IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Македонската репрезентација
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонската репрезентација

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 35>
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 20:38

Иванковиќ ја официјализираше кандидатурата за селектор

 
 

Првиот кандидат за предводник на македонската фудбалска репрезентација слета во Македонија. Како што се шпекулираше можен наследник на Катанец е хрватскиот стручњак Бранко Иванковиќ кој седна на преговори со претседателот на ФФМ Харалампие Хаџиристески.

„Мене ми е чест и привилегија да бидам селектор на било која репрезентација, особено на една репрезентација која ја познавам, која е од нашите поранешни ју простори. Тоа би ми била трета репрезентација, бев 7 години во Хрватска, 5 години во Иран и имам големо искуство во работата со репрезентации“, изјави Бранко Иванковиќ.

„Разговаравме за нашите желби, за нашите можности кои што ги пружа нашата федерација за заеднички да ги реализираме целите кои што ни се поставени пред нас“, изјави Харалампие Хаџиристески.

По првичните разговори кој траеја околу 2 часа, Иванковиќ и Хаџиристески не откриваа детали. Конкретен договор се уште нема, бидејќи Хрватот не е единствениот кандидат за селектор на нашата репрезентација.

„Досега СВ имаат поднесено двајца претставници од Турција, Зија Доган поранешен тренер на Бешикташ и Караман“, додаде Хаџиристески.

„Имам понуда од неколку клубови и од три репрезентации. Таа третата не е Хрватска“, рече Иванковиќ.

Освен репрезентативно Иванковиќ има и долгогодишно клупско искуство. Беше тренер на Вартекс, Ријека и Хановер, а најголемиот успех му е шампионска титула во домашното првенство со Динамо Загреб.

Ја пофали Македонија за одличните игри против Англија и Хрватска, а за успешни резултати смета дека е потребно да владее позитивна атмосфера во тимот.

„Мислам дека Македонија најдобро се покажа на последниот натпревар против Хрватска, каде што атмосферата беше одлична и желбата за победа беше голема“, заврши Иванковиќ.

На управен одбор ќе се реши прашањето дали идниот селектор ќе биде Странец, а Хаџиристески изјави дека во таков случај идната недела ќе следат нови преговори со Иванковиќ. Клучните мечеви на Македонија за пласман на Светското во Јужна Африка се против Норвешка и Исланд на „Градски“ на 6. и 10. јуни.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 09:53
В петок одлука околу селектор

Претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески, за в петок (8 мај), со почеток од 13 часот, во хотелот "Александар Палас" во Скопје ја закажа 31. седница на УО на ФФМ на која главна тема треба да биде изборот на селектор на нашата сениорска репрезентација.

Како што е познато УО на ФФМ треба да донесе одлука дали новиот предводник на националниот тим ќе биде повторно странец или, пак, домашен тренер. Се поверојатна е варијантата УО на ФФМ да се одлучи до крајот на квалификацискиот циклус да биде избран домашен в.д селектор при што во тој случај најголемите шанси за наследник на Среќко Катанец одат кај актуелниот младински селектор Мирсад Јонуз.

Инаку, на состанокот во петок УО на ФФМ треба да именува организациски одбор за одбележување на јубилејот 100 години фудбал во Македонија, а треба да донесе одлуки и за изградба на спортскиот тренинг центар, за договори за професионално играње и стипендиски договори.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 18:11
Македонија останува на 64-та на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација остана на 64-то место на рејтинг листата на ФИФА. Загубивме од Холандија во последниот натпревар, но по подолго време го спречевме падот во рангирањето, иако се уште сме без селектор.

Секако, ова е само парадокс, а не показател дека се уште треба да се тактизира во назначувањето нов предводник. Се ближат клучните јунски квалификациски дуели со Норвешка и со Исланд, па на новиот предводник на националниот состав треба да му се овозможи повеќе време за сопствена подготовка.

ФФМ в петок на седница на управен одбор ќе решава за стратегијата странец или домашен, В.Д. или постојан селектор. Ако почекаме уште малку, брзоплетост не, одговорно решение да. За доброто на македонскиот фудбал.

Водечката десетка:

   1. Шпанија
   2. Германија
   3. Холандија
   4. Бразил
   5. Италија
   6. Аргентина
   7. Англија
   8. Хрватска
   9. Русија
10. Франција

Единствените промени беа кај африканските или американските селекции кои имаа настапи па и можност за освојување на бодови.


Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2009 во 10:58
ФФМ ќе го промовира Јонуз!?

Мирсад Јонуз денеска се очекува да биде промовиран како в.д. селектор на Македонија до крајот на квалификацискиот циклус за пласман на СП 2010 година. Можеби не ви се верува ова што се пишува, но тоа е реалниот одраз на настаните во нашиот фудбал. Сега веќе и националниот тим станува жртва на препукувањата кои го заробија во црно овој спорт во земјава веќе неколку години. Јонуз без резултати, без големо тренерско педигре зад себе ја добива довербата на УО на ФФМ затоа што денешниот ден со години го чекаа тајфата на потпретседателот Реџеп Беџети. Веќе нема тајни и нема дилеми. Луѓето кои поправаат амортизери, пензионери, стечајци, градоначалници, стоматолози... и пратеници. Таков профил на личности бираат селектор на Македонија. Тоа се само дел од луѓето кои ја имаат функцијата членови на УО на ФФМ. Тоа е болната точка на овој наш фудбал затоа што веќе со години ФФМ не бара, а и нема стручни лица кои имаат знаење и квалитетите да кажат каков профил на селектор ни треба.

ФФМ си тера по свое и си прави што сака, а потоа некој друг ќе биде виновен за неуспесите на репрезентацијата. Треба да се биде реален и да се каже дека Мирсад Јонуз не е личноста за селектор. Зошто!? Затоа што зад себе има многу гревови, мина рекордни 6 години како селектор на младата репрезентација и нема резултати. Единствено што му оди во прилог е тоа што се фали дека има авторитет кај некои делегати во Собранието на ФФМ, дека Харалампие му е голем должник....

За да биде трагедијата уште поголема Јонуз ќе биде единствениот кандидат. А минаа 45 дена од заминувањето на Среќко Катанец. Овој период без селектор е доволен доказ за неспособноста на Харлампие Хаџи-Ристески, кој имаше време, но не успеа да најде квалитетно тренерско име за клупата на сениорската репрезентација. Сега на неполн месец до пресудните дуели со Норвешка и Исланд ќе му ја дадат довербата на Јонуз. Приказните од типот на Олег Блохин, Дино Ѕоф... се замо за да се замачкаат очите дена имало кандидати иако сите добро знаеме дека најдобрата понуда беше од страна на Хрватот Бранко Иванковиќ (се откажа), а од домашните сили требаше да се бара решение во тренерите од типот на Јаневски, Хаџиевски, Савевски.

Сепак, останува уште време и можност некои луѓе во УО на ФФМ да го стават прстот на глава и да размислат што прават. Дека националниот тим не е полигон за враќање на долгови и дека тоа е нашата национална гордост. Никој не смее да си поигрува со функцијата селектор на државниот тим. Тоа е многу "тешка" титула која не може да му се даде на кого било. Не на тренер кој пред неколку години кога загуби од Србија со 7:0 во Охрид лажеше и кажуваше дека крајниот резултат бил 5:0.

На денешната седница, која почнува од 13 часот, во хотелот "Карпош", ќе се донесе и одлука за изградба на тренинг кампот за репрезентациите и куќата на фудбалот. УЕФА ни подари 2,8 милиони евра и тоа се финансиите кои ќе бидат вложени во овој проект за кој се надеваме дека нема да заврши како проектите за изградбата на стадионите во Прилеп и Струмица.

ФФМ денеска ќе изгласа и координативно тело кое ќе ја организира свеченоста по повод 100-годишнината од играњето на фудбал во Македонија. Ќе се прифати оставката на селекторот со 17 години Роберт Стојановски и ќе се наименува нов предводник на овој тим (најверојатно Гоце Петрески од Работнички).

На дневниот ред има 9 точки, а голема е веројатноста дека Хаџи-Ристески и неговата тајфа ќе се обидат да одредат и термин за Изборното собрание (се типува за 12 јуни). Ова следи по низата спорни и фалсификувани, но и нестатутарни Собранија низ ОФС.

Сепак, сите погледи се фокусирани кон точката за избор на в.д селектор.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2009 во 11:05

Неверојатна одлука на ФФМ.Очигледно на Харалампие и компанија мозокот им го испиле чавки.

Страшно и неодговорно е да се додели селекторска палка на еден обичен фудбалски " Стручнак" кој за време на својата селекторска функција со младите надежи нема ама никаков резултата за ни најмалку почит.
Кон каде тргнавме и каде ќе стасаме оф леле!!!
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2009 во 12:05
Сагата продолжува,до каде ќе стигнема со овај начин на донесување на одлуки никој не знае дури ни мизерното ни раководство на ФФМ.
 
Блохин "долетува" како прв кандидат

Откако е сосема јасно дека досегашниот тренер на белградска Црвена Звезда, нашиот Чеде Јаневски нема да го прифати повеќе од апсурдниот начин, т.н "себепонудување до Хари и ФФМ" во обидот да се стигне до селекторската функција, сам по себе во пресрет на саботниот состанок на УО на ФФМ на кој дефинитивно треба да биде именуван новиот предводник на националниот тим се издвои изборот околу Украинецот Олег Блохин, кој е најсериозен странски кандидат, и селекторот на младата репрезентација, Мирсад Јонуз.

Добар дел од членовите на УО на ФФМ и на минатонеделниот состанок јасно потенцирале дека сепак низ актуелните квалификации за пласман на СП 2010 во Јужна Африка довербата треба да се даде на истакнато тренерско име со завидна зад себе биографија, што некако сега во преден план откако преку своите менаџери и дополнително самиот се понудил "долетува" Олег Блохин.

Според последните информации, предноста на Блохин е и силното лобирање од страна на членот на Извршниот одбор на УЕФА, Украинецот Суркис, кој пред две години пак преку својот нескриен ангажман ја спасуваше претседателската фотелја на Харалампие Хаџи-Ристески. Некако, сакајќи или не, нешто слично претходно како и при изборот на Србинот Слободан Сантрач, повторно двомесечната пародија која ФФМ ни ја сервираше при изборот на нов селектор, се сведува на плаќање на некои "стари долгови" на челниците на ФФМ...

Согласно најавите од канцеларијата на ФФМ, сериозноста на кандидатурата на Олег Блохин треба да биде потврдена денеска. Најавено е негово пристигнување во Скопје на први и финални разговори со претседателот на ФФМ пред и официјалната одлука да ја донесе Управниот одбор в сабота. Блохин, како што дознавме, има гарантирана поддршка од мнозинството членови на УО, наспроти Мирсад Јонуз ,кој има поддршка од мал број членови на највисокото управно домашно фудбалско тело.

Зад 56-годишниот Блохин несомнено, покрај силната лоби поддршка од Суркис, стои и моќна тренерска биографија, што, секако, е негова предност заедно и со финансиските побарувања кои не се ништо поголеми во однос на претходниот селектор, Словенецот Среќко Катанец, во висина од 10.000 до 15.000 евра месечно.

Инаку, прославениот украински ас Олег Блохин, ја има најимпресивната биографија во однос на сите пристигнати кандидатури до ФФМ изминатиов период меѓу кои се оние на Турците Зија Доган и Унел Караман, како и на Србите Остојиќ и Степановиќ. Претходно од "играта" се откажа и Хрватот Бранко Иванковиќ. Како играч Блохин има 112 репрезентативни настапи (42 постигнати голови) за поранешниот СССР, претходно низ својата тренерска кариера беше селектор на Украина во периодот од 2003 до 2007 година, со која во 2006 година стигна до четврт-финалето на Светското првенство. Тренер бил и на грчките прволигаши Олимпијакос, ПАОК и АЕК, како и на рускиот прволигаш ФК Москва.

Состанокот на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на кој в сабота ќе биде избран новиот селектор ќе се одржи во хотелот "Александар Палас" во Скопје, со почеток од 11 часот.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2009 во 11:47
Хари го повика Јаневски за селектор

Довчерашниот тренер на белградска Црвена Звезда, македонскиот фудбалски стручњак Чеде Јаневски е повторно меѓу петтемина најсериозни кандидати за нов селектор на нашиот национален тим, откако претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески и покрај претходните категорични одбивања вчера се одлучи да го повика на разговори околу испразнетата селекторска позиција...

"Ми се јавија од канцеларијата на ФФМ, па секако го прифатив разговорот. Имавме навистина пријатни, конструктивни разговори...", ни изјави вчера веднаш по средбата во ФФМ, Чеде Јаневски, притоа допрецизирајќи:

"Имавме прецизни разговори околу сите оние неопходни детали од кои зависи евентуалната идна соработка. Јас ја изложив мојата визија. Сега останува на раководството на ФФМ дали ќе ја добијам довербата или не".

А, конечната одлука околу името на наследникот на Среќко Катанец треба да ја донесе Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на својата веќе закажана седница утре, со почеток од 11 часот, во хотелот "Александар Палас".

"Претседателот на ФФМ беше коректен информирајќи ме дека има неколку сериозни кандидати за селекторската функција. Најважно е што по денешните разговори и на двете страни сега појасни ни се меѓусебните позиции. Јас сега веднаш заминувам за Белгија, но доколку в сабота ја добијам довербата во најкраток можен рок повторно ќе се вратам во Македонија со оглед на тоа што веднаш треба да следат подготовките за јунските квалификациски натпревари, конструкција на стручниот штаб, околу 20 мај треба да биде објавен и списокот на селекцијата, што значи мора брзо да се реагира", вели Јаневски.

А, во "потрагата" по нов предводник на националниот тим, "А" селекцијата и тоа како непотребно изгуби доста време...

"Добро, без разлика кој ќе биде селектор во моментов, а бил далеку од фудбалските случувања на овие простори, ќе мора да бара консултации и помош со домашни фудбалски стручњаци. И јас не можам да бегам од тоа. Јас имам сознанија и увид во поширок круг на наши репрезентативци и увид во досегашните игри на репрезентацијата, но сигурно ќе се консултирам со домашни тренери кои биле блиску до репрезентативните случувања. Сигурно би реализирал и консултации со претходниот селектор Среќко Катанец затоа што и неговите сознанија за индивидуални квалитети и можности се добредојдени", истакнува Јаневски, кој верува дека Македонија се уште има можност да се бори за второто место во квалификациската група за пласман на СП 2010 кое носи до бараж дуелот за пат во Јужна Африка.

"Тоа што сум го научил од европскиот фудбал е дека никогаш нема и не смее да има предавање пред крајот на 'трката'. Погледнувајќи ја табелата, според неа секако нашите шанси за 2. место постојат. Заедно со Норвешка, Шкотска и Исланд подеднакво конк*рираме за втората позиција, но на крајот се ќе зависи колку самите ќе знаеме да се мотивираме, да веруваме во себе и да демонстрираме реален квалитет", истакна вчера по средбата со Хаџи-Ристески, Чеде Јаневски.

Инаку, вчера раководството на ФФМ имаше средби и со Турчинот Зија Доган, како и со домашните тренери Мирсад Јонуз и Вујадин Станојковиќ, кои се меѓу најсериозните селекторски кандидати за утрешната трка.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2009 во 17:04
http://www.youtube.com/watch?v=dPtwRD6JPuM&feature=related


mnogu ja sakase makedonskata fudbalska reprezentacija...............
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2009 во 23:43
Значи со оваа одлука конечно ФФМ докажа дека не знае кај тера.
Алооооооооооооо дебили ќе ни го до упропастите фудбалот.
 
 
Јонуз нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија денеска на 33 седница, донесе одлука за именување на Мирсад Јонуз за селектор на сениорската фудбалска репрезентација на нашата земја. Јонуз, функцијата ќе ја извршува професионално до крајот на квалификацискиот циклус за СП 2010 г.

Досегашниот прв стратег на младата селекција, Мирсад Јонуз, кој инаку е девети стратег кој ќе седне во селекторската фотелја на фудбалската А репрезентација на Македонија, на кормилото ќе го наследи Словенецот Сречко Катанец. По прекинот на соработката со Катанец на разговор во ФФМ беа Турчинот Зија Доган, како и македонските тренери Мирсад Јонуз, Вујадин Станојковиќ и Чеде Јаневски. На почетокот на месецов на сопствена иницијатива во Скопје допатува и хрватскиот стручњак Бранко Ианковиќ, кој подоцна се откажа поради желбата да продолжи да работи во клуб.

Јонуз месечно ќе заработува околу 5 илајди евра, што е двојно помалку од месечните примања на Катанец, но истовремено и најплатен домашен селектор. УО на ФФМ го прифати и неговиот услов за избор на свои соработници и воедно автоматски се суспендираат сите функции на Јонуз во младиот национален тим и во ОФС Куманово.

Новиот селектор нема многу време за губење, ќе треба за краток период од околу две недели да воспостави однос, атмосфера и тим кој достоинствено ќе им се спротистави на Норвешка (6 јуни) и Исланд (10 јуни) пред домашната публика, а со тоа и ќе ја одржи надежта за пласман во баражот за Мундијалот 2010 година. Потсетуваме, Јонуз беше селектор на младата репрезентација на Македонија од 2002-та година.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Neptun74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Orbiter

Регистриран: 23.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2643
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neptun74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2009 во 10:34
De, fiks, ne se buni...

Odlukata na Hadziristeski da go sedne Junuz na selektorska fotelja svati ja kako da si izvadil bilet za "letanje" od negovata pretsedatelska fotelja...
Epten covekot se zasedna, misli deka nikoj ne moze da go stane od tamu... Vaka toj sam ke si stane... Poradi glupite odluki sto gi nosi.

Изменето од Neptun74 - 17.Мај.2009 во 10:39
DeepBlue
Кон врв
Neptun74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Orbiter

Регистриран: 23.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2643
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neptun74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2009 во 10:38
BTW...
Znae nekoj koe e CV-to na Junuz?

Neli e nesto vaka:
-Trener na Rabotnicki...
-Selektor na mladinska reprezentacija na Makedonija
... tolku...

Osvoeni tituli: ....
...tolku?

Aj ako nekoj ima tocni informacii da gi podeli so nas...
DeepBlue
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2009 во 23:17
Нептун тренерската кариера и резултатаи на Јонуз се пишуваат со една реченица.
Како да не се будни човек после вакви смешни и трагични одлуки на Харалампие,ова е најголемата глупост од одлука која била донесена од некоја спортска федерација во Македонија.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2009 во 11:27

ФФМ одлучи - лажгото Јонуз!

*Македонија е пример каде селектор може да биде кој било и дека резултатите, името и другите фактори немат голема улога. ФФМ со новиот избор ја сруши тежината на поимот селектор

Македонската фудбалска репрезентација доби нов селектор и прв фудбалски "политичар". Не ви се верува, не ми се верува, но јасно беше. Мирсад Јонуз. Крај!!! Со саботниот избор стана јасно дека во Македонија селекторската позиција повеќе нема тежина. Сега секој може да биде во оваа функција, ама баш секој. Човекот кој сигурно знае да брои до седум и кој пред неколку години на мизерен начин се обиде да лаже ќе седи на клупата на нашиот најдобар национален тим. Онаа лага при тест дуелот со Србија во Охрид не му ја "скина" главата на селекторот кој дури 6 години седеше на клупата на селекцијата до 21 година. Да потсетиме. Од Србија загубивме со 7:0, а Јонуз кажа дека резултатот бил 5:0. Мизерно и многу ниско за еден човек кој од саботата е предводник на сениорите.

Мирсад Јонуз долго го кроеше планот за да ја добие довербата на ФФМ. Многу долго, но многупати беше изигран од Харалампие Хаџи-Ристески. Сепак, поранешниот голман ги дочека своите 5 минути. Ја искористи кризата во националниот тим, битката за делегатите и најважно од с$, дочека изборна година во ФФМ во која првиот човек мора на сите да им ги задоволува вкусовите.
"Нека биде Јонуз на овие 4 средби и потоа ќе се ослободиме од него", беа зборовите на многумина луѓе од ФФМ па и членови од УО на ФФМ кои се правдаа за изборот на Јонуз како селектор на Македонија.
А Јонуз ја искористи нестручноста на УО на ФФМ, незнаењето на оние кои одлучуваат. На секаков начин ги анулираше сите преостанати кандидати и само тој прифати да седи на клупата само на овие 4 средби до крајот на квалификацискиот циклус за пласман на СП 2010 година. Само тој прифати мала сума пари и само тој и никој друг под вакви околности може да биде селектор. Тоа е доволен доказ дека човекот кој ја доби довербата не бираше средства само за да ја добие функцијата. При гласањето победи со 13:1. И самата бројка при гласањето доволно кажува дека сите кои гласале биле добро обработени од сите оние кои упорно лобираа за Јонуз. Од негови колеги, албанскиот блок на делегати па и роднинските врски кои и пред 6 години го донесоа на клупата на младата селекција. Затоа Македонија не доби тренер кој ги победи преостанатите поради подобрите резултати и знаење туку само поради тоа што со години се "тепа" за Хаџи-Ристески и овој убиствен режим по фудбалот во Македонија.
Македонската фудбалска репрезентација по поразот од Холандија на 1 април остана без селектор, а ФФМ дури по 46 дена најде време да избори нов предводник на сениорите. Доволна пауза да се направи простор во кој само Јонуз ќе биде единствената алтернатива за селектор. А и во саботата приоритет на ФФМ беа други точки на дневниот ред, а по 4 часа сосема на крајот падна одлуката. Хаџи-Ристески продолжи во свој стил. Како што му враќаше долгови на Сантрач, "киксираше" со Катанец а сега повторно враќа долгови кон Јонуз.
Нека ни е на здравје со ваков селектор со човек против кој многу фудбалски работници имаат да кажат повеќе лоши работи отколку позитивни. Сепак, ова е такво време и мора да се соочиме со реалноста. Па нека е и Јонуз, Миле или Петко. Ај да го видиме сега што знае. Еве на прагот се Норвешка и Исланд, а и на двата меча мора да одиме на победа. Тоа ни е последната шанса да фатиме приклучок за втората позиција во групата. Сега Јонуз, требаат резултати. Треба да знаеш дека натпреварот не почнува со 2:0 за Македонија.

И. Д. Ивановски

КАКОВ Е ТОЈ СЕЛЕКТОР....

Со бело знаме уште на стартот

Што правиме ако по денот утрото се познава. Веднаш по одлуката на УО на ФФМ Мирсад Јонуз се појави на ТВ станиците. Во своето прво излагање како селектор најави: "Приоритет ќе биде да се создаде една позитивна атмосфера која беше разнишана пред натпреварот со Холандија. Добро ги познавам фудбалерите и сите тие добро го знаат мојот стил на работа. Мислам дека брзо ќе се вклопиме и ќе се обидеме да направиме што е можно подобри резултати до крајот на циклусот за СП".
Сепак, она што не му требаше е тоа да се пофали дека неговата фамилија врти многу пари во бизнисот и дека затоа прифатил плата од 5.000 евра. Точно. Истата двојно помала од Катанец, но двојно поголема од онаа на Никола Илиевски - Џиџи, Ѓоре Јовановски па и Канатларовски. Но Јонуз уште неседнат на клупата почна да бара алиби.
"Сега сум поставен да го водам тимот во една невозможна мисија. Нема да има големи измени во тимот кој имаше и свои добри игри во минатото. Ќе има мали освежувања.".
Тоа беа неговите зборови, а истите ги повтори и првиот човек на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески, кој има лоша математика. Според него, ни требале 10 бода за пласман на второто место. Двајцата се фатија за белото знаме, а треба да знаат дека Македонија има -3 бода зад второпласираната Шкотска, но и натпревар помалку. Со осум бода ќе бидеме конк*рентни за бараж. Тоа се две победи дома и две нерешени на гости. Повторно и Јонуз и Харалампие имаат проблеми со бројките.

Во стручниот штаб Костов и Јовчев!?

Мирсад Јонуз ја доби довербата на УО на ФФМ, но кои ќе бидат неговите помошници? Се очекува комплетна реконструкција од времето кога Среќко Катанец беше предводник на сениорите. Како имиња кои ќе му помагат на Јонуз се споменуваат Влатко Костов, тренерот на Ренова, и поранешниот репрезентативец Гого Јовчев, кој би работел со голманите. Ова се само неофицијални најави иако Костов е многу близок пријател со Јонуз, кој му откажа во селекцијата до 21 година затоа што не беше доволно платен од ФФМ.

ФАТКТИТЕ ЗА МИРСАД ЈОНУЗ

Роден: 09.04.1962 с. Милино, Св. Николе
Фудбалска кариера: Работник, Лозово, Брегалница (Штип), Борец, Тетекс, Победа (Прилеп), Рад (Белград), Левадијакос (Грција), Сутјеска, Никшиќ, Бардар (Скопје), Работнички.
Тренерска кариера: Работнички К. (6 години), Победа ( 2 години), Селектор на млада репрезентација (6 години).
Успеси: КУП УЕФА со Работнички, Интер Тото со Победа, Куп на Македонија со Победа (2002). Државен рекорд на Македонија со Победа 14 победи по ред 2001/2001, два пати проглаен тренер на гопдината во 2000 и 2001 година.

КАКО ГИ ЕЛИМИНИРАА ДРУГИТЕ

Станојковиќ го "уби" Јаневски

Што се случи со Јаневски!? Најголемиот конк*рент на Јонуз доби само еден глас од членовите на УО. Зошто!? "Македонски спорт" дознава дека селектоските амбиции на докажаниот и трофеен тренер ги уништи кој друг ако не Вујадин Станојковиќ. Вечниот помошник со нова мисија. Најавил дека се повлекува од кандидатурата за селектор по преговорите на ФФМ со Јаневски, но затоа, пак, се надеваше на нов асистентски ангажман. Како ли само успеа да му се наметне на Јаневски, кој во разговорите со Хаџи - Ристески го понудил името на Станојковиќ за негов помошник. Тоа било пресудното за елиминацијата на Чедимир Јаневски. Каква грешка!!! Голема. Станојковиќ е човекот кој на минатата седница на УО беше обвинет од некои членови на ова тело дека е главниот виновник за нарушената атмосфера во националниот тим. Сепак, Јаневски има одлично тренерско досие. Мораше сега да ја добие довербата, но ќе дојде денот кога и тој ќе седне на клупата на националниот тим. Сега имаше шанси поради низа околности, но и поради "пактот" со Станојковиќ, кој е "убиство".

Блохин побара 2.000.000 евра

Олег Блохин ќе бил селектор на Македонија за "беспари". Тоа беше една од најголемите смешки кои ни се случија по заминувањето на Катанец. Славниот Украинец и неговите менаџери имале контакти со ФФМ. Имаше најави дека ќе ги прифател истите услови како и претходниот наш кормилар. Сепак, на седницата на УО на ФФМ во дописот од менаџерите на Блохин шестоцифрена бројка  пари кои ги бараат за негов селекторски ангажман во Македонија. За 3-годишен престој во земјава ФФМ на Блохин ќе требало да му плати 2.000.000 евра. Пари од кои боли глава.

Турчинот Доган најдобар од сите

Исти услови како и Среќко Катанец. Тоа биле барањата на турскиот стратег Доган од ФФМ за преземање на селекторската функција. Харалампие бил воодушевен од Доган, кој најподготвен од сите кандидати дошол на преговорите во Скопје. Знаел за речиси сите детали, за сите позитивни и негативни страни на националниот состав. Анализа која ја нема ниту еден друг а приближно до него бил Чеде Јаневски. Сепак, Доган не доби ниту еден глас од членовите на УО на ФФМ. Само Илија Китановски беше за Јаневски, а Орце Тодоров воздржан. Сите други гласаа за Јонуз.

Џорџ Лекенс супер скап

Белгиецот Џорџ Лекенс поради финансиските барања не се најде на дневниот ред при гласањето за нов селектор. Тој барал 20.000 евра месечна плата, поголеми бонуси за секоја победа и огромна цифра во случај да ја одведе Македонија до бараж за пласман на СП 2010 година. Лекенс беше супер скап и затоа отпадна многу брзо од комбинација за нашата селекторска фотелја.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Neptun74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Orbiter

Регистриран: 23.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2643
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neptun74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2009 во 19:57
Ideme ponataka...
Koj i da e selektor, koi i da se reprezentativcite...

NAPRED MAKEDONIJA!!!!!!!!

6 juni Makedonija-Norveska
10juni Makedonija-Island...
DeepBlue
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 35>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,391 секунди.