![]() |
|
Занимливости околу исхраната |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1516171819 20> |
Автор | |
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Четири важни прашања кои треба да си ги поставите пред јадење
Во недостаток на слободно време почнуваме да јадеме брзи оброци и посегнуваме по првата храна која ќе ни се најде при рака, при тоа не внимавајќи дали истата е здрава и дали воопшто сме гладни. Без оглед дали вашата цел е да ослабете или да се храните здраво, запрете малку пред првиот залак и поставете си ги следните четири прашања. Колку калории содржи оваа храна? Постои ли поздрава алтернатива? |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Храна која повеќето луѓе не ја сакаат
Сино сирење Чкембе Џигер Модар домат Сардини Прокељ |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Зашто треба да се јаде домашна храна?Многу луѓе сакаат да јадат во ресторани или пекари, поради кое што внесуваат многу повеќе калории отколку што им е потребно. Според истражувањето на Универзитетот Rutgers 38% од луѓето јадат барем еднаш неделно во ресторант. Ви даваме пет причини зашто треба да и дадете голема предност на храната која самите ја подготвувате. 1. Ќе ослабете Ако јадете во рестораните, особено во оние со "брза" храна, ќе внесете многу "празни" калории кои ќе се одразат на вашата телесна тежина. Истотака, готовата храна во супермаркетите вообичаено е полна со адитиви, маснотии и шеќери. Решение е да внесувате доволно свежо овошје и зеленчук, безмасни протеини и сложени јаглени хидрати, кои се богати со витамински влакна и ќе ве држат сити подолго време. 2. Вашето дете нема да биде дебело Се поголем број на деца и адолесценти се дебели, што е директен резултат на конзумирање "брза" храна. Храната која е сиромашна со нутритиенти и влакна, а преполна со заситени маснотии, нитрити и шеќери, не е соодветна за развој на млад организам. 3. Заштедете пари "Брзата" храна е поскапа од купената во супермаркет. Доволно е да направите листа за купување, испланирајте оброци за цела недела и бирајте сезонско овошје и зеленчук. Исто така, треба да купувате свежи производи. 4. Ќе имате подобар однос со членовите на семејството Нека правењето јадење ви биде ритуал во кој ќе учествувате сите. Може да биде многу забавно. 5. Вашите деца ќе имаат здрава иднина Важно е да ги научите децата како да припремаат и готват. Познато е дека многу малку млади не знаат да готват ниту наједноставни јадења, а за нивната иднина тоа е важно да го научат. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Шеќерот го забрзува стареењето на кожатаРетки се жените кои во потполност може да уживаат во десертот, а притоа да не се загрижат за нивниот изглед. Сите знаеме дека, кога се нашите тела во прашање, шеќерот е негативец, кој ќе направи да се чувствуваме задоволни од неговиот вкус, но ќе ни направи проблеми на други места од телото. Покрај останатите негативни ефекти од шеќерот, како на пример дебелеењето, научниците докажаа дека шеќерот исто така го забрзува стареењето на кожата и предизвикува појава на брчки. Научниците го тврдат следново: кога имате молекули на шеќер во крвта, тие ги бомбардираат клетките и се лепат за маснотијата и протеините во процес кој се нарекува гликација, а негова последица е фактот дека протеинските влакна стануваат крути и прави. Протеините во кожата кои се најсклони кон гликација се токму оние кои ни го даваат младешкиот изглед ја прават кожата еластичка: колаген и еластин. Кога тие ќе се поврзат со шеќерот, стануваат безбојни, слаби и нееластични, па на површината на кожата се појавуваат брчки, сивило и опуштеност на кожата. Во целост не може да ги исфрлите шеќерите од исхраната, тие се неопходно гориво за нашите клетки и енергијата на метаболизмот и се важни за нашиот опстанок. За повеќето луѓе со нормално ниво на гликоза, процесот на гликација не е огромен проблем бидејќи се случува многу бавно. Сепак внимавајте колку шеќери внесувате, бидејќи со тоа влијаете на вашата кожа и на вашиот изглед. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Диета со краставициОваа диета е многу ефективна, најмногу поради големиот процент на вода. Не случајно ја нарекуваат краставицата „илузија за храна“. И кога ќе ја додадеме и ниската калориска вредност, диетата со краставица моментално станува топ диета. Диетата со краставици трае една седмица. Секој ден треба да јадете 1,5 килограми краставици. Три пати дневно се приготвува свежа салата, која се зачинува со малку павлака, јаболков оцет или соја сос и малку маслиново масло. Се препорачува да не се додава сол. Затоа пак се препорачува салатите да бидат зачинети со свеж магдонос, босилек, лук или лимонов сок. Кон секоја порција салата се додава парче препечен полнозрнест леб, наутро две белки од јајце и за ручек парче бело варено месо. Пред легнување се пие 400 мл зелен чај со малку мед или сок од грејпфрут разреден во вода. Диетата гарантира навистина многу добри резултати. Изменето од емил - 16.Март.2012 во 19:43 |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Обичните пуканки веќе се прогласени за одлична диетална храна поради малото ниво на калории, а новото испитување изненади многуммина. ![]() Една порција пуканки, според проценките на научниците има 300 милиграми антиоксиданси, речиси двојно повеќе од една порција овошје. -Пуканките заслужуваат повеќе почит. Тие се нутрутивно злато, изјави Џо Винсон, еден од учесниците во истражувањето. Меѓутоа, тоа не треба да биде храна на која ќе се темели дневниот оброк, бидејќи не содржат витамини кои можеме да ги најдеме во овошјето и зеленчукот. Незачинетите пуканки имаат ниска калорична вредност. Но, бројот на калории зависи од начинот на нивното подготвување, така што сами можете да одлучите дали сакате да имате најдиетални грицки од сите останати на светот или малку по калорична „ужина“. Доколку не се подготвени на путер имаат околу 90 калории во една порција, која во зависност од дополнителните масни додатоци може да се искачи и до 300 калории. Поради отсуството на шеќерот, пуканките се иделни грицки |
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Јагоди: Од вкусно овошје до моќен афродизијакЗдравата и хранлива јагода во 100 грама ја содржи целокупната дневна доза на витамин Ц, а во себе има одвај 50 калории, па се смета за најдобар пријател на витката фигура. Љубителите на ова црвено овошје треба да знаат дека може да го чуваат во
фрижидер до три дена. При миењето отстранете ги зелените делови и мијте во
цедалка со силен млаз вода. Не е препорачливо да ги потопувате и оставате
подолго време во вода бидејќи на тој начин губат од својата нутритивна вредност.
Доколку се решите да ги замрзнете имајте предвид дека на тој начин може да се
чуваат најмногу до година дена. Освен тоа јагодите се нарекуваат и овошје на љубовта поради нивното
афродизијачко дејство како и поради тоа што честопати се незаменлив дел од
љубовната игра особено кога се комбинираат со шампањско, шеќер во прав и течно
чоколадо. Сладолед од јагоди и мед
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Calipso ![]() Модератор ![]() ![]() Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
KAЛИНКИТЕ ЈА ЗГОЛЕМУВААТ СЕКСУАЛНАТА ЖЕЛБА
Истражувањата покажуваат дека пиењето сок од калинка по една чаша на ден во текот на две недели доведува до значително зголемување на нивото на тестостерон, а како резултат на тоа желбата за секс е се поголема. Ова важи за двата пола, и за мажи и за жени. Калинката веќе важи за овошје кое се употребува во алтернативната медицина, но веројатно сега ќе се закити со уште една титула – афродизијак.
![]() Студијата вклучува 58 луѓе од 21 до 64 години. Пиењето на сок од калинки и јадење на калинки за само 7 дена довело до двојно зголемување на тестостеронот кој влијае на влакната на лицето, длабочината на гласот, како и зголемување на сексуалниот нагон.
Кај жените, освен зголемувањето на сексуалниот нагон, се зголемува еластичноста на коските, како и квалитетот на мускулните влакна. Исто така, научниците велат дека зголемениот тестостерон позитивно влијае на расположението и помнењето, намалувањето на стресот, нервозата и тремата. Уште пред неколку години беа откриени и докажани придобивките кои доаѓаат од калинката. Таа е одличен антиоксиданс, помага во одбраната од срцеви заболувања и ја поттикнува циркулацијата. Калинката се смета за овошје кое штити од некои видови на малигни заболувања, ги ублажува симптомите на остеоартритис, иритацијата на желудникот, дури и влијае на симптомите на конјуктивит, како и намалување на крвниот притисок. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Јадете поздраво, повкусно, пораскошно - триесет и шести делДоматите се силен антиоксидансХранливи материи во доматите Доматите содржат голема количина на витамин Ц, скоро 40% од препорачаната
дневна доза од витаминот кој што е есенцијален за силен и здрав имун систем.
Исто така, содржат и витамин А кој што придонесува кон растот и регенерацијата
на ткивото. Во една студија се цитира дека Т лимфоцитите или белите крвни
клетки, како и сите клетки во мукозалната бариера на дигестивниот,
респираторниот и уринарниот тракт имаат потреба од витамин А. Доматите содржат и
витамин Б6 кој што помага во борбата со слободните радикали кои што
предизвикуваат оштетувања на клетките и инфекции. Доматите имаат многу мала количина на холестерол и заситени масти. Нивната
голема придобивка е одржувањето на здрав крвен притисок и помош при превенција
на срцевите заболувања или други проблеми поврзани со срцето. Големата количина
на витаминот Б6 заедно со витаминот Ц помага во градење на силен имун систем
преку борба со инфекциите, како што е настинката, како и регенерирање на
клетките кои што се оштетени од слободните радикали. Доматите се одличен извор
на диетални влакна кои помагаат за одржување на здрав дигестивен систем и
превенција на констипација асоцирана со недостаток на влакна во
исхраната. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Едно јаболко на ден ги брка болестите далеку од васНова студија која ги проучуваше мозочниот и срцевиот удар тврди дека едно
јаболко дневно навистина може да го задржи лекарот подалеку од вас. Исто така, ова истражување открива дека дури и портокалите и кромидот можат
да бидат корисни во превенцијата од овие болести. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Драгоцен зеленчук и природен еликсирПразот делува како природен антибиотик го намалува крвниот притисок, го јакне
имунитетот, го намалува холестеролот и превентивно делува на појава на малигни
заболувања. Празот има долги, сплеснати, зеленкасти листови што растат еден до друг во
форма на цилиндер. Може да порасне и до половина метар. Подземниот дел е бел,
меснат и задебелен. Неговата арома е порафинирана од аромите на повеќето
сродници. Лековитост Коктел од зеленчук |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Лукот подобро лекува отколку антибиотицитеДиалил сулфид, една од главните состојки на лукот го штити
телото од труење од храна така што создава заштитен слој, а има појако дејство
од еритромицинот и ципрофлоксацинот, покажуваат резултатите од истражувањето
спореведено на Институтот во Вашингтон.
Кампилобактеријата една од најчестите бактерии кои предизвикуваат труење од храна, а симптомите се дијареја, грчеви во желудникот и зголемена телесна температура. Оваа бактерија речиси во една третина од случаите предизвикува парализа. Тој наведува дека тоа не значи оти лукот треба да се јаде во големи количини и дека треба консултација со лекар. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Храна која во иднина може да исчезне
1. Мед - Сѐ повлажните зими и дождливите лета оневозможуваат собирање полен поради што пчелите гладуваат и нивната популација е постојано во пад. Освен тоа што создава проблеми во собирање на мед, може да исчезнат и голем број цвеќиња и растенија бидејќи пчелата нема да го разнесува поленот. 2. Чоколадо - Доколку фармерите во Гана и на Брегот на Слоновата коска, главни произведувачи на ова слатко, не се прилагодат на високите температури, чоколадото може да стане луксуз. Важноста на климата се темели на фактот што вкусот на виното е резултат на рамнотежата на шеќерот и киселината во грозето, па ако тоа се одгледува во потопла клима, ќе има потежок вкус, а ладното нема да развие овошна арома. 3. Кикири - Производството на кикири падна поради минатогодишните високи температура, а доколу продолжи се очекува пораст на цената на путерот од кикири, еден од омилените производи во Америка. 4. Тестенини - Климатските промени ќе оневозможат одгледување на пченица во Италија, а ако температурите продолжат да растат, Италија може да остане без видовите пченица кои се потребни за производство на тестенини. 5. Кафе - Климатските промени не им одат во прилог на љубителите на кафето, производството на кафе исто така е во опасност. 6. Пиво - Причината зошто и пивото е на списокот, е недостатокот на вода. Без вода одгледувањето на клучната состојка - јачменот, е невозможна. 7. Јаворов сируп - Сите пократки циклуси на ладно време оневозможуваат стеблото на јаворот да го усогласи шеќерот во својот корен кој инаку се собира на пролет и се преработува со сируп. 8. Грозје - Франција поради промената на времето ја губи својата идеална клима за произведување на грозје, а вистинската температура е клучна за неговото одгледување, поради производството на виното. |
|
![]() |
|
d4 b3 ![]() Сениор ![]() не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Кикири што е бе
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1516171819 20> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |