![]() |
|
УЕФА Лига на Шампиони |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1415161718 43> |
Автор | |
traj ![]() Нов член ![]() Регистриран: 28.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 2 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
druze imas li nekoja sigurna
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
FT Bayern Munich 7 - 1 Sporting Lisbon
FT Juventus 2 - 2 Chelsea FT Liverpool 4 - 0 Real Madrid FT Panathinaikos 1 - 2 Villarreal Pen. AS Roma 1 - 0 Arsenal * FT Barcelona 5 - 2 Lyon FT FC Porto 0 - 0 Atletico Madrid FT Manchester U. 2 - 0 Inter Milan Zalosno Roma odpadna na penali ![]() |
|
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
sega go gledav vlecenjeto za vo 1/4 finale...
Villareal - Arsenal Porto - Manchester United Liverpool - Chelsea Bayern - Barcelona Kaj bas barcelona se padna uste sega sp bayern! ![]() |
|
|
|
![]() |
|
blackeye ![]() Сениор ![]() ![]() The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Interesno...spored mene bez problem bi trebalo da pomine mancester i arsenal donekade, a za drugive ke gledame interesen fudbal
![]() |
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
У ама ждепка се паднала лелеееее Ливерпул - Челзи...оф,оф ,оф како Челзи глатко ќе ги помине Ливерпул,како мерак ќе ми се направи да го видам Бенитес прицрвен од нервоза.
Виљареал - Арсенал..пак се среќаваат,само сега во 1/4 финале,доста неизвесно според мене.
Порто - Манчестер.јун...Полесен противник не постои за Ман.јун,сигурен пласман за Фергусон во 1/2 финале.
Баерн.М - Барселона..хмммм најнеизвесен двомеч според мене,Барса ќе треба добро да запне ако сака понатамо,сепак Баерн влегува во форма во домашното првенство а и мечот со Спортинг Лисабон покажа колку може да бидат силни,ептен неизвесно со малечка предност за Барселона поради тоа што вториот меч че се игра на Камп Ноу.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Bayern samo moze da pomine ako odigraat 2 utakmici bez greshki...sekoja greshka ke bide kazneta...Messi, Eto'o, Henry samo cekaat na nekoj kiks pozadi i odma kaznat dodeka na Bayern im treba 10 shansi za gol!...ke vidime
![]() |
|
|
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не би рекол Вардар дека е баш така,поштувам многу игра до Барса ама Баерн е тврд орев секогаш.
Мечот во Минхен го добиваат 100%,проблем ќе им биде малу на Камп Ноу,ама со Германци нема зезање.
Виде вчера што им направи Хамбург на Галатасарај,потоп ги напрај Гереро.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ja gledav sekoja utakmica od Bayern i spored ova mozam da kazam shansite se mali...no sepak se nadevam kako navivac na Bayern
![]() |
|
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
|
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не би рекол дека им се мали шансите,моментално имаат неколку стандардни првотимци повредени но сепак се доста силен тим.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПО МИНАТОНЕДЕЛНАТА ЖДРЕПКА
Сега Јунајтед е прв фаворит за титулата во ЛШ ![]() Коефициентот на премиерлигашот сега изнесува 15/8, додека Барселона има 11/4, а Челзи и Ливерпул 13/2. Во четвртфиналето Јунајтед за противник го доби португалскиот првак Порто, а потоа ќе го очекува подобриот од дуелот Арсенал-Виљареал. Иако никој од овие противници не е наивен, сигурно овој дел од “костурот” е далеку полесен од вториот во кој се наоѓаат Барселона, Баерн, Челзи и Ливерпул. Во последната недела британските обложувалници добиле голем број влогови на конечен триумф на Манчестер Јунајтед што сопствениците ги натерало да ги намалат коефициентите. Барселона е голем фаворит за триумф во двомечот со Баерн Минхен бидејќи коефициентот за победа на актуелниот германски тим изнесува 14. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Нови средби на старите познаници
![]() Алекс Фергусон многу добро се сеќава на реванш-осминафиналниот дуел од Лигата на шампионите пред пет години. Тогаш со неговиот Манчестер Јунајтед влегоа како големи фаворити во дуелите со анонимните фудбалери на Порто предводени од уште еден анонимус, Жозе Мурињо, кој по тој натпревар стекна со светска слава. Првиот меч на Драгао заврши со победа на португалскиот првак, но минимална со 2:1 и сите очекуваа лесна работа за "ѓаволите" пред своите навивачи. Сколс го отвори резултат по половина час игра, Јунајтед имаше контрола над играта, но Костиња во судиското продолжение погоди од слободен удар и го однесе Порто во следната фаза, подоцна и до втората шампионска титула во елитното натпреварување. Сега ситуацијата е доста слична. Јунајтед повторно има доминантен состав, Порто е предводен од доста непознат тренер во светски рамки и нема голем број познати фудбалери, но е подготвен за изненадување, особено поради тоа што реваншот се игра на Драгао. За разлика од претходните натпревари во домашното првенство, Алекс Фергусон сега ќе ги има на располагање сите фудбалери вклучувајќи ги Сколс, Руни и Видиќ, кои беа суспендирани, а единствениот што ќе недостасува е Рио Фердинанд, кој е повреден. Во неделата против Астон Вила блескаше Кристијано Роналдо, кој постигна два од трите гола, а сега ќе има помош од Руни и Тевез во нападот. Кај Порто сите фудбалери се на располагање, а актуелниот португалски првак оди на Островот со одлична атмосфера откако во саботата повторно победи во домашното првенство и ја задржа предноста од четири бода во однос на Бенфика и Спортинг. Двата тима имаат проблеми со повредени фудбалери во последно време, но Арсенал може да се пофали со добра форма. Кај домашниот тим сигурно нема да настапи Санти Казорла, кој е еден од клучните фудбалери, додека освен Едуардо и Диаби, Арсен Венгер не може да смета на Ван Перси, кој не ни отпатува во Шпанија поради повредата заработена на квалификацискиот натпревар на холандската репрезентација против Шкотска пред десетина дена. Затоа, во екипата се враќа капитенот Цеск Фабрегас, кој, најверојатно ќе остане на клупата, а тука е и Волкот, кој во нападот ќе му прави друштво на Бентнер. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Две "нули" за интересни реванши
Порто и Арсенал ќе имаат мала предност во вторите натпревари на од четврт-финалето во Лигата на шампионите што ќе ги играат на домашен терен. Двете екипи се изборија за реми на гости и тоа со постигнат гол, па идната среда ќе можат да обезбедат пласман меѓу четирите најдобри во Европа и меѓусебен дуел ако успеат да ги сочуваат своите мрежи. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Многу мотиви на Енфилд
![]() И двете екипи имаат големи мотиви за одмазда. Ливерпул за ланската несреќна елиминација во полуфиналето кога, особено во првиот меч на домашен терен, го надигра лондонскиот тим, но по продолженијата на Стемфорд Бриџ мораше да се збогува од московското финале, а Челзи за двата порази во Премиер-лигата оваа сезона. Особено беше болен првиот доживеан на својот стадион со што Ливерпул ја прекина серијата од 86 натпревари без пораз на Челзи на домашен терен и само ја најави кризата која резултираше со менаџерска смена по што на клупата седна искусниот холандски стручњак Гус Хидинк. Токму тој успеа да го препороди тимот кој се врати во трката за шампионската титула, но многу поверојатно е дека ќе се обиде да стигне до трофејот во Лигата на шампионите. Ливерпул игра во фантастична форма во последно време. Откако го елиминираа Реал Мадрид во претходната фаза "црвените" нанижаа три победи во домашното првенство и се доближија на само еден бод негатива во однос на Манчестер Јунајтед на седум кола пред крајот на сезоната. Она од што најмногу треба да се плашат фудбалерите на Челзи и нивниот менаџер е одличната соработка меѓу Џерард и Торес, кои заедно оваа сезона постигнаа 32 гола во сите натпреварувања. Капитенот е нешто поефикасен, но Торес долго време беше повреден и во последно време целото внимание на противничките фудбалери е насочено кон него, па тој се обидува да игра за своите соиграчи. Голем проблем за Бенитез ќе биде неиграњето на Маскерано поради жолти картони, но тука е Лукас да го замени. Се разбира дека вниманието вечерва целосно ќе биде насочено кон Енфилд иако на Ноу Камп се игра уште еден мошне интересен натпревар во кој Барселона го пречекува Баерн Минхен. Каталонскиот клуб многумина го сметаат за најсериозен кандидат за шампионската титула во ова натпреварување сезонава, но тоа ќе мора да го докаже на теренот. Тешкиот распоред во финишот од сезоната кога се очекува и расплет во домашното првенство може да биде голем проблем за момците на Гвардиола, но првата сериозна пречка кон остварување на големите амбиции ќе биде тимот на Баерн. Барселона се уште има шанси за освојување на сите три титули во оваа сезона, но за тоа ќе & биде потребна и голема среќа. За разлика од поголемиот дел од сезоната, Барса сега ги има здрави сите фудбалери вклучувајќи го Јаја Туре, кој беше неизвесен за дуелот со Баерн. Се очекува повторно во нападот да заиграат Анри, Ето и Меси, најефикасното трио во европскиот фудбал во оваа сезона. Баерн Минхен ја шокира Европа кога во претходната фаза од Лигата на шампионите го елиминира Спортинг со вкупен резултат 12:1, но уште поголемо изненадување беше она во саботата кога во Бундес-лигата загуби од Волфсбург со 5:1. Баварскиот клуб е далеку од она реноме кое го имаше на почетокот од оваа деценија при што во 2001 година стана и европски првак, но ниедна екипа не смее да го потцени ако сака да извади позитивен резултат. Во последните осум години Баерн не успеа да стигне до завршницата од Лигата на шампионите, но останува фактот дека во своите редови има еден од најдобрите светски фудбалери Рибери и расни напаѓачи како Тони и Подолски. ОВА СИГУРНО НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ - Иако играа осум натпревари меѓу себе во последните четири години, Ливерпул и Челзи забележале само по две победи, но никогаш со поголема разлика од еден гол. - Само Баерн Минхен и Реал Мадрид играле повеќепати меѓу себе во натпреварите од Лигата на шампионите (12 дуели). ![]() - Џерард и Карагер од Ливерпул играа на сите досегашни осум дуели со Челзи во ЛШ. Кај лондонскиот тим постојано присутни беа Чех, Лампард, Тери и Дрогба. - Ова е вкупно 23. дуел на Ливерпул и Челзи во последните пет години во сите конк*ренции. "Црвените" сезонава победија на двете премиерлигашки средби, но Челзи има позитивен скор 9:7 со шест нерешени дуели. - Ливерпул е во серија од меча без пораз во ЛШ. Последниот кој успеа да го победи беше токму Челзи на 30 април минатата година во полуфиналето. - Ливерпул постигнувал барем по еден гол на последните 18 натпревари во Лигата на шампионите. Последен пат не успеал да реализира на 3 ноември 2007 година против Марсеј на Енфилд. - Челзи нема победа на гости во ЛШ на последните седум натпревари. Последната ја оствари на 28 ноември 2007 година против Розенборг. - Менаџерите на двете екипи, Рафа Бенитез и Гус Хидинк, имаат по една титула во ЛШ или КЕШ, а заедничко им е тоа што до неа стигнале по изведување пенали. Уште една заедничка работа им е што двајцата работеле во Валенсија. - Барселона и Баерн се најефикасните екипи во Лигата на шампионите оваа сезона со по 24 постигнати гола. - Баерн е една од трите екипи без пораз во ЛШ оваа сезона заедно со Ливерпул и Манчестер Јунајтед. - Барса и Баерн досега не играле меѓу себе во Лигата на шампионите, единствените две средби на меѓународна сцена им се во полуфиналето од Купот на УЕФА во сезоната 1995/96 кога славеше германскиот клуб. - Барселона досега прими 11 гола, најмногу од сите учесници во четврт-финалето во ЛШ. - Франк Рибери досега има шест асистенции, најмногу во ова натпреварување. ИЗЈАВИ: МАРК ВАН БОМЕЛ (БАЕРН): В среда играме против најсилната екипа во светот во овој момент и тоа уште на нејзин стадион. Како и многу други, и јас верувам дека ако Барселона успее да не елиминира ќе ја освои Лигата на шампионите. Но, ако ние излеземе како победници, ќе испратиме јасна порака: "Гледајте, Баерн се врати". ФЕРНАНДО ТОРЕС (ЛИВЕРПУЛ): Никој никогаш не рекол дека ќе биде лесно против Челзи. Впрочем, ние со нив никогаш не сме имале лесен натпревар. Само се надевам дека ќе одиграме нови добри 90 минути и дека ќе го нокаутираме Челзи веќе на првиот натпревар. ПЕП ГВАРДИОЛА (БАРСЕЛОНА): Формата во шпанското првенство нема ништо заедничко со Лигата на шампионите. Затоа мислам дека имавме лоша ждрепка со тоа што ни падна Баерн. Тоа е екипа што четири пати била европски првак, рекордер по бројот на титули во Германија и сигурно ќе дојдат овде со голема мотивација. КАРЛЕС ПУЈОЛ (БАРСЕЛОНА): Треба да влеземе во овој натпревар со голем респект затоа што се работи за многу квалитетен противник. Во оваа фаза од Лигата на шампионите нема фаворити, така што не знам дали ние би можеле да се наречеме така. Баерн има одлични фудбалери како Тони и Рибери, кои сами можат да го решат секој натпревар. Важно е да го наметнеме нашиот стил и да бидеме агресивни и во напад и во одбрана. ГУС ХИДИНК (ЧЕЛЗИ): Нема тајни во модерниот фудбал, па така не гледам како јас или мојот колега Бенитез би можеле да се изненадиме еден со друг. Се надевам само дека ќе ја наметнеме нашата игра, ќе создаде голем број шанси и ќе излеземе како вкупни победници. Важно е тоа што немаме притисок до каде да стигнеме во Лигата на шампионите и тоа би можело да ни ја олесни задачата. ЏЕЈМИ КАРАГЕР (ЛИВЕРПУЛ): Резултатите против Челзи оваа сезона ни се многу добри и ако играме на истиот начин како во првенството, сигурно ќе ги елиминираме. Лани немавме среќа затоа што Рисе си постигна автогол во финишот од првиот меч, инаку ќе победевме и тогаш. Сега е друго, влегуваме во двомечот во подобра форма и мислам дека можеме да славиме. к*рИОЗИТЕТ Тренерот на Баерн Минхен, Јирген Клинсман, е единствениот од осумте во четврт-финалето на Лигата на шампионите што се уште не претрпел пораз во ова натпреварување. Точно е и тоа дека како тренер има најмал број натпревари во Лигата на шампионите, но и покрај се неговиот успех е за секаков респект. На осумте натпревари во оваа сезона (шест во фазата по групи и два во осмифиналето), Клинсман има ист однос: шест победи и два нерешени резултати што исто така го прави доста успешен. ЈУБИЛЕЈ Голманот на Ливерпул, Пепе Реина, вечерва ќе стане првиот чувар на мрежата на клубот од Енфилд со 50 настапи во Лигата на шампионите. Шпанскиот репрезентативец дојде во Ливерпул во 2005 година од Виљареал, но за време на својот престој на Островот се промовираше во еден од најквалитетните не само шпански, туки и европски голмани. Еднаш го однесе својот тим во финалето на Лигата на шампионите, една година претходно му донесе титула во ФА Купот откако во финалето против Вест Хем одбрани три пенали, а во 2006 и 2007 година беше прогласен за најдобар голман во Премиер-лигата со 20, односно 19 натпревари без примен гол во една сезона. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1415161718 43> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |