IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВНИ,КАТОЛИЦИ,ИЗВОРНИ ХРИСТИЈАНИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВНИ,КАТОЛИЦИ,ИЗВОРНИ ХРИСТИЈАНИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 41>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2007 во 01:37
Originally posted by Bronhi Bronhi напиша:

Originally posted by аџија аџија напиша:

Добро ајде, јас ќе кажам, а ти докажи ми дека не е така:

Апостолите не се молеле на Марија.
Апостолите не рекле „молете и се“.
Христос не рекол „молете и се“.
МАРИЈА не рекла „молете ми се“
Христос, Апостолите и Марија, никогаш не тврделе дека некој друг освен Божјиот Син Господ Исус Христос може да спасува..

Значи, оние кои се молат на Марија, кои ја молат да ги спаси, прават ерес.

Спред тебе и оние кои Му се молат на Христа прават ерес. Повели ПОСОЧИ ЕДНО МЕСТО КАДЕ:
1. ХРИСТОС ВЕЛИ: „МОЛЕТЕ МИ СЕ МЕНЕ“
2. АПОСТОЛИТЕ ВЕЛАТ: „МОЛЕТЕ МУ СЕ НА ХРИСТА“

НЕКОЈ ДА ОДГОВОРИ??? МОЖЕБИ ЕВАНГЕЛОС, ОТИ АЏИ НЕ БИЛ ТУКА.
БИЛО КОЈ????
 
Бронхи, се надевам дека не ти пречи што ти ги намалив малку буквите, сепак и вака се читаат.
 
Нема проблем, штом ме повиквуаш, ќе ти одговорам.
 
Еве ти еден пример каде Стефан Му се моли на Исус Христос:
 
"И фрлаа камења на Стефана, кој повикуваше велејќи: Господи Исусе, прими го мојот дух!"
- Дела 7:59
 
Доволно?
Ако не ми веруваш, отвори го Светото Писмо кај Дела 7:59 и увери се самиот.
 
Ајде сега ти наведи ми пример каде
 
Апостолите (или било кој друг) и се молеле на Марија. Wink
 
Изменето од EvAngelos - 03.Јули.2007 во 01:46
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Bronhi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 348
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Bronhi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2007 во 14:25
Стефан се моли за себеси! Каде ТОЈ ИЛИ БИЛО КОЈ ОД АПОСТОЛИТЕ РЕКЛЕ: МОЛЕТЕ МУ СЕ НА ХРИСТА
ИЛИ КАДЕ ХРИСТОС РЕКОЛ: МОЛЕТЕ МИ СЕ МЕНЕ.

НЕ МЕШАЈ БАБИ И ЖАБИ.

СЕ УШТЕ ЧЕКАМ ОДГОВОР.
Земете БРОНХИ полесно се дише
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2007 во 15:38
Originally posted by Bronhi Bronhi напиша:

Стефан се моли за себеси!
 
Bronhi, полека, не паничи, знам дека те шокирав малку со стихот подоле и знам дека не очекуваше дека ќе ти најдам стих каде некој од Христовите ученици се моли дирекно на Исус, ама ете, Бог се предвидел, па и тоа.
Јас ти најдов стих каде еден од Христовите ученици (Стефан) Му се моли на Исус Христос.
 
Стефан не Му се моли сам од себе на Исус (по своја инспирација и воља) туку поттикнат од Светиот Дух, како што гледаме 4 стиха поназад...
 
"А тој (Стефан), исполнет со Светиот Дух, погледна кон небото..." Дела 7:55
 
А 4 стиха понатаму Му се моли на Исус да го прими неговиот дух:
"Господи Исусе, прими го мојот дух!" (Дела 7:59)
 
Одма во наредниот стих гледаме дека неговата молитва е услишена - значи Христос го послушал и ја оправдал неговата молитва.
 
Значи јас ти наведов место во Библијата каде Христов ученик се моли на Исус. Значи НАПИШАНО Е! Не е аргумент на молк! Бог нашол за згодно оваа молитва да ја канонизира во Својот пишан Збор - Библијата.
 
А сега те предизвикувам тебе и ти да ми најдеш бислиски стих каде некој, еве не мора да биде апостол, некој обичен маргинален Христов ученик и се моли на Марија. Wink
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Реакт Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Мај.2007
Локација: Burundi
Статус: Офлајн
Поени: 373
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Реакт Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2007 во 09:50
Упорно се провлекува истата лага - погрешното претставување на молитвеното почитување на светиите. Православните не им се молат на светиите како на Бога, туку, меѓудругото, се молат на нив за нивно молитвено застапништво пред Бога. Ова нема врска со тоа дали ние не можеме директно да се молиме на Бога, зошто би ни требале некакви посредници и сл. Се работи за тоа дали молитвата на праведникот има сила пред Бога, или не? Дали светителите се мртви, или живи пред Бога?
Но темата е долга и широка, па можеме да разговараме. 
Без коментар
Кон врв
Bronhi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 348
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Bronhi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2007 во 12:44
Originally posted by аџија

Добро ајде, јас ќе кажам, а ти докажи ми дека не е така:
Апостолите не се молеле на Марија.
Апостолите не рекле „молете и се“.
Христос не рекол „молете и се“.
МАРИЈА не рекла „молете ми се“
Христос, Апостолите и Марија, никогаш не тврделе дека некој друг освен Божјиот Син Господ Исус Христос може да спасува..

Значи, оние кои се молат на Марија, кои ја молат да ги спаси, прават ерес.

Значи НЕ БАРАВМЕ НЕКОЈ ДА МУ СЕ МОЛИ ЛИЧНО НА ХРИСТА, ТУКУ ДА РЕЧЕ: МОЛЕТЕ МУ СЕ НА ХРИСТА, САМИОТ ТОЈ ДА ПОБАРА, НАРЕДИ, РЕЧЕ: МОЛЕТЕ МИ СЕ МЕНЕ

Твојот стих, воопшто не е одговор на моето прашање.

Да ти олеснам во Светото писмо НЕ ПОСТОИ ТАКВО НЕШТО! АНАЛОГНО АКО ЗА ХРИСТА НЕ НИ Е НАРЕДЕНО ДА МУ СЕ МОЛИМЕ, А МУ СЕ МОЛИМЕ ТОГАШ ЗОШТО ИСТОТО БИ БИЛО НАПРАВЕНО ЗА НЕКОЈ ДРУГ!?

Прашање кој е тука ЕРЕТИК!?
Земете БРОНХИ полесно се дише
Кон врв
Реакт Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Мај.2007
Локација: Burundi
Статус: Офлајн
Поени: 373
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Реакт Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2007 во 13:08
Originally posted by Bronhi Bronhi напиша:

Originally posted by аџија

Добро ајде, јас ќе кажам, а ти докажи ми дека не е така:
Апостолите не се молеле на Марија.
Апостолите не рекле „молете и се“.
Христос не рекол „молете и се“.
МАРИЈА не рекла „молете ми се“
Христос, Апостолите и Марија, никогаш не тврделе дека некој друг освен Божјиот Син Господ Исус Христос може да спасува..

Значи, оние кои се молат на Марија, кои ја молат да ги спаси, прават ерес.

Значи НЕ БАРАВМЕ НЕКОЈ ДА МУ СЕ МОЛИ ЛИЧНО НА ХРИСТА, ТУКУ ДА РЕЧЕ: МОЛЕТЕ МУ СЕ НА ХРИСТА, САМИОТ ТОЈ ДА ПОБАРА, НАРЕДИ, РЕЧЕ: МОЛЕТЕ МИ СЕ МЕНЕ

Твојот стих, воопшто не е одговор на моето прашање.

Да ти олеснам во Светото писмо НЕ ПОСТОИ ТАКВО НЕШТО! АНАЛОГНО АКО ЗА ХРИСТА НЕ НИ Е НАРЕДЕНО ДА МУ СЕ МОЛИМЕ, А МУ СЕ МОЛИМЕ ТОГАШ ЗОШТО ИСТОТО БИ БИЛО НАПРАВЕНО ЗА НЕКОЈ ДРУГ!?
Прашање кој е тука ЕРЕТИК!?

Clap

Без коментар
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2007 во 22:42
(Штом вие спамирате, и јас ќе спамирам)
 
Полека Бронхи, не се дери, не ги презголемувај буквите, сосема ја разбирам твојата фрустрација и вознемиреност предизвикана од стихот кој јасно и гласно кажува дека Христов ученик поттикнат од Светиот Дух (значи не на своја рака) Му се моли на Исус дирекно.
Извини ако те шокирав, не сум јас крив, Словото предвидело и тоа.Wink
 
Еве ви уште еден стих...
 
"Не грижете се за ништо, туку во се преку молитва и молби со благодарност искажувајте ги вашите барања пред Бог!" Филипјаните 4:6
 
Бронхи, Реакт, прашање до вас: Дали е Христос Бог?
 
За вас не знам, но Библијата вели дека е...
 
"..од кои потекнува и Христос по тело, Кој е Бог над сите, благословен во сите векови!" Римјаните 9:5
 
Значи ако се сложиме дека Христос е Бог, од првиот стих следи дека апостолот не учи да се молиме на Христос Wink
 
Ова добро го научил Христовиот ученик Стефан, кој поттикнат од Светиот Дух му се моли на Исус велејќи...
 
"Господи Исусе, прими го мојот дух!" (Дела 7:59)
 
Одма во наредниот стих гледаме дека неговата молитва е услишена - значи Христос го послушал и ја оправдал неговата молитва.
 
Значи, Реакт, Бронхи, јас ви најдов библиски стихови каде апостолите не учат да се молиме на Бог-Христос, и ви најдов стих каде ученик Христов, поттикнат од Светиот Дух, дирекно се моли до Исус и чија молитва е услишена.
 
А сега ве предизвикувам и двајцата (а можете да си повикате и засилување LOL) и вие да ми најдете бислиски стих каде некој, еве не мора да биде апостол, некој обичен маргинален христов ученик и учи дека треба да и се молиме на мајката на Христос Марија или пак стих каде некој и се моли на Марија (на своја рака).
Еве не мора да пишува дословно Марија, нека пишува Мајката на Исус, нека пишува блажената, нека пишува "онаа со благословениот плод на утробата", било што само да не биде аргумент на молк! Wink
 
п.с. Знам дека и овој пат (3 пат!) ќе ме прескокнете и повторно ќе зголемувате букви и ќе ја менувате темата, ама ќе бидам упорен, до крај Smile
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Реакт Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Мај.2007
Локација: Burundi
Статус: Офлајн
Поени: 373
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Реакт Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2007 во 10:03
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2007 во 01:28
Мислам дека за разликите помеѓу Правосланата и Католичката црква  наспроти Изворното Христијанство можеме да пишуваме до сто и една и назад, туку ајде да ја олесниме работава, ајде да пишуваме за нивните сличности, ако воопшто ги има Smile
Што правеле исто поповите денес и апотолите во Христово време?
Што им е заедничко во службата?
 
Кога последен пат го поставив ова прашање на еден православен, он ми одговори (парафразирам):
Епа и едните и другите благословувале слави на верниците.
Кога го прашав: whattt?? LOL
Тој појасни:
Па така, после литургија, верникот доаѓа кај попот и овој му ја благословува куќната слава... истото го правеле и апостолите.
 
Каде го пишува тоа во Библијата? Никаде! Епа тогаш од каде занеме дека апостолите правеле такви лапсузи? (величење и оддавање слава на обичен човек). Од усното предание. Ааааа... сега ми е јасно Smile
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Реакт Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Мај.2007
Локација: Burundi
Статус: Офлајн
Поени: 373
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Реакт Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2007 во 16:24
И мене ми доаѓа да кажам ваков виц како Евангелос, ама си мислам дали ќе биде доволно добар како неговиот. И мене едни самонаречени "изворни христијани" ми кажаа некои работи, ама не се вака за во јавност.
А и желбата да ја сврти дискусијата на темава е не по врат, туку по шија.
Многу работи се кажаа, уште повеќе останаа недокажани, но кој сака ќе си препрочита.

Без коментар
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2007 во 16:59
Originally posted by Реакт Реакт напиша:

Многу работи се кажаа, уште повеќе останаа недокажани, но кој сака ќе си препрочита.
 
Никој не ја затвори темава па сега да мораме да ја препрочитуваме.
Во право си, многу работи останаа недокажани, но тоа е поради тоа што кога некој ќе се најде во тесно, одма се повлекува и не сака да признае грешка, па темите остануваат "недокажани".
 
Ете јас дадов нова насока за продолжување на темата...
 
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Мислам дека за разликите помеѓу Правосланата и Католичката црква  наспроти Изворното Христијанство можеме да пишуваме до сто и една и назад, туку ајде да ја олесниме работава, ајде да пишуваме за нивните сличности, ако воопшто ги има Smile
Што правеле исто поповите денес и апотолите во Христово време?
Што им е заедничко во службата?
 
Ако ти текнува на некоја сличност - пиши ја. А ако немаш идеја, разгледај ги другите теми на форумов.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2007 во 15:18
EvAngelos,
во контекст на темата околу Првата и Втората од Десетте Божји Заповеди, што го дискутиравме во една прилика и за тоа дека се две одвоени заповеди и дека секоја од Заповедите е сама за себе, би сакал да ти обрнам внимание на неколку Библиски нешта:

Цитат од Библијата:

Друга књига Мојсијевa, глава 20.
 
1. Тада рече Бог све ове речи говорећи:

2. Ја сам Господ Бог твој, који сам те извео из земље мисирске, из дома ропског.

3. Немој имати других богова уза ме.

4. Не гради себи лик резани нити какву слику од оног што је горе на небу, или доле на земљи, или у води, испод земље.

5. Немој им се клањати нити им служити, јер сам ја Господ Бог твој, Бог ревнитељ, који походим грехе отачке на синовима до трећег и до четвртог кољена, оних који мрзе на мене;

6. А чиним милост на хиљадама оних који ме љубе и чувају заповести моје.

7. Не узимај узалуд име Господа Бога свог; јер неће пред Господом бити прав ко узме име Његово узалуд.

...

Ако го прочиташ внимателно стихот 5 во контекст на стихот 4, ќе видиш дека овде не се зборува “Немој да си правиш медиум за комуникација со Бога“, туку вели “Немој да им се поклонуваш на оние нешта кои ќе ги создадеш со товоите раце. Немој да си правиш богови.“ Еве ги уште еднаш:

4. Не гради себи лик резани нити какву слику од оног што је горе на небу, или доле на земљи, или у води, испод земље.

5. Немој им се клањати нити им служити, јер сам ја Господ Бог твој, Бог ревнитељ, који походим грехе отачке на синовима до трећег и до четвртог кољена, оних који мрзе на мене;
...
Значи “Немој да им се поклонуваш како на богови и немој да им служиш како на богови, зашто ЈАС СУМ ТВОЈ БОГ“.

Оваа заповед било потребно да им се даде на луѓето кои го напуштиле Мисир, поради тоа што таа средина била идолопоклоничка. Што значи идолопоклонство, најубаво може да се разбере, ако се прочита она што се случувало кај народот под планината Синај додека луѓето го чекале Мојсеј да се симне. Да го видиме цитатот во Делата Апостолски:

Дела светих апостола, глава 7.

37. Ово је Мојсије који каза синовима Израиљевим: Господ Бог ваш подигнуће вам пророка из ваше браће, као мене: њега послушајте.

38. Ово је онај што беше у цркви у пустињи с анђелом, који му говори на гори синајској, и с оцима нашим; који прими речи живе да их нама да;

39. Ког не хтеше послушати оци наши, него га одбацише, и окренуше се срцем својим у Мисир,
40. Рекавши Арону: Начини нам богове који ће ићи пред нама, јер овом Мојсију, који нас изведе из земље мисирске, не знамо шта би.

41. И тада начинише теле, и принесоше жртву идолу, и радоваху се рукотворини својој.
42. А Бог се окрену од њих, и предаде их да служе војницима небеским, као што је писано у књизи пророка: Еда заклања и жртве принесосте ми на четрдесет година у пустињи, доме Израиљев?

43. И примисте чадор Молохов, и звезду бога свог Ремфана, кипове које начинисте да им се молите; и преселићу вас даље од Вавилона.
44. Очеви наши имаху чадор сведочанства у пустињи, као што заповеди Онај који говори Мојсију да га начини по оној прилици као што га виде;

45. Који и примише очеви наши и донесоше с Исусом Навином у земљу незнабожаца, које отури Бог испред лица наших отаца, тја до Давида,

46. Који нађе милост у Бога, и измоли да нађе место Богу Јаковљевом.

ОВА што го пишува во овие стихови е ИДОЛОПОКЛОНСТВО. Христовата Православна Црква е ДААААААЛЛЛЕЕЕКУУУ од ова по прашањето на Иконите. Ние како на Бог Му се поклонуваме единствено на Бога пред Иконите, но тоа не е задолжително. Му се поклонуваме и без икони!

1. Ние не им се поклонуваме НА ИКОНИТЕ, туку се поклонуваме ПРЕД ИКОНИТЕ.
2. Ние не ги имаме иконите за богови, туку имаме ЕДЕН БОГ ВО ТРОИЦА и само Нему Му се Поклонуваме, само Нему Му служиме, само Него го имаме за Бог, за Спасител, за Создател, за Татко!

Така да, Ние, Православните Христови Ученици НЕ ПРАВИМЕ ИДОЛОПОКЛОНСТВО!

Во врска со иконите уште нешто:

Една слика вреди колку илјада зборови. Не мора човек да е писмен за да би учел за Бога! Иконите се илустрирано Свето Писмо. Ако некој неписмен застане пред икона, а не ја разбере, доволно е да има близу некој кој знае, и сето тоа да му го објасни. Ем ќе научи повеќе, ем ќе се случи Заедничарење со некој поупатен од него, кој би бил (уште) некој преку кого таа душа би го градела своето Спасение. Следствено, имаме и ОЦРКОВУВАЊЕ, т.е. приклучување на уште еден човек во Црквата Христова.
Затоа е убаво што Православните Храмови се така убаво исцртани, а и поради нешто повеќе:
Поради тоа што не' има луѓе кои перцепираме на различни начини, поради тоа Бог и ни се пројавува на различни начини за да побрзо и полесно го пронајдеме / исперцепираме. Така, има луѓе кај кои е поизразено сетилото за вид, па имаат поизразено визуелно перцепирање. Иконите се Храна за очите на главата и Храна за очите на Душата. Некои од нас имаат поизострено сетило за мирис, па тие примирисувајќи го темјанот можат да го почувствуваат Мирисот на Бога. Трети имаат поизострено сетило за слух, па Црковното Пеење повеќе ги приближува кон Бога.

Се разбира, Светото Писмо ни е Корен, Темел, Основа!

Во смисла на сето ова, преку Христовата Православна Црква Бог на неколку начини Се Приближува кон луѓето, им станува Поблизок - Полесен за Пронаоѓање на луѓето. Бог го нашол начинот и патот да, во соработка со нашата слободна волја, се приближи, да допре и да влезе во секого од Христовите Ученици - Членовите на Христовата Православна Црква, но и до оние кои не се нејзини (активни) членови.

Изменето од Pravoslavie - 14.Јули.2007 во 15:22
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2007 во 17:09

"4 Не прави си идол (на грчки: икона), ниту некаква слика на она што е горе на небото, или долу на земјата, или во водата под земјата.
5 Немој да им се поклонуваш, ниту да им служиш, зашто Јас Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог.." Излез 20:4-5

Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

Ако го прочиташ внимателно стихот 5 во контекст на стихот 4, ќе видиш дека овде не се зборува “Немој да си правиш медиум за комуникација со Бога“, туку вели “Немој да им се поклонуваш на оние нешта кои ќе ги создадеш со товоите раце.

Па зарем иконите не се нешта создадени со човечки раце?
Тогаш ти објаснив, еве и пак ќе ти повторам:
Идол или икона е произволно создаден уметнички лик на небесни или земни суштества на кои им се припишуваат религиозни својства или функции.
Во античкиот свет киповите, статуетките и сликите на разни реални или имагинарни ликови биле во масовна религиозна употреба. Така било во древниот Египет, така и во античка Грција, така и во Римската империја. Најчесто тие статуи или слики претставувале одредени богови или биле симболи на богот во кој луѓето верувале.
Ваквата практика е санкционирана со ПРВАТА од 10-ти Божји заповеди, каде Господ ни порачува:
"Јас сум Господ, твојот Бог... немој да имаш други богови покрај Мене."

Втората Божја заповед не се однесува на создавање други богови, зашто тоа е регулирано со првата заповед.
Втората Божја заповед се однесува на недозволен приод кон Господ Бог!

Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

Оваа заповед било потребно да им се даде на луѓето кои го напуштиле Мисир, поради тоа што таа средина била идолопоклоничка. Што значи идолопоклонство, најубаво може да се разбере, ако се прочита она што се случувало кај народот под планината Синај додека луѓето го чекале Мојсеј да се симне.

Во 5-те Мојсееви книги (Законот,Тората) има околу 628 заповеди (забрани, инструкции) кои Бог преку Мојсеј им ги наложил на евреите.
Ако втората Божја заповед била локална и со локално значење (за луѓето кои го напуштиле Мисир), тогаш Божјиот Прст немало неа посебно да ја издвои на двете камени плочи и немало да нареди тие плочи да се чуваат во Шаторот на Средбата, во Ковчегот на Заветот, во Светината над Светините, со генерации и генерации подоцна.

Кога едно богато момче, кое не го напуштило Мисир, го прашало Исус што да прави за да наследи вечен живот, Исус почнал да му ги набројува 10-те Божји заповеди. (Мaрко 10:18)
Значи иако момчето не го напуштило Мисир, тие заповеди важеле и за него.

Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

1. Ние не им се поклонуваме НА ИКОНИТЕ, туку се поклонуваме ПРЕД ИКОНИТЕ.

Зошто?
Дали Христос се поклонувал пред икона?
Дали апостолите се поклонувале пред икона?
Дали некој маргинален Христов ученик во Библијата се поклонил пред икона?

Зборот "Икона" се сретнува само 10 пати во Новиот Завет (во Откровението) и вo СИТЕ СЛУЧАИ, БЕЗ ИСКЛУЧОК! се однесува на "Иконата на Ѕверот" и на казната и проклетството со кое Бог ќе ги удри оние кои ќе се поклонат пред таа икона!
Размисли малку за ова, не е наивна работа!

Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

2. Ние не ги имаме иконите за богови, туку имаме ЕДЕН БОГ ВО ТРОИЦА и само Нему Му се Поклонуваме, само Нему Му служиме, само Него го имаме за Бог, за Спасител, за Создател, за Татко!

Христос рече:
"Доаѓа часот и веќе настапи, кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Таткото во дух и вистина, зашто Таткото сака такви поклоници.
Бог е Дух и оние кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух и вистина" Јован 4:23,24

Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

Во врска со иконите уште нешто:

Една слика вреди колку илјада зборови. Не мора човек да е писмен за да би учел за Бога! Иконите се илустрирано Свето Писмо.

Тогаш зошто Бог не ни прател Илустрирана Библија, туку не "осиромашил" само со Неговиот Пишан Збор?
Зошто Христос велеше: "Напишано е!", а не велеше: "Насликано е!"
Зошто Христос е наречен "Словото", а не "Сликата"?
Зошто сите Библиски писатели ги пишувале своите откровенија, а не ги сликале?
Зошто Бог им зборувал, а не им сликал?
Зошто Божјиот Прст пишуваше на плочите (на Мојсеј), а не сликаше по нив?
Библијата е наречена Божјиот Збор, а не Божјата слика!

Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

Ако некој неписмен застане пред икона, а не ја разбере, доволно е да има близу некој кој знае, и сето тоа да му го објасни. Ем ќе научи повеќе, ем ќе се случи Заедничарење со некој поупатен од него, кој би бил (уште) некој преку кого таа душа би го градела своето Спасение. Следствено, имаме и ОЦРКОВУВАЊЕ, т.е. приклучување на уште еден човек во Црквата Христова.

Ваков сличен пример имаш во Дела апостолски 8:26-35, со една "мала" разлика што таму евнухот не гледал во икона, туку читал од Библијата (пророк Исаија) и со уште една "мала" разлика, што Филип не му објаснувал од икона, туку од Писмото:
"А Филип ја отвори својата уста и почнувајќи од тоа место во Писмото, му проповедаше за Исус" Дела 8:35

Да не се залажуваме дека живееме во неписмено време. Основното образование е задолжително по закон. Овој изговор не поминува во 21 век!
Христовиот слоган беше и останува: НАПИШАНО Е! А не "НАСЛИКАНО Е!"

Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

Иконите се Храна за очите на главата и Храна за очите на Душата. Некои од нас имаат поизострено сетило за мирис, па тие примирисувајќи го темјанот можат да го почувствуваат Мирисот на Бога. Трети имаат поизострено сетило за слух, па Црковното Пеење повеќе ги приближува кон Бога.

Црквата не е Музеј, ниту Театар, ниту Опера. Ако некој доаѓа во црква заради овие работи, можеби треба да го почастиме со една карта за на Балет, Опера, Театар или да го прошетаме во Музеј.
Не сакам да бидам иронично сфатен, но зарем погоре сакаш да кажеш дека Бог мириса на темјан? Smile Се шалам, знам дека не мислиш на тоа, ама внимавај што пишуваш.

Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

Се разбира, Светото Писмо ни е Корен, Темел, Основа!

Вратете се кон Него и се ќе биде во ред!

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2007 во 08:45
EvAngelos,
првин одговори ми: На Кое Писмо мислеле сите во Стариот и Новиот Завет кои го употребуваат тој збор / термин / поим ?
 
На ова Свето Писмо кое ние го читаме денес, кое како список на Книги се озваничува дури 398 година на Соборот во Картагина, Северна Африка? На Писмото чии што записи биле пишувани во различни периоди, па оној кој го употребувал зборот "Писмо" можел да се референцира САМО НА ОНИЕ КОИ ДО ТОГАШ БИЛЕ ПИШУВАНИ, а кои не постоеле како список кој го знаеме денес? На Она Писмо Кое било разлиено меѓу локалните Заедници на Христијани како Евангелија, Посланија, но НЕ како Збирка на Книги?
 
Кое Писмо?
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 41>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.