![]() |
|
најдоброто од мајсторче62 |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1516171819 23> |
Автор | |
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПРИКАЗНА ЗА СВЕТЛОЗРАЧНИТЕ
.А сите подеднакво те љубеле со мислата им светлозрачна но во различен сон те сонувале... Век немало да не дотече - црни солзи реки набликнувале раните да ти ги измијат... Колку деца ти се удавиле кај да фатат кога не знаеле - на сретпат матната ги стрефила Со зрак од кама кандило на светци пред слава им палеле светлини се престориле... Црнилата пак останале други да ги растегнуваат... - ни крај ни почеток не им знаеле... Скаменети крици низ горите крв со крв закрвена а една мајка ги раѓала... И во крикот наш денешен крвишта огној разгореле - та чии сме ако свои не сме.. Изменето од majstorce62 - 02.Јануари.2011 во 20:36 |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПРИКАЗНА ЗА СОНОКРАТЦИТЕ
Бистрини кога заматуваа матна врз матна натрупаа крајот да не се знае... Преку дедо од прадедо завештание ми е пратено сонот да им го протолкувам Црни птици од три страни довјасале црни војски со смрт накитени - црни молскавици во очите стрвни... Планините волци се наполниле: во исто дувло искотени со три млека задоени... Сал крвта глас имала за да пропишти... Пишти крвта и во мене и во тебе од немоќ сонот да го протолкуваме... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПРИКАЗНА ЗА ПРКОСНИЦИТЕ
Со крв дива – мастило на пергамент од црни времиња јарки светлини нанизи место слатко за добросување кога векот ќе го отвориме и ќе се населиме за да продолжиме Точило од бури изделкано пркосот ли им го острел... А знаеле: и ал трндафил на градите пред венчавка китнеж да си стокмат во планините, по дубравите за жетварките и жетварите синџирот што ги јадел… На штрек карпа прекутрупа сонот така го засониле - мек килим за нозете ни … Од почит калта да си ја избришевме колку да ги испочитуваме... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
МЕЛНИЦА
Ја запрев мелницата на големиот часовник - никој да не види еднаа твоја насмевка во запчаниците заглавив - ни ти да не сетиш времето чкулаво е - нека е и такво го разубавуваш... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПРИКАЗНА ЗА НЕДОЈДЕНИТЕ
од циклусот „ПРИКАЗНИ ЗА МАКЕДОНИЈА“ Са каква дума ќе ве дочекам Со какви очи ќе ве погледнам Завештанието ако го продадам... За дочек, старите наши, кога слатко немале, најзлатната дума од под јазик ја ваделе... Им пиеле стрвно очи црните пци на уморот и пак во нив сонце чувале гостите да си ги добросат... И можеле – лута пиперка со ракија да мезат а муабетот, чиниш, медовина од уста ко да им течел... Од брег до брег смртта ја растргале и пак ништо не продале, и пак сонот го чувале... Од каква ли книга се описменивме та не знаеме завештанието да го прочитаме.... Са каква дума ќе ве дочекам Со какви очи ќе ве погледнам Завештанието ако го продадам... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПРИКАЗНА ЗА НЕСКРШЕНИТЕ
Во каменот се обликувани времињата со душите на нескршените, и секој камен приказна е проста за победите – недопишаните... Со заби на сура волчица мракот снагата им ја кинел во занданите... а тие светлини станувале... Исти ко нив коските им ги собрале да ги премостат времињата и себе си во нив да се втемелат... Во ист иконостаст ист сон сите ги изрезбал - вино и нафора за света причесна... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПРИКАЗНА ЗА КОДОШИТЕ
Девет круга, девет чуми, девет колена сотрени и девет суши настрвени над девет сеидби непркнати, девет сонца гламјосани на девет неба затворени девет века разнебидени - уше колку ли ги има пред нас, во недогледот, борчевите нивни неодборчени... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПРИКАЗНА ЗА МОГИЛИТЕ
Во крвта ни се испишани сите имиња и презимиња на црните скокачи во небото кога стравот се чичкосувал меѓу пршлените а на очите помила прашината им била... А не биле многу, таман толку колку што могили имало низ планините, крај полињата, од дедовците ископани место ниви бериќетни... Сека могила триш појќе раѓала од клетата иловица... Во ноќ со полна месечина тропаат коските на безимените во могилите - затревените... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПРИКАЗНА ЗА ВОДАЧИТЕ
Во очите копја огнени носеле, овде – онде мракот да го раскинат, видот да ни пролета... А видот птица ни бил во примка лесно што се намамува... Две торби на рамо, велат, носеле, во едната - смрта презрена, во другата - сонцето неогреано... На починка од двете залак каснувале со вкус на мисла за семето непосеано... Уште велат: чекорот на нас им мирисал и можеле: низ крошна од даб во ѕвездите да не видат ноќе, кога уморот во тревата им истекувал... Кај ли ги загубивме, кај ли ги избришавме, водачите наши, светлоносците..... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЗА ИЛИНДЕНЦИТЕ
Небото жедно за херои било Кога се втемелувале, Кога се вѕидувале... Ги раскинаа облаците нов век кога се раѓаше: реки сонце да потечат - да се разлеат... Мракот очи ли им глоѓаше, лелек душа ли им сечеше - со пушки извори раскопаа - за свелината... Од мајка до еден родени, на мајка ниеден не ветен - песната сами си ја напишаа - на векот најубавата... Со приказните од дедовците - живи искри во очите, ѓердан златен се нанижаа на небото, меѓу ѕвездите.. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПРИКАЗНА ЗА НЕРОДЕНИТЕ
Гласот ваш во далечините Ги пребројува вековите... Сите се наброј: Толку, колку што наследивме и толку колку што ќе оставиме - ни еден побел од другите ни еден поцрн од другите, од нож на арнаути распорени од заб на волци растргнати - чекори тешки низ времето... Со каков чекор да се измериме до вашето доаѓње... Eден од друг поголеми еден од друг позаслужни, а омразата ни е фалба а фалбата омраза -еден на друг стрвници настрвени: Туѓа солза образот ни го бразди образот наш сеирџиски... Навикнавте, свикнавте... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПРИКАЗНА ЗА СОНУВАЧИТЕ
Во сонот туѓ, а за тебе, да се разбудиш, да видиш се што сакале да видат со тебе, ако не пред тебе, а од очите да ги извадиш и на слава да не се прекрстиш за нив... Во ноќ црна, ни сон кај не `рти, икони да не видиш со крвишта опточени, ни чекор машки трње што гази пат да направи со тебе да го чекори, ако не пред тебе, а на крст од презир сонот да им го распнеш Зар поважни сме ние од тие во ноќ без ѕвезди што сонувале оти сонот не го запомнивме како што ни го запишале па ги избришавме... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПРИКАЗНА ЗА ЉУБОВТА
Ако Оче наш не ја научив, да те љубам можам посилно од сите свештеници во молитвите што те спомнале... Мојата љубов си ја мери силата со врутоците на времињата што те престигнувале - со крикот на унесреќените растечена место песна заспивалка... Колку високо да ги изѕидам столбовите за да си ги бакнам корените И благослов за семето и клетва за сеачот си - постојбино на исконските страданија... Некој братоубиец писаниетони го напишал со крвата на убиените браќа та зборот ветрот сега ни го враќа како сува плунка во лицето... Од сортата на пирејот сме биле а трски на лик - танчерки на ветрот дабје што корни... Приказната за Самсон во коренот ни е сплетена - зар самите да си ја расплетеме... И благослов за семето и клетва за сејачот си - во каква песна да се надживееме да се соѕидаме... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
НУЛТА ПРИКАЗНА
И ќе ги откопаме сите приказни да не ни талкаат душите на претците Раскажи ја приказната за принцезата на дланка од воздишки што раснела под дивите планини во срцето на јунакот во пранги црни кога скапувал... На три царства маќеата ја ветила од три принца ниеден не и бил достоен... Во девет лакти платно повиена во девет води црни зацрнета девет јуди на крст ја распнувале сонот да не го досони... Девет ловци мирасчии девет сина Керубинови со црни кучиња изесли месото и го кинеле Под девет камена вистина закопана од девет чуми до коска раскостена девет сонца на девет црни неба - црни, неогреани... Во девет кивоти солзалии времето го броела и нас да не дочека сонот да го досони... А мислевме – лесно ќе е... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1516171819 23> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |