![]() |
|
Научни вести |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 121314 |
Автор | ||||
Sunny ![]() Сениор ![]() ![]() Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Да малку е чудно, како што се доближуваме до Сонцето некако логично е да имаме повисоки температури, а најладните места да се наоѓаат во најоддалечените предели од Сонцето, ама истата вест ја најдов и на Discovery News.
Ова е до сега најниската измерена температура во Сончевиот систем, но тоа не ја исклучува можноста на Плутон, на пример, да има пониски температури или на некој негов соседен објект. Сигурно и тамошните објекти имаат некој кратер, како овој на месечината, но нивната оддалеченост и нашата технологија не ни дозволуваат да го регистрираме тоа, бар за сега. ![]() Еве ја веста и од www.Astronomija.com.mk: Месечината - најладно место во Сончевиот Систем Според најновите мерења направени од Лунарниот орбитер за извидување (Lunar Reconnaissance Orbiter - LRO), најладното место во Сончевиот систем се наоѓа во кратерот Хермит, на северниот пол на Месчината. Измерената температура на тлото во кратерот е дури -249°C, додека на јужниот пол е само малку потопло т.е. -238°C.
Месечината нема сопствена атмосфера, а наклонетоста на оската е незначително мала, 1.54°. Таа речиси и да нема годишни времиња. Температурните разлики помеѓу ноќта и денот се многу големи и се движат од 150°C во период од денот кога Сонце директно го грее тлото на Месечината, па до -150°C кога почвата е во сенка. Заради ова сите екипажи на мисијата Аполо слетувале кога на Месечината било утро, за техника да може да гииздржи овие температури кои се двиеле околу 80°C. Кратерот Хермит има димензија од 114x114 km и се наоѓа речиси на полот: 87.3° западно и 86.4° северно. Ѕидовите на овој кратер можат да се видат и со аматерски телескоп во период погоден за негово набљудување. Неговата површина никогаш не е изложена на Сончевите зраци и нема никаква геолошка активност, па затоа измерените температури се толку ниски.
Леталото LRO е прво во низата американски летала, како дел од програмата за повраток на Месечина. LRO е опремен со многу софистицирани иструменти меѓу кои е и "Diviner", кој прецизно мери температура на почвата на Месечина. Во комбинација со други инструменти задача на "Diviner" е да најде вода во цврста состојба на нашиот природен сателит. Овакви места како што е кратерор Хермит се потенциални места за пронаоѓање на водениот мраз и каде би се стационирале евентуалните идни бази на Месечина. Леталото LRO ќе остане забележано и по успехот во тоа по прв пат да ги забележи остатоците од мисиите Аполо на Меcчината и така конечно да ги замолкне творците на теориите на заговор. Изменето од Sunny - 02.Февруари.2010 во 01:18 |
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
![]() |
||||
![]() |
||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Чудна работа,најстудено место во Сончевиот систем Месечината???
А многу подалечни објексти има,како ли е ова можно.
Сани ај пробај некако ова разјасни го,не ми иде идеја што би била причина за ова???
|
||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||
![]() |
||||
Sunny ![]() Сениор ![]() ![]() Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
brrrrrrrrrrrrr... abe ladno bilo na Mesecinata
![]() Se premisliv ne sakam da sedam na polna mesecina ![]() |
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
![]() |
||||
![]() |
||||
ManushkA ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Април.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 499 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Најладното место во Сончевиот систем е -249
степени?!
Иако претходно се веруваше дека на најладното место на Месечината температурата е 238 степени под нулата, научниците пронајдоа ново најладно место во Сончевиот систем. На него најверојатно е неверојатни -249 степени Целзиусови. Орбитерот на NASA користејќи ги своите мерни инструменти ја измерил
најниската температура во кратер на Месечината. Американските научници
утврдиле дека кратерот се наоѓа на северната полутопка на Месечината. - Месечината има најекстремни термални услови од сите тела во
Сончевиот систем. Средната температура преку денот се подигнува за 127
Целзиусови степени на екваторот, а на половините навечер е многу ладно,
изјави еден од истражувачите од Универзитетот во Лос Анџелес. |
||||
![]() |
||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Северниот магнетен пол бега во Сибир
Минатата година магнетниот северен пол се поместил за 64 километри и практично побегнал од Канада кон Сибир, создавајќи им на научниците уште една главоболка. Магнетните полови и Земјиното магнетно поле постојано се поместуваат, но толку големо движење не е забележано од кога започнале да се следат тие движења, дури ни во последните две децении, колку што траат екстремните настани на тоа поле. Движењето на магнетното поле на Земјата секако зависи од настаните во нејзиното јадро, но тие промени не можат лесно да се протолкуваат. Едно е јасно: северниот (магнетен) пол од 1800 до 1900 година се поместувал за 15 километри годишно, потоа полека се забрзувал, додека во 80-те години не се зголемила брзината од 55 до 60 километри годишно и така стигна до минатогодишниот рекорд. Истовремено е забележано и значајно слабеење на магнетното поле на Земјата од други пореметувања на полињата. Дански научници од Центарот за вселенски истражувања дојдоа до заклучок дека за тоа се виновни движењата во течниот дел на Земјиното јадро и веруваат дека сето тоа означува и почеток на свртување на магнетното поле - наопаку. Тоа значи дека магнетизмот на сегашното северно магнетно поле преминува на јужниот географски пол и обратно. Свртувањето на магнетното поле на Земјата не значи уништување на светот, туку нормален процес низ кој планетата поминала веќе десет пати. Во историјата на Земјата магнетните полови ја менувале положбата на секои 600.000 години, па последната промена доцни - од претходната поминале веќе 750.000 години. Сепак, треба да се каже дека никој не знае, колку трае тој процес, ниту точно какви последици може да има. Ако промената трае 100 или 1000 години, слабеењето на магнетизмот на Земјата може да има лоши ефекти, бидејќи тој не заштитува од вселенското и сончевото зрачење. Исто така, можно е магнетните аномалии, ако се зголемат, да ја пореметат работата на сателитите, летовите на авионите, целиот систем на ГПС - па и животот на многу животински видови, како што се пчелите или птиците преселници, кои се раководат според „вградени компаси“... Формирање на магнетно поле Магнетното поле на Земјата се формира во течниот дел во јадрото на планетата. Железото во течна состојба постојано се поместува и така создава електрична струја која го произведува магнетното поле. Слабеење Магнетното поле на Земјата е се послабо. Од 1900 година до денес драстично е ослабено, но причината не е позната. |
||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||
![]() |
||||
Sunny ![]() Сениор ![]() ![]() Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
NASA лансира радари за испитување на аномалиите
на Земјата
NASA објави дека ќе лансира радар кој ќе треба да ги испита грешките и деформациите кои се случија по разорниот земјотрес во Хаити. Американската вселенска асоцијација планира да лансира серија на
летала кои ќе бидат опремени со современи воздушни радари за испитување
на аномалиите и грешките на Земјината кора. Радарите ќе ги сликаат деформациите кои настанале на Земјината површина и оставиле геолошки промени кои се неминовни по земјотресите, а кои можат да се забележат само од воздух. |
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
![]() |
||||
![]() |
||||
Sunny ![]() Сениор ![]() ![]() Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Oбјавена точната вистина за јаболкото на Њутн
Текстот во кој се говори за јаболкото и за гравитацијата и кој беше повод за една од најпознатите анегдоти во историјата на науката, сега на сите им е достапен на интернет. Бегајќи од чумата која во 1666 година го зафатила Лондон, младиот Њутн се засолнил на селски имот во родниот Вулсторп во Линконшир. Анегдотата вели дека додека се одморал во дворот размислувајќи за мистериите на универзумот, врз главата му паднало јаболко и истиот момент му „светнала“ идејата за теоријата на гравитација. Сега, меѓутоа, секој кој има пристап до интернет може да го види ракописот во кој се опишува како славниот британски научник, благодарејќи на падот на јаболкото ја развил теоријата за гравитација. Ракописот, кој во дигитална форма ја објави Кралството здружение од Лондон, е напишан во 1726 година од современикот на Њутн, Вилијам Стакли, археолог и автор на првата биографија на најголемиот британски научник („Мемоарите на сер Исак Њутн), по заедничката вечера на која Њутн ја раскажал анегдотата за јаболкото. Ракописот, кој соддржи најдетална верзија на познатата приказна, најверојатно ќе разочара многумина затоа што во него никаде не се споменува дека јаболкото го погодило Њутн по глава туку само се зборува за начинот на кој падот на овошјето го навело на размислување. - Приказната сигурно е вистинита, но со време е разубавена, вели Кит Мур, директор на архивата на Краското здружение. На имотот Вулсторп, кој денес е под заштита на државата, и натаму расте истиот вид јаболка како и во времето на Њутн - сортата „Цветот на Кент“, која е најмногу употребувана за изработка на компоти и џемови. Анегдотата, макар и да е плод на фантазија на еден старец, остана запишана во историјата на науката како една од најдобрите. Меѓу нив се и не помалку славната приказна за тоа како Архимед го открил законот за силата додека се капел во када, како и анегдотата врзана за австралискиот физиолог и нобеловец Ото Леви, кој наводно во сон дошол до докази за начинот на пренесување на нервни импулси преку невротрансмитер. |
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
![]() |
||||
![]() |
||||
Sunny ![]() Сениор ![]() ![]() Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Откриено зошто астероидите ја менуваат бојата
Научниците конечно ја разрешија мистеријата со различната боја на астероидите. Според нивните докази Земјата ја „менува бојата“ на астероидите така што ги „размрдува“ додека тие поминуваат покрај неа и влегуваат во нејзината атмосфера, пренесува BBC. Со ова откритие конечно знаеме зошто метеорите кои паѓаат на Земјата или поминуваат блиску до неа имаат различна боја отколку во Вселената. Истражувањето беше опишано во најновиот број на магазинот Nature, а
професорот Ричард Бинзел од Институтот за технологија во Масачусетс
објасни како неговиот тим со телескопи ја следел бојата на астероидите
во вселената и лабораториски ги споредил со оние кои паднале на земјата.
Сепак, некои астероиди кои поминуваат близу Земјата и паѓаат на неа
немаат црвенкаста боја како што научниците објаснуваат кога ги гледаат
во Вселената. |
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
![]() |
||||
![]() |
||||
Sunny ![]() Сениор ![]() ![]() Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Мислам дека на подфорумов му фалеше една тема, каде ќе можеме да ги постираме „најновите“ откритија во науката и да ги продискутираме.
Ко за почеток, најдов една статија со неколку научни откритија во 2009: Научни откритија во 2009 Креативните научни умови минатата година беа особено вредни, на сите полиња, но сепак само дел од нив успеаја да се истакнат во своето поле на експертиза. Нашиот најстар предок – „Арди“ Научниците годинава го најдоа скелетот на најстариот предок на човекот – женката „Арди“, стара 4,4-милиони години. „Арди“ била висока 1,2 метри со долги раце и прсти, кратки нозе и мала глава. Арди (Ardipithecus ramidus), која е најблизок познат предок на шимпанзата и на луѓето, понуди нови докази за потеклото на човечката раса. Кусата Арди, тешка околу 50 килограми, живеела во шумски предели, одела исправено на две нозе, а благодарение на долгите раце била способна да се качува по дрвја. Скелетот на Арди, кој е откриен во Етиопија, е повеќе милиони години постар од досега познатиот најстар предок на човекот, женскиот фосил „Луси“. Декодиран човечкиот геном Вода на Месечината Докажана теоремата на Ленглендс Телепортирање Акцелераторот го пушти првиот сноп протони Откриен планетовиден објект |
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
![]() |
||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 121314 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |