|
Фан клуб Горан Пандев |
Внеси реплика | страница <1 1213141516 22> |
Автор | ||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Пандев повторно го разбесни Лотито
Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, по Палермо го одби и Зенит, кој им понуди 14 милиони евра на Римјаните. Им порача дека не му паѓа на памет да оди во Русија. По трансферот на Бензема, пораснаа шансите да го засили Јувентус. Ако Трезеге оди во Лион, Пандев ќе пристигне во Торино, пишува "Газета". Затегнатите односи на релација Пандев - Лотито продолжуваат. Прво претседателот му се закани на Македонецот дека поради одбивањето да потпише нов договор со Лацио 'ќе ја преседи следната сезона на клупа', а потоа напаѓачот возврати и тоа на начин кој најмногу ќе го заболе Лотито. Зенит стигна на преговори во Рим, биле подготвени да платат отштета од 14 милиони евра, кои Лацио бил подготвен да ги прифати, со оглед на фактот дека договорот на Пандев со Римјаните му истекува следното лето. Меѓутоа македонскиот репрезентативец рекол дека не му паѓа на памет да игра во Русија и порачал дека ќе остане во Лацио до крајот на договорот, ако не прифатат понуда на некој голем клуб. Како што дознаваме, повторно е актуелен Јувентус, особено по вчерашниот трансфер на Бензема во Реал. Каква врска имаат Бензема и Пандев? Па, сега Лион со сите сили ќе се насочи кон Давид Трезеге, нудат пари и Фабио Гросо. Денешното издание на „Газета дело Спорт“ пишува дека во случај Трезеге да замине, Јувентус ќе се обиде да го ангажира Пандев. Многу комбинации се во оптек, оваа е најреална, Пандев не сака да ја напушти Италија, одби преселба во Палермо, бидејќи очигледно го чека Јувентус. |
||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
I ova veke e katastrofa...cela godina Pandev vamu Pandev onamu a nikako da otide negde!!!! Ili lazat samo po vesnicive za da cita narodov ili neznam!
|
||||
|
||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Пандев е подготвен за ЈУВЕНТУС!!!
Горан Пандев и неговиот менаџерски тим синоќа во Фиренца ја креираа стратегијата со неговите менаџери за настап на денешниот главен состанок со Лацио околу решавањето на проблемите и желбата на нашиот најдобар фудбалер да го напушти Рим и да се пресели во Јувентус. Македонецот останува со својот став кој му го соопшти на Лацио уште во мај кога јасно кажа дека сака да си замине од "Олимпико" и дека му е потребен нов предизвик. Денеска по долга пауза, по серијата препукувања по медиумите Пандев и Лотито ќе се видат во 4 очи. Ќе се отворат сите кари и ќе се бара решение од кое ќе бидат задоволни двете страни. Постојат три решенија и три теми на кои денеска ќе се разговара: ПРВАТА: Лацио да ја прифати понудата од 12.000.000 евра од Јувентус и да ја исполни желбата на Горан Пандев. ВТОРАТА: Римјаните само со годишна плата од 2.000.000 евра можат да го задржат Пандев во своите редови. ТРЕТА: Доколку Лацио продолжи со својот индолентен став Пандев и менаџерите ќе се обидат преку членот 17 на ФИФА да си го откупат едногодишниот договор со Лацио и на лош начин струмичанецот да си замине од "Олимпико". Веќе е јасно дека Лацио не ја оспори слободата на Пандев, но за негово заминување од "Олимпико" бара 18.000.000 евра. Тоа е огромна сума пари за фудбалер кој има само уште едногодишен договор со клубот. Затоа се очекува да се донесе решение со кое сите ќе бидат задоволни. Можно е да се случи Јувентус покрај понудените пари да се ослободи од уште еден фудбалер кој не е во нивните планови, а би бил засилување за Лацио. А во Италија го очекуваат трансферот на Горан Пандев во таборот на "Старата дама". Најавите велат дека тоа треба да се случи околу петок затоа што Јувентус во наредните 48 часа треба да го реши статусот со Давид Трезеге, кој ќе биде продаден на Лион за 10.000.000 евра. Јувентус веќе се откажа од Роси, кој ги брани боите на Виљареал и целата стратегија за нов напаѓач ја има фокусирано токму кој нашиот репрезентативец. Речиси во 90% од случаите кои во минатото имале ист тек како овој со Пандев се случувало фудбалерот да замине во тимот кој има добра понуда за него. Така се очекува да биде и со Пандев, кој е подготвен за трансфер во Јувентус и за новиот предизвик во најтрофејниот клуб во историјата на Италија. Затоа ова се денови на одлука за судбината на фудбалерот кој од саботата е во Италија. Го прекина својот одмор, а истото го направи и Клаудио Лотито, кој денеска се враќа во Рим. |
||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
mislam deka mnogu prasina se kreva za nesto sto ne zasluzuva vnimanie ....... ocigledno deka samiot so pomos na menadjerot si kreva cena i izmisluva milionski ponudi od drugi klubovi ..... zalno e sto na kraj seto toa loso kje se odrazi po nego samiot .... ne e cenata na eden fudbaler koj e gree klupata ista kako na onoj koj igra i postignuva golovi .... zalosno
|
||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
НЕ Е СE ТАКА РОЗОВО НА РЕЛАЦИИТЕ ЛАЦИО -ПАНДЕВ
Адвокати ќе го "вадат" Пандев од Лацио "Ако остане во Лацио цела сезона ќе седи на клупа", зборовите на Лотито кои се оценети од судските специјалисти како закани и психичко малтретирање за фудбалерот Специјални судски ескперти (адвокати) кои со години се инволвирани во законите за спорт и на релации играчи - клубови ќе му помагаат на Горан Пандев. Тоа е ударната вест од Лацио каде вчера медиумите најавуваат дека фудбалерот од Македонија како да е со адвокати на секој свој тренинг. Агентите на фудбалерот дениовиве го осигурале својот клиент од сите можни повреди, а адвокатите се грижат за сето она што го пишуваат медиумите во форма на изјави на двете страни. Онаа "војна" од пред една недела која ја објави претседателот на Лацио може да донесе судски процес. Весникот "Ил Месаџеро" на ударните страници најавува дека нарушени се сите преговори на двете страни и дека во целиот спорт почнуваат да се ангажират познати адвокати кои се подготвени да застанат на страната на Горан Пандев. На удар е Клаудио Лотито. Онаа негова изјава: "Ако Пандев остане во Лацио тој цела сезона ќе ја грее клупата" е причината поради која првиот човек на клубот може да си има проблеми. Тоа правните лица во Италија го оценија како закана, а адвокатите потенцираат дека станува збор за психичко малтретирање кон фудбалерот. И додека војната трае Горан Пандев со тимот замина на подготовки во планинската база на северот на Италија. Таму "небесносините" ќе се подготвуваат за стартот на новата сезона и дуелот со Интер во Пекинг во Супер купот на Италија. Сепак, она што се очекува е завршница на кризата со Пандев и денот кога фудбалерот ќе може да замине од Лацио. Помина доволно време, се отворија сите карти и време е фудбалерот да направи трансфер во некој друг тим. Неговата желба е да настапува во Лигата на шампионите. Јувентус останува главниот фаворит за потписот на струмичанецот, а како резервна варијанта е Фиорентина. Горан Пандев сака да остане во Италија и затоа во втор план се понудите од Виљареал, Атлетико Мадрид, Зенит.... Македонецот не дава изјави "Јас нема да давам изјави. Тоа е ставот на клубот и за сите работи поврзани околу моето име право на став ќе даде претседателот Клаудио Лотито", им изјави Горан Пандев на новинарите во Италија за причините поради кои тој повеќе нема да дава изјави. Можеби главната причина е тоа што пред неколку дена медиумите цитираа негова изјава во која Пандев гповори дека е разочаран од односот на Лотито. |
||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||
LSFC
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 1004 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Lotito e absoluten idiot ako prodade Pandev.So Sarate i Tomazo Roki sa super Lazio.
|
||||
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
On ne e Idiot sekoj saka pandev da ostane ama Pandev saka da odi...Pandev zasluzil vo podobar tim da odi...I mislam deka treba shansa da dobie...
|
||||
|
||||
LSFC
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 1004 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
i vo koj tim predlagas da odi?
|
||||
pane_juventus
Сениор Регистриран: 07.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1048 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Samo vo Juve neka ne ide.
|
||||
LSFC
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 1004 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ako ke igra vo Italija ,po dobro za nego e da si ostane vo Lazio.Inak tifozite na orlite ke mu napravat zivoto tezak.Forca Lazio
|
||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Пандев може да си замине од Лацио
Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито им порача на фудбалерите заинтересирани да заминат од клубот да си најадат нов тим кој ќе ги исполни барањата на Лацио. Играчите кои сакаат да заминат од римскиот клуб се Горан Пандев, Кристијан Ледезма и Лоренцо Де Силветсри. Првиот човек на римскиот клуб изјави дека ако Пaндев замине од Олимико, клубот нема да бара нов напаѓач, туку ќе се засилува во одбраната. Лотито истакна дека имаат многу играчи кои е тешко да ги продадат бидејќи пазарот на фудбалери е нестабилен. За претседателот на лацијаните сега најважни се претстојните натпревари од суперкоупт на Италија и Лигата на Европа. |
||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Goran Pandev e zrel za nov predizvik i nemu mu treba podobar klub od Lazio. Preodniot rok uste trae, da se nadevame deka nasiot zlaten decko ke najde svetski klub vo koj ke moze da igra vo Ligata na Sampionite i da pokaze sto znae. P.S. Samo da ne odi za pari vo nekoj klub pomal od Lazio,ako veke ne moze da otide vo drug klub neka ostane do krajot na dogovorot vo Lazio,pa potoa neka zamine. VIVA GRANDE PANDEV, UNA MAGIA!!! |
||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Сагата со Пандев нема крај!!
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА "ЛАЦИЈАЛИТЕ" ПРОДОЛЖУВА СО ИГРАТА ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ НА НАШИОТ НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР Лотито игнорира секаква понуда за Пандев Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, и натаму продолжува со своите игри за задржување на најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, главно ингнорантски одговарајќи на понудите од најзаинтересираните клубови. Нашата ѕвезда изминатиов период беше поврзуван со Јувентус, Зенит, Наполи, Арсенал и Лион, но и покрај тоа Лотито и натаму настојува Пандев да остане во Лацио... "Ние не сакаме ниту еден фудбалер да го напушти клубот. Нема намера кај нас за продавање", истакна вчера Лотито, и покрај тоа што само пред неколку дена даде зелено светло за преселба на македонскиот репрезентативец. "А, кога сме кај Пандев ние сe уште во клубот немаме официјална понуда за него од кој било клуб кој во медиумите пројавува интерес. Во таа насока може да кажам дека секој фудбалер мора да научи да го почитува својот договор со клубот. Кога фудбалерот ќе потпише нешто тогаш треба да го почитува до самиот крај", вели Лотито. Но, без разлика на ваквите постојани "разгорувачки" изјави од страна на првиот човек на "лацијалите" с$ појасно е дека Пандев неизбежно ќе ја промени средината. *** Балардини одлучува дали ќе игра Лацио на 8 август го очекува натпреварот од Супер купот со Интер... "За нас тоа е значаен натпревар од кој сакаме позитивен резултат, па Пандев сигурно ни е потребен. Но, не е на мене да одлучувам дали Пандев ќе игра на Супер купот. За тоа одлучува само тренерот Балардини, и никој друг", истакнува за италијанските медиуми Клаудио Лотито. |
||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Интер понуди пред договор за Пандев
Горан Пандев уште денеска може да потпише тригодишен договор со Интер и да се врати во својот матичен клуб во Италија каде не му дадоа можност да се докаже во деновите кога нашиот најдобар фудбалер беше тинејџер и беше дел од младинскиот тим на "нероазурите". Но со тоа тој за да игра за шампионот на Италија ќе мора да чека една година. Клубот од Милано има понуда за преддоговор за Пандев, кој би бил активиран по 365 дена и во време кога нашиот најпознат фудбалер би немал никакви проблеми со проблематичниот Клаудио Лотито. За преговори со Пандев, кој би го засилил нападот на Интер идното лето, дозвола дал и тренерот Жозе Мурињо, кој летово на "Џузепе Меаџа" ги доведе Диего Милито и Самуел Ето, но остана без Ибрахимовиќ и Круз. Сепак, Интер е во втор план за Пандев и неговиот менаџерски тим. Утре можеби е еден од пресудните денови во драмата наречена "Горан Пандев" и неизвесноста околу тоа каде еден од најдобрите фудбалери на Лацио ќе ја продолжи кариерата. Пандев не е во преден план на новиот тренер кој на тест средбите му дава шанса на нашиот фудбалер со "втората" екипа. Лацио заминува за Пекинг каде се игра Супер купот на Италија против Интер. Неодењето за Кина ќе биде најава за заминувањето на Пандев од Лацио. Како второ се уште трае неизвесноста околу судбината на Трезеге. За Јувентус да влезе во сериозни преговори со Лацио за Пандев ќе мора да собере пари и да ослободи место со заминувањето на Французинот. Вчерашното издание на римскиот весник "Лего" најавува дека до 1 август Пандев ќе замине во Јувентус за 12.000.000 евра со тоа што Трезеге ќе биде продаден на Милан или Олимпик Лион, а Лацио ќе се засили со холандскиот голгетер Ван Хаселинг од Селтик. Такви приказни околу судбината на Пандев има барем по десетина во еден ден во различни медиуми низ Европа. |
||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||
Внеси реплика | страница <1 1213141516 22> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |