IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 138>
Автор
Порака
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2008 во 19:51
Vremeto odi
vo pravec veke poznat,
gledam vo oseka
sto od mene bega.
Veke se izmoriv
od nadezi pusti
i da odam e vreme
kade za zelbi nema mesto,
kolku ponekogas
da prestanam da mislam, sakam
i zaziveam kako insekt,
kolku ponekogas e tesko,
da se igra dur muzika sviri
site nasmeani,
a tebe ti se place.
Denes vaka
utre taka,
muckata me boli
od tolku mnogu grimasi
za ovoj vaka,
za onoj taka


Изменето од zbunet - 28.Април.2008 во 19:52
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2008 во 22:16
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

е ајде де и ја се чудам како сум го напишала изненадување


ајде, де, море, се чудела, ко да не знае дека финтата е во инспирацијата...мора да бил многу силен врутокот...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2008 во 22:16
големо%20гушкање
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2008 во 22:16
       КОАЛИЦИЈА


        Во една држава без море, но со многу прекари и едно крсно име кое создаваше кавги, што и до ушите на господ дојдоа, имаше еден град, Незнамкаденитузошто, над кој по цел ден се излежуваше мрзата, правејќи в сенка стручни и длабоки анализи на тема „Зошто вчера беше поубаво од денес“.
        Во тој град, живееше едне човек по име Тепај Време... Беше полн со идеи, ама никој не го разбираше, или, поточно, сите го разбираа, само никој не сакаше да се замара со прогнозерство и со предвидување на утрешниот и задутрешниот ден, туку сите си анализираа за тоа што било вчера... И тие што ништо не направија, и тие што немаа намера да направат нешто.
        На другиот крај од градот си живееше еден друг човек по име Шуплив Мозок. Беше толку шуплив што ништо во него не се задржуваше.
        Еден убав ден, во кој, за да не му ја расипат волшебната убавина, ниту штурците не штуреа, ниту водата во реката не течеше, точно на пладне, како што тоа од памтивек се случува на Дивиот Балкан, се сретнаа во центарот на градот овие две, дотогаш безначајни и од никого неспомнувани личности.
        И како што си е ред, кога нема по улиците ниту куче да испцуваш, едниот, оној што се сметаше за генијалец, ама несфатен, го праша другиот:
        - А, ти, пријателе, кај си тргнал, вака замислен?
        - Остај, - се поплака овој, замислениот, - Излегов утрово, ме пратија да купам нешто од продавница, ама ја истресов мислата по пат, па сега кружам како куче околу касапница и ја барам...
        - Сакаш да ја бараме заедно? - се понуди Тепај Време.
        - Е, да бараме, ама, искрено да ти кажам, не знам ни самиот што да бараме. Може да најдеме нешто што сум истресол вчера или завчера.
        - Ако, нема врска, тоа што не било вчера, може да биде утре! – одмудри Тепај Време, - Никогаш не знаеш кога ќе ти се најде при рака...
        - А, што тоа? – збунето погледна Шуплив Мозок во него.
        - Што и да било.... Кога ќе го најдеме тогаш ќе му ја мислиме. Знаеш, пријателе, јас не сум ти од оние што лежат. Јас везден сум во движење. Водата стои, јас не стојам. Само, никој не може да го види тоа... Сите во овој град се обземени со тоа што било вчера, никој не мисли на утре...
        - Блазе си ти, пријателе! Јас и кога ќе ми дадат нешто да сработам, заборавам што требало... – се пожали Шуплив Мозок, - Јас можам се да видам, се што ќе ми кажеш ќе видам, ама ако го носам во умот, веднаш ќе го истресам, а да не знам каде.
        - Супер! – кликна како птица избркана од музички фестивал, Тепај Време, - Мене баш таков партнер ми треба! Ако сакаш, можеме заедно да работиме. Важно е да го гледаша тоа што го зборувам. Другото е моја грижа.
        Тој убав ден во кој ниту штурците штуреа, ниту водата течеше, си подадоа рака Тепај Време и Шуплив Мозок и си плукнаа в дланки да го сменат тоа што никој не можеше да го смени, за интересите на сите што не ги сфаќаа.


ЌЕ ПРОДОЛЖИ...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2008 во 23:39
JAS I TI - KAKO VO WESTERN SHPAGETI
ODIME- KAKO KOSMOS SE SIRIME
PO LIVADA, KOJA LICI NA BALADA
TUKA E - JA PAZIME I GAZIME

KJE TE NOSAM, NIZ PESNA BOSA
ISTINATA  GOLA, SVE DELIME NA POLA
TAKA SE ZAPOCNUVA
LESNO ZAVSRUVA
TUKA SVE PAZIME I GAZIME

TI I JAS - SO ARMIJA NA SPAS
LETAME - CEL KOSMOS GO SAKAME
PO LIVADA, NEKADE VO BALADA
ZELENO, PISANO I SHKRTANO
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2008 во 09:08
Okolu mene
molnji i oblaci temni,
gi privlekuvam i od tebe odzemam
za sonce lice ti osvetli,
pogledni kako zongliram so niv,
pogledni kako tvoi crnila pod moi nokti dojdoa,
no e e strasno
ke se zamijam,
lesno e se
koga se saka taka da se bide.
Plamena topka megu dlanki tvoram
rani sto zatvora i procistuva
od moja dusa socineta
i ja prakam kon tebe
cekajki nasmevka
dur se osvetluvas,
od eksplozija
silna
od koja i sam se iznenaduvam,
od tolkava silna zelba
ramna na silata na nebeskite bitija
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2008 во 00:40
Со погледот те пратам иако далеку си од очиве мои. Секој чекор твој го подржувам со насмевка. Ти си моја прва и последна мисла во денот. Со тебе се будам, со тебе заспивам. Ти си ми се. Тој што сакам секогаш да е до мене. Ти си ми сонце кое ми го прави денот поубав. И дожд кој знае да ме натажи. Со тебе и ништото е се. Со тебе и небото без ѕвезди би ми било убаво,  а ноќта студена ќе биде како во јули. Ниеден збор ја нема таа моќ за да ти покажам колку ми значиш. А покрај тебе и без зборови останувам. Како сама низ толпа народ поминувам и само едно ми  е битно-да стигнам каде што ти ме чекаш. Зашто никој од толпата народ не може посреќна од тебе да ме направи. Не може како тебе да ме гушне.  Не може како тебе да ме насмее. Секогаш ќе те сакам малецко....

П.С. Звучам ко првооделенче ама бар сум искрена нели. тага


Изменето од blueprayer - 30.Април.2008 во 00:43
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2008 во 18:54
Колку ми се допаѓа тоа „Сочни, поцрнети девојки// продаваат преполовени лубеници“. Просто те збркуваат, не знаеш по штп попрво да посегнеш...
Убав лирски запис на еден топол спомен.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2008 во 19:19
Ne mi se luti dusice,
koga pred nepoznati luge
za gaz te fakam,
ne sisti niz zabi
koga nadvor
po cicki sal ti gledam,
me tera samo taka
oti mnogu te sakam,
a ne mozam da ne te sakam
pred svetot iako zacuden
deka da go drzam ne mozam
kako prdeska pred svet sto se stiska
za kulturen da se bidne.
A tolku e tesko potenten i kulturen
istovremeno da se bide,
koga te gledam
kolku si oficijalna
a od site niv
samo ja te imam videno gola
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2008 во 20:08
ОД ШУПЛО ВО ПРАЗНО

        Крај градот Незнамкаденитукога, течеше една река по име Побистраиодсолза.       
        Еден ден додека шетаа по нејзиниот тревнат брег, Тепај Време му предложи на Шуплив Мозок.
        - Рекава, пријателе, е полна со риби... Гледај како скокаат и се виткаат во воздухот. Да наполниме една торба за вечера, а? Со крчан шприцер ќе запливаат во мевот како летувалци на социјална плажа.
        А рибите, да му е повеќе и од милина на човек да ги гледа. Како натпреварувачки на светски шампионат во уметничко пливање скокаа од водата, правеа феноменален лак во воздухот, при што ќе украдеа со паринките во дел од мигот некој сончев зрак, и пак нурнуваа во топлата и бистра вода. На човек лиги да му појдат од желудникот додека ги гледа само.
        - Е, да фатиме, ама како, кога сме без прибор за ловење? – Праша Шуплив Мозок.
        - Шо ќе тие прибор за оваа река... Гледаш како скокаат рибите – саде ќе влезиме во реката, ќе ги рагрнеме маиците и тие една по една ќе ни скокаат внатре.- му одговори Тепај Време.
        - Море пријателе, колку длабоко ти црпи умот! - одвосхити Шушлив Мозок, - А, јас саде би ги гледал и на крај ум не би ми текнало да го сторам тоа...
        Загазија во водата. Кога дојдоа со средина на реката, или поточно, кога водата им дојде една педа над колена, ги разгрнаа маиците и застанаа да чекаат рибите да им скокаат во нив.
       Помина половина час, помина час, па час и половина, ама ниту една риба не не скона во некоја од двете маици.
        - Вака не бива! – заклучи мудро Тепај Време, - Излези на брегот и собери троа мамки.
        - Да! – прифати Шуплив Мозок, - - Кај се видело без мамка риба да уловиш?
        Без збор на протест, негодување или што било слично излезе на брегот да побара мамки . Се варти со радост на лицето и полна рака црви.
        Ги поделија црвите, ги кладоа во разгрнатите маици и пак чекаа.
        Чекаа половина час, чекаа час, па час и половина, ама рибите си скокаа по свое, неколку метри од нив, си уживкаа во акробатиката ( а можеби и им се потсвеваа поради нивната немоќ на тој начин – кој ќе ги знае тие глупави риби) и пак ниту една не влезе во раскрилените маици...
        - Знам што е работата! – му светна сијаличкта на Тепај Време кога излегоа и седнаа на брегот, провиснувајќи ги нозете во водата.
        - Што, пријателе? – Шуплив Мозок се стори уво, поголемо од самиот него.
        - Се плашат од нас! – заклучи Тепај Време.
        - И, што да направиме? Да се намачкаме со кал! – се досети Шуплив Мозок.
        - Не, ќе ископаме дупка во водата...Голема дупка... Тие не ќе можат да ја видат и , како која ќе скокне во неа, ќе пропаѓаат, а бидејќи е сува, не ќе можат да излезат... Просто како грав.
        Најдоа две стари тенџериња, едното со изедено дно, а другото изрешетано од к*ршумите на `рѓата. и почнаа да копаат: ќе заграбеа од водата па ќе ја лиснеа зад себа, пак ќе заграбеа, пак ја лискаа зад себе...
        Така половина час, така час, така час и половина...
        - Ќе ни требаат поголеми садови! – заклучи Тепај Време, - Ние тоа што ќе го ископаме, водата веднаш затрупува. Или, да работиме побрзо.
        И пак си плукнаа во дланките : заграби, лискај, заграби, лискај...
        На крајот, кога падна смрачката, со тага и разочарување во душите и злегоа на брегот.
        Беа двајца поразани генерали на крваво боиште. И токму кога со свиснати глави сакаа да го напуштат истото тоа боиште и секој да си замине во својот штаб на долга и исцрпна анализџаљ на битката,Шуплив Мозок радосно извика:
        - Пријателе, гледај, дупката сама се ископала! Ама не таму каде што ние ја копавме...
        - Навистина чудна работа! – се зачуди и Тепај Време, гледајќи со недоверба,како во миракл, во дупката. – Во овој град се е извртено.
        - Утре ќе дојдеме порано, и ќе ги собереме рибите! – предложи Шуплив Мозок, - Да не ни ги собере некој друг...
        Округла и голема како џиновски портокал, месечината нарцисоидно си го набљудуваше округлото лице во водата, троа погоре од местото каде што тие двајцата ја копаа дупката.

ЌЕ ПРОДОЛЖИ...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2008 во 22:53
Bidna dosadno,
bidna pospano,
na strana si stojam
kako koga Tito minese,
samo sto ne rakopleskam,
nitu se smeskam,
se e veke,
veke videno.
Redenik spustiv i toj stropa,
kundak vrz cizmi teski,
ne mi e vazno,
da soberam sila moram,
da se zamijam,
rakavica parafinska da razblazam,
a mi velat zavisen stanav
i deka dobro ne e
virtuelno da se zivee,
mislam deka konecno
ke se naspijam
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2008 во 00:13
        Се будам ја така рано сабајле мајка ми нешо дошла у соба и брчела музиката па да ја гасни......ме забележува а ја уште очи не сум отворил како и по обичај цигарата во уста.......ме глеа она така....со еден нејзин за мене непосакуван поглед и ми вели : е така синко само ти гој се со цигари.......е добро де шо да праам навика......јбг......добро тоа.....прва навреда за денешниот ден......идам ја у купатило да се средам.....излегувам го гледам стариот......ај добро утро директоре му викам....а и он ме погледна онака намуртено и ми вели......ма иди у пичку материн бре......ок втора навреда.......навикнат на тоа ја......таман се средувам све идам да искачам.......туп еве го брат ми пред очи.....шо прајш брат му викам.....шо ти бе па тебе гајле.......ок.....иако не му личи трета навреда.....јбг.....коа сите дома ќе ме навредат од сабајле знам дека денот ми е.......пуфка.....и ја одма мобилниот му се јавувам на еден другар.....шо прајш кај си воа ноа......ајде му викам излагај да ојме на кафе некаде.....нема проблема вика те чекам таму и таму и одиме......ај му викам одма тргнувам.....и се наоѓаме за брзо ........кај ќе ојме сеа??? ајде вика ваму одамна не сме биле......да видиме народ воа ноа.......а можда и некоја цура че се најдит.......е ајт му викам арно велиш......седнуваме ние така......порачуваме тоа кафето ни го носи тоа келнерот.......и како и обично почнуваме да разговараме за стратешки работи......политика ти реков ми рече......и таман да мениме тема........од позади ненадејно не жегна нешто ........ не шибна по тоа грбот .....коа се вртиме што ќе видиме.....Маја......ихихи.....кај си бе ти?? ај муа нуа све тоа поздрављане ајде и викаме повели седни правини друштво или ние тебе како било......не вика имам две гостинки дојдено ене ги на другата маса поканети сте дојдете ако сакате јас ипак дојдов да се поздравам.........а во ред ок од твоја страна срцка......таков ние муабетот......и она заминува таму на другата маса а ние сеа.......се договараме......шо да прајме.........се вртиме назад коа че видиме шо че видиме.......бомби........море какви бомби нагазни мини беа тоа........море му викам на овај......шо прајме бе сеа.......че ојме или не ојме.....знајш не чини да се одбива му викам покана од женско......посебно не ваква........види ти онаму.......море дечко да знајш че ојме таму......ајде зимај то цигарите и да се префрлиме.......и одиме таму......здраво јас сум......а таа јас сум.....мило ми е.....исто и мене.....и седнуваме.......они уште не порачале.....а ние џоа фраерчиња......може ли да ве почастиме нешто......кафенце сокче шо било????.......хм се двоумат тие....може може...викет......а и ти Маја и викаме исто и за тебе важи........а таа чепкало пак вика : а шо ви текна бе момци да ме частите сеа........е па ти сеа и викаме.....еднаш сме седнале со тебе.......а ние стално со неа .........ако ако вика че се напијам и ја нешо од вас.........коа иди тоа келнерот иначе наш школски.......од малендај се знајме.....шо че пијате ???.......и овие.......ами едната вика нес,минерална вода и еден густи.......јааааааа мајката си викам.........од каде бе овие така научени да цедат мајку им......другата исто....а оваа Маја........демек да се покажи :за мене Џони Вокер и Кока Кола........иххххх бре од кога ти така еми сеа......и се така празни муабети и убедувања по нашки се додека не ги забележавме тоа цурите убаво.......таа наспроти мене во минич,едно кратко блузиче колку да и ги покрива градите само а таа другата слично на оваа да не останела покуса.......опа брате......се наведнувам накај него........брат прај шо че прајш оваа пред мене не ми ја чепкај ете ти ја таа другата......од шо кај сте воа ноа......викет од ск сме ние.........а мож мож......па так и си претпоставувавме ние.....ок е ајде сеа да не се глупираме и некако да се зачемиме пред маливе......да трескаме или глупости или по нашки некои филозофии.......и си почнуваме ние така ја со таа наспроти мене а он со таа другата......ја прашувам ја шо сте со оваа Маја........ами вика братучетки......аааааа викам добро тоа.....како ви се свиѓа тука ја прашвам........ами вика се само глупаци бре овде.....невоспитани вика а не видоа очи испукаа......е добро и викам ја такви се овија овде.....а таа ме прашува.....а ти таков си или.....ами сеа и велам сама че си процениш нема шо да се фалам ја........ахам вика......и си почнавме ние онака лезет муабетче......и цурава падна на муабет ааааа си викам готова си ти........и така заслепен од незе не обрнувајчи внимание на времето едно време прашува.....еј а колку е сатот??? ами 12 и пол и викам........леле.......еј ајде и вика на таа другата и на братучеда и.....време е да си ојме......какво одење бе ја прашувам ја.....ами вика во 1 и пол си тргнуваме за дома.......аааааааа пак јас.......е добро ко така.....мило ми беше шо со запознавме......и мене исто одговара онака типично скопски за некоја самобендисана.....и си заминуваат без некој позначаен поздрав......остануваме оклепани со другар ми........леле бре вика мамето нивно не жегнаа по 200 ден за пијачка а и 2 саати време ни зедоа а за то шо ги занимававме........е за то брат му викам.....че си средиш со онаа твоја Маја......тух бе вика......ах шо не заебаа.....ајде де му викам.......ајде доста е тука ајде да идеме да шетниме да поманијачиме мало......море знјаш шо вика........арно велиш ајде да ојме......а каде вика.......е па брат како каде лето е се знај.....ојме у парк сеа....
одиме таму.......седнуваме на една од две споени клупи.........поминуваат стари дедовци викет добар ден внучковци добар ден дедовци му викаме.......абе викет воа клупата слободна е........а не му викаме.....седат тука само отидоа до продавница да купат нешо....(кај им даваме сеа да седнат а ние со сиот ум сме тргнале по женски) ене му викаме на другана слободна а и уба сенка има таму......ех да сте ни живи и здрави викет......ај ај че биди ние му велиме.....палиме по една цигара.....и оп мобилниот негов ѕвони.....му се јавиле од дома....го барале некои.....ај вика морам да одам ја.....е ај брат оди со здравје се гледаме ......ја че останам уш малце му викам......и коа од едната страна идат една тајфа женски и седнуваат до мене на клупата......ги знам ама помали не си имам муабет.....ај можи че се позафркаваме малце.....вака така.......тие дофрли ја врати му......и во даден момент се опулувам право во сонцето.......ме заслепи за секунд.......се освестувам брзо....и слушам еден милозвучен глас....ми вели : дечко имаш запалка? а ја се пулам вака......wow останав без збор......непозната девојка долга црна коса , лице на ангел , груди хух , тенка витка половина и долги нозе као од сон..........останав без збор........гласот ми се зеде....и се освестувам као од сон викам со затреперен глас имам..........и и палам цигара.......а она слободно ли е до тебе......може да ми правиш друштво??? да да секако и велам......че ми биде задоволство ........ со осмех до уши на мене........седнува до мене почуваме муабет.......шо како воа ноа......и едно време ја прашувам а имаш дечко??? она НЕ........ихххх ама бранови во мене......треперам колку повеќе гледам во неа толку повеќе ми се зема збор а и почнувам тешко да дишам.....па како тоа така згодна девојка како тебе да нема дечко??? а шо вика те чуди тоа тебе....па не и викам уствари да.......не не......збунет сум ја......леле че се отепам......си велам немој уш на почеток да ја оплескаш тешко тебе оти да знајш..............е добро а ти имаш девојка а ја онака гордо и одговарам НЕ.......ахам....вика........е добро ко така....то е причина појче за да се запознаеме подобро ако немаш нешто против ми вика........леле......обледев........јао бре......никогаш не сум бил ваков шо ми е.....мора да е од сонцено многу во очи ми мава.....него мани тоа глупостите од тебе и прати девојката........па не немам ништо против и велам.....како би имал....насмеано одговарам.....а си имала некогаш дечко ја прачувам а она да али не ме прашуј за то....оки нема проблем како че кажиш........полека сонцето заоѓаше а ние заблудани еден во друг.......едно време ми вика.....еј го гледаш сонцето......да и викам без да ја разберам шо сака да каже со тоа........си гледал ли некогаш зајдисонце???.......ја зачудено ја гледам....шо и е бе на оваа......пошто исто мене ми беше изгрејсонце , пладне па зајдисонце....јбг....прост......па не и викам секој ден го глеам ама не сум забележал нешо така......а она ми се насмевна и ми рече ах бре будалче.......јао ......се стопив.....а уште повеќе кога се наведна и се потрпе на моето рамо.......ми вика.....сакаш ли да го гледаме заедно зајдисонцето.......сакам сакам ја викам како не и во мислите ми иде леле само ако ја оплескаш магаре едно......али тоа е тоа.......целиот треперам шо да праам......се пазам да не згрешам некаде.....и викам најубаво ми е кога само гледам во него без да зборувам......а она исто и мене.....лелеееее.......ај тргна работата.....ја ставам раката на нејзината коса......и пополека ја галам......ја гледам она заблудана во сонцето ...... почнав и ја.....и ми се врти мисла......шо прам бе ја....шо зјапам бе таму.....бре бре.......што имам кај мене а ја у сонцето сум запнал.......гугни нешто бре глуп.......си велам....не ми идат зборови.....а она се кроти како најневино јагне......леееееее до сега не сум бил вака бре.....готово зајде сонцето...што сега.....леле заспала на мене.......ах уш тоа ми фалеше а сепак не можам да и одолеам на нејзината убавина просто уживам прекрасно се чувствувам......шо да прам бе сеа.....хммммм после толку мислење.......се пробуди она.......еј вика зајдело сонцето.....ахм мрморам со муцките јас....еј набрзо ќе се стемни вика да да одговарам......морам да си одам ми вели.....ок е и викам.....и како да ми прочита мисли во тој момент.....и ми вика......ќе сакаш ли да ме испратеш до дома......секако.......би ми било задоволство и викам ја.......ајде вели и ме фати за рака......по пат ми вели прекрасно си поминав........ја се насмевнувам очите ми се исполнија со сјај.....и јас и велам......ова нема никогаш да го заборавам.......нити јас ми одговара......хех.......ова е мојата ќуќа вика тука живеам.....ти благодарам што ме испрати и што ми посвети толку внимание на мене и што направи да си поминам толку убаво и да се почуствувам толку прекрасно.....ма ајде викам засрамено јас не е тоа ништо.......она ми се насмевна и ме бакна ...... ја полетувам во облаци......wow......ми вели ако сакаш може да се најдеме и утре......да да секако и велам....на истото место ..... ми одговара вика таа....збогум и уште еднаш ти благодарам......чао и велам и тогаш ми се фрли во прегратка како да заминувам на долг пат и ќе ме нема со години........толку силно ме прегрна што не знаев ни што да правам.......на крај стојам пред нејзината порта и гледам како таа влегува дома.....пред да ја затвори вратата ми мафнува со раката и ми праќа бакнеж.......а ја така со рацете во џебови и не можам а да не треснам зелена.....и почнав како будала да мафтам со тоа рацете демек сум го фаќал бакнежот.....тух ми избега и велам.....а она слатко се насмевна и прати уште еден.......и вели за тој што избега утре нема да бега ќе го најдиме и ќе си стои таму каде што треба.........ја се насмевнувам.....таа ја затвора вратата.....а ја фаќам правец дома со играње и потскокнување по пат......и со мисла дека ќе ја сонувам............
ФИН
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2008 во 00:27
uste eden talent

Изменето од filmadzijka - 01.Мај.2008 во 21:51
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2008 во 02:02
ti peat li juznite vetrovi?


te barat li, juznite vetrovi?
te krijat li, belite bregovi?

te barat li juznite vetrovi?
te cuvat li belite snegovi?

no topol veter snegot go topi
od snegot reka, a reka si ti
ti peat li juznite vetrovi?

te barat li juznite vetrovi?
te krijat li tvoite bregovi?
ti peat li , juznite vetrovi?
te cuvat li belite snegovi

no pees pesna na cel glas
od pesnata veter a veter sum jas
te topat li juznite vetrovi
pees pesna na cel glas
od pesnata veter a veter sum jas
te great li juznite vetrovi




Изменето од anakin - 01.Мај.2008 во 02:07
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.