IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - најдоброто од мајсторче62
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

најдоброто од мајсторче62

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 23>
Автор
Порака
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:58
МОЗАИК

на син ми

Го насетувам, кривулест и црн,
зад сивите ридишта на стравот
и го чувствувам во чекорот,
ко што ги чувствувам очите
истечени крај твојата насмевка во мракот
додека ме бараш во обидите
да го завршам мозаикот на среќата
од парчињата што не успеав да ги залепам.
за да изгледа ко што требаше....


Крајот секогаш изненадува
и никогаш не се случува
во времето кога сакаме да се случи.


Нека ми ги очите крај твојата перница
додека спиеш:
стравот во нив ќе ти кажува приказни
за птиците на мојата душа
што си ја хранеа песната со твоите насмевки
кога требаше да живееме...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:59
МЕ САКА

Ме сака:
до одвратна крајност
до неподносливост,
до најтемното дно на лудилото...
Ме сака,
ме прогонува,
во сонот ми влегува,
Ме пронаоѓа
и кога сам не можам да се пронајдам
ме наоѓа по трагот
по кој сите ме напуштаат,
по избледените патеки
во цртежот на среќата,
по мирисот на воздишките
во песната на судбината
Ме сака
а јас бегам од неа
ја плукам в лице
ја презирам
ја мавам
ја нудам на други
на трети
на четврти
ја давам секому
но никој не јасака
и никој таа не сака
освен мене
- мојата верна сиромаштија...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 10:00
ВРВ


Врвот е висок и стрм
и никој не задржал желба во инаетот
да фрли поглед од другата страна
на мојот скамент отсјај во времето...


Сеуште се видливи трагите
на последното престојување
на твојата тврдоглава експедиција -


осамено дрво никнало во мразот
од срце на тажна птица...


Осаменоста е прекрасна...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 10:02
СЕНКА


Кој е кој
кога чекориш
нога крај нога
со мојата смешна сенка.


Тешко можам да ве различам...


Освен тогаш,
кога ги собираш отпадоците
што ги оставам зад себе
после секој обед...


Се препознаваш ли, всушност,
пред да ја прочиташ ролјата
на смешен циркузант
што,глумеќи,станал сенка
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 10:03
ПОТПИСОТ НА ЉУБОВТА


Во мугрите на животот
уште невешти бевме
со лубовта да се потпишиме,
та си игравме како умеевме:
ти со погледот кроток
срамежливи насмевки од мене береше,
јас од нермајкаде на прцлите ти покажував
клисарот куц камбаната како ја бие...


Ти пораснаа градите,
пораснав и јас:
трепет по трепет – трепетлика в немир,
со усните плашливи љубовта ја потпишав
на белите снегови по нивните падини.


Качунке бела, го чуваш ли сеуште
Првиот потпис на љубовта на белите гради...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 10:05
ПОМНИШ ЛИ

Помниш ли
што можевме да бидеме
ако јас не бев јас
а ти им го изменеше изгледот
на патоказите на моите мисли
дури те бараа поинаква
од таа што не можеше да бидеш:
миросана со разврат
во сенката на сподивената река
на страстите

Помниш ли
што можевме да бидеме
ако се сретневме после сто години
и сто премолчени вистини,
а јас да бев тој што расплетува плетенки
од тишнина што мириса на тврдоглавост
а ти - нестрплив подгонувач на времето
по тесниот пат на неизодот...

Помниш ли
што можевме да бидеме
- јас останав истиот тој што те помни...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 10:06
МИ ТРЕБАШ







И крал и слуга
на срцето нејзино сум,
толу голем и толку мал
и вреден и безвреден
ненаситен волк
и палачинка за појадок
во истовреме
кога се нема време
за ништо друго
освен за еден единствен збор
ми требаш...
46 коментари | за печатење |
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 10:07
ЗАПРИ МЕ
На Пенелопа
Запри ме во летот

кога највисоко ќе бидам!

Пред да ме опијат
мирисите на вознесот
со стрелата на вистина
прострелај ми го умот
и дочекај ме подготвено
во меките треви на твојот глас
со дланки од свето проштение…

Запри ме во летот
кога највисоко ќе бидам!

Пред да ме заслепат
црните светлини на гордоста
обескрили ме со збор тивок,
потивок од раѓањето на утрото
во твоите очи
кога ме нема.

Птицо моја,
во кафезот на верноста
што ме чекаш,
како ли јас те обескрилив?
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 10:08
ПЕЧАТ



Како волчица на полноќ
завива во тебе
моето задоцнување
да ставам печат на споменарот
на твојата последна надеж ,
што ти, од залашка,
љубов ја нарече...



Тропаат стравовите
во долгите ходници
на осаменоста,
додека го бараш
во огледалото на полната месечина
одразот на последниот среќен миг
што јас, од сожалба,
го опточив со седефот
на моите емоции...

Акустично одѕвонуваат минутите
во пештерата на твојата немоќ
да го запреш истекувањето
на неостварениот сон
со боја на испарување
на едно измислено лето...

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 10:10
ТА ТИЕ СМЕ

На Гордана С.

Та тие сме,
зарем другпат поинакви сме биле,
иднината изменети не не препознава...

На опинците крвта од Самуила си ја носиме
- клето племе брат брата
за меѓа паламидна што убива...

Пилиштари прават кајгана
од јајца од шкопан петел
- во крвта им кук*рига генот
на големиот освојувач од Пела.

Та тие сме,
со песната на гладот се распознаваме
- волчјо око самоизедно...

Се газиме едни други
со клетвата вековна во длапките
- кајшто очи требало да имаме...

Пилиштари пеат славопојки
на водачи што одамна се изгубиле
во шумата на самобендисаноста
- гладно завива ембрионот на славата...

Та тие сме,
никогаш поинакви не сме биле,
со сеир – белег сами обележани...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 10:12
ЦВРСТ МИ Е ЧЕКОРОТ


Цврст ми е чекорот, сеуште,
- црвена дабовина од црв неначната


Камен по камен
пат изѕидан
- цврста калдрма...


Ги пуштив сите птици на сонот
од кафезот на славопојките.


Ниту боја,
ниту облик
- небото на вистината
си ја јаде сопствената димензија...


Жено,
Змијо,
Божице,
нека пиштат гревовите
со крвта на дедовците пренесени
- проклетство наследено.


Ждрапање до ждрапање
- крцкаат коските на последните илузии...


Цврст ми е чекорот, сеуште
- никој не ја нашол песната над песните...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 10:13
ЧУДНИ СНЕГОВИ


Некои чудни снегови паѓаат
од небото над Македонија:
снегови со мирис на прва љубов
и тивок шепот на дамнешни спомени,
кога времето се мереше
од насмевка до насмевка,
од едно до друго
треперење на срцето
и немирот меѓу последното спуштање
на телефонската слушалка
и секое ново ѕвонење на телефонот,
кога душата ја наводнуваа
полифоничните дождови
на бакнежите
плашливо украдени во мракот:
под некоја липа,
на некоја клупа,
во некој сокак...
За време на секоја пропуштена
кино претстава...


Некои чудни снегови паѓаат
од небото над Македонија,
снегови обоени
со музиката на твоето име
што ја создадов тогаш,
кога те шепотев во мислите,
нурнат во морето на среќните мигови,
како ловец на бисери,
и ја барав школката со клучот
од врата на нашата бесконечност,
преполн од твојот сон на разбудено кокиче
и мојата амбиција да те маѓепсам
со чинките на исконските зборови...


Некои чудни снегови паѓаат
од небото над Македонија
а јас и ти сме заборавени ликови
во две различни сказни,
кои воопшто не наликуваат една на друга
и не се читаат во исто време...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 10:14
ДЕЛТА

Молчиш,
a збор си незапирлив
- меѓите на молкот што ги размеѓува.

Во секоја трага се вградуваш
во секој стих – втемелуваш...

Течам,
а корито немам
- пред истекот цел да се соберам.

Од секој збор истекувам,
сам во себе претекувам...

Најди ми делта да се разлеам
- да оживеам...

Мојата делтата одамна изгубена!

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 10:15
МИГОВИ


На Мики, за неговиот 14-ти роденден


Ги собирам во крпа од крпено време,
а како вчера се да беше
и како завчера да почнав да ја нижам низата
од твоите насмевки неотсмеани
- мои сонца недогреани.


Колку да се – доста не се:
душата ми е иловица испостена
- сува земја зажедната...


Придај боже - фазла не ќе се!


Ги собирам во очите, во душата,
сите твои зборови првпат изречени,
јас, ненаситен собирач на капки роса
со нокти ги прекопувам
скржавите карпи на секој ден пред заоѓање
- уште една капка да украдам од нив.


Колку да се – доста не се,
ноктитете канџи ми се железни:
ненасит – точило ми ги остри...


Придај боже – од кожава не се може...

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,273 секунди.