IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 36>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2007 во 12:21

- Светски ден на телевизијата.

1658. - Во Лондон е роден Хенри Персел, најзначаен англиски композитор од времето на ренесансата. Компонираше опери, химни, оди, црковна музика, сонати и друго. Негови главни дела се оперите "Дидона и Енеј", "Вилинска кралица" и "Кралот Артур". Умре во 1695 година.

1694. - Во Париз е роден Франсоа Волтер, француски писател, историчар и филозоф. Тој беше претставителен и во вистинска смисла на зборот, еден од најслободоумните луѓе на тогашна Европа, голем противник на мрачниот период на црквата и клерикализмот, иако не беше атеист. Негово најпознато дело е фолозофско-дидактичкиот роман "Кандит". Напиша и неколку епопеи, историски дела, трагедии и комедии. Умре во Париз на 30 мај 1778 година.

1783.- Французите Франсоа Пилатр де Розије и Франсоа Лоран први изведоа успешен лет со балон наполнет со топол воздух, прелетувајќи над Париз осум километри за 25 минути.

1806.- Францускиот цар Наполен I го објави Берлинскиот декрет за блокада на Велика Британија, како и забрана за прикотвување на британските бродови во сите европски пристаниша, со намера економски да ја ослаби.

1818. - Роден е Луис Хенри Морган, американски етнолог и социолог. Неговите студии за животот на американските Индијанци му послужија на Енгелс како основа за книгата "Потеклото на фамилијата, приватната сопственост и државата". Умре на 17 декември 1881 година.

1844.- Умре рускиот писател Иван Андрејевич Крилов. Покрај басни, пишува и сатирични „писма“ и комедии. Пишува на изворно народен јазик, а многу од неговите изреки станаа народни поговорки. Значитело влијае врз европската литература. Дела: збирки басни, комедии „Модна трговија“, „Книжевник во предсобјето“, комичната опера „Хистерично семејство“, „Кафеана“.

1855.- Шведска со Велика Британија, Франција и Турција склучи сојуз против Русија во Кримската војна.

1875.- Во селото Русиново, Беровско, е роден Никола Петров Русински, истакната личност од националната историја на македонскиот народ, социјалист и револуционер, близок соработник на Гоце Делчев, Васил Главинов и на други видни македонски револуционери. Умре во родното село Русиново, на 14 февруари 1943 година.

1916.- Умре австрискиот цар Франц Јозеф кој владееше од 1848 до 1916 година. Со помош на Русија ја задуши револуцијата во Унгарија во 1849 година. Воспостави централистички систем со ограничени традиционални покраински слободи. Со проласувањето на Австроунгарија со спогодбата во 1867 година отстапи од строгиот централизам. По Берлинскиот конгрес во 1878 година ја окупира Босна и Херцеговина, која беше анектирана во 1908 година. Го искористи атентатот врз престолонаследникот Франсоа Фердинанд во 1914 година во Сараево како повод да изврши напад врз Србија, што заврши со пропаст на неговата држава во 1918 година.

1992.- Во Скопје е одржан Првиот конгрес на Лигата за демократија.

1933.- По одлуката на претседателот на САД Френклин Рузвелт да се воспостават дипломатски односи со Советскиот Сојуз,  првиот американски амбасадор во Москва  Кристијан Булит стапи на должноста.

1944.- Претседателството на АВНОЈ во Втората светска војна целиот имот на непријателот го прогласи за државен имот.

1974.- Во експлозијата која во два бара во англискиот град Бирминген ja подметна Ирската републиканска армија загинаа 21 лице.  

1977.- Во југоисточна Индија циклон усмрти околу 3.000 луѓе, а огромните морски бранови - цунами уништија до темел неколку села.

1994.- Во Солунското пристаниште се блокирани 19.500 тони американска пченка за Македонија.

1995.- Во американскиот град Дејтон е парафирана спогодбата за крај на граѓанската војна во Босна и Херцеговина.

1996.- Формиран е Сојузот на металурзите на Република Македонија.

1999.- Во Тетово е одржано Основачко собрание на политичката партија Единство на Ромите во Македонија. За претседател на партијата е избран Меваил Алити. Регистрирана е на 22 февруари 2000 година, со седиште во Скопје.

2002.- Поранешните членки на Варшавскиот пакт - Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Словачка, како и Словенија добија покана за полноправно членство на Алијансата на Самитот на НАТО во Прага во првата половина на 2004 година.

2002.- Во напад на исламски терористи-самоубијци на автобус во западен Ерусалим загинаа 11 Израелци, вклучувајќи и четири деца.

2006.- Британија забрани рекламирање на нездравите прехранбени производи наменети за децата, со што од телевизиските програми беа отстранети рекламите на солените, пресолените и мрсните јадења. Преземените мерки се однесуваат за сите програми во текот на 24 часа, како и на сите телевизиски канали.

2006.- Во рудникот за јаглен Халембо, на југот од Полска, во местото Руда Шљонска, еден од најстарите рудници за јаглен во Полска, загинаа 23 рудари. Експлозијата на метан се случи на нешто повеќе од илјада метри длабочина. Од 2003 година повеќе од 80 рудари загинаа во рудниците во Полска.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2007 во 13:14

1497.- Португалецот Васко де Гама стана првиот морепловец кој исплови до `Ртот Добра Надеж на крајниот југ од Африка, барајќи морски пат до Индија.

1699.- Данска, Русија, Прусија и Полска по победата над шведската војска потпишаа договор за поделба на тогашниот шведски имот.

1819. - Родена е Мари ан Еванс, позната е под псевдонимот Џорџ Елиот, англиска писателка. Автор е на многу познати романи за англиското село, меѓу кои се и "Воденицата на Флоси", "Сајлас Марнер", "Адамс Бид", "Ромола" и други. Умре на 22 декември 1880 година.

1830.- Белгиското собрание (конгрес) ја изгласа одлуката за воспоставување монархија.

1869. - Во Париз е роден Андре Жид, француски романописец, есеист и критичар. Познат е како највлијателна и најконтраверзна личност на француската литература во 20 век. Меѓу неговите познати дела спаѓаат "Ковачи на лажни пари", "Визбите на Ватикан", "Пасторална симфонија", "Пат за Конго" и други. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1947 година. Умре во Париз, на 19 декември 1951 година.

1877. - Роден е Ади Андре, најпознат унгарски лиричар од Петефи, кој го подигна на повисок степен унгарскиот поетски јазик. Дела: „Нови песни“, „Крв и злато“, „Би сакал да ме сакаат“, „Кој ме виде мене“, „На чело на мртвите“. Умре во 1913 година.

1890. - Во Лил е роден Шарл де Гол, француски генерал и државник, претседател на Петтата француска република од 1959 година, голем светски политичар и борец против фашизмот. Како претседател му го призна правото на алжирскиот народ на самоопределување и му овозможи со спогодбата во Евијан (во 1962 г.), да ја заврши седумгодишната војна. Истовремено со стабилизацијата на економската политика во земјата ја поведе Франција по патот на самостојана надворешна политика и ги повлече француските сили од Атлантскиот пакт. Умре во местото Коломбеј, на 9 ноември 1970 година.

1900. - Умре Артур Саливен, познат британски композитор и диригент. Тој е автор на англиската опера. Роден е на 13 мај 1840 година.

1906.- Со меѓународна конвенција донесена во Берлин, знакот С.О.С. е усвоен како меѓународен знак за бродовите во опасност.

1913.- Роден е англискиот композитор Едвард Бенџамин Бритн. Беше брилјантен техничар, создаваќи дела под влијание на различни музички традиции. Дела: опера „Питер Грајмс“, „Алберт Херинг“, композиции за оркестар „Едноставна симфонија“, „Пролетна симфонија“, Варијации на тема Бранк Брид“, циклуси соло песни.

1916.- Умре американскиот книжевник Џек Лондон, еден од најчитаните автори во првата половина на 20. век. Неговите дела имаат истовремено и авантурстка и социјална нота. Работел како разнесувач на весници, копач на злато, воен дописник за време на Руско-јапинската војна. Тешкиот живот, напорната работа, сиромаштијата, но и наклонетоста кон алкохолот кај него предизвикаа нервно растројство и самоубиство на 40 години. Напишал околу 50 приказни и романи. Дела: „Повик на дивината“, „Железна пета“, „Мартин Идн“, „Злато“, „Крал на алкохолот“ и други.

1943.- Либан се стекна со независност по укинувањето на мандатот кој од 1920 година го имаше Франција. До Првата светска војна Либан беше составен дел на Турција.  

1954.- Умре советскиот стручњак по право и дипломат Андреј Јануарјевич Вишински, врховен обвинител за време на големите чистки кои во втората половина на триесеттите години од 20. век ги спроведе советскиот лидер Сталин. Тоа беше серија на монтирани политички судења после кои беа ликвидирани потенцијалните конк*ренти на Сталин. За врховен државен обвинител беше поставен во 1935 година, за шеф на советската дипломатија во 1949, а како постојан претставник на Советскиот Сојуз во Обединетите нации остана до крајот на животот.

1963.- Во Далас, во државата Тексас, во САД, е извршен атентат врз претседателот на САД Џон Фиџерланд Кенеди. Во Втората светска војна служеше во морнарицата на Пацификот, а во 1952 година стана сенатор. За претседател на САД е избран во 1960 година, а инаугуриран е на 20 јануари 1961 година во Вашингтон. Беше најмлад 35-ти претседател во историјата на САД. Роден е во Бостон, на 29 мај 1917 година.

1963.- Умре англискиот писател Олдос Хаксли. Дела: „Јалови лисја“, „После многу лета“, „Времето мора да застане“, „Малиот Мексиканец“, „Две, или три грации“, „Музика во ноќта“, „Вечна филозофија“, „Наука, слобода и мир“.  

1972.- Претседателот на САД Ричард Никсон ја укина 22 години старата забрана за патување на американските бродови и авиони во Кина.

1974.- Генералното собрание на Обединетите нации изгласа статус набљудувач на Палестиската ослободителна организација.

1975.-  На чело на Шпанија дојде кралот Хуан Карлос I (de Burbon-Parma) два дена по смртта на Франциско Франко. Хуан Карлос стана прв шпански монарх по Алфонсо XIII, кој во 1931 година избега од државата. За време на Франко Шпанија официјално беше монархија.

1977.- Суперсоничниот патнички авион „Конкорд“ почна редовно да сообраќа меѓу Европа и Америка...

1980.- Умре американската филмска глумица Ме Вест, која се покажа како исклучителен комичар, но повеќето филмски критичари ја сметаа за вулгарен секс симбол. Поради улога во претставата „Секс“ во 1926 година во еден бродвејски театар, беше осудена на осум дена затвор. Филмови: „Секс“, „Дијамантската Лили“, „Не сум анѓел“, „Секој ден е празник“, „Оди на запад, млад човеку“.

1989.- Претседателот на Либан Рене Муавад е убиен во бомбашки напад, во кој загинаа уште 16 луѓе.

1990.- Првата жена премиер во историјата на Велика Британија Маргарет Тачар после 11,5 години премиерска функција поднесе оставка.

1991.- Египетскиот политичар, Бутрос Бутрос Гали, е избран за генерален секретар на Обединетите нации, а со тоа стана и прв Африканец и Арап избран на високата должност.

1994.- Во Скопје е формирано Друштвото за македонско-украинско пријателство и соработка.

1998.- Водечкиот ирански опозиционер Даријус Форухар, отворен критичар на исламската власт, и неговата сопруга, пронајдени се избодени до смрт во својот стан во Техеран.

2000.- Умре чешкиот спортист Емил Затопек, единствен атлетичар кој освоил три златни медали во трки на долги патеки на едни Олимписки игри. Првото олимписко злато го освои во Лондон во 1948 година, а три златни медали во Хелсинки во 1952 година, на трките на пет и 10 илјади метри и во маратон.

2004.- Во Беверли Хилс умре Тери Мелчер, америкнаски музички продуцент. Роден е во 1942 година.

2005.- Претседателот на Демохристијанската партија (CDU) Ангела Меркел е избрана за канцелар на Германија. Таа стана првата жена канцелар во историјата на Германија.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2007 во 12:00

1221.- Роден е кастилијанскиот крал Алфонсо X Учениот, кој е познат како втемелувач на законодвството, покровител на науката и знаењето, како и верски многу толерантен. Во текот на владеењето со Кастиља и Леон од 1252 година до неговата смрт во 1284 година во Телодо создаде центар за учење и место за прибежиште за многу Евреи. Со негово залагање се преведени Светото писмо, Талмудот и к*ранот и напишал многу значајни дела: „Кралевски закон“, „Астролошки знаења“, Минералогија“, а во 1270 година започнал со пишувњето на делото „Големи и општи истории“. Го зазеде и пристаништето во Кадис на брегот на Атлантскиот Океан, со што ја заврши петвековнаа маварска окупација на градот.

1531.- Во Капела заврши граѓанската војна во Швајцарија со што римокатоличките области се признати како дел на Швајцарската конфедерација.  

1555.- Во Хемниц умре Георг Бауер - Агрикола, германски научник кој ги постави темелите на модерната физичка геологија. Неговото дело „За металните предмети“ претставува систематска работа за рударството и за металургијата и се смета за едно од основите на овие науки. Роден е во 1494 година.

1831. - Штрајкот на лионските ткајачи прерасна во вооружено востание, на кое му се придружија и работниците од другите гранки. Тоа беше право масовно востание на работниците во услови на буржоаска монархија во Франција.

1876. - Роден е Мануел де Фалја, шпански композитор, еден од најзначајните личности на поновата шпанска музика. Неговите дела претставуваат синтеза на андалузискиот музички фолклор на францускиот импресионизам. Автор е на операта "Краток живот" и на балетите "Трогирска шапка" и "Љубовната волшебничка". Пишуваше и клавирски композиции и соло песни. Умре во Алта Грација, во Аргентина, на 14 ноември 1946 година.

1881.- Роден е мексиканскиот сликар Хосе Клементе Ороско. Познат е по декорирањето на многу згради во Мексико и во САД, инспирирајќи се од индијански и мексикански мотиви.

1887.- Роден е американскиот филмски глумец од англиско потекло Вилијам Нехри Прат, познат како Борис Карлоф, кој играше во првите хорор филмови. Четири децении беше некој вид на заштитен знак на тој жанр. Филмови: „Закон на подземјето“, „Франкештајн“, „Изгубена патрола“, „Мумија“, „Чудотворец“, „Црна мачка“, „Франкенштајновата невеста“, „Терор“. 

1890.- Големото војводство Луксембург се отцепи од Холаднија.

1896.- Роден е чехословачкиот лидер Клемент Готвалд кој беше претседател на Чехословачка од 1948 до крајот на животот, во 1953 година.

1933.- Роден е полскиот композитор Кжиштов Пендерецки, претставник на авангардната музика. Дела: оркестарска „Еманација“, „Кралот Иби“ и други.

1940.- Владата на Кралството Романија, на чие чело се наоѓаше диктаторот Антонеску, пристапи кон Тројниот пакт на фашистичките сили Берлин - Рим - Токио.

1944.- Со акт на Президиумот на АСНОМ е формирана Народната библиотека, денес Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

1961.- Доминиканска Република го промени името на главниот град Сиудад Трухиљо во Снато Доминго.

1966. - Во Загреб умре Григор Витез, хрватски писател и преведувач, познат по своите поетски дела за младината и за децата. Познати негови дела се "Кога дрвјата би чекореле", "Сон на борецот в зори", "Песни" и "Вооружени рози". Роден е во Косовец, на 15 февруари 1911 година.

1971. - Народна Република Кина го зазеде своето место во Обединетите нации откако САД, по две децении спротивставување, се откажа од натамошното поддржување на режимот на Чанг Кај Шек, како претставник на цела Кина.

1976. - Во Париз умре Андре Марло, француски писател есеист, теоретичар и историчар на уметноста. Учествуваше во Кинеската револуција и во Шпанската граѓанска војна. Кога Хитлер ја нападна Франција веднаш беше мобилизиран, но набрзо беше заробен. Успеа да побегне од заробеништво и стана еден од најпознатите команданти на отпорот . Негови познати дела се романите "Кралски пат", "Освојувачи", "Човековата судбина" и најпознатото негово дело "Антимемоари". Роден е во Париз, на 3 ноември 1901 година.

1978.- На источниот брег на Шри Ланка циклон усмрти најмалку илјада луѓе.

1980.- Во јужниот италијански град Еболи во земјотрес загинаа 2.735 луѓе.

1983.- Советскиот Сојуз во Женева ги напушти разговорите  за ограничување на вооружувањето во знак на протест поради разместувањето на американските крстечки ракети во Европа.

1991.- Претседателството на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија зазеде став објектот на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (познат како зграда на ЦК) да го предаде на располагање на македонската држава.

1994.- Големо количество на ураниум за изработка на атомски бомби е пренесено од Казахстан во САД.

1995.- Умре францускиот филмски режисер Луј Мал. Неговото дело има посебно изразена интелектуална нота. Филмови: „Лифт за губилиште“, „Љубовници“, „Приватен живот“, „Вива Марија“, „Калкута“, „Црна месечина“, „Атлантик сити“.

1995.- Целиот свет ја поздрави мировната спогодба за Босна, која ја потпишаа тројцата главни актери на преговорите во Дејтон, Фрањо Туѓман, Алија Изетбеговиќ и Слободан Милошевиќ.

1996.- Киднапираниот етиопски авион „боинг 767“, со 163 патници и 12 членови на екипажот, падна во море близу Коморските Острови заради тоа што остана без бензин. Во несреќата загинаа 125 луѓе.

1998.- Претседателот на Република Македонија Киро Глигоров, Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, го определи за мандатар за состав на новата влада на Република Македонија.

2003.- Претседателот на Грузија Едуард Шеварнадѕе поднесе оставка, попуштајќи пред масовните демонстрации започнати на з ноември, ден после собраниските избори.

2006.- Во Багдад најмалку 202 луѓе се убиени, а 250 ранети во напад на бомбаш-самоубиец.

2006.- Умре францускиот глумец Филип Ноаре. Во својата 55-годишна карира сними 125 филмови и двапати ја освои француската филмска награда „Цезар“, за најдобар глумец во 1976 и во 1990 година за улогите во филмовите „Старата пушка“, во кој играше со Роми Шнајдер, и „Животот и ништо друго“.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2007 во 10:32

1632.- Во Амстердам е роден Барух Спиноза, холандски филозоф, материјалист, од еврејско потекло. Во познатото дело „Етика“ строго рационалистички го изложува своето учење според кое бог и природата се идентични, а светот бесконечен. Познати му се и делата „Теолошко-политички трактат“ и „Политички трактат“. Умре во Хаг, на 21 февруари 1677 година.

1642.- Холандскиот морепловец Абел Јансон Тасман го откри островот Ван Дименова Земја, кој се наоѓа јужно од Австралија. Островот подоцна во негова чест е наречен Тасманија.

1729.- Роден е рускиот генералисимус Александар Васиљевич Суворов, еден од најголемите војсководци на 18. век, под чија команда руските трупи извојуваа 57 победи. Во руско-турската војна од 1787 до 1791 година имаше блескави победи над Турците, а потоа во борбите на Русија против Франција особено се прослави со освојувањето на северна Италија и преминот преку Алпите на враќање за Русија, со што ги вчудоневиди воените кругови во Европа. Низ воената наука ги проучува математиката, географијата и историјата. Многу придонесува во издигнувањето и воспитувањето на руските војници. Кон крајот на 1779 година е наименуван за врховен царски заповедник. Во Советскиот Сојуз во 1942 година е воведен орден Суваров за високи војнички заслуги.

1859.- Објавена е епохалната книга на англискиот природонаучник Чарлс Дарвин „Потекло на видовите“ во која е изложена теоријата на еволуцијата.

1861.- Роден е германскиот лекар Аугуст Карл Густав Бир, пионер на модерната хирургија. Неговиот пронајдок „лумбална анестезија“ прво го испробал на себе.

1864. - Роден е Анри Тулуз-Лотрек, француски сликар и графичар, голем мајстор на литографијата. Се ограничи речиси исклучително, на сцени од ноќниот живот на Монмартр во Париз. Ликовите се насликани без ни малку сентименталност, сугестивни, но без иронија и со остра карактеризација на ликовите. Неговите дела имаат висока уметничка вредност и претставуваат незаменлив општествен докумен. Умре на 9 септември 1901 година.

1916.- Умре Хајри Стивенс Максим, британски конструктор на оружје, од американско потекло, чиј миталез е конструиран во 1884 година и е наречен „максим“.

1929.- Умре францускиот државник Жорж Бенжамен Клемансо, истакнат француски политичар, премиер од 1906 до 1909 и од 1917 до 1920 година. Беше министер за војни во критичните денови во Првата светска војна.

1936. - Германија и Јапонија го потпишаа таканаречениот Антикоминтерна пакт, кој потоа го потпишаа Италија, Манџуко, Унгарија, Шпанија и Албанија. Под Фирмата на овој пакт фашистичките земји го подготвуваа военополитичкиот сојуз, кој е санкциониран во 1940 година како "Троен пакт".

1944. - Во ослободеното Скопје, само десетина дена откако стивнаа последните улични борби, основан е првиот симфониски оркестар на денешната Македонска филхармонија. Имено во домот на Тодор Скаловски група музички вљубеници, од кои некои сеуште беа во партизански униформи, го формираа симфонискиот оркестар. На таа средба присуствуваа Васил Ѓаконов-Шпато, Тодор Календаров, Петар Трајков, Стефан Кралев, Александар Шалев, Фрањо Млчок, Херман Зип, Петар Симоновиќ и Душан Парлиќ.

1961.- Советот за безбедност на Обединетите нации ги повика земјите-членки да ја направат Африка безатомска зона.

1963.- Два дена по атентатот во Далас врз претседателот на САД Џон Кенеди, мафијашот Џек Руби го усмрти пред полициска станица осомничениот атентатор Лиј Харви Освалд. Атентатот во Далас остана мистериозен.

1974.- Претседателите на САД и на Советскиот Сојуз, Џералд Форд и  Леонид Брежњев, во Вашингтон постигнаа привремен договор за ограничување на офанзивното стратешко нуклеарно оружје.

1976.- Во земјотресот кој го разруши градот Муради во источна Турција загинаа околу 5.300 луѓе.

1985. - Во Скопје умре Љубен Лапе, редовен член на МАНУ и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Македонската научна и културна мисла загуби еден од нејзините двигатели и основоположници на македонската историографија и архивистика. Тој е еден од основачите на Филозофскиот факултет во Скопје и пионер на просветата во Македонија. Обемното дело на академикот Љубен Лапе го сочинуваат околу 200 научни трудови. Роден е во Прилеп, на 11 октомври 1910 година.

1986. - Заврши последниот дел на електрификацијата на пругата Скопје-Гевгелија со должина на електричната мрежа од 220 км. Електрификацијата почна на 05 јануари 1981 година.

1989.- По масовните демонстрации во Прага, раководството на Комунистичката партија на Чехословачка поднесе оставка, вклучувајќи го и генералниот секретар Милош Јакеш, со што од власта излегоа сите политичари кои соработуваа во воената интервенција на Варшавскиот пакт против Чехословачка во 1968 година.

1989. - Умре Благоја Нешковски, истакнат македонски режисер и писател. Најголемиот дел од својот живот го помина во Австралија, каде што работеше и на меѓународната афирмација на националната самобитност на македонскиот народ. Роден е во селото Оптичари, битолско, во 1964 година.

1992.- Во најголемата забележана несреќа во историјата на цивилното кинеско воздухопловство, падот на авионот „боинг 737“ на југот на Кина не го преживеа никој од 141 патник и членови на екипажот.

1992.- Во Скопје, во издание на „Интернационал“, излезе првиот број на независниот економски неделен весник во Република Македонија „Бизнис“. Првиот (пилот) број излезе на 5 ноември 1992 година.

1994.- Во Скопје е отворена Амбасадата на Руската Федерација.

1995.- Во Ирска гласачите со тесно мнозинство и покрај жестоката пропаганда на римокатоличката црква, на референдум изгласаа укинување на забраната за развод, која беше на сила 70 години.

1998.- Генералот Емил Лахуд, првиот претседател на Либан по завршуњето на 15-годишната граѓанска војна ја презеде должноста шеф на државата.

2000.- Во Загреб, Република Македонија ја парафира Спогодбата за стабилизација и асоцијација на Република Македонија се земјите од Европската унија.

2001.- Градот Кундуз, последното талибанско упориште во северен Авганистан, по 12 дена опсада падна во рацете на силите на Северната алијанса. Градот го бранеа околу 5.000 талибанци и околу илјада странски платеници.  

2003.- Во пожар во студенски дом на Универзитетот „Патрис Ламумба“ во Москва, на кој студираат главно странци, загинаа 42 лица, повеќето студенти од Кина, Бандгладеш, Виетнам и неколку африкански земји.

2004.- Умре британскиот книжевник Артур Хејли, чии романи се преведени на 38 јазици и објавени во 40 земји. Дела: „Аеродром“, „Преоптовареност“, „Детектив“.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2007 во 12:09

- Меѓународен ден на акции против насилство врз жената.

1562. - Во Мадрид е роден Феликс Лопе де Вега Карпио, еден од најголемите шпански писатели на "златниот период" на шпанската книжевност. Твореше во сите книжевни родови. Меѓу другото, напиша и 2.200 драмски дела, од кои се зачувани повеќе од 400. Умре во Мадрид, на 27 август 1635 година.

1758.- Британците го окупираа Сенегал.

1763.- Умре францускиот писател, Опат Прево, познат по романот „Манон Лeско“, според кој Жил Масне и Ѓакомо Пучини напишале опери.

1783.- Последните британски војници го напуштија Њујорк, на крајот на американската војна за независност.

1835.- Роден е американскиот индустријалец од шкотско потекло Ендрју Карнег, кој огромно богатство вложи во добротворни ацкии, главно во основање на јавни бибилиотеки во САД и во други земји, под услов локалните власти да отстапат земјиште за зграда и обезбедат нивно одржување.

1844.- Роден е германскиот инженер Карл Фридрих Бенц, кој во 1885 година конструирал еден од првите автомобили. Ја основа компанијата „Бенц“ за производство бензиски мотори и автомобили, од која со здружување ја создаде „Дајмлер - Бенц“.

1881.- Роден е италијанскиот свештеник Анѓело Ѓузепе Ронкали, под името Јован XXIII, папа од 1958 до крајот на живот во 1963, водач на реформската струја во римокатоличката црква. Во 1962 година го свика Вториот (ватикански) екуменски собир на кој ги навести црковните реформи.  

1915.- Роден е чилеанскиот диктатор генерал Аугусто Пиноче Угарто, кој со помош на САД во 1973 година со воен удар го тргна претседателот на Чиле Славадор Аљенде. Од власт е симнат по изборниот пораз во 1990 година, но како доживотен сенатор задржа значително политичко влијание до 1998 година кога е уапсен во Лондон на барање на Шпанија која побара негово испорачување.

1920.- Во Скопје избувна штрајк на 120 кројачки работници, кои бараа зголемување на надниците за 30 насто и воведување на осумчасовен работен ден. Работодавците беа категорички против исполнувањето на скромните барања на штрајкувачите, но сепак штрајкот заврши со делумен успех.

1923.- Роден е финскиот државник Мауно Коивисто, шеф на државата од 1982 до 1994 година, прв социјалист на таа функција. Беше премиер од 1968 до 1970 и од 1979 до 1882 година.

1939. - Во градчето Самобор, во непосредна близина на Загреб, во печатницата на Драгутин Шпулер, излезе од печат збирката песни "Бели мугри" од македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин. Збирката претставува извонредна поетска слика на најтипичните социјални појави во Македонија пред почетокот на Втората светска војна. Таа е антологија на болките и страдањата на македонскиот народ - експлоатацијата на тутунопроизводителите, на монополските работници и на надничарите. Покрај ова таа е проткаена со борбеност и револуционерен дух. Таа претставуваше стремеж за афирмација на македонската национална култура.

1941. Во Втората светска војна загинаа 848 британски морнари кога германската подморница го потопи британскиот воен брод „Барум“.

1959.- Умре францускиот филмски и театарски глумец Жерар Филип, чии глуми се одликуваат со голем сензибилитет. Во театар со огромен успех ги игра главните рољи во драмите на Вилијам Шекспир.

1965. - Извршен е воен удар во Конго. Генерал Мобуто го собори претседателот Касавубу.

1968.- Умре американскиот писател Аптон бил Синклер, автор на повеќе романи со социјални теми, политички и социјални списи во кои ги опишува приликите во САД. Дела: „Џунгла“, „Метропола“, „Џими Хигинс“, „Крај на светот“, „Помеѓу два света“.

1970.- Јапонскиот писател Јукио Мсима изврши јавно ритуално самоубиство во знак на протест против уништување на традиционалните вредности на Јапонија од страна на САД. Како книжевник ги опишува младите јапонски генерации по Втората светска војна и нивната се послаба врска со јапонската традиција. Романи: „Исповед на маска“, „Златен павиљон“.

1973. - Во Грција е извршен државен удар во кој е соборен диктаторот Пападопулос. Новата хунта на чело со генерал Гизикис веќе следната година им ја предаде власта на политичарите, па Константин Караминлис ја формира првата влада на национално единство.

1974. - Умре У Тант, бурмански дипломат, трипати по ред генерален секретар на ООН (1962 до 1971). Конго, берлинската и кубанската криза, војната во Виетнам, пресметките на Блискиот Исток и индиско-пакистанскиот судир беа драматичните настани со кои се соочуваше У Тант. Роден е на 22 јануари 1909 година.

1975.- Јужноамерканската држава Суринам се стекна со независнот од Холандија.

1977. - Генералното собрание на ООН ја осуди израелската окупација на арапските територии само со четири гласа против - Израел, САД, Канада и Салвадор.

1989.- Во Скопје умре Александар Думов, доајен на Народниот театар во Струмица. Роден е во Струмица, на 25 февруари 1923 година.

1991.- Во Лондон умре рок - ѕвездата, Фреди Меркјури (45), кој боледуваше од Сида.

1992.- Собранието на Чешка гласаше за поделба на Чехословачка на две посебни држави, Чешка и Словачка од 1 јануари 1993 година.

1993.- Весникот "Нова Македонија", освен со текст, присутен и со фотографии во сите делови на Европа и светот. Со вклучувањето преку сателитска врска во фото-сервисот на ЕПА (Европска фото агенција), "Нова Македонија" визуелно ги покрива сите значајни дневни настани во светот.

1995.- Во Скопје умре д-р Панче Давчев, академик, еден од основополжниците на современата македонска медицина. Роден е во Велес, на 15 јуни 1922 година.

1998.- Канцеларот Герхард Шредер претседаваше со првата седница на германската Влада одржана во Берлин по Втората светска војна.

2001.- Американската приватна компанија АТС (Advanced Cell Technology) од градот Вустер во Масачусетс соопшти дека клонирала човечки ембион  - прва на која тоа и појде од рака, тврдејќи дека тоа го направила заради унапредување во лечењето на разни болести, а не за создавање на вештачко човечко суштество.

2003.- Обединетите нации и официјално ја укинаа програмата „Нафата за храна“ во чии рамки Ирак седум години продаваше нафта под контрола на ОН за набавка на храна и лекови.  

2004.- Маж со нож упадна во спална соба на едно средно училиште во рударското место Руџо во провинцијата Хенан, во централна Кина, и до срмт избоди осум ученици.

2005.- Умре британскиот фудбалер Џорџ Бест, поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед, репрезентативец на Северна Ирска и еден од најдобрите фудбалери во светот од шеесетите години на 20. век. Беше еден од најзаслужните кога Манчестер во 1968 година стана прв ангалиски клуб кој го освои Купот на европските шампиони.

2005.- Палестинскиот претседател Мухамед Абас го отвори граничниот премин Рафа од појасот Газа во Египет, и со тоа им овозможи на Палестинците за прв пат од 1967 година да влегуваат во соседната земја преку која би можеле да патуваат во светот, без контрола на израелските сили.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2007 во 12:15

1504.- Умре шпанската кралица Исабела I Католичка, кралица на Кастиља од 1474 година. Со стапувањето во брак со Фернанд II Арагонски во 1479 година ги соедини Кастиља и Арагон и ја создаде Шпанија. Во настојувањето да ја засилат ромокатоличката црква и монархијата во 1480 година го втемелија судот на инквизиција. Борбите со Маварите победоносно ги завршија во 1492 година, протерувајќи ги од јужната шпанска покраина Гранада. Истата година ја опремија експедицијата на Крисифор Колумбо која ја откри Америка, а во 1503 година од Франција го презедоа Наполското кралство.

1648.- Папата Инохентие X го осуди Вестфалскиот мир со кој еден месец порано  заврши Триесетгодишната војна.

1703.- Во дводневната „Голема луња“ во јужна Англија загинаа најмалку 8.000 луѓе.

1855.- Умре полскиот писател Адам Мицкијевич, најголем полски романтичар, чии дела се одликуваат со исклучително богат и сликовит јазик. Умре во Турција каде дојде за време на Кримската војна со намера да формира полска заедница за борба против Русија. Познати дела: збирка песни „Балади и романси“, „Кримски сонети“, еповите „Гражина“, „Конрад Валенрод“ и други.

1857.- Во Мелбурн, Австралија, е отворено Заседанието на првиот австралиски парламент.

1888.- Во Сен Луис, Мисури, САД, е роден Томас Стерн Елиот, американско-англиски писател, критичар и есеист. Меѓу познатите негови дела се „Пруфрок и други опсервации“, „Пуста земја“, „Шупливи  луѓе“, „Четири квартети“, „Убиство во катедралат“, „Семеен собир“ и други. Во 1948 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Лондон, на 4 јануари 1965 година.

1914.- Во експлозијата на британскиот воен брод „Булворк“ во Првата светска војна, во моментот кога во него се внесуваше муницијата, преживеаја само 12 од 750 членови на екипажот.

1922.- Отворена е гробницата на фараонот Тутанкамон, која ја откри англискиот археолог Хауард Картер.

1924.- На Третиот вонреден конгрес на Социјалистичката партија на Грција учествуваше и македонскиот револуционер Трифун Хаџијанев и тоа како делегат на воденската организација. На овој конгрес грчката партија ги прифати решенијата на Коминтерната за правото на самоопределување, а во таа смисла и за правото на македонскиот народ за создавање сопствена држава.

1939.- Со напад на советската армија почна советско-финската војна. Во октомври 1939 година, Советскиот Сојуз постави силни гарнизони во Литванија, Летонија и во Естонија, а од Финска побра дел од територијата за воена одбрана на Ленинград (Санкт Петербург) и заштита на мурманските пруги. Бидејќи владата во Хелсинки барањето го одби, советската армија продре во Финска, а со пробивот на фронтот, на 12 март 1940 година потпишан е мир со кој Советскиот сојуз ги доби бараните области.

1940.- На Хитлерова заповед е создадено варшавското гето во кое есесовците протераа околу половина милион Евреи не само од Варшава, туку и од други градови во Полска, па дури и од Германија. Десетици илјади луѓе умираа од глад и од болести. Повеќе од 310.000 Евреи оттаму беа испратени во логорите на смртта, каде што беа убиени во гасни комори.

1942.- Во Бихаќ, во Втората светска војна, е основано Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Југославија. На Заседанието 54 делегати го избраа Извршниот одбор - АВНОЈ на чело со д-р Иван Лола Рабар. Тоа беше некаков вид на влада на ослободените територии до Второто заседание на АВНОЈ во Јајце 1943 година, кога е избран Националниот комитет.

1949.- Индија го прифати уставот со кој таа се организира како федерална република во рамките на британскиот Комонвелт.

1952.- Умре шведскиот истражувач и патописец Севен Андерс Хедин, кој ја предводеше експедицијата во Таримската котлина, Синканг, на Тибет, во Монголија и во подрачјето на Хималаите. Дела „Низ азиските пустини“, „Во срцето на Азија„, „Јужен Тибет“, „Трансхималаи“, „По копно во Индија“, „На големата пловидба“.

1965.- Франција го лансираше својот прв вештачки сателит.

1966.- Во Рогдаел, Австралија, е формирано Македонското КУД „Илинден“.

1967.- Во поплавите во централна Португалија загинаа најмалку 250 луѓе.

1968. - Умре германскиот писател Арнолд Цвајг, чии дела врз основа на искуството стекнато во Првата светска војна се полни со антимилитаризам, со горка иронија и со критичка анализа на општествените односи. Дела: романи „Случај на наредникот Гриш“, „Младите жени во 1914 година“, „Верденско воспитување“, лирската проза „Новели за Клаудиј“.

1968.- Во Њујорк умре Антон Синклер, северноамерикански писател и публицист, борец за социјални права и мир во светот. Меѓу најпознатите негови дела се "Џунгла", "Џими Хигинс", "Крај на светот" и други. Роден е на 20 септември 1878 година.

1970.- Еден боливиски сликар, облечен како свештеник, се обиде во Манила, главниот град на Филипини, да го убие папата Павле VI, но не успеа.

1978.- Муслиманските верски лидери и политичари кои настојуваа да го симнат шахот Рез Пахвали прогласија генерален штрајк со кој Иран беше парализиран.

1979.- Падот на пакистанскиот „боинг 707“ во Саудиска Арабија не го преживеаја никој од 156 патници и членови на екипажот.

1983.- Умре Евгени Савов, судија на Врховниот суд на Македонија и долгогодишен соработник на весникот "Нова Македонија". Подолго од две и пол децении ја уредуваше рубриката "Правен советник", преку која весникот "Нова Македонија" директно кореспондираше со илјадници читатели во Македонија, давајќи им потребни советни и упатства.

1986.- Иранската ракета која падна во ирачкиот главен град Багдад уби 48 цивили.

1987.- Тајфун усмрти 270 Филипинци и разруши околу 14.000 куќи.

1986.- Во Скопје излезе првиот број на додатокот за литература, идеи и култура на весникот "Нова Македонија" - "ЛИК".

1990.- Советот за безбедност на Обединетите нации го одобри мировниот план за Камбоџа.

1991.- Беше пуштен во употреба автопатот Титов Велес - Градско.

1993.- Првиот генеарлен штрајк во Белгија после половина век го парализира стопанството и сообраќајот со што ја принуди владата на преговори со синдикатот.

1998.- Во заедничката декларација во текот на посетата на кинескиот претседател Џанг Цемин стои дека кај Јапонија предизвика „длабоко појакување“, поради акциите што ги презеде во Кина во Втората светска војна.

2000.- Рупубликанецот Џорџ Буш Јуниор по повеќе од 20 дена по претседателските избори во САД е прогласен за победник во Флорида. Ова мачно натегање настана поради пребројување на гласовите во Флорида кое беше прекинато врз основа на судска одлука. Електронските гласови од Флорида (25) пресудно влијаеја за кандидатот на Републиканската партија на Буш да биде прогласен за претседател на САД.

2006.- Швајцарците на референдум одлучија да им дадат економска помош на најновите членки на Европската унија во висина од 620 милини евра со што продолжи блиската соработка на оваа земја со ЕУ. Повеќето граѓани со право на глас го поддржаа предлогот, а предлогот најголема поддршка доби во градовите на француското говорно подрачје. Две години порано членки на Унијата станаа Кипар, Чешка, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Малта, Полска, Словачка и Словенија.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2007 во 11:37

- Меѓународен ден против потрошувачка грозница.

8. п.н.е.- Умре римскиот литерат Хорације, најголем римски лирски поет, кој повеќе од кој било грчки или римски поет се одликува со разноликиот поетски израз. Дела: „Сатири“, „Песни“ или „Оди“, „Писма“.

1570.- Умре италијанскиот архитект и вајар Јакопо Сансовино, мајстор на перцепција и совршени хармонизирани конструкции и декори. Ги изработил статуите „Нептун“ и „Марс“ на скалилата на Дуждевата палата и рељефот во мермер во ложата на црквата „Свети Марко“.

1701. - Во Упсала е роден Андерс Целзиус, шведски физичар и астроном. Тој ја воведе поделбата на 100 степени на термометарската скала - Целзиусова скала. Во 1736 година учествуваше во експедицијата која ги измери лаковите на меридијаните, прв го забележа дејството на поларната светлина врз магнетна игла и со сопствени средства ја изгради опсерваторијата во родниот град Упсала. Умре на 25 април 1744 година.

1874.- Роден е израелскиот државник и хемичар Хаим Азриел Вајцман, пронаоѓач на синтетичкиот ацетон. Беше прв претседател на Израел од 1948 до смртта во 1952 година. Вајцман беше директор на Лабораторија во Британија од 1916 до 1919, претседател на Светската ционистичка организација од 1920 до 1931 и на Еврејската агенција од 1929 до 1931 и од 1935 до 1946 година.

1879.- Француското собрание е преместено од Версај во Париз.

1895.- Умре францускиот писател Александар Дима Син, кој ги удри темелите на театарските драми. Напишал 16 драмски парчиња, вклучувајќи ја и драматизацијата на романот „Дамата со камелии“. Останати дела: „Незаконски син“, „Дениза“, „Господин Алфонс“, „Полусвет“.

1895. - Шведскиот фабрикант Алфред Нобел, пронаоѓач на динамитот, во Париз напиша своерачен тестамент со кој каматите од големиот имот ги остава за развој на науката, литературата и на борците за мир. "Наградите треба да се делат без оглед на националноста", пишуваше во тестаментот, со кој се основа Нобеловата награда за најголеми достигнувања на човековиот ум.

1919. - По Првата светска војна, во која учествуваше на страната на Оската, Бугарија потпиша мир (Нејски мировен договор, потпишан во Неј на Сена) врз основа на кој Добруџа и припадна на Романија, приморјето на Тракија и на Грција, а градовите Струмица, Благоевград и Цариброд на Кралството СХС.

1921.- Роден е чехословачкиот државник од словачко потекло Александер Дубчек, водач на реформското движење во Чехословачка кон крајот на шеесетите години на 20. век, познато како „Прашка пролет“. Во Втората светска војна во 1944 година учествуваше во словачкото народно востание. Од 1963 година беше на чело на Комунистичката партија на Словачка, а во јануари 1968 година беше избран за генерален секретар на Централниот комитет КПЦЦ наместо Антоњин Новотни. Во декември 1969 година беше наименуван за амбасадор во Турција, но во 1970 година беше отповикан и потоа две децении помина во потполна политичка изолација. По падот на комунистичкиот режим во 1989 година, Александер Дубчек е избран за претседател на чехолсовачкото собрание.

1926. - Ахмет Бег Зогу во Тирана потпиша пакт со Мусолини за зајакнување на својот реакционен феудален режим во Албанија.

1940.- Нацистичка Германија ги анектираше во Втората светска војна (и формално) француската покраина Лорен (Лотарингија) и Алзас.

1940.- Во Романија профашистичката „Железна гарда“ уби повеќе од 60 соработници на пребеганиот крал Карол II, вклучувајќи го и поранешниот премиер Никол Јорг.

1941.- Сојузниците ја зазедоа покраината Гондар во Етиопија. Така е скршен и последниот отпор на италијанските сили во Источна Африка, Еритреја, Етиопија и Сомалија беа ослободени.

1942.- Роден е американскиот рок пејач, гитарист и пишувач на песни од африканско потекло Џими Хендрикс, еден од најпопуларните музичари во светот во шеесетите години на 20. век. Умре во 1970 година од прекумерна доза на дрога.

1942. - Француската морнарица потопи поголем дел од својата воена флота во Тулонското пристаниште за да не падне во рацете на нацистите.

1944.- Во селото Горобинци, Светиниколско, е осветен и поставен камен-темелникот на новата црква „Свети Спас“.

1946. - Солунскиот партиски весник "Лаки Фони" објави список на околу 100 лица од Леринско и од Воденско (претежно Македонци), кои беа интернирани на егејските острови.

1953.- Умре американскиот писател Јуџин Гледстон О`Нил, творец на модерната американска драма, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1936 година. Дела: „Зад хоризонтот“, „Ана Кристи“, „Сите божји деца имаат крилја“, „Големиот бог Браун“, „Цар Џонс“, „Второ патување во Европа“.

1955. - Во Париз умре Артур Хонегер, француски композитор од швајцарско потекло, еден од најистакнатите полифоничари во современата француска музика. И припаѓал на композиторската група "Шестмина". Роден е на 11 март 1892 година.

1961.- Советскиот Сојуз предложи неодложна забрана на нуклеарните проби без меѓународна контрола.

1982. - Лидерите на 31 африканска земја, на состанокот во Триполи, ги осудија Соединетите Американски Држави поради нивната "економска, воена и нуклеарна соработка со Јужноафриканската Република".

1983.- При падот на колумбискиот авион „боинг 747“ во близина на мадритскиот аеродром „Барахас“ загинаа 181 патник и еден член на екипажот.

1989.- Во воздушната експлозија на колумбискиот авион „боинг 727“, судејќи по се, предизвикана од подметната бомба, загинаа сите 107 патници и членови на екипажот.

1990.- Министерот за финансии Џон Мејџор е избран за премиер и шеф на Конзервативната партија на Велика Британија, по оставката на Маргарет Тачер.

1995.- Во Женева, на Генералното собрание на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Црвениот крст на Македонија е примен за рамноправен член на оваа асоцијација.

1996.- Во експлозија на гас во рудник за јаглен во кинеската провинција Шанси загинаа најмалку 91 рудар.

1997.- Во Брисел, со одобрение на Министерскиот совет на Унијата, беше одобрена Спогодбата за соработка и транспорт меѓу Европската унија и Република Македонија.

2000.- Во западна Норвешка е пуштен во употреба тунелот Лердал, кој со должина од 16,9 километри го надмина Свети Готхард, дотогаш најдолгиот друмски тунел во светот.

2001.- НАСА соопшти дека вселенскиот телескоп „Хабл“ открил атмосфера на една планета 150 милиони светлосни години од Земјата, што претставува прво директно откритие на атмосфера надвор од нашиот Сончев систем.

2005.- Во експлозија на рудник за јаглен во покраината Хелионџианг, во североисточна Кина, загинаа 183 рудари.

2005.- Доктори во Франција први во светот изведоа делумна трансплантација на лице врз пациентка на која и беше изобличено лицето од напад на куче.

2006.- При пад на ирански воен авион загинаа 36 лица. Две лица ја преживеаја несреќата на авионот „Антонов 74“ кој требаше да лета за Шираз, илјада километри јужно од иранската престолнина. Авионските несреќи се многу чести во Иран. Во јануари истата година во северозападниот дел на Иран се урна воен авион „Фалкон“, усмртувајќи 11 лица, а во декември авион се урна врз зграда во Техеран, при што загинаа 115 лица.

2006.- Собранието на Канада одлучи да ја признае франкофонската покраина Квебек  како посебна нација внатре во Канада. Со оваа одлука кончено е признаена јазичната и културна посебност на Квебек. Сепаратизмот во оваа провинција, која е една од четирите кои во 1867 се обединија и ја основаа Канада, предизвикуваше повеќе пати сериозна криза, па дури и воспоставување на вонредна состојба.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2007 во 10:52

- Национален празник на Република Албанија

- Меѓународен ден на солидарноста со палестинскиот народ

1314.- Умре францускиот крал Филип IV Убавиот, кој во 1306 година од Франција ги протера сите Евреи и им го конфискуваше имотот. Во судирот за превласт го надмина папата Бонифаци VIII и ја пренесе папската столица во Авињон. Заради зајакнување на позицијата во борбата против ватиканските к*рии, во 1302 година првпат во историјата на Франција свика Собрание на трите сталежи со што граѓанскиот сталеж почна да учествува во политичкиот живот на земјата.

1516.- Во Венција умре италијанскиот сликар Џовани Белини. Наслика многу композиции и портрети. Им беше  учител на Џорџоне и Тицијан. Тој е еден од создавачите на таканаречената Венцијанска ренесанса. Роден е во Венеција, во 1426 година.  

1543.- Умре германскиот сликар Ханс Холбајн Младиот, еден од најзначајните светски портретисти. Посебно место заземаат портретите од англиското аристократско друштво, изработени со креда во кралскиот дворец во Виндзор, каде беше дворски сликар на кралот Хенри VIII.

1643.- Во Венеција умре Клаудио Монтеверди, еден од најистаканатите италијански оперски композитори од епохата на барокот. Роден е во Кремона, на 4 декември 1567 година.

1780.- Умре австриската царица, чешка и унгарска кралица Марија Терезија, која во текот на владеењето од 1740 до нејзината смрт ги спроведе реформите во духот на просветниот апсолутизам, но вршеше и германизација и насилно покатоличување.

1797. - Во Бергамо е роден Гаетано Доницети, италијански оперски композитор, романтичар, творец на лесна и убава музика, полна со драмска динамика. Негови познати дела се: "Ќерката на полкот", "Дон Пасквале", "Лучија ди Ламермур" и "Љубовна напивка". Умре во Бергамо, на 8 април 1848 година.

1864.- Во Сенд Крик во американската држава Колорадо единицата на полковникот Џон Чивингтон масакрира најмалку 400 Чеени и Апачи, кои се предадоа и им беше ветена заштита на местото каде се населија.

1890.- Отворено е заседанието на првото јапонско собрание.

1895.- Роден е американскиот филмски режисер и кореограф Вилијам Беркли Инос, познат како Базби Беркли, кој го втемели принципот на мјузиклот како филмски жанр. Филмови: „Копачи на злато 1933“, „Холивудски хотел“, “Бебе на Бродвеј“, „42. улица“, „Римски скандали“.

1902.- Роден е италијанскиот писател Карло Леви, автор на романот „Христос застана во Еболија“, во кој го опишува тешкиот живот на италијанските селани зан време на фашизмот. Во тоа време беше интерниран на југот на Италија.

1924.- Умре италијанскиот композитор Џакомо Пучини. Неговите опери се одликуваат со силни емоции, патетичност и сентименталност. Дела: операта „Боеми“, „Тоска“, „Мадам Батерфлај“, „Турандот“, „Манон Леско“, „Девојката од Запад“, „Џани Скики“.

1926. - Во Тетово е пуштена во редовно производство хидроелектраната "Пена", прв и најстар хидроенергетски објект во Македонија. Изградена е во периодот од 1924 до септември 1926 година. Инвеститор беше Тетовското индустриско акционерско друштво формирано на иницијатива на Михајлович, руски емигрант кој живееел во Тетово.

1932.- Роден е францускиот државник Жак Рене Ширак, премиер од 1974 до 1976 и повторно во 1986, а претседател на Франција од 1995 до 2007 година.

1943. - Во Јајце почна Второто заседание на АВНОЈ. Беше основан Националниот комитет за ослободување на Југославија. Декларативно беше одлучено „Југославија да се изгради на демократски федеративен принцип како заедница на рамноправни народи“, а на кралската влада која пребегна  и беше забрането враќање во земјата.

1945.- Во Југославија беше укината монархијата и сите права на кралот Петар II Караѓорѓевиќ.

1947.- Генералното собрание на Обединетите нации изгласа поделба на Палестина, на еврејски и палестински дел. Ерусалим беше под контрола на Светската организација, а тоа во 1948 година овозможи создавање на државата Израел.

1953. - Во Велес почна со работа фабриката за порцелан и керамички плочки "Борис Кидрич".

1958. - Скопје и некои други градови од Македонија имаа можност со добар прием да ја гледаат Италијанската телевизија.

1962. - Велика Британија и Франција потпишаа спогодба за изработка на суперсоничен авион од типот "Конкорд".

1973.- Во пожар во стоковна куќа во јапонскиот град Кумамото загинаа повеќе од 100 луѓе.

1973. - Во Маврови Анови е формирано Здружението на радиостаниците во Република Македонија.

1981.- Умре американската филмска глумица Натали Вуд, која стана филмска ѕвезда уште како дете („Чудо на 34. улица“). Останати филмови: „Бунтовник без причина“, „Сјај во трева“, „Трагачи“, „Приказна од западната страна“.

1987.- Јужнокорејски авион со 115 патници и членови на екипажот се урна врз Бурма. Во Бахреин потоа беше уапсена жена која призна дека е севернокорејски агент и дека го поставила експлозивот во авионот по наредба на нејзината влада со цел да се спречи одржувањето на Олимписките игри во Сеул во 1988 година.

1990.- Советот за безбедност на Обединетите нации усвои резолуцијата за употреба на сите мерки за истерување на Ирачаните од Кувајт доколку ирачките трупи не се повлечат до 15 јануари 1991 година.

1991.- Д-р Ксенте Богоев е избран за нов претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

2001. - Умре англискиот музичар Џорџ Харисон, поранешен член на „Битлси“, легендарната четворка од Ливерпул. Иако беше во сенка на тандемот Џон Ленон и Пол Макартни, значително придонесе во опусот на музичката група и создаде повеќе незаборавни песни.

2003.- Во Велика Британија му беше одобрен политичкиот азил на водачот на чеченските исламски терористи Ахмед Закајев.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2007 во 11:09

1508.- Роден е италијанскиот архитект Андреа Паладио. Тој разви модерен стил засновен врз класичните принципи на римското градежништво и е еден од најзначајните претставници на доцната ренесанса. Се одликува со извонредна смисла за монументално и функционално градење. Градел цркви, палати, вили, воени објекти, паркови и други урбанистички целини, а најповеќе во Винченца и во Венеција, вклучувајќи ја и прочуената вила Ротонд кај Винченце и црквата Ротендор во Венеција. Теориските ставови ги објавил во делото „Четири книг за рхитектурата“.

1667. - Во Даблин е роден Џонатан Свифт, најголем англиски сатиричар еден од најостроумните критичари на човековата природа и општествените процеси. Негови познати дела се романот "Гуливеровите патувања", "Битка на книги" и "Приказна за бурето". Умре во Даблин, на 19 октомри 1745 година.

1694.- Умре италијанскиот лекар и ботаничар Марчело Малпиги, творец на микроскопската анатомија.

1718.- Загина шведскиот крал Карл XII при опсадата на Фредрикш на почетокот на шведската инвазија на Норвешка. Во текот на владеењето од 1697 година се посвети главно на војувањето.

1835. - Роден е Марк Твен, голем американски хуморист, новинар и предавач. Неговото книжевно дело е големо. Меѓу најдобрите дела се оние со тематика од животот крај реката Мисисипи и на нејзините брегови. Негови најпреведувани дела се: "Доживувањата на Том Соер", "Доживувањата на Хаклбери Фин" и "Животот на Мисисипи". Умре на 21 април 1910 година.

1838.- Мексико и објави војна на Франција која три дена порано го окупира градот Вера Круз.

1853.- Русија во Кримската војна ја уништи турската флота пред црноморското пристаниште Синопе.

1872.- Во Глазгов е одигран првиот меѓународен фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Англија и Шкотска, кој заврши со резултат 0:0.

1874. - Роден е Винстон Леонард Спенсер Черчил, британски државник и писател. Како офицер се бореше од 1897 до 1898 година во колониите (Индија, Судан), потоа стана државен потсекретар на колониите, министер за трговија и за внатрешни работи и прв лорд на Адмиралитетот. Во најтешките денови за Англија, во Втората светска војна, беше претседател на владата и водач на Конзервативната партија. Заедно со Сталин и Рузвелт даде решавачки придонес за победата над фашизмот и над силите на Оската. Негови познати дека се: "Втората светска војна", "Моето африканско патување", "Историја на светската војна", и други. Во 1953 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре на 24 октомври 1965 година.

1894. - Македонскиот револуционер Гоце Делчев (лично од Даме Груев) е примен за член на ВМРО.

1900. - Во Париз умре Оскар Вајлд, ирски писател. Со своето пишување ги скрши викторијанските општествени конвенции. Негови најпознати дела се комедијата "Ладалото на Леди Виндермаер", "Важно е да се викаш Ернест", "Идеален маж" и романот "Сликата на Доријан Греј". Роден е во Даблин на 15 октомври 1854 година.

1939.- Стрелан е унгарскиот револуционер Бела Кун, водач на Унгарската револуција во 1919 година.

1939.- Повеќе од 20 советски дивизии го започнаа нападот врз Финска „змиска војна“, кој заврши со мировен договор во март 1940 година. Со мировниот договор Финска беше принудена да се откаже од градот Виборг.

1955.- Во Белград умре Јосип Славенски хрватски композитор. Најпознати дела од неговиот богат опус се „Песна на мојата мајка“, „Словенска соната“, „Симфонија на ориентот“ и други. Роден е во Чаковец, на 11 мај 1896 година.

1957.- Умре италијанскиот оперски пејач Бењамино Ѓиљи, еден од најголемите тенори на 20. век. Тој блескаше во оперите на италијанските и француските композитори, а исто така играше и во многу филмови.

1966. - Барбадос, еден од островите на Малите Антили, кој 300 години беше британска колонија, прогласи независност.

1971.- Советската автоматска станица „Марс-2“ влезе во орбитата околу Марс и на неговата површина спушти посебна капсула со советско знаме.

1975.- Африканската земја Дахомеј го промени името во Бенин. До 1960 година беше составен дел на Француска Западна Африка, а потоа стана незавизна.

1986.- Умре американскиот филмски глумец од англиско потекло Кери Гранд, кој се истакна како сјаен комичар во комедиите на Хаурад Хокс, но и како толкувач на карактерни улоги во филмовите на Алфред Хичкок. Филмови: „Страотна вистина“, „Само ангелите имаат крилја“, „Филаделфиска приказна“, „Арсеник и старите чипки“, „Осомничен“, „Ден и ноќ“, „Мајмунски работи“, „Север-северозапад“.

1989.- Терористи го убија западногерманскиот банкар Алфред Херхаузен.

1996.- Владата и бунтовниците во африканската земја Сиера Леоне потпишаа договор за крај на шестгодишната граѓанска војна.

1998.- Собранието на Република Македонија ја избра новата Влада на Република Македонија на чело со премиерот Љубчо Георгиевски.

2000.- Претседателот на Собранието на Република Македоија Саво Климовски поднесе оставка на оваа функција, а за претседател на Собранието на Република Македонија е избран Стојан Андов.

2002.- Турција после 15 години ја укина вонредната состојба во југоситочниот дел на земјата, каде во текот на к*рдската буна загинаа најмалку 30.000 луѓе, меѓу кои голем број цивили.

2004.- Република Македонија воспостави дипломатски односи со Република Бенин и Буркина Фасо.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2007 во 12:43

- Светски ден на борба против сидата

- Национален празник на Романија

1135.- Умре англискиот крал Хенри I, младиот син на Вилијам I Освојучот. Во текот на владеењето од 1100 година, ја заврсти кралската власт, а во 1106 година ја освои Нормандија и ја припои кон Англија.

1455.- Умре италијанскиот вајар Лоренцо Гиберти, познат по изработката на вратите на крстителната катедрала во Фиренца. На конк*рсот во 1401 година во силна конк*ренција му е доверена изработката на други врати во црквата, кои ги заврши во 1424 година, а од 1425 до 1453 година ја изработи третата врата, наречена „врата на рајот“, кај која на нов начин го решил проблемот со просторот. Изработил и повеќе кипови во Фиренца и Сиена, вклучувајќи го и рељефот за катедралата во Сиена, работен од 1417 до 1427 година, а неговите „Commentarii“  се документ од голема вредност за изучување на италијанското сликарство.

1516. - Во Рим, умре Џовани Белини Џамболино, голем италијански сликар, најзначаен од тројцата браќа (Јакопо, Џентиле, Џовани) Белини од Венеција. Сликаше композиции, портрети, им беше учител на Џорџене и Тицијан и е еден од основачите на Венецијанската сликарска школа во италијанската ренесанса. Роден е во 1430 година.

1603. - Во Лондон умре Вилијам Гилберт, англиски научник-лекар и физичар. Особено се занимаваше со испитувањето на магнезиумот и електрицитетот и воведе повеќе поими и изрази за магнетите и за електричните големини. Неговото класично дело "Де магнете" (1600) претставува прво големо научно дело објавено во Англија. Називот "Гилберт" е даден на единицата на магнетомоторните сили. Роден е во 1540 година.

1640. - По востанието со кое е соборена шпанската власт, Португалија стана независна држава.

1640.- Португалија по востанието со кое е отфрлена шпанската власт повторно се стекна со независност, а две недели подоцна војводата од Браганц е крунисан за португалски крал под името Жоао IV. Шпанија независноста на Португалија ја призна дури во 1668 година.

1813. - Русија, Прусија и Австрија се согласија да извршат инвазија врз Франција, бидејќи Наполеон одговори неодредено на мировните услови на сојузниците.

1821.- Независност од Шпанија прогласи и Доминиканската Република, теритотија која го зафаќа источниот дел од карипскиот остров Хаити, тогаш познат како Хиспањола.

1822.- Основачот на бразилското царство Дом Педро е крунисан за цар на Брализ под името Педро I. По потекло му припаѓаше на португалското кралско семејство Браганц.

1825.- Умре рускиот цар Александар I Петрович Романов. По стапувањето на престолот во 1801 година започна со серијата либерални реформи, а во текот на владеењето Русија значитело се пришири територијално.

1896.- Роден е Георгиј Константинович Жуков, маршал на Советскиот Сојуз, истакнат војсководец во Втората светска војна. Раководеше со скршувањето на германската офанзива на Москва, ги водеше битките кај Волгоград (тогаш Сталинград) и Санкт Петербург (тогаш Ленинград), а трупите под неговата команда го зазедоа и Берлин, во мај 1945 година. Напиша мемоари под наслов „Спомени и размислувања“. Умре во Москва, на 18 јуни 1974 година.

1906.- Во Париз е отворено киното „Omnija Pate“, прва сала наменски изработена во светот за прикажување филмови.

1918. - Во градот Алба Јулија, народот од Трансилванија, претставен од делегации од сите места, прокламира обединување на Трансилванија со Романија. Со овој историски акт е заокружен процесот на националното обединување на романскиот народ, започнат истата година, кога романските провинции Бесарабија и Буковина, кои беа под странска доминација, во март односно во ноември, се приклучија кон матичната земја.

1918.- Со одлука на данското собраие Исланд се стекна со независност.

1934.- Во Ленинград е убиен членот на Политбирото и сректар на Централниот комитет на Советската комунистичка партија Сергеј Миронович Киров. По убиството на Киров, Сталин започна со бранот чистки и до 1938 година физички леквидирал повеќе стари револуционери, водачи на Октомвриската револуција.

1935.- Роден е американскиот филмски глумец и режисер Ален Стјуарт Кенигсберг, познат како Вуди Ален, обновувач на холивудската филмска комедија во седумдесеттите години од 20. век. Филмови: „Земи ги парите и бегај“, „Се што отсекогаш сте сакале да знаете за сексот но не сте се осудиле да прашате“, „Љубов и војна“, „Ени Хол“, „Менхетен“, „Ентериери“, „Сонот на летната ноќ“.

1936.- Умре италијанскиот писател Луиѓи Пирандело, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1934 година, еден од најзначајните драмски писатели во 20. век. Напишал 33 драми, собрани под насловот „Голи маски“. Дела: „Приказни за една година“, „Покојниот Матија Паскал“, „Нејзиниот сопруг“, „Ѓакомино“, „Хенри IV“, „Шест лица го бараат писателот“.

1943. - Во Дебарца излезе првиот број на весникот "Братство", орган на Првата македонско-косовска НОУ бригада.

1943. - Во селото Зборско, на планината Кожув, излезе првиот број на весникот "Народна борба", орган на Втората македонска НОУ бригада.

1974.- Во американскиот авион „боинг 727“, кој се урна во близина на Вашингтон, загинаа сите 92 патници и членови на екипажот.

1981.- Во најголемата авионска несреќа во историјата на југословенското воздухопловство, авионот „DC-9 super 80“ на љубљанската „Инекс адриа авиопромет“, кој удри во планина во близината на Корзика, загинаа сите 178 патници и членови на екипажот.

1987. - Во Скопје, умре Андон Димитровски - Петко, првоборец и носител на "Партизанска споменица 1941". По ослободувањето работеше во органите за внатрешни работи. Роден е во Крушево, во 1922 година.

1988.- Беназир Буто стана премиер на Пакистан, како прва жена на чело на една исламска земја.

1989.- Михаил Горбачов како прв советски лидер го посети Ватикан и со папата Јован Павле II договорија да се воспотават дипломатски односи меѓу Советскиот Сојуз и Ватикан.

1991.- На референдум во советската република Украина граѓаните со големо мнозинство се изјаснија за независност.

1994.- Во Бордо, Франција, на 21. Генерално собрание на Светската федерација на воени ветерани, што се одржа од 1 до 6 декември, Сојузот на борците од Народнослободителната и антифашистичка војна на Македонија е примен за полноправен член.

1995.- Хавиер Солана, е избран за генерален секретар на Атланската алијанса. Во Брисел, амбасадорите на НАТО, постигнаа договор за назначување на Солана, како наследник на Вили Клас.

1998.- Нафтената компанија „Ексон“ се согласи за рекордна сума од 76,6 милијарди долари да ја купи корпорацијата „Мобил“, со што е создадена најголемата светска нафтена компанија.

2002.- Во пожарот кој зафати дискотека во центарот на Каракас загинаа најмалку 50 луѓе, од кои најмногу од нив се задушија.

2004.- Во Утрехт умре принцот Бернард де Лип - Бистерфелд, таткото на холандската кралица Беатрис. Принцот Бернард е роден во германскиот град Јена, на 29 јуни 1911 година. Во 1937 година се ожени со тогашната холандска престолонаследничка Јулијана со која имаше четири ќерки: Беатрис (родена 1938), Ирене (1939), Маргрит (1943) и Кристина (1947).

2005.- Еден од петмината главни команданти на меѓународната терористичка мрежа Ал Каида, Египјанецот Абу Хамза Раби, е убиен во Северен Вазиристан, област во Пакистан во близина на границата со Авганистан.

2006.- Повеќе од илјада луѓе загинаа, околу 500 беа повредени, а околу 600 се водат за исчезнати, во налетот на тајфунот кој ги погоди источните делови на Филипини.

2006.- Повеќе од 250 луѓе загинаа во поплавите кои ги погодија источноафриканските земји Кенија, Сомалија, Руанда и Етиопија.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2007 во 10:16

- Денеска е Светски ден на лицата со хендикеп

1800.- Во Врба, кај Блед, е роден Франце Прешерн, еден од најголемите словенечки поети. Најзначајно негово дело е „Сонетен венец“. Умре во Крањ, на 8 февруари 1849 година.

1857.- Роден е Џозеф Конрад, англиски писател, по потекло Полјак. Најчеста тема на неговите романи и раскази е борбата на човекот со морето. Негови најзначајни дела се романите „Прогонетиот од островот“, „Ностромо“, „Лорд Џим“ и други. Умре на 3 август 1924 година.

1942. - Во Тетово излезе првиот број на весникот на Окружниот комитет на КПЈ за територијата на Македонија под италијанска окупација "Востаник". Излегуваше до февруари 1943 година.

1949. - Умре Елин Пелин (вистинското име му е Димитар Иванов Стојанов), прв оригинален бугарски писател за деца, еден од најдобрите сликари на бугарското село. Најпознати дела му се "Раскази", "Пижо и Пендо", "Земја", "Јас и Ти,Тој", "Дедовата ракавица", " Сказни и раскази", "Јан Бибијан на Месечината" и други. Роден е во 1877 година.

1965. - Умре Благоја Стефановски - Гојчо, македонски револуционерен и воен раководител. Уште во најраната возраст се вклучи во борбата на Синдикатот. Беше член на СКОЈ и на КПЈ. Роден е во Куманово, на 15 август 1915 година.

1967. - Лекарите во Кејптаун, во Јужноафриканската Република, објавија дека во болницата "Гроте Шур", за првпат во историјата , е извршена успешна трансплатација на човечко срце. Екипата на чело со д-р Кристијан Барнар изврши операција врз заболениот Луис Вашкански, меѓутоа тој умре по десетина дена.

1980. - Во Скопје умре Драги Костовски, познат македонски артист кој на најшироката јавност и е познат по исклучителните остварувања, по многубројните улоги на театарската сцена, на филмот, на телевизијата и во радиодрамската уметност. Роден е во Битола на 22 април 1930 година.

1991.- Во Струмица умре Стојан Гогов, доајен на народниот театар "Антон Панов" од Струмица. Роден е во 1924 година.

1993.- САД отворија Канцеларија за врски, а на чело на ова дипломатско претставништво е поставен Роберт Норман.

1997.- Германското Министерство за одбрана поведе дисциплинска постапка против шестмина војници, кои просториите во нивните касарни ги украсувале со слики на Адолф Хитлер и со нацистички знамиња.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2007 во 11:05

1443.- Роден е италијанскиот свештеник Џулијано дела Ровер, од 1503 година до неговата смрт во 1513 година папа Јулиј Втори, најголем покровител на уметноста меѓу поглаварите на римокатоличката црква.

1560.- Умре францускиот крал Франсоа Втори, кој владееше само една година. На престолот го наследи неговиот брат Шарл ДеветТи, за време во кое владетелите ги започнаа верските војни меѓу римокатолиците и хугенотите (француските протестанти).

1791.- Умре австрискиот композитор Волфанг Амадеус Моцарт, еден од најгенијалните музички творци во историјата. Беше „чудо од дете“, во шестата година ја напиша првата композиција, во осмата соната, а во 12-та година операта под името „Едноставна измама“. Напишал околу 600 дела: оперите „Фигаровата свадба“, „Волшебната флејта“„Дон Џовани“, и други, симфонијата „Хафнер симфонија“, „Линцерска симфонија“, „Прашка симфонија“, „Симфонија во g-mol“, „Јупитер симфонија“, „Реквием“, „Мала ноќна музика“.

1839.- Роден е американскиот коњанички офицер Џорџ Армстронг Кастер, кој како командант на една коњаничка единица ја предводеше воената кампања во 1870 година против индијанските племиња во Канзас, Дакота и Монтана во име на владата на САД. Загина во јуни 1876 година во битката кај Литл Биг Хорн, кога Сијуксите под командата на поглаварот „Лудиот Коњ“, уништија дел од Седмата коњаничка единица и ги убија сите 264 американски војници кои учествуваа во битката.

1867.- Роден е полскиот државник, маршалот Јозеф Клеменс Пилсудски, прв претседател на Полска од 1918 до 1922 година и иницијатор на бобата против советска Русија од 1920 до 1921 година. Во 1926 година воспостави воена диктатура и беше на власт до неговата смрт во 1935 година.

1870.- Умре францускиот писател Александар Дима Таткото.Тој е првиот пишувач на фељтонски роман. Најпрво се истакна со романтичните драми „Анри Трети и неговиот двор“, „Антони“, „Кулата Нел“ „Кин“. Пишувал и комедии, но светската слава ја стекна со многубројните романи со мотиви од француската историја. „Тројцата мускетари“, „Грофот од Монте Христ“, „Кралицата Марго“, „Дваесет години подоцна“.

1890.- Роден е австрискиот филмски режисер Фриц Ланг, еден од најзначајните претставници на експрезионизмот. Пребегал во САД од нацистите, но на крајот на педесеттите години од 20. век се вратил во Западна Германија во која останал се до смртта во 1976 година. Филмови: „Метрополис“, „Убиецот М“, „Тестаментот на д-р Мабузе“, „Само еднаш се живее“, „На двиот запад“, „И џеладите умираат“, „Додека градот спие“, „Надвор од секој сомнеж“, „Индиски надгробен споменик“ и други.

1901.- Роден е американскиот режисер, автор на стрипови, филмски аниматор и продуцент Волтер Илајас Дизни, познат како Волт Дизни, творец на модерниот цртан филм, добитник на 29 Оскар. Неговите цртани филмови „Снежана и седумте џуџиња“, „Пепелашка“, „Петар Пан“, „Бамби“, „Пинокио“, „Алиса во земјата на чудата“ и стриповите „Пајо Паторот“, „Трите прасиња“ и други и сега се популарни во целиот свет. Според него се изградени и забавните паркови „Дизниленд“ во Калифорнија и „Дизниворд“ во Флорида.

1906.- Роден е американскиот филмски режисер од австриско потекло Ото Премиџер, пионер во примената на „широкото платно“, изразувајќи длабока смисла за анализата на човечките карактери. Филмови: „Лаура“, „Ангелско лице“, „Кармен Џонс“, „Река без враќање“, „Човекот со златната рака“, „Анатомија на едно убиство“, „Егзодус“, „Кардинал“.

1926.- Умре францускиот сликар Клод Оскар Моне, еден од основачите на импресионизмот. Според неговата слика „Импресија, излезот на сонцето“, изложена во 1874 година во Париз, називот го доби целиот сликарски правец, на кого Моне беше најдоследен и највлијателен претставник. Изврши огромно влијание врз европското сликарство.

1927.- Роден е талјандскиот крал Бумипон Адуѓаде, кој на престолот стапи во 1946 година како Рама Деветти.

1940.- Умре чешкиот виолинист и композитор Јан Кубелик. Тој јавно почна да настапува веќе во осмата година од животот, стекнувајќи углед на еден од најголемите виолински виртуози на своето време. Дела: „Американска симфонија во a-mol“, шест концерти за виолина и оркестар, симфониски варијации за виолина и камерен оркестар, кратки композиции за виолина и клавир.

1943.- Кај селото Сливово, Охридско, селските одборници, заедно со старите илинденски борци, водеа тешка и нерамна борба против германско-балистичките сили кои концентрирано ја нападнаа слободната територија во Дебарца и така им овозможија на жените, децата и старите луѓе од селото да се префрлат на планината Караорман.

1952.- Во Белград е основан Музејот на Никола Тесла, кој е отворен на 20 октомври 1955 година. Музејската поставка содржи повеќе од 150.000 документи, модели на апарати, патенти, макети, биболиотека и многу книги и брошури.

1956.- Бритнаските и француските трупи почнаа со повлекување од Египет во Суетската војна.

1962.- САД и Советскиот Сојуз постигнаа договор за мурољубиво користење на вселената.

1977.- Египет ги прекина односите со Сирија, Либија, Алжир, Ирак и Јужен Јемен, земјите кои жестоко се противеа на започнатиот мировен процес помеѓу Египет и Израел.

1978.- Во Иран избија бран протести против шахот Реза Пахлави. Поради штрајковите производството на нафта беше преполовено.

1983.- Умре американскиот филмски режисер Роберт Олдрич, кој снимаше трилери, вестерни, хорор филмови, психолошки драми и комедии. Филмови: „Што се случи со Бејби Џејн?“, „Вера Круз“, „Апач“, „Дванаесетмината жигосани“, „Смртоносен бакнеж“, „Затворски круг„, „Големиот нож“, „Затворски двор“ и други.

1991.- Хрватскиот сабор го отповика Стипе Месиќ од Претседателството на СФРЈ, кој по тој повод рече: „Мислам дека ја завршив работата - Југославија повеќе ја нема“.

1995.- Армијата на Шри Ланка го зазеде Џафан, град на истоимениот полуостров, кој пет години беше главно упориште на тамилските бунтовници.

1995.- Шефот на шпанската дипломатија Хавиер Солана официјално ја презеде функцијата генерален секретар на НАТО, како прв Шпанец на чело на Алијансата.

1996.- Претседателот на САД, Бил Клинтон ја именуваше Медлин Олбрајт за прва жена министер за надворешни работи (државен секретар) во американската историја.

1999.- Во Република Македонија е одржано прегласувањето во вториот круг од претседателските избори, во 24 изборни единици, при што за претседател на Република Македонија е избран Борис Трајковски.

2001.- Во Скопје, во издание на СМК излезе првиот број на крим-ревијата „Сведок“.

2002.- На состанокот во Осло, лидерите на Шри Ланка и тамилските бунтовници постигнаа договор за начинот на владеењето во државата по 19-годишната граѓанска војна.

2003.- Во експлозија на бомба која во приградски воз на југот на Русија, недалеку од Чеченија, ја активираше исламска терористка-самоубиец, загинаа најмалку 46 лица.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2007 во 12:19

1520.- Германскиот црковен реформатор Мартин Лутер ги прекина сите врски со Рим.

1603.- Умре англискиот лекар и физичар Вилијам Гилберт, наречен „татко на електрицитетите“, личен лекар на кралицата Елизабета Прва. Во физиката се прослави, иако таа гранка му беше само хоби, со капиталното дело „За магнетите“. Докажа дека Земјата е голема топка магнет и дека иглата на компасот не управува според небото, како што дотогаш се верувало, туку според магнетните полови на планетата. Со сфаќањата на магнетизмот на небеските тела и електрицитетот силно влијае на развојот на науката во 17. век.

1810.- Францускиот цар Наполеон Први на Франција и додаде германски територии со градовите Хановер, Бремен, Хамбург, Лауенбург и Либек.

1819.- Роден е италијанскиот револуционер Фелице Орсини, еден од најистакнатите членови на „Млада Италија“, движење за ослободување и обединување на италијанските земји. Во 1858 година се обиде да изврши атентат врз францускиот цар Наполеон Трети, по што беше погубен. Дела: „Австриски темници“, „Спомени и авантури“, „Политички спомени“.

1822. - Роден е Сесар Франк, француски композитор од белгиско потекло, оргулист, еден од најголемите творци во француската музика во 19 век. Умре на 8 ноември 1890 година. Дела: „Симфонија d-mol“, симфониските поеми „Eolides“, „Psyche“, „Les Djinns“, „Симфониски варијации за клавир и оркестар“, соната за виолина и клавир, клавирски квинтет, композиции за оргули и за клавир.

1830.- Родена е Емили Дикинсон, најголемата американска поетеса. За време на својот прозаичен живот на осамена домаќинка објави само четири песни, додека посмртно беа откриени повеќе од илјада песни, а потоа објавени во шест тома. Умре во 1886 година.

1845.- Англискиот градежен инженер Роберт Томпсон ја патентираше првата пневматска гума.

1848.- Луј Наполеон со големо мнозинство ги доби изборите за претседател на Франција. Четири години подоцна изврши државен удар и се прогласи за цар Наполеон Трети.

1868.- Првите семафори за регулирање на сообраќајот во светот почнаа да работат во Лондон, на булеварот пред зградата на парламентот.  

1896. - Во Сан Ремо умре Алфред Нобел, шведски хемичар, пронаоѓач и индустријалец. Во 1867 година го пронајде динамитот, а во 1886 година балиститот, еден од првите бездимни барути. Патентира повеќе од 100 изуми. Од производството на динамитот се збогати, па во тестаментот од 27 ноември 1895 година, остави фонд од 9,2 милиони долари за доделување награди за вонредни достигнувања, на подрачјето на физиката, хемијата, медицината, литературата, за залагањето за мир и за економија - Нобелова награда. Наградите за физика, хемија, медицина, литература и за залагање за мир првпат се доделени 1901 година. Роден е во Стокхолм на 21 октомври 1833 година.

1898.- По поразот во америкаснко-шпанската војна, Шпанија во Париз со мировен договор се откажа од Куба, Порторико, Гуама и Филипини. Тоа беше крај на шпанското колонијално царство освен од териториите во Африка.

1904.- Роден е чехословачкиот државник Антоњин Новотни, генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Чехословачка од 1953 година и шеф на државата од 1957. Од функцијата е сменет во почетокот на 1968 година, кога почнаа реформите наречени „Прашка пролет“, кои беа оневозможени со воената интервенција на Варшавскиот пакт во август 1968 година.

1913. - Познатата слика на Леонардо да Винчи "Мона Лиза" е вратена во парискиот музеј Лувр, од каде што две години порано беше украдена.

1931.- Нисето Алкало Саморо и Торес стана првиот уставно избран претседател на Република Шпанија.

1936.- Британскиот крал Едвард Осми абдицираше и стана војвода од Виндзор, за да  се ожени со Американската Волис Симпсон, која претходно беше двапати мажена.

1941.- Јапински авиони во Втората светска војна во Јужнокинеското Море ги потопија британските воени бродови „Рипалс“ и „Принц од Велс“, на кои загинаа околу 800 луѓе.

1948.- Генералното собрание на Органицијата на обединетите нации, во Париз, во Палатата Шајо, ја усвои Декларацијата за правата на човекот, па тој ден се прославува како Ден на правата на човекот.

1962. - Во Скопје умре Василие Поповиќ - Цицо, сликар, карикатурист и сценограф, еден од основоположниците на сценографијата во Македонскиот народен театар. Роден е во Скадар на 12 февруари 1914 година.

1963.- Султанатот Занзибар, африканска островска држава на Индијскиот Океан, британски протекторат од 1890 година, се стекна со независност во рамките на Британскиот комонвелт. Наредната година стана република и со Тангањика создаде нова држава која го доби името Танзанија.

1964. - Познатиот црнечки политичар и борец за црнечките права во САД Мартин Лутер Кинг ја доби Нобеловата награда за мир.

1967.- Првата комерцијална термонуклеарна експлозија е извршена во Ново Мексико (САД). Причината е вадење на природен гас од подземјето.

1980.- Милтон Оботе е прогласен за претседател на Уганда, како прв африкански шеф на држава кој се врати на власт по отстранувањето со воен удар. Војската во 1985 година по втор пат го симна од власт.

1982.- Двајцата советски космонаути се вратија на Земјата по рекордни 211 дена поминати во вселената во бродот „Саљут 7“.

1983.- Раул Алфонсин ја презеде должноста претседател на Аргентина како прв демократски избран шеф на држава по осумгодишното владеење на воената хуната.

1987.- Во Чехословалчка власта ја презеде првата некомунистичка влада од 1948, година, а претседателот Густав Хусак поднесе оставка.

1992.- Британскиот престолонаследник принцот Чарлс и неговата сопруга, принцезата Дајана се разведуваат. Нивното венчавање во катедралата Сент Пол на 29 јули 1981 година беше светски медиумски настан.

1996.- Претседаетлот на Јужна Африка Нелсон Мандела го потпиша уставот со кој сите граѓаните, без оглед на расата, се исти пред законот. Тоа беше завршниот чин во демонтирањето на системот на апартхејдот.

1997.- Во Скопје излезе првиот број намагазинот „Став“, весник на студентите на новинарство при Правниот факултет.

1998.- Палестинската ослободителна организација ги поништи одредбите во својот устав кои повикуваа на уништување на Израел.

1998.- Во Скопје е отворен постојан конзулат на Канада во Македонија.

2000.- Во Скопје умре Хари Миновски, македонски новинар. Роден е во Скопје, на 20 март 1930 година.

2006.- Умре поранешниот чилеански диктатор Аугусто Пиноче. На власт дојде со воениот удар во 1973 година, кога е тргнат легално избраниот претседател Салвадор Аљенде. На чело на Чиле беше до 1990 година. Под негов режим се убиени, од политички причини, скоро 32.000 луѓе, а близу 30.000 трпеа разни облици на репресија. И покрај бројните обвиненија, ниеден судски процес против него не е изеден до крај.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2007 во 11:34

- Национален празник на Кенија

1574.- Мурат Трети  стана турски султан по смртта на Селим Втори.

1642. - Холандскиот морепловец Абел Тасман го откри островот Нов Зеланд, кој се наоѓа во југозападниот дел на Тихиот Океан, југоисточно од Австралија. Британска колонија е од 1841 година, а британски доминион е од 1907 година, кога влезе во составот на Британската заедница на народите на независна држава.

1804.- Шпанија и објави војна на Британија.

1821.- Роден е францускиот писател Густав Флобер, еден од основачите на францускиот реализам, врвен стилист. Бил песимист, скептик и непристрасен набљудувач на фактите, противник на граѓанското лицемерие. Со романот „Госпоѓа Бовари“ ја вознемири јавноста и е обвинет за повреда на јавниот морал. Останати дела: романите „Сентиментално воспитување“, „Саламбо“, „Искушението на свети Антонио“.

1863.- Роден е норвешкиот сликар Едвард Мунк. Најпознатото негово дело „Крик“ му донесе огромна популарност.

1893.- Роден е американскиот филмски глумец од романско потекло Емануел Голденбург, познат како Едвард Робинсон, кој се прослави со улогите на гангстер во криминалистичките филмови. Филмови: „Малиот Цезар“, „Кид Калабед“, „Неочекуваниот д-р Глитербауз“, „Жена на прозор“, „Рт Ларго“, „Насилство“, „Зелено сонце“.

1894.- Јапонски трупи отпочнаа инвазија врс Кореја.

1913.- Сликата на Леонардо да Винчи „Мона Лиза“ беше пронајдена во Фиренца, две години откако беше украдена од парискиот музеј „Лувр“.

1915.- Роден е американскиот пејач и филмски глумец од италијанско потекло Френсис Алберт Синатра, познат како Френк Синатра, кој светската слава ја стекна со многу музички хитови како што се песните „Странци во ноќта“ и „Њујорк, Њујорк“. Беше познат и по блиските врски со угледни личности од американското општество, вклучувајќи ги и претседателите на САД, како и со најмоќниот мафијашки „кум“ Лаки Лучено. Филмови: „Ноќите во Лас Вегас“, „Не како странец“, „Некои дотрчаа“, „Зборови и музика“, „Човекот со златната рака“, „Одовде до вечноста“ (Оскар), „Тројцата наредници“, „Четворицата од Тексас“, „Детектив“, „Голиот тркач“.

1915.- Полета првиот авион направен целосно од метал кој го конструира Германецот Хуг Јункерс.

1922. - Во Бенешов кај Прага е роден Франтишек Вацлав Мареш, професор по славистика на Виенскиот универзитет, кој има извонредни заслуги за афирмацијата на македонистиката во светот. Умре на 3 декември 1994 година.

1929. - Роден е Џон Озборн, англиски драмски писател. Се прослави со драмата "Сврти се во гневот", во која го опишува револтот на својата генерација (млади гневни луѓе) против уништената младост и хаотичната иднина на современиот свет. Дела: „Забавувач“, „Епитаф за Џон Дилон“, „Лутер“, „Хотел Амстердам“ и други.

1936.- Два дена по абдицирањето на Едвард Осми, крал на Англија стана неговиот брат Џорџ Шести. Едвард Осми се откажа од круната за да се ожени со Американката Волис Симпсон, по што живееше во странство како војводата од Виндзор.

1939.- Умре американскиот глумец Даглас Фербанкс, многу популарен во периодот на немиот филм. Филмови: „Во знакот на Зоро“, „Тројцата мускетари“, „Црниот пират“, „Робин Худ“, „Багдатски крадец“.

1963. - Кенија стана независна држава и беше прогласена за Република во рамките на британскиот Комонвелт.

1979.- Во колумбискиот пристанишен град Тумако во земјотрес загинаа 600 луѓе, а околу 80.000 останаа без покрив над главата.

1979. - НАТО дозволи инсталирање на евроракети во Европа.

1983. - Во Скопје умре Дарко Дамески, еден од најистакнатите македонски театарски, филмски и телевизиски актери. Во 1952 година ја заврши Државната средна театарска школа во Скопје. Беше член на Драмскиот ансамбл на Македонскиот народен театар во Скопје. Во 1964 година, Дамески стана член на Драмскиот театар на чија сцена оствари четириесеттина ликови во кои дојде до израз приврзаноста кон театарската уметност. Во историјата на македонскиот филм неговото име е забележано уште во самите почетоци во "Волчја ноќ", а потоа следуваат уште триесеттина главни улоги, речиси во сите македонски филмови. Ликот на Дарко Дамески беше присутен и на малиот екран, почнувајќи од првите ТВ драми на ТВ Скопје, до речиси сите телевизиски серии и други позначајни емисии и проекти. Последните години од животот ги посвети на монодрамата преку која остваруваше најширок контакт со публиката. Роден е во Прилеп, на 12 мај 1932 година.

1992.- На индонезиските острови Флорес и Бабо во земјотрес загинаа најмалку 2.200 луѓе.

1993.- Во Будимпешта, од срцев удар почина премиерот на Унгарија, Јожеф Антал.

1994.- Врховнот суд на Бразил го ослободи поранешниот претседател Фернанд Колор де Мела, обвинет за корупција. 

1994.- Во Скопје, во издание на Центарот за дијабетис и на Клиниката за ендокринологија при Медицинскиот факултет во Скопје, е промовиран првиот број на весникот „Шеќерна болест“.

1997.- Во Париз почна судењето на Карлос Шакалот, "професионален револуционер" од Венецуела, чие вистинско име е Илич Рамирез Санчез. Тој е обвинет за некои од најспектакуларните герилски операции во 70-те и 80-те години.

1997.- Пијаното на познатиот композитор и диригент, Леонард Бернштајн на една аукција во Сотби е продадено за 387.500 американски долари.

1999.- Во Скопје е формирана Обединетата партија на Ромите во Македонија. За претседател е избран Неждет Мустафа. Регистрирана е на 22 февруари 2000 година, со седиште во Скопје.

2000.- Етиопија и Еритреја во Алжир потпишаа мировен договор со кој и формално заврши двегодишната погранична војна во која загинаа десетици илјади луѓе.

2001.- Пратениците на Демократската алтернатива Славо Климовски, Столе Попов, Радомир Каранѓелески, Никола Јованов и Љупчо Анушев изјавија дека од овој датум ќе дејствуваат како независна пратеничка група во Собранието на Република Македонија.

2003.- Умре азербејџанскиот државник Хајдар Алиев, претседател на Азербејџан кој до неговата смрт беше клучен фактор на азербејџанската политика повеќе од три децении. Пред смртта обезбеди на функцијата шеф на државата да го замени неговиот син.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,436 секунди.