата на отвореното првенство на Австралија во конк*ренција не мешани парови, станувајќи најстара тенисерка која освоила еден грен слем на еден турнир.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2008 во 10:50

1821.- Прокламирана е независноста на Перу, со што, сепак, не било дефинитивно завршено речиси 300-годишното колонијално владеење на Шпанија во таа латинскоамериканска земја. Шпанија се обидуваше уште три години да ја наметне својата власт во Перу.

1871.- Франција капитилираше во војната со Прусија и го предаде Париз.

1878.- Во Њу Хевн, САД пуштена е во употреба првата телефонска централа, по две години откако Александар Грејем Бел го патентираше телефонот.

1887.- Во Лоѓ, Полска, е роден Артур Рубинштајн, пијанист и еден од најголемите интерпретатори на класичната музика во 20 век. Познат е по тоа што сакаше да ја комбинира страста за музиката со страста за животот. Прв пат седна да свири клавир во својата четврта година, а на шест години имаше прв јавен настап во Варшава, на еден концерт за добротворни цели. Пред да наполни 20 години стана познат музичар, одржувајќи концерти во САД, во Латинска Америка и во Европа. Особено беше познат како хуманист. Јавно настапуваше до 1976 година. Умре во Женева, на 20 декември 1982 година.

1918.- Владимир Илич Ленин, од името на Советот на народните комесари на Советска Русија, потпиша декрет за формирање на Црвената армија.

1945.- Во Скопје е отворена првата градинка во Македонија, за престој на деца од 4 до 7-годишна возраст, на кои им беа обезбедени храна и воспитување преку денот, додека нивните родители беа на работа.

1986.- Две минути по полетувањето во вселената, американскиот вселенски брод "Челенџер", експлодира над Кејп Канаверал и во парчиња се урна во водите на Атлантикот. Тоа беше најголемата несреќа што се случила во космичките летови во која загинаа сите седум членови на екипажот.

Кон врв
Смрдеш Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 02.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 33
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Смрдеш Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2008 во 15:16
1911- В Струмица е родена Ванга - българска пророчица. Наричана е Вангелия Сурчева; Баба Ванга, Петричкото чудо. На 12 години ослепява. Учи в Дома за слепи в Земун. През 1942 г. се омъжва за Димитър Гущеров (починал през 1962 г.). Добива голяма популярност с предсказанията си за бъдещето. Дарява средства за построяването на храма “Св. Петка Българска" в местността Рупите. Завещава цялото си движимо и недвижимо имущество на българската държава.
 

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2008 во 11:52

1509.- Португалците под команда на Франсиско де Алмејде ја уништија муслиманската флота во битката во Индискиот Океан, во близина на градот Диа, на северозапад во Индија, по што воспоставија контрола во водите околу индискиот потконтинент.

1536.- Основан е Буенос Аирес, главен град на Аргентина.

1556.- Во една од најголемите катастрофи во историјата на човештвото, земјотрес ги опустоши кинеските провинции Шанси, Шанхси и Хенан - загинаа повеќе од 850.000 луѓе и избриша од земјата неколку стотици населени места.

1594.- Умре италијанскиот композитор Ѓовани Пјерлуиѓи да Палестрина. Компонирал дела со голема изразитост - повеќе од сто литургиски дела, околу 250 други духовни и световни парчиња, мадригали. Дела: „Миса на папата Марчело“, „Стабат Матер“.

1709.- Шкотскиот морнар Александар Селкрејг, познат како Александер Делкрик, беше пронајден на пуст пацифички остров на кој во 1704 година доспеал по бродолом. Неговата животна приказна го инсприра Даниел Дефо да го напише романот „Робинзон Крусо“.

1801.- Британскиот Парламент ја одржа првата седница на која присуствуваа и ирски претставници.

1848.- Во градот Гваделупе Идалго, по двегодишна војна е склучен мир меѓу Мексико и САД. Мексико беше поразен и на САД мораше да им ги предаде Тексас, Ново Мексико, Аризона и Калифорнија, како и надомест од 14 милиони долари.

1879.- Умре бугарскиот писател и револуционер Љубен Стојчев Каравелов. Се залагал за создавање на јужнословенска федерација, собирал доброволци и во 1876 година се борел  во српско-турската војна. Дела: „Дали е крива судбината?“, „Горска судбина“, „Од мртвиот дом“.

1882.- Роден е ирскиот писател Џемјс Џојс. Дела: „Портрет на уметникот и младоста“, „Финеганово бдеење“, песните „Камерна музика“.

1901.- Во Вилма, Русија, е роден Јаша Хајфец, руско-американски виолинист, најдобар виолинист на светот во 20 век. Својата дарба и виртуозност ја покажа уште во првата деценија на својот живот. Соработуваше со пијанистот А. Рубинштајн и со виолончелистот Г. Пајтогорски. Поголемиот дел од животот го помина во САД. Умре во Лос Анџелес, на 11 декември 1987 година.

1904.- Роден е рускиот пилот Валериј Павлович Чакалов, кој се прослави со многу потфати, вклучувајќи го и прелетувањето на Северниот пол. Во 1937 година го изврши првиот лет преку најсеверната точка на Земјата без спуштање, прелетувајќи со авионот „Ан-25“ за 64 часа и 25 минути далечина од 12.000 километри од Москва до американскиот град Ванкувер кај Портланд, што беше светски рекрод. Американците во Ванкувер во чест на овој сензационален лет му подигнаа споменик и отворија музеј. Испробувајќи го новиот тип на авион-ловец, загина во декември во 1938 година.

1907.- Во Петроград умре Димитриј Иванович Менделеев, руски хемичар, еден од најпознатите научници од оваа област. Тој е татко на Периодичниот систем на хемиските елементи. Неговата книга "Основи на хемијата" е преведена на многу јазици. Роден е во Тоболск, на 8 февруари 1834 година.

1932.- Во Женева почна Првата светска конференција за разоружување во чија работа учествуваа претставници на 61 земја. Користејќи ги несогласувањата меѓу поранешните победници, Германија на тој собир се залагаше за општо разоружување, но истовремено бараше право на еднаквост во вооружувањето. Неуспехот на Конференцијата беше и успех на империјалистичка Германија, бидејќи велесилите и ја признаа бараната еднаквост, што значеше дека има право повторно да се вооружува.

1950.- Умре Џорџ Бернард Шо, еден од најголемите англиски писатели и драматичари од ирско потекло. Литературната кариера ја почна со пишување на романи и на театарски критики, а дури подоцна почна да пишува драми по кои стана и најпознат. Меѓу неговите најпознати дела се вбројуваат "Пигмалион", "Кандид", "Цезар и Клеопатра" и други. Во 1925 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е во Даблин, на 26 јули 1856 година.

1969.- Умре американскиот филмски глумец од англиско потекло Борис Карлоф, кој играше во првиот хорор филм и беше четири децении заштитен знак на овој жарн. Филмови: „Законот на подземјето“, „Лудите гении“, „Франкештајн“, „Лице со лузна“, „Мумија“, „Црна мачка“, „Невестата на Франкештајн“ и други.

1970.- Умре англискиот филозоф, математичар и писател Бертранд Расел, добитник на Нобеловата награда за литература во 1950 година, еден од основачите на аналитичката филозофија. Се посветил на борбата за мир и во многу акции се искажал како противник на интервенцијата на САД во Виетнам, како и на нуклеарното вооружување. Ја основа меѓународната порота која го доби називот „Раселов суд“. Дела: „Историјата на западната филозофија“, „Нашите сознанија за надворешниот свет“, „Човечко знаење“, „Принципи на социјалната реконструкција“, „Патишата кон слободата“, „Праксата и теоријата на болшевизмот“, „Слобода и организација“ и други.

1978.- Двајца советски космонаути од вселенскиот брод „Саљут“ ја извршија операцијата на дотур на гориво во отворениот свемир, првпат во историјата на вселенските летови.

1986.- Во Кнежеството Лихтенштајн на парламентарните избори за првпат гласаа и жените.

1990.- Јужноафриканскиот претседател Фердинанд де Клерк ја укина забраната на Африканскиот национален конгрес Нелсон Мандела.

1994.- Република Чешка ја призна Република Македонија.

1995.- Лидерите на Израел, Јордан, Египет и ПЛО првпат се собраа на состанок во Каиро за да изнајдат мирно решение поддржувајќи го израелско-палестинскиот договор.

1996.- Умре американскиот филмски глумец, режисер и балетски играч Џин Кели, една од најзначајните фигури во историјата на мјузиклот. Филмови: „Американец во Париз“, „Танц на дожд“, „Гуар“, „Во град“, „Покана за игра“.

1996.- Во Скопје е потпишан Меморандум за отворање Британски информативен центар.

1998.- Падот на филипинскиот патнички авион „ДЦ-9“ на југот на Филипините не го преживеа никој од 104 патници и членови на екипажот.

2005.- Умре некогашниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Германецот Макс Смелинг, кој во историјата на светскиот бокс влезе во 1936 година, кога во Њујорк пред 42.000-та публика го нокаултира дотогаш непоразениот Џо Луис.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2008 во 11:10

1789.- За прв претседател на САД е избран Џорџ Вашингтон. Беше американски претседател осум години, но се повлече од функцијата во 1797 година и одби по трет пат да се кандидира за шеф на државата.

1815.- Во Осиек е роден Јосип Јурај Штросмаер, бискуп, политичар, културен деец, основач и покровител на Југословенската академија на науките и уметностите (ЈАЗУ) во Загреб, во 1866 година, втемелувач на хрватскиот универзитет. Се стремеше кон обединување на Јужните Словени во рамките на Австрија. Во 1861 година со негова помош, во Загреб е објавен „Зборникот на браќата Миладиновци“. Умре во Ѓаково, на 8 април 1905 година.

1872.- Во Кукуш, Егејска Македонија, е роден Гоце Делчев, прв меѓу првите револуционерни синови на македонскиот народ. Како член на ТМОРО, беше наречен апостол на револуцијата. Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја НО борба на македонскиот народ, тој ја обиколи цела Македонија. Непријателите на македонското револуционерно дело во Гоце Делчев гледаа најголем непријател и се обидуваа на секој начин да го ликвидираат. Така, на 4 мај 1903 година, во борба против османлиската војска во селото Баница, Серско, во егејскиот дел на Македонија, загина великанот Гоце Делчев.

1900.- Роден е францускиот писател Жак Анри Мари Превер. Напиша повеќе поетски сценарија за филмовите "Брегот во магла", "Хотел Север", "Денот се раѓа" и "Вратата на ноќта". Најпознати збирки песни се "Зборови", "Голем пролетен бал" и "Дождот и убавото време".

1938.- Подготвувајќи се за војна, Адолф Хитлер го презеде ресорот министер за војна на нацистичка Германија, а за шеф на дипломатијата го назначи Јоахим фон Рибентроп.

1945.- Во Јалта, на Кримскиот Полуостров, почна Јалтската конференција меѓу шефовите на СССР - Јосиф Сталин, на САД - Франклин Рузвелт и на Велика Британија - Винстон Черчил за усогласување на завршните операции во Втората светска војна, како и за односите со Европа и со светот по завршувањето на војната.

1948.- Цејлон (Шри Ланка) доби самоуправа во рамките на Британскиот комонвелт.

1972.- Велика Британија и девет други земји го признаа Источен Пакистан како независна држава Бангладеш.

1974.- Гренада прогласи независност во рамките на Британскиот комонвелт.

1976.- Главниот град на Мозамбик, Лоренсо Маркес го доби името Мапуто.

1978.- Џунијус Џајавордене ја презеде должноста прв претседател на Шри Ланка.

1990.- Во Скопје е основано Движењето на семакедонската акција (МААК). За претседател е избран Гане Тодоровски.

1993.- Во Москва умре Димче Толовски, истакнат литературен преведувач и голем афирматор на македонската литература во Русија и во земјите на поранешниот Советски Сојуз. Роден е во Кавадарци, на 17 декември 1925 година.

1993.- Во Скопје, во издание на НИП „Ѓурѓа“ - Независни изданија, излезе првиот број на списанието „Ворлд прес ИЗБОР“.

1994.- Во Собранието на Република Македонија е конституиран Републичкиот судски совет.

1994.- Државниот секретар за соработка и развој, Ерик Дерике, во белгискиот Сенат изјави дека белгиската Влада донела одлука за воспоставување на дипломатски односи со Република Македонија.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2008 во 12:51

427 г.п.н.е.- Роден е Платон, голем старогрчки филозоф, ученик на Сократ и учител на Аристотел, основач на филозофската школа во Атина која, според местото на кое што се наоѓала, е наречена Академија. Главно влијание врз Платон извршил Сократ на кој му ги посветил речиси сите свои дела - дијалози, главно компонирајќи ги како Сократови разговори со личности познати во Атина во тоа време и други градови - држави. Овие дела се зачувани во целост - вкупно 35 дијалошки расправи и 13 писма. Главни негови дела се "Држава", "Гозба", "Федон", "Софист", "Тимај" и други. Умре во 347 година пред н.е.

1587.- Погубена е шкотската кралица Мери Стјуарт, која претходно 19 години помина во затвор, обвинета за заговор против англиската кралица Елизабета Прва. Поради непопуларната римокатоличка политика која се обиде да ја наметне во протестанска Шкотска, во 1568 година мораше да побегне од Англија. На судењето одржано по налог на Елизабета Прва беше осудена на смрт.

1676.- Умре рускиот цар Алексеј Михајлович Романов, татко на Петар Велики. На власт дојде во 1645 година. Тој ја зацврсти централната власт, ги припои источните делови на Сибир и ја разви трговијата со Кина, Персија и со европските земји.  

1725.- Во Санкт Петерсбург умре Петар Велики, цар на Русија. Беше коренит реформатор на рускиот социјален, економски и општествен живот. Се истакна како војсководец на копно и на море. Беше вешт политичар и дипломат. Основа многу училишта, Академијата на науките, а престолнината ја пресели во новоизградениот Петерсбург, односно Петроград.

1805.- Роден е англискиот писател и критичар Џон Раскин, кој сметал дека уметноста зависи од општествените прилики, како и тоа дека само здрав народ може да создава големи уметнички дела, бидејќи тоа би требало да биде израз на силите на целиот народ а не привилегија на поединец. Дела: за уметноста - „Модерни сликари“, „Две патеки“, за општествените и економските проблеми „До последниот“, „Мунера Пулверис“.

1828.- Во Париз е роден Жил Верн, француски писател. Неговата фантазија ја окупираат научните откритија, далечните земји, храбрите пловидби, истражувачките подвизи и сето тоа што е непознато. Во своите дела, кои во тоа време наликуваа на чиста утопија, тој предвиде многу работа што современата наука успеа да ги оствари дури во наше време. Создаде нов жанр на проза и се здоби со милиони читатели. Негови најпознати дела се "Дваесет илјади милји под морето", "Децата на капетанот Гранд", "Пат околу светот за 80 дена", "Пат на Месечината", "Патувањето во центарот на Земјата" и други. Умре во Амиен, на 24 март 1905 година.

1834.- Во Тоболск е роден Димитриј Иванович Мендлеев, руски хемичар, еден од најпознатите научници во светот од оваа област. Тој е татко на Периодичниот систем на елементите. Неговата книга "Основи на хемијата" е преведена на многу јазици. Умре во Петроград, на 2 февруари 1907 година.

1849.- Во Крањ умре Франце Прешерн, најголемиот словенечки поет, кој словенечката книжевност со големината на својот талент ја воведе во европската литература. Негови најпознати дела се "Водениот дух", "Простување од младоста", "Сонети на љубовта", "Сонети на несреќата", "Сонетен венец" и други, кои се преведени на многу странски јазици. Роден е во Врба, кај Блед, на 3 декември 1800 година.

1861.- Алабама, Флорида, Луизијана, Мисисипи и Тексас се одвоија од САД и формираа Конфедерација на јужните американски држави. На Конфедерацијата подоцна и се приклучија Арканзас, Северна Каролина, Вирџинија и Тенеси. Поделбата на САД доведе до граѓанска војна (1861 - 1865), која заврши со капитулација на јужните држави.

1878.- Роден е еврејскиот писател и филозоф Мартин Бубер. Напишал повеќе значајни дела за историјата на еврејската култура. Пишувал на германски јазик, а за расказите користел мотиви од фолклорот на полските Евреи. Со Франц Розенцвајг на современ германски јазик го преведе „Стариот завет“. Пред нацизмот во 1938 година побегна од родната Австрија во Палестина и стана еден од првите професори на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим. Се залагал за заедничка еврејско-арапска држава. Дела: „Јас и ти“, „Хасидски приказни“, „Гог и Магог“, „Слики за добро и лошо“, „Мојсие“, „Средби“.  

1894.- Роден е американскиот филмски режисер Кинг Волис Видор. Филмови: „Алелуја“, „Голема парада“, „Лебот наш насушен“, „Цитадела“, „Двобој на сонце“, „Војна и мир“.

1904.- Јапонија без најава ја нападна руската флота во Порт Артур, со што почна руско-јапонската војна. Русија се покажа немоќна во одбраната и го прифати повлекувањето од Манџурија, а ја призна и власта на Јапонија над Кореја.

1920.- Родена е американската филмска глумица Џулија Џин Милдред Френсис Тарнер, позната како Лана Тарнер, една од најголемите холивудски ѕвезди во педесеттите години на 20. век. Филмови: „Тие не сакаат да заборават“, „Поштарот секогаш ѕвони двапати“, „Кас Тимберлан“, „Градчето Пејтон“, „Имитација на животот“, „Љубовта има многу лица“, „Монсуски дождови“.

1921.- Умре рускиот револуционер и географ Петар Алексеевич Кропоткин. Дела: „Взаемна помош“, „Големата Француска револуција“.

1924.- Гасната комора првпат е употребена за извршување смртна казна во американската држава Невада.

1925.- Роден е американскиот филмски глумец Џон Улер Лемон Трети, познат како Џек Лемон. Филмови: „Мистер Робертс“ (Оскар), „Некои тоа го сакаат жешко“, „Апартман“, „Спасете го тигарот“ (Оскар), „Насловна страница“, „Киндески синдром“.

1931.- Роден е американскиот филмски глумец Џејмс Бајрон, познат како Џејмс Дин, симбол на вознемирената и побунета младост по Втората светска војна. Џемс Дин (24) трагично го загуби животот во 1955 година. Филмови„: Источно од рајот“, „Бунтовник без причина“, „Див“.

1935.- Умре германскиот сликар и графичар Макс Либерман, најзначаен претставник на германскиот импресионизам.

1937.- Трупите на генералот Франциско Франко ја заземаа Малага во Шпанската граѓанска војна, со помош на 15.000 италијански војници.

1943.- Советската армија во Втората светска војна го ослободи градот к*рск кој Германците го окупираа во 1941 година.

1955.- Советскиот претседател на влада Георги Маљенков е принуден да поднесе оставка, а оваа функцијата ја наследи Николај Булгањин.

1963.- Претседателот на Ирак генералот Абдул Карим Касем е тргнат од власта со државен удар и е стрелан, а нов шеф на државата стана полковникот Абдул Салем Мухамед Ареф.

1975.- Советски и американски космонаути почнаа заеднички подготовки за летовите „Сојуз-Аполо“.

1984.- Во Сараево се отворени 14. зимски Олимписки игри, први во СФРЈ, на кои учествуваа спортисти од 49 држави.

1989.- Во близина на португалскиот архипелаг Азори, во Атлантик, падна американски патнички авион со италијански туристи при што загинаа сите 144 патници.

1993.- По судирот со воениот авион „Сухој“ близу Техеран, се урна иранскиот патнички авоион „Тупољев“,  а во несреќата загинаа сите 132 патника и членови на екипажот, пилотот и копилотот на воениот авион.

1994.- САД ја признаа Република Македонија.

1996.- Република Аргентина ја призна Република Македонија.

1998.- Во Њујорк умре Ото Ташковиќ, македонски и светски признат архитект. Роден е во Скопје, во 1933 година.

1999.- Република Македонија и Република Кина Тајван воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.

2004.- Принцот Чарлс допатува во Иран, како прв член на британското кралско семејство кој ја посетил оваа земја од исламската револуција во 1979 година.

2005.- Грчкиот Парламент го избра поранешниот министер за надворешни работи Каролос Папуљас за нов претседател на Грција. За изборот на 75-годишниот Папуљас, кој беше единствениот кандидат за претседател, гласаа 279 од вкупно 296-те пратеници присутни на седницата. Папуљас е член на Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК).

2005.- Израелскиот преседател на влада Ариел Шарон и палестинскиот претседател Махмуд Абас по разговорите во Египет, прогласија прекин на огинот меѓу Израел и Палестинците.

2006.- Во Сараево запалени се данското и норвешкото знаме, за време на протестот по повод објавувањето на навредливата карикатура на пророкот Мухамет во медиумите  во поединечни западноевропски земји.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2008 во 09:59

1258.- Тамерлан го зазеде Багдад. Монголците тогаш го разораа древниот град при што убија околу 10.000 жители.

1502.- Португалскиот морепловец, Васко де Гама тргна од лисабонското пристаниште на второто патување за Индија. Пет години порано Васко де Гама го откри овој пат, пловејќи околу 'ртот Добра Надеж.

1515.- Во Софија,Македонецот Ѓорѓи Кратовски, христијански светец, поради одбивање да го прими исламот, жив е изгорен од страна на турската власт.  По неговата смрт бил прогласен за светец од страна на Синодот на Охридската архиепископија, како и од Руската, од Бугарската и од Српската православна црква. Роден е во Кратово, во 1497 година.

1755.- Во Париз, умре Шарл Монтескје, еден од најголемите француски филозофско-политички писатели. Со Волтер, Русо и Дидро, е претходник на француската револуција. Во неговото главно дело "Духот на законот" ја изнесува теоријата за поделба на власта, на законодавна, извршна и судска, која и денес е темел на западната парламентарна демократија. Роден е во Бордо, на 18 јануари 1689 година.

1736.- Седумгодишната војна заврши со склучување мир во Париз. Според одредбите Франција скоро цела се повелече од Индија, а Велика Британија ги отстапи Канада и териториите источно од Мисисипи и Флорида. Шпанија ја доби Луизијана и Куба, а Прусија ја задржа Шлезија, која ја одзеде од Австрија.

1837.- Во Петроград, од раните здобиени во двобојот со францускиот авантурист Дантес, умре Александар Сергеевич Пушкин, еден од најголемите руски и светски писатели. Лириката му се одликува со совршеност и со крајна едноставност на изразот. Наоѓајќи се на почетокот на рускиот реализам го напиша романот "Евгениј Онегин", дело за кое Белински рекол дека претставува "енциклопедија на рускиот живот". Други негови познати дела се историската драма "Борис Годунов" и прозните дела "Пиковата драма", "Капетановата ќерка" и други. Роден е во Москва, на 6 јуни 1799 година.

1878.- Со потпишување на конвенцијата во Ел Зањон заврши востанието против шпанските колонијални власти на Куба. Востанието траеше дури 10 години.

1879.- Отворено е заседанието на првото бугарско собрание по ослободувањето на земјата, во Велико Трново, стара средновековна престолнина на Бугарија.

1890.- Во Москва е роден Борис Леонидович Пастернак, руски писател. Познати негови дела се „Збирка стихови без бариери“, „Теми и варијации“, романот „Д-р Живаго“ и други. Во 1958 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Переделкино, на 30 мај 1960 година.

1894.- Роден е англискиот државник и публицист Морис Харолд Макмлан, премиер на Велика Британија од 1957 до 1963 година. Претходно во кабинетите на конзервативците бил државен потсекретар, министер за авијација, за станбени прашања, одбрана, финансии и за надворешни работи. Дела: политички акти „Среден пат“, „Економски аспекти на одбраната“, мемоари за Втората светска војна „Ветрови на промени“, „Избувнување на војна“, „Плима на среќата“. 

1898.- Роден е германскиот писател Бертолд Брехт. Негови најпознати дела се "Бал", "Мајката Коураж и нејзините деца", "Просјачки роман" и "Добриот човек од Шеуан".

1908.- Во Скопје е роден Ѓорѓи Попов, македонски скијачки учител и судија и фотограф. Водеше многу к*рсеви за оспособување на стручни кадри во Македонија, а како фотограф овековечи многу моменти од развојот на скијаштвото во Македонија, посебно на Попова Шапка и во Маврово. Умре на 31 август 1979 година.

1912.- Умре англискиот хирург Џозеф Листер, основач на антисептичката медицина, кој во 1867 година прв ја воведе во хирургијата.

1918.- Умре италијанскиот новинар и пацифист Ернесто Теодоро Монета, добитник на Нобеловата награда за мир во 1907 година. Беше директор на миланскиот весник „Il Secolo“ и претседател на Меѓународниот конгрес за мир во Милано во 1906 година.

1923.- Умре Вилхелм Конрад Рентген, германски физичар. Во Минхен умре Белхелм Конрад Рентген, германски физичар. Ги откри "икс" зраците, подоцна наречени "рендгенски" и за тоа откритие ја доби Нобеловата награда за физика. Роден е во Ленеп, на 27 март 1845 година.

1942.- Глен Милер, прочуен американски џез музичар стана првиот сопственик на „златната плоча“ со продадени милион примероци од песната „Chattanooga“.

1947.- Во Париз е потпишан мировниот договор меѓу земјите-победнички во Втората светска војна со Италија, Унгарија, Романија, Бугарија и Финска. На Југославија и беше доделен градот Задар, полуостровот Истра и островите Црес, Лошињ и Ластово, на Италија и беше даден помал дел во зоната на Горица, а Трст и територијата околу него добија специјален статус.

1848.- Умре рускиот филмски режисер Сергеј Михајлович Ејзенштејн, еден од најголемите теоретичари и стилисти во светот на филмот. Тој ги даде основите на филмската уметност и според мислењето на многу историчари и филмски критичари најголем режисер во историјата на филмот. Дела: „Штрајк“, „Октомври“, „Старо и ново“, „Сентиментална романса“, „Да живее Мексико“, „Александар Невски“, „Иван Грозни“, книгите „Филмско чувство“, „Филмски облик“.

1964.- Во судар на два австралиски воени брода во заливот Џервис потона разорувачот „Војаџер“ при што загинаа повеќе од 80 морнари.

1977.- Умре Сергеј Илјушин, водечки советски конструктор на авиони. Во текот на три децении конструира повеќе од 50 видови авиони. Роден е во 1894 година.

1979.- Умре Едвард Кардељ, долгогодишен функционер од времето на Јосип Броз и еден од неговите најблиски соработници, теоретичар. Беше многу плоден автор и важеше за еден од најголемите интелектуалци внатре во КПЈ/СКЈ.

1996.- Компјутерот наречен „Длабоко сино“, влезе во шаховската историја со победата врз светскиот првак Гари Каспаров.

1998.- Умре Морис Шуман, творец на проектот за унија на европските држави, познат како „Шуманов план“, кој своевремено беше шеф на француската дипломатија.  

2004.- САД повторно отворија дипломатско претставништво во Триполи, Либија, по повеќегодишна пауза.

2004.- Од експлозија на автомобил-бомба во Искандарија јужно од Багдат загинаа најмалку 55 луѓе.

2004.- Француското собрание забрани во државните училишта да се истакнува верската припадност, вклучувајќи го и носењето облека која го означува религиското верување.

2005.- Северна Кореја официјално призна дека произвела нуклеарно оружје за самоодбрана и дека на неодредено време се повлекува од Договорот за нуклеарно неширење.

2005.- Во Њујорк умре Артур Милер, еден од најголемите американски и светски драмски писатели. Познати негови дела се „Вештерките од Салем“, „Поглед од мостот“, „Последниот Јенки“, „Смртта на трговскиот патник“ и други дела. Роден е во Њујорк, во 1915 година.

2005.- Во Саудиска Арабија одржани се локални избори, први во историјата на оваа исламска апсолутна монархија, а право на глас имаа само мажите постари од 20 години.

2006.- Умре францускиот фармацевт и хемичар Пјер Потије, раководител на истражувањата кои резултираа со производство на еден од најкористените антиканцерогени лекови на светот „таксотера“.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.