|
Светот денес |
Внеси реплика | страница <1 1415161718 46> |
Автор | |
Izzy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 26.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 161 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kanada ke gi brani teritoriite od severniot pol od Rusija, po diplomatski pat ili so sila. LOL!!! can't wait to see this
|
|
UNITED!! UNITED!! UNITED MACEDONIA!!!!
|
|
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светот денес е свет на контроверзи.
|
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ех, што ти се комплекси, дури ни телохранителите не смеат да бидат повисоки од него Саркози: Не сакам високи телохранители! |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што ти е идивидовска грижа, веднаш помислив на нашиот бела мечка
Поради пожар без струја останаа 250.000 жители на Торонто |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во Мексико извршени 26 убиства за помалку од 24 часаНајмалку 26 лица се убиени за помалку од 24 часа во Мексико, од кои 14 во Сиудад Хуарез, град со најмногу насилства во земјата, објави мексиканското министерство за правда, а пренесе Хина. Убиени се седум машки лица, меѓу кои едно лице на возраст од 19 години, изјавија официјални претставници на министерството. Двајца браќа на 63 и 53 годишна возраст пронајдени се убиени во автомобил во Балези. Сојузната влада распореди повеќе од 5.000 полицајци во Сиудад Хуарес, но не успеа да го сопре насилство меѓу бандите и дилерите на дрога, во судирите во текот на минатата година загинаа повеќе од 1.450 лица. Речиси 23.000 лица беа убиени во судирите меѓу дилерите на дрога во текот на изминатите три и пол години, објавија од владата |
|
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Болен ритуал во Камерун-мајките им ги пеглаат градите на своите ќеркиДевојчињата во Камерун поднесуваат ужасна тортура од сопствените мајки-веднаш штом ќе почнат да им растат гради мајките им ги притискаат со вжештени камења и тапи ножеви за да го спречат нивниот раст,и на тој начин наводно да ги заштитат од силување или несакана бременост!
Група млади мајки кои самите биле жртви на овој грозен ритуал почнаа битка за прекинување на оваа болна традиција.Една од нив е Жозелин Форгаб чија мајка почнала да го спречува растот на нејзините гради кога имала само 8 години.Сега на возраст од 24 години,Жозелин вели дека ги мрази своите унаказени гради и не може да поднесе некој да ги допре или види. Борбата на младите мајки кои ги обиколуваат селата и градовите во Камерун објаснувајќи ги штетните последици од ритуалот,е поддржана од невладините организации и министерството за промоција на жените и семејството. Досега е издејствувана затворска казна во траење од три години доколку лекар утврди дека ритуалот бил спроведен на девојче,но и покрај тоа ритуалот масовно се изведува во Камерун и неколку други африкански држави. Koga nekoja 'normalna' vest ce stigne od Afrikanskiot kontinent.... |
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тринаесетгодишно момче го уби убиецот на својот таткоИзвор: Макфакс
Тринаесетгодишниот Ренато Алиќ од Тузла испукал десет к*ршуми во Сабахудин Мехичиќ-Кадрија (43) од Живинце, одмаздувајќи се за смртта на својот татко, јавија локалните гласила. Момчето го убило Мехичиќ на улица, пред Здравствениот дом во Живинце, додека тој излегувал од својот автомобил. Сараевскиот весник Дневни Аваз пишува дека момчето испукало десет к*ршуми во главата на Сабахудин Мехичиќ-Кадрија. Синовите на Мехичиќ, Мики и Јасмин Хидановиќ, со помош на нивната мајка Нерџада и сега покојниот Кадрија лани во август го убиле Фехим Алиќ, за што се и неправосилно осудени |
|
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ново стар начин за истерување на правдата, кога нема кој да ја истера на виделина.
|
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бомбаш самоубиец усмртил 43 луѓе во ИракИзвор: Макфакс
Најмалку 43 луѓе загинале, а околу 40 се повредени во напад на бомбаш самоубиец врз припадници на сунитска милиција, кои чекале исплата на плата, соопшти министерството за внатрешни работи на Ирак. Бомбашот самоубиец, како што пренесоа странските агенции, се разнел помеѓу припадници на милицијата „Сахва“ (Синови а Ирак), сунитски борци, кои во 2006/07 година ја напуштиле Ал Каеда и им се придружиле на американските и ирачките сили. Околу 80 припадници на милицијата стоеле во редица пред влезот во базата на ирачката полиција во багдадскиот кварт Радванија и чекале исплата на плата, кога им се приближил напаѓачот и се разнел. Експлозијата се случува во време на политички спор, по изборите одржани во март, кои не дадоа убедлив победник, па Ирак се уште нема влада. Исламистичките бунтовници поврзани со Ал Каеда го користат политичкиот вакуум до кој дошло поради неуспехот на сунитските, шиитските и к*рдските фракции да формираат влада и по изборите изведоа низа напади Тешка сообраќајна несреќа во Албанија - 14 загинатиИзвор: Макфакс
Најмалку 14 лица загинаа, а 20 се повредени во тешка сообраќајна несреќа, што се случи во саботата во Албанија. Автобусот што патувал од пристанишниот град Драч, до местото Фуше Ареза на 70 километри од Тирана, излетал од планински пат и паднал во провалија длабока 300 метри. Во несреќата загинале 14 лица, а меѓу повредените осуммина се во тешка состојба, јави агенцијата хина. Денеска во Албанија е ден на жалост, а се испитуваат причините за несреќата, кој се случила во лоши временски услови Две рударски несреќи во КинаИзвор: Макфакс
Најмалку 36 рудари загинале во две одвоени несреќи во рудници на јаглен во Кина, јави агенцијата Ксинхуа. Сите 28 рудари што биле во окното во рудникот за јаглен во градот Ханченг, во провинцијата Шанкси загинале синоќа, откако избувнал пожар во рудникот. Во слична несреќа, во пожар во рудник за јаглен во кинеската провинција Хенан загинале осум рудари. Причините за рударските несреќи се испитуваат, а се претпоставува дека пожарите ги предизвикале дефекти во електричната инсталација. Рударските несреќи се чести во Кина, пред се поради лошите безбедносни услови. Само во текот на минатата година, според официјални податоци во Кина загинале околу 2.600 рудари |
|
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Daj boze se povekje vakvi bombasi da imaat, sekoj den nasekade |
|
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најмалку 56 мртви во железничка несреќа во ИндијаИзвор: Асошиејтед прес
Најмалку 56 луѓе загинаа, а околу 150 се повредени во судир на два воза рано утрово на една железничка станица во источна Индија, соопшти Самир Госвами, портпарол на железницата. Несреќата, како што пренесува Асошиејтед прес, се случила на станицата Саиндија во Западен Бенгал, на околу 200 километри северно од Калкута. Во судирот целосно се уништени два патнички вагона, а покривот на еден од вагоните, од силината на ударот, одлетал неколку метри подалеку. Медицински извори наведуваат дека 35 лица се борат за живот, така што билансот на загинатите може да биде уште поголем. Причината за несреќата сè уште се утврдува, иако неофицијалните информации се дека судирот го предизвикал возачот на експресниот воз, кој не ја почитувал сигнализацијата. Ова е втора железничка несреќа во Западен Бенгал во последните два месеци |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Над 50 загинати при превртување на брод во УгандаИзвор: Асошиејтед прес
Повеќе од 50 луѓе загинаа во Уганда, кога бродот во кој се превезувале се превртел во езерото Алберт, соопшти во понеделник полицијата. Во бродот имало меѓу 70 и 80 луѓе, но спасувачите успеале да извлечат само петмина, додека биле пронајдени телата на 17 луѓе, јави агенцијатаАсошиејтед прес. Спасувачите очекуваат во текот на денот да извлечат уште некој преживеан во несреќата што се случила во саботата вечер. Властите во Уганда соопштуваат дека пловилото се превртело поради преоптовареност, бидејќи на него можеле да се сместат 40 луѓе и два тони риба. Вакви инциденти се вообичаени во Уганда. Минатиот месец при превртување на брод во езерото Викторија загинаа 10 луѓе Пијан Кинез со багер усмрти 11 луѓеИзвор: Асошиејтед прес
Најмалку 11 луѓе загинаа на северот на Кина, кога пијан возач на багер со машината уништи голем број продавници и возила, соопштија во понеделник кинеските власти, јави Асошиејтед прес. Кинезот на возраст од 38 години, во недела најпрво убил еден муштерија на стовариштето за јаглен каде што работел во провинцијата Хебеј, а потоа излегол на пат со багерот и почнал да уништува автомобили, автобуси, камиони и продавници. Багерот по еден час застанал во едно поле, каде што полицајците го совладале возачот. Тој се соочува со смртна казна доколку биде прогласен за виновен за убиство. Во Кина во последно време се случија голем број напади, често на градинки и училишта во кои настрадаа повеќе од 20 луѓе, а неколку десетици се повредени Изменето од емил - 02.Август.2010 во 15:05 |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Расистичка книга ја тресе Германија Земјата изгубила со доаѓањето на муслиманите, а сите Евреи имаат исти гени Во својата книга „Германија се уништува: како сами ја ставаме земјата на коцка“ Тило Сарацин пишува за „слабите членови на општеството“, а особено се осврнува на проблемот со муслиманите, нагласувајќи дека Германија повеќе изгубила, отколку што добила со нивното доаѓање во земјата. Викендов Сарацин предизвика уште поголемо бранување во јавноста со изјавата дека сите Евреи носат исти гени. Тезите на Сарацин уште еднаш ја поларизираа германската јавност. По спорните изјави дека најголем дел од муслиманите во Германија немаат волја да се интегрираат во општеството, членот на управниот одбор на Бундес банката уште еднаш долеа масло на огнот со изјавата околу генетското наследство на Евреите. Според Сарацин, сите Евреи носат исти гени, што ги разликуваат од другите народи. Тоа наиде на жестоки критики од страна на германската влада. Германската канцеларка Ангела Меркел синоќа ги прогласи тезите на Сарацин за „целосно неприфатливи“. Тие се селективни и презираат цели општествени групи: „Можеби господинот Сарацин се занимава со оваа тема, меѓутоа за мене најлошо е што тој само уште повеќе го отежнува соочувањето со ова прашање. Темата за интеграција е важна тема во нашето општество. Затоа во мојот кабинет донесов ополномоштеник за интеграција. Многу работиме на ова поле, а мораме и уште многу да направиме. Меѓутоа, начинот на кој се изразува Сарацин прави поделби во општеството и ја отежнува дискусијата“, смета Меркел. Изјави што поттикнуваат расизам или антисемитизам се непожелни во политичката дискусија, смета и вицеканцеларот и министер за надворешни работи, Гидо Вестервеле. Германскиот министер за одбрана, Карл Теодор Гутенберг, го стави во прашање натамошниот ангажман на Сарацин како член на управниот одбор на Бундес банката. Секоја провокација има граница, а Сарацин недвосмислено ја пречекори, истакна Гутенберг. Околу ова прашање канцеларката Меркел остана воздржана. Бундес банката е независно тело, нагласи таа: „Можам само да кажам дека сум сигурна оти и таму ќе се зборува околу Сарацин, бидејќи во Бундес банката не станува збор само за пари или за финансиски проблеми, туку таа за сите нас, за цела земја е еден вид пример. Затоа сметам дека и во Бундес банката ќе се дискутира околу оваа тема“. Гневот го разгореа новите изјави на Сарацин. Во неколку интервјуа тој истакна дека луѓето од различни потекла поседуваат различни гени. Конкретно ги издвои Евреите и Баскијците, како народи со посебни гени. Централниот совет на Евреите во Германија го осуди ова како расизам. Во Социјалдемократската партија гласовите за исклучување на Сарацин стануваат се' погласни. Шефот на берлинскиот разгранок на партијата нагласи дека е крајно време да се разговара за нов партиски кодекс. Според него, партијата не може долгорочно да толерира член, кој постојано се коси со нејзините основни вредности. Сарацин ги раздвојува етничките групи, а тоа не е сликата што ја претставува СПД. Високи функционери на партијата бараат од Сарацин сам да излезе од СПД. Тој го одбива ваквото барање, нагласувајќи дека до крајот на животот ќе остане во партијата. http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=3A022DEBA0C60C428626CD8946364CCF зи хај |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Гардијан“: Ирачаните не се задоволни од повлекувањето на aмериканските војници
...edinstveno ne mi e jasno samo... ..kako moze da im nedostasuva ,.."okupatorot" Изменето од brza - 01.Септември.2010 во 13:40 |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Внеси реплика | страница <1 1415161718 46> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |