IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Историски погледи на црковните прашања
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Историски погледи на црковните прашања

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 37>
Автор
Порака
eptendosadno Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eptendosadno Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 23:48
Originally posted by морски морски напиша:



многу убав збор! нека да го проширим - зошто Турците велат Сирбистан, Булгаристан, Хирватистан, Jунанистан, Магаристан, но Македонија, Словенија, Украина?


Ти си во грешка , но тоа ќе го прифатам како незнаење http://tr.wikipedia.org/wiki/Rumeli

http://tr.wikipedia.org/wiki/Makedonya_Cumhuriyeti

Изменето од Македон - 09.Јануари.2010 во 00:28
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2010 во 00:36
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Каква Доростолска црква? Имало бугарска архиепископија од 870, а од 927 била призната како Патриаршија.
Во тоа време Охрид е во рамките на Бугарија. Сакаш да кажеш дека во бугарската држава имало друга црква, наследничка на црква од времето на Јустинијан, па Св. кнјаз Борис го испратил Св. Климент во другата црква, а не во својата?


Вчера ти реков - кажи кратко што се случило со црквата од времето на Јустинијан до Василиј Булгароубиец.


Јас колку што знам се нарекува Доростолска затоа што седиштето е во Доростол ( Доростум на латински ). Црквата за која ти зборуваш во 927 година станала независна, пред тоа била во канонско единство со Цариградската Црква, а и секако, Архиереите на истата не биле Бугари, туку Ромеи. Тогаш Охрид е во рамки на Бугарија, токму така, но со уништување на бугарската држава од страна на Јован Цимиски, а и на бугарската Црква и припојување на истата кон Цариград, веќе нема бугарска Црква, затоа што таа престанува да постои, Охрид има свој епископ, претставува своја помесна Црква, независно што Патријархот пребегува во Охрид, па дури и да ја носи сеуште титулата. Таму веќе нема власт, ја нема својата Епархија истотака под власт. Значи и не може да говориме за поврзаност, затоа што ако гледаш така, дури и седиштето на бугарската Црква било определен период во разно-разни Царства, ама не се црпат од таму Црковните традиции, туку од оној кој ја основал Црквата, во бугарскиот случај, Константинополската Црква. Во нашиот случај, малку покомплицирано е, иако, ако тргнеме од повикувањето на Архиепископите- Јустинијан Први.

Утре и за останатиот дел ќе напишам нешто.


Изменето од Македон - 09.Јануари.2010 во 00:36
Кон врв
морски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 178
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај морски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2010 во 21:04
Originally posted by eptendosadno eptendosadno напиша:

Originally posted by морски морски напиша:



многу убав збор! нека да го проширим - зошто Турците велат Сирбистан, Булгаристан, Хирватистан, Jунанистан, Магаристан, но Македонија, Словенија, Украина?


Ти си во грешка , но тоа ќе го прифатам како незнаење http://tr.wikipedia.org/wiki/Rumeli

http://tr.wikipedia.org/wiki/Makedonya_Cumhuriyeti


така да биде и сепак сум убеден дека некој ден ќе ми разбереш прашањетонамигнување
Pending Approval Pending Approval Pending Approval Pending Approval Pending Approval Pending Approval Pending Approval Pending Approval Pending Approval Pending Approval
Кон врв
eptendosadno Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eptendosadno Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2010 во 23:08
Originally posted by морски морски напиша:


Originally posted by eptendosadno eptendosadno напиша:


Originally posted by морски морски напиша:



многу убав збор! нека да го проширим - зошто Турците велат Сирбистан, Булгаристан, Хирватистан, Jунанистан, Магаристан, но Македонија, Словенија, Украина?


Ти си во грешка , но тоа ќе го прифатам како незнаење http://tr.wikipedia.org/wiki/Rumeli

http://tr.wikipedia.org/wiki/Makedonya_Cumhuriyeti


така да биде и сепак сум убеден дека некој ден ќе ми разбереш прашањетонамигнување


Имињата на “ темите “ е во контекст на Историски погледи на црковните прашања.

Твојот сонародник не издржа и ги покажа ниските страсти , ја избегнува логиката и е пристрасен .


Во темата Историски погледи на црковните прашања сака да се истакне со познавање на темата и као сличајно доаѓаме до името на Охридската Архиепископија - Јустнијана Прима и на цела Бугарија .
Истиот прави обид да ја промовира тезата на бугарската историогафија , која наменски е создадена за да има нашиот колега причина да ја смета Јустинијана Прима за црква на Бугарите , но има проблем , треба со истиот принцип да ги објасни и овие ситуации , „екзарх на Тракија и Драговитија”

“... Дел од оваа сложувалка е појавата во титула на Пловдискиот митрополит и особено на митрополитот Дамјан (можеби истиот убиен во 1410 година) - "екзарх на Тракија и Драговитија" и "односно екзарх на Европа и Драговитија"...“, да , мора да ни објасни , зашто Драговитија

Повторно Турците именивале провинции на својата територија ( покрај Македонија , Румелија , Бугарија ... ) од неразбирливи причини ?

Изменето од Македон - 10.Јануари.2010 во 00:23
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2010 во 01:02
Цар Самоил ја издигнува Светиклиментовата Црква на ниво на Патријаршија, најверојатно 976 г.

Прв Патријарх на Охридската Архиепископија е гг. Герман, чие патријаршко име е врежано во царската катедрала Св. Ахил, на Голем Град (Standard News, Sofia, 03.09.2001, наслов: „В църквата има списък на епископствата“). Од тој запис се зачувани само делови и можат да се прочитаат имињата на следниве епархии Видинска, Кефалониска, Вериска, Ираклиска (Пелагониска), Скопска, Сардикиска, Селасфорска (Деволска), Пелска и Призренска. Несомнено, епархии на Охридската Патријаршија биле и Морозвидска, Мегленска, Струмичка, Лариска, Навпатска, Драчка, Липљанска, Рашка, Сремска, Белградска, Браничевска, Нишка, Велбуждска.

За меѓународно признавање на новото царство и патријаршијата, потребно е благослов од центрите на христијантвото- Цариград или Рим. Цариград не ја признава Самоиловата држава, па затоа тоа го сторува Папата Гргур Петти во година која не е точно утврдена (997-999 г.). Самоил ја зграбил круната од Рим (Extract from the book "Rulers of Bulgaria", Profesor Milcho Lalkov, Ph.D., Kibea Publishing Company, Sofia, Bulgaria).

Цар Самоил ја уништува бугарската патријаршија

За време на патријархот Герман, во Бугарија тој прво го затекнал бугарскиот патријарх Дамјан, а после него доаѓа патријархот Глигориј (Църковен Вестник, Издание на Българската Православна Църква, Година 103, брой 9 и 10, София, 1-30 май 2003, наслов “Българските патриарси през Средновековието”, Александра КАРАМИХАЛЕВА). Цар Самоил ја уништува бугарската патријаршија, ја сведува на ниво на Митрополија Бугарија, па Патријархот гг. Глигориј добива помала титула Митрополит и се упокојува во 1016 г. како „Митрополит Бугарски“; како таков се слави од БПЦ (види православен календар на Бугарската Православна Црква).


Пропаста на Самоиловото царство и Тема Воулгарија

Територијата на Македонија, Црна Гора, сегашна Србија 1018 godina влегуваат во византиска тема Бугарија (Воулгариа) и сите жители (Македонци, Срби, Црногорци) на темата Бугарија беа за Византија бугари. Права, вистинска Бугарија станува тема Паристрион или Мезија (Мизија), а жителите Паристрионци или Мизи (Ibidem, p. 43-49./Vezi P. Diaconu, Les Petchйnegues..., p. 112-115, N. Iorga, Les premieres cristallisations d'Йtat des Roumains, “Bulletin de la Section Historique”, 5-8, 1920, 1, p. 33-46; N. Bănescu, Les premiers tйmoignages byzantins sur les Roumains de Bas-Danube, “Byzantinisch-Neugriechische Jahrbьcher”, 3, 1922, p. 287-310 / N. Bănescu, Les duchйs byzantins de Paristrion (Paradounavon) et de Bulgarie, Bucarest, 1946, p. 101; P. Diaconu, Les Petchйnegues..., p. 101).

По пропаста на Самоиловото царство, Василиј Втори Македонецот ја намалува диецезата на Охридската Патријаршија само на Тема Бугарија т.е. на најголемиот дел од Македонија, Србија и Црна Гора.
Бугарските историчари тврдат дека Охридската Архиепископија е бугарска црква поради тоа што нејзината надлежност била за ЦЕЛА БУГАРИЈА; но, под ЦЕЛА БУГАРИЈА се подразбира целата Тема на Византија наречена Бугарија, која не ја опфаќаше денешна Бугарија- Добруџа (византиска тема Паристрион, Мезија) и Тракија (византиска тема Македонија), кои тогаш беа потчинети на Цариградската Патријаршија. Диецезата на Охридската Архиепископија се простираше во Бугарија само на територијата која ја населуваа словенските племиња Торлаци и Шопи до градот Видин, што представува десеттина отсто од територијата на цела Бугарија. Византија не дозволува Темите да носат имиња на народот кои ги населува тие Теми, оти се стремела за асимилација на различните народи и нивна ромеизација. Истата политика и денеска ја води Грција.

Тоа го потврдуваат и Хрисивулите на Василиј II, каде зборува за "бугарскиот народ" и епархиите на "цела Бугарија" која се простира од Срем, цела Србија, Косови делови од БиХ и Албанија, Црна Гора, чистословенските област на северозападна Бугарија до Видин и најголемиот дел од Македонија (Иван Снeгаровъ. "История на Охридската Архиепископия" Том 1. От основаването до завладяването на Балканския полуостров от турците, стр. 55-62).

Бугарските историчари тврдат дека Охридската Архиепископија е бугарска црква, бидејки била со диецеза на Цела Бугарија и се спомнува бугарскиот народ. Но, не може да прифатиме дека Србите, Црногорците, Македонците, Босанците се сите бугари, а дека Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и делови од БиХ представувале ЦЕЛА БУГАРИЈА, но не и правата Бугарија. Територијата на вистинска Бугарија потпаѓа под јуриздикција на Цариградската Патријаршија, освен неколкуте епархии во шопскиот и торлачкиот крај, кои останале под јуриздикција на Охридската Архиепископија.


Изменето од Platenik - 10.Јануари.2010 во 01:06
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2010 во 01:08
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:




Вчера ти реков - кажи кратко што се случило со црквата од времето на Јустинијан до Василиј Булгароубиец.


Еве го и одговорот кој не можев вчера да го напишам.

По основањето на Црквата Јустинијана Прима од страна на Јустинијан Први Велики, таа станува автокефална Црква, заземајќи значајно место меѓу Црквите во Византија, опфаќајќи неколку области и поседувајќи големо политичко значење како еден вид институција надвор од борбите меѓу Рим и Цариград за зграбување на територии, а во истовреме и противтежа на моќниот солунски епископ, кој пак претставува викарен Епископ на Папата.
Црквата потоа опстојувала се до населувањето на Словените, подоцна исчезнува од историската сцена, а нејзините територии влегуваат во рамките на други Цркви, не сум сигурен, ама чинам, солунскиот Архиепископ ги зазема териториите, секако, застапувајќи ги интересите на Светата Столица, од каде и ја црпел својата моќ, се до VIII век, кога и таа Архиепископија потпаѓа под власта на Цариградскиот Патријарх.
Подоцна црковниот живот во Македонија се организира главно од Цариградската Црква, додека во рамките на Бугарија, од бугарската Црква, која нели, егзистира определен период во канонско единство со Цариградската Црква, а подоцна и како независна Црква. Сепак со уништувањето на Бугарската Црква, заземањето на Епархиите од страна на Цариград, таа престанува да постои, а со доаѓањето на власт на комитопулите, кои определен период биле зависни од Византија. Преспа, како Црковно седиште, во таа држава, станува црковен центар на новото Царство, со свој епископ, кој одржува силни врски со Римската Црква, од која и Самуил ја бара круната. Интересно е што Бугарската Црква, во времето пред уништувањето, се наоѓа во орбитата на влијание на Цариград, не на Рим, а со Охрид тоа е сосема спротивно.
Потоа се случува тоа што се случува, пропаст на самуиловата држава, Василиј II и статусот на Охридската Црква во Византија.

Тоа беше се накусо.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2010 во 01:12
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Цар Самоил ја издигнува Светиклиментовата Црква на ниво на Патријаршија, најверојатно 976 г.



Ова не е докажано, нема никаков документ за вакво нешто, независно од големината на Црквата, според каноните, таа не е Патријаршија, а за тоа говори и фактот што Самуил барал круна од римскиот Папа Григориј V, кој морал да даде благослов за крунисувањето, а и од каконски аспект не можеме да говориме за Патријаршија, затоа што никогаш тоа црковноседиште, ниту од Римскиот Папа, ниту од Константинополскиот Патријарх, не го добило тоа признание.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2010 во 01:16
Наивни бугарски лаги

За да го оправдаат ова смешно тврдење, од бугарите ќе сe слуша дека бугарскиот архиепископ Дамјан избегал во Самоиловото Царство и таму ја пренел својата патријаршија, но археолошки е докажано дека тој останал во Силистра (1000 км далеку од Охрид). Гробот на Патријархот гг. Дамјан во 1994 г. е откриен на Силистра (североисточна Бугарија, 1000км оддалечен од Охрид) од страна на доц. др. Стефка Ангелова, дипл. археолог (Standard News, Sofia, ден 21.08.2001, наслов: „Археолози отвориха гроба на патриарх Дамян“, интервју со археолог доц. др. Стефка Ангелова).

Други пак сакаат да докажат дека Бугарскиот Патријарх Глигориј и македонскиот Патријарх Герман се еден ист Патријарх, но пак е тоа една голема лага, оти Св. Глигориј е канонизиран во светец и упокоен како Митрополит Бугарски, со смалена титула од Патријарх во Митрополит од самиот Цар Самоил и македонскиот Патријарх Герман.

Охридската Архиепископија цело време од 1018 г. па се додека е под византиска јуриздикција ја носи титулата "Архиепископија на цела тема Бугарија", но и вон византијската управа, кога архиепископи биле грци, за да докажат дека тоа е византиска црква со византиски титули.

Теофилакт Охридски, грк, родум од Еврип, е Архиепископ на Охридската Архипископија од 1090 г. до 1119 г. Познат е по тоа што го има напишано "Пространото Св. Климентово Житие" каде објаснува дека за него Бугари се жителите на византиската тема Бугарија т.е. тоа се географски Бугари. Теофилакт и самиот себеси се сметал за Бугарин- жител на Tемата Бугарија, па во Пространото Житие на Св. Климент запишува "Св. Климент ни го предал НА НАС БУГАРИТЕ сето она што се однесува на црквата" (Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивен институт на БАН (кутия III, папка IV.). Како што истакна и Божидар Димитров, Теофилакт стварно се титулирал како Архиепископ на Бугарија, но на тема Бугарија, област од Византија, а не на територијата на бугарското царство. Тој бил пастир на жителите на темата Бугарија, Македонците, Србите, Грците, Црногорците, дел од Босанците и Херцеговците- жителите на тема Бугарија, но не и на правите Бугари, кои тогаш живееле во тема Паристрион (Мизија, Загоре) и тема Македонија (источна Тракија). Византија ги распознаваше своите жители по своите Теми, а не по етносот.
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
eptendosadno Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eptendosadno Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2010 во 12:19
Да излеземе веќе од излитените дефиниции и да се обидеме да најдеме одговори на нешта кои ги нема во книгите .

Јустинијана Прима е црква основана од Јустинијан I (527-565 г.), што апсолутно е невозможно ( од математички причини ) истата да биде наследник на српската , бугарската или грчката црква , или да бара признавање од истите .

Па затоа денешните наметнати “ спорови “ околу сопстевноста на Јустинијана Прима се безсмислени и неплодотворни .

1. Па затоа ме интересира , кои се најстарите христијански објекти во Македонија , колку се на број и каде се наогаат .

2. Има ли верски објет изграден помегу 7 и 9 век ( пред мисијата на Кирил и ... ), каде е тој и кога е изграден.

3. Колу цркви се изградени во времето на турското владеење ( ме интересира само периодот пред нацонал романтзмот)


4. Печката и Охридската постојано во текот на своето постоење ги менуваат границите на своето влијание , го добиваат или губат правото на управување над митрополиите , некоја хронологија или некој научен труд , зашко , како , кога ...

Па доста е за почеток .





Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2010 во 12:41
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Бугарските историчари тврдат дека Охридската Архиепископија е бугарска црква, бидејки била со диецеза на Цела Бугарија и се спомнува бугарскиот народ. Но, не може да прифатиме дека Србите, Црногорците, Македонците, Босанците се сите бугари, а дека Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и делови од БиХ представувале ЦЕЛА БУГАРИЈА, но не и правата Бугарија. Територијата на вистинска Бугарија потпаѓа под јуриздикција на Цариградската Патријаршија, освен неколкуте епархии во шопскиот и торлачкиот крај, кои останале под јуриздикција на Охридската Архиепископија.

Платеник, остави ги тие пропагандни материјали, кои се наменети за прости луѓе. Знам дека ти не си таков.
Види прво која е територијата на Охридската архиепископија во 1020 г.


Само одговори каде живееле Србите по тоа време? Кога Белград за прв пат станал српски? Територијата каде денес е Србија цело време била дел од Бугарија и немало ниту еден Србин таму.

Зошто самите Срби користат поим СТАРА СРБИЈА?

Објаснив зошто е на ЦЕЛА БУГАРИЈА. Видете ја картата. Таму се е кажано.

Читај ги изворите, остави ги пропагандите. Јустинијана Прима за прв пат се спомнува во 1157, а од почетокот си била НА ЦЕЛА БУГАРИЈА. Ако е на темата Бугарија, би била црква само на Бугарија, а таа е на цела Бугарија, зошто ги опфаќала и старите бугарски реони, кои биле во другите теми.
Кон врв
eptendosadno Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eptendosadno Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2010 во 12:46
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Територијата каде денес е Србија цело време била дел од Бугарија и немало ниту еден Србин таму.



Ова е доволно да се знае со кого си имаме работа

П.С.

Кога е исцртана карата ( 1914 - 1918 ?), на германски ?



Изменето од eptendosadno - 10.Јануари.2010 во 12:48
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2010 во 13:11
Картата е исцртана на базата на хрисовулите на Василиј? Кажи да видиме од кое време денешна Србија е српска?

Белградската област од времето 9 - 11 век била дел од Бугарската држава. Факт.
Првиот кој ги пресретнал учениците на Кирил и Методиј бил Боритаркан, управникот на Белград. Тој ги испратил кај Борис-Михаил.

Што сакаш да кажеш со Ова е доволно да се знае со кого си имаме работа ?
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2010 во 13:36
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Теофилакт Охридски, грк, родум од Еврип, е Архиепископ на Охридската Архипископија од 1090 г. до 1119 г. Познат е по тоа што го има напишано "Пространото Св. Климентово Житие" каде објаснува дека за него Бугари се жителите на византиската тема Бугарија т.е. тоа се географски Бугари. Теофилакт и самиот себеси се сметал за Бугарин- жител на Tемата Бугарија, па во Пространото Житие на Св. Климент запишува "Св. Климент ни го предал НА НАС БУГАРИТЕ сето она што се однесува на црквата" (Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивен институт на БАН (кутия III, папка IV.).


Види го житието.
http://www.promacedonia.org/bugarash/ko/teofilakt1.html

Ако го прочиташ, ќе видиш дека Теофилакт користи стари словенски книги и ги преведува, компилира.
Види под 56 што пишува - Св.Климент проповедал на пагани. На која црква и` служел Св.Климент?

Така извадено од контекст може да изгледа дека Теофилакт и самиот себеси се сметал за Бугарин- жител на Tемата Бугарија, па во Пространото Житие на Св. Климент запишува "Св. Климент ни го предал НА НАС БУГАРИТЕ сето она што се однесува на црквата"

Ама види што пишува во целост. На 66 е.



Изменето од Каснакоски - 10.Јануари.2010 во 13:43
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2010 во 13:59
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Бугарските историчари тврдат дека Охридската Архиепископија е бугарска црква, бидејки била со диецеза на Цела Бугарија и се спомнува бугарскиот народ. Но, не може да прифатиме дека Србите, Црногорците, Македонците, Босанците се сите бугари, а дека Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и делови од БиХ представувале ЦЕЛА БУГАРИЈА, но не и правата Бугарија. Територијата на вистинска Бугарија потпаѓа под јуриздикција на Цариградската Патријаршија, освен неколкуте епархии во шопскиот и торлачкиот крај, кои останале под јуриздикција на Охридската Архиепископија.

Платеник, остави ги тие пропагандни материјали, кои се наменети за прости луѓе. Знам дека ти не си таков.
Види прво која е територијата на Охридската архиепископија во 1020 г.


Само одговори каде живееле Србите по тоа време? Кога Белград за прв пат станал српски? Територијата каде денес е Србија цело време била дел од Бугарија и немало ниту еден Србин таму.

Зошто самите Срби користат поим СТАРА СРБИЈА?

Објаснив зошто е на ЦЕЛА БУГАРИЈА. Видете ја картата. Таму се е кажано.

Читај ги изворите, остави ги пропагандите. Јустинијана Прима за прв пат се спомнува во 1157, а од почетокот си била НА ЦЕЛА БУГАРИЈА. Ако е на темата Бугарија, би била црква само на Бугарија, а таа е на цела Бугарија, зошто ги опфаќала и старите бугарски реони, кои биле во другите теми.



Ќе те молам погледни го првиот мој пост од оваа серија.

Во темата Вулгарија, чиј поглавар бил Грк спаѓаат делови од денешна источна Бугарија, Македонија (етнографска), делови од Косово, Албанија, Босна, Црна Гора.Сите овие биле Бугари жители на темата, но не и етнички Бугари, вклучувајќи го и Гркот. Охридската архиепископија ја покрива темата, а искрен да бидам незнам дали била надлежна за епархиите надвор од нејзината територија. Според Снегаров небила, а и немам причина да не му верувам. Кој бил надлежен за темата Перистрион на чија територијата живееле етничките Бугари?

Патем Бугарското царство, она на аспаруховите Бугари веќе било уништено во времето на Самоил, а нивниот последен представник од родот Дуло бил заборавен. За каква ти тоа цела Бугарија зборуваш, за каква ти тоа бугарска црква зборуваш?

Сигурен сум дека Срби имало и надвор од Зета и Рашка па дури и во Сингидунум и во Босна. Сигурен сум исто така дека Бугари таму немало, сем оние кои дошле да се прошетаат, но не се заседнале. Впрочем исто како и во Македонија.

Ако зборуваш за тематски, да, имало, што значи дека и Србите биле Бугари.

Навистина незнам каде води оваа дискусија и која е целта на истата. Знаев дека ќе бидам виовлечен во разговори, пред да разберам кои всушност се денешните Бугари, по што се разликуваат од аспаруховите или како дошло до тоа да го носат нивното име.

Дали картата што ја приложи го покажува етничкиот состав на Охридската архепископија, па макар таа ја покривала и целата територија на Бугарија? Бугарија никогаш небила до Босна, Црна Гора или Далмација, само ако не го сметаш Самоиловот царство за бугарско!





Изменето од Platenik - 10.Јануари.2010 во 14:15
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 37>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.