|
АКО ИМА БОГ ЗОШТО ДОПУШТА ЗЛО И СТРАДАЊЕ? |
Внеси реплика | страница <1 14151617> |
Автор | |
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
(Бидејќи на ова прашање и многупати одговорено, ти направив една моја компилација од моите постови на оваа тема )
Секојдневно загинуваат илјадници луѓе, млади и стари. Зошто сметаш дека ова прашање посебнo треба да се постави за Тоше? Мислиш дека Бог него повеќе го сака од некое гладно африканче кое загинува од некој вирус или од глад? Кога некои луѓе дојдоа и го известија Исус за едно злодело на Пилат и за една трагедија што се случила во Ерусалим, Исус им одговори: "Тој одговори и им рече: „Мислите ли дека тие Галилејци беа повеќе грешни од сите други Галилејци, зашто настрадаа така? Не, ви велам, но ако не се покаете, сите ќе загинете така. Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа повиновни од сите луѓе, кои живеат во Ерусалим? Не, ви велам! Но ако не се покаете, сите ќе загинете така.” Бог не е загрижен многу за нашата прва смрт (која всушност е само запирка), туку повеќе е загрижен за нашата втора смрт (која за жал претставува точка на реченицата наречена “наш живот”). Верувам дека нашиот мил Тошка си беше одамна покајан и си ги имаше средено односите со Бог пред овој немил настан, затоа верувам дека тој сега си е на подобро, поубаво и сигурно место - во прегратките на Бог. Бог ги зема сите, и старите и младите, и верниците и неверниците, и тие со големо срце и тие со мало срце, како што вели Библијата: "На сите им е определено еднаш да умрат, а потоа следи суд." Библискиот страдалник Јов, кога ги загубил и децата, и добитокот, и скоро целиот свој имот, и кога неговата жена во гнев и бес го предизвикала со зборовите: "Проколни го Бог и умри!" Тој и рекол: "Господ даде, Господ зеде, благословено да е Името Негово." Така треба да размислуваме и ние, се е од Бог и се е за Бог. Не можеме ние да Му се мешаме во сувереното право на Бог кога Тој ќе реши да повика некоја душа. Човекот е кратковид, со ограничено знаење и најмалку е компетентен да суди кој кога треба да си оди од овој свет. Како што небото е високо над земјата, така и Божјите патишта се високо над нашите (Исаија 55:8,9) Пак ќе повторам: Бог не е многу загрижен за нашата прва смрт и тој не ја гледа неа како некоја голема трагедија бидејќи од негова перспектива таа е и придобивка за верникот кој оди на подобро место - во Небесното Царство. Бог е страшно загрижен за втората смрт на човекот, за оние кои умираат непокајани и не ослободени од гревот и од неговата осуда, бидејќи нивната смрт значи ТОЧКА, а на овие предходно само една обична ЗАПИРКА, едно обично довидување. Јас верувам и се надевам дека Тоше имаше искрена вера во Бог. Ако имаш и ти, не се секирај...еден ден (ти посакувам тоа да биде подоцна) ќе го видиш нашиот мил Тошка За крај, Ако можеме нешто поучно да извлечеме од трагичниот настан со Тоше, меѓу другото, е дека човек треба да обрне повеќе внимание на квалитетот отколку на квантитетот на својот живот, бидејќи на никому не му е гарантирано долг живот на Земјата. Па затоа е подобро човек да се концентрира повеќе на квалитетот на животот, особено на неговата духовната компонента, бидејќи на крајот на краиштата, тоа е единственото што ќе го понесеме како вредност и по нашата смрт. Никој не може да влијае на квантитетот на животот, со други зборови, никој не знае колку ќе живее, никој не може да гарантира дека ќе го види и утрешното изгрејсонце, никој не може да си додаде плус еден ден, ако Бог одреди денес да го повика. Бог, како наш Жвотодавец, има суверено право над нашиот живот и без пардон ја повикува нашата душа. Но сите ние можеме да влијаеме на квалитетот на нашиот живот. Секој од нас може да одлучи да живее богоугоден живот, да се посвети на помагање на другите, на хуман живот, да биде чесен, искрен, праведен, непристрасен, неподмитлив, солидарен, дарежлив, лојален, милосрден, сочувствителен, љубезен, скромен итн. Овие работи имаат трајна вредност и тие се единствените чии плодови можеме да ги понесеме со нас и зад смртта. Имавме прилика да видиме т.е. да се потсетиме дека и славните и богатите личности не можат да понесат со себе ништо повеќе од горенаведените работи од таа страна. Христос на Својата проповед на гората го кажа и следново: "Не собирајте си богатства на земјата, каде што молецот и рѓата ги уништуват, и каде што крадци поткопуваат и крадат; туку собирајте си богатства во небото, каде што ни молец, ниту ‘рѓа ги уништува, и каде што крадци не поткопуваат и крадат; зашто каде е твоето богатство, таму ќе биде и твоето срце." Матеј 6:19-21 Верувам дека Тоше си собра доста богатство на небото. Нам ни останува да се поучиме од неговиот пример и да ги поучуваме другите да го следат истиот. |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Секташ
Група Регистриран: 28.Октомври.2007 Локација: Israel Статус: Офлајн Поени: 78 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па зашто па да не дозволува Бог, зло и страдање?
Да не мислиме дека заслужуваме мед и млеко,кога на секој чекор ги прекршуваме божјите заповеди.
Дајте малку и вака да размислуваме а?
|
|
.......Тој е челник на назаретската секта. Дела 24:5
|
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
/
Изменето од ACELERA - 27.Јануари.2010 во 04:32 |
|
medeno
Група Регистриран: 16.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 45 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Iskreno mi se dopadna ovoj post...Gospod navistina neznae za zlo, toj e se ona sto e ubavo, sto e dobro, sto e perfektno go pretstavuva tokmu toj!No nie lugeto navistina seto loso i se sto ni se slucuva neubavo go pravime sami! Smrtta na Tose pokaza deka lugeto mozat da bidat obedineti, no zalno e koga se obedinuvaat vo taga! No sekoj eden covek koga bi se potrudil da ja najde vistinskata sustina na nestata sto se slucuvaat nema da se custvuva tolku tazno, zatoa sto ke svati deka tuka zme samo na pominuvane, deka ova e samo prolazen svet do onoj vistinskiot kade sto e vecnosta! Stradanjeto sekogas ke bide pomalo ako covek so osvrne na Boga, ako veruva vo ona sto toj go predodredil kako sudbina na sekoj eden od nas! Site na zemjata sme so opredelena cel, i so poznata pricina, da se podcinime pred Stvoritelot i da go ziveeme zivotot pravilno trudejki se da bideme sto pomali gresnici, pritoa molejki se i tie grevovi da ni bidat oprosteni! Onoj koj go saka vecniot zivot vo rajot, pred da stvara za ovoj svet ke razmili da stvori za idniot svet!
p.s Neka Allah mu gi oprosti grevovite, neka go zastiti od loso i neka mu podari rahmet i dzennet na Tose, i neka ni gi prosti grevovite i na nas gresnicite koi znaeme deka samo toj e Semilosen i deka toj se moze!
pozdrav do site...i se izvinuvam dokolku sum ve navredila vo forumov! Dokolku mi bide dozvoleno da se druzam so vas ke se potrudam da bidam umerena vo ona sto go zboruvam!
Pozdravce i do ACELERA! (Sorry for everything)
|
|
Neka tvoi koraci ostavjaju iskrenih trag stazama vjerom,neka u dusi ti vlada vjecni mir i zadovoljstvo,a u srce ti gori sjaj vjecnom radosti i sreci...Neka Vozviseni je uvjek uz nama-Amin Allah!
|
|
Секташ
Група Регистриран: 28.Октомври.2007 Локација: Israel Статус: Офлајн Поени: 78 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сестро знам дека Бог не е крвник,тамам работа ако беше, тешко си на нас.Мислата ми беше во смисла кога стално луѓето го окривуваат Бог за секоја нивна несреќа.(како на пример-да постоеше Бог немаше ова да ми се случи)
Но треба да се знае дека Бог понекогаш дозволува да се случуваат несреќи.Потсетете се на првата книга во библијата страдалникот јов.
И не треба да се занемари фактот дека Бог не им дава милост и благослов на неверниците,лажачите,убијците и тнк.
Има милост и спас за секој што ќе се покае и поверува во Спасителот.
А несреќи ќе има се повеќе и повеќе,зашто сме предупредени во библијата.Ако настрада некој верник,треба да знаеме дека е на поубаво место,и дека така благоволил Семоќниот,и дека е подобро за нас така да биде.Зашто само Бог знае што е добро за нас.
Останете во мир и Божји благослов.
|
|
.......Тој е челник на назаретската секта. Дела 24:5
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Проблемот кој го покренува прашањето на пријателот е еден од основните во филизофијата, чие размислување пак ги поделило разните школи и мислења. На него одговараме: Бог е милозлив и добар. Тој не наредил да се прави зло, но од мудрост не го ни оневозможил: „Навистина Аллах не ви наредува да правите срамни дела. Зар на Гопспод ќе му го кажете она што не го знаете? Кажи: Мојот Господар ми наредил добри и праведни дела...” (Ел-Еараф, 28). Бог наредува само правда, љубови, добродетелство, опрост и она што е добро, и се задоволува само со убавото и пријатното. Но, зошто тогаш му дозволил на насилникот да врши насилство, убиецот да убива, крадецот да краде..? Затоа што Тој не сакал слободни. А слободата претпоставува можност за грешење, инаку тоа не би била слобода. Слободен е изборот помеѓу непослушноста и послушноста. Во моќта на Аллах џ.ш. била можноста да не направи сите нас добри и да не принуди на послушност, што би значело одземање на слободата на изборот. По вољата и мудроста на Господ слободата со болката е поблагородна за човекот од ропство со среќа. Затоа е и оставена можноста за грешење.
Правилното и објективно гледање ни открива дека доброто во целокупното свое постоење е принцип, а злото е исклучок. Здравјето е основа, а болеста е исклучок. Ние поголемиот дел од својот живот го поминуваме во здравје. Болеста ретко не посетува. Така е и со земјотресот кој изнесува само неколку минути во животот на земјата долг со милиони години. Исто е и со војните и катастрофите. Се се тоа кратки грчеви ви животот на народите помеѓу долги периоди на мир. Практично, се има своја добра страна. Болеста поттикнува на чување на здравјето, болката е извор на цврстината, упорноста и спремноста на жртва. Земјотресите се воздишки ослободување на внатрешниот притисок на земјата, кој ја заштитува нејзината кора од експлозија. Вулканите исфрлаат скриени рудни богатсва и покриена површина на земјата со плодна лавеа. Војните ги поврзуваат народите. Од ова синџирно поврзување настанале и Обединетите Нации и Советот за Безбедност како две најголеми светски инстанци, кои ги решаваат меѓународните конфликти. Пеницилонот, атомот, авионите, ракетите се пронајдени благодарејќи на војните. Отровот на змијата го содржи најефикасниот противотров. Од микробите се прават вакцини. Местата на кои што сме сега не би ни припаѓале ако нашите дедовци беа живи. Злото во вселената е како сенка на сликата: ако и се приближиш ти се чини дека е надостаток на сликата и грешка, но ако сликата ја гледаш од вистинска оддалечност ќе откриеш дека тоа е неопходно и дека сенката има првокласна задача во естетското обликување на сликата.
Дали ќе знаевме што е здравјето да не е болеста? Убавото го распознаваме благодарејќи му на грдото, природната положба благодарејќи на неприродната...Во оваа смисла се и зборовите на големиот Газалија: „Непотполноста на веселената е нејзината потполност, како што е искривеноста на лакот неговата исправност, бидејќи во спротивно не ќе можеше да ја исфрли стрелата.” Второто значење на тешкотиите и болките е откривањето на вистинската природа на луѓето. Ако не се тешкотиите, сите луѓе би биле исти. Дарежливоста би станала посиромашна а борбата би ја загубила сласта на јуришот. Тоа е испитот на секој од нас пред самиот себе си пред Аллах џ.ш. Овој свет не е ништо друго освен една глава на романот, кој има повеќе такви глави, и смртта не е негов крај туку почеток. Неправилно е да донесуваме суд само врз основа на еден чин, како што енеправилно да отфрлиме некое дело, бидејќи некоја негова страница не не воодушевува. Правилниот суд се носи на крајот. И конечно, со што ова пријателот го надоместува? Бара ли тој живот без смрт, старост, недостатоци, помош, ограничувања, жал и болки? Зар не бара тој апсолутно совршенство, иако само Аллах џ.ш. е совршен? Совршен е само Еден и Единствен. Ова значи дека пријателот би бил незадоволен се додека тој лично не би станал бог, а тоа е исмејување на самиот себе си. Тој и на него сличните само не насмејуваат. Тие сакаат животот да биде рај, а што сториле така да биде? Со што нашиот пријател заслужува да биде Бог. Мојата нана беше попаметна од доктор по науки кога ни зборуваше едноставно: „Доброто е од Господ, злото е од нас” Ова трошка зборови го резимира и разрешува целиот проблем. Бог ја дал реката и ветерот, но капетанот на бродот ќе ја пренатрупа со луѓе и роба, па тогаш кога ќе потоне бродот го пцуе Господ и ја криви судбината. Каков е гревот на Господ во тоа? Тој ја дал водата по кој броди бродот и ветерот кој ќе го придвижува, но човечката похота и алчност го престорија доброто во зло. Колку има мудрост во зборовите: Доброто е од Господ, злото е од нас самите! Д-р Мустафа Махмуд
|
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
bond....james b
Сениор Регистриран: 10.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тема: АКО ИМА БОГ ЗОШТО ДОПУШТА ЗЛО И СТРАДАЊЕ?
е ,тоа само тој си го знае! |
|
You live only ONCE!
|
|
the eye
Група Регистриран: 30.Октомври.2007 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 51 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
N Изменето од the eye - 10.Јули.2008 во 11:11 |
|
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ne e toj sto go dopusta toa........samo nesigurnite stradaat...........
|
|
Fantastic Lady
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2008 Локација: United States Статус: Офлајн Поени: 169 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
A man went to a barbershop to have his hair cut,as always.They started to have a good conversation nd suddenly they touched the subject of God.The barber said:'Look man, i dont believe that God exists as u say so. Why do u say so?-asked the client.
Well, it’s so easy; you just have to go out in the street to realize that God does not exist. Oh, tell me, if God existed, would there be so many sick people? Would there be abandoned children? If God existed, there would be neither suffering nor pain. “I can’t think of a God who permits all of these things.” The client stopped for a moment thinking but he didn’t want to respond so as to prevent an argument. The barber finished his job and the client went out of the shop. Just after he left the barbershop, he saw a man in the street with a long hair and beard (it seems that it had been a long time since he had his cut and he looked so untidy). Then the client again entered the barbershop and he said to the barber: know what? “Barbers do not exist.” “How come they don’t exist?” asked the barber. “Well I am here and I am a barber.” “No!” The client exclaimed! “They don’t exist because if they did there would be no people with long hair and beard like that man who walks in the street.” “Ah, barbers do exist, what happens is that people do not go to them.” “Exactly!” Affirmed the client. “That’s the point. God does exist, what happens is people don’t go to Him and do not look for Him that’s why there’s so much pain and suffering in the world.” |
|
STEPSKI-VOLK
Група Регистриран: 12.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 39 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ako ne postoese bolesta,dali bi go cenele zdravjeto?Ako ne postoese grdotijata,dali bi znaele sto e ubavina?Ako ne postoese nesrecata,dali bi znaele sto e toa sreca?I dali ste se zaprasale ako ne postoese smrtta dali bi znaele sto e toa zivot?Se razbira deka na svetot ima mnogu raboti koi se apstraktni za nasite covecki mozoci i nase e da se trudime da spoznaeme kolku sto mozeme a ne da se trudime da go sfatime planot na Sevisniot Allah dz.sh.zasto toa ne mozeme i vo taa sfera sme ograniceni a i ne sme dostojni za toa.Ova e moe licno,kratko viduvanje na ova tema.
|
|
Pustinski-Lav
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 31.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ako ne postoese bolesta,dali bi go cenele zdravjeto?Ako ne postoese grdotijata,dali bi znaele sto e ubavina?Ako ne postoese nesrecata,dali bi znaele sto e toa sreca?I dali ste se zaprasale ako ne postoese smrtta dali bi znaele sto e toa zivot?Se razbira deka na svetot ima mnogu raboti koi se apstraktni za nasite covecki mozoci i nase e da se trudime da spoznaeme kolku sto mozeme a ne da se trudime da go sfatime planot na Sevisniot Allah dz.sh.zasto toa ne mozeme i vo taa sfera sme ograniceni a i ne sme dostojni za toa.Ova e moe licno,kratko viduvanje na ova tema.
|
|
NEMOZETE DA GO NAUCITE NA DRUGI SO NISTO; MOZE SAMO DA MU POMOGNETE SOZNANIETO DA GO SPOZNAE VO SEBE
|
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
/
Изменето од ACELERA - 27.Јануари.2010 во 04:14 |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
AHA AKO E BOG SEMOKJEN I DOBAR ZASO DA UVIDIME NESO SO E DOBRO NEKA NI 1. KAZE 2. NAPRAVI DA SLUSNEME 3. OSIGURA DEKA KJE POSLUSAME A ON NE SI GLEDA SEIR??????? VAKVI GORNI POSTOVI OBOZAVAM, NAIVNO PREKRASNI |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
Внеси реплика | страница <1 14151617> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |