|
СКОПЈЕ 2014 или ЛУНА ПАРК '14 |
Внеси реплика | страница <1 143144145146147 229> |
Автор | ||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
aiiii....pa , preku k*r!!
...ti imash li pojma deka tie od njujork times zemaat tri - chetriri godishna plata,.... na istite ovie makedonski novinari ....za samo eden eban gospodov mesec"!?!
...da ne spomnuvam ponatamu,.
.....
...zatoa konjot ....so voinot mozesh da si go klaish;
.....znaesh vekje kade,
....''pameten'' si ,
...kako i site dpmnee-ovci.....vprochem!
|
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
Diogen
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не можев да одолеам иронично да одговорам на предлогот за конк*рс за наоѓање име за споменик кој е очигледно дефиниран... Написот го прочитав и Њујорк Тајмс напишал реално како стојат работите... Па што се правиме недоветни дека сме ставиле воин на коњ, а цел свет бруи за Александар Македонски... Па на конк*рс ќе сме бирале име на споменикот.. Тактикава е катастрофа, го убедуваме светот дека сме ставиле некоја статуа која тек треба да добие име....
|
||
DameMak
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Оф оф - „Грозјето е кисело“.
Прво не чинеше идејата за споменик на Алекасндар. Сега, „Абе убав е, ама дај да критикуваме пак за нешто“ Јухууу - му дале работно име „Воин на коњ“. Е*ати власта што ставила такво име на споменикот на Александар. Ај пак вратете се на критиките: „Многу е скап, со тие пари ќе се опраеа болниците, школите, дупките по патиштата, ...“ (на кои што критики власта одговара со константни инвестиции и во болниците, и во нови школи, и во поправање на дупки и во изградба на нови патишта, ...) Како што овој проект си се приближува кон својата завршна реализација, така критиките за него се повеќе се стихијни, инспирирани од моментот, и личат на дрн-дупки во вода: без никаков ефект. Или можеби не баш - им служат на поддржувачите на проектот за сеир, да ги гледаат инфериорноста на продуваните „аргументи“ и да уживаат |
||
Diogen
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За првиот болдиран дел, пак ќе повторам, од уметнички аспект, споменикот изгледа одлично, професионално и квалитетно изработен. Според големината и просторот кој го зафаќа, локацијата не му е соодветна, веќе плоштадот се губи, а тек кога ќе се постават и другите споменици , +2 хотела+Офицерски дом, плоштадот ќе се претвори во сокак....Или може и тоа е идејата, да не може народ да се собере, што е основната поента на еден плоштад.... И да, ако веќе ставаш споменик на конкретна историска личност, за мене е глупост да ја претставиш со „работно име“ и да очекуваш на конк*рс народот да се изјасни како ќе го нарекува..... Како што има мајтапчии во државата, да не се смеете на крај за името кое ќе му остане на коњаникот, а вие потајно си го викате Александар... За вториот болдиран дел, не знам дали си родител сеуште, ама да ти кажам дека попаметно ќе беше 100% да се инвестирааа парите во обнова на училишта и болници, затоа што додека вие се гордеете со вашите реформи (споменици, музеи, барок згради и мостови), ние родителите мораме да однесеме во училиште сапуни,тоалетна хартија (бидејќи училиштата и за тоа не добивале средства), да купуваме копир хартија ( и тоа немале) , па гледајќи какви се училниците, дури родителите се организираа и да собереме пари да ги варосаме зидовите, да не ни учат децата во руина. А тоалетите се посебна приказна, подобро да не опишувам, само кратко - хорор.... За болниците веќе видено како се инвестира, не дај боже да тргнеш по тие ходници... Мислам дека партијата треба еднаш да ви организира тура по училиштата и болниците, за да можете уште повеќе да ги величате реформите и остварувањата на вашата возљубена партија.....
Изменето од Diogen - 25.Јуни.2011 во 06:40 |
||
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Потребата на дел од народот да онанира на оваа античка идеја за големината на македонштината, не ја оправдува постапката.
Целта, не ги оправдува средствата. Во сето ова, не сум сигурна ни дали целта е иста за сите, дали сите сакаат стабилна и просперитетна Македонија, која ќе создава големини во сегашноста наместо да се поклонува на некои антички. На крајот на краиштата, сите ќе се радувавме на спомениците да беа изградени во некое друго време во кое Македонија ќе ги решаваше сегашните горливи проблеми, наместо преку спомениците да игра во политичкиот и дипломатски ринг со ниски удари и емоции кои не треба да бидат пред разумот. Целата приказна е прилично, патетична, и на светот му е тоа повеќе од јасно. Изменето од Kali - 25.Јуни.2011 во 17:58 |
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Нема што да се замерува на лошите коментари за овој проект - обично на сите што не им се допаѓа Скопје 2011 немаат капацитет за поголема слика во позитивна смисла.Обично би наоѓал и јас замерки ама 17 година од мојот живот е одамна помината,јас размислувам не само во правец на тоа колку сум горд што Македонските дејци и Македонските моменти од историјата што најдоа ќоше во главниот град на Р.Македонија туку и размислувам на тоа колку еден странец ке се задржи во Скопје,колку пари ке потроши сакајки да помине ден два повеке во Македонија бидејки некој од овие иториски моменти го заинтригирал да расчепка повеке по убавините на мојата татковина - а знам дека убавини Македонија нуди до бесвест - но тоа сум сепак само јас
|
||
Diogen
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ОК, ајде да речеме дека сите кои не размислуваат како вас е онака како што опиша погоре. Еве ќе ти реплицирам како турист, во контекст на твојата идеја за привлекување туристи. Мене како турист, ме привлекува место кое има своја приказна, пример: - Во Микена бев во кралската соба и си реков, на ова исто место каде стојам, бил Агамемнон, ене ја и неговата гробница.... - Во Москва бев на црвениот плоштад и си реков, на ова исто место биле Руските цареви, тука стоел и Ленин и Сталин и поминувала Црвената армија.... - Во Париз , на плоштадот Конкорд, бев на истото место каде Француските револуционери ги погубиле кралот Луј 14 и Марија Антоанета, го видов гробот на Наполеон Бонапарта, поминав под истата триумфална порта под која поминале сите Француски војсководци... - Во Истанбул видов каде и као живееле турските султани... Да не влечам многу, поентата ми е дека, за да дојдат туристи да видат нешто атрактивно, тоа треба да има своја приказна.... Скопје има приказна, тоа е Калето, Камен Мост , Црквите.. но не и проектот Слкопје 2014... Споменици и реплика на познати места има во многу места од светот, ако сакаат све да видат, туристите таму ќе одат- Дизниленд , Лас Вегас Сан Сити и сл.. Јас набројав малку, кажи ми ја ти приказната за Скопје 2014 на мене како турист да ме привлечеш во Скопје да седам неколку дена.... Македонија е прекрасна, ама не е само Скопје, приказната е во Кокино, Куклица, Берово, Колешино, Охрид, Струга, и мноогу други места кои треба да ги промовираме за да доаѓаат туристи. Со огромен воин на коњ, да , оној кој е на поминување ќе се слика да покаже колку забегуваме, ама нема друга приказна да раскаже.... Се надевам дека ја разбра поентата на проектот Скопје 2014...
Изменето од Diogen - 25.Јуни.2011 во 15:28 |
||
DameMak
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Диоген, ти се чудам на малодушноста која од себе пробуваш да ја шириш и на форумов. Очигледно интелигентен човек си, и според она што си го напишал сваќам дека во дел од твоето напишано ни самиот не веруваш. Ама имаш цел.
Пример 1: Во Скопје уште не донаместен споменикот, уште недоизградени сите згради од проектот Скопје 2014, било кој турист од странство што бил запрашан што мисли, само пофални зборови и суперлативи за проектот кажува. Според тоа не ти држи констатацијата дека странски туристи нема за што да доаѓаат и да се воодушевуваат од Скопје. Напушти ја малодушноста. Пример 2: За погорниот твој текст дека училиштата и тоалетите ни биле во очајна состојба. Училиштата и болниците ни се во очајна состојба 30 години. Оваа влада за прв пат почна да ја поправа ситуацијата. Примери за катастрофални тоалети како противтежа на градбата на грандиозниот Скопје 2014 не држат (ама личат на копи-пејст од душегрижничките пискарања во А-НУЛА), затоа што парите не отидоа само за Скопје 2014, па да нема за школите и болниците. Константно се вложува и таму. ТИЕ БИЛЕ ВО КАТАСТРОФА И ПРЕД 2006 И ПРЕД 2000 И ПРЕД 1990, и сега за прв пат после толку години се вложуваат пари и таму. Немораш да прифатиш дека е така - но фактите се објективни, списокот на реновирани училишта и болници секоја година и секој месец се зголемува и не зависи од твоето прифаќање или неприфаќање. Изменето од DameMak - 25.Јуни.2011 во 16:03 |
||
Persej7
Сениор Регистриран: 21.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 254 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да можев да цртам ќе ти нацртав. Приказната за Филип II и Александар III Македонски е приказната за Македонија. Македонија е еден од најјаките, ако и не најјак бренд на светот и централна цивилизациска идеја. Тоа е приказна за која светот не престанува да се интересира стотици години! Спомениците се потсетување дека таа приказна потекнува од нас, а ние го држиме брендот. Кој сака да дојде да ја искуси таа приказна и идеја, ќе дојде во Скопје (но и во Берово, Охрид, Кокино, итн.). Немам ништо против туристот да оди и во Солун, Кутлеш итн., напротив, но тоа само ќе ја потврдува нашата приказна. Изменето од Persej7 - 26.Јуни.2011 во 07:42 |
||
Persej7
Сениор Регистриран: 21.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 254 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Прво, народот не онанира, треба да чувствуваш барем малку срам јавно да искажеш таква малограѓанска злоба. Второ, Македонскиот народ е бројно мал но има огромно историско помнење, сходно истото го изразува и преку спомениците на плоштад и си го афирмира своето. Скопје 2014 и рекреирањето на нашата историја во формално историски котекст, означува дефинитивна решеност да раскрстиме со нападите врз нашиот идентитет. Значи ние сме тие што сме одговорни што македонската култура се брендира со македонската нација. Ние не можеме ние да висиме без идентитет и она што ни следува во целиот светски поредок на народи и држави. P.S. И да те прашам, што друго ги оправдува сретствата ако не целта?!?!? Изменето од Persej7 - 26.Јуни.2011 во 07:43 |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За жал, ова е само пуста желба и не дека не е вистина кажаното, туку од едноставна причина што додека Македонија се бореше со докажување на својата самобитност, се ослободуваше од прангите на ропствата и освојувањата некој (нашиот јужен сосед) камен по камен ја обновуваше и својаташе историјата од овие простори и народи. Ако прочепркаме малку по нетот и прочитаме за начинот на пристапување кон ЕУ И НАТО ќе видиме дека апликантите МОРА да поднесат ај да го наречам свое curiculum vitae или едноставно кажано биографија за себе. Во неа покрај сите оние ај да ги наречам ајтеми МОРА да напише за секоја тревичка, животинка која расте на нејзино тло, па потоа за етничкиот состав и нормално за историјата. Тука доаѓаме до поентата- бајаги години пред нас Грција при својот прием во ЕУ во своето сиви си ги напиша и Вергина и Филип, и Александар и покраината Македонија и ЕУ ги прифати и стојат таму во тој нивни трезор. Никој, ама никој жив од тие таму нема да признаат ни на бесилка дека не се потрудиле да дознаат дека освен Грција на тоа историско наследство имаат право и други од овие простори. Затоа ќе бараат Македонија да оди под некоја референца, односно никако да не се повикува на она кое веќе го присвоило или го има друга земја. Со тоа автоматски за нив секој обид за докажување е обид за рушење на принципите на ЕУ, па дури се оди дотаму што се смета за агресија кон историјата на некоја нивна членка. И како што напиша Меси -од конгресот на панмакедонската дијаспора - обидите да се промени името допрва следуваат, допрва ќе се среќаваме со референци и словенски корења и притисоци за бришење на антиката од меморијата на лугето. Спомениците ќе ни останат за локална употреба, странците се палат по старини. Можеби ќе беше убаво да ја обновевме малку Херакле, Стоби а не мозаиците да ни скапуваат под песокот и купиштата треви и коров. Но секој од нас различно гледа на тие работи -што е и неприкосновено право. И иако со куп сатира убаво е да се прочита малку посериозно она што Горан Михајловски го напиша во своето саботно обраќање Анџелина Џоли Туку два споменика му дигнаа на Филип, таткото на Александар, а мајка му Олимпија никој не ја споменува. Велат дека таа "не била од нашите", оти била од Епир, ама и за тоа ќе се најде оправдување. И Александар бил чедо на некој Рамковен договор од 356 година пред нашата ера. Па нејзин споменик убаво би се вклопил како договор во коалицијата со ДУИ. |
||
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Жал ми е што мојата реалност ти звучи злобно. Постои основна разлика во моите и твоите размислувања....јас немам против подигнување на споменици на значајни личности од македонската историја. Но, имам против: - водење на внатрешна и надворешна политика преку споменици- тоа е основната некомпетентност на власта - дразнење на нашата и онака кревка емоција со оглед на сите неволји кои не снашле, поинаку кажано: манипулирање. Ние дефинитивно немаме самопочит како народ и држава, но катастрофална грешка е да се мисли дека тој ќе се стекне со изградба на споменици- бикови, шмизли, итн итн. Само повеќе ќе заглавуваме во романтични приказни, наместо да се бавиме со реалноста. - Не знам како е возможно да размислувате дека ние немаме идентитет? Точно е дека сме на милион начини оспорувани, но ако ние самите пред себе не знаеме кои сме, што тогаш можеме да очекуваме....? Понатаму, како можете да се надевате дека денеска во 2011 година, преку подигнувањето на спомениците ќе се редефинира македонскиот идентитет пред светот, ем тоа оној античкиот, и ќе се „раскрсти со нападите„? На крајот на краиштата, и ти самиот велиш дека - Македонија- е веќе нешто препознатливо како назив и повикува на античкиот период, но истиот не е есклузивен за оваа наша територија е тоа треба да е веќе затворена тема. Многу е подобро да ги појачуваме нашите јаки страни, да ја промовираме културата преку уметноста, литературата, музиката, наместо да ги вадиме духовите од под тепих. - сега дефинитивно не е моментот за такви херојски и однапред промашени потфати, оти Македонија денес дефинитивно, не е херој ни за себе ни за светот. Во денешниот економски свет, кога емоцијата те води без присуство на разумот, можеш само да изгубиш. - кога ќе се реши името, за кое јас зборував дека доколку не се заангажираме активно во неговото решавање ( а тоа не подразбираше техника- подигнување на споменици-) ризикуваме да ни го решат, ќе разговараме повторно на тема Скопје 2014, и нејзиното значење. Изменето од Kali - 26.Јуни.2011 во 10:07 |
||
DameMak
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кој во оваа дискусија размислува „дека немаме идентитет“? Идентитетот ни е МАКЕДОНСКИ, и тој ги вклучува СИТЕ ИСТОРИСКИ ПЕРИОДИ на Македонија. Критизерите слепо забораваат дека се подигнаа споменици не само на славни личности од античкиот период туку и од средниот век и од поновиот револуционерен период на Македонија. И тоа ако ги изброите - тие се многу повеќе. ЕДИНСТВЕНО САМО критизерите на одлуката да го вклучиме и античкиот период покажуваат отсуство на МАКЕДОНСКИ ИДЕНТИТЕТ. Тие би се задоволиле со „славо-македонски“ идентитет. Тие нивни (про-грчки) залагања никогаш нема да поминат во Република Македонија. Ах дааа, ќе сме ги провоцирале грците! Кого ќе сме провоцирале? Фашизоидниот и геноциден народ кој сака да направи софт-геноцид на Македонската нација и на нејзино место да наметне „славо-македонска“ нација! АКО! Такви геноцидни гнаси и треба да бидат провоцирани заради својата геноцидност! Изменето од DameMak - 26.Јуни.2011 во 12:58 |
||
Diogen
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Малку ќе отидам вон темата, за да ти ја доловам мојата цел... Имав една дебата со Јеховин сведок, кој ме убедуваше дека нивното верување е правото, и се повикуваше на Библијата. Ама кога сакав да дебатираме за првата книга Самуилова (за Саул), ми напомена дека таа книга им е забранета да ја читаат, како идруги делови во Библијата... Дискусијата бпонатаму беше безпредметна, оти бил учен да биде гласник на една информација, а мора да биде слеп и глув за другите факти....Инаку, да појаснам малку, во овој дел се опишува првиот обид на владеење на друг начин освен догмата, заради кое и Саул страда.... Значи, целта ми е да кажам дека како и во погорниот случај, наместо демократија во партиите кај нас(тука ги ставам сите партии на политичката сцена), владее догма, односно, партиските членови мораат да шират „вистина“ која им е сервирана од раководството, а мораат да бидат слепи и глуви на другите информации... И нормално, секој кој е против догмата, е сатанизиран како малодушен, предавник, без национални чувства.... Ако приметуваш, се обидувам во моите постови да не ставам никакви квалификации кон ниеден член на форумот, и така ќе биде и понатаму, но ќе оставам слободно , сите партиски војници да се испукаат со сета сила.... Тоа е демократија, без навреди да го оставиш другиот да го каже своето мислење .... Јас се обидувам да го кажам моето мислење, ти твоето, и заедно, ако не сме партиски оптеретени (делумно глуви и слепи) , заедно ќе формираме некој заклучок на темата.... Се надевам дека наскоро, мислам дека ќе биде многу брзо, ќе имаме задоволство да дебатираме на една друга, пионтересна и жешка тема - Преговори за името....... Тоа ќе биде многу интересна дискусија, посебно за партиските членови на форумот, со посебни изразени национални и патриотски чувства. Се надевам на нивно комплетно учество во дискусијата.....
|
||
Внеси реплика | страница <1 143144145146147 229> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |