IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 61>
Автор
Порака
OUST Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Јануари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6653
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај OUST Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 10:14
Фергусон: Далеку од пензија и се уште жалам по Јап Стам

Во големото интервју за "New Statesman" менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон говорел за политиката, спортот, сопствените амбиции и грешките.

Еве што изјавил можеби и најголемиот тренер на денешницата:

„Пензионирање, се уште не размислувам. Моментално имам 67 години. Со здравјето сум добар. Чувствувам дека и понатаму имам нерви за фудбалот и доволно енергија“, вели Ферги.

„Ја работам оваа работа веќе 22 години, но се уште се возбудувам кога ќе стигнам на тренинг игралиштето, или кога нашиот автобус ќе тргне на некое големо гостување. Ме радува и откривањето на новите играчи, како на пример двајцата бразилци кои сега ги имам, Рафаел и Фабио да Силва“, додава Сер Алекс.

Најдобар играч кој некогаш играл фудбал?

„Пеле, Ди Стефано, Марадона и Кројф“, наброи менаџерот на Ман. Јунајтед.

А најголем менаџер?

„За мене е Џок Стеин, а во Премиер лигата, Арсен Венгер, Дејвид Мојс и Мартин О'Нил“, вели Фергусон за своите лигашки противници.

Дрим-тим тимот на Манчестер Јунајтед за време на неговиот тренерски мандат:

„Имав среќа да работам со толку голем број генијални играчи што неможам да ги изберам најдобрите 11“, изјави шкотскиот стратег.

Најубавиот гол на Манчестер за неговиот тренерски мандат:

„Тој на Рајан Гигс во полуфиналето од ФА Купот 1999 година на „Вила Парк“. Тоа беше гол надвор од оваа планета“, пофално говореше Фергусон кон ветеранот Рајан Гигс.

Најголема грешка?

„Пуштањето на Јап Стам во Лацио. Без размислување, ова е за мене ужасна грешка“, вели Ферги.

Најголемо разочарување?

„Фактот дека не успеав да го ангажирам Пол Гаскоњ. Беше величенствен фудбалер и можеше да направи многу за Јунајтед“, додава Сер Алекс.

Пет титули оваа сезона?

„Не можеме да успееме во тоа. Важна работа во фудбалот е да бидеш најдобар, но подеднакво важно е да ве следи среќата. Можам само да кажам дека овој тим на Манчестер Јунајтед е најдобриот кој било кога сум го предводел“, изјави Фергусон.

„Во секој меч кој го играме се чувствувам сигурно. Во овој момент секој противнички напад се плаши од нашата одбрана, а секоја противничка одбрана од нашиот напад. Тоа ни влева самодоверба, но пет трофеи во иста сезона сепак е премногу да се бараат“, додава шкотскиот стратег на клупата на светскиот и европски клупски шампион.
Кон врв
OUST Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Јануари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6653
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај OUST Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 15:54
Ливерпул - Челзи трета година по ред во ЛШ

И трета година по ред, Ливерпул и Челзи еден против друг во завршницата од Лигата на шампионите. Нов англиски дерби дуел во 1/4-финалето на 8 април на „Енфилд“, кога Ливерпул ќе го пречека Челзи, во можеби најатрактивниот дуел од оваа фаза во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Минатата година во полуфиналето од Шампионската лига, Ливерпул и „сините“ двапати играа нерешено 1:1, за по изведување на пенали Челзи да се најде во финалниот дуел. Година претходно исто така во полуфиналето, Челзи загуби на пенали од „црвените“ откако двете средби ги добија двата тима со по 1:0.

Најмногу среќа на денешниот жреб имаше бранителот на титулата, Манчестер Јунајтед, чии желби се исполнија, па во оваа четвртфинална рунда за противник ќе го има Порто.

Виљареал за ривал во оваа рунда го доби Арсенал, додека Барселона, како најголем фаворит за титулата, ќе мора да си ги одмери силите со германскиот шампион Баерн Минхен.

1/4-финале ЛШ:
Виљареал - Арсенал
Манчестер Ј. - Порто
Ливерпул - Челзи
Барселона - Баерн Минхен

Првите четвртфинални натпревари ќе се одиграат на 7 и 8 април, додека возвратните се закажани за една недела подоцна.

Победникот од мечот Манчестер Јунајтед - Порто во полуфиналето ќе игра со подобриот од пресметката меѓу Виљареал и Арсенал, додека во второто полуфинале силите ќе ги одмерат победниците од натпреварите Барселона - Баерн и Ливерпул - Челзи.

Полуфиналните натпревари се закажани за 28/29 април и 5/6 мај, додека финалниот спектакл е резервиран за 27 мај на „Олимпико“ во Рим.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2009 во 16:22
Како совршено да се шутне пенал

Професорот по спортски науки од Ливерпул Тим Кејбл соопшти дека заедно со неговиот истражувачки тим дошле до клучните сознанија како совршено да се изведе пенал во фудбалот.

Според студијата на Тим Кејбл ,играчот треба да е оддалечен пет до шест чекори од топката, под агол од 20 до 30 степени и по шутот топката треба да оди со брзина од 104 км/час во еден од голманските агли оддалечени половина метар од стативата и исто толку од пречката.

Ваков шут според професорот за голманот би бил неодбранлив.

Мотивот за ова истражување на англискиот научник биле петте промашувања од шестте изведени пенали на неговата репрезентација на големите фудбалски натпреварувања.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2009 во 20:40
Фудбалерите на Шпанија гостуваат во Скопје

Неколкупати се најавуваше, а еве сега и потврда од врвот на ФФМ. Европскиот фудбалски првак Шпанија ќе гостува во Скопје и на 12 август ќе одигра пријателски натпревар со македонската репрезентација.

Претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџиристески постигнал конечен договор со првиот човек на шпанската фудбалска федерација Виљар, на „Маргините“ на конгресот на УЕФА во Копенхаген.

Со големиот спектакл, гостувањето на ѕвездениот состав на „Црвената фурија“ ќе почне прославата на јубилејот еден век фудбал во Македонија.

Свечено ќе биде пуштена во употреба и новата северна трибина на градскиот стадион во Скопје, која се уште се гради.



Европскиот шампион на „Градски“


Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2009 во 17:40
Роналдо со два гола му донесе бод на Коринтијанс

Со нови два гола, некогаш најдобриот фудбалер на светот Роналдо истакнува кандидатура за најубедливо враќање на фудбалските терени оваа година. Роналдо постигна два гола во ремито од 2:2 на Коринтијанс против Понте Прето во 16 коло од првенството на Паулиста.

Од враќањето на тревникот по низата тешки повреди Роналдо ги демантира сите злобници кои тврдеа дека повеќе нема да игра сериозен фудбал.

Во пет одиграни меча за Коринтијанс, Роналдо постигна четири гола, а пред неколку дена дури и најави дека се уште не ги ставил во заборав амбициите за играње во бразилската репрезентација.

Ако продолжи со ова темпо без оглед на вишокот килограми, Ил Феномено навистина би можел да го облече жолто зелениот дрес со број девет.

Пред 20.000 навивачи на стадионот во Сао Паоло, Роналдо со два гола му донесе бод на Коринтијанс, кој се наоѓа на второто место со 33 бода, четири зад водечкиот Палмеирас.

Првиот гол го постигна од пенал, за кој самиот се избори во 36 минута. Вториот го постигна во 57 минута за водство од 2:1.

Роналдо прими топка во казнениот простор на некои десетина метри од голот, се ослободи од одбранбениот играч и со прецизен удар го совлада противничкиот голман.


Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2009 во 12:19
Презакажано 23-то коло од Првата фудбалска лига
 
     
 
Поради вториот круг претседателски избори, комесарот за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија, Миле Спиркоски го презакажа одигрувањето на 23-то коло од Првата македонска фудбалска лига за в сабота 4 април со почеток во 16 часот.
 
 
 
 
 
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2009 во 12:21
УЕФА со обвинение против Победа Прилеп

Европската фудбалска асоцијација-УЕФА денеска на својата веб страница објави дека е покрената истрага против македонскиот фудбалски клуб Победа од Прилеп, нејзиниот претседател и еден нејзин играч.

УЕФА ги товари клубот, претседателот и играчот за кршење на принципите на интегритет и фер плеј во фудбалот манипулирајќи со исходот на натпревар организиран од УЕФА остварувајќи добивка незаконски за себе и за трета страна.

Под истрагата на УЕФА бил квалификацискиот натпревар за Лигата на шампиони помеѓу Победа и Пјуник од Еременија на 13 јули 2004 година.

Обвинението се базира на извештаи добиени од обложувачката индустрија за нерегуларни уплати и изјави на неколку сведоци.

Дисциплинската комисија за случајот ќе заседава на 17 април.
 
Веста е од пред два дена за тие што не се во тек.


Изменето од fiks - 28.Март.2009 во 12:22
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2009 во 12:25

Ова е соопштението  од МВР по повод обвинението против Прилепска Победа.

Не знам зошто толку многу време и требаше на УЕФА за да покрене обвинение,кога местењето на мечот беше јавна тајна во Македонија.
 
 
МВР ќе тргне во акција!!!

Според нашите информации, и МВР на РМ веќе побарала комплетни информации околу целиот случај.

"Го следиме случајот со пријавата од УЕФА. Ние ќе постапиме како и по секоја пријава. Ќе ги разгледаме сите информации околу какви било криминални дејствувања па и за конкретниот случај. Доколку се потврдат одредените индикации, во тој случај ќе следуваат соодветни кривични пријави за актерите во случајот", изјави вчера портпаролот на МВР, Иво Котевски.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 17:22
Несреќа на фудбалски натпревар во Абиџан

Најмалку 22-ца луѓе загинаа, а 150 се повредени при уривање на дел од ѕид на стадион за време на фудбалски натпревар во главниот град на Брегот на Слоновата Коска.

По уривањето на ѕидот настанала паника, се создало стампедо и газење на навивачите.

Полицијата се обидела да интервенира, но тоа ја влошило ситуацијата.

Натпреварот го следеле над 50.000 гледачи, поради што се стравува дека бројот на жртвите може да биде поголем.


Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2009 во 15:33
Реал нуди по 100 милиони евра за Роналдо и Кака

Реал Мадрид е на добар пат да ја сруши бариерата од 100 милиони евра, во обидите да ја придобие ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо и Бразилецот во Милан, Кака, пишуваат шпанските весници. Шпанскиот гигант е подготвен да испрати неверојатна понуда од 108 милиони евра до Јунајтед, сума со која сметаат дека ќе го разубедат Алекс Фергусон да се откаже од својот миленик.

Претседателскиот кандидат Флорентино Перез веќе го создава новиот "Галактико", тим кој треба да биде на европскиот врв во наредните 10 години. Секако во негов план е и покачување на платата на Португалецот со што смета дека лесно ќе ги договори неговите лични услови.

Во моментов Роналдо заработува 18,2 милиони евра во плати и бонуси, што го прави моментално четврти најплатен фудбалер на денешницата, зад Дејвид Бекам (32,4 мил.), Лионел Меси (28,6 мил.) и Роналдињо (19,6 мил.). Перез е подготвен да ја качи таа сума над 20 милиони.

Освен Роналдо цел на Реал е и бразилскиот волшебник од Милан, Кака, за кого Перез ќе достави 100 милиони. Секако сево ова ќе биде верификувано ако Перез се избори за претседателската фотелја на претстојните избори во јуни.

Дали се навистина вакви намерите на Перез и Реал Мадрид или, пак, се само предизборни ветувања, останува да се види во летниот преоден рок по завршувањето на претседателските избори кај "Кралевите".
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2009 во 08:14

Заспани "убавици" со полна мрежа

* Бевме аутсајдери, но не очекувавме ваков дебакл. Мртвило во играта на нашиот тим. Што е ова!?

Холандија - Македонија
Холандија

Стекеленбург
Ван дер Вил
Ојер
Матијсен
Ван Бронкхорст
Ван Бомел
Кајт
(81' Афелаи)
Де Јонг
Хунтелар
Шнајдер
(77' Ван дер Варт )
Робен
(46' Бабел )
Селектор: Берт ван Марвијк

Македонија
Пачовски
Новески
Попов
Седлоски
Митрески
Тасевски
(Мазнов 46')
Гроздановски
(Лазаревски 57')
Шумуликоски
Пандев
Наумоски
Трајанов
(Положани 64')
Селектор: Среќко Катанец

Стадион: "Амстердам арена", во Амстердам. Гледачи: 47.750
Главен судија:  Петер Расмунсен. Помошници: Сондерби и Вулф, (тројцата од Данска).
Делегат: Петр Фоушек (Чешка).

Ж.Картони: Положани (М)
Стрелци: Кајт 16', 41', Хунтелар 25', Ван дер Варт 84'

Играч на натпреварот: Дирк Кајт

Нека ни е на здравје. Како игравме добро и поминавме. Само 4:0!!! Тимот на Среќко Катанец не сме го виделе во полошо издание. Холандија синоќа на својата "Амстердам арена" н$ прегази во буквална смисла на зборот. Но не дека беа тие толку силни колку нашите фудбалери очајни во текот на сите, ама баш во текот на сите 90 минути. Без ниту една шанса за гол и со преубедливи 3:0 по првите 45 минути. Вистинска катастрофа. Од она што го видовме треба да се срамиме. Репрезентативците ни нанесоа тежок срам. Не е важен резултатот колку односот на теренот. Заспаните "убавици" на Катанец не се мрдаа на теренот, а во некои делови од играта како да не можеа да одат. Што се случи со овие исти фудбалери кои на стартот од квалификациите ветуваа многу повеќе, а еве сега на половина од циклусот докажуваат дека во нив не треба да се има надеж.

Портокаловиот пекол почна да ги јаде живи нашите фудбалери уште на стартот од средбата. Се играа 16 минути кога го примивме првиот гол. Премногу грешки како во одбраната така и на средината од теренот. Има ли Катанец очи! Што работи овој човек кој се гледа дека н$ води во пропаст. Точно дека "лалињата" се сила, но вака не се губи натпревар. Да не се покаже ништо за цел еден натпревар. Е тоа не може да се прости. Ништо не ни одеше како што треба, а ако домаќините продолжеа во ист ритам можеби ќе доживеевме и поголем дебакл.
А вака!? Ќе кажеме дека Холанѓаните ни приредија една класична и модерна лекција. Но лекција значи дека нешто од истата си научил. Тешко дека ние нешто вчера научивме. Нашите загубени фудбалери можат да се покријат извесно време и да не зборуваат многу. Немаат никакви оправдувања за ова што се случи тука, во Амстердам. Немаат!!!
Сепак, сега се поставува и второто прашање. Атмосферата!? Таа е нарушена по оној дуел Пандев - Катанец. Сега натпреварот заврши, а до следните има доволно време за расчистување на сметките. Мора да се расчистат сите сметки затоа што ако вака се продолжи може да следат нови катастрофи.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2010 (ЕВРОПА) - ГРУПА 9
РЕЗУЛТАТИ - 5. КОЛО
Холандија - Македонија 4:0 (3:0)
Шкотска - Исланд 2:1 (1:0)
ТАБЕЛА:
1. Холандија 5 5 0 0 12:1 15
2. Шкотска 5 2 1 2 4:6 7
3. Исланд 5 1 1 3 5:8 4
4. Македонија 4 1 0 3 2:7 3
5. Норвешка 3 0 2 1 2:3 2
СЛЕДНИ НАТПРЕВАРИ (6 јуни 2009)
Скопје: Македонија - Норвешка
Рејкјавик: Исланд - Холандија

Најтешкиот пораз со Катанец

Катанец продолжува да руши неславни рекорди. Поразот синоќа во Амстердам беше еден од најубедливите за нашиот национален тим. А е најубедлив откако на нашата клупа седи Среќко Катанец. Претходниот неславен резултат беше оној 3:0 со Русија во Москва. Еве сега "покер".

Ристиќ најскап гледач!!!

Стевица Ристиќ беше најскапиот гледач вчера во Амстердам. Тој мина долг пат. Дојде од Јужна Кореја за да не биде ниту во 18-те фудбалери во записникот. Па за што го викаше, зошто толку пат, зошто толку скапи билети? За ништо. Среќко нема контрола. Не знае што прави. А покрај Ристиќ синоќа селекторот предвреме се откажа уште и од Петров, Емини, Мојсов и Георгиевски.

Априли-ли-ли со Македонија

Македонија за мајтап. Така може да се коментира рекламата на еден од спонзорите на холандската федерација во брошурата за синоќешната средба. Таму напишани: Холансија - Македонија 0:8. Добро читате, но тоа е само дел од првоаприлската шега. Спонзорот претера. Шега ќе беше и да напишеше дека Холандија победила само со 1:0.

Минута молчење за жртвите

Квалификацискиот меч во Амстердам како и сите други кои вчера и денеска ќе се играат во рамките од квалификациите за пласман на СП 2010 година почнуваат со минута молчење. Им се оддава почит на трагично загинатите 22 навивачи во Африка кои загинаа при уривањето на трибината на квалификацискиот меч во Брегот на Слоновата Коска.

СТАТИСТИКА
6 корнери 2
16 прекршоци 14
12/10 удари/во 3/1
5 офсајди 1
/ ж.картони 1

Минута по минута...

6' - Кајт комбинира до Хунтелар, а овој "распали" од 17 метри, но за малку непрецизно и над голот.
13'  -Гроздановски на 7-8 метри од нашата мрежа правовремено ја избива топката во контра и пред брзиот Робен.
1:0 - 16' - Спие нашата одбрана, а Кајт тресе за 1:0 од 5 метри пред Пачовски и Попов, а претходно работата ја завршија Снајдер и Робен.
18' - Ван Бомел со силен удар речиси од мртов агол на 10 метри од голот, но овој пат Пачовски е на место.
20' - Робен како брз воз, но премногу се затвори, но шутира, а Пачовски со нова интервенција.
22' - Пандев во гол шанса на 12 метри лошо ја прими топката од Попов, но шутира млако и по средината и без опасност по сигурниот Стекеленбург.
2:0 - 24'  Хунтелар!!! Нов превид на одбраната, Митрески не го затвори Хунтелар, а овој со малку среќа при примањето на топката се најде во зицер и од 5 метри не греши.
3:0 - 41' Снајдер украде наша топка на средината од теренот со долга топка го вработи осамениот Кајт, кој сочека, се намести во подобра позиција и од 12 метри стрела во долниот лев агол.
52' - Бабел се пробива по левата страна и е во гол шанса,  Пачовски со крајни напори го брани неговиот удар, а Попов избива во корнер. По ударот од аголот закана со глава од Ојер при што топката оди над пречката.
76' - Пандев добро го пронаоѓа Наумоски, кој од 10 метри со глава упати удар за малку над голот.
80' - Ван Бомел со добар удар од 16 метри по средината на голот и во рацете на Пачовски.
4:0 - 84'  Ван Бронкхорст низ еден куп нозе го проигрува Ван дер Варт, а овој го измани Митрески и во паѓање успева да шутира и да ја смести топката во долниот лев агол на Пачовски.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2009 во 08:39
http://www.vest.com.mk/?ItemID=95F8A4D01556524C8578A0AC2C22EF89
Македонија - Катанец си заминува
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 10:18
Дали конечно и покрај сите шпекулации Кака ќе го напушти Милан и ќе се пресели во Мадрид?
 
Кака ќе ја носи бројката на Зидан

Најчитаното шпанско издание "Марка" продолжува да открива тајни од штабот на претседателскиот кандидат Флорентино Перез. Во неделата шпанските медиуми беа преплавени од информацијата дека Кака дал согласност за трансфер на Сантјаго Бернабеу, а синоќешното издание на "Марка" објави фотомонтажа од претставувањето на најдобриот фудбалер на светот за 2007 година.

Информациите говорат дека новиот кандидат за спортски директор на "кралевите", Зинедин Зидан, лично ќе му го предаде дресот со број "5", кој своевремено беше во негова сопственост, како награда за преселбата во Мадрид.

Како што се пишуваше Перез, наводно се сретнал со потпретседателот на Милан, Адријано Галијани, кој, пак, се согласил за 60 милионски трансфер на Кака за четиригодишна верност кон "кралевите". Со тоа се зголеми надежта на навивачите на шпанскиот фудбалски великан дека наскоро ќе ја видат својата прва трансфер ѕвезда на Сантјаго Бернабеу.

Адријано Галијани побрза да ги отфрли овие шпекулации со изјава за италијанските медиуми.

"Вистина е дека се сретнавме со Перез, но разговаравме за сосема друга работа, што значи дека не сме го спомнале Кака. Како и да е, ако посакаат да го купат Бразилецот, ќе треба да се обратат до мене, а не да изјавуваат се и сешто. Уште еднаш ќе повторам Кака не е за продажба и Перез нека се помири со тоа", изјави Галијани.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 17:24
Адријано го напушта фудбалот

Откако пред неколку дена не се знаеше каде воопшто се наоѓа фудбалерот на Интер Адријано, а бидејќи се воспостави дека е во Рио Де Жанеиро и дека е суспендиран од страна на "нероазурите" до крајот на сезоната, бразилските медиуми јавуваат дека центарфорот одлучил да ја прекине кариерата.

Како што пишуваат бразилските дневни весници Адријано на селекторот Дунга, откако овој го изостави од екипата за квалификацискиот меч против Перу, соопштил дека 'ќе ги закачи копачките на клин'. Колку вистина има во овие вести ќе се знае веќе следната недела кога би требало Адријано да се појави во Милано.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,265 секунди.