IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Медиуми
  Активни теми Активни теми RSS - X Фактор
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

X Фактор

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 65>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2014 во 11:37

Кики си кажа - Даниел Кајмакоски ќе победи на X-Factor!

Извонредниот Кики Лесендриќ е гостин во следната епизода од најгледаното ток шоу кај нас, Еден на Еден. Ни помалку ни повеќе, тој во интервјуто со Жаре го открива неговото мислење дека победник на Икс Фактор ќе биде токму нашиот Даниел Кајмакоски!



Во најавата поставена на YouTube се гледа дека Кики ќе зборува и за Горан Каран со кого заедно биле во падобранска дивизија во војска; како го избркале од факултетот по филмска режија затоа што го направил најлошиот филм во историјата на факулетот; како за малку ќе ја загубел најдрагоцената гитара кога му паднала во море во Црна Гора; ќе видиме како Кики го имитира Ѓорѓе Балашевиќ; како зборува за Бреговиќ и неговиот стил на работа, а и за неговото големо пријателство со Здравко Чолиќ.


Одличната нова епизода од Еден на Еден ќе ја гледаме на Алфа тв, оваа недела во 20:10 часот, како и од понеделник во видеотеката на MaxTV.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2014 во 12:24

Илма се обидува да се оправда: Не го одбив Кики


По информациите дека Илма Карахмет го откачи Кики Лесендриќ и не се појави на концертот во Тузла како и по изјавата на Кики дека и посакува се најдобро, но не планира никогаш да работи со неа, се огласи и малата Илма.

Според неа медиумите ја пренесуваат приказната на погрешен начин. Таа тврди дека не го откачила Кики, туку дека едноставно не можела да дојде на концертот бидејќи била спречена.

Сепак, Карахмет воопшто не образложи што е толку поважно за да го откачи довчерашниот ментор и да не се потруди ниту да го извести дека нема да дојде.

-Не е точно дека го одбив Кики да бидам гостинка на неговиот концерт. Едноставно не бев во можност да присуствувам на истиот. Чудни весници, чудни таблоиди...сешто се пишува, напиша таа.

Претходно Лесендриќ откри дека повеќе нема никаков контакт со Илма и дека преголемите апетити на нејзините родители таа да биде победник на шоуто се неостварливи бидејќи публиката не гласа за неа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2014 во 12:17

Урош од „Доктори“ со песна од Тоше настапил на музичкото шоу „Прв глас на Србија“


Денес го знаеме како дел од бендот „Доктори“ кои се едни од финалистите во „Х-фактор Адриа“, но тој и претходно имал слично искуство.

uros-od-doktori-so-pesna-od-tose-nastapil-na-muzickoto-sou-prv-glas-na-srbija-01

Урош е момчето од Нови Сад, со потекло од Македонија кое важи за еден од најшармантните и најзгодните во бендот.

Со својот глас и стас успеа да освои многу женски срца, а веројатно тоа не е ништо ново за него. Одамна е популарен и посакуван и тоа воопшто не го крие.

Но, покрај убавиот изглед Урош освојува и со гласовните способности. Со само неколку отпеани стихови од преубавата балада на Тоше, „Једина“, успеа да го освои жирито составено од Владо Георгиев, Александра Радовиќ и Саша Милошевиќ.



Изменето од Valerija - 13.Март.2014 во 12:26
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2014 во 12:15

Даниел гостин во утринска емисија кај Јована, сопругата на Жељко 

Иако многумина го прогласуваат за фаворит, победник, ѕвезда, Даниел сепак е скромен и останува на исто ниво со останатите  финалисти.

daniel-gostin-vo-utrinska-emisija-kaj-jovana-soprugata-na-zeljko-video-01

Во утринската емисија на „Пинк телевизија“, каде водители се Срѓан и Јована, сопругата на Жељко Јоксимовиќ, Даниел Кајмакоски ги сподели своите досегашни впечатоци и очекувањата за во финалето.

После последното Live Show, тој се подготвува за големото финале во „Конбанк Арена“ на 23. март.

Според она што го најави, првата песна со која ќе настапи би требало да биде некоја која ќе ја опушти публиката, втората песна би требало да биде моќна балада која ќе остави најголем впечаток и на крајот, како трета песна би требало да биде некој светски хит кој ќе го заокружи финалето со надеж дека тоа ќе биде и победнички настап.

Како вистински професионалец смета дека треба еднакво труд за да се подготви и кога пее пред само тројца луѓе и пред полната арена.

За свој најлош настап ја смета изведбата на „Љубави“ од Жељко Јоксимовиќ, кога поради техничките проблеми го фатила паника, целосно се деконцентрирал и излегол од песната.

Со оглед на тоа што почесто пее странски песни и луѓето имаат впечаток дека не му лежат домашните песни, Даниел токму за да го докаже спротивното, решен е во финалето да пее и една домашна песна.

Поддршката за него стигнува од сите страни, многумина зборуваат за него и во Австрија, а во Македонија владее буквално лудило и има најмногу фанови кои се негова најголема поддршка и инспирација.



Изменето од Valerija - 13.Март.2014 во 15:12
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2014 во 22:40
Originally posted by Valerija Valerija напиша:

Не го препознавте Тоше! Не го препознавте Даниел! До кога?!



Сакам да прашам кој не го препозна Тоше. Еве на пример јас лично го препознав. Го гледав на Мелфест и гласав за него, и знам како реагираше публиката кога настапуваше наредната година намигнување Знам дека од тогаш сите во Прилеп го знаеја момчето од Крушево кое пее неверојатно.
За жал фестивалот немаше медиумска поддршка.
Со појавувањето во X фактор, Даниел преку ноќ доби илјадници обожаватели, многу позитивни коментари и споредби со Тоше, како и потполна медиумска поддршка, што го поставува прашањето зошто секогаш е потребен некој трет за да ни посочи што имаме

Кој трет ни посочи дека го имаме Тоше збунетост

И кој може да направи споредба меѓу квалитетен и докажан музичар, една од најголемите ѕвезди на Балканската музичка сцена, кој својата 10-годишна кариера (која вртоглаво се искачуваше само нагоре) ја започна на само 16 години, со еден возрасен, зрел човек од 30 години, кој зад себе има само учество на неколку музички избори за таленти  збунетост


Режисерката Софија Теодор е една од многуте која што не се согласува со ваквиот начин на валоризирање на нештата.

Значи сите знаеме дека Тоше почна да пее далечната 1997-ма година, на Еврофест, се натпреваруваше и победи. Зошто тогаш кога Тоше победи тогашните актуелни новинари не напишаа дека Тоше е ѕвезда? Зошто не му дадовте таква шанса, зашто го пуштивте да се мачи и да чека 2002-ра година да дојде Љиљана Петровиќ во неговиот живот за после сите од тука да кажат ѕвезда е?!Зарем не можевте претходно да ја видите неговата музикалност, талент, неговиот слух, неговата музичка писменост? Не ви покажа ли сето тоа дека ќе биде ѕвезда?

Оваа новинаркава изгледа не живеела во Македонија кога Тоше ја пееше Усни на усни, Тајно моја, Синот божји, Немир (со Каролина Гочева), Во коси да ти спијам, Излажи ме уште еднаш,  Го молам неќва небото да ми те врати, Твојте бакнежи на мојте бели кошули, Сонце во твојте руси коси...

 Летото 1999 година Тоше го одржа својот прв концерт, кој, и покрај дождот и лошото време, остана незаборавен за неговите обожаватели...


Кој овде намерно или од незнаење прави вакви грешки во сите сфери на нашиот јавен живот? Зошто требаше Тоше да помине стотици километри пат, концерти, албуми, песни, безброј непроспиени ноќи?

Прашањево ми е тешко да го сфатам изненадување Па колку што јас знам целта и сонот на секој музичар е тоа...стотици километри пат, концерти, албуми, песни...

Можеби затоа што беше ЅВЕЗДА збунетост

Човекот кој го заслужуваше тоа мораше да се препоти за да добие титула ѕвезда! Тоше макотрпно работејќи ја заслужи таа титула- ѕвезда! Мислам дека така секој треба да ја заслужи!

(каква контрадикторност во изјавава погоре изненадување)


Дечкото пеел на Охрид фест, бил во шоу кај Лила Филиповска, работел со Каролина Гочева...Зар сите биле слепи на неговиот талент??? Кај биле тогаш новинарите, фамата, композиторите и сите други кои што сега се тука? Или намерно се правеле слепи?

Па Лила Филиповска имала многу музички гости... што по автоматизам сите би требало да ги сфаќаме како врвни музичари и таленти збунетост А песната од Охрид фест воопшто не ја коментирам. Нашиот народ е музикален и ако била вредна, најмалку што ќе се случело, ќе се вртела по радио станиците 

Тогаш требало да се појави Љиљана, а сега морало тоа да е Јоксимовиќ и Кристина Ковач да кажат овој вреди, па тука сите да почнат да го сакаат.

И уште една исправка...кога се појави Љиљана (во 2002), Тоше веќе беше ѕвезда,  знаевме колку вреди и сите го сакавме среќа посебно девојките намигнување

Српската продукциска куќа “Bk sound” ги откупи правата за издавање на следниот албум на Тоше на просторот на поранешна Југославија, што пак ќе резултира со Оскар на популарноста на просторот на поранешните Југословенски републики за 2000 година, како и со целосно распродани концерти во Скопје и Белград

Кога незадоволните колеги на Тоше коментираа зошто баш тој да не претставува не Евровизија, Антонио Димитриевски изјави дека и доколку би имало избор, публиката пак би го изберала Тоше, и тоа, само така да се појави на сцена, без да пее среќа


Трагично е ова што се случува овде! Правите две грешки од старт. Првата грешка е што не давате поддршка кога сте најпотребни и играте по свадба тапани!

Уште едно прашање...Кој не дава поддршка кога медиумите пишуваа дека Даниел ги има половината од гласовите на гласачкото тело, а другата половина ги делат останатите кандидати...и кога Даниел веќе има своја фан група, девојчиња кои му пишуваат: ти си нашето сонце итн...

 Второ не го следите времето и не ги следите случувањата, притоа не ставајќи ништо на вага, сите за вас се во ист кош! Понекогаш и премногу брзате со бомбастичност, а со тоа правите голема грешка и им создавате притисоци на јавните ликови. Кога некого ќе напумпате со епитети, а без притоа да има искуство каде што влегол, се случува контра ефект. Потоа секој пад звучи страшно за вас и фатално за кој и да биде на тоа место!

Во овој свет на шоу бизнисот падовите се нормални, но тоа така го сфаќаат само оние кои го изодиле патот полека и кои се зрели за тоа, а за некој кој одма се качува, притисокот да не разочара ќе си го направи своето! Никој не останал под таков притисок долго на врвот! Затоа одговорни сте да внимавате кога што пишувате! Ова го зборувам за доброто на сите ликови кои се дел од јавниот свет без разлика дали се пејачи, актери, режисери или спортисти, исто како што и нивно е да бидат психички подготвени пред да влезат во овој свет. Така и на вас покрај поддршката должност ви е и одговорноста. 

Американците иако многумина ги потценуваат и им лепат секакви етикети,сепак се разумни новинарски ликови за овие прашања. На пример кај нив се следи постепено некој како расте и така му доаѓа и поддршката на тој лик, не го оставаат, го подржуваат, А кај нас бебето се родило одма ај на факултет да го запишеме!

Искрено, мене и случајот со Даниел така ми изгледа. Една песна испеа и одма, ни помалку, ни повеќе, ѕвезда, па  сите треба да се занесуваме и да паѓаме во несвест  размислување

За сè си треба еволутивен тек, треба време, требаат часови макотрпна работа, и треба да имаш како што ние филмаџиите знаеме да кажеме 21 грам, тоа е како што старите кажуваат ѕвезда на чело. Tоа не се учи. Сè можете да научите, но тоа не можете да го научите, со таа ѕвезда се раѓате или ја имате или ја немате! Mојата сугестија кон Даниел е да биде свој, да биде оригинален и препознатлив, зашто има 30 години и е зрел и свесен дека оригиналноста е најбитна, карактерот на свое јас, а се друго се учи во животот! Кога си свој и кога имаш сопствен печат е тогаш можеш да си го утврдиш и својот пат и да си го трaсираш, иако и во 80 % од случаите тоа не мора да значи бидејќи мора да се работи. Без работа и недоспиени очи нема ништо! И без одличен менаџер, нема успех, тоа во цел свет е така, па и кај нас! Овие работи се нераскинливо поврзани и одат во пакет! 

Еве ви еден приземен пример за етапно еволутивен развој на еден уметник! Одете на Факултетот за Драмски уметности и пробајте запишете се на некој одел, актерска игра, режија, продукција не е важно. Ќе видите дека на приемниот испит ќе бидете само кандидат. Јас кога дојдов тука од Бугарија иако имав искуство таму, сепак на мојот филм за приемен испит бев потпишана како кандидат, па кога бев примена и студирав бев студент, кога завршив и земав диплома добив звање режисер, па потоа и постдипломски студии запишав, па станав и магистер! Но, сè не одеше преку ноќ, тој процес е здрав, нормален, го јакне секој од нас и го прави позрел, за се е потребно време за еволуција.

Со ова во потполност се согласувам, затоа треба да се престане со форсирање и непотребни споредби со нашата најголема ѕвезда да

Поддршката ја има, нека си го продолжи патот кој си го замислил па ќе видиме до кај ќе стигне 

Јас на Даниел му посакувам се најдобро, како и на останатите сонувачи кои сонуваат, секој да си го следи својот сон, да се труди и да работи макотрпно околу неговото остварување, а времето е тоа кое ќе покаже кој со каква титула ќе се закити. Кој ќе остане морнар, а кој ќе стане капетан. И се разбира среќа на Даниел во финалето!

И јас му посакувам се најдобро....на сите...


Изменето од Gabriela_S - 13.Март.2014 во 00:20
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2014 во 13:19
Јас си го сакам Маид ...чиста позитива, може само со појава да ти го крене расположението ...  голема насмевка


Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2014 во 09:29

Разочаран Кики Лесендриќ: Илма е последната со која би соработувал


Илма не се појави на концертот на својот поранешен ментор Кики Лесендриќ во Тузла, и покрај тоа што беше најавена како специјална гостинка.

razocaran-kiki-lesendrik-ilma-e-poslednata-so-koja-bi-sorabotuval-01

Разочараниот Кики по овој настан изјавил: „Рече дека ќе дојде. Жал ми е што не се појави.“

Лесендриќ најпрво тврдеше дека малата Илма неправедно е елиминирана од понатамошното натпреварување, но го промени мислењето само неколку минути откако ги виде гласовите на публиката.

„Гледачите гласаа за Маид Хеќимовиќ. Очекувањата на родителите на Илма беа превисоки. Го сакаа првото место. Таа е талентирана, но првото место не беше реално доколку се гледаа нејзините гласови. Од кога публиката учествува во гласањето, секогаш има некој друг со поголем број на гласови. Не сум во контакт со Илма. И бев ментор, но сега е препуштена сама на себе. Таа е последна со која би соработувал. Едноставно, немам музика за нејзиниот глас,“ вели Кики.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2014 во 16:29

Не го препознавте Тоше! Не го препознавте Даниел! До кога?!


Пред само неколку месеци Даниел Кајмакоски беше само уште еден од многуте кои сакаат да направат музичка кариера, но тешко се пробиваат до врвот бидејќи никој не сака или не може да го препознае неговиот талент.

Со појавувањето во X фактор, Даниел преку ноќ доби илјадници обожаватели, многу позитивни коментари и споредби со Тоше, како и потполна медиумска поддршка, што го поставува прашањето зошто секогаш е потребен некој трет за да ни посочи што имаме. Освен тоа сите би сакале да знаеме што ќе се случи ако Даниел не успее да победи на шоуто или пак едноставно „пукне“ од преголемиот притисок и очекувањата кои што му се поставени? Дали медиумите  ќе го казнат за потфрлувањето и ќе го фрлат во мракот како ред други јавни личности кои прво ги вивнуваат во ѕвездите, за потоа да ги забораваат. 

Режисерката Софија Теодор е една од многуте која што не се согласува со ваквиот начин на валоризирање на нештата. Таа јавно ги осуди сите оние кои се прават глуви и слепи пред талентот, а воедно и оние кои делат незаслужени титули на ѕвезди секаде каде што ќе стигнат.

-Значи не сакам да бидам погрешно сфатена, па ќе појаснам одредени работи притоа посочувајќи некои факти! 

Прво сакам да кажам дека јас немам ништо против Даниел, секој се труди да направи нешто и да успее, тоа е човечки. Но, вистината е следна: мојот напад повеќе е упатен кон нашето новинарството како и кон стручноста на луѓето кои се ставени да препознаваат таленти од сите области, отколку кон Даниел. Ова со Даниел само покажа дека се повторува приказната со Тоше. 

Значи сите знаеме дека Тоше почна да пее далечната 1997-ма година, на Еврофест, се натпреваруваше и победи. Зошто тогаш кога Тоше победи тогашните актуелни новинари не напишаа дека Тоше е ѕвезда? Зошто не му дадовте таква шанса, зашто го пуштивте да се мачи и да чека 2002-ра година да дојде Љиљана Петровиќ во неговиот живот за после сите од тука да кажат ѕвезда е?!Зарем не можевте претходно да ја видите неговата музикалност, талент, неговиот слух, неговата музичка писменост? Не ви покажа ли сето тоа дека ќе биде ѕвезда?

Кој овде намерно или од незнаење прави вакви грешки во сите сфери на нашиот јавен живот? Зошто требаше Тоше да помине стотици километри пат, концерти, албуми, песни, безброј непроспиени ноќи? Зар сето тоа беше залудно, па денес сите стануваат ѕвезди, супер ѕвезди, џет-сетерки, а притоа некој нема песни зад себе, некои немаат ни албуми, концерти... И така сега секој добива етикета ѕвезда! 

Човекот кој го заслужуваше тоа мораше да се препоти за да добие титула ѕвезда! Тоше макотрпно работејќи ја заслужи таа титула- ѕвезда! Мислам дека така секој треба да ја заслужи! Колку да знаете и кога беа изморени од сè, Тоше и Љиљана знаеја да се држат машки заедно пред очите на јавноста!

Се уште се прашувам зошто? Зошто Тоше требаше да помине низ толку препреки? Ова го потенцирам зашто на секој кој работи нешто поврзано со јавноста треба да му се даде поддршка, но и да се остави на времето секој да созрее. Самото време ќе му додели на секој од нас по некоја титула. И ако сега делите така титули зашто тогаш не бевте толку дарежливи и кон Тоше??? Македончето од една страна е како неверни Тома, тоа се докажа и во случајот со Тоше, а тоа сега повторно се покажува и со Даниел.

Дечкото пеел на Охрид фест, бил во шоу кај Лила Филиповска, работел со Каролина Гочева...Зар сите биле слепи на неговиот талент??? Кај биле тогаш новинарите, фамата, композиторите и сите други кои што сега се тука? Или намерно се правеле слепи? Тогаш требало да се појави Љиљана, а сега морало тоа да е Јоксимовиќ и Кристина Ковач да кажат овој вреди, па тука сите да почнат да го сакаат. Ова за жал е во крвта на Македончето, да не знае да препознае или да не сака да препознае. Што е во прашање љубомора или незнаење? Јас кога разговарав на времето со нашите пејачи и кога им кажував дека Тоше Вембли ќе го наполни истите негови колеги кажуваа дека нема шанси и се смееја на тоа! Зошто? Не ми беше јасно, од љубомора ли беше или од нивната фрустрираност од неговата супериорност?! Нешто сигурно им се мотало во главите! Тоа е мизерно!

Трагично е ова што се случува овде! Правите две грешки од старт. Првата грешка е што не давате поддршка кога сте најпотребни и играте по свадба тапани! Второ не го следите времето и не ги следите случувањата, притоа не ставајќи ништо на вага, сите за вас се во ист кош! Понекогаш и премногу брзате со бомбастичност, а со тоа правите голема грешка и им создавате притисоци на јавните ликови. Кога некого ќе напумпате со епитети, а без притоа да има искуство каде што влегол, се случува контра ефект. Потоа секој пад звучи страшно за вас и фатално за кој и да биде на тоа место!

Во овој свет на шоу бизнисот падовите се нормални, но тоа така го сфаќаат само оние кои го изодиле патот полека и кои се зрели за тоа, а за некој кој одма се качува, притисокот да не разочара ќе си го направи своето! Никој не останал под таков притисок долго на врвот! Затоа одговорни сте да внимавате кога што пишувате! Ова го зборувам за доброто на сите ликови кои се дел од јавниот свет без разлика дали се пејачи, актери, режисери или спортисти, исто како што и нивно е да бидат психички подготвени пред да влезат во овој свет. Така и на вас покрај поддршката должност ви е и одговорноста. 

Американците иако многумина ги потценуваат и им лепат секакви етикети,сепак се разумни новинарски ликови за овие прашања. На пример кај нив се следи постепено некој како расте и така му доаѓа и поддршката на тој лик, не го оставаат, го подржуваат, А кај нас бебето се родило одма ај на факултет да го запишеме!

За сè си треба еволутивен тек, треба време, требаат часови макотрпна работа, и треба да имаш како што ние филмаџиите знаеме да кажеме 21 грам, тоа е како што старите кажуваат ѕвезда на чело. Tоа не се учи. Сè можете да научите, но тоа не можете да го научите, со таа ѕвезда се раѓате или ја имате или ја немате! Mојата сугестија кон Даниел е да биде свој, да биде оригинален и препознатлив, зашто има 30 години и е зрел и свесен дека оригиналноста е најбитна, карактерот на свое јас, а се друго се учи во животот! Кога си свој и кога имаш сопствен печат е тогаш можеш да си го утврдиш и својот пат и да си го трaсираш, иако и во 80 % од случаите тоа не мора да значи бидејќи мора да се работи. Без работа и недоспиени очи нема ништо! И без одличен менаџер, нема успех, тоа во цел свет е така, па и кај нас! Овие работи се нераскинливо поврзани и одат во пакет! 

Еве ви еден приземен пример за етапно еволутивен развој на еден уметник! Одете на Факултетот за Драмски уметности и пробајте запишете се на некој одел, актерска игра, режија, продукција не е важно. Ќе видите дека на приемниот испит ќе бидете само кандидат. Јас кога дојдов тука од Бугарија иако имав искуство таму, сепак на мојот филм за приемен испит бев потпишана како кандидат, па кога бев примена и студирав бев студент, кога завршив и земав диплома добив звање режисер, па потоа и постдипломски студии запишав, па станав и магистер! Но, сè не одеше преку ноќ, тој процес е здрав, нормален, го јакне секој од нас и го прави позрел, за се е потребно време за еволуција.

На едно цвеќе му треба време, сонце, вода, нега за да порасне. Така и на сите нас овде кои сме дел од овој шоу бизнис ни треба таа поддршка и нега од страна на медиумите, заедно да растеме со вас. Притоа ни треба и вашата грижа бидејќи тогаш успехот е заеднички и е на здрави нозе! Здраво е да биде така, здраво е да се надградуваме и да учиме на грешките кој на своите кој на туѓите! Секој различно, но целта е иста за сите нас! Тоа е успехот или неуспехот пред очите на јавноста, а тоа го носи и самата јавна професија! Јас на Даниел му посакувам се најдобро, како и на останатите сонувачи кои сонуваат, секој да си го следи својот сон, да се труди и да работи макотрпно околу неговото остварување, а времето е тоа кое ќе покаже кој со каква титула ќе се закити. Кој ќе остане морнар, а кој ќе стане капетан. И се разбира среќа на Даниел во финалето!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2014 во 14:31

Лута на сите: Илма го откачи Кики

ilma_1392756882_670x0_1394035398_670x0

Иако беше најавена како специјален гостин, Илма Карахмет не се појави на концертот на својот ментор на „Икс фактор“, Кики Лесендриќ во Тузла.Публиката ја очекуваше Илма, но сепак не ја доби.

Инаку, на концертот покрај Лесендриќ, свирел и неговиот син.

Кики го отворил концертот со „Svet je lep kada sanjamo“, песна со која што веднаш ја подигнал публиката на нозе.




Изменето од Valerija - 13.Март.2014 во 12:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2014 во 14:25
Originally posted by Calipso Calipso напиша:


Originally posted by Santijago Santijago напиша:


Originally posted by Schatzii7 Schatzii7 напиша:

Не знам што гледате во Тамараглупчо



Девојката шармира Шац ... а и не верувам дека има машко кое не би сакал да ја гледа како пее

Oва за пејач е избор, не за манекени


не е ни толку избор за пејач... ова е избор за Х-ФАКТОР, него не можат да го имаат ни најдобрите вокали...
...на пример од Мадона пеат подобро 90% од пејачките, ама се знае дека МАДОНА Е МАДОНА, the One and Only.

...што се однесува до Тамара, не сме навикнати девојки со таква убавина да се однесуваат пристојно, културно и да не се кезат цело време,
затоа ви е чудна и ви делува арогантно...
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2014 во 10:06

Само ЕДЕН има Х-факторголемо гушкањенамигнување
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2014 во 23:54
 
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2014 во 23:51
Мислим за вкусови се и не прича ... А оваа ... Ацка ... не и било судено во музиката ... можда во нека друга бранша
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2014 во 23:49
Па ако бирате по стас, а нe по глас
можете да си ја прогласите за победникплазење


Изменето од Schatzii7 - 10.Март.2014 во 23:50
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 65>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.