|
ЦАР САМОИЛ |
Внеси реплика | страница <1 1516171819 50> |
Автор | |||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Цар Самуил е Ерменец но Македонски Цар а Василиј е Македонец но Виэантиски цар |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Точно Ерменец не може да биде!
Сведоштвото за тоа што биле 2 браќа преселени од Ерменија не се поврзува со останатите извори. Активности на Самуил се познати многу пред Василиј да стане император, каде ќе биде комит Никола, некаде во Ерменија? Или подобро Ерменец одколку Бугарин? Да, ама не! |
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Неможе да е Бугарин бидејки Бугарските активности се доста поэнати во тоа време - сепак тој е од Ерменско потекло населен во Македонија со семејството од страна на Виэантијскиот император кој го эадолжил Никола баш да војува со Бугарите
|
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Дај да ги видиме документите!
Стефан Таронски зборувајќи под 985 г. за изгорувањето на севастијскиот митрополит от “блгарските цареви”, тој продолжува: “Тие биле двајца браќа, кои биле наречени комсадцаги; името на постарииот било Самаел ..., императорот Василиј ги беше довел со наемните војски во Македонија, за да војуваат против блгарите. Но при удобно време тие избегале од грчкиот цар и преминале кон блгарскиот цар, кој бил скопец и поради својата храброст тие се високо издигнале. По тоа грчкиот император Василиј отворил војна со блгарскиот цар, скопецот-евнух. Но комсадцагите, кои [во сушност] властвувале над блгарската земја, влезнале во сериозна борба против грчкиот император, за кое ние ќе кажеме во свое време.” Des Stephanos von Taron armenische Geschichte. Aus dem altarmenischen bersezt von H. Gelzer und A. Burckhardt, Leipzig, 1907, S. 185—183. Види кај Златарски |
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Во Рускиот Псалтир од 16 век пишува вака
Значи Симеон е наследен од својот роден син, бугаро-азијатскиот цар Петар и во негово време Бугарија значително ослабнува. Во 963 година во Македонија се крева востание од комитопулот Никола и неговите синови Давид, Арон, Мојсеј и Самоил, кои се отцепуваат од Бугарија. Во 968 година избувнува војна помеѓу Русија и Бугарија. Рускиот кнез Свјатослав во истата година ја пустоши Бугарија, но бргу се повлекува поради нападот на Печенегите на Русија. Ослабеното Бугарско Царство е принудено да се помирува со Византија, а како залог за мирот, царот Петар ги дава своите двајца синови Борис и Роман во Цариград. Но, во 969 година умира цар Петар, што доведува до безвластие во Бугарија. Византија го враќа синот на Петар Борис II за да ја превземе царската круна, но тој набргу се свртува против Византија. Сега Бугарија е сојузник на Русија против Византија, но доживува пораз од византиската војска, која бргу ја освојува бугарската престолнина Преслав. Несомнено дека Бугарија доживува пораз и поради нејзината ослабеност од претходното востание во Македонија. Царот Борис II е заробен и одведен во Цариград, каде јавно му е симната круната и истата е дадена на чување кај Црквата. По ова Бугарското царство е завземено од Византија. На новата македонска држава прв владетел е комитопулот Никола, кој владее со оваа држава до 968 година. Од 968 до 977 на чело на државата е неговиот син Давид, но по неговата смрт, како и по смртта на Арон и Мојсеј, на чело на државата застанува Самоил. Но дали има потврди дека комитопулот Никола и неговите синови го кренале своето востание против Бугарите? Мнозина историчари сосема јасно го потврдуваат ова. Мислам дека ваквите сведоштва треба што повеќе да се експонираат во нашата поширока јавност. Така на пример, македонскиот историчар Васил Ивановски споменува една стара плоча најдена во Поречието, на која пишувало дека народот од тој крај го прогласил Никола за светец затоа што ги избавил од бугарското ропство! Македонскиот историчар од Бугарија Ѓорѓи Радуле во својата книга Историја на Македонија (Софија, 1997) го цитира Енциклопедискиот словар (Брокгауз-Ефрон, Санкт Петербург), објавен во далечната 1896 година, каде пишува: Во 963 година во Македонија избувнало востание, кое завршило со прогон на Бугарите и со основање на сопствена држава. Историчарот Марин Дринов пишува: Денешна Македонија се отцепи од царството на Петар и се формира како одделна држава на чело со Самоил. Значи, нема сомнение дека Самоил и неговите браќа со татко им го кренале своето востание во Македонија токму против турко-монголските Бугари, т.е. против бугарската окупација на нашата земја. Подоцна, поради ова востание, Бугарија бргу пропаѓа под налетот на Византија. Во врска со Самоиловото царство ќе наведеме уште едно македонско детерминирање поврзано со него. Имено, во древната Зографска историја, за несогласувањата помеѓу братот на Самоил Давид со останатите браќа пишува: Бидејќи македонските господа не можеа да го трпат мирот, започнаа лошо да зборуваат (против Давид, з. м.). Кога тој разбра за тоа, доброволно се откажа од царствиото и замина во манастир. Во еден претходен напис веќе спомнавме дека поетот Иван Кириотес уште во тоа време ги споменува Македонците како жители на Самоиловото Царство, а Дукљанскиот презвитер Самоил го нарекува како македонски цар! Но да се вратиме на хронологијата. Натамошните настани зборуваат дека царот Самоил ја проширува Македонија и таа завзема поголем простор од Балканот. Според историчарот Радуле границите на Самоиловата држава во голема мера се поклопуваат со границите на античка Македонија од времето на Филип II. Самоил во Преспа создава силен религиозен центар, кој подоцна е преместен во новата престолнина Охрид. Тоа е познатата Охридска архиепископија (која според некои историчари тогаш била на ранг на Патријаршија). Нејзин прв поглавар бил Герман, а името на вториот поглавар е Филип. Официјално писмо во Самоиловото царство е кирилицата. Самиот Самоил бил крунисан со благослов на папата Григориј V... Co крунисувањето Самоил стекнал меѓународно признавање. Тој ја наследил бугарската круна(ја освоил), а можна причина за тоа е што македонската круна веќе е зафатена од страна на Василиј II. Сепак, ако Самоил бил етнички Бугарин, припадник на турко-монголските Бугари, кои дотогаш владееле со Бугарија, тој својата престолнина би ја сместил во Плиска или Преслав, т.е. меѓу "своите етнички браќа". Понатаму, неговиот татко не би ја носел титулата комитопулот, туку некоја од тогашните турко-бугарски титули (кавхан, боил и сл.). Изменето од Boogie - 18.Октомври.2009 во 12:28 |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Буги не ги врти исти глупости измислени од некој кој мисли дека читателите се глупи и ќе му веруваат.
1. По псалтирите такви работи не пишува. 2. Како ќе се познати во 963 браќата, кога ми тврдеше дека се дојдени од Ерменија и при тоа со војски на Василиј Втори кој може да има војска од 976, кога ќе стане император. 3. Никола е КОМИТ, а не комитопул, КОМИТОПУЛИ се неговите синови. 4. Радуле не е никаков историчар, ниту пак Васил Ивановски е историчар. 5. Во Зографската историја убаво си пишува за Давид како бугарски цар, тоа тврдење „Бидејќи македонските господа не можеа да го трпат мирот, започнаа лошо да зборуваат (против Давид, з. м.). Кога тој разбра за тоа, доброволно се откажа од царствиото и замина во манастир.“ може да го напише човек, кој мисли дека читателите на неговиот пасквил никогаш нема да ја видат Зографската историја. Сега секој може да види дека авторот е ЛАЖГО И ФАЛСИФИКАТОР ЗОГРАФСКА ИСТОРИЈА 6. Лага е и тоа за Иван Геометар, убаво си пишува каков е Самуил 7.Да не зборуваме дека и за Дуклјанскиот презвитер пак лаже летопис попа дуклјанина 8. Самуиловото царство има најмалку 2 кавхани познати по име, а Георги Војтех од Скопје исто бил од родот на комханите. Аман од глупости. Дај да се вратиме на потеклото на Самуил и дали уште тврдиш дека е Ерменец. |
|||
Logos
Група Регистриран: 13.Септември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 67 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Една од причините зошто Самуиловото царство го нарекуваат и бугарско царство е тоа што идеолошки царството било поврзано со старото бугарско царство,бидејки традициите на царство и на партријаршија,освен во Византија постоеле само уште и во Бугарија.Самуил ги прифатил тие традиции и го презел(узурпирал)престолот на Симеоновото и царството на Петар,кое паднало под ударите на Византија.Всушност неговото царство се разликувало од царствата на Симеон и Петар,и според карактерот и според составот фактички тоа било ново царство кое тежиштето било поместено на југозапад и Македонија го чинела неговото јадро.
Дека тоа било ново царство кажува фактот дека првобитната престолнина била Преспа ,а подоцна се преселува во Охрид. второ цар Самуил воопшто или незначително бил заинтересиран за старите бугарски територии по заземањето на Византија,туку неговата експанзија била завртена на југ. И последен факт дека бил узурпатор на бугарскиот престол,а не негов легитимен наследник е тоа што малтене цело време на неговото владеење кај него го држи во заробеништво или го заштитува од Византија легитимниот бугарски наследник Роман кој наводно бега(нарочно пуштен од Византија да го заземе бугарскиот престол по смртта на цар Петар)од Константинопол,врз кого Самуил го градел својот углед и презентација на владетелскиот престол. А во 991г. по неговото(Роман)враќање во цариградскот затвор почнува самостојно да владее во Македонија. |
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Но Самуил го ничкосува и последниот од ТуркоМонголското племе(Роман) и ја зема Бугарската круна за себе но претходно веке е крунисан како Славјански цар( во Рускиот псалтир го именуваат како цар на Македонска склавинија)
|
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Се бара извор. Дај да го видиме тој псалтир или барем нешто пишано за него. |
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Псалтирот е иэложен во Московскиот муэеј - иэворот е релевантен
|
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ti odi do Moskva i go procita ili nekoj ti raskaza za nego?
Od kade ja imas informacijata? Osven tebe nikoj drug ne znae takov Psaltir. Изменето од Каснакоски - 19.Октомври.2009 во 13:06 |
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Како никој незнае кога неколку разни историчари(посебно Руски) пишуваат на таа тема
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Според оваа реченица, може да е некој од противниците на Владислав а ми личи и на дел од житие или некој друг хагиографски текст. Владислав бил побожен човек, подоцна се променил, под влијание на својата сопруга. Сепак, на некои места стои дека не Владислав, туку Свети Димитриј Солунски го убил Гаврил Радомир поради неговото сурово владеење со народот, што мене барем ми личи дека или некој тогаш имал желба да ја сокрие заверата на Владислав и византискиот двор или пак Гаврил умрел од ненадејна и брза смрт... Oд друга страна пак, еден Цар, во случајов Владислав, не би ризикувал понатамошна дестабилизација на земјата практикувајќи религија официјално забранета од Црквата, иако во Самуиловата држава богомилите не биле масовно прогонувани, но царското семејство било припадник на Православното Христијанство. Сепак, не треба да се исклучи и таа можност, на крајот на краиштата и Цареви многу помоќни од Владислав отстапиле од верата и се спротивставиле на Црквата, Јулијан Отстапникот, монофизитите, иконоборците и слично, и покрај тоа што знаеле дека тоа ќе донесе немири во државата, но сепак, повеќето тоа го правеле од страв од застрашувачката моќ на Црквата, додека овде не може да говориме за такво нешто. Изменето од Македон - 19.Октомври.2009 во 21:58 |
|||
Logos
Група Регистриран: 13.Септември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 67 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
За можното предавство и убиство на престолонаследникот на Самоли,Гаврил Радомир има еден летопис од поп Дукљанин кој пишува.....„царот Василиј плашејки се да не го изгуби царството,прати тајни пратеници кај Владислав,братучедот на Радомир,велејки: Зошто не ја одмаздиш смртта на својот татко?Земи од мене злато и сребро колку што сакаш и земи го кралството на Самоилкој го уби твојот татко и твојот брат.Па ако успееш,убиј го неговиот син Радомир,кој сега го држи кралството.“ |
|||
Внеси реплика | страница <1 1516171819 50> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |