|
Салати |
Внеси реплика | страница <1 1415161718 26> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Млечна салата
Состојки
Компирот се вари и ситно се сецка. Се сецкаат и саламата и краставицата на поситни парченца. Сирењето се дроби со вилушка, а потоа се миксира со павлаката и киселото млеко. Количината на киселото млека сами ќе ја одредите во зависност дали сакате посува или поводеста салата затоа и не наведов колкава чаша. Изматената смеса се истура во сецканите компир, краставица и шунка и убаво се меша. Сол може да се додаде по вкус и тоа е во зависност од соленоста на сирењето. Салатата е доста вкусна и излегува поголема количина затоа е погодна за родендени, слави и др забави. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Егејска салатаПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Иако постојат многу верзии за потеклото на оваа
вкусна салата, потекнува од Македонија, која била подготвувана многу
години наназад. ПОДГОТОВКА:
Краставиците ги сечеме на коцки, доматите на
резанки, пиперката на пестени, истото и со кромидот (со млад кромид е
поубава), па ги додаваме црните маслинки, маслиново масло, оригано и
сирењето исецкано на мали коцкички.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Салата од печен кромидСостојки
ПодготовкаЕ и ова да се проба, брзо, лесно... 1. Кромидот во лушпа, измијте го, избришете, завиткајте во фолија,
ставете во рерна да се пече околу 20 мин, извадете од рерната, излупете и
насецкајте го. Забелешка |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Видео рецепт: Салата ПанзанелаОва е италијанска салата која малку ja изменивме, но концептот е ист – Панзанела е одлична салата во која можете да го искористите стариот леб и да го натопите со свеж и сочен зеленчук и вкусен прелив. Состојки
За ПРЕЛИВ ќе ви треба:
ПодготовкаЧекор 1: Овој рецепт се подготвува без готвење, само исечкајте ги состојките – однапред размислете за тоа како сакате да изгледа салатата. Често се случува да јадеме со очите, а салатите се одлична можност да бидете креативни! Чекор 2: Исечкајте го стариот леб на тенки парчиња и почнете со подготовка на салатата. Врз парчињата наредете ги сечканите домати, краставицата, кромидот и пиперките. Ние користиме четириаголна чинија. Чекор 3: За подготовка на преливот прво ситно исечкајте го лукот. Целта ни е преливот малку да крцка. Потоа ДОБРО измешајте ги сенфот, оцетот, 3-4 лажици маслиново масло, солта, биберот и лукот и прелијте ја салатата. СОВЕТ: Подгответе одличен оброк од стариот леб и зеленчукот кој што го имате во фрижидерот за неколку минути – оригиналната салата содржи и ливчиња свеж босилек, а како прелив можете да користите и песто сос. Слободно додадете и малку пармезан, бидете креативни! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кус кус салатаСостојки
ПодготовкаСе става водата да зоврие со маку сол. Кога ќе зоврие се полива врз кус кусот и се остава да ја впие целата вода. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Салата од бамјаСостојки
ПодготовкаБамјите се чистат, се мијат и се сушат од водата. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Салата од јајцаСостојки
ПодготовкаЈајцата се сечкаат не многу ситно. Пријатно! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Салата со чаден лосос (за 4 лица)
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Валдорф салата (за 4 лица)
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вкусна и брза: Туна салатаЛетото помина, па со тоа се намалува и апетитот за шопската салата која во изминатиот период ни беше омилена. Како доаѓаат поладните месеци потребни се нови идеи за комбинации. Овој пат решивме да ви понудиме брза и неверојатно вкусна салата со туна.
Потребно состојки:
Приготвување: Со миксер изматете ги лимоновиот сок, солта, биберот и четири лажици масло. Туната исцедете ја. Зеленчукот исчистете го, измијте го и исечете го, па измешајте го со иситнетата туна. Со сосот салатата зачинете ја непосредно пред послужување, па додадете по потреба оцет. Можете да искомбинирате и да додате и домати, зелена салата и маслинки. Пријатен апетит |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Salata so Crabi
Svareni testenini 200gr (spirali,skolki ili macaroni)
4 vareni jajca (seckani)
250gr Crabi
4-5 supeni lazici Majonez
Pola glavica kromid (seckani)
Pola isceden limon
Sol i Biber
Sve se mesa i imate vkusna salaticka
|
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Посни салати кои ќе ја освежат вашата празнична трпезаВо периодот кога ни претстојат големи празници, ви нудиме неколку рецепти за посни салати кои ќе ја збогатат и освежат вашата празнична трпеза. ПОСНА РУСКА САЛАТА Оваа свежа и лесна салата, која не содржи месо и јајца, особено ќе ги израдува вегетаријанците, како и оние кои одлучиле да постат.
Состојки:
Состојки за мајонезот:
Подготовка: Одвоено обарете ги исечканите моркови и компирите, целерот и грашокот. Потоа додадете го обарениот зеленчук и исечканите кисели краставички. Мајонезот се подготвува така што во врела вода се додава брашното и претходно направеното пире од компири, па тоа добро се меша со постепено додавање на масло. Потоа, на оваа смеса се додава сенф, сок од лимон, сол и бибер. Мајонезот и зеленчукот добро измешајте ги и добиената салата чувајте ја во фрижидер. ПОСНА ФРАНЦУСКА САЛАТА Потребни состојки:
Подготовка: ПОСНА САЛАТА СО СПАНАЌ И КИКИРИКИ Потребни состојки:
Подготовка: Извадете ја туната од конзервата и исцедете ја. Спанаќот кратко обарете го и исечкајте го. Додадете ги сусамот и кикириките. Ставете го сето тоа во мајонезот и уште еднаш добро промешајте. Оваа салата чувајте ја во фрижидер и сервирајте ја ладна. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Наш предлог за денес, брз и лесен оброк. Подготовката трае неколку минути, па уживајте во вкусното и здраво јадење. Потребно е: 1 kg зелка, 1 црвена пиперка, 1 праз, морска сол, црн пипер, јаболков оцет, 4 лажици шеќер, 2 лажичиња ѓумбир, 1 конзерва туна. Подготовка Помешајте ја ситно исечканата зелка и пиперка во една чинија и посолете. Почекајте некоја минута да омекне зелката. Во мало тавче загрејте го јаболковиот оцет, шеќерот , ѓумбирот, мелениот црн пипер и мешате додека нe се стопи шеќерот. Прелијте ја зелката и добро измешајте. Одозгора распоредете ја исцедената од зејтин туна и ставете малку сол и црн пипер. Пробајте, па раскажете! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки: 300 гр варено телешко месо 300 гр варени компири 150 гр чери домати 150 гр праз 60 гр маслинки 100 гр печурки Сок од еден лимон 2 лажици маслиново масло Магдонос Сол Бибер Подготовка: Печурките се сецкаат, се зачинуваат со сокот од лимон и се тргаат на страна. Варените компири, телешкото, доматите и празот ситно се сецкаат и се додаваат во подлабок сад. Додадете сецкани маслинки, печурки, магдонос, сол и бибер. Салатата се зачинува со маслиново масло, се меша и се сервира како ладно предјадење со парче запечен леб. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 1415161718 26> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |