Испечати | Затвори го прозорот

Светот денес

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Свет
Опис на форумот: Масони, Рокфелер, Ирак, Иран, Балкан Експрес...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=18175
Датум на принтање: 31.Јануари.2025 во 03:52
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Светот денес
Постирано од: Pacifist
Наслов: Светот денес
Датум на внесување: 05.Март.2009 во 23:09
Ovaa tema e za site dnevno politicki nastani nadvor od Makedonija ...
interesni megjunarodni nastani ...
megjunarodni skandali...
breaking vesti od svetot .... i taka natamu
sve u edno mesto ...


-------------
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related



Коментари:
Постирано од: Pacifist
Датум на внесување: 05.Март.2009 во 23:10

eve jas ke pocnam prv ...

Албански министер разрешен оти барал секс

 
 

Албанскиот премиер Сали Бериша синоќа го разреши министерот за култура, туризам и спорт Или Панго поради сексуален скандал објавен на албанската телевизија Топ Чанел.

Разрешувањето дојде веднаш по објавувањето на снимки во емисијата „Фикс Фаре“ во која министерот Панго бара сексуални услуги од новинарка на Топ Чанел, која се претставува како заинтересирана невработена за да добие работа.

Албанската приватна телевизија Топ Ченел синоќа емитуваше снимка направена со скриена камера на која Панго разговара со жената и при тоа и вели да се соблече, наводно за да види дали таа тоа навистина ќе го направи за да ја добие работата.

Инцидентот наводно се случил во домот на Панго во Тирана минатиот месец.

Официјален претставник на албанската Влада соопшти дека Бериша го разрешил Панго „веднаш по емитувањето на снимката“.

Бериша изјави дека ваквите активности се неприфатливи во неговата Влада, додека пак сега разрешениот министер Панго вели дека станува збор за монтажа.

Панго ги отфрли обвинувањата тврдејќи дека се работи за успешна монтажа.

Сексуалниот скандал кој е прикажан на телевизијата денеска на насловните страници го пренесуваат сите дневни весници, а електронските медиуми ги емитуваат снимките во нивните ударни термини.



-------------
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related


Постирано од: Pacifist
Датум на внесување: 07.Март.2009 во 20:05

Во Солун запалени осум автомобили

   

Непознати лица синоќа запалиле осум автомобили кои биле паркирани пред канцеларијата на државната енергетска коорпорација во Солун.

Полицијата соопшти дека група млади маскирани лица фрлиле најмалку 15 „молотови коктели“. Пет од возилата, сопственост на Коорпорацијата се целосно уништени.

Се претпоставува дека за нападот одговорни се грчките анархисти, кои често ги напаѓаар банките, владините институции, полициски станици, канцеларии на политички партии и на странски организации во Атина и во Солун.

Таквите напади зачестија по убиството на тинејџерот, што се случи во декември минатата година.



-------------
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related


Постирано од: Pacifist
Датум на внесување: 10.Март.2009 во 20:59

Палау - 56-та држава која го призна Косово

   
 

Пацифичката Република Палау денеска ја призна независноста на Косово, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Косово.

„Денеска во амбасадата на Косово во Вашингтон е предадено писмо од претседателот на Република Палау Јохансон Торибионг, со кое се потврдува дека оваа држава ја признава независноста на Косово“, стои во соопштението од Министерството.

Во него се додава дека претседателот Торибионг, кој е во посета на САД, на овој начин позитивно одговорил на барањето на претседателот Сејдиу да се признае Косово.

Инаку, Република Палау е држава во Тихиот Океан, на околу 500 километри од Индонезија, стана независна во 1994 година.

Палау стана 56-та држава која го призна независно Кос



-------------
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related


Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 11.Март.2009 во 17:41
Vo germanskoto gratce WINNENDEN 17 godisnik naoruzhen vlegol vo edno sredno uciliste i pocnal da gi ubiva prisutnite. Ubieni se 17 lica, policijata go zastrelala 4 casa po napadot.

Germanija ja podigna dozvolata za poseduvanje ogneno oruzje od 18 na 21 godina.

http://news.yahoo.com/s/ap/20090311/ap_on_re_eu/eu_germany_school_attack - http://news.yahoo.com/s/ap/20090311/ap_on_re_eu/eu_germany_school_attack

Slicen nastan ja potrtese germanskata javnost vo 2002 godina so pukotnicata vo Erfurt koga ucenik otvori ogan vrz prisutnite vo uclisteto i na kraj se samoubi. Ocigledno blagosostojbata na edno opstestvo nuzno ne e i gotov recept za usrekjenosta na lugjeto.


Постирано од: nelson
Датум на внесување: 11.Март.2009 во 21:10
Српската полиција приведе македонски државјанин кај кого пронашла марихуана

Врање, 11 март (МИА) - Српската полиција на граничниот премин Прешево приведе македонски државјанин поради сомнение дека извршил кривично дело, производство, поседување и пуштање во промет на опојни дроги, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Полицијата го приведе Ваљон М. (23), кој е изведен пред истражен судија во Окружниот суд во Врање, јави Танјуг.

За време на претресот полицијата кај осомничениот пронашла девет грама марихуана.

Судијата на Окружниот суд на Ваљон М. му изрекол парична казна од 50 илјади динари (529 евра).

izvor: Mia preneseno od IDIVIDI


-------------
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!


Постирано од: Pacifist
Датум на внесување: 13.Март.2009 во 23:12
Франција се враќа во воената команда на НАТО
 
Францускиот претседател Шарл де Гол во 1966 година ја повлече својата земја од интегрираната воена команда на НАТО, тврдејќи дека го брани нејзиниот суверенитет. Повеќе од 40 години подоцна, актуелниот шеф на француската држава Никола Саркози објави дека го враќа полноправното членство земјата во Алијансата за таа повторно да има водечка улога.

- Осамената држава е осамена нација без влијание. Ако сакаме да имаме влијание мора да знаеме како да се поврземе со нашите сојузници и пријатели. Франција сака мир и слобода и знае кои и се пријатели и непријатели. Не се плашам да кажам дека нашите први пријатели се земјите од западното семејство - порачал шефот на француската држава, која остана политичка членка на НАТО по одлуката на Де Гол.

Саркози нагласил дека Франција со влегувањето во командата на НАТО ќе биде поцврста и повлијателна. Критичарите на иницијативата, пак, велат дека Франција ќе го загуби суверенитетот и независноста во очите на светот. Според нив, земјите на Париз ќе гледаат како поданик на Вашингтон.

Саркози таквите прогнози ги оценил како лажни и неточни.

- Тоа се невистини. Да, ние сме сојузници на САД. Ние сме пријатели, но пријатели што стојат цврсто. Ние сме независни пријатели и блиски партнери - рекол Саркози, кој се очекува да испрати писмо до сојузниците за формално да го објави враќањето на Франција пред самитот на Алијансата на 3 и 4 април.

Вашингтон вчера ја поздравил одлуката на Париз.

- Среќни сме што по 43 години отсуство, Франција се врати онаму каде што припаѓа, во командната структура на Алијансата - се вели во соопштението на Министерството за одбрана на САД.


-------------
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 13.Март.2009 во 23:19
krajno vreme bese .......... nemase rezon da ne bide ..........

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: Pacifist
Датум на внесување: 13.Март.2009 во 23:39
Originally posted by miroslav_g8 miroslav_g8 напиша:

krajno vreme bese .......... nemase rezon da ne bide ..........
zdruzeno protiv rusija & Co.


-------------
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related


Постирано од: nelson
Датум на внесување: 14.Март.2009 во 09:13
Вооружени момчиња со метални шипки искршија излози на банки и продавници во центарот на Атина

Атина, 13 март (МИА) - Околу 50 момчиња со качулки на главите, вооружени со метални шипки денеска искршија излози на повеќе банки и продавници, а оштетија и неколку автомобили во луксузниот кварт Колонаки во центарот на Атина. 

Инцидентот траел неколку минути, а момчињата побегнале пред да пристигне полицијата.

Напаѓачите фрлале летоци во кои се бара ослободување на момче, уапсено во 2007 година поради оружен напад врз банка во Атина и кое се смета од страна на полицијата за член на анархистичкото движење.

Момчињата ги искршиле излозите на филијала на Националната банка на Грција, на уште три други банки и на околу шест трговски објекти, меѓу кои и многу луксузни продавници. Биле уништени и околу десет автомобили.

Според полициски извори напаѓачите избегале во зградата на Правниот факултет во центарот на Атина. Влегувањето на полицијата во образовните институции во Грција е строго забрането.

Извор: МИА



-------------
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!


Постирано од: nelson
Датум на внесување: 14.Март.2009 во 09:14
Три експлозии одекнаа во северниот дел на Косовска Митровица

Приштина, 13 март (МИА) -  Три силни експлозии одекнаа синоќа во населбата Бошњачка Махала во северниот дел на Косовска Митровица, при што нема ранети, но е причинета материјална штета.

Во две од експлозиите веројатно се употребени рачни бомби.

- Засега нема информации за виновниците за нападите, изјави портпаролот на косовската полиција Бесим Хоти. 

Ова е најнов инцидент во Косовска Миторивица, по серијата инциденти што се случија во јануари, кога беа ранети 15 лица, од кои 14 од српска националност.


< style="HEIGHT: 50px" align=middle marginWidth=0 marginHeight=0 ="http://www.idividi.com.mk/UpdateBrCitana.aspx?VestID=511939" Border=0 scrolling=no height=30 ="#efefef">

-------------
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!


Постирано од: afrodit
Датум на внесување: 14.Март.2009 во 15:07
Срби закопани на депонија во Косово?


Косовската влада во соработка со германските и со турските единици на КФОР во јули минатата година тајно закопала неколку стотини тела на Срби и неалбанци во околината на Призрен, на локацијата Ајдучка Чешма, тврди белградски „к*рир“.

Според весникот, станува збор за жртви на трговија со органи, кои биле ископани од северот на Албанија и префрлени на косовската територија за да се прикријат доказите за злосторството. „к*рир“, кој се повикува на анонимен извор, наведува дека настраданите се од т.н. жолта куќа во Албанија, каде што им биле вадени органите.

Како маска за целата акција помогнала и медиумската врева и масовните протести на косовските Албанци поради доаѓањето на две цистерни со опасни хемикалии од Иран, кои влегле од Македонија и наводно требало да се уништат во Трепча. Според анонимниот извор, во тоа време во околината на Призрен пристигнале два шлепера со бугарски регистрации, кои ги пренесувале телата на убиените. Единиците на КФОР обезбедиле депонија и со образложение дека уништуваат материи од цистерната, им забраниле пристап на жителите, тврди „к*рир“.


Постирано од: Polaris
Датум на внесување: 14.Март.2009 во 15:24
Originally posted by afrodit afrodit напиша:

Срби закопани на депонија во Косово?


Косовската влада во соработка со германските и со турските единици на КФОР во јули минатата година тајно закопала неколку стотини тела на Срби и неалбанци во околината на Призрен, на локацијата Ајдучка Чешма, тврди белградски „к*рир“.

Според весникот, станува збор за жртви на трговија со органи, кои биле ископани од северот на Албанија и префрлени на косовската територија за да се прикријат доказите за злосторството. „к*рир“, кој се повикува на анонимен извор, наведува дека настраданите се од т.н. жолта куќа во Албанија, каде што им биле вадени органите.

Како маска за целата акција помогнала и медиумската врева и масовните протести на косовските Албанци поради доаѓањето на две цистерни со опасни хемикалии од Иран, кои влегле од Македонија и наводно требало да се уништат во Трепча. Според анонимниот извор, во тоа време во околината на Призрен пристигнале два шлепера со бугарски регистрации, кои ги пренесувале телата на убиените. Единиците на КФОР обезбедиле депонија и со образложение дека уништуваат материи од цистерната, им забраниле пристап на жителите, тврди „к*рир“.
 
 
OVA E SRPSKA PROPAGANDA I TO CISTA PROPAGANDA,TAKA DA NE VERUVAJTE NA OVIE RABOTIнека%20ти%20е%20срам


-------------
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.


Постирано од: Rafiz Aliti
Датум на внесување: 14.Март.2009 во 15:54
Kako i da e ne e opravdano,i ako i jas mislam deka e propaganda ama mozebi e tocna informaciata,vcera procitav na nekolku sajtovi za ova.

Kako i da e sto se cudite tolku,istite raboti dolgi godini se pravese na albancite vo Kosovo od strana na srbite, taka da sve se vraka vo ova vreme


Постирано од: Тречи
Датум на внесување: 14.Март.2009 во 18:05
Русите се инсталираат во Јужна Америка

Венецуела отстапува остров за руски воени авиони


14.03.2009 12:59 Уго Чавез
Претседателот на Венецуела Уго Чавез го предложува аеродромот на островот Арчила за времена база на руските воени авиони.
Информацијата ја потврди и руски генерал, кој наведува дека опцијата е можна доколку за неа постои соодветно политичко решение.
Високи претставници на руската армија веќе го посетија аеродромот на островот и тврдат дека со мала реконструкција тој би можел да биде добра воено-морска база на руските авиони бомбардери

-------------
Книге децо книге......
Речи свима ко си,не штиди се своје вере,и буди поносни син Православја!



Постирано од: Polaris
Датум на внесување: 14.Март.2009 во 21:41
Турција го бомбардираше Ирак  
 
Турските вооружени сили (ТВС) завчера извршија воздушна операција на однапред утврдени терористички цели во северниот дел на Ирак.
 

Началникот на одделот за комуникации при Генералштабот бригадниот генерал Метин Ѓурак на неделната прес-конференција истакна дека во операцијата биле ефикасно погодени целите на терористичката организација и дека како и секогаш била покажана потребната внимателност за да не биде загрозено цивилното население во подрачјето. 14.03.2009

  http://www.trtmacedonian.com/International/newsDetail.aspx?HaberKodu=cc593d0a-64cb-4e3d-ac61-8d5914891059 - http://www.trtmacedonian.com/International/newsDetail.aspx?HaberKodu=cc593d0a-64cb-4e3d-ac61-8d5914891059


-------------
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.


Постирано од: Pacifist
Датум на внесување: 15.Март.2009 во 17:24

ОПЕК ќе го намали производството на нафта

   

Министрите од земјите на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК), на денешната средба во Виена побараа намалување на дневното производство на нафта за еден милион барели, со цел да ја зголемат цената на нафтата на светскиот пазар.

Саудиска Арабија веќе произведува помалку од нејзината вообичаена квота, со цел да го компензира прекумерното производство на нафта на Иран и останатите земји.

ОПЕК досега спроведе во пракса околу 80% од планираното намалување на производството. Од септември минатата година го намали дневното производство на нафта за 4.2 милиони барели.

Се проценува дека 100-процентното исполнување на планот ќе значи дека светскиот пазар дневно ќе остане без дополнителни милион барели нафта.



-------------
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related


Постирано од: Pacifist
Датум на внесување: 15.Март.2009 во 17:27

Ako se sprovede ovoj pllan svetot go cekaat teski vreminja ... STAGFLLACIJA - najllosoto sto moze da ni se sluci vo ovie teski vreminja ...



-------------
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related


Постирано од: Тречи
Датум на внесување: 15.Март.2009 во 17:55
Превод Чича Путин ќе се ваља во пари пак.

-------------
Книге децо книге......
Речи свима ко си,не штиди се своје вере,и буди поносни син Православја!



Постирано од: Pacifist
Датум на внесување: 15.Март.2009 во 18:08
Originally posted by Тречи Тречи напиша:

Превод Чича Путин ќе се ваља во пари пак.
i na cicko putin ne mu odgovara ova ...


-------------
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related


Постирано од: Тречи
Датум на внесување: 15.Март.2009 во 18:20
со цел да ја зголемат цената на нафтата на светскиот пазар.




И те како му одговара.Непроизведува он прекумерно џо Иран.

-------------
Книге децо книге......
Речи свима ко си,не штиди се своје вере,и буди поносни син Православја!



Постирано од: Rafiz Aliti
Датум на внесување: 16.Март.2009 во 16:52

Членството на Албанија во НАТО се гледа како еден од најважните моменти во историјата на земјата



Cтануваме официјални сојузници на Америка, Германија, Италија и Турција



ТИРАНА/ЗАГРЕБ - За две или три недели НАТО ќе се прошири со уште две држави, двете од чувствителниот регион Западен Балкан. Албанија со 3,2 милиона жители и Хрватска со 4,4 милиони жители ќе станат официјални членки на Алијансата точно на 60. роденден на НАТО.

Се чувствува огромна возбуда, особено во Албанија, која порано беше една од најизолираните земји во Европа и каде што НАТО веројатно е попопуларна од каде и да е во светот, со повеќе од 90 отсто јавна поддршка за членство на Албанија во Алијансата. Во Хрватска, која претрпе ужасна војна и уништување, но добро закрепнува, поддршката за членството, исто така, се зголеми на над 60 отсто, меѓутоа на улиците за НАТО не се дебатира толку многу како во Албанија. Двете земји се многу различни, особено во економските стандарди, при што хрватскиот БДП по жител е четири пати повисок отколку оној на Албанија. Меѓутоа, Албанија го започна својот пат кон членство во НАТО многу порано отколку Хрватска, па приклучувањето во исто време е логично доколку ги прашате луѓето во Брисел.

Членството на Албанија во НАТО се гледа како еден од најважните моменти во историјата на земјата. Посетата на Воениот музеј во градот Ѓирокастро на југот на Албанија, град што се наоѓа на списокот на светски наследства на УНЕСКО, го дава истото чувство. Во тврдината од 4 век се поставени изложби на оружје кое Албанците го одземале од непријателите низ историјата, Турците за време на стоте години Отоманско Царство, Италијанците и Германците кои ја окупирале Албанија во Втората светска војна, а има и еден воен авион што го собори Албанската народна армија при обидот на Американците да го сменат комунистичкиот режим на диктаторот Енвер Хоџа. Водичот не сака да зборува за американскиот авион, бидејќи Албанците денес се многу проамерикански ориентирани и ги сметаат за најголем пријател. „Ние се приклучуваме кон НАТО и првпат во нашата историја стануваме официјални сојузници на Америка, Германија, Италија и Турција“, вели професорот по историја Александар во овој албански град. Од врвот на тврдината се гледаат полињата околу Ѓирокастро, кои даваат реален впечаток колку била изолирана Албанија. Се' уште можат да се забележат дел од 800.000 бункери, изградени за време на комунистичкото диктаторство на Хоџа, а денес претставуваат остаток од параноидното минато. Тие бункери денес главно се љубовни гнезда, некои од нив се претворени во кафе-барови, а некои се користат како тоалети.

Јасно е што значи членството во НАТО за Албанците, а најевидентно е дека земјата засекогаш излезе од изолација. Но, на прашањето што може Албанија да и' донесе на НАТО, има различни мислења меѓу луѓето на улица и политичарите. Додека обичните граѓани како најголем придонес што може да го даде Албанија како членка на НАТО го сметаат испраќањето војници во мисија на НАТО, официјални лица гледаат поголемо значење во остварувањето стабилност на Балканскиот регион. Состојбата е слична и во Хрватска. „Тоа е реализирање на политиката на НАТО за стабилизирање на Западен Балкан“, вели Артур Куко, албански амбасадор во НАТО, кој укажува дека со Хрватска и со Албанија во НАТО регионот Западен Балкан ќе биде постабилен. Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Јандроковиќ, сеќавајќи се на неодамнешното минато на својата земја, вели дека Хрватска од држава што примала помош, денес е држава што им помага на другите и учествува во мисии на НАТО, ЕУ и ОН во странство. „Со членството во НАТО, Хрватска станува позитивен пример за останатиот регион. Во нашата политика како членка на НАТО ќе имаме цел регионот на поранешни конфронтации да го претвориме во партнерство и заемна соработка, така што Југоисточна Европа ќе може да стане зона на мир и стабилност“, вели Јандроковиќ.

Џејми Ши, директор во НАТО за политичко планирање, исто така, верува дека со Албанија и со Хрватска во НАТО, погледот од Запад кон Балканот ќе се смени позитивно. „НАТО направи многу за Балканот, но парадоксално - и Балканот направи многу за нас. Без нашето ангажирање на Балканот, германските војници се' уште не ќе можеа да заминуваат во мисии во странство, француски војник да командува во мисиите на НАТО и ние денес немаше да бидеме во Авганистан“, вели Ши. Во Хрватска наидуваме на интересни информации. Германските војници првпат учествуваа во странска мисија во Задар (Хрватска) во операција на УНПРОФОР во средината на 90-тите години. Поинтересно е тоа што албанските војници првпат заминаа во странска мисија токму во Задар, во истата операција и под команда на Германците. Со Албанија и Хрватска како членки, НАТО сега ќе има две страни на Јадранското Море и Јонскиот брег и ќе граничи со Босна и Херцеговина и Косово. Тоа во НАТО се смета како доказ дека целта за повеќе Балкан во НАТО и помалку НАТО на Балканот станува реалност.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=681ED2152546A8469F568575F042EAFF


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 21.Март.2009 во 08:59
... Не ги сакаат ни во сопствената земја...

Атен­тат врз бра­тот на Ба­ко­ја­ни

АТИ­НА, 20 март - Бом­ба од рач­на из­ра­бот­ка екс­пло­ди­ра прек­си­но­ќа пред кан­це­ла­ри­ја­та на пра­те­ни­кот на грч­ка­та вла­де­јач­ка пар­ти­ја Ки­ри­ја­кос Ми­цо­та­кис, пре­диз­ви­ку­вај­ќи ма­те­ри­јал­на ште­та. Пра­те­ни­кот Ми­цо­та­кис (41), брат на ше­фи­ца­та на дип­ло­ма­ти­ја До­ра Ба­ко­ја­ни и син на бив­ши­от пре­ми­ер Кос­тас Ми­цо­та­кис, не бил во кан­це­ла­ри­ја­та за вре­ме на бом­баш­ки­от на­пад.
"Бом­ба­та екс­пло­ди­ра­ла на ска­ли­те пред кан­це­ла­ри­ја­та пре­диз­ви­ку­вај­ќи по­ма­ла ште­та. Во згра­да­та не­ма­ло ни­кој за вре­ме на екс­пло­зи­ја­та", из­ја­ви по­ли­ци­ја­та. Спо­ред по­ли­ци­ја­та, не­ма­ло пре­дуп­ре­ду­ва­ње пред на­па­дот и се уш­те ни­кој не ја пре­зел од­го­вор­нос­та.




-------------


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 21.Март.2009 во 17:27
nekoj svoeto nezadovolstvo od vodenjeto na drzavata go iskazuva i na takov nacin .......... ne mora da znaci deka toa e nesoglasuvanje i so nejziniot stav po odnos na nekoi drugi prasanja ......... daj da ne se zalazuvame i mislime deka nekoj drug koj kje dojde na nejzino mesto kje bide podobar vo odnos na nasiot spor so niv ........... ne gi sakaat .... normalno deka nema da gi sakaat dokolku ne go ispolnuvaat vetenoto vo pogled na ekonomija i ostanati nesta koi se stolb na edna drzava .......... znaci , dokolku se rakovodime spored toa na koj nacin go izrazuvaat ona ,  " ne gi sakaat ni vo sopstvenata zemja " , kaj nas ispadja deka ovie nasite rasipikuci gi sakame ? смеење

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: Biba_G
Датум на внесување: 28.Март.2009 во 22:34
Италија - Илјадници луѓе на улиците во Рим поради економската криза

Илјадници демонстранти денес,на улиците на Рим фрлаа јајца, црвена боја и димни бомби на банки,осигурателни компании и агенции за недвижности за време на протестниот марш поради економската криза.
Протестите се одржаа ден пред состанокот на министрите за финансии на Г8 на кои ќе им се придружат и претставници од Меѓународниот монетарен фонд, претставници на ОЕБС како и други стручни лица кои ќе ја разгледуваат ситуацијата околу глобалната економска криза



-------------
Не е се’ така црно...Се наоѓа и по некоја плавуша


Постирано од: Pacifist
Датум на внесување: 30.Март.2009 во 10:04

Ѓукановиќ извојува апсолутна победа

  

Коалицијата Европска Црна Гора на премиерот Мило Ѓукановиќ освои апсолутно мнозинство на вчерашните предвремени парламентарни избори во Црна Гора.

Според прелиминарните податоци на Центарот за мониторинг, коалицијата на Ѓукановиќ избори 47до 49 места во идниот парламент, од вкупно 81.

Социјалистичката народна партија доби 15, Нова српска демократија осум и Движењето за промени пет мандати.

По едно место во парламентот добија листите на три партии на Албанците (Форца, Демократска унија на Албанците и Демократски сојуз на Албанците во Црна Гора), а евентуално по еден мандат би можеле да освојат листите на Народната коалиција, односно на Албанската перспектива.

Ѓукановиќ, во име на Демократската партија на социјалистите, која ја предводи победничката коалиција Европска Црна Гора им заблагодари на гласачите на „фантастичниот успех“, оценувајќи дека станува збор за „најуверлива победа од почетокот на повеќепартискиот систем во Црна Гора“.

Тој најави брзо формирање на нова влада, која ќе треба да одговори на сите предизвици на актуелното време и многу бргу да ја приближи Црна Гора кон евроатланските интеграции.

Изборите ги следеле 1.210 набљудувачи, од кои 227 странски, додека излезноста на изборите изнесувала 65,2 отсто



-------------
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 06.Април.2009 во 15:32
Силен земјотрес во Јужна Италија. За жал има жртви македонски државјани.

-------------


Постирано од: Pacifist
Датум на внесување: 06.Април.2009 во 23:26
preku 190 zrtvi na denesniot zemjotres vo Italija ...

-------------
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related


Постирано од: Wonderful_Life
Датум на внесување: 21.Април.2009 во 14:25
- -
Развод меѓу Никола Саркози и новинарите




Нанси - Скандалот дојде во четвртокот преку парискиот дневен весник „Либерасион“, кој повикувајќи се на добро информирани извори, пренесе дел од неформалната дискусија што се водела на работен ручек во Елисејската палата. Имено, како што пренесе весникот, францускиот претседател Никола Саркози на своите гости им кажал што мисли за некои светски државници и европски политичари. Така, новиот американски претседател Барак Обама бил оценет како „паметна и харизматична личност“, но дека е неодлучен и неискусен. Претседателот на Европската комисија, Баросо, блескал со своето отсуство... Во разговорот Саркози настојувал да се прикаже и како херој во совладувањето на глобалната економска криза, па и наоѓал забелешки и на германската канцеларка Ангела Меркел. За германската канцеларка рекол дека таа пред Самитот на Г-20 во Лондон ги прифатила неговите позиции и барања до другите учесници дури откако сфатила во колку тешка состојба се наоѓаат германските банки и тамошната автомобилска индустрија. Единствено добри зборови, францускиот претседател на ручекот со пратениците имал за италијанскиот премиер Силвио Берлускони, затоа што, како што рекол, три пати победил на парламентарните избори во Италија. Во таа прилика, за шпанскиот премиер Запатеро, Саркози забележал дека „не е премногу паметен“. Токму оваа последна забелешка беше искористена од неговата поразена противкандидатка на претседателските избори, социјалистката Сеголен Ројал, која испрати извинување до шпанскиот премиер и до шпанскиот народ поради навредливите зборови изречени од Саркози. Само две недели претходно, Ројал и' се извини на Африка поради исто така навредливите зборови изречени од францускиот претседател на сметка на Африканците со црна боја на кожата за нивното место во историјата.

Веста, според добро познатиот механизам на функционирањето на медиумите, набрзина доби планетарен карактер, „Гардијан“ напиша дека досега го знаевме Никола Саркози како „фалбаџија“, „хиперактивен“ и „фамилијарен“, но овој пат тој „се надмина“. Во Шпанија аферата доби друг тек, според „Ел паис“, демантите од Елисејската палата не биле убедливи, а вицепретседателот на Народната партија (опозицијата на Запатеро), Естебан Гонзалез Понс, смета дека кога шефот на државата е нападнат на ваков начин, тој треба да се брани.

Во понеделничкото издание на париски „Либерасион“, уредникот и директор на весникот, Лоран Жофран, интегрално ја потврдува уште еднаш веродостојноста на зборовите на претседателот Саркози. Информациите до кои дојдоа новинарите на весникот биле проверени, тие не напишале дека Саркози ги навредувал другите шефови на држави и влади, туку давал само оцени за нивните личности, што не е исто. Тој употреби иронија кон Хозе Луис Запатеро, но таа иронија беше сфатена во прв степен од шпанскиот печат. Тука е и проблемот на аферата, смета Жофран.

Ваквата реакција е одраз на стилот што го карактеризира владеењето на Саркози, брутален и не многу дипломатски (Македонија тоа го искуси и на своја кожа). Без сомневање во начинот на кој се однесува францускиот претседател, тој се' повеќе и повеќе личи на Берлускони. Тоа што не му се допаѓа на еден од ретките опозициони весници во Франција е начинот на кој беше нападнат од весниците блиски до претседателот и од владејачката УМП, кои имаат многу мака да прифатат дека во Франција постои независен печат.

Имено, во саботата портпаролот на УМП, Фредерик Лефебр, го спореди „Либерасион“ со „леток, кој пренесувајќи лажни информации, го нарушува впечатокот за Франција“.

Од устите на неговите најблиски соработници и од устата на Саркози, навредите на сметка на печатот и новинарите се нешто нормално. Така, последното издание на „Канар аншене“ ги пренесува зборовите на Саркози по пишувањето на некои француски весници за моралните вредности на нивниот домаќин во луксузниот хотел во Мексико: „Новинарите се нули, потребно е да им се плука в лице, потребно е да се газат, да се прегазат. Тие се бандити, и не само тоа, бандитите барем имаат морал“. Овие зборови Саркози ги рекол пред претставници на неговото парламентарно мнозинство. На новинарите тој им забележува дека се непријатни и неуслужни. Во мај 2008, тој им се лутел на весниците дека не пишувале многу за осудувањето на Сеголен Ројал поради непочитување на социјалните закони за лицата кои ги вработувала. Оваа аргументација е повторена и сега, бидејќи пресудата против Ројал била потврдена на почетокот на месецов и таа се совпаднала со аферата на нејзино извинување упатено до Африканците и Запатеро. На весникот „Журнал ди Диманш“ (инаку, сопственост на неговиот пријател Арно Лагардер) му забележал дека не му посветил внимание на едно испитување на јавното мислење кое му било поволно.

Ова не е првиот судир меѓу Никола Саркози и француските новинари, имено депешата на АФП за условите во кои била згрижена претседателската двојка во Мексико била „задржана“ неколку часа, бришењето на скапиот прстен на министерката за правда Рашида Дати од насловната страница на „Фигаро“, цензурирањето на текстот во „Журнал ди Диманш“ во кој се зборуваше дека Сесилија Саркози не гласала при вториот круг на изборите“. Со новиот закон за државните радио и телевизиски станици, Саркози лично ќе ги именува нивните главни и одговорни уредници и директори... Изгледа дека „медениот месец“ на Саркози со француските новинари е завршен и очигледно дека двете страни нема да си прогледуваат повеќе низ прсти.

-------------
Gospod gi sozdal zenskite,zasto imal smisla za ubavina, a maskite zasto imal smisla za humor


Постирано од: lane62
Датум на внесување: 28.Април.2009 во 23:01
Umesto koncerta održao govor protiv Amerike http://www.glassrbije.org/info/index.php?option=com_mailto&tmpl=component&link=aHR0cDovL3d3dy5nbGFzc3JiaWplLm9yZy9pbmZvL2luZGV4LnBocD9vcHRpb249Y29tX2NvbnRlbnQmdmlldz1hcnRpY2xlJmlkPTQ1NzQ6dW1lc3RvLWtvbmNlcnRhLW9kcmFvLWdvdm9yLXByb3Rpdi1hbWVyaWtlJmNhdGlkPTQzOm9rby1uYXMmSXRlbWlkPTU4">El.%20pošta
Oko nas
utorak, 28 april 2009 12:01
 Poljski pijanista svetskog glasa Kristijan Cimerman izazvao je burnu kontroverzu prilikom ...........
  http://www.glassrbije.org/info/index.php?option=com_content&view=article&id=4574:umesto-koncerta-odrao-govor-protiv-amerike&catid=43:oko-nas&Itemid=58 - http://www.glassrbije.org/info/index.php?option=com_content&view=article&id=4574:umesto-koncerta-odrao-govor-protiv-amerike&catid=43:oko-nas&Itemid=58


-------------
Daj više odmora jeziku nego rukama!


Постирано од: Wonderful_Life
Датум на внесување: 01.Мај.2009 во 21:16











Новиот американски претседател мораше прво да направи една работа: да се разликува од претходникот Буш

Сто дена по преземањето на функцијата, американскиот претседател Барак Обама конечно го комплетира својот владин кабинет. Сенатот го одобри именувањето на Кетлин Сибелијас за министер за здравство. Таа беше гувернер на сојузната држава Тексас.

Сибелијас треба да спроведе реформа на американскиот здравствен систем, што Обама го означи како една од своите најважни внатрешнополитички задачи. Првобитно за министер за здравство беше предвиден поранешниот сенатор Том Дешл, но тој ја повлече кандидатурата поради даночна афера. Инаку, и Сибелијас мораше дополнително да доплати данок.

По речиси три месеци на функцијата, вообичаено се прави првиот биланс. Очекувањата беа големи, бидејќи неговата изборна кампања разбуди надеж за нова ера.

Во првите сто дена од неговиот мандат беше лесно за Барак Обама. Имено, тој мораше прво да направи една работа: да се разликува од претходникот и од неговата политика. На национално ниво, анкетите за Џорџ Буш на крајот на неговиот мандат покажуваа историско ниска поддршка за еден американски претседател. И во меѓународни рамки се посакуваше американски претседател кој, пред се', не е Џорџ Буш. Барак Обама, кратко откако ја презеде функцијата, ги повлече вистинските потези: нареди затворање на затвореничкиот логор Гвантанамо на Куба, го забрани измачувањето, нареди повлекување на американските трупи од Ирак, на Русија и' подаде рака за дијалог и предложи конјунктурен пакет, кој предвидува инвестиции во образованието и во здравствениот систем и најави нова енергетска политика. Набројувањето би можело да продолжи без проблеми.

Опсегот на неговата агенда го одзема здивот. Мултитаскингот – односно истовремено правење многу работи – е еден од посебните таленти на Обама. Ова може со сигурност да се каже по првите сто дена на функцијата. Одвреме-навреме тој, сепак, покажува слабости. Така, на пример, колеблив е околу прашањето дали да се формира истражна комисија што треба да ги испитува недозволените методи на измачувања при испрашувањата од ЦИА за време на владата на Буш. Досега неуспешна е и натпартиската соработка со републиканците, најавувана на големи врати.

Се' на се', тој постојано е приземен и верен на своите убедувања. Во почетокот на мандатот, Барак Обама покажа дека и' е дораснат на задачата, и покрај младоста, во споредба со другите претседатели, и неговото неискуство во извршување политички функции. Тројца мртви пирати и спасен капетан на товарен брод сведочат за тоа дека Обама не е слабак, како што го претставуваа републиканците во изборната кампања. Исто така, под негово раководство се продолжи со целното ракетирање на пакистанска територија, на незадоволство на многу приврзаници на претседателот. Оттука е јасно: можеби Обама се поздравува со претседателот на Венецуела, Хуго Чавез, или на Иран му нуди разговори, кога станува збор за национална безбедност, но не се плаши ниту секунда да ја искористи воената моќ на САД.

Американските граѓани и натаму имаат доверба во Барак Обама. Според анкета на „Вашингтон пост“, речиси 60 проценти од испитаниците се задоволни од тоа како претседателот си ја врши работата. Доверба од граѓаните ужива и за односот кон финансиската криза. Сега 55 проценти оптимистички гледаат на економската иднина на земјата. Во февруари беа 48 проценти.

Во првите сто дена претседателот Обама го исполни ветувањето да води поинаква политика отколку својот претходник. Тоа што во повеќето случаи досега можеше само да ја навести промената лежи во природата на работите. Гвантанамо не може да биде затворен од денес до утре, тоа важи и за повлекувањето на војниците од Ирак, мировно решение за Блискиот Исток, реформа на здравствениот систем, закрепнување на стопанството. Сто дена влада – навидум се чини магичен датум, но за да се измери успехот или неуспехот на овој претседател, тоа е прекратко време. Дури по неколку месеци или години ќе се покаже дали Барак Обама го одбрал вистинскиот к*рс. Денес може само да се каже: почетокот ветува многу!       (Дојче веле)

-------------
Gospod gi sozdal zenskite,zasto imal smisla za ubavina, a maskite zasto imal smisla za humor


Постирано од: KING35
Датум на внесување: 01.Мај.2009 во 21:22
Svetot vise...otide vo propast

-------------
zivotot pisuva romani...a lugeto citaat stripovi


Постирано од: Wonderful_Life
Датум на внесување: 03.Мај.2009 во 14:42
Пекол на кралската прослава во Холандија








АПЕЛДУРН - Холанѓанец во четвртокот намерно влета со автомобил кон отворениот автобус, во кој се наоѓаа кралицата Беатрикс и нејзиното семејство, при што загинаа пет лица, а беа повредени 12 во толпата што ја следеше парадата. Возачот на автомобилот им подлегна на повредите. Карст Татес (38), Холанѓанец, беше критично повреден во својот обид за напад врз холандското кралско семејство и во текот на ноќта им подлегна на повредите во болницата. Црниот автомобил управуван од 38-годишниот Татес го промаши автобусот за четири-пет метри пред да се удри во споменикот во центарот на Апелдурн, околу 90 километри источно од Амстердам.

Во петокот изутрината обвинителството обелодени дека Татес им подлегнал на повредите во 2,58 часот. Тој веќе беше клинички мртов во четвртокот вечерта, бидејќи се здоби со сериозна повреда на мозокот, објавија холандските медиуми. Полицајците кои го испрашува Татес пред да ја загуби свеста посочија дека им кажал дека негова цел било кралското семејство. Неговите соседи во источниот град Хуисен изјавија дека работел во служба за обезбедување до пред неколку месеци, кога бил отпуштен. Тие го опишаа како мирен и осамен човек.








Полицијата наведе дека веруваат оти лицето, чие име не беше откриено, дејствувало само. Во возилото не беше пронајден експлозив. Четворица од повредените гледачи се во сериозна здравствена состојба. Тројца мажи и две жени им подлегнаа на повредите. Татес немал криминално досие ниту, пак, некакви ментални здравствени проблеми. „При претресот на домот на осомничениот не беше пронајдено оружје, експлозив или какви било индикации за поголем заговор“, открија од обвинителството. И покрај смртта на возачот, полициската истрага и понатаму ќе продолжи во обид да се утврдат мотивите за нападот.

Членовите на кралското семејство ужасено ги следеа случувањата кога малото „сузуки“ со голема брзина помина покрај нив, а популарната кралица изгледаше видно потресено подоцна, кога се појави на малите екрани по повод националниот празник Денот на кралицата. „Она што почна како прекрасен ден заврши во ужасна драма што длабоко не' потресе“, изјави Беатрикс (71) во краткото обраќање до нацијата. Таа ги откажа останатите свечености.

Принцезата Максима, сопруга на наследникот на тронот Вилем Александер, и другите деца на Беатрикс, исто така, беа во специјално дизајнираниот синобел автобус со отворен покрив што се движеше кон палатата во Апелдурн. Кралското семејство вообичаено излегува меѓу населението на Денот на кралицата, годишен празник кога граѓаните се облечени во националната портокалова боја. Холандските знамиња кои се виореа од зградите подоцна беа симнати на половина копје во знак на почит кон настраданите. „Холандија е потресена од овој ужасен настан“, изјави холандскиот премиер Јан Петер Балкененде.

Популарната кралица се сретна со добронамерници на улиците пред да се качи во автобусот за парадата. „Одненадеж слушнав силен удар“, изјави еден присутен. „Во почетокот помислив дека станува збор за избеган коњ... Видов како чевли летаат во воздухот и потоа го видов црниот автомобил со скршен прозорец“. Од телевизиските снимки во живо можеше да се забележи автомобил со уништена предница.

Денот на кралицата е прослава по повод роденденот на кралицата, а всушност е роденден на мајката на Беатрикс, Џулијана. Беатрикс е родена во јануари. Стотици полицајци беа ангажирани во големата безбедносна операција за која беа потребни месеци да се испланира. Меѓутоа, властите посочија дека во целост биле изненадени кога малиот црн автомобил ги минал безбедносните огради и се втурнал во толпата луѓе. (Ројтерс)

-------------
Gospod gi sozdal zenskite,zasto imal smisla za ubavina, a maskite zasto imal smisla za humor


Постирано од: mmomirovski
Датум на внесување: 03.Мај.2009 во 15:13
Новиот грип А (H1N1) досега одзеде 20 животи, а регистрирани се 787 заболени.

Според најновите податоци на Светската здравствена организација (СЗО) во жариштето на болеста Мексико се регистрирани 506 заболени и 19 починати. Во САД се регистрирани 160 заболени и едно починато лице.

Заболени досега се потврдени во Канада (85), Шпанија (20), велика Британија (15), Германија (6), Нов Зеланд (4), Израел (3) и по двајца заболени во Франција и во Италија.

По еден случај е регистриран во Ирска, Костарика, Швајцарија, Австрија, Хонг Конг, Данска, Холандија и Јужна Кореја.

Според агенциите кинеските власти затвориле педесетина здрави Мексиканци во карантин стравувајќи од ширење на новиот вирус. Мексиканците, кои во најголем број се деловни луѓе и биле во Кина како транзит, се задржани во хотелите и другите установи во неколку кинески области, меѓу кои е и Хонг Конг.

На другата страна на светот во Канада еден работник, кој се вратил од Мексико, ги заразил со новиот вирус свињите на фармата на која работи. Според канадските власти работникот закрепнува, исто како и животните.

Можноста животните да ја пренеле заразата на човекот е многу мала, изјави претставник на канадската агенција за инспекција на храната, а СЗО претходно нагласуваше дека нема доказ ото грипот од свињите преминува на луѓето и дека консумирањето свинско месо не претставува опасност


Постирано од: lane62
Датум на внесување: 04.Мај.2009 во 18:06
Godišnjica Titove smrti
http://www.novosti.rs/code/navigate.php?Id=4&status=jedna&vest=144601&title_add=Godišnjica%20Titove%20smrti - http://www.novosti.rs/code/navigate.php?Id=4&status=jedna&vest=144601&title_add=Godišnjica%20Titove%20smrti


-------------
Daj više odmora jeziku nego rukama!


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 04.Мај.2009 во 18:11
SLAVA MU не%20вреден

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: lane62
Датум на внесување: 04.Мај.2009 во 18:20
da mozese da voskresneмечтаење

-------------
Daj više odmora jeziku nego rukama!


Постирано од: Pacifist
Датум на внесување: 04.Мај.2009 во 22:16

stvarno li bill tolku jak politicar kako sto kazuvaat ili taka mu go pravat kefot ?????голема%20насмевка



-------------
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related


Постирано од: lane62
Датум на внесување: 04.Мај.2009 во 22:22

procitaj....ke vidis....ama bez predrasudiнека%20ти%20е%20срам



-------------
Daj više odmora jeziku nego rukama!


Постирано од: lane62
Датум на внесување: 05.Мај.2009 во 11:41

 45 ljuge zaginaa na svadba vo Turcija

http://www.glassrbije.org/ - http://www.glassrbije.org/


-------------
Daj više odmora jeziku nego rukama!


Постирано од: lane62
Датум на внесување: 05.Мај.2009 во 11:44

Kina naredila zvaničnicima da puše

http://www.blic.rs/svet.php?id=91055 - http://www.blic.rs/svet.php?id=91055


-------------
Daj više odmora jeziku nego rukama!


Постирано од: lane62
Датум на внесување: 08.Мај.2009 во 14:14

"Koha": Sejdiu nee pokanet na inauguracijata, pricina Tadić

 

 

"Koha": Sejdiu nije pozvan na inauguraciju, razlog Tadić

http://www.blic.rs/ - Блиц - Пре 2 сата и 52 минута
 
 
Listot "Koha ditore" ocenuva deka toa pretstavuva potcenuvanje na pretsedatelot na Kosovo".


-------------
Daj više odmora jeziku nego rukama!


Постирано од: Popi
Датум на внесување: 11.Мај.2009 во 12:44
...................


Постирано од: lane62
Датум на внесување: 14.Мај.2009 во 10:41
http://vesti.krstarica.com/?rubrika=svet&lang=2&sifra=560febb1e0608354b27299fa63bdb535&dan=14&mesec=05&godina=2009 - http://vesti.krstarica.com/?rubrika=svet&lang=2&sifra=560febb1e0608354b27299fa63bdb535&dan=14&mesec=05&godina=2009
 
 
ZAPOCNA SUDENJE NA BIVSIOT PRETSEDATEL NA IZRAEL
 
optuzen za siluvanjei seksualno zlostavuvanje

 

 


-------------
Daj više odmora jeziku nego rukama!


Постирано од: lane62
Датум на внесување: 15.Мај.2009 во 12:04
ne znaev za koja tema odgovara...moze i vo biznis...politika....crna hronika...seks.....crn humor....
 
Se obesil zzatoa sto ne mozel da vrati kredit od 1800 evra
KRAGUJEVAC - Radnici „Železnica Srbije“ pronašli su juče po podne u blizini Železničke stanice u Kragujevcu leš muškarca obešen o granu hrasta. U džepu pantalona policija je našla dokumenta koja glase na D. O. (53) iz sela Sugubina kod Kragujevca i oproštajno pismo. Noge muškarca dodirivale su zemlju i izgledalo je kao da čovek stoji naslonjen o drvo.

- Prolazio sam tim putem na posao. Video sam čoveka kao da stoji prislonjen uz drvo, ali izgledao je jako čudno. Pomislio sam da mu je možda pozlilo. Tek kad smo kolege i ja prišli bliže, videli smo da je mrtav - kaže jedan od radnika „Železnica“.

Naš sagovornik bio je vidno uznemiren i potresen scenom koju je zatekao. Odmah je obaveštena policija i mrtvozornik, koji je konstatovao smrt.

Policija je u džepu nesrećnog čoveka pronašla i radnu knjižicu, kao i oproštajno pismo u kome on objašnjava zašto je sebi prekratio život. U pismu D. O. je naveo da je, pored ostalog, imao presudu da vrati dug od 1.800 evra. Plašio se da zbog toga ne ostane bez traktora. U Sugubini D. O. je imao rodbinu, ali kako su rekli njegovi poznanici, nije se ženio.

Prema nezvaničnim informacijama, D. O. je navodno radio u gradskom „Vodovodu“. U personalnoj službi ovog preduzeća, nažalost, nisu mogli da potvrde taj podatak.
- Imamo kompletnu kompjutersku evidenciju radnika u poslednjih deset godina, ali ime čoveka koji se obesio nemamo - saopšteno nam je iz JKP „Vodovod i kanalizacija“.

Veći broj Kragujevčana, prolaznika i putnika koji su se zatekli na železničkoj stanici bili su svedoci potresnih scena. Niko nije ostao ravnodušan.


http://www.k*rir-info.rs/clanak/crna-hronika/k*rir-15-05-2009/obesio-se-zbog-presude - http://www.k*rir-info.rs/clanak/crna...e-zbog-presude


-------------
Daj više odmora jeziku nego rukama!


Постирано од: lane62
Датум на внесување: 15.Мај.2009 во 12:42
Ugo Čaves, predsednik Venecuele, odlučio je da stanovnicima te zemlje obezbedi možda najjeftiniji mobilni telefon na svetu, kao najnoviju tekovinu socijalističke revolucije.

Problem je, međutim, što je Čaves svoj „poklon” sugrađanima, koji će koštati svega 15 dolara, odlučio da nazove „vergatorio”, što je reč izvedena iz kolokvijalnog izraza za penis.
Predsednik je lansirao novi mobilni u svojoj nedeljnoj televizijskoj emisiji „Zdravo, predsedniče”, čestitajući Dan majki svojoj majci.
„Ovaj telefon će se prodavati kao alva ne samo u Venecueli već i u celom svetu”, naglasio je on. „Ko nema ’vergatorio’, nije niko i ništa”, našalio se Čaves.
Mobilni sa cenom od 15 dolara ima fotoaparat, bežičnu vezu sa internetom, FM radio, MP3 i MP4 plejere za muziku i video. Reč „verga” u slengu označava penis, a „vergatorio” je tek skovana reč, koja označava nešto izvanredno, ali neminovno asocira na svoj koren.

-------------
Daj više odmora jeziku nego rukama!


Постирано од: brza
Датум на внесување: 15.Мај.2009 во 12:48
ushte eden glupak na chelo na nekoja drzava,...iako,....so tie karakteristiki telefonot e stvarno eftin.

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Popi
Датум на внесување: 19.Мај.2009 во 07:06
.....................


Постирано од: lane62
Датум на внесување: 26.Мај.2009 во 17:19

Meksikancite podigaat spomenik na prviot zabolen od svinskiot grip

Blic



-------------
Daj više odmora jeziku nego rukama!


Постирано од: lane62
Датум на внесување: 28.Мај.2009 во 14:28

Jordanski kral Abdulah II prerusen ja proveruval sostojbata vo bolnicite..........

"Prerušen u crnu galabiju i sa crveno-belom maramom na glavi, jordanski kralj Abdulah Drugi posetio je danas jednu bolnicu da bi se uverio u kvalitet zdravstvenih usluga. "

http://www.blic.rs/svet.php?id=94566 - http://www.blic.rs/svet.php?id=94566


-------------
Daj više odmora jeziku nego rukama!


Постирано од: brza
Датум на внесување: 28.Мај.2009 во 14:57
hhmmm,..ova me potsetuva na edna prikazna.среќа


-tuku,..treba i ovdeshnive narodni "kralski" lajnari,...koga ke se razbolat...da se prerusaht vo ,..obchni,...i da go osetat kvalitetot na zivot  ....vo nivnoto kralstvo,...samo,..ova  duri,ni vo prikaznite ne bi ,.."odelo"


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: lane62
Датум на внесување: 29.Мај.2009 во 10:15
http://www.blic.rs/svet.php?id=94761">

Ostavka na tri clena na britanskiot parlament poradi skandalot 

okolu naplata na troskovi.... za "sitnici" vo nivnite domoviплазење

 
http://www.blic.rs/svet.php?id=94761
 
 


-------------
Daj više odmora jeziku nego rukama!


Постирано од: brza
Датум на внесување: 29.Мај.2009 во 10:37
ostavka?!,..shto li beshe toa?!,збунетост...domashnive odabrani goveda na takvi raboti se,..imuni!

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: lane62
Датум на внесување: 29.Мај.2009 во 11:15
ama zatoa mozat da se vadat...sekade e isto...i sekade se isti...намигнување...tie samo kopiraatтага

-------------
Daj više odmora jeziku nego rukama!


Постирано од: Popi
Датум на внесување: 29.Мај.2009 во 17:30
.....................


Постирано од: lane62
Датум на внесување: 29.Мај.2009 во 21:17
ne,ama zenskite da...super igrase mometo...sto mu faliзбунетост

-------------
Daj više odmora jeziku nego rukama!


Постирано од: Popi
Датум на внесување: 31.Мај.2009 во 12:59
................


Постирано од: Biba_G
Датум на внесување: 15.Јуни.2009 во 21:12
Шефовите на дипломатијата на Европската Унија, дадоа политичко "зелено светло" за укинување на визите во ЕУ до крајот на годинава за земјите од западен Балкан кои ќе ги исполнат нужните за тоа услови.

Чешкиот министер за надворешни работи Јan Kohut,чија што земја претседава со ЕУ до крајот на јуни,веднаш по состанокот, на конференцијата за новинари  изјавил дека министрите ја охрабриле Европската комисија да ги укине визите до крајот на годинава.

Препораката за ставање на "белата шенгенска листа" се однесува и на Македонија,Србија и Црна Гора, исто како што неодамна истото го изјавија европските повереници Olli Rehn i Jacques Barrot.

Европската унија, најверојатно уште во јули ќе предложи укинување на визите на неколку земји од западен Балкан.


(FENA)


-------------
Не е се’ така црно...Се наоѓа и по некоја плавуша


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 16.Јуни.2009 во 22:52
znaci , ne prelazaa so lizavce ... kako mali deca ... sega mu e majkata ... za referendum ... razbira se голема%20насмевка

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: nikolabitola
Датум на внесување: 19.Јуни.2009 во 17:39
Безвизен режим + смена на име = Безвезен режим


Постирано од: pcelka
Датум на внесување: 24.Јуни.2009 во 11:23
 
 
  http://www.uptiki.com/">
 
    Неда Солтани е името на девојката на чија смрт, на некој начин, присуствуваше целиот свет, бидејќи потресната видео-снимка од тој морничав настан практично веднаш отиде во етерот преку интернет. Иранските власти, плашејќи се од помасовни немири, забранија јавен погреб и комеморација, иако на тоа повикаа двајцата претседателски кандидати, Мирхосеин Мусави и Мехди Каруби. Како одговор на властите за попладнето беа закажани нови протести, а девојката била набрзина закопана на Бехест Зехра гробиштата. Видео-снимката на нејзината смрт и обидите на луѓето да ја спасат која го обиколи светот, ја претвори во хероина на судирот меѓу иранските власти и демонстрантите.

"Говореше дека сака демократија и слобода за граѓаните на Иран", рекол 37-годишниот фоторепортер Каспиан Макан. Тој за АП изјавил дека 27-годишната студентка по музика (оддел за пијано) ја запознал пред неколку месеци на патување надвор од земјата и имал намера да се венча со неа. Ја молел да не оди на протестите, но таа не сакала ни да чуе за тоа. Неда Солтани, во трагичниот момент стоела на страна со својот татко и ги гледала протестите на улиците на Техеран кои, од ден на ден, стануваат се покрвави. Тогаш ја покоси прецизен к*ршум на снајперист. Издивна за нецели две минути. Неда била пацифист. "Постои само една работа со која Иранците треба да се борат, а тоа е незнаењето. Против него не се бори со меч, туку треба да се запали светлото", велела таа.



-------------
секој нов ден, носи нова надеж...


Постирано од: Popi
Датум на внесување: 24.Јуни.2009 во 12:05
.....................


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 24.Јуни.2009 во 17:02
CRISES IN IRAN ...........
 
demonstrantite i DALje JADAT STAPOVI голема%20насмевка
a na ahmadinedjad ne mu sviri sto crniot se buni не%20знам
http://www.youtube.com/watch?v=GI64m7PURTU - http://www.youtube.com/watch?v=GI64m7PURTU


-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 16:32
kratko , jasno , GLASNO i BOMBASTICNO kazano deka nesto ne e vo red i ne im se dopadja голема%20насмевка
 
Најмалку седум луѓе загинаа во серија бомбашки напади во Ирак

Багдад, 25 јуни (МИА) - Најмалку седум лица меѓу кои пет полицајци и двајца цивили загинаа во денешните бомбашки напади во Ирак, еден ден откако 72 лица настрадаа во експлозија на бомба на пазарот во шиитскиот кварт Садр Сити, во североисточниот дел на Багдад, соопшти полицијата.

Ирачкиот потпретседател Тарек ал Хашим ги обвини бунтовниците дека со овие напади „сакаат да го одложат или да го спречат планираното повлекување на американските сили од ирачките урбани центри“.

Полицијата соопшти дека пет полицајци загинаа во Фалуџа, град западно од Ирак, кога возило во кое се наоѓале налетало на експлозивна направа.

Неколку часови подоцна, две лица загинале, а 30 се ранети во експлозија на бомба оставена на автобуска станица во јужниот дел на Багдад.

Истовремено, Армијата на САД соопшти дека во источниот дел на Багдад, девет американски војници се повредени во експлозија на две бомби.

Најнови бомбашки напади се случиле само неколку дена пред планираното повлекување на американски борбени сили од ирачките градови, врз основа на безбедносниот договор кој Багдат и Вашингтон потпишале минатата година.

Насилството во Ирак бележи пад во изминатата година, но екстремистите и понатаму организираат напади чија мета се американските сили, ирачката полиција и цивилите со цел  ги обноват верските судири и да го поткопаат авторитетот на Владата на премиерот Нуриј ал-Малики.

Аналитичарите оценуваат дека нападите ќе ги зголемат пред парламентарните избори, што треба да се одржат во јануари 2010 година.

Американската војска од Ирак би требало во целост да се повлече до 2012 година, во согласност со безбедносниот договор со ирачките власти.


-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 16:44
ama gadjaat amerive ... svaka cast ... ili svadbi ili pogrebni povorki .... sto vreme dojde , da mu e strav na covek i na pogreb da odi голема%20насмевка
 
 
 
 
Осумдесет лица убиени во американски воздушен напад во Пакистан

Исламабад, 24 јуни (МИА) - Осумдесет лица се убиени во нападот на американски беспилотен авион за време на погребна церемонија на командант на талибанците, изјавија двајца претставници на разузнавачките служби.

Претходно светските медиуми јавија дека во нападот загинале најмалку 45 талибански бунтовници.

Нападот беше извршен во момент кога Исламабад подготвува воена офанзива против лидерот на пакистанските талибанци Бејтула Мехсуд во Јужен Вазиристан.

Во мај армијата почна операција против сојузниците на Мехсуд во долината Сват, а сега целта е да биде елиминиран бунтовничкиот лидер.

Претставниците на разузнавањето изјавија дека талибанскиот лидер присуствувал на погребот и оти бунтовниците на кусо го загубиле контантот со него. Сепак, подоцна разузнавањето ја демантираше информацијата и нагласи дека Мехсуд ја напуштил церемонијата пред нападот.

Месхуд командува со околу 12 илјади бунтовници.
 
NADRAPALE onie so papucite i carsafite голема%20насмевка


-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: brza
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 17:01
Originally posted by miroslav_g8 miroslav_g8 напиша:

ama gadjaat amerive ... svaka cast ... ili svadbi ili pogrebni povorki .... sto vreme dojde , da mu e strav na covek i na pogreb da odi голема%20насмевка
 
 
 
 
Осумдесет лица убиени во американски воздушен напад во Пакистан

Исламабад, 24 јуни (МИА) - Осумдесет лица се убиени во нападот на американски беспилотен авион за време на погребна церемонија на командант на талибанците, изјавија двајца претставници на разузнавачките служби.

......................................................
....................................
 
NADRAPALE onie so papucite i carsafite голема%20насмевка
  da de joze,..pa, shto?збунетост,...da ne mislish deka "vrielo"d zeni i deca  vo povorkata?,...alal da im e za pogodokot,... изненадувањеаплауз





-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 26.Јуни.2009 во 04:30
http://www.idividi.com.mk/vesti/svet/536275/index.html - Мајкл Џексон вечерва почина



-------------


Постирано од: Popi
Датум на внесување: 27.Јуни.2009 во 06:03
....................


Постирано од: Popi
Датум на внесување: 27.Јуни.2009 во 15:27
.................


Постирано од: Popi
Датум на внесување: 27.Јуни.2009 во 18:10
Индија со гранати од прав од лути пиперчиња ќе растерува демонстранти
http://netpress.com.mk/vest.asp?id=58259&kategorija=6 - http://netpress.com.mk/vest.asp?id=58259&kategorija=6
 
Ha, koj reche deka i nie nemame oruzhje...ete kade mozheme da go upotrebime nashiot kapacitet. смеење големо%20гушкање
 
 


Постирано од: kumanovaboy
Датум на внесување: 30.Јуни.2009 во 21:31
se urnal uste eden avion deneska, 153 zaginati ima, a samo edno dete prezivea, nesrekata se slucila vo komorskite ostrovi


Постирано од: Popi
Датум на внесување: 01.Јули.2009 во 05:33
.....................


Постирано од: kumanovaboy
Датум на внесување: 01.Јули.2009 во 18:20
normaldo deka ke plakat amerikacite, taka e koga imas marioneta svetska sila, se sto ke kazeme nie taka ke bide, tie se nasi marioneti.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 01.Јули.2009 во 22:24
Hrvatskiot premier Senader si dade ostavka.

-------------


Постирано од: Polaris
Датум на внесување: 02.Јули.2009 во 17:42
Што знае дете што е Балкан
 
Кај холандските деца уште мали години се негува добро мислење за случувањата на нашиве простори, посебно околу односите меѓу Србите и Албанците, кои според нивните учебници во основа работите најдобро знаат да ги решаваат со колење.

Во учебниците за второ одделение по мајчин јазик има приказна за едно албанско момче на Косово на кое српските војници на градите со нож му врежуваат крст со четири С. Инаку, текстот започнува со тезата дека српските војници го окупирале Косово. Текстот е извадок од книгата "Жигосани," на проалбанската писателка од САД Алис Мед.

Информацијата за наставната програма стигнала во јавноста откако на еден од часовите се погодило да присуствува и ученичка со српско потекло, која одбила да одговара на прашањата во врска со лекцијата.

Ученичката за ова ја информирала мајка си, таа ја испаничила цела српска дијаспора, за целиот проблем да заврши во претставништвото на Српската православна црква во Холандија.

По ова Србите во Холандија испатиле протест до министерот за образование на земјата во кој бараат текстот да се отстрани од учебниците а сличното се очекува да го направи српската амбасада во земјата.
http://www.on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=D0A0769E6328594C88546B739BF732D7 - http://www.on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=D0A0769E6328594C88546B739BF732D7


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 02.Јули.2009 во 19:46
камо ние вака да протестиравме кога се работи за учебници намигнување

-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: Popi
Датум на внесување: 03.Јули.2009 во 05:54
.................


Постирано од: Popi
Датум на внесување: 03.Јули.2009 во 06:11
.......................


Постирано од: Popi
Датум на внесување: 04.Јули.2009 во 12:55
...................


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 04.Јули.2009 во 13:20

Sanader kako nasiot Ivica ... naseti deka brodot tone pa pobrza da se spasi голема%20насмевка



-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: Popi
Датум на внесување: 04.Јули.2009 во 13:34
Србија и Грција потпишале договор вреден 6.1 милиони евра
 

"Србија и Грција денес потпишале договор за реализација на првата фаза од проектот “Научно истражувачка и образовна компјутерска мрежа на југоисточна Европа” (СЕЕЛИГТХ) со која научните и образовните институции на Србија ќе се поврзуваат со академската мрежа на Европа."

"Матиќ истакнала дека проектот би требало да биде завршен до 2011 година.
Во проектот учествуваат шест земји. Покрај Србија тука се и Македонија, Албанија, Бугарија, Црна Гора и Босна и Херцеговина."

"Заменикот министер за надворешни работи на Грција, Варвициотис кажал дека целиот проект вреди околу 20 милиони евра, од кои Грција ќе обезбеди 80 отсто, а остатокот на средства ќе го обезбедат земјите учеснички во проектот, пренесува “Бета”".
http://netpress.com.mk/vest.asp?id=58649&kategorija=5 - http://netpress.com.mk/vest.asp?id=58649&kategorija=5
 
Neshto ne mi shtima vo celiov ovoj "proekt". Dali ovie proektanti veke zboruvale so nash*te nadlezhni za vakov dogovor ili tie gi vkluchuvaat vo "zdelkava so sedishte vo Srbija"?  збунетост I drugo, shto li e motivacijata na Grcija da gi pokriva troshocite za eden vakov proekt, pa duri i so 80% od cenata?  збунетост  Znaejki ja Grcija po "gifts of trust" ne im se bash raduvam na ovie proekti. збунетост
 
 
 
 


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 04.Јули.2009 во 13:53

sram da im e .......... kako samo mozat da ne ne prasaat nas ......



-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 06.Јули.2009 во 14:05
e barav nasekade po internet da e najdam na MKD jazik medjutoa se uste e nema ...... se izvinuvam sto e na Hrvatski jazik тага
 

VIDEO: 140 mrtvih i preko 800 ranjenih u prosvjedima

Urumqi, 06.07.2009., 12:42 | B.V.

Najmanje 140 osoba je ubijeno te više od 800 ranjeno u neredima koji su zadesili zapadnu kinesku provinciju Xinjiang.

izvor : http://dnevnik.hr/vijesti/svijet/video-140-mrtvih-i-preko-800-ranjenih-u-prosvjedima.html - http://dnevnik.hr/vijesti/svijet/video-140-mrtvih-i-preko-800-ranjenih-u-prosvjedima.html



-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: Popi
Датум на внесување: 06.Јули.2009 во 14:43
..............


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 06.Јули.2009 во 20:19
sto vrska imaat evreite ,ujgurite i tibet ? .....  procita li sto pisuva ili samo se obiduvas so sarkazam da opravdas nesto koe koga bi se slucilo tuka kaj nas bi go osudila ?
 
"  vijesti o nedjeljnim etničkim nemirima u sjeverozapadnoj pokrajini Xinjiangu gdje žive brojni Ujguri muslimanske vjeroispovijedi " .......
 
 
 


-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 07.Јули.2009 во 09:27
svetot denes pozanimliv za uste edna informacija ..... za nekogo mozebi ne taka vazna medjutoa za onie koi razmisluvaat na " podolgi " stazi i te kako interesantna ..... od pricina sto amerite nekako sramezlivo najavuvaat deka domasniot esap na pazar ne im izleguva ..... ne prasuvam dali ova kje znaci i pravenje na nekoi otstapki od pricina sto SIGURNO kje se pravat i otstapki no i preispituvaat nekoi odluki na poranesnata amerikanska administracija a odluki koi se protivat so RUSKITE stavovi vo vrska so nekoi prasanja od ogromna VAZNOST za samata Rusija ......
 
Москва и Вашингтон склучија договор за транзит на оружје и војници преку Русија за Авганистан

Москва, 6 јули (МИА) - Русија и САД склучија договорза транзит на оружје, воена техника, воен имот и персонал преку руска територија за Авганистан, се наведува во соопштение од Белата куќа. 

САД сега ќе можат да го користат рускиот воздушен простор за транспорт на војници, оружје, муниција, единици и превозни средства, вклучувајќи и оклопни возила. Со тоа ќе можат да се заштедат 133 милиони долари годишно од гориво и други трошоци на американската Влада, што ќе и овозможи да заштеди драгоцено време при транспортирањето војници, оружје и воена техника.

Новите транзитни патишта се многу важни за САД бидејќи досегашните патишта за снабдување преку Пакистан се напаѓани од екстремисти.

Договорот е потпишан за рок од една година и со можност да биде продолжуван неограничен број пати со заемна согласност на двете страни. Тоа треба да биде ратификувано и од рускиот Парламент.


-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 08.Јули.2009 во 13:14

Напад врз Иран не треба да се презема

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=111116#komentari - Коментари (0)    
08.07.2009 08:53
 
 

Воен напад врз Иран, кој би имал за цел да ги запре нуклеарните амбиции на Техеран, е можност што не треба да се презема, изјави началникот на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД, адмирал Мајк Мaлeн.

Тој потенцира дека можноста за напад и натаму останува во игра, но дека е крајно вознемирен од она што би го преземал Иран доколку биде нападнат.

Според него, евентуален напад врз Иран би претставувал закана за целиот регион на Блискиот Исток.

Мален повика на внимателност, иако, како што нагласи, „часовникот отчукува“.

Првиот човек на американската армија рече дека очекува Иран да произведе атомска бомба за една до три години.

Мален одби да ја коментира изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, дадена во неделата, дека САД не би можеле да се мешаат, доколку Израел реши да ги нападне иранските нуклеарни постројки.

Коментирајќи ја изјавата на Бајден, американскиот претседател Барак Обама во интервју емитувано вчера на телевизијата Си-Ен-Ен изјави дека САД никогаш не му дале зелено светло на Израел за да го нападне Иран.

Обама истакна дека изјавата на Бајден само потврдува дека САД не можат да им диктираат на други држави како да се однесуваат во областа на безбедноста.

„Тоа е исто така се однесува и на политиката за решавање на проблемот со иранската нуклеарна програма“, рече Обама.

 
kratko kazano , od Rusija ne dobi poddrska za takva AVANTURA a i ne veruvam deka amerikancite kje rizikuvaat da na sebe go navlecat besot na site arapski drzavi pa i na onie koi dosega im se sojuznici ... prosto k'o pasulj .... tie na Iran , Iran na izrael i eto homogenizacija na arapite не%20знам 


-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 08.Јули.2009 во 13:17
a Ujgurite i ponataka jadat kjotek .... nikako bre na jadnive ameri da im trgne razbivanjeto na Kina i Iran kako sto eksperimentalniot model od 90 ' te narecen Jugoslavija im uspea ...... greoticki ... a tolku pari i  trud samo vlozuvaat .... c c c c c c c c c ............. kako ednas ne se zagrizija vaka kako sto se zagrizija za albancite na kosovo , ujgurite , " demokratskite dizenja " vo Iran , za k*rdite vo turcija ili palestincite na zapadniot pojas ? .............
 
 
 

Војската влезе во Урумчи - Ујгурите протестираат

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=111117#komentari - Коментари (0)    
08.07.2009 08:55
 
 

Околу 200 Ујгури со мотики, железни стапови и камења се собраа денеска во еден муслимански кварт во Урумчи, главниот град на автономната област Синџијанг во северозападна Кина.

Тие протестираат поради нападот врз нив од страна на етничката група Хан, пренесуваат очевидци.

Ова е четврти ден од тешките мултиетнички нереди во главниот град на таа област во кои што се судрија Ујгурите, мнозинско муслиманско население во таа област и Хан Кинезите.

Во неделата кога избија судирите меѓу двете етнички групи, загинале 156 лица, а над илјада се ранети, според официјални извори.

Наспроти Ујгурите, кои се опремени со импровизирано оружје поставен е полициски кордон, кој што ги одвојува од квартовите во градот каде што живеат Хан Кинези.

Хан Кинезите вчера масовно излегоа на улиците во Урумчи вооружени со стапови, лопати и мечови за да го изразат бесот поради нападите на Ујгурите, но полицијата успеа да спречи судири на двете страни.

Воведен полициски час во Урумчи

Кинеските власти синоќа воведоа полициски час во Урумчи, главниот град на автономниот регион Синџинг Ујгур, откако во тридневните мултиетнички судири загинаа најмалку 156 луѓе, а повеќе од илјада се повредени.

Стотина припадници на мнозинското кинески народ Хан вчера вооружени со ножеви, сатари и со дрвени и метални стапови ги кршеа продавниците на Ујгурите, муслиманско малцинство. Инцидентот се случи откако Ујгурите ги нападнаа полициските пунктови во Урумчи во знак на протест поради апсењето на повеќе од 1.400 демонстранти.

Ујгурите незадоволни со својот статус во неделата почнаа да протестираат, а непосреден повод беше реакцијата на властите во јунските судири меѓу припадниците на мнозинскиот народ Хан и Ујгурите во Шаогуан, при што се убиени двајца Ујгури.

Ујгурите се етничка група со муслиманска вероисповед, која е речиси половина од вкупно 20-милионското население на регион Синџинг Ујгур. Тие бара повеќе да учествува во економскиот и политичкиот живот на покраината, како и поголеми политички и верски слободи.

Официјален Пекинг тврди дека немирите се дело на сепаратистичките групи од странство кои сакаат независна држава за ујгурското малцинство.



-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: Polaris
Датум на внесување: 12.Јули.2009 во 16:38
Во Анкара ќе се потпише проектот Набуко
Со овој договор ќе се намали гасната зависност од Русија за Европа
 
По тој повод денес во Турција ќе допатуваат претставниците на земјите потписнички на договорот. Домаќин на свечениот чин на потпишување на меѓувладиниот договор е Анкара. Заедно со Турција претставниците на четири земји низ кои ќе помине гасоводот ќе го потпишат договорот. На тој начин ќе се фрли првиот и најзначаен чекор за остварување на договорот. На свеченото потпишување на меѓувладиниот договор во Анкара ќе учествуваат претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо, грузискиот претседател Михаил Саакашвили, четири премиери и девет министри. Унгарија, Австрија, Романија и Бугарија заедно со Турција на чинот на свеченото потпишување на договорот ќе бидат застапени на ниво на премиери. По потпишувањето на договорот, во рамките на меѓувладиниот договор, претставниците на компаниите кои го сочинуваат Набуко се предвидува во рок од шест месеци да потпишат посебни договори со земјите учеснички. На чинот на свеченото потпишување на договорот беа поканети Русија и Ирак, но овие земји нема да учествуваат на манифестацијата. Иран не беше поканет на свеченото потпишување на договорот во Анкара. Проектот Набуко беше развиен со цел да се диверсифицираат новите извори на гас за потребите на Европа. Целта на проектот е гасот на Азербејџан, Каспискиот басен и Блискиот Исток да се пренесува во Европа. На тој начин ќе се намали гасната зависност од Русија и ќе се обезбеди разноликост во понудувачката. Со таа цел во 2004 година во Австрија беше формирана компанија од пет партнери. Австрија, Унгарија, Романија, Бугарија, Германија и Турција имаат еднакви удели во проектот. Уделот на секоја земја во проектот изнесува 16.67 отсто. Остварувањето на проектот ќе чини 7.9 милијарди Евра. Изградбата на проектот ќе започне идната година.
http://www.trtmacedonian.com/international/newsDetail.aspx?HaberKodu=67c82ae3-21d2-4d9e-8898-01b5f9943305 - http://www.trtmacedonian.com/international/newsDetail.aspx?HaberKodu=67c82ae3-21d2-4d9e-8898-01b5f9943305


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 13.Јули.2009 во 09:14
Кога Талибанците гранатираа одредени стари споменици во некои карпи или српскиот генерал нареди  гранатирање на Дубровник    Америка водеше во осудата за варварство. Сега кога тоа го прават нивните војници во име на демократија во недемокартија нешто молчат.
Американската војска го уништи Вавилон



Американските сили стационирани во Ирак, за време на воените операции предизвикале сериозна штета во еден од најважните археолошки објекти во светот - остатоците на Вавилон, тврдат експерти на ООН за образование, наука и за култура (УНЕСКО).
Во експертскиот извештај на УНЕСКО се посочува дека американските војници и работници ангажирани од нивна страна, меѓу остатоците од Вавилон ископале ровови долги и до неколку стотици метри.
Тие израмниле неколку ридови, а техничката машинерија што била користена за таа цел ги оштетила поплочените улици низ кои жителите на антички Вавилон ги изведувале верските церемонии, се посочува во документот.
Поради ова УНЕСКО најави дека ќе го вклучи Вавилон на листата на објекти од светското културно наследство, со цел да се избегнат слични оштетување во иднина.
Вавилон бил изграден пред повеќе од 4.000 години, а во него се наоѓа и едно од седумте светски чуда на антиката - Висечките градини на Семирамида.
Остатоците од градот се наоѓаат на околу 90 километри јужно од Багдад, а во нивна непосредна близина американските сили во 2003 година го подигнаа воениот камп „Алфа”.




-------------


Постирано од: Polaris
Датум на внесување: 13.Јули.2009 во 12:57

Набуко“ претставува историски момент за енергетската безбедност во Европа

Европа се обезбеди со енергија

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека потпишувањето на Меѓувладиниот договор за соработка во областа на испораката на природен гас преку гасоводот „Набуко“ претставува историски момент за енергетската безбедност во Европа.

Тој на отворањето на свеченоста по повод потпишувањето на договорот нагласи дека проектот „Набуко“ е важен за пријателството и мирот.

„Проектот „Набуко“ покажува дека Турција треба да стане членка на ЕУ поради снабдувањето со енергетски ресурси“, истакна турскиот премиер.

Истовремено, Ердоган нагласи дека Турција би сакала ирански гас да се испорачува преку гасоводот, изразувајќи надеж дека со тек на времето преку него ќе се транспортира и руски гас.

Договорот е потпишан меѓу претставници на Бугарија, Романија, Австрија, Унгарија и Турција.

Специјалниот пратеник на САД за енергетските прашања во Евроазија, Ричард Морнингстар, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и еврокомесарот за енергетика Андрис Пиебалгс, исто така, присуствуваа на чинот на потпишувањето.

„САД не се противат Русија да се вклучат во проектот Набуко, но Иран не треба да учествува во него се додека не ги подобри односите со Западот“, истакна Морнингстар, додавајќи дека САД се обидуваат да ја ангажираат Русија во енергетските прашања.

Русија, според него, во проектот може да учествува или како клиент или како снабдувач на гас.

Проектот „Набуко“ предвидува да се изгради гасовод за пренос на природен гас од Централна Азија кон ЕУ, преку Турција и Југоисточна Европа. Обемот на транспортираниот гас се предвидува да изнесува 31 милијарда кубни метри годишно.

„Тајмс“: Гасоводот Набуко“ го елиминира монополот на „Гаспром“

Новиот европски гасовод „Набуко“ го елиминира монополот на рускиот „Гаспром“ во снабдувањето на Европа со гас, пишува „Тајмс“, поздравувајќи го потпишувањето на договорот за неговата изградба меѓу Турција, преку чија територија ќе минува и ЕУ.

Гасоводот како што јави дописникот на МИА од Лондон, се смета дека е еден од најамбициозните проекти на Европската Унија. Преку него од наоѓалиштата во Азербејџан, во Каспиското море и на Блискиот Исток до европските корисници ќе се префрлаат 31 милијарда кубни метри. Гасоводот ќе минува низ Бугарија, Романија, Унгарија и Австрија.

Сега Русија обезбедува околу 35 отсто од европските потреби, па лондонскиот весник смета дека најважното во овој проект е што „Набуко“ ги заобиколува руската и украинската територија. Тоа значи дека нема повеќе да се случува, среде зима, како што тоа беше годинава, Русија да го затвори протокот на својот гас за луѓето во Европа, затоа што е во кавга со Украина, забележува овој весник.

Според „Тајмс“, политичарите и стратезите во Москва, како во времето на комунизмот, така и во услови на авторитативната власт на Владимир Путин, размислуваат на посебен свој начин, така што секоја погодност за руските соседи, се смета како непогода за Русија. Затоа на Европа и е тешко да воспостави поволен однос со Москва, кога станува збир за снабдувањето со енергетски суровини, па во такви услови изградбата на нафтовод кој ја заобиколува Русија, е толку многу атрактивен проект, заклучува лондонскиот весник.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111361 - http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111361 http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111361 -


Постирано од: lane62
Датум на внесување: 13.Јули.2009 во 13:36
Originally posted by Polaris Polaris напиша:

Во Анкара ќе се потпише проектот Набуко
Со овој договор ќе се намали гасната зависност од Русија за Европа
 
По тој повод денес во Турција ќе допатуваат претставниците на земјите потписнички на договорот. Домаќин на свечениот чин на потпишување на меѓувладиниот договор е Анкара. Заедно со Турција претставниците на четири земји низ кои ќе помине гасоводот ќе го потпишат договорот. На тој начин ќе се фрли првиот и најзначаен чекор за остварување на договорот. На свеченото потпишување на меѓувладиниот договор во Анкара ќе учествуваат претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо, грузискиот претседател Михаил Саакашвили, четири премиери и девет министри. Унгарија, Австрија, Романија и Бугарија заедно со Турција на чинот на свеченото потпишување на договорот ќе бидат застапени на ниво на премиери. По потпишувањето на договорот, во рамките на меѓувладиниот договор, претставниците на компаниите кои го сочинуваат Набуко се предвидува во рок од шест месеци да потпишат посебни договори со земјите учеснички. На чинот на свеченото потпишување на договорот беа поканети Русија и Ирак, но овие земји нема да учествуваат на манифестацијата. Иран не беше поканет на свеченото потпишување на договорот во Анкара. Проектот Набуко беше развиен со цел да се диверсифицираат новите извори на гас за потребите на Европа. Целта на проектот е гасот на Азербејџан, Каспискиот басен и Блискиот Исток да се пренесува во Европа. На тој начин ќе се намали гасната зависност од Русија и ќе се обезбеди разноликост во понудувачката. Со таа цел во 2004 година во Австрија беше формирана компанија од пет партнери. Австрија, Унгарија, Романија, Бугарија, Германија и Турција имаат еднакви удели во проектот. Уделот на секоја земја во проектот изнесува 16.67 отсто. Остварувањето на проектот ќе чини 7.9 милијарди Евра. Изградбата на проектот ќе започне идната година.
http://www.trtmacedonian.com/international/newsDetail.aspx?HaberKodu=67c82ae3-21d2-4d9e-8898-01b5f9943305 - http://www.trtmacedonian.com/international/newsDetail.aspx?HaberKodu=67c82ae3-21d2-4d9e-8898-01b5f9943305
 
ni na ovaa mapa ne nema...


-------------
Daj više odmora jeziku nego rukama!


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 20.Јули.2009 во 09:10
Во социјализмот привидно сите земаа иста плата- оди ли ова кон распадзбунетост
http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=902&ArticleID=35321 - - Сите европратеници со исти плати


-------------


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 20.Јули.2009 во 10:45
kon edno odi .......komunizam смеење

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 27.Јули.2009 во 08:30
Пред господ сме сите истинамигнување Болестите одат и кај богатите, само да има оздравување.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=ADEB32AC5F82884D99A6AE360CEF16CF - Никола Саркози во болница


-------------


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 27.Јули.2009 во 20:20
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Пред господ сме сите истинамигнување Болестите одат и кај богатите, само да има оздравување.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=ADEB32AC5F82884D99A6AE360CEF16CF - Никола Саркози во болница
ја се молам за обратното, не ми е гајле што и тој е човек


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 29.Јули.2009 во 08:22
I dodeka svetot go trese ekonomska kriza nekoj se zanimava i so drugi vesti.
http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=910&ArticleID=35569 - - Мајката на Обама на еротски фотографии


-------------


Постирано од: LSFC
Датум на внесување: 30.Јули.2009 во 09:51
http://www.dnes.bg//ako%20shtete%20-%20vqrvaite/2009/07/30/chetirinoga-radost-sytvoriha-sekskukli-za-kucheta.75219 - http://www.dnes.bg//ako%20shtete%20-%20vqrvaite/2009/07/30/chetirinoga-radost-sytvoriha-sekskukli-za-kucheta.75219
Светот е полуделголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка


Постирано од: Polaris
Датум на внесување: 01.Август.2009 во 17:10
Турски командоси уапсија седум пирати во Сомалија
 

Турски воено-поморски командоси, кои учествуваат во мисијата на НАТО за борба против пиратството покрај бреговите на Сомалија, уапсија денеска седум пирати.

Пиратите, како што соопшти турската армија, се уапсени во моментот кога се обидувале да киднапираат чамец во Аденскиот залив.

Турските командоси минатата недела со помош на хеликоптер уапсија пет пирати во Аденскиот залив, кои се подготвувале да нападнат брод.

Турција испрати два воени брода во меѓународната мисија во Аденскиот залив.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112130 - http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112130


-------------
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 04.Август.2009 во 13:59

Во 2050 Полска и Турција ќе војуваат со САД





 

Новите држави-џинови Фридман ги анализира од аспект на нивната геополитичка, демографска, етничка и социоекономска ранливост, кои, во наредната декада, со мала американска стимулација, ќе се претвораат во конкретни безбедносни проблеми. Како последица на таквите дејства, Фридман тврди дека кинескиот „змеј“ и руската „мечка“ целосно ќе колабираат до 2020 година, оставајќи зад себе хаотична евроазиска празнина

 
 
%20  

Џорџ Фридман не претендира на титулата пророк од рангот на Нострадамус, но бидејќи важи за еден од најрелевантните светски аналитичари кој своите студии, извештаи, анализи ги прави врз основа на огромен број податоци, неговите визии за идните настани што ќе го обликуваат светот се релевантно четиво за оние кои се занимаваат со политика.

Основната теза на Фридман произлегува од фактот дека на светот на почетокот на 21 век му се случи светска криза со последици на разорен земјотрес кој ги пеплоса урнатините на градбите од претходниот век. Прашањето што ќе никне на тој простор за авторот е апсолвирано. Тој тврди дека САД и во наредните стотина години ќе останат водечка светска сила. Дури смета дека историски, 21-от век претставува вистински почеток на американската доминација со светот, а тековната светска криза ја третира како критична точка која го означува крајот на т.н европска ера.

Основната геополитичка причина за тоа е местоположбата на САД - нејзината распространетост на Атлантскиот и Тихиот океан како и без конк*ренција најголемата морнарица која на државата и овозможува целосна контрола на водните трговски патишта. Фридман во тој поглед прави историска паралела со Велика Британија од 19 век, која својата надмоќ ја има опеано во славната „Британија владее со брановите“. Како и секоја голема држава, и Америка е осудена на џомбасти периоди, на подеми и падови, победи и порази. Но, според Фридман, САД се уште е толку технолошки и воено надмоќна, што 21 век може такаречи да го извози релативно спокојно. Интересно, тој, за разлика од многумина светски аналитичари, во Русија, Кина и Индија не гледа конк*ренти за американскиот примат во светот. Напротив, овие држави џинови ги анализира од аспект на нивната геополитичка, демографска, етничка и социоекономска ранливост, кои, во наредната декада, со мала американска стимулација, ќе се претвораат во конкретни безбедносни проблеми. Како последица на таквите дејства, Фридман тврди дека кинескиот „змеј“ и руската „мечка“ целосно ќе колабираат до 2020 година, оставајќи зад себе хаотична евроазиска празнина.

Тоа, вели, во крајна линија била долгорочна стратегиска цел на Вашингтон, но предвидува дека големите главоболки за Америка ќе настанат дури во втората половина од веков, кога ќе се појават новите регионални велесили од кои таа ќе мора да го брани својот лидерски примат. САД ќе војува во 2050 година со три, денес релативно безопасни држави и верни сојузници на САД, Полска, Турција и Јапонија. За крајот на векот, во 2080 година, Фридман го гледа судирот меѓу САД и Мексико.

21 век - нов драматуршки заплет

За да ни биде веројатно, а и полесни за сфаќање неговите слики за иднината на светските односи и настани, тој не повикува на својот времеплов, на една тура крстосување по 20 век со почетна станица во 1900 година. Тогаш, Британија владееше со светот, луѓето во Европа беа задоволни, живееја во мир, немаше на повидок настани кои би упатувале на светски војни. Но, веќе во 1920, по две регионални (Балкански) и една светска војна, гледаме сосема друг свет во кој ги нема повеќе Австроунгарската, Отоманската и Руската империја. САД и Јапонија, кои до Првата светска војна важеа како периферија на европската доминација, одеднаш пораснаа во големи сили. Германија, на која по поразот и беше наметнат суров диктат, не беше сметана за потенцијална моќна држава. Но, по нови дваесет години и една светска економска криза, Германија во 1940 година стана доминантна во Европа. Во истиот тој период и сталинова Русија од банкротирана империја, стана моќна држава. Во тој клинч, помеѓу два ривали и партнери, Велика Британија беше осамена империја во залез. Таа нужно, во предвечерието на Втората светска војна побара помош од САД. Победи во војната и загуби сé што беше. Дваесет години по големата победа над фашистичка Германија и Јапонија, Германија беше поделена, исто како и остатокот од Европа. САД и Русија изградија биполарен свет со кој тие доминираа. Нови 20 години подоцна, во 1980 година, САД како супер сила веќе го доживеа првиот пораз во Виетнам, но и во Иран од чии нафтени полиња беше исфрлена. Тоа ги натера Американците на промена на својата геостратешка игра. Се свртеа кон Кина и соработката со неа. Веќе по 20 години, во 2000 доаѓа до уште една драматична пресвртница во светските односи. Целосно пропаѓа СССР откако десет години пред тоа се обедини поделената Германија. Кина и натаму е комунистичка, но економијата и станува капиталистичка. НАТО напредува кон Источна Европа, до руските граници.

Како и сто години пред тоа, Фридман вели дека се мислело оти светот влегува во мирна и просперитетна фаза со еден господар на светот. Но, се случи 11 септември 2001 година и светот повторно се сврте на глава. Сега сме на почетокот на нов драматуршки заплет.

Полска-Русија пак

Според Фридман, во првата декада Европа стана периферна заедница на второстепени екс-империјални држави со ограничени човечки и енергетски ресурси. Политички, таа ни во наредните сто години нема да најде обединувачка формула и најверојатно ќе продолжи да глуми целина од четири региони. Атлантска, Централна, Источна и Скандинавска Европа вели Фридман е непосредната иднина на стариот континент. Ранливата и дезориентирана Европа и ранливата сконцентрирана и амбициозна Русија, според основачот на Стратфор, ќе бидат, така да се каже, потенцијална земјотресна зона или нешто како конфликтен Балкан со поголеми пропорции. Тој предвидува конфликти околу источните европски граници кои ќе ги решава логистички Вашингтон со помош на Полска на која ќе и трансферира напредни технологии. Во неговите визии, стратегијата на САД останува горе-долу непроменета. Таа ќе продолжи со напорите да и ја одземе единствената геостратешка предност на Русија која е суштина на сите нејзини големи победи - од Наполеон до Хитлер. Се работи за длабочината на просторот која не успеа да ја совлада ниту еден од историските завојувачи. Затоа САД, преку проширувањето на НАТО, сакаше да стигне до сегашните руски граници.

Интересно е дека Фридман во наредните стотина години, не го гледа НАТО како богзнае колку ефикасен безбедносен чадор, зошто до 2050 година прогнозира конфликти помеѓу европските држави, сега членки на Унијата и НАТО. Ова, доколку се покаже како точно, ги прави историски нерелевантни стратегиските „агенди“ на македонските „политичари“.

За некои четириесетина години од сега, светот го очекува раѓањето на нова европска регионална сила. Фридман вели дека тоа нема да биде обединетата и економски потентна Германија, уште помаку Франција или уморната Велика Британија, ами Полска. Зошто Полска и од каде токму земјата која од 16 век се нема спастрено од завојувачи, окупации, делби? Подемот на Полска, во историска смисла, ќе го овозможи САД, на која и треба сојузник во борбата за потиснување на Русија. Фридман вели дека Полска ги исполнува сите геополитички услови за таков растеж. САД имаат стратегија да ја дефокусираат Русија од големата игра за доминација со светот и да ја трошат нејзината енергија на мали битки и тоа на европски и азиски терен. Како коска за глодање ги гледаат Балтичките држави, односно, судирот на Русија со североисточна Европа. Полска, која е историски приклештена од Германија и Русија, а без природна одбрана, би реагирала на секој обид на Москва да го врати влијанието на Балтикот, што се очекува да се случи на половината од наредната декада, значи, некаде околу 2015 година. Со оглед дека НАТО механизмот е кабест и комплициран, Фридман вели дека ќе биде поефикасно ако Полска ја заврши работата самостојно, без да чека консензус од членките како Германија и Франција кои ќе сакаат да избегнат конфронтација со Русија (историските реминесценции од Втората светска војна се силна алатка за правење паралели).

До 2020 Русија пред воен колапс

По идентичен модел, на теренот на Азија, во приближно истиот период ќе стасаат другите две регионални велесили. Се работи за Јапонија на Пацификот и Турција која, според Фридман, единствена има таков капацитет на теренот на предна и средна Азија. Освен познатите геополитички предности на држава распослана на два континенти и не така дамнешно минато на голема империја која владеела со Медитеранот, таа има огромна економија (сега е 17-та по големина) која страотно брзо расте и е муслиманска држава централно позиционирана во претежно муслимански регион, со извонредно обучена и ефикасна армија. Како таква е еден од најважните партнери и сојузници на САД во тој регион, а во наредните децении таа улога се очекува уште повеќе да порасне со помош на Вашингтон. Пред сé, зошто може да ги врши задачите на прва борбена линија за потребите на САД околу Кавказот, односно, јужните граници на Русија и Иран.

%20Иако стратегиска цел на САД во наредните декади на 21 век ќе биде да ја елиминира компактноста на кинеската држава до нејзина фрагментација и да ја намали длабочината на рускиот простор, таа нема во план да предизвика големи светски војни. Затоа, вели Фридман, ќе се сконцентрира на она што и досега успешно го правеше - да креира услови за локални земјотреси на оние линии каде се „тријат“ големите интереси, а воедно успешно да гради партнерски и пријателски односи со своите сегашни ривали. До 2015 година, според предвидувањата на Фридман, САД ќе бидат фокусирани на Русија и во зависност од настаните, тој дава две сценарија за интензитетот на меѓусебниот натпревар. Доколку сегашниот подем на Русија заврши со доминација со централно азиските држави, Кавказот и апсорбирањето на Молдавија, а без балтичките држави, ќе се смета тоа за мала криза во меѓусебните односи, со благ вкус на студена војна. Но, сосема поинаков би бил американскиот одговор ако Русија успее да го апсорбира Балтикот и придобие доволен број сојузници на Балканот, како Србија, Бугарија и Грција или, централно европски држави како Словачка. Во таков случај, основачот на Стратфор, верува дека Русија ќе доживее воен колапс во 2020 година. Во втората половина од векот, по елиминација на руската и кинеската опасност, според Фридман, САД ќе почне да се соочува со новите регионални џинови кои помогнала да се издигнат.




Балканот пак ќе биде колатералка

Распадот на СФРЈ според Џорџ Фридман е одлична историска секвенца на неговиот сликовит времеплов. Тој тврди дека крвавите војни се директно предизвикани од крахот на Советскиот Сојуз и биполарниот свет. СФРЈ била политичка замисла на победниците во Втората светска војна, која се одржувала единствено како тампон-зона помеѓу две антагонизирани империјални сили. Како на Американец, потентен освојувач на светот со варварски светоглед, Балканот на Фридман му личи на „археолошка ископина на фосилизирани народи, остатоци на античките освојувања што сé уште висат на нивните славни идентитети“. Но, токму таа територија за Европа историски била важна транспортна точка. Вели, „несреќата е во тоа што секој освојувач зад себе оставал по еден народ и една религија, а секоја од овие оставини, меѓусебно се презирале до коска и заради таа омраза секој врз секого, во еден момент, извршиле злосторства од монументални пропорции, кои се врежани во колективната меморија како да се случиле вчера“. Балканот и во оваа анализа на Фридман останува на линијата на големите тектонски потреси во наредниот век, нормално, како колатералка.




Варвари со кратко помнење

Џорџ Фридман воочува дека надворешната политика на САД напати била детски неодговорна и варварска. Ама заклучува дека пубертетскиот хормонален период е неизбежен и за империи. Вели дека е бесполезно светот да чека САД да се извинуваат за направените грешки. Природата на империите е таква што тие не се сеќаваат на последиците што ги предизвикале на некој локален терен, врз некои локални народи. Во тој контекст, Фридман како пример ги дава балканските проекти на Клинтон и Буш - БиХ и Косово за кои вели дека се последица на моментални емоции и тотално ирелевантни за американските глобални и регионални интереси. Дури и поразот во војната со Виетнам и катастрофалната окупација на Ирак, Фридман ги оценува како епизоди без голема историска важност. Освен за Виетнамците и Ирачаните!




Стратфор - ЦИА во сенка

%20Институтот Стратфор е приватна разузнавачка агенција. Основач е Џорџ Фридман кој воедно е и Шеф на одделот за разузнавање. Седиштето и е во Остин, Тексас. Неофицијално за Стратфор се вели дека е ЦИА во сенка. Нејзините клиенти се јавно непознати, но се знае дека во нив спаѓаат 400 - те најголеми и најмоќни светски компании, држави, влади па дури и државни агенции и институции. Стратфор повремено излегува со свои анализи и проекции за одредени настани. Таква анализа за последиците од тековната економска криза беше објавена во јануари 2009 година и делови од неа ги објави „Нова Македонија“. Во процените за Македонија, предвидувањата на Стратфор се покажаа многу точни. Анализата предвидуваше дека Македонија во кризата ќе пројде далеку полесно од сите околни и од повеќе европски држави.

 
   
Автор: Мирка Велиновска                                                                                       
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8491041297&id=9&prilog=0&setIzdanie=21754 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8491041297&id=9&prilog=0&setIzdanie=21754


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk