|
НОВИТЕТИ |
Внеси реплика | страница <1 15161718> |
Автор | |
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13922 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
konkurent dostoen na pandata |
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Џеј Ло го промовира новото „Фичо“Од компанијата ја ангажирале Џенифер Лопез да го промовира автомобилот, а во спотот „Papi“ таа се вози токму во овој модел. Новиот модел од Крагујевац на американскиот пазар ќе се појави на почетокот од идната година, а се очекува да чини од 10.000 до 15.000 евра во зависност од опремата. Наместо јавното претставување на „крагуевскиот модел“ на 6-ти март на автосаемот во Женева, италијанците се одлучиле да не „почестат“ со официјални фотографии малку порано. Ќе возиме сите „Фичовци“? |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Моќниот "SL 65 AMG"Откако на неодамна одржаниот Саем во Женева, љубителите на автомобили имаа можност да го погледнат "SL 63 AMG", компанијата ги објави првите детали и фотографии на уште помоќниот и поскапиот модел "SL 65 AMG" кој работи со големиот V12 мотор. Својата официјална светска премиера овој модел ќе ја има следниот месец на Саемот за автомобили во Њујорк. И покрај сите детали, "SL 65" сепак најмногу се истакнува поради 6 литарскиот V12 битурбо мотор кој произведува дури 630КС, додека максималните вртежни моменти електронски се ограничени на 1,000Nm.
Оваа сила се искористува уште подобро со новиот "AMG Speedshift Plus 7G-TRONIC" менувач кој е развиен така да штеди гориво, а нуди и четири различни начини на работење: "Efficiency" (C), "Sport" (S), "Sport plus" (S+) и "Manual" (M). Новиот автомобил се издвојува и со елегантната и лесна конструкција, благодарение на која "е олеснет" за дури 170 килограми, додека на сличен начин преку заштеди во тежината е унапредена и суспензијата на овој автомобил. Компанијата истакнува дека и новиот електромеханички систем на управување кој се прилагодува според брзината на возење е во согласност со прилагодувањето на суспензијата, за што исто така е задолжен "AMG".
И кога станува збор за перформансите, новиот модел значително е понапреден од својот претходник, па така, до "стотка" се забрзува за 4 секунди, додека максималната електронски ограничена брзина изнесува 250км/ч. Интересно да се истакне е и економичноста во потрошувачката на гориво, па така, новиот "SL 65" троши 17% помалку гориво, поточно, просечната потрошувачка изнесува само 11,6 литри на 100 километри. Исто така, новиот модел е првиот кој ќе се краси со новиот стил на марката "AMG", кој пред се, се однесува на предниот дел од автомобилот. Станува збор за нова маска со двојна хромирана лајсна со препознатливото и големо лого на "Mercedes" сместено на средината.
Новиот "Mercedes SL 65 AMG" ќе пристигне на германскиот пазар во септември оваа година, а почетната цена ќе изнесува 236,334 евра.
|
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се наѕираат новите модели на McLaren
Претходните информации дека McLaren работи на три нови модели, кои ќе бидат лансирани до 2015 година, започнаа да се потврдуваат.Фирмата од Вокинг, која порано беше ексклузивен соработник на Mercedes, на основа на монокок каросеријата од јаглеродни влакна од MP4-12C во чиј развој беа вложени невообичаено високи 400 милиони фунти, наскоро ќе започна да пресметува како им се враќа вложеното.
Првичните информации говореа дека прв од трите планирани нови модели ќе биде отворената верзија на MP4-12C, која ќе го има неговиот 3,8 литарскиот битурбо V8 мотор со 600 KS и дека како нареден се подготвува наследникот на првото нивно чедо, суперлативниот F1, кој се развива под ознаката P12 и за кој се очекува да има околу 800 KS. За третиот модел се претпоставуваше дека ќе биде помал спортски автомобил, со кој ќе се конкурира на Porsche. Но, како тече времето, така некои работи поинаку се конкретизираат - ако освен во терминот за негово лансирање, за кабриолетот нема двојба, најновите информации кои протекоа од McLaren велат дека се подготвува модел со shooting brake заден дел, кој ќе го има истиот мотор од MP4-12C. Планиран за лансирање на почетокот на 2014 година, новиот спортски караван ќе има концепт сличен на Ferrari FF, но со цената која ќе се движи околу 150.000 фунти, ќе биде значително поевтин од него. Како и MP4-12C, ќе има две седишта и неверојатни перформанси, но ќе биде и значително попрактичен, посебно во поглед на багажниот простор. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mercedes-Benz го претстави 2013 SLS AMG GTПо две години откако SLS AMG „Gullwing“ купето се најде во продажба и по помалку од една година од претставувањето на Roadster моделот, Mercedes-Benz откри нова верзија на неговиот суперавтомобил кој отсега ќе биде познат како SLS AMG GT. Фокусот кај новата верзија најмногу е изразен на подобрувањето на перформансите на возилото – 6.2 литарскиот V8 мотор доби дополнителни 20 коњски сили од претходникот, па сега има моќност од 583 КС.
Подобрувања во брзината има и кај седумстепениот AMG SPEEDSHIFT DCT 7 пренос кој има новоразвиени функции за менување на брзините и опримизирана контрола на трансмисија, па така SLS AMG GT сега забрзува од 0-100 км/ч за 0,1 секунда побрзо во однос на претходникот (3,7 секунди) и може да постигне брзина од 200 км/ч за 11,2 секунди.
Максималната брзина е електронски ограничена на 317 км/ч. Германскиот суперавтомобил има 19 инчни фелни и гуми со димензии 265/35/R19 напред и 20 инчни фелни и гуми со димензии 295/30/R20 на задните тркала. 2013 SLS AMG GT ќе се најде во продажба на европскиот пазар од октомври годинава, а цената во Германија ќе започнува од 204.680 евра за SLS AMG GT И 213.000 евра за SLS AMG GT Roadster. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13922 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Nissan
на саемот за автомобили во Париз ќе го изложи новото концепт возило кое
меѓу другото се одликува со задни врати кои се отвораат во спротивен
правец од предните. Покрај овие официјални слики, објавено е дека TeRRA е crossover кој
има четири седишта, 4x4 погон, три електромотора (еден напред и два
одзади) и нулта емисија (автономијата изнесува околу 500 км), а неговиот
дизајн треба да го најави и изгледот на некои идни модели на јапонската
марка. Познати се димензиите : TeRRA Concept е долг 4160 мм, широк 1800 мм, висок 1560 мм, додека неговите бандажи се 20 инчни. Изменето од pajser - 15.Септември.2012 во 02:34 |
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13922 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Џејмс Муир, Претседател на СЕАТ С.А, вчера вечер за прв пат го откри
новиот “сеат леон“ на медиумската вечер на Фолксваген Групацијата, вовед
во Париз мотор шоуто 2012.
“Новиот ’леон’ не бара компромиси од клиентите“, вели Муир. Претседателот на “Сеат“ исто така ја искористи медиумската вечер на Фолксваген Групацијата да го открие и новото лого на компанијата, чие претставување коинцидираше со претставувањето на новиот Леон. “Новиот ’леон’ ќе биде првиот ’сеат’ што ќе го носи новото лого на нашата компанија. Новото лого на ’сеат’ е одраз на нашата посветеност кон јасниот, прецизен дизајн и ненадминатата инженерска брилијантност” појасни тој. Натпреварувајќи се во острата конкуренција на европската средна класа, новиот ’леон’ е прво произведено возило со новиот дизајнерски јазик на ’сеат’, претходно забележителен кај ИБЕ, ИБЏ и ИБЛ концептуалните автомобили. Новиот Леон ги има новите технологии за подобра безбедност и поврзување, и е прв автомобил во својот сегмент со целосни ЛЕД светла. Внатрешноста е прилагодена кон возачот и се карактеризира со изработка на високо ниво и најнови меки материјали. Новиот ’леон’ е произведен во новата МЉБ платформа на Волксваген Групацијата и е 90кг полесен, но и покрај фактот што е за 52мм покус од својот претходник, има многу простор во внатрешноста. Изборот на шест бензински и четири дизел мотори, гарантираат избор за различните вкусови на клиентите. Новиот Леон ќе има Старт/Стоп технологија на моторот и најефикасна верзија на мотор кој емитува само 99г на Цо2, импресивна бројка за автомобил од оваа категорија. |
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13922 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рускиот AutoVAZ на годинешниот саем за автомобили во Москва претстави
еден од своите импресивни концепти, кој претставува увид во идниот
изглед на моделот на овој произведувач. Станува збор за Lada Xray crossover, чиј дизајн го потпишува Стив
Метин, познат по своите претходни трудови за Mercedes-Benz и Volvo.
Инспирацијата за самиот назив е забележлива на предниот дел, каде
фаровите и браникот ја формираат буквата „X“, а токму тој детал ќе ги
краси идните модели на Lada. Со ентериерот доминира кожата со висок квалитет, во која се
пресоблечени седиштата, а тука е инструмент таблата со футуристички
изглед на инфо-забавен систем. Lada Xray уште е само во концепт форма, но според најавите од руската
компанија, овој модел со новиот дизајнерски модел би можел да се најде
во понудата најрано во 2015 година. AutoVAZ, кој кон крајот на април престана со производството на Lada,
се надева дека благодарение на новиот дизајнерски тим, чиј шеф е Метин,
ќе успее да се наметне како една од водечките компании на рускиот пазар,
особено кога станува збор за продажните резултати. |
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mercedes-Benz SL 65 AMG - 800 Roadster ќе биде покажан за прв пат во Женевскиот автосалон .Автомобилот е со двигател V12 со две турбини и моќност 800 к.с..Скороста е ограничена на 350 км/ч. От 0 до 100 км/ч достигнува за 3.7 секунди |
|
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОФИЦИЈАЛНО: Новиот „Пежо“ 308
По неколку објавени слики на кои се гледаа
само поедини делови на возилото, еве ги и првите официјални фотографии
на новиот „Пежо 308“.
Новата „308-ица“ продолжува со актуелниот дизајн применет кај моделите
„208“ и „2008“ и се базира врз новата PSA EMP2 платформа, веќе
употребена на новиот Citroen C4 Picasso.
Како што е веќе најавено, EMP2 платформата во иднина ќе ја користат сите PSA возила (Peugeot-Citroen) од Ц и Д сегментот.
Новиот „Пежо 308“ се одликува со подобри возни карактеристики, простран
ентериер, поголема безбедност, штедливи мотори, како и за 140 килограми
намалена тежина.
Долг е 425см, висок 146, додека волуменот на багажникот изнесува 470 литри.
Што се однесува до моторите, „Пежо“ во своето прес соопштение не
наведува конкретни детали, но се очекува палета на 3-цилиндрични и
4-цилиндрични агрегати, со сила од 82кс и повеќе.
Пошироката јавност новиот „Пежо 308“ ќе може да го запознае во септември
на Автосаемот во Франкфурт, а продажбата ќе започне веднаш по
премиерата. Изменето од NRGMKD - 03.Јуни.2013 во 21:08 |
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ни доаѓаат Lada BM и Lada B-CrossВо современиот свет на автомобилиската
индустрија можно е едни исти автомобили да се продаваат под различни
брендови на различни пазари и земји. Така и новите модели на румaнската
„Дачиа“ - Sandero и Logan, претставени на минатогодишниот Автосaем во
Париз, на поедини пазари се продаваат со значката на „Рено“.
Renault Sandero II и Logan II во однос на верзиите на „Дачиа“ се
разликуваат по поинаква предна маска со голем знак на „Рено“ и
редизајниран преден браник.
Меѓутоа, „Сандеро“ би требало да се појави и под знакот на руската
„Лада“. Спрема најновите вести, Lada BM на база на „Сандеро“ се очекува
при крај на 2014 година, а Lada B-Cross во 2015.
Lada B-Cross ќе биде на база на Sanderо Stepway со поатрактивен изглед -
модификувани браници, нови прагови, проширени калници, нови кровни
носачи, поголеми алу тркала, светла за магла и повишен клиренс. |
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бре што кобници од нација сме.
"Еден ден и воздухот ќе ни го наплаќаат."Често така велиме... Епа еве ви и ќе ни го наплаќаат,според најавите од 2016. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13922 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
,,,,definitivno peharot i na ovaa ikona avtomobilska i prilega,,
Изменето од pajser - 07.Јуни.2014 во 17:47 |
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
Внеси реплика | страница <1 15161718> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |